You are on page 1of 4

ЗАФАТНИНА (Волумен)

Зафатнината или волуменот ни кажува колку простор зафаќа


еден објект. Мерна единица за зафатнина во меѓународниот систем (SI
системот) е метар кубен (m3).

Зафатнината на цврст објект е бројна вредност дадена за да го


опише тродимензионалниот концепт за тоа колку тој зафаќа простор.
Еднодимензионалните објекти, како права и дводимензионалните
објекти, како квадратот немаат зафатнина во тродимензионалниот
простор.

За правилните тела како што се коцка, квадар, цилиндар, ... постојат


формули по кои може да се пресмета нивната зафатнина.

Во секојдневието не ја користиме основната мерна единица за


волумен, метар кубен (m3), туку помалата единица мера дециметар
кубен (dm3) или поточно литар (l).

1 дециметар кубен (dm3) = 1 литар (l)

Помалите волумени на течност се мерат со сад на чиј ѕид е


исцртана скала во сантиметри кубни (cm3) или милилитри (ml). Овој сад
се нарекува мензура. На пример, ако сакаме да го измериме волуменот
на клучот од сликата, тогаш постапуваме на следниот начин. Во
мензурата ставаме одредено количество вода, на сликата изнесува
17ml, односно волуменот на водата е 17ml. Потоа во мензурата го
ставаме клучот и како што гледаме волуменот на водата се зголемил.
Зголемениот волумен го одземаме
од почетниот волуме и го добиваме волуменот на клучот, односно, 20ml
– 17ml = 3ml. Значи, волуменот на клучот е 3ml.
ЗАКЛУЧОК: Ознака за волумен (зафатнина) е V; основна мерна единица
е метар кубен; ознкака за мерната единица е m3; инструментот за
мерење на волумен е мензура; практична мерна единица за волумен
(зафатнина) е литарот (l); конверзијата од литар во метар кубен е:
1dm3=1l.

1km³
1hm³
1dam³
↑Поголеми од 1m³се:

1m³- основна мерна единица за волумен

↓Помали од 1m³се:
1dm³
1cm³
1mm³

1m³=1000dm³
1m³=1000 000сm³
1m³=1000 000 000mm³

1l=1dm³
Пр.Претвори:

a) 25m³= __________cm³
b)0,05m³= _____________dm³
v) 0,009m³=___________cm³
g) 3m³=_________mm³
d) 600000cm³= __________m³
ġ)258mm³= ____________cm³
e) 5690000 cm³= ____________m³

Волумен на квадар и коцка

V=a *b*c –волумен на квадар


V=a*a*a - волумен на коцка
V=a³
Пр.1. Пресметај волумен на квадар со димензии: 6m, 9m и 12m
Пр.2. Пресметај волумен на коцка со раб: 7сm
Пр.3. Што има поголем волумен коцка со раб 5dm или квадар со
рабови 4dm,5dm и 6dm?

You might also like