You are on page 1of 13

13.

Контрола на запчаници-мерка преку запци

Контролата на мерката преку запци се врши со помош на микрометар, со


специјални плочести пипки. Мерењето се врши на тој начин што со микрометарот
се опфаќа одреден број запци.

Sb е дебелина на забецот по основниот круг

Тб е основен чекор на запченикот


24. Економски ефекти од примена на уреди за активна контрола во
технолошки процес
25.Извори и структура на грешките
26.Видови мерења и видови на грешки
Во непосредна зависност со методата на мерење е поврзан и видот на мерењето.
 Видови мерења

Според методата на мерење постојат : непосредни, посредни и комплексни мерења

Според начинот на мерење: апсолутни и гранични(споредбени) мерења

Според условите на мерење: точни и неточни.

Според степенот на потребата: потребни и непотребни мерења.

Непосредни мерења даваат непосредни вредности на мерната големина, кои се отчитуваат


непосредно од мерниот алат или уред.

При апсолутни мерења вредноста на мерната големина е определувана во аналоген или


дискретен облик при што резултатите од мерењата содржат грешки и се карактеризираат со
интервал на истражуваната големина.

Точните мерења секогаш се изведуваат во идентични услови, кои определуваат вкупна точност на
мерењата, како:

1.Tипот, класата, примерокот на мерниот уред ;


2.Бројот на мерењата, надворешните услови, квалификациите на контролорот и

3.Во серија на мерните резултати не смее да се појавува екстремност на било која една или
повеќе вредности во однос на основното множество добиени мерни резултати.

 Видови грешки

Анализата на неточноста на мерењата се базира врз теорија на грешките.Од аспект на


веројатноста на појавувањето на грешките и облиците на нивното вредносно опфаќање можеме
да направиме поделба на грешките како:

-Според веројатноста на појавување на грешките:

o Случајна грешка
o Систематска грешка , се дели на непознати и познати грешки.
o Груба (Прекумерна) грешка
o Адитивни грешки
o Мултипликативни грешки
o Статички грешки
o Динамички грешки

-Според обликот на вредносна анализа на грешките:


 Апсолутни, релативни, споредбени, максимални, средно квадратни, средни , средно
квадратни од средни вредности, средно аритметички.

Апсолутните се делат на: апсолутни привидни и апсолутни правилни грешки.

Случајна грешка е грешка, која во одделните мерења може да добива случајни, непознати
конкретни вредности.Обично се познати само бројчаните карактеристики на законитоста
на распределбата на грешката.Несовршената проценка на таквите грешкипредизвикува
поедините делови да се разликуваат помеѓу себе и покрај привидната констатација, дека
истите се изработуваат во идентични производни услови и припишана им е еднаквост на
димензиите.

Систематска грешка е константна грешка или временски променлива според некој


определен закон.Промената може да настапи почнувајќи од некој наредн број на мерења
или како последица од некоја друга независно променлива големина.Доколку
систематската грешка може вредносно да се определи, тогаш се зема во предвид при
отчитување на секој резултат и во тој случај се нарекува корекција.

Статички грешки се опишуваат со временски функции со константна вредност.Тоа се


грешки предизвикани со неточноста на трансформцијата на мерните сигнали преку систем
кој се наоѓа во стабилен режим.

27.Хиерархиска структура на метролошките лаборатории


28.Процедура за калибрација на мерни инструменти

Поимот калибрација најчесто се поврзува со постапка на подесување на даден инструмент


за тој да покажува „точна“ вредност.
Всушност калибрацијата е само споредба на покажувањата на резултатите од мерењата на
два инструмента во исти услови, во една или повеќе мерни точки. Еден од инструментите
коишто се споредуваат треба да е неколку пати поточен од другиот инструмент , а за да
биде споредбата веродостојна, „поточниот“ инструмент треба да е следлив до некој
национален или меѓународен еталон.

You might also like