You are on page 1of 2

Одбивање,прекршување и тотална рефлексија на брановите

Запомни

1. Појавата одбивање на брановите настанува кога тие ширејки се во една средина


наидуваат на гранична површина со друга средина.

2. Аголот што се зафаќа(гради) меѓу правецот на упадниот зрак(бран) и нормалата подигната


во упадната точка се вика упаден агол α.

3. Аголот што се зафаќа(гради) меѓу правецот на одбиениот зрак(бран) и нормалата


подигната во упадната точка се вика агол на одбивање или рефлексија β.

4. Снелиус- Декартовиот закон за одбивање на брановите се искажува во два дела и гласи :

* Бранот се одбива од границата на средината,така што аголот на упаѓање е еднаков на


аголот на рефлексија.

*Правецот на упадниот бран(зрак) ,нормалата подигната во упадната точка и правецот на


одбиениот бран (зрак) лежат во иста рамнина.

α=β

5. Одбивањето на светлинскиот бран од рамна површина се нарекува огледално


одбивање ,а одбивањето на светлинскиот бран од рапава површина се нерекува дифузно
одбивање.

6.Појавата прекршување на бранови настанува кога тие преминуваат од една во друга


средина при што се менува правецот на ширење на бранот.

7. Аголот што се зафаќа(гради) меѓу правецот прекршениот зрак(бран) и нормалата


подигната во упадната точка се вика агол на прекршување или рефракција γ.

8. Снелиус- Декартовиот закон за прекршување на брановите се искажува во два дела и


гласи :

* При премин на бранот од една во друга средина,односот на синусите на упадниот агол и


аголот на прекршување е константен и е еднаков на односот на брзините на брановите во
соодветните средини.

*Правецот на упадниот бран(зрак) ,нормалат подигната во упадната точка и правецот на


прекршениот бран (зрак) лежат во иста рамнина.

sin α / sin γ = v1 / v2 = n 2,1 , sin α / sin γ = c1 / c2 = n 2,1


n 2,1 – релативен индекс на прекршување на втората во однос на првата средина

9. Ако бранот поминува од поретка во погуста средина прекршениот зрак оди кон
нормалата , а ако бранот поминува од погуста во поретка средина прекршениот зрак бега од
нормалата подигната во упадната точка.
10. Под апсолутен индекс на прекршување на средината n се подразбира односот меѓу
брзината на бранот (светлината) во вакуум и брзината на бранот (светлината) во материјална
средина n =c / v , n = c0 / c

11.Појавата при која светлината поминувајќи од оптички погуста во оптички поретка


средина целосно се одбива ,се вика потполно внатрешно одбивање или тотална
рефлексија.

12 . Граничен агол на тотална рефлексија αgr е упадниот агол за кој аголот на


прекршување е прав ( 900 ).

sin αgr / sin 900 = n2 / n1 = n 2,1 , sin αgr =1 / n2 = n 2,1

You might also like