You are on page 1of 73

Универзитет ,,Св.

Климент Охридски" - Битола


ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ
И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ

Магистерски труд

„Примена на географски информациски системи во


археологијата – фундаментални аспекти на креирањето на
предиктивен модел”

Ментор: Изработи:

Проф. д-р Костандина Вељановска Катерина Стојковска


До

Наставен совет на втор циклус на студии

при Факултет за информатички и

комуникациски технологии - Битола

ИЗЈАВА ЗА ОРИГИНАЛНОСТ НА ТРУДОТ

Јас, Катерина Стојковска, кандидат за одбрана на магистерскиот труд со наслов


„Примена на географски информациски системи во археологијата – фундаментални
аспекти на креирањето на предиктивен модел”, изјавувам под морална, материјална и
друга одговорност дека при изработката на магистерскиот труд ги почитував
позитивните законски прописи од областа на заштитата на интелектуалната
сопственост и не користев трудови на други автори без да бидат почитувани
пропишаните методолошките стандарди.

Кандидат:

Катерина Стојковска

2
Содржина

1. Вовед .............................................................................................................................................. 5
1.1. Растерски податоци .............................................................................................................. 7
1.2. Векторски податоци.............................................................................................................. 8
1.3. Разлика помеѓу растерските и векторски податоци .......................................................... 9
2. ГИС............................................................................................................................................... 12
2.1. Функционалност на ГИС .................................................................................................... 15
2.1.1. Задачи на ГИС и опис ................................................................................................. 16
2.2. Значење на географските информациски системи во археологијата ............................. 19
3. Ставање на ГИС во служба на археологијата........................................................................... 20
3.1. Менаџмент на археолошки ресурси –Културен ресурсен менаџмент ........................... 20
3.2. ГИС и ископувањата ........................................................................................................... 21
3.2.1. 3Д моделирање ............................................................................................................ 22
3.3. Археологија на области ...................................................................................................... 24
3.4. Просторно моделирање на предходно човечко однесување........................................... 25
4. Практична примена на ГИС за археологија ............................................................................. 27
4.1. Предиктивен модел на археолошки локалитет ................................................................ 28
4.1.1. Опис на проблемот...................................................................................................... 28
4.2. Предиктивно моделирање .................................................................................................. 29
4.3. ГИС податоци и предиктивно моделирање ...................................................................... 32
4.4. Резултати од истражувањето ............................................................................................. 33
4.4.1. Останати практични примери .................................................................................... 35
5. Состојбата на ГИС и ГИС во археологијата во Македонија ................................................... 39
5.1. Состојбата на ГИС во Македонија .................................................................................... 39
5.2. Состојбата на ГИС во археологијата во Македонија....................................................... 40
6. Практична работа – ГИС за археологија во Македонија ........................................................ 42
6.1. Примена на машинското учење во ГИС ........................................................................... 54
6.1.1. Пример-учење на компјутерот да разликува куче од мачка ................................... 55
6.1.2. Машинско учење како дел од ГИС............................................................................ 58
6.2. Соодветен ГИС за археологија во Македонија ................................................................ 60
7. Предиктивни модели .................................................................................................................. 62

3
8. Заклучок ....................................................................................................................................... 71
9. Користена литература................................................................................................................. 73

4
1. Вовед

Уште кај старите народи било применето донесување на одлуки врз база на
географија. Како на пример: која почва е погодна за одгледување на хортикултури, или
кој регион изобилува со плодна почва која е во непосредна близина на некој извор на
вода. Правењето на населби, па потоа и градови зависело од тоа каква е
местоположбата и дали и колку е населеното место изложено на напади од вандали.
Тие народи кои се занимавале со лов и риболов своите населби ги граделе покрај реки,
езери, мориња, шуми и планини. Така правењето на историски одлуки од овој вид било
исклучиво поврзано со локацијата. Податоците кои се поврзани за некоја локација се
нарекуваат просторни податоци или геоподатоци.

Просторните податоци претставуваат важен дел од секојдневниот живот.


Според едно истражување околу 80% од податоците кои се снимени во некој систем
или база се просторни податоци. Кога сакаме да провериме временска прогноза
користиме геоподатоци. За да пресметаме најкраток пат до одредена локација, исто
така, се потпираме на просторни податоци. И пребарувачите и социјалните мрежи
користат просторни податоци со кои со помош на нашата локација ни прикажуваат
некакви резултати или производи кои можат да се најдат во наша близина. Бизнис
заедницата и тоа како се потпира на геоподатоците при донесување на некаква одлука.
Дали е тоа одлука за местоположба на нова фабрика, нова канцеларија или место за
промоција, просторните податоци се неизбежен дел од модерното работење. Јавниот
сектор, исто така, не може да функционира правилно без просторните податоци. Освен
за очигледната катастарска примена, свое место наоѓаат и во здравството при
контролирање на епидемија, за интервенција при поплави, пожари и разни
елементарни непогоди.

Но, просторните податоци сами по себе се сиров материјал кој треба да биде
обработен за да се добие корисна информација. Токму таква алатка за правилно
прибирање, чување, анализа, обработка и прикажување на овие податоци се
географските информациски системи (понатаму во текстот претставени со кратенката
ГИС).

Географските информациски системи (ГИС) се колекција на софтвер што им


овозможува на корисниците да внесат, креираат, прашуваат, анализираат и
5
визуелизираат геопросторни податоци.1 Геопросторниот податок ги носи
информациите за географската локација на одреден објект. Ова вклучува употреба на
географски координати, како што е вредност за географска ширина и географска
должина.

Апликаците кои употребуваат геопросторни податоци извршуваат различни


функции. Производството на карти е наједноставната разбирлива функција за
географската апликација. Програмите за мапирање земаат геопросторни податоци и ги
изведуваат во форма којашто е видлива, обично на компјутерски екран или на
испечатена хартија. Апликациите можат да претставуваат статични мапи односно
едноставна слика или динамични мапи коишто се прилагодени од лицето што ја гледа
картата преку програма на работен простор или веб страна.

Многу луѓе имаат погрешна претстава дека геопросторните апликации само


произведуваат мапи, но всушност анализата на геопросторни податоци е уште една
примарна функција на геопросторните апликации. Некои типови на анализи
вклучуваат пресметување на:

1. растојание помеѓу географски локации,

2. големината на простор (пр. квадратни метри) во одреден географски регион,

3. кои географски особини се преклопуваат со други особини,

4. големината на преклопување помеѓу особините,

5. бројот на локации во одредено растојание помеѓу друго.

ГИС претставуваат алатка за разбирање на географијата и донесување на


интелегентни одлуки. ГИС функционира на тој начин што на корисникот му
прикажува интерактивна мапа така што ги организира географските податоци
наменети за одреден проект. Целта на ГИС програмите е обработка на географски
податоци од повеќе извори и нивно интегрирање на мапа. Во повеќето држави некои
информации од ГИС базите на податоци се јавно достапни. Тоа е случај и кај нас во
Катастарот на Р.М.

