You are on page 1of 20

Универзитет „Св.

Кирил и Методиј“ – Скопје

Медицински Факултет

Доцент Др. Томислав Станковски

Водич за вежби по
предметот Биофизика
за студентите од прва година по Општа Медицина
на Медицински Факултет

Скопје, 2018

1
Материјалот е наменет за интерна употреба по предметот
Биофизика за студенти по Општа Медицина

СОДРЖИНА

ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ГРЕШКИ ПРИ МЕРЕЊЕТО стр. 3

ТАБЕЛАРНО И ГРАФИЧКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ стр. 6

Вежба бр. 1 УЛТРАЗВУЧНИ БРАНОВИ стр. 8

Вежба бр. 2 КАРДИО-РЕСПИРАТОРНИ ОСЦИЛАЦИИ стр. 13

Вежба бр. 3 АБЕ-ОВ РЕФРАКТОМЕТАР стр. 17

2
ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ГРЕШКИ ПРИ МЕРЕЊЕТО

ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ГРЕШКИТЕ ПРИ ДИРЕКТНО МЕРЕЊЕ

Под грешка при мерењето се подразбира разликата помеѓу измерената и


вистинската вредност на физичката големина. Мерењето ќе биде толку поточно колку
што е грешката помала и обратно. Ниту едно мерење неможе да биде извршено
апсолутно точно. Направените грешки при мерењето можат да бидат систематски и
случајни.

Систематските грешки се од објективен карактер и експериментаторот неможе да


ги избегне. Се јавуваат заради несовршеноста на мерните инструменти, како и методите
на мерење. Тие ја менуваат вредноста на физичката големина од вистинската само во
една насока, т.е. или само ја зголемуваат, или само ја намалуваат. Затоа систематските
грешки само се проценуваат и не ги земаме предвид при изразување на вредноста на
физичката големина.

Случајните грешки се повеќе од субјективен карактер и се јавуваат по вина на


експериментаторот заради несовршенството на сетилните органи (вид, слух) како и
поради неискуство во експерименталната работа. Исто така, случајни грешки можат да
се јават и поради надворешните влијанија врз инструментите во процесот на мерење,
како промена на надворешната температура, притисокот и т.н. Отстапувањата што се
јавуваат при мерењето на една иста физичка величина можат да бидат позитивни или
негативни, т.е. измерените вредности се поголеми или помали од вистинската.
Различните вредности на мерената големина се наоѓаат во еден определен интервал,
натрупувајќи се околу вистинската вредност. Овие грешки можат да бидат сведени на
минимум, но не можат да бидат сосема избегнати. Па се поставува прашањето како да се
најде најверојатната вредност на измерената големина и колкава е големината на
направената грешка.

Случајните грешки можат да се пресметуваат бидејќи тие се покоруваат на


законите на математичката статистика и веројатност, т.е. веројатноста при мерењето да
се добијат поголеми или помали вредности од вистинската е иста. Според тоа, како
најверојатна вредност на мерената големина а се јавува средната аритметичка вредност
a од добиените резултати при мерењето, т.е.

a1  a 2  a 3  ......  a k 1 n
a   ai .
n n i 1

Средната вредност a ќе се наоѓа меѓу минималната аmin и максималната измерена


вредност аmax. Разликата меѓу максималната и минималната вредност на измерената
големина ја дава таканаречената максимална апсолутна грешка:

a  a max  a min
.

3
Модулот од разликата меѓу средната вредност a и поединечните мерења аn ќе ги
даде апсолутните грешки на поединечните мерења

a1 | a  a1 |
a 2 | a  a 2 |
....................
a i | a  a i |
....................
a n | a  a n | ,

или средната вредност на апсолутната грешка се добива кога збирот од апсолутните


грешки на поединечните мерења аi се подели со бројот на мерењата n, т.е.

a1  a 2  a3  ......  a n 1 n


a    ai
n n i 1 .

Вистинската вредност на мерената големина се изразува преку нејзината средна


вредност a и средната вредност на апсолутната грешка  a

a  a  a ,

односно таа се наоѓа во интервалот

a  a  a  a  a .

Односот меѓу средната апсолутна грешка  a и средната вредност на мерената


големина a претставува релативна грешка ,

a
 ,
a

и често се изразува во проценти (%), т.е.



a
 
 100%
a .

ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ГРЕШКИ ПРИ ИНДИРЕКТНО МЕРЕЊЕ НА ГОЛЕМИНИТЕ

Повеќето физички величини се мерат индиректно. Нивната вредност се


определува со пресметување преку некоја формула која ја поврзува бараната величина x

4
со другите величини кои директно се мерат. Така на пример волуменот на еден
паралелопипед V = abc, т.е. тој може да се пресмета ако се измерат должината a,
ширината b и висината c. При нивното мерење се прават апсолутни грешки a, b и c,
кои ќе условат појава на апсолутна грешка на бараната величина V.

Во општ случај бараната величина x може да биде прикажана како функција од


мерените големини, т.е.

x = f (a, b, c......k).

Апсолутната грешка x на бараната величина условена од апсолутните грешки на


мерените величини може да се пресмета од:

x  x  f (a  a, b  b, c  c....k  k ) ,

односно,

x  f (a  a, b  b, c  c...k  k )  f (a, b, c....k ) .

Релативната грешка се пресметува со изразот:

x

x ,

т.е. како однос меѓу средната апсолутна грешка и средната вредност на мерената
големина. Максималната релативна грешка ќе се пресметува по формулата:

x  a b c k 
     ... 
x  a b c k 

5
ТАБЕЛАРНО И ГРАФИЧКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА
РЕЗУЛТАТИТЕ

Заради поголема прегледност, мерењата се прикажуваат табеларно. Во табелата


се внесуваат вредностите на сите измерени големини. Се пресметуваат нивните средни
вредности како и апсолутните грешки на поединечните мерења и нивните средни
вредности. Таму каде што е потребно се внесуваат и вредностите на средните
квадратични грешки.

мерење број a a

1. a1 a1

2. a2 a2

3. a3 a3

. . .

n. a.n a. n
i. ai ai
средни вредности a a
. . .
точни вредности a  a  a
. . .

Треба да се внимава и при запишување на резултатите. Оние цифри кои не ја


менуваат својата вредност се викаат сигурни или точни. Останатите кои ја менуваат
својата вредност се викаат несигурни или сомнителни. Сигурните цифри ја определуваат
точноста на мерењето, додека несигурните ја даваат апсолутната грешка. При
запишување на резултатот се пишуваат сигурните цифри и првата несигурна цифра.
Никакви други цифри кои се резултат на пресметување не треба да се пишуваат. Ова
правило особено важи кога пресметувањата се прават со дигитрони или компјутери кои
даваат значителен број на цифри по децималата и создаваат лажен впечаток за голема
точност на мерењата.

За попрактично претставување на резултатите е пожелно да се користат


степените на бројот 10. На пр. наместо m = 0,002665 kg да се напише m = 2,665 10-3 .

Во некои случаи, освен табеларно, резултатите се прикажуваат и графички. Од


графичката зависност може да се види каква е функционалната зависност меѓу
испитуваните големини, т.е. дали врската меѓу нив е линеарна или не, дали постојат
минимуми и максимуми, како и да се најде вредноста на некоја физичка величина “y” за
такви вредности на друга физичка величина “x” кои не се директно мерени.

6
Графиците се цртаат најчесто на милиметарска хартија. На апцисата се нанесуваат
вредностите на независно променливата големина, а на ординатата вредностите на
функцијата, така што на оските на графикот треба да биде напишано која големина и во
кои единици се нанесува.

Размерите по оските се избираат така што графикот да биде на целата површина


на милиметарската хартија. Притоа почетокот на координатниот систем немора да биде
од нула. Исто така размерот по x и y оската немора да биде ист, бидејќи на двете оски
обично се нанесуваат различни големини изразени во различни единици.

Графичката линија не се црта од точка до точка. Во спротивно би се добила една


искршена линија , што би значело дека физичката големина се менува скоковито. Затоа
се прави интерполација или екстраполација на точките, со што се добива една
континуирана линија која што ќе покажува дека мерената големина се менува
континуирано (види слика). Линијата се повлекува меѓу точките, по можност што повеќе
точки да лежат на неа или колку точки лежат над линијата, приближно толку точки да
лежат под неа. Ако некои точки се далеку од линијата, можно е при мерењето да е
направена груба грешка заради што истото треба да се повтори.

