You are on page 1of 2

Споредбени изрази

Пример за израз
Во нашето секојдневие честопати се случуваат работи за кои ние треба да донесеме
одлуки и зависно од тие одлуки да одлучиме по кој пат да одиме понатаму. На пример,
по завршувањето на задолжително училиште се наоѓаме на еден крстопат на кој
треба да одлучиме, дали ќе го продолжиме образованието на факултет или тука
завршуваме. Тука имаме две можности. Првата можност е ако го продолжиме
образованието на универзитет се отвораат широки можности да го прошириме нашето
знаење и со тоа да бидеме конкурентни при изнаоѓање на добро платена и стручна
работа. Втората можност е да одлучиме да не го продолжуваме образованието и да
останеме на досега стекнатото знаење, а со тоа и можноста за конкурентност на
пазарот се намалува. Сепак, ова се тешки животни одлуки, но се добар пример за
вовед во она што ќе го зборуваме во оваа наставна содржина.
Израз во програмирањето
Како во животот, така и во програмирањето многу често треба да се донесе некоја
одлука. Токму “способност за одлучување”, програмите ги прави корисни. На пример:
за да работиш со компјутер треба да внесеш лозинка, посебна програма ја проверува
лозинката и ако таа е точна дозволува работа со компјутерот во спротивно пристапот
до компјутерот е оневозможен.
Во општ случај, програмата испитува некој услов и ако тој услов е задоволен се
извршуваат едни инструкции. А ако тој услов не е задоволен се извршуваат други
инструкции.
1. Споредбени изрази
• Одлуките се контролираат со логичките изрази. Наједноставните логички
изрази се изрази во кои се споредуваат две вредности. Таквите изрази се
нарекуваат споредбените изрази.
• Споредбени изрази се логички израи во кои се споредуваат две вредности од
ист тип со користење на операторите за споредување
• Споредувањето се врши само помеѓу две вредности од ист тип, на пример може
да се споредат два броја, два знака или две низи од знаци.
2. Споредбени оператори
3. Важно за споредбените оператори
• Операторите кои што се состојат од два симбола, немаат празно место помеѓу
нив!!!
• За секој споредбен израз секогаш може да се утврди дали тој точен или неточен,
односно дали има вредност 1 (точно) или 0 (неточно).
• Резултатот од споредување е податок од типот на bool (тип на променлива)
4. Примери за споредбени изрази и нивни вредности:

Споредбени Вредност
изрази

5>8 0 (неточно)

16≠25 1 (точно)

'a'='b' 0 (неточно)

5. Логички примери
• Секако, освен константи, може да се користат и изрази со променливи
на кои им е доделелена некоја вредност. На пример за а=2, b=3 и c=6:

• За променливите a, b, c, користи ги следниве вредности: a=3, b=4, c=1


Израз Вредност

a == 3 1 ( точно, затоа што 3 е еднакво со 3)

2+b < 5 0 ( не е точно, затоа што 2+4 е помало од 5)

a*c != 3 0 (не е точно, затоа што 3*1 е различно од 3)

10 > a+b+c 1 (точно, затоа што 10 е поголемо од 3+4+1)

You might also like