1
Опщтп прифатена дефиниција за ГИС. Извпр https://www.gislounge.com/

6
ГИС мапите се интерактивни. Со тоа му се овозможуваат на корисникот повеќе
функции. Основните се зумирање и менување на типот на информациите прикажани на
мапата. До корисникот зависи на пример дали на една мапа сака да му бидат
претставени само автопати или и други патишта, бензиски пумпи, болници. Тоа го
нудат обичните ГИС. ГИС системите дизајнирани за одредена област вршат сложени
калкулации, како на пример за следење на невреме или пратење на одредени шеми на
ерозија на земјиштето.

1.1.Растерски податоци

Просторните податоци во ГИС се делат на растерски и векторски податоци.

Еден тип на геопросторен податок се нарекува растерски податок, или


едноставно растер. Дигиталната сателитска слика или воздушните фотографии се
најпретпознатливи форми на растерски податоци. Дигиталните елевациски модели или
елевациското засенување се исто така претставени како растерски податоци. Секој
податок на мапа може да се претстави како растерски податок, но постојат
ограничувања.

Растерот претставува обична координатна мрежа направена од ќелии, а во


случај на слика, од пиксели. Тие имаат одреден број на редови и колони. Секоја ќелија
посебно има нумеричка вредност и одредена географска величина (пр. 30x30 метри во
величина). Многукратните растери што се преклопуваат се користат да се претстават
слики со користење на повеќе од една вредност за боја (односно, еден растер за секоја
поставка на вредности за црвено, зелено и сино се комбинираат за креирање на слика
во боја. Сателитските слики исто така претставуваат податоци во многукратни врски.
Секоја врска е посебен растер што се преклопува, каде што секоја врска има вредности
за одредени бранови должини на светло. Голем растер зафаќа повеќе простор во
фајлот. Растер со помали ќелии може да обезбеди повеќе детали, но зафаќа повеќе
простор во фајлот. Трикот е во тоа да се пронајде вистинскиот баланс помеѓу
величината на ќелијата за намени за складирање и величината на ќелијата за
аналитички или мапирачки намени.

7
1.2.Векторски податоци

Векторските податоци се друг тип на податоци кои исто така се користат во


геопросторните апликации. Во наједноставна смисла, векторите претставуваат начин
на опишување на локација со примена на поставка од координати. Секоја координата
посебно се однесува на географска локација, со употреба на систем од вредности за x и
y.

Постојат повеќе начини за претставување на овие географски координати, во


зависност од целта. Ова претставува цело поле за проучување – проектирања на мапи.
Векторскиот податок завзема три форми, секоја постепено покомплексна и изградувана
на претходната.

1. Точки - една координата (x y) ја претставува одвоената географска локација.

2. Линии - Многукратни координати (x1 y1, x2 y2, x3 y4, ... xn yn) нанижани
заедно во одреден ред. Како цртање на линија од точка (x1 y1), до точка (x2 y2)
и т.н. Овие делови помеѓу секоја точка се сметаат за линиски сегменти. Тие
имаат должина, и за линијата се вели дека има насока којашто се базира на
редот на точките. Стручно, линијата претставува еден пар на координати
поврзани заедно; додека линиски стринг претставува многукратни линии
поврзани заедно.

3. Многуаголници - Кога линиите се нанижани заедно со повеќе од две точки, а


последната точка е на истата локација како и првата, тогаш ова го нарекуваме
многуаголник. Триаголник, круг, правоаголник и т.н. сите тие претставуваат
многуаголници. Клучната особина на многуаголниците е тоа што во нив има
фиксирана област.

8
Форма на векторски Опис Симболика
податок
Точка Единствен пар од Со точка можат да бидат
координати (х,у) означени градови, објекти,
локалитети и слично.
Линија Множество од Со линија се опишуваат
координантни точки најчесто патиштата како и
реки, железници и т.н.
Многуаголник (полигон) Површини кои меѓусебе не Многуаголникот или
се поклопуваат познат како и полигон
опишува парцели, блокови
и слично.
Анотации Описен текст Се користи за означување
на имиња на места,
планини, реки, езера,
мориња и т.н.
Табела1: Опис на векторските податоци и нивното значење во мапата

1.3.Разлика помеѓу растерските и векторски податоци

И растерскиот модел како и векторскиот имаат свои предности и недостатоци.


Дали податоците во геобазата ќе бидат растерски или векторски зависи од повеќе
фактори. Одлуката треба да се заоснова врз база на нивните карактеристики.

o Растерските податоци се поописни односно зафаќаат повеќе простор бидејќи


секој точка носи информација.
o Векторските податоци се полесни за манипулација бидејќи додавањето на нови
податоци и ажурирањето на постојните е доста едноставно додека кај
растерските не е таков случајот. Векторските податоци се покомпатибилни со
релациони бази на податоци.

9
o Доколку растерскиот модел е подложен на некаква измена кај него треба да
биде извршено целосно репродуцирање на растерот.

Слика 1. Споредба меѓу векторски и растерски модел.

Системите кои работат со двата типа на податоци се нарекуваат хибридни


системи (Слика 2).

10
Слика 2. Пример за хибриден модел.

11
2. ГИС

Географските информациски системи (ГИС) во последните 10 години станаа


важна алатка во археологијата. Всушност и првите корисници и развивачи на ГИС
биле всушност археолози. Комбинацијата на ГИС и археологијата се смета за совршен
спој бидејќи археолошките истражувања често вклучуваат просторни димензии на
човековото однесување низ времето и секое археолошко истражување носи просторна
компонента.

Резултатите од археолошките истражувања се богати со просторни


информации. ГИС се одлични за чување на токму ваква богата база на податоци.
Примената на ГИС во археологијата е ефикасна, исплатлива, прецизна и брза алатка.
Алатките кои се достапни преку ГИС помагаат при собирање на податоци, нивно
складирање, манипулација односно анализа и визуелен приказ кој ќе биде разбирлив за
корисникот. Најважниот аспект на ГИС во археологијата лежи не во неговата употреба
како алатка за креирање на мапи, туку во неговата способност да се соберат и
анализираат различни видови на податоци со цел да се создадат нови информации.
Употребата на ГИС во археологијата го промени не само начинот со кој археолозите се
здобиваат со информации и нивно визуелизирање но и начинот на кој археолозите
размислуваат за самиот простор воопшто.

Примената на ГИС во областа на археологијата не претставува некоја новост во


светски рамки. Всушност развиени се повеќе ГИС системи за различни примени во
областа на историјата. Некои од нив се:

1. Great Britain Historical GIS – ГИС база на податоци која содржи различни
геореференцирани мапи, статистики, географски индекси и записи од патувања,
особено за периодот од 1801 – 2001 покриени од страна на британските пописи.
Јавен пристап преку интернет страницата Vision of Britain. Креиран е и
одржуван од страна на Портсмут Универзитетот.
2. China Historical GIS – проект за империјална Кина развиен од страна на
универзитетите Хардвард и Фудан, Кина.

12
3. David Rumsey Historical Map Collection – една од најголемите колекции на мапи
во светот, која има дигитализирано и геореференцирано голем дел од својата
колекција и објавени се на Интернет.
4. Electronic Cultural Atlas Initiative (ECAI) – клириншка куќа за размена на
метаподатоци на историски ГИС. Одржуван е од страна на Универзитетот во
Калифорнија, Беркли.