200

100 приближно
pogre{no
точно
to~no

50 100 150 x

7
Вежба 1

УЛТРАЗВУЧНИ БРАНОВИ

Современата медицина денес не може да се замисли без употреба на дијагностички


методи базирани на ултразвук. Тука пред се спаѓаат ултразвучна ехо и доплер метода која
широко се користат во гинекологија, во кардиологија, ортопедија, за мерење на скоро сите
интерни органи како бубрези, тироидна жлезда, срцето, коски кај новороденчиња, итн; а овие
методи денес се еден вид златен стандард во медицината. Таа широка примена е директна
последица на својствата на ултразвучните бранови кои имаат мали енергии, не се јонизирачки
зрачења, а даваат релативно добра дијагностичка слика.

Сл 1. Ултразвучна ехо дијагностика – од лево кон десно: 2Д и 3Д слика на фетус и срце


Ултразвучните бранови имаат фреквенции поголеми од 20kHz кои се надвор од
слушното подрачје на човекот, а според фреквенцијата понатаму се делат на три подгрупи:
нискофреквентни 20kHz<f<100kHz, среднофреквентни 0.1МHz<f<10МHz и високофреквентни
10МHz<f<1GHz ултразвуци. Во медицината најчесто се користат среднофреквентни
ултразвуци.
Елементи што се користат:
1. Ултразвучно пенкало
2-3. Држач за ултразвучно
пенкало
5. Микрофонска сонда
6. Трансмитер на ултразвук
7. Ултразвучна контролна
единица
9. Странични блокатори
11. Абсорбер
13. Бранов разделник
14. Конкавно огледало
15-16. Напојување
17. Излезни кабли за
волтметар

Сл 2. Елементи за изведување на експериментите со ултразвучни бранови


Целта на вежбата е да се измерат и демонстрираат експериментално својствата на
ултразвучните бранови и да се демонстрираат двата главни начини на мерење на ултразвук:
трансмисиона и рефлексивна метода. Апаратурата се содржи од повеќе ултразвучни елементи

8
(види Сл 2) и аналоген волтметар. Главен дел е ултразвучна контролна единица која е
интегрирано коло каде се генерираат ултразвуци со фреквенција од 40kHz, се засилуваат
ултразвуци регистрирани од микрофонот и има повеќе контролни прекинувачи и
потенциометри за погодување на излезните и влезните параметрите. Ултразвучниот
трансмитер ги презема сигналите од контролната единица и ги зрачи како ултразвуци во
просторот. Микрофонот ги прима ултразвуците и ги пренесува до контролната единица.
Ултразвучното пенкало е во суштина ултразвучна сонда/микрофон во вграден трансмитер и
ЛЕД сијаличка. Со помош на оваа пенкало треба да одредиме каде еден бран од ултразвукот се
простира во просторот. Јачината на ЛЕД сијаличката е минимална кога фазната разлика помеѓу
точката на мерење и селектираната референтна точка се во фаза т.е. се мултипла од 360°.
Фреквенцијата на ултразвукот е 40kHz, што е блиску и не многу над звучниот интервал со
горна граница од 20kHz т.е. енергиите на овој ултразвук се многу мали и апаратурата е сигурна
за работа во лабораториски академски услови.
Забелешка: елементите се многу нежни и кршливи, посебно ултразвучното пенкало, затоа
ракувајте со внимание! Исто, не треба да се вртат скалите на аналогниот волтметар (може
лесно да прегори), кој е поставен на скала 10V.

3.1 ОДРЕДУВАЊЕ НА БРАНОВА ДОЛЖИНА И БРЗИНА НА УЛТРАЗВУК


Целта на оваа вежба е да се одреди брзината на звукот преку мерење на 10
бранови должини од ултразвучните бранови со фреквенција од 40,000Hz.

Апаратурата за изведување на вежбата вклучува ултразвучен трансмитер и


ултразвучно пенкало поврзани со контролната единица. Генераторот G1 произведува
ултразвук со фреквенција од 40,000Hz кој се пренесува преку трансмитерот до
ултразвучното пенкало кое детектира бранови и ги засилува преку засилувачкиот канал
А на контролната единица. Се користи милиметарската шемата А каде трансмитерот и
пенкалото се поставуваат на одредените места долж линијата.

Сл 3. Приказ за експериментот за вежба 3.1 – мерење на бранови должини на ултразвук.

