You are on page 1of 12

Споредбени и логички изрази

Како донесуваме одлуки?


Одлуки во секојдневниот живот многу често донесуваме
врз основа на поставени услови, кои можат да бидат
вистинити или невистинити.

Пример 1: Во реченицата “Ако имам велосипед тогаш ќе
одам во парк.”

Условот е “имам велосипед”.


1. Ако овој услов е вистинит (1), тогаш ќе можите да одите
во парк.
2. Но, ако условот не е вистинит (0), тогаш не знаеме која
активност ќе се случи.

Пример 2: Во реченицата “Ако имаш лист и молив
тогаш пишувај порака инаку ќе ти пратам e-mail”
Условот е “имаш лист и молив”.
1. Ако овој услов е вистинит (1), тогаш ќе можите да
напишите порака.
2. Но, ако условот не е вистинит (0), тогаш ќе добиеш e-
mail.

Во овој пример знаеме што ќе се случи доколку
условот е вистинит, но знаеме што ќе се случи и ако
условот не е вистинит.
Графички приказ на споредбени изрази
Алгоритам
Споредбени изрази

 Одлуките се контролираат со логичките изрази.


Наједноставните логички изрази се изрази во кои се
споредуваат две вредности.
 Таквите изрази се нарекуваат споредбени изрази.
Споредување се врши само помеѓу две вредности од ист тип,
на пр. можат да се споредат два броја, два знака или две
низи од знаци.
 За градење на споредбени изрази се користат оператори за
споредување:
Операторите кои се
состојат од два
симбола, немаат
празно место помеѓу
нив!
 За секој споредбен израз секогаш може да се утврди
дали тој е точен или е неточен, односно дали има
вредност 1 (точно) или 0 (неточно).
 Резултатот на споредување е податок од тип bool.
 Примери на споредбени изрази и нивните вредности:
Секако, освен константи, може да се користат и
изрази со променливи на кои им е доделена
некоја вредност.
На пример, за a=2, b=3 и c=6:
За променливите a, b, c, користи ги
следниве вредности: a=3, b=4, c=1

Израз Вредност
a == 3 1 ( точно, затоа што 3 е еднакво со 3)
2+b < 5 0 ( не е точно, затоа што 2+4 е помало од 5)
a*c != 3 0 (не е точно, затоа што 3*1 е различно од 3)
10 > a+b+c 1 (точно, затоа што 10 е поголемо од 3+4+1)
Сложени логички изрази

Логичките изрази можат да бидат и посложени, а


тие се конструираат од споредбените изрази со
помош на логичките оператори И, ИЛИ и НЕ.
Логички оператори во C++:
Таблиците на вистинитост се познати од
математиката:
При одредување на вистинитост на некој сложен
израз редослед на операции е: негација,
коњукција па дисјунција.
Примери на логички изрази:

You might also like