5. HGIS Germany – институт на европска историја и институт при универзитетот


на применети науки.

6. Belgian Historical GIS – го следи развојот на административните граници во


Белгија од 1800 година. Развиен е од Универзитетот во Гент.

7. The National Historical Geographic Information System (NHGIS) – систем за


прикажување и анализа на пописи и следење на промени при истите во САД.

8. HistoAtlas – отворен историски ГИС кој се обидува да изгради бесплатен


историски атлас од светот.

9. Atlas-Historical Cartography – оваа интернет страница обезбедува информации за


еволуцијата на административните граници во Португалија, и пописи и други
статистички серии за 19 и 20 век.

10. Mammoth Cave Historical GIS – врши документација на луѓето кои живееле во
Mammoth Cave регионот пред да стане национален парк. Јавен пристап преку
MCHGIS.

11. TimeMap – Јава аплет за пребарување на просторно-временски податоци и ECAI


бази на податоци. Развиен е од страна на одделот за археологија при
Универзитетот во Сиднеј.

12. Верзија 4+ на Google Earth има додадено временска карактеристика која


овозможува едноставно временско пребарување на просторни податоци.

Истражувањата и документацијата се важни за зачувување во археологијата и


на тој начин ГИС се од голема помош. Истражувачите го користат ГИС како важна
алатка за превентива од губење на корисни информации. Исто така ГИС е од
непроценливо значење кога станува збор за планирање на земјиштето како и заштита

13
на културно значајни места и историски градови. Една од најважните компоненти на
ГИС е моделирање и предвидување на можни археолошки локалитети. Доколку постои
некакво сомневање дека некој археолошки локалитет се наоѓа во близина, ГИС прави
добри претпоставки. Односно ГИС го прави процесот на откривање нови археолошки
локалитети побрз и попрецизен.

Постојат различни процеси и ГИС карактеристики кои се користат при


археолошките истражувања. Просторните истражувања на археолошки град помагаат
при разбирање на создавањето, процесот на промена како и при документацијата на тој
град. Предиктивното моделирање се користи преку прибирање на податоци како од
областа на хидрографија и хипсографија со цел да се создадат методи од археолошките
податоци за подобри анализи. Клучните податоци во ГИС се користат за да се
фокусираат на клучни локации и да се анализираат трендови во сетови на податоци
или да се интерполираат расфрлани гледишта. Мапирањето на густината се прави за
анализа на локациони трендови а интерполацијата се прави за пронаоѓање во бројот на
нивоа на еден археолошки град. Воздушните податоци се користат се почесто. Тие се
фокусираат на пејсажите и на регионот и помагаат при интерпретација на археолошки
локалитети и нивната содржина. Воздушните податоци се анализираат преку
предиктивно моделирање кое се користи за да ја предвиди локацијата на археолошкото
пронаоѓалиште и материјалите во регионот. Се базира на достапни сознанија, метод на
предвидување и на реални резултати.

ГИС се способни за складирање, манипулација и комбинирање на повеќе


различни податочни сетови и со тоа овозможуваат правење на комплексни анализи.
Некои од техниките кои се користат се:

o Дигитализација и геореференцирање на историски мапи. Старите мапи можат да


содржат корисни информации за минатото. Со додавање на координати на
таквите мапи, тие можат да бидат додадени како еден нов слој од
карактеристики на модерните ГИС податоци. Ова овозможува споредба на
различни мапи кои споредуваат географски податоци во различно време.
o Реконструкција на граници во минатото. Со создавање на полигони на
поранешни административни оддели и граници, агрегатната статистика може да
се спореди со текот на времето.

14
o Геореференцирање на историски микроподатоци (како што е попис или
парохиска евиденција). Ова овозможува користење на просторна анализа на
историските податоци.

2.1.Функционалност на ГИС

ГИС имаат два опишувачи кои го опишуваат реалниот свет: атрибут и локација.
Опишувачот за локација е она што го издвојува ГИС од стандарните системи за бази на
податоци. Податоците кои се собираат за ГИС генерално можат да се поделат на два
типа: просторни и непросторни податоци.

o Просторни податоци кои се однесуваат на ГИС системот. (Просторните


податоци се внесуваат во ГИС базата па потоа се дигитализираат. Токму
дигитализираните влезни податоци даваат добра анализа. Дигитализираните
влезни податоци во овој случај можат да се поделат на растерски и векторски).
Што означува дигитализацијата на податоци во ГИС? Накратко кажано со
помош на CAD или некоја слична алатка се врши префрлување на мапата или
друг податок во дигитална форма. Дигитализацијата на мапа создава векторска
мапа составена од точки, линии и полигони. Со скенирањето се добива
растерска слика која потоа со обработка може да се претвори во векторска.
Пример за просторни податоци се катастарските карти, сателитски снимки,
мапи од распределено земјиште, тематски мапи и слично.
o Непросторни односно атрибутни податоци. Овие податоци служат за
дообјаснување на објектите (точка, линија, полигон) во ГИС. Тие можат да
бидат тип на објект, боја на објект, дебелина на објект или да опишуваат ид
број, тип на објект и слично.

ГИС може да поврзува навидум неповрзани информации користејќи ја


локацијата како клуч. Ова функционира на ист начин како релационата база на
податоци која користи клучеви кои поврзуваат табели. Информациите во ГИС се
запишуваат во три координати (х,у,z) или должина, ширина и висина. Карактеристично
за податоците во ГИС е тоа што тие може да се складираат во таканаречени слоеви.
Секој слој носи одредена тематика. На пример слој за патишта, слој за реки и слично.

15
2.1.1. Задачи на ГИС и опис

•Прибирање на просторни податоци. ГИС претставува софтверска платформа за


прибирање и интегрирање на просторни множества од податоци. Просторните
податоци вклучуваат: топографски мапи, локација на стари градови и морфологија,
археолошки планови, дистрибуција на артефакти, воздушна фотографија, геофизички
податоци и сателитски снимки, од кои сите можат да бидат интегрирани во аналитичка
средина.

•Управување со просторни податоци. ГИС користи софистицирани системи за


управување со бази на податоци за складирање и пребарување на просторни податоци
и нивните атрибути. Ова може да вклучува трансформација на координатен систем за
да овозможи собирањето на податоци од различни извори да биде интегрирано,
градење на векторски топологии, “чистење” на нови дигитализирани просторни
податочни множества и креирање на геопросторни метаподатоци.

•Управување со бази на податоци. Главна предност на ГИС е тоа што овозможува


околина за поврзување и истражување на врски помеѓу просторни и непросторни
множества на податоци. На пример, поврзување на база на податоци за потеклото на
примероци и база на податоци која содржи информација за морфологијата за истата
точка. Таквото поврзување овозможува гледање на просторни шеми во точките на
морфолошката варијабилност. Управувањето со бази на податоци вклучува
концептуално и логичко податочно моделирање, како важен дел од ГИС, како што се
гради и оддржува базата на податоци за да се осигура дека просторните и
непросторните компоненти се правилно поврзани.