Процедурата на мерење почнува со споро поместување на пенкалато од трансмитерот


долж линијата се додека светлината од ЛЕД сијаличката не стане минимална. Таа позиција се

9
запишува со молив на милиметарската шема и се означува со позиција „0“ (при што се внимава
да не се измести ултразвучното пенкало). Потоа пенкалото се поместува назад од трансмитерот
долж линијата и се бројат 10 минимума на ЛЕД светлината. Потоа се запишува втората
позиција на милиметарската шема со ознака „10“. Се мери растојанието на милиметарската
шема од 0 до 10 позиција, тоа е растојанието на 10 ултразвучни бранови.

Мерења:

f = _____ Hz; d10=____mm

Резултатите се користат за да се пресмета брановата должина λ. Потоа таа се користи да


се пресмета брзината на звукот с.

Пресметки:

3.2 ТРАНСМИСИЈА И РЕФЛЕКСИЈА НА УЛТРАЗВУК


Целта на оваа вежба е да се измери интензитет на звук во случај на трансмисија и
рефлексија на ултразвук, од рефлектор и разделник на зрачење.

За ултразвучната дијагностика во медицината се користат две главни техники:

- трансмисиона (техника на прозвучување, т.е. (не) пропуштање на звуците) и

- рефлексивна (ехо, т.е. техника на одбивање на звуците).

Трансмисионата техника детектира дали звуците се пропуштаат или пак се


апсорбираат во различните биолошки ткива. Методот се состои во пропуштање на
ултразвук низ испитуваните ткива на една страна и вршење анализа на пропуштениот
ултразвучен сноп на другата страна.

Рефлексивната техника се базира на регистрирање на одбиените ултразвучни


сигнали од граничните површини на ткивата со различен акустички импеданс. Од
генератор на ултразвук се емитираат ултразвуци кои продираат низ телото на човекот
до внатрешните органи. Доколку оригиналниот ултразвучен бран наиде на средина со
различна акустична импеданса (на пример срцето), тие ќе се одбијат назад со различни
акустични особини.
Апаратурата за изведување на оваа вежба вклучува ултразвучен трансмитер и
микрофонска сонда поврзани со контролната единица. Генераторот G1 произведува
ултразвук со фреквенција од 40,000Hz кој се пренесува преку трансмитерот до
микрофонот кој детектира бранови, но со пречки од абсорбер, рефлектор или разделник
и тоа по права линија за трансмисија или под агол за рефлексија. Се користат две
милиметарски шеми D1 и D2 за трансмисија или рефксија, соодветно. За мерење на
интензитетот на ултразвукот се користи аналоген волтметар.

Процедурата на мерење е поделена во два дела – за трансмисија и за рефлексија на


ултразвук. Првин се мери за трансмисија на милиметарската шема D1. Трансмитерот и
микрофонот се поставуваат еден спроти друг како на Сл. 4. Со генераторот G1 на
контролната единица фино го нагодуваме волтметарот (поставен на скала од 10V) да

10
покажува напон од 3V. Тоа е случај кога нема предмет помеѓу трансмитерот и сондата –
вредноста се запишува во табела. Потоа, на линијата нормална на линијата помеѓу
трансмитерот и микрофонот се поставува рефлектор во форма на конкавно огледало
поставено од задната вдлабната страна. Вредноста од волтметарот се запишува во
табелата. Потоа, наместо рефлекторот се поставува абсорбер и повторно вредноста од
волтметарот се запишува во табелата. На крај, наместо абсорберот се поставува
разделникот и вредноста се запишува во табелата.

Сл 4. Приказ на прв дел од вежба 3.2 – мерење на интензитет на звук при трансмисија.

Вториот дел, за рефлексија, се мери на милиметарската шема D2, а микрофонот и


трансмитерот се поставуваат под агол меѓу двата странични блокатори. Се повторуваат
четирите мерења – без предмет, со конкавно огледало како рефлектор, со абсорбер и со
разделник поставени на нормалната линија и вредностите од волтметарот се
запишуваат во табелата.

Сл 5. Приказ на втор дел од вежба 3.2 – мерење на интензитет на звук при рефлексија.

11
Резултатите за отчитувањето на напонот од волтметарот да се запишат во следната
табела:

Интензитет Трансмисија Рефлексија


Предмет Интензитет на напон Интензитет на напон
Никаков
Рефлектор (конкавно огледало)
Абсорбер
Разделник

Слободна забелешка: ако остане време, проверете како е рефлексијата (и


трансмисијата) со други предмети, како лист хартија, линијар и слично.

