You are on page 1of 2

Доплеров ефект

1. Веќе е познато дека кога изворот и приемникот на некој бран (звучен, светлосен,
радиобран, и.т.н.) се неподвижни, приемникот го прима тој бран со истата фреквенција
со онаа на изворот. Но сепак, ако изворот или приемникот е во движење,
фреквенцијата која бранот ќе ја има на прием кај приемникот нема да биде иста со онаа
кај изворот. Да земеме за пример пешак кој стои на пешачки премин чекајќи да ја
премине улицата. Како што поминуваат автомобилите покрај него, звуците кои тие ги
испуштаат пешакот ќе ги слуша со фреквенција која сѐ повеќе се намалува како што
автомобилот поминува. Предвидливата промена на фреквенцијата кај примен
бран којашто се задолжува на движењето на изворот или приемникот на тој бран
се вика доплеров ефект. Крстен е по научникот Кристијан Доплер кој прв го открил
во 1842та година.

2. Да претпоставиме тело – извор на бран кое се движи кон неподвижен приемник.


Изворот би ги преминал дадените точки А, В, С и D на својот пат кон приемникот,
притоа испуштајќи бран со иста бранова должина и фреквенција при стигнување на
секоја од точките. Точките се подредени од најдалечна на приемникот до најблиска на
приемникот. Кога ќе го испушти бранот на растојанието од приемникот обележано со
точката А, ќе почне да се шири сферен бран кој ќе патува кон приемникот. Истото ќе
се случи на сите останати точки В, С, и D, но бидејќи тие се сѐ поблиску до
приемникот, бранот испуштен од секоја од тие точки би требал сѐ помалку да патува и
да се шири за да стигне до приемникот. Веќе е познато дека фреквенцијата на некој
бран f е поврзана со брановата должина λ на истиот со формулата f = vz • λ ; каде што
vz e брзината на звукот. Од тука можеме да заклучиме дека бидејќи брановите кои
тргнале од сѐ поблиску до приемникот би имале бранови должини кај приемникот кои
се намалуваат од поголема кон помала т.е. вистинската – онаа на изворот, и од
формулата за релацијата на фреквенцијата и брановата должина следува дека и
фреквенцијата кај приемникот ќе го образува истото тоа намалување. Ако изворот
продолжи да се движи и го помине приемникот, но притоа не го менува правецот на
испуштање на бранови, привидната фреквенција кај приемникот ќе продолжи да се
намалува.

Vz
3. Формулата за одредување на фреквенцијата во ваков случај е f ‘ = ,• f каде што f
V z±v
‘е фреквенцијата кај приемникот, vz е брзината на звукот, v e брзината на движењето на
изворот и f е испуштената фреквенција на изворот. Знакот + се однесува на тоа кога
изворот се оддалечува од приемникот со брзина v, а знакот – се однесува на тоа кога
изворот се приближува на приемникот со брзина v.
4. Задача: Да се одреди вистинската бранова должина на бран кој го испушта тело
движејќи се кон приемникот со брзина која изнесува 5 m/s и притоа кај приемникот
предизвикува бран од 476hz.
5. Доплеровиот ефект може да биде корисен. Како општ пример, бран кој се одбива од
препрека која се движи ќе има различна фреквенција која може да се измери и да се
пресмета брзината на подвижни тела. Во медицината, ова наоѓа употреба во повеќе
места, како на пример во мерењето на брзината на крвта низ крвните садови или за
ултрасонографија.

You might also like