•Анализа на просторни податоци. ГИС исто обезбедува способност да ги превземе


локационите и просторни анализи на археолошките податоци, како и алатки за
испитување на видливоста и движењето низ просторот. Многу работа во ГИС вклучува
математичка комбинација на просторни податочни множества со цел да се добијат
нови податоци кои можат да обезбедат увид во природните и антропоморфни
феномени. Ова може да вклучува еколошки модели кои обезбедуваат предвидувања на
почвата соодветни за агрокултура или потенцијал од ерозија или предиктивни модели
за потенцијален антички град или локација. Исто така се достапни и алатки за

16
геостатичко моделирање на просторни податоци за да креираат, на пример,
континуирани површини од множества на дискретни набљудувања. ГИС исто така
може да биде и пат на компјутерска симулација на човечко однесување и донесување
на одлуки во различни околини.

•Визуелизација на просторни податоци. ГИС поседува моќни способности за


визуелизација кои се користат за поглед на просторни податоци на иновативен начин
кој може да сугерира потенцијални шеми и патишта за понатамошни анализи. ГИС
исто така обезбедува картографски алатки да помогнат при произведување на мапи од
тежок материјал. Многу ГИС пакети го олеснуваат објавувањето на интерактивни мапи
на Интернет.

17
Анализи на
прпстпрпт
Пребаруваое пп
лпкација
Пребаруваое пп атрибут
Управуваое сп
Анализа на лпкација
Прибираое на бази на ппдатпци
Прпстпрна анализа
ппдатпци Мпделираое на
ппдатпци Анализи на аспцијации
Примарнп прибираое
на ппдатпци Кпнструираое на база Визуелнп мпделираое
Дигитализираое на на ппдатпци Мпделираое на
мапи Кпнструираое на движеое
Далешински сензпри метаппдатпци Симулација на
Ажурираое на ппдатпци пднесуваое
Внесуваое на ппдатпци
Креираое/Оддржуваое Предиктивнп
на ппдатпшни врски мпделираое
Гепстатишкп
мпделираое
Мпделираое на
ппврщини

Управуваое сп
прпстпрни ппдатпци
Визуелизација на
Трансфпрмација на прпстпрни
кппрдинати
ппдатпци
Гепреференцираое
Кпнструкција на Дигитална картпграфија
метаппдатпци Тематскп мапираое
Градеое на тппплпгии Истражуваое на
Чистеое на прпстпрни ппдатпшни щеми
ппдатпци 3Д Визуелизација

Слика 3. Пет главни групи на задачи кои се обавуваат со ГИС.

18
2.2.Значење на географските информациски системи во археологијата

ГИС на голема врата го променија размислувањето на археолозите. Во модерното


истражување се отвори нова димензија на сознанија. Достапноста за нови откритија се
зголемува секој ден како и можноста да се зачуваат веќе познатите археолошки
откритија. Не само што ГИС нуди нови откритија туку во исто време служи како
превентива од потенцијално уништување на истите. Не е чудно што археолозите биле
едни од иницијаторите да се распространат ГИС како модерна наука која ќе биде од
корист за секој научник кој се занимава со просторни податоци. Секој ден се
прошируваат хоризонтите на оваа наука, нејзините потенцијали се зголемуваат и
земаат улога на примарна алатка во модерната археологија.

19
3. Ставање на ГИС во служба на археологијата

Постојат 4 главни примени на ГИС во археологијата:

1.Менаџмент на археолошки ресурси.

2.Ископувања.

3.Археологија на области.

4.Просторно моделирање на претходно човеково однесување.

3.1.Менаџмент на археолошки ресурси –Културен ресурсен менаџмент

“Културниот ресурсен менаџмент (накратко КРМ) е управување со културните


ресурси како што е уметноста и културното наследство. КРМ вклучува истражување,
препознавање и ископување со цел да се одреди дека историските и културните
ресурси на една општина, реон, регион, град или држава не се уништени од развојот и
градењето од процесот на урбанизација.”2

Културниот ресурсен менаџмент е создаден од луѓе кои работат во


универзитети, музеи, државни агенции и приватни компании. Поради потребата да се
зачува културното наследство треба да се направат одредени анализи пред да се
започне со развојот на различни видови конструкции - резервоари, автопати, системи
за отпадни води и далноводи.

Нема сомнение дека ГИС нуди многу предности во споредба со атрибутните


бази на податоци особено кога се работи со просторни податоци. Иако е возможно да
се има совршено адекватна база на податоци која не е ГИС и која содржи информации
за сите локации, таквите бази на податоци се соочуваат со значаен проблем кога
работењето со просторните податоци станува од клучно значење.

2
Дефиниција за културен ресурсен меначмент – извпр Wikipedia

20
Големите археолошки локации не можат едноставно да бидат опишани без
референца за нивните просторни параметри и запишување на нешто повеќе од
локацијата станува многу комплицирано во едноставна база на податоци. Од оваа
причина просторните бази на податоци се поприкладни бидејќи тие можат да снимаат
топологија и морфологија во формати кои можат да извршуваат прашалници на начин
на кој само атрибутните податоци не можат. Од перспектива на менаџментот на
ресурси предноста од постоењето на интегриран систем кој овозможува флексибилно
испитување на археолошки локации заедно со нивните просторни описи е од огромно
значење. Затоа ГИС базираните системи за управување со ресурси ги заменуваат
стандарните КРМ системи.

3.2.ГИС и ископувањата

Во правилникот за археолошки истражувања (МАНД) издаден во Скопје 2005


година точно е опишана улогата на ГИС во овој сегмент. “Употребена опрема за
прецизна топографска документација чл. 23. - Основен предуслов за спроведување на
археолошки истражувања од било кој вид на територијата на Р. Македонија е детално
топографско дигитализирано снимање на целата територија, односно на археолошки
опсервираните поединечни области. Дигитално просторно снимање се води според
методите на ГИС и ГПС системите, и електронски мерења со теодолит. Овој предуслов
важи пред се за површинската проспекција на теренот и дефинирање на положбата на
археолошките локалитети, внесување на откриените комплекси во генералната
топографска карта, како и регистрирање на поединечни објекти.”3

ГИС играат клучна улога во археолошките ископувања. Како алатка за


управување со просторни податоци овозможува брза визуелизација на просторни
податоци и може да поврзе планови и цртежи од археолошки остатоци директно со
записите од базата на податоци. ГИС овозможува управување на голем број на
податоци во врска со еден локалитет. ГИС исто така овозможува визуелизација на
податочни шеми веднаш по нивното внесување кој можат да бидат од значење во текот
на ископувањата. Со собирањето на податоци можат да се извлечат нови шеми и да се

3
Деталнп пбјаснуваое на прпцеспт за заппшнуваое на ппстапка за археплпщкп истражуваое. Извадпк
пд правилникпт за археплпщки истражуваоа МАНД.

21
донесат нови правци во процесот на ископување, што пак класичните системи не
можат да го направат.

Вклучувањето на ГИС во било кој процес на ископување вклучува и доста


планирање. Механизмите и технологиите за снимање на податоци неоспорно носат
многу предности но и нивната цена е висока. Затоа треба да се направи план или
анализа на трошок и придобивки пред да се одлучи вклучување на вакви системи во
процесите на ископување. Треба да се направи споредба на трошоците со
придобивките односно зачувување на времето, визуелизацијата, извлекување на нови
шеми и т.н.