Прегледал Потпис

_______________ ________________

12
Вежба 2

КАРДИО-РЕСПИРАТОРНИ ОСЦИЛАЦИИ

Кардиоваскуларниот систем игра многу важна улога во човековиот организам, во кој


два органи, срцето и белите дробови, имаат централна улога. Белите дробови вршат размена на
гасови со околината, пред се внесување и изнесување на кислород и јаглерод-диоксид, а срцето
со своите механички контракции ја циркулира крвта во и од сите делови од телото. Иако овие
два органи имаат различна и релативно комплексна функција, една особина е заедничка и за
белите дробови и за срцето – а тоа е дека нивната функција е периодична (види Сл 1).

Во биофизика, периодичните движења и динамички процеси се опишуваат со


осцилаторни системи. Математички тоа е динамички систем составен од (барем) две
диференцијални равенки.

Сл 1. Шематски приказ на органи од интерес - бели дробови и срце со нивни измерени сигнали

Целта на оваа вежба е експериментално да се проучат осцилаторните карактеристики


на функцијата на белите дробови и срцето, нивните фреквенции, рата на осцилирање, како и
квалитативна меѓусебна врска и координираност.

За таа цел ќе се мерат два сигнала за функцијата на секој од органите. Првиот сигнал мери
механичко ширење на градите преку сензор кој се поставува на еластичен појас околу тораксот
(Сл 2. лево). Аналогниот сигнал е пропорционален на циклусот на дишење. Вториот сигнал е
електрокардиограм (ЕКГ) кој мери биопотенцијали од три електроди, во случајот поставени на
десна рака и двете нозе, според описот на Сл 2. десно. Двата излезни аналогни електрични
сигнали се прифаќаат од систем за аквизиција преку кој се пренесуваат до компјутер во реално
време. Во специјален софтверски програм се врши прикажување и соодветни анализи на еден,
или двата сигнали истовремено.

Сл 2. Приказ на мерните сензори и електроди – (лево) појас за мерење респирација и


(десно) поставување на електродите за ЕКГ.

13
4.1 РЕСПИРАТОРНИ ОСЦИЛАЦИИ
Целта на првиот дел е да се измери спонтана респирација на субјект во лежечка
положба и да се набљудуваат осцилаторните карактеристики и фреквенцијата на
респирација.

Протокол: субјектот легнува на креветот, внимателно се поставува појасот околу


градите, предната страна од сензорот треба да е поставен нанадвор. Треба да се внимава
ракувањето со нежните кабли. По одредена стабилизација на субјектот (пример од 10-20
секунди), се стартува снимање на респираторниот сигнал во реално време. Субјектот
спонтано диши во време од 90 секунди. Во просторијата треба да е тивко и да нема
надворешни влијанија. На екранот/проекторот во реално време сите следат како се
одвива респирацијата на субјектот (Сл 3).

Сл 3. Пример на измерен респираторен сигнал.

Потоа се пресметува Фуриева анализа за да се открие основната фреквенција на


респирација. За ова првин се избира „Analysis“ па се селектира „FFT“ и се притиска ОК. Се
зголемува на подрачјето на почетокот од фреквенциите (пример околу ~0-4Hz) со
алатката „Zoom“ која се наоѓа десно на менито. Се одредува најголемиот основен
фреквентен хармоник и потоа со алатката „Event tool“ (која изгледа како знаменце на
десното мени) се обележува основниот хармоник. Со проаѓање над обележената точка со
глувчето се исчитува вредноста на основната фреквенција на респирација во херци Hz,
која се запишува подолу.

Прашање: Колку изнесува основната фреквенција на осцилирање на респирација кај


субјектот?

fresp = _____ Hz;

4.2 СРЦЕВИ ОСЦИЛАЦИИ И СРЦЕВА РАТА


Целта на вториот дел од вежбата е да се измери ЕКГ сигналот на субјект во
лежечка положба и да се набљудуваат осцилаторните карактеристики и фреквенцијата
на срцева активност, како и да се набљудува и да се одреди средна срцева рата.

