You are on page 1of 27

 Мерните инструменти се вклучуваат во

електрични кола многу често на напони кои


можат да бидат опасни
 Поради тоа производителите на
инструменти мораат да гарантираат дека
инструментот безбедно ке работи на
одреден напон
 Тоа значи дека нема да дојде до пробив на
изолацијата на инструментот до одредена
вредност на погонскиот напон
 Испитен
напон е податок кој
ни кажува дека мерниот
инструмент е проверен на
издржливост од пробив на
изолацијата меѓу
приклучните краеви и
куќиштето на инструментот
за одреден напон
 Поради важноста на таквиот податок
испитниот напон се запишува на самиот
инструмент односно на неговата скала
 За таа цел се користи стандардизиран
знак:ПЕТОКРАКА
 Ознаките кај мерните инструменти се
симболи кои можат да покажуваат:
намена на инструмент
испитен напон
видот на величината што се мери
положба на користење
класа на точност
принцип на работа
 При мерење на мерливи величини не е
можно да се добие нивната точна вредност
 Тоа е така поради несовршеноста на
мерните инструменти и поради грешките
што ги прави лицето кое го врши мерењето
 За да се добие точната вредност се
потребни идеални услови што практично не
е остварливо
 Во пракса треба да се стремиме да
обезбедиме услови блиски до идеалните
односно да се добие резултат што е можно
поблизок до точната вредност
 За доближување до идеални услови треба:
- да се примени најсоодветен метод
- најсоодветен инструмент
-лицето кое мери да има познавања од
мерна техника
 Секој инструмент се карактеризира со
одредена грешка при мерењето
 Инструменти кои прават иста грешка
припаѓаат на иста класа кој во практика е
позната како класа на точност
 Електричните мерни инструменти се
поделени според класа на точност
 Бројката што ја означува класата на точност е
назначена на скалата на мерниот инструмент
на еден од следните три начини:
1. само бројка
2. бројка запишана во круг
3. бројка запишана во знакот

Класата на точност ја означува границата на
грешката што ја прави инструментот изразена
во проценти
 За првиот начин на запишување на класа на
точност(на скалата има само бројка)
процентуалната грешка што ја прави
инструментот се определува на следниот
начин:
апс.г решка
(k.t) = ( ) * 100%
мер.подрачје

Класата на точност зависи од подрачјето на кое


што се мери
Кај инструментите на чија скала класата на
точност е запишана како бројка во
круг,процентуалната грешка што ја прави
инструментот се определува на следниот
начин: апс.г решка
(k.t) = ( т.вредност )*100%
Класата на точност е иста за целото мерно
подрачје
 Многу ретко се среќаваат инструменти кај
кои класата на точност е запишана со
бројка над знакот за должина на скала.Кај
нив класата на точност се пресметува на
следниот начин:

апс.г решка
(k.t) = ( )*100%
дол.наскала
 Апсолутна грешка:

ΔX = Xi-Xt [единица мерка]


 Релативна грешка:
Xi  Xt
δX= *100[%]
Xt
 Што претставува испитен напон кај мерни
инструменти?
 На кој начин испитниот напон се запишува
на инструментот?
 Нацртај го симболот за еднонасочна и
наизменична струја кај електрични
инструменти?
 Нацртај го симболот за трифазна струја кај
електрични инструменти?
 Нацртај го симболот за испитен напон од
3KV
 Нацртај го симболот за хоризонтална
положба на инструмент?
 Нацртај го симболот за вертикална
положба на инструмент?
 Што е класа на точност кај мерните
инструменти?
 Како се прикажува класа на точност кај
мерните инструменти?
 Амперметарот има скала од 100 поделоци
и мерни подрачја од 1А,3А и 6А.Доколку
инструментот го користиме на мерно
подрачје од 1А колку изнесува константата
на инструментот?
 Нека со аналоген амперметар се мери
јачина на струја од 60mA и 100 mA.Ако
инструментот е со класа на точност од
0,5(запишана на скалата само со бројка) и
мериме на мерно подрачје од 100 mA да се
определи во кои граници ке се движи
мерената вредност за двете мерења?
 Нека со аналоген амперметар се мери
јачина на струја од 60mA и 100 mA.Ако
инструментот е со класа на точност од
0,5(запишана на скалата со бројка во круг)
и мериме на мерно подрачје од 100 mA да
се определи во кои граници ке се движи
мерената вредност за двете мерења?
 Нека измерениот напон во штекер од
страна на еден волтметар изнесува 225
V.Колку изнесува апсолутната и
релативната грешка за тоа мерење?

 Наброј ги сите класи на електричните


мерни инструменти?
Подготвил:
Проф.Ставревски Ненад
03.10.2018

You might also like