Ппдатпци Прпстпрна
Единица на за БП 1
ппдатпци артефакти Брпј на
Брпј на артефакт
Брпј на
единица артефакт
Категприја Брпј на
Кплишина на единица
искппини Ппдатпшна
Кпнзистентнпст категприја
на ппшвата Прпстпрна
Материјал
Бпја на ппшвата БП 2
Дплжина
Вклушенпст на Брпј на единица
Ширина
ппшвата
Дебелина
и т.н.
и т.н.

Слика 4. Едноставен податочен модел за поврзување на атрибутни податоци од истражувањето


и атрибутни податоци од артефактите со просторна база на податоци.

3.2.1. 3Д моделирање

Многу често археолозите располагаат со три димензионални податоци кои не


можат лесно да се интерпретираат во 2Д карактеристики кои ги нудат повеќето ГИС
системи. Користењето на аналитичко 3Д моделирање од областа на ГИС е сеуште во
својот зачеток. Многу ГИС пакети нудат дополнителна димензија наречена z како

22
атрибут кој креира импресија на три димензионалност и се нарекува 2,5Д или речиси
3Д. Меѓутоа затоа постојат многу програми кои се компатибилни со ГИС и во
комбинација со нив можи да се изведе ова 3Д моделирање. Некои такви програми се
“Vulcan” и софтвер креиран од C Tech Development Corporation.

3D моделирањето е особено популарно во реконструкција на лица на познати


историски личности. Тоа се прави со скенирање на посмртните остатоци кои се
пронајдени. Резултатите се секако субјективни но секако будат голем интерес кај
научниците и пошироката јавност. Ова го среќаваме најчесто кај египетските фараони
чии остатоци пронајдени во мумифицирана состојба се доста зачувани. Во последните
години најпознатата 3Д конструкција е на лицето на фараонот Тутанкамон (Слика 5).

Слика 5. Реконструкција на лицето на Тутанкамон

Освен за лица 3Д реконструкцијата може да се примени и за реконструкција на


антички градови. Моделирањето на антички локалитети не е новост. Но, се почесто се
користи по случајот во 2015 година кога ИСИС уништи антички град стар 2000 години
во Палмира, Сирија. Како одговор на ова беше направена цела архива на 3Д снимки од
стариот локалитет (Слика 6). Детално со предходните мерења кои беа достапни и со
снимките направени пред уништувањето се реконструира во 3Д уништениот
локалитет. Иако 3Д снимката служи само како подсетник на тоа што било порано, и 3Д

23
турата не може да ја земени вистинската посета, на некој начин се зачувува она што
било уништено. Но, не само од човечка рака, туку и од природни катастрофи како
земјотреси и поплави биле уништени значајни локалитети. Како одговор на ова се
формира непрофитната организација – CyArk чија цел е 3Д моделирање на антички
градби. Нивната крајна цел е во соработката со најголемите светски организации за
заштита на културното богатство е да се направи 3Д архива на најзначајните светски
археолошки локалитети. Ова се изведува со помош на ласери и 3Д скенери кои се
прецизни до милиметар.

Слика 6. 3Д реконструкција на сега веќе уништениот антички град во Палмира, Сирија.

3.3.Археологија на области

Археологијата на области се однесува на изучувањето на начините на кои


луѓето во минатото граделе и ја користеле околината околу нив. ГИС претставува еден
од методите за анализа на околината. ГИС, ГПС, сензорските системи ја забрзуваат
анализата на околината.

24
3.4.Просторно моделирање на предходно човечко однесување

Просторното моделирање на претходното човечко однесување е всушност цела


наука која се среќава под името аналитичка археологија. “Аналитичката археологија го
опфаќа дијапазонот на проучување на човечкото однесување и воопшто однесувањето
во долгиот тек на човечката еволуција, преку аналитички методи добиени со
компјутерски програми. Како и другите поддисциплини кои ги користат овие методи,
овој термин е главно резервиран пред се за математичките методи кои реално не би
можеле да се изведат без употребата на компјутер.”4

Аналитичката археологија може да опфати употреба на ГИС, посебно кога се


аплицира на просторната анализа. Со традиционалната археологија се поминува многу
време на работење на терен во копање за цел барање на некои знаци за некоја мината
човечка активност. Тоа е многу долготрајна но пред се макотрпна работа. Но еден нов
аспект на ова поле ги вади археолозите од земјата и ги носи пред компјутер. Овој нов
аспект се нарекува аналитичка археологија и е една од најновите примени на една
стара наука како што е археологијата.

Едноставно кажано, аналитичката археологија е кога податоците кои се собрани


при археолошкото ископување ќе се поврзат со специфичен софтвер со цел да се
претстави заклучок кој што не може да се направи на конвенционален начин.
Компјутерските програми се специфично дизајнирани за да ги “пополнат празнините”
преку математички алгоритми, откривајќи шеми во археолошките податоци. Некои
програми користат три димензионално моделирање за да симулираат како некој град
би изгледал базирано на достапните информации собрани при ископувањето. Или
доколку градот е веќе физички ископан компјутерската програма може да го претстави
дигитално, ниво по ниво, се додека целиот град не се гледа како тридимензионален
модел.

Аналитичката археологија се користи и за одвојување и одржување на


дигитални записи од огромното количество на информации што еден проект може да
ги генерира. Постојат и програми кои можат да го симулираат однесувањето на некоја
мината човечка цивилизација. На пример да речеме дека се пронајдени човечки

4
Дефиниција за аналитишка археплпгија – извпр Wikipedia

25
остатоци но не е лоциран целосниот скелет. Археолошката компјутерска апликација
сега може да помогне при рекреирање на парчињата кои што недостигаат и да направи
комплетна скица на таа личност. Но не само тоа. Кога ќе се пронајдат човечки
остатоци компјутерската програма може да произведе слика како лицето на таа
личност би можело да изгледа, секако со одреден степен на точност. Покрај тоа
мобилноста на луѓето може да биде симулирана со користење на специјални програми.

Бидејќи е доста ново поле нема многу универзитетски програми кои изучуваат
компјутеризирани методи на изучување. Англија е водечка во оваа област заедно со
некои други европски држави кои го следат нејзиниот чекор. Кога оваа нова наука ќе
добие подем подобро ќе се разбере значењето од тоа колку може многу да се научи од
компјутерската симулација и моделирање базирано на археолошки пронајдоци.
Иднината несомнено ќе ни помогне повторно да го креираме нашето минато.

26
4. Практична примена на ГИС за археологија

Географските информациски системи (ГИС) му нудат на археолозите


возбудлива и моќна алатка за истражување која ќе биде од големо влијание во полето
на археологијата како и воведувањето на јаглеродот во 1950-тите.

Археолошките податоци се просторни и временски, и затоа особено одговараат


на основните принципи за развојот и користењето на ГИС. До неодамна, археолозите
мораа да се справуваат со рачно составени мапи и тешки документирани бази на
податоци кои беа тешко да се интегрираат и манипулираат. Сепак, широко
распространетиот развој на ГИС софтверот и лесниот пристап на компјутерите им
овозможија на археолозите да манипулираат со нивните податоци во медиум кој го
одразува комплексното потекло без да биде премногу комплексно за употреба.