Протокол: субјектот легнува на креветот, трите електродите се поставуваат на


десната рака и двете нозе. Првин се лепат електродите цврсто, а потоа на нитните се

14
поставуават соодветните кабли од електродите – обележани со различни бои: црн кабел
за GND референца, црвен кабел за VIN+ позитивна електрода и бел кабел за VIN-
негативна електрода (Сл 2. десно). Слично како и протоколот за респирација - по
одредена стабилизација на субјектот (пример од 10-20 секунди), се стартува снимање на
ЕКГ сигналот во време од 90 секунди. На екранот/проекторот во реално време сите
следат како динамички се менува електричната активност на срцето (Сл 4 - горе).

Сл 4. Пример на измерен ЕКГ сигнал и соодветно изведен сигнал на срцева рата.

Потоа, слично како процедурата за респирација, се пресметува Фуриева анализа за


да се открие основната фреквенција на срцевата активност. Со проаѓање над
обележената точка со глувчето се исчитува вредноста на основната фреквенција на ЕКГ и
се запишува подолу.

Прашање: Колку изнесува основната фреквенција на срцевите осцилирања кај


субјектот?

fcardio = _____ Hz;

Рата на промена на осцилациите на срцето е релативно корисен биопараметар кој се


користи за карактеризирање на широк спектар на кардиоваскуларни состојби и болести. Тоа е
динамички сигнал кој одговара на ратата на промена (апроксимативен прв диференцијал), што
е инверзна вредност од моментната фреквенција. Најчесто секоја вредност од срцева рата
одговара на еден ЕКГ циклус и се пресметува како растојанието помеѓу два „R“ врва на два
соседни ЕКГ циклуса. За да се пресмета срцевата рата се оди во „Analysis“, па се избира „Find
rate“ и „Rate“ . Со тоа се додава уште еден график за срцевата рата (Сл 4. долу) изразена во
BPM (beats per minute). На статусната линија на горната страна се испишани повеќе
пресметковни вредности, меѓу кои и „Mean“ која ја дава средната вредност на срцевата рата,
параметар кој често се користи во кардиологија.

Прашање: Колку изнесува средната вредност на срцевата рата кај субјектот?

МHR = _____ BPM;

15
4.3 СИМУЛТАНИ МЕРЕЊА НА СРЦЕВИ И РЕСПИРАТОРНИ ОСЦИЛАЦИИ

Целта на последниот дел од вежбата е да се обединат последните два дела и да се


измерат респирација и ЕКГ истовремено и да се набљудува нивната координираност.

Протокол: субјектот легнува на креветот, се поставуваат и двата сензора т.е. се


поставува респираторниот појас и трите ЕКГ електроди. Слично како и предходните две
мерења - по одредена стабилизација на субјектот, се стартува снимање на ЕКГ сигналот и
респирација во време од 90 секунди. На екранот/проекторот во реално време сите следат
како динамички се менуваат двата сигнала (Сл 5).

Сл 5. Пример на симултано измерени респираторен и ЕКГ сигнал.

Прашање: Од предходните два дела од вежбата, одреди колку е целобројниот однос


(n:m) на основните фреквенции на респирација и ЕКГ:

fresp :fcardio = 1:__

Овој однос одредува, по средни временски вредности, колку ЕКГ циклуса се појавуваат
за време на една респирација. (Ваквиот однос одредува ред на кардио-респираторна
синхронизација.) Сега ова визуелно може да се провери – да се зголемат сликите околу еден
респирациски циклус и да се избројат колку ЕКГ циклуса се појавуваат за едена респирација.

Следно се пресметува срцевата рата - се следи процедурата од предходниот дел од


вежбата за пресметување на срцевата рата. Со тоа се појавува нов трет график за срцевата рата.

Прашање: Квалитативно спореди како изгледаат срцева рата и респирацијата –


заокружи еден одговор:

а) неслични и некоординирани б) слични и координирани в) делумно слични и


координирани

Варијациите на срцевата рата, кои се забележуваат често и на амплитудата на ЕКГ, во


согласност со респирацијата, се нарекуваат респираторна синусна аритмија (или Respiratory
sinus arrhythmia - RSA).

