You are on page 1of 13

БРАНОВ ИМПУЛС ПРИ

РЕФЛЕКCИЈА

 При рефлексија на бран од погуста средина доаѓа до


промена на фазата на бранот за f=p .
Рефлектираниот импулс од прицврстен крај на јаже
се движи наназад, но при рефлексија доаѓа до губење
во фаза за p.
 Во случај на слободен крај на јаже не се менува
фазата на рефлектираниот бран.

 Овие два брана се кохерентни и тие интерферираат.


 Стоен бран настанува со интерференција на два
кохерентни брана, со еднакви амплитуди, што имаат
ист правец , а спроивна насока.
СТОЕН БРАН НА ЖИЦА

 Карактеристиките на добиената интерференција при


рефлексија од погуста средина можат убаво да бидат
воочени ако се направи следниот експеримент:
 Бидејќи конецот од двете страни е цврсто поврзан,
тука настанува рефлексија на бранот и како резултат
на интерференција на рефлектираниот и првобитниот
бран, се создава стоен бран.
 Стојниот бран има јасно изразени:

мевови - места каде што конецот осцилира со


максимални амплитуди
јазли - места каде што нема никакво
осцилирање.
 Местоположбата на мевовите и јазлите не се
менуваат со текот на времето, тие не се движат по
должината на конецот, затоа ваквите бранови ги
викаме стојни бранови.
Бројот на јазлите и мевовите зависи од:
фреквенцијата f на осцилирањето
масата на конецот на единица должина m
модулот на затегнувањето F

l претставува растојание помеѓу два јазла, или два


мева. Тоа растојание одговара на половина од
брановата должина.
СВОЈСТВА НА СТОЈНИТЕ БРАНОВИ

 Разликата во фазите на осцилациите на местата на


мевовите и јазлите ,не се менува во текот на времето. Таа
зависи само од местоположбата на точката на конецот.
 Ова можеме да го прикажеме со елонгација на упаден
бран.

Растојанието помеѓу два


јазли или два мева е l/2.

Сите точки лево и десно од


јазолот осцилираат со
спротивни фази.

Стојните бранови во дадена жица не може да се создадат


при која било фреквенција, туку само при некои
определени фреквенции.
 При осцилација на жица која е од двете страни
прицврстена на двата краја задолжителнo ќе се
создадат јазли, а помеѓу нив еден или неколку мева.

Мевови - места каде


што
конецот осцилира со
max
амплитуда.

Јазли-места каде што


нема никакво
осцилирање.
 Растојанието помеѓу два јазли е p/2, значи на
должината L на жицата можат да се создадат само
цел број половинки од брановата должина

L=m l/2 каде што m=1,2,3

Ако брановата должина ја изразиме преку брзината v и


фреквенцијата f

ќе се добие:
 Стојните бранови може да се создадат кај сите
видови бранови и тоа:
кај брановите на вода
кај звучните бранови
изворите на радиобрановите – антените

Кај светлинските бранови, се добиваат т.н.


дебелослојни холограми .
 Осцилациите на жиците кај жичаните инструменти
имаат форма на стојни бранови.

 Притоа покрај основната фреквенција, при


осцилирањето жицата произведува и фреквенции кои
се цел број пати повисоки и кои се викаат харминици
- обертонови. Вибрациите на еден инструмент не се
синусоидални криви, туку обично многу
осцилаторни криви.

 Тие криви можат да се претстават како резултат на


сложување на осцилации кои имаат синусоидална
форма.
 Кај добивањето на звучните бранови на
инструментите важна улога има и резонантната
кутија во која се создаваат воздушни стојни бранови,
но и дрвената кутија во која, исто така, се создава
стоен бран.

You might also like