ГИС се покажа како моќна и ефикасна менаџерска алатка за уредување на


просторот и множества на податоци, овозможувајќи способност за пристап,
анализирање и интерпретирање на големи количини на археолошки податоци. Кога
археолошките множества на податоци се комбинираат со еколошки, хидролошки,
геолошки и други податоци, се креира уште повеќе импресивна алатка за управување
со земјиштето. Академските археолози го користат ГИС за да развијат иновативни
пристапи за анализа на податоци, или во повеќето случаи, да ги применуваат
традиционалните методи за големи збирки на податоци кои досега одземаа многу
време за справување. Способноста да се интегрираат повеќе слоеви на информации
истовремено ги обезбедуваат археолозите со нови средства за толкување на
праисториските и историските податоци. ГИС се појавува како основна компонента на
археолошкиот метод, и голема е веројатноста да имаат зголемување на влијанието на
археолошката теорија.

Предиктивното моделирање не е нов поим во археологијата, и темата за себе


носи голем број на контроверзии во текот на годините. Сепак, предиктивното
моделирање продолжува да покажува многу интереси, особено сега кога
компјутерските алатки се ставени на располагање.

27
4.1.Предиктивен модел на археолошки локалитет

Географските информациски системи се користат да се создаде предиктивен


модел со висока резолуција на праисториски археолошки локалитет во регионот на
Централен Илиноис. Моделот е базиран на логистичка регресиона анализа на примерок
на податоци со користење на квалитативни и квантитативни мерки на математичка
средина. Тестирањето со вкрстена валидација покажува дека предиктивните модели се
околу 73% точни и претставуваат добивка до 51% во текот на една случајна
класификација. Предиктивните способности на моделот може да бидат корисна алатка
за менаџирање и развој на планови во оваа област.

4.1.1. Опис на проблемот

Прерискиот Полуостров е мозаик од висока трева и листопадни шуми, кои


постоеле во САД. Водните и шумските ресурси биле групирани по долините, додека
пасиштата се повеќе широко распространети. Жителите тука имале пристап до вода,
дрво, пасишта. Отворените прерии биле помалку погодни за населба, тие немале дрва и
градежен материјал. Исто така, многу прерии биле со сезонски мочуриштата во пролет
и раното лето. Влажните прерии биле вреднувани за нивните голема стада, но тие не
биле погодни за одгледување се до појавата на вештачки системи за одводнување во
доцните 1800-ти.

Очигледно, повеќето праисториски населби во источниот Прериски Полуостров


се состоеле од шумски речни долини. Најголемиот комплекс населби се наоѓал таму и
по главните долини. Многу помалку е познато за праисториските населби во високите
прерии. Во овој пример се испитува праисториската област на Прерискиот Полуостров
во Централен Илиноис. Понатаму ќе се опише формалниот предиктивен модел на
локацијата со користење на географски информациски систем и логистичка регресиона
анализа. Моделот е добиен врз основа на археолошките податоци од систематски
прегледи на животната средина и податоците добиени од карти.

28
4.2.Предиктивно моделирање

Предиктивните модели се алатки за проектирање на познати шеми или односи


во непознати места. Таквите модели се потенцијално корисни за археологијата.
Археолозите имаат документирано само мал дел од милионите локации додека
илјадници историски локации се уништуваат секоја година за да се направи пат за нова
урбанизација. Еден начин да се помогне за да се разберат и да се заштитат овие
локации е да се создадат формални модели способни за предвидување каде тие се
наоѓаат.

Предиктивното моделирање се појави неодамна како важна компонента на


археолошките истражувања. Основниот клуч за успехот на овие модели е фактот дека
археолошките локалитети имаат тенденција да се повторуваат во животната средина.
Предиктивните модели ги користат предностите на ваквите факти, го користат
контрастот помеѓу карактеристиките на животната средина и одредуваат места каде
што археолошките локалитети би можеле да се појават или не. Со соодветни податоци
можно е да се прават предвидувања од релативно мал примерок на познати локации на
многу поширока област.

Повеќето археолошки предиктивни модели се потпираат на две фундаментални


претпоставки. Прво, изборот на населено место направен од страна на античките
народи бил под силно влијание или условен од карактеристиките на животната
средина. Второ, еколошките фактори кои директно влијаеле врз овие избори се
портретирал, барем индиректно, во современите карти на животната средина. Со оглед
на овие претпоставки, можно е да се развие еден емпириски предиктивен модел за
секоја конкретна област, доколку таа област има соодветни примероци од
археолошките истражувања. Неколку критериуми може да се користат за да им се суди
на адекватноста на истражувањата. Најважно е постојано да се прави разлика помеѓу
локации каде што археолошките локации се присутни и локации каде што
археолошките локации се отсутни.

Разликата меѓу локации каде има археолошки локалитети и локации каде нема е
од суштинско значење, бидејќи обезбедува рамка во која веројатноста може да се
пресмета. Ова може да се направи со пресметување на статистички класификационен

29
модел кој ги опфаќа мерливите еколошки разлики меѓу двете групи. Таквите модели
прават да биде можно да се предвиди веројатноста дека еден археолошки локалитет се
наоѓа на одредена локација едноставно со мерење на соодветно множество од
променливи на животната средина. Успешен предиктивен модел е оној кој ги
минимизира класификационите грешки.

Практичната корист на предиктивните модели произлегува од фактот дека тие


можат да бидат применувани на неистражени парчиња земја каде што вистинските
локации на археолошките локалитети не се познати. Предиктивните дистрибуции се
корисни на различни начини. Прво, тие ги обезбедуваат археолозите не само со слики
од моделите на праисториска населба во областа, но исто така и со докази од
најважните еколошки детерминанти на локацијата. Второ, тие ги обезбедуваат
менаџерите со очекувана дистрибуција на ресурси. Спротивно на тоа, тие исто така ги
снабдуваат развојните планери со прелиминарни упатства за места каде што
културните ресурси најмалку ќе бидат засегнати од идни градежни проекти.

Индуктивните или емпириски предиктивни модели се формални уреди за


претпознавање на шеми. Поголемиот број на такви модели користат статистички
методи за да се извлече правило за одлука од примерокот на набљудувања, правило кое
може да се користи да се предвиди композиција на карактеристики на идните
примероци. Еден од најмоќните и нашироко користени емпириски методи е збир на
процедури кој се нарекува модел на веројатност. Овие модели се добро прилагодени за
предвидување на локации на археолошките локалитети, бидејќи се дизајнирани да
предвидат одговори на или-или ситуации (присуство на археолошки локалитет
наспроти отсуство). Предвидувањата се изразени во однос на веројатностите.
Веројатностите лесно се интерпретираат и лесно може да се утврди вредностите од
опсег меѓу 0 (ниска веројатност) и 1 (голема веројатност).

