You are on page 1of 10

Програмата по Веројатност и Статистика

на Институтот за информатика
Природно-математичкиот факултет на
Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”
во Скопје

Верица Бакева
Магдалена Георгиева
Александра Поповска –Митровиќ
Четиригодишни студии по информатика
 Академските студии по информатика траат 4 години, со
240 кредити и студентите можат, со соодветен избор на
одредени предмети, да се стекнат со специјализација од
најмалку еден од 5 понудени модули.
 Дипломата со која се стекнуваат студентите со
завршување на овие студии гласи:
Дипломиран инженер по информатика – соодветен
модул:
 Понудени модули се следните:
Информациски системи
Компјутерски архитектури и мрежи
Компјутерски науки
Програмско инженерство
 Дипломиран професор по информатика – со модул
Информатичко образование
Тригодишни студии по информатика

 Професионални студии по Информатички технологии


траат 3 години односно 180 кредити и се организираат на
принцип на самофинасирање. Со соодветен избор на
одредени предмети, студентите можат да се стекнат со
специјализација од 2 понудени модули.
 Дипломата со која се стекнуваат студентите со
завршување на овие студии гласи:
Дипломиран инженер по Информатички технологии –
соодветен модул
 Понудени модули се:
Интернет и мобилни технологии
Администрирање на компјутерски мрежи
Предметите “Веројатност”, “Статистика” и
“Веројатност и статистика” на 4-год. студии
 Предметите “Веројатност” и “Статистика” како посебни
предмети се слушаат на следните модули:
Информациски системи
Компјутерски науки
 а предметот “Веројатност и статистика” на модулите:
Компјутерски архитектури и мрежи
Програмско инженерство
Информатичко образование
 “Теорија на информации” се слуша на следните модули:
Компјутерски архитектури и мрежи
Компјутерски науки
Содржина на предметот “Веројатност” (3+2+0)

 Случајни настани. Експерименти и настани. Множество


елементарни настани, случајни настани и операции со случајни
настани. Дефиниција и својства на веројатноста. Дискретен простор
на веројатност. Класична дефиниција на веројатност. Геометриска
веројатност. Условна веројатност. Формула за тотална веројатност и
Бајесови формули. Независност на случајни настани. Бернулиева
шема.
 Случајни променливи. Функција на распределба на една случајна
променлива. Случајни променливи од дискретен и од апсолутно-
непрекинат тип. Случајни вектори. Функции од случајни променливи.
 Бројни карактеристики: математичко очекување, моменти,
дисперзија на случајна променлива, моменти на случајни вектори,
коефициент на корелација помеѓу две случајни променливи.
 Гранични теореми: Карактеристична функција. Закон на големите
броеви. Централна гранична теорема.
 Основни поими од случајни процеси.
Содржина на предметот “Статистика” (2+2+1)

 Основни поими и принципи во статистиката: популација и


примерок. Обработка и опишување на статистички податоци.
 Случаен примерок, статистики и распределби на поважни
статистики.
 Оценување на параметри: метод на максимална подобност, метод
на моменти. Видови оценувачи: непристрасни, конзистентни,
доволни и оценувачи со минимална дисперзија. Интервали на
доверба.
 Тестирање на статистички хипотези. Најмоќни, рамномерно
најмоќни и тестови со коефициент на подобност. Тестови за просек
и дисперзија на популација и веројатност од успех.
Непараметарски тестови за совпаѓање на распределби и табели на
контингенција.
 Линеарна регресија. Дисперзиона анализа.
Содржина на предметот “Веројатност и
статистика” (3+2+1)
 Основни концепти од веројатност (случајни настани, класична
статистичка и аксиоматска дефиниција на веројатност). Низи од
случајни експерименти (Бернулиева шема, гранични теореми на
Муавр- Лаплас и Пуасон).
 Случајни променливи и функции на распределба (дискретни и
апсолутно непрекинати, еднодимензионални и повеќедимензионални,
функции од случајни променливи).
 Бројни карактеристики на случајни променливи (математичко
очекување, дисперзија, коваријанса, корелација, моменти).
 Слаб закон на големи броеви и централна гранична теорема.
Дескриптивни статистики. Случаен примерок и статистики.
 Тестирање на хипотези (Параметарски и непараметарски тестови).
 Линеарна регресија (оценување на права на регресија, тестирање на
хипотези за регресионите параметри).
Лабораториски вежби по
Веројатност и статистика
 Во рамките на предметот “Веројатност и статистика” се
одржува еден час неделно лабораториски вежби на кој се
работи во пакетот Statistica.
 Во почеткот студентите се запознаваат со алатките во
пакетот, а потоа добиваат реални податоци врз кои треба
да ги изработат изучените статистички анализи.
 На крајот од семестарот, студентите ги сублимираат
добиените резултати, ги интерпретираат и заедно со
добиените заклучоци ги предаваат како семинарска
работа.
 Семинарската работа е дел од испитот по овој предмет.
 Примери на некои семинарски работи:
водостои и протоци на реки во Македонија
температури на разни мерни места во Македонија
разни медицински податоци и сл.
Содржина на предметот
“Теорија на информации” (2+2+1)
 Случајни процеси: дефиниција, карактеристики,
класификација, стационарност. Трансформации на
случајни процеси. Пуасонов процес. Маркови процеси.
Процеси на раѓање и умирање. Вериги на Марков.
 Комуникациски систем: Теорија на Шенон. Ентропија.
Сопствена и взаемна информација. Дискретен извор на
информации: извор без меморија, Марков извор,
ергодичен извор. Кодови на изворот. Дискретен канал.
Кодер и декодер на комуникациски канал: шема на
одлучување. Линеарни кодови. Линеарни блок кодови.
Хамингтонов код и кодови за откривање и поправање на
грешки.
Лабораториски вежби по
“Теорија на информации”
 Во рамките на овие вежби студентите добиваат задачи кои
треба да ги реализираат во некој програмски пакет,
најчесто тоа го прават во пакетот Mathematica.
 Најголем дел од семестарот се изработуваат задачи со
симулации: симулации на случајни променливи, верига на
Марков, случајно талкање и бинарен симетричен канал со
кодер и декодер на каналот и определување на веројатност
за непоправена грешка при декодирање.
 На крајот од семестарот студентите прават анализа на
внесен текст на македонски јазик со пресметување на
веројатност на појавување на букви и парови букви и
определување на соодветни ентропии.

You might also like