You are on page 1of 4

Тема: Мерење и решавање проблеми

12- часовен и 24- часовен систем за мерење на време


Денот е поделен на помали единици за време: часови, минути и секунди. Овие мерни
едници ги користиме кога сакаме да кажеме колку е часот.
Ден, час, минута , секунда
1 ден= 24 часа ( од полноќ до следната полноќ)
1час =60 минути =3600 секунди
1 минута = 60 секунди

Времето го мериме со часовник.


Со аналогниот часовник времето го искажуваме во 12 - часовен запис. Тоа значи
дека ги користиме броевите од 0 до 12 , но мораме да го употребиме поимот
претпладне доколку станува збор за периодот од 12 на полноќ до 12 напладне, или
попладне доколку станува збор за периодот од 12 напладне до 12 на полноќ.
На пр. 10 часот попладне( навечер)
8: 15 претпладне( наутро)
2 :45 попладне
5:20 претпладне(наутро)
Со дигиталните часовници времето се запишува во 24- часовен запис.При 24-
часовниот запис не ги користиме зборовите претпладне и попладне и времињата ги
запишуваме со користење на четири цифри(Пр. 04:50,првите две цифри го
претставуваат часот, а со другите две цифри се претставени минутите по тој час)
Пр. 04:30 означува 4 часот и 30 минути наутро (4: 30 наутро)
09:25 означува 9 часот и 25 минути претпладне (9:25 претпладне)
14: 15 означува 2 часот и 15 минути попладне (2:15 попладне)
23: 05 означува 11 часот и 5 минути навечер (11:05 навечер)
Зад. Пополни ја табелата:
12 – часовен запис 24- часовен запис
7:20 претпладне 07:20
6: 40 попладне 18:40
3:10 попладне 15:10
4:25 претпладне 04:25
11: 10 попладне 23:10
8:55 претпладне 08:55
4:50 попладне 16:50
5:05 наутро 05:05
8:20 попладне 20: 20
7: 35 претпладне 07: 35
7:45 попладне 19:45
9:55 попладне 21:55

You might also like