You are on page 1of 4

1

САМОИНДУКЦИЈА
Предзнаење : Магнетно поле , магнетен флукс, магнетна индукција, магнетен
пермеабилитет,ЕМС...........
Обид:
Во струјно коло се поврзани две исти сијалици, калем( соленоид ) и отпорник со
променлив отпор( реостат) . Отпорот на калемот и реостатот е ист

Кога ќе се вклучи прекинувачот двете сијалици ќе светнат со ист интензитет(јачина) .


Сијалицата 1 веднаш светнува со максимална јачина , додека сијалицата 2
максималната јачина ќе ја достигне по определено време . Тоа значи дека струјата
низ сијалицата 1 има постојана јачина , додека во делот со сијалицата 2 јачината
постојано се зголемува.

Пред вклучување на прекинувачот низ коло не тече струја , па нема ни магнетно поле .
Флуксот опфатен со калемот е 1=0. Кога ќе се вклучи прекинувачот , низ калемот
почнува да протекува струја . При зголемување на јачината на струјата се зголемува и
магнетното поле. Бидејќи доаѓа до промена на магнетното поле во калемот , во него
се индуцира струја Оваа индуцирана струја тежи да ја поништи промената на
магнетниот флукс , па нејзината насока е спротивна од насоката на струјата која ја
дава изворот

Кога електричната струја ќе ја достигне постојана вреност сијалицата 2 ќе засвети со


иста јачина како и сијалицата 1 .
Кога се исклучи прекинувачот сијалицата 1 веднач се гаси , а сијалицата 2 ќе се гаси
постепено . Со исклучувањето на прекинувачот во калемот почнува да опаѓа
магнетниот флукс , што за последица има појава на индуцирана струја . Индуцирана
струја тежи да го поништи намалувањето на магнетниот флукс . Насоката на
индуциранa струја е иста како и насоката на струјата пред исклучување
2

Δt1→време на вклучување

Δt2→време на исклучување

Испекината линија значи струја не ја менува својата јачина , па нема промена на


магнетен флукс
Оваа појав се вика самоиндукција и таа настанува поради промена на јачина на струја
во самата контура (проводник). Кога се зголемува јачината на струјата , струја на
самоиндукција има спротивна насока , а кога се намалува јачина на струја , струја на
самоиндукција има иста насока како и струја коjа ja дава извор
вклучување исклучување

Самоиндукција е специјален случај на електромагнетна индукција .


Самоиндукција е појава на добивање на индуцирани струи под влијание на
сопствено променливо магнетно поле
Сопствен магнетен флукс на проводникот е пропорционален со јачина на струја која
протекува низ него :
Φ=LI L – коефициент на самоиндукција или индуктивитет
Промена на магнетен флукс е пропорционален со промена на струја :
ΔΦ=LΔI
Електромоторна сила на самоиндукција може да се определи со Фарадеев закон
ΔΦ
ε s=−
Δt ∆Ф
ΔI ϵ =−N
ε s=−L ∆t
Δt ИЛИ → за калем

Ԑѕ→ самоиндуцирана електромоторна сила(или ЕМС на самоиндукција ) ΔI/Δt →брзина


на промена на јачина на струја
L→коефициент на самоиндукција
3

ΔФ/Δt→брзина на промена на магнетен флукс


Електромоторна сила на самоиндукција е пропорционален со коефициент на
самоидукција и брзина на промена на јачина на струја .
Коефициент на самоиндукција:
εs
L=−
ΔI
Δt
Единица за коефициент на самоиндукција е хенри (Н).
1V Vs
1H= =1
1A A
1s
Коефицијент на самоиндукција (индуктивитетот ) е 1 хенри, ако во него се индуцира
електромоторна сила на самоидукција од 1V при брзина на промена на јачина на
струја е 1А во секунда .
Објаснување – насока на самоиндуцирана струја
I 2 −I 1
ε s=−L
Δt
I1 –почетна вредност на јачина на електрична струја
I2 –крајна вредност на јачина на електрична струја
АНАЛИЗ НА ФАРАДЕЕВ ЗАКОН
ΔΦ ΔI
¿0¿ ¿0¿
Кога е брзина на промена на магнетен флукса Δt или Δt (јачина струје се

зголемува
I2 ¿I 1 ¿ ), Ԑѕ<0 индуцирана струја на самоиндукција има насока спротивна од
насока на струја во колото
ΔΦ ΔI
¿¿ ¿¿
Кога е е брзина на промена на магнетен флукс Δt или Δt (јачина на струја

опаѓа
I 2 ¿¿ ), Ԑѕ> 0 индуцирана струја на самоиндукција има иста насока како и струја во
колото
Индуктивитеот не зависи од јачина на струја , туку зависи од димензиите и обликот на
проводникот( калемот) и магнетната пермеабилноста на средината во која се наоѓа.

N→број на навивки
S→плоштина на напречен пресек
μ0→магнетен пермеабилитет на вакуум
μr→релативен магнетен пермеабилитет
4

l→должина на калемот
μ→магнетна пермеабилност на средината
Најбитните работи ви се обоени

You might also like