Прегледал Потпис

_______________ ________________

16
Вежба 3
ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ИНДЕКСОТ НА ПРЕКРШУВАЊЕ
НА ТЕЧНОСТИ И РАСТВОРИ СО АБЕ-ОВ РЕФРАКТОМЕТАР

Од витално значење за оптиката е познавањето на индексот на прекршување на


одреден медиум. Индексот на прекршување има огромно значење за одредување на оптичките
карактеристики на окото. Покрај тоа, преку одредување на индексот на прекршување на
одредени раствори и течности може да се одреди и концентрацијата на одредена супстанција
во растворот. Таков пример би бил одредување на шеќер во крв на пациенти заболени од
дијабетис. Рефрактометар на Абе е вид на уред за ефективно одредување на индекс на
прекршување на одреден раствор.

Кога врз граничната површина меѓу оптички погуста и оптички поретка средина паѓа
дивергентен сноп од светлински зраци, дел од зраците за кои <g, се прекршуваат и во
поретката средина се движат оддалечувајќи се од нормалата, под агол , според Снелиусовиот
закон:

sin 
 n21 ,
sin 

каде n21 е релативен индекс на прекршување на втората средина во однос на првата. Со


растење на аголот  расте и аголот , кој може да достигне најголема вредност 90о, т.е. зракот
по прекршувањето да се лизга по граничната површина (сл.1). Упадниот агол  во тој случај се
вика граничен агол или агол на тотална рефлексија.

1
2
n2
2 3
n1 1
 gr

Сл.1

Имено, при простирање на светлината од оптички погуста во оптички поретка


средина, кога упадниот агол е поголем од граничниот, упадната светлина целосно се
рефлектира (тотална рефлексија). Вредноста на граничниот агол g зависи од индексот на
прекршување на двете средини:

17
sin  g  n21 sin 90  n21

Појавата тотална рефлексија се применува кај рефрактометарот на Абе. Тој се


користи за мерење на индексот на прекршување на течности и раствори.

Апаратура и постапка на мерење

Абе-овиот рефрактометар (сл.2) се состои од: призми на Абе, далекугледи, подвижно


огледало, компензатор, градуирана скала и лупа за читање. Абеовите призми се направени од
стакло со голем индекс на прекршување (n = 1,72) и меѓу нив има тесен планпаралелен простор во
кој се става течноста чиј индекс на прекршување се определува. Призмите се прицврстени на
држач поврзан со гониометарски систем, кој овозможува тие да се вртат околу оската, при што
може да се отчитува аголот на завртување. Кај рефрактометарот скалата е изградуирана
дирекно во индекси на прекршување.

Во оваа лабораториска вежба ќе го определиме индексот на прекршување на раствор


од шеќер со различни концентрации, за што се потребни шеќер, дестилирана вода, аналитичка
терезија со тегови, епрувети, мензура и капалки.

Најпрвин се подготвуваат раствори на шеќерот во дестилирана вода со


концентрација 5%, 10%, 15%, 20% и 25% и еден со непозната концентрација. Потоа се
отвараат призмите на рефрактометарот со вртење на целиот рефрактометар околу
хоризонталната оска. Со капалка се ставаат неколку капки од растворот врз долната призма и
повторно со вртење на целиот рефрактометар околу хоризонталната оска ја доближуваме
горната призма се дури не се спои со долната. Во таа положба призмите се прицврстуваат една
кон друга.

Откако е поставен растворот меѓу Абе-овите призми гледаме низ десниот окулар и
со левиот винт подесуваме граничната линија светло-темно да дојде во пресекот на двете
вкрстени линии (сл.3).

Сл. 2 Сл. 3

18
Тогаш во левиот окулар на рефрактометарот, од скалата изградуирана дирекно во
индекси на прекршување ја отчитуваме вредноста за n на употребениот раствор.

Задача

Да се определи индексот на прекршување на раствори на шеќер во дестилирана вода


со концентрации 5%, 10%, 15%, 20% и 25%. Резултатите да се внесат во табела 1.

Да се нацрта график на зависност n=f(c) и од него да се определи концентрацијата на


непознатиот раствор. Односно, за измерен индекс на прекршување на непознатиот раствор nx
преку линијата на графикот да се најде точка на оската за концентрација која одговара за тој
индекс т.е. точката која ја дава концентрацијата сx на непознатиот раствор.

19
Име и презиме:
Број на индекс:

Резултати од мерењето:

c(%) n

5%

10%

15%

20%

25%

nx = cx=

Прегледал Потпис _______________


________________

20

You might also like