Археолозите заинтересирани за предвидувањето на локацијата ги напуштаат


традиционалните методи во корист на постапките кои се посоодветни за
предвидување. Како последица на оваа преориентација е новиот фокус на земјишни
парцели како основна единица на анализа. Други промени вклучуваат поширока
употреба на модели на веројатност, како логистичка регресиона анализа. Друг
неизбежен резултат од овие случувања е зголемената употреба на компјутери, не само
за анализа, но исто така и за собирање на необработени податоци и за автоматско

30
создавање и мерење на променливи. Компјутерските базирани географски
информациони системи се потребни за справување со огромни количини на податоци
потребни за предиктивните модели.

Една од најмоќните и флексибилни статистички техники за предиктивно


моделирање е логистичката регресиона анализа. Во археолошките апликации,
логистичката регресија создава формула за предвидување која користи променливи од
независна животна средина на речиси секоја скала за да се предвиди веројатноста дека
еден археолошки локалитет се појавува на дадена парцела на земјиште. Формулата
дефинира S-форма крива на веројатност, која е ориентирана заедно со оската на
мешана дискриминација (Слика 7). Оската се состои од интеракција на променливи на
животната средина кои најдобро одвојуваат археолошки локалитети од неархеолошки
локалитети.

Слика 7. Идеалистичка логична регресија на две групи на објекти (археолошки и неархеолошки


локалитети) низ две независни варијабли (X, Y). Линијата ги одделува археолошките локалитети од
неархеолошките.

31
Логистичкиот регресионен модел може да се тестира за точност со
предвидување на групи на членство на локации користени за развивање на моделот
(примерок за обука). Сепак, овој пристап дава премногу оптимистички резултати,
бидејќи примерокот за обука не е независен од моделот. Затоа е повеќе реално да се
користат тестови кои користат локации кои се навистина од примерокот за обука,
локации кои биле или се непознати во времето на развој на моделот. Во секој случај,
точноста лесно се мери со пресметување на процентите на точни и неточни
предвидувања за една скала на веројатност.

4.3.ГИС податоци и предиктивно моделирање

Развојот на предиктивниот модел се состои од процес од два чекори. Првиот


чекор е да се создаде дигитална мапа на област со користење на ГИС. Вториот чекор е
да се создаде и тестира формален предиктивен модел на локацијата врз основа на
податоците содржани во дигиталното резиме.

Географските информациски системи се интегрирани системи на компјутерски


хардвер, софтвер и периферна опрема која може да се користи за креирање, процес, и
прикажување на просторните податоци.5 Во овој случај ГИС се користи со ARC/INFO
софтвер за генерирање на податоци потребни за да се создаде предиктивен модел.

Првиот чекор во овој процес е преносот на информации од оригинални мапи на


компјутерски диск со помош на дигитален конвертор. Дигитализираните информации
вклучуваат контурни линии и проток од 7,5 USGS топографски четираголници
(1:24,000), типови на почва од округот и вегетација од Glo мапи (~ 1: 45.000). Исто така
се дигитализираат и податоците од археолошките истражувања, вклучувајќи ги и
локациите на археолошките локалитети и истражуваните области. Терминот
неархеолошки локалитет се користи за истражувани области каде недостигаат докази
за археолошка населба. Потоа се уредуваат и сликите од мапите за да се создаде серија
на основно резиме на надморска височина, потоци, почви, вегетацијата и археологија.
Секоја од основните резимеа потоа се трансформира за да се создаде пакет на

5
Дефиниција впведена пд Burrough 1986; Kvamme 1989

32
секундарно резиме, вклучувајќи топографски олеснувања, оддалеченост, почва,
растојанието до Прериската шума и локации на археолошки и неархеолошки
локалитети во испитаните области.

4.4.Резултати од истражувањето

Предиктивните модели развиени со помош на ГИС можат да обезбедат точни


претпоставки за локацијата на предисториски локалитет во истражените области.
Примерот кој е прикажан во ова истражување му се придружува на растечка листа на
изучувања кои покажуваат дека предиктивните модели можат да обезбедат сигурни
предвидувања за тоа каде еден археолошки локалитет е веројатно или не да се наоѓа.

Крос-валидација тестирањето покажува дека предвидувањата на моделот се


точни околу 70-73% и придонесуваат со 51% во процес на класификација.
Предиктивната моќ на моделот треба да се земе во предвид од страна на урбанистички
планери со цел да се спречи уривање на едно културно богатство. Во локацијата која е
истражувана во примерот, трагите од предисториските населби се концентрирани во
две околини:

1. Во долини или во близина на извори и реки.

2. На врвот на една височинка.

Во принцип, археолошките локалитети имаат најголема веројатност да се


појават во области со релативно солиден релјеф. Долините во кои се појавуваат се
разликуваат по близината на извор или плодна почва. Исто така, и височинките се
разликуваат по квалитетот на почвата и најблиската одалеченост до некој извор.

Меѓутоа, областа која е предмет на истражување во овој пример сигурно се


променила во овие 12000 години преку природни процеси. Постојат три хипотези за
ова:

1. Бимодална шема. Бимодалната шема може да се однесува на области каде


праисториските ловци или собирачи на храна ги вршеле своите активности. Односно
во примерот се наведени две долини и една височинка. Ако е така се чини дека

33
стратегиите за искористување на земјиштето биле: водни-крајбрежни ресурси кои биле
концентрирани по височина; или шумски ресурси кои биле распространети низ
планинскиот дел. Различни начини на решавање би можеле да имаат сезонска
димензија во која ресурсите од долината биле користени во еден период од годината а
ресурсите од височина во друг. Претпоставувајќи дека овие стратешки разлики се
рефлектираат во составот или користењето на алатки, оваа хипотеза може да биде
тестирана од страна на споредување на збирови на артефакти и професионални
структури на археолошки локации од долината со оние на височинките или ридовите.
Едно претходно истражување покажало дека археолошките локалитети кои се наоѓале
на ридовите биле значително поголеми од оние кои се наоѓале во долините и имаат
повеќе артефакти. Сепак ова може да се должи на фактот дека ридовите биле помалку
достапни и дека биле повеќе населени заради заштита од напад на непријатели.

2. Композитни шеми. За разлика од бимодалната шема, композитната шема


може да претставува две различни шеми од различен период. Промените на шемите на
околината се наоѓаат често низ целата околина на Илиноис во изминатите 12000
години. Се чини дека овие промени се поврзани со значајни промени во животната
средина. Значи во зависност од околностите во животната средина луѓето од тој период
би можеле да се пренаселат на друго место. Сепак истражувањата покажаа дека немало
некои значајни промени на животното место. На пример, артефактите кои датираат од
8000-10000 години п.н.е и артефактите од 4500-8000 г.п.н.е биле откриени во двете
долини и височинката. Оттука се заклучува дека станува збор за две единечни шеми.

3. Еволуција на земјиштето. Геоархеолошките истражувања во Средниот Запад


покажаа дека геоморфните процеси предизвикани од еволуцијата може да влијаат на
зачувувањето и површинската видливост на археолошките локалитети. Додека некои
археолошки локалитети се уништени или попуштаат под ерозијата, други можат да
бидат закопани и зачувани од процесот на ерозија. До степен до кој ерозијата и
таложењето го уништиле или заштитиле археолошкиот локалитет во дадена
истражувачката област, истражувањата со цел да се детектираат артефакти може да
доведат до развој на нецелосни и искривени модели. Во планинскиот дел на Западен
Илиноис меѓу Илиноис и Мисисипи реката, се покажало дека некои праисториски
локалитети се закопани и зачувани под модерната урбанистичка зона, која е генерално
со дебелина од 20-30 cm. Неколку археолошки населби се закопани (0,5-1 м) над ново
изградена инфраструктура. Ако слични процеси се случат на ова место, некои

34
неоткриени места може да постојат по долините и височините. Иако повеќе од 95% од
површината е истражена, некои археолошки пронајдоци може да се наоѓаат надвор од
дофат и се неоткриени од геодетите. Сепак, според моделот веројатностите се
релативно високи дека има археолошки локалитет под одреден слој на почва. Сепак,
треба да се има во предвид дека предиктивниот модел е базиран на археолошки
локалитети кои може да не ја портретираат соодветно локацијата која би можела да
постои во таа област.

Иако е тешко да се измери релативната важност на различните фактори кои би


можеле да имаат ефект на комплексната дистрибуција се чини дека бимодалната шема
е најверодостојна. Предисториските ловци или собирачи го истражувале регионот и се
лоцирале стратешки да ги искористат сите предности на ресурсите и да се населат на
места кои не се толку подложни на климатски промени. Геоморфните процеси на
еволуцијата на земјиштето можело да имаат влијание на дистрибуцијата на
археолошките локалитети но важноста за развојот на нови истражувања во оваа област
останува да биде понатаму тестирана.

На крај, вреди да се напомене дека географските информациски системи се


неопходни за креирање, тестирање и толкување на комплексни предиктивни модели на
археолошки локалитети. Базата на податоци на примерот прикажан во ова
истражување се состои од повеќе од 36 милиони податоци кои се поврзани со 1,3
милиони мрежни ќелии. Без помошта на ГИС би била потребна помош од мала армија
за да помогне да се креира, тестира и прикаже овој предиктивен модел.

4.4.1. Останати практични примери

Заштита на археолошки градови на нативните Американци во Вашингтон.

Во овој случај ГИС се користи како извор на информации за комуникација во случај


на нафтено загадување. Само во Вашингтон постојат 29 регистрирани племиња. Во
случај на катастрофа како што е нафтеното загадување треба да се обезбеди ефективна
комуникација за заштита на старите археолошки локации. За таа цел Washington State
Department of Archaeology and Historic Preservation (DAHP) и авторот на ГИС

35
GeoEngineers, Inc., создадоа ГИС апликација. Оваа апликација содржи контакти за
известување на раководството на племињата кои се засегнати со овој проблем. Со
кликање на мапата на локацијата каде е изворот на нафтеното истекување се појавуваат
информации за племињата кои се во непосредна близина на тоа место. На иницијатива
на DAHP, повеќе од 19000 археолошки сајтови се мапирани во ГИС заедно со
дополнителни информации.

Примена на ГИС за колумбиските гробишта во Колорадо.

За историчарите и археолозите гробиштата се непрестаен извор на информации,


скриени податоци и свето место кое зборува најгласно од сите пишани документи.
Старите гробници укажуваат дека на тоа место порано живеел народ иако за тоа не се
пронајдени други податоци. Пронаоѓањето на гробниците значи пронаоѓање и на
многу други артефакти во близина. Во самите гробници се пронаоѓаат накити и
предмети кои се индикатор за тоа од која доба е самото пронаоѓалиште. Сето тоа му е
добро познато на археолозите па затоа во Колорадо е креиран веб базиран ГИС кој ги
содржи сите податоци за колумбиските гробишта (Слика 8).

Овој проект е направен токму за овие гробишта бидејќи се од особено историско,


културно и уметничко значење. Таму се погребани основачите на градот, јавни
личности од културата и политиката. Основан 1980 година на 10 акри земја таму се
закопани над 6500 тела и има над 3000 надгробни споменици. Бидејќи потекнува од
викторијанската доба таму се наоѓаат споменици, монументи, крстови, надгробни
плочи, натписи од мермер, гранит, дрв, лим. Самото тоа укажува на економската и
социјалната структура на Колорадо како и на религиозните и етнички групи.

36
Слика 8. Интерактивна мапа која дава информации за тоа кој е закопан на која парцела.

Проектот е започнат во 2002 година. Секој надгробна плоча и споменик се сликани и


дигитализирани. Се креирани табели кои содржат име, биографија, број на парцела и
фотографија од надгробната плоча. Табелата со биографски податоци е поврзана со
бројот на парцела.

Пронаоѓање на стари имиња на области населени од Ацтеките врз база на


податоци со помош на ГИС.

Ацтеките се познати како народ кој бил понапред од времето во кое живеел. Со
напредна софистицирана политичка структура и култура уникатна сама по себе.
Ацтеките биле покорени од Шпанија во 1521 година. Доказите и документите кои се
достапни за овој период датираат од 20 до 50 години после освојувањето од страна на
Шпанија. За истражувањето се користени и шпански и ацтешки документи. Најпрвен е
креирана историска база на податоци која содржи историски податоци од непросторни

37
податоци и креирање на шема која ќе овозможи основа за понатамошна ГИС
визуелизација.

ГИС е создаден на таков начин што користи алгоритам за препознавање на имиња


односно за пронаоѓање на имиња од историски карактер и нивно поврзување со
денешните имиња (Слика 9).

Слика 9. Крајната табела како решение на алгоритмот. Во 25% од случаите не е пронајдено


решение или решението не е точно

38
5. Состојбата на ГИС и ГИС во археологијата во Македонија

ГИС како најраспространета форма на нашите простори се во функција на


Агенцијата за катастар на недвижности. Катастарот како и геодетските агенции и
посредувачи се најгласен корисник на придобивките на ГИС. ГИС во прилагодена
форма за соодветната дејноста ја користат и Геолошкиот завод на Р.Македонија, сите
поголеми општини во државата како и позначајни јавни претпријатија како ЈП
Стрежево и слично.

Нашите археолози и историчари го воочија потенцијалот на ГИС, како и користа


која може да ја имаат од неговата примена. Полека но сигурно се оди на воведување на
ГИС најпрвен како алатка при нови истражувања.

5.1.Состојбата на ГИС во Македонија

По иницијатива на проф. Д-р Благоја Маркоски, при Универзитетот “Св. Кирил


и Методиј” – Скопје, во 1992 година беше воведен предметот информатика за
географи. На почеток се изучуваа тогашните географски информациони пакети како
PC globe, World Atlas и слично. Во 1993 се воведе и AutoCAD пакетот со чија помош се
исцртуваа мапи. Во периодот помеѓу 1994 и 1995 година беа воведени и првите ГИС
софтверски пакети Arcinfo, Intergraf и Microstaion geographics. Во 1996 година веќе се
започна и со воведување строго специјализирани географски софтверски пакети, како
GS Surfer а беше и набавена универзитетска верзија на Arcinfo.

Веќе во 1996 со помош на AutoCAD беше исцртана и првата карта во


дигитално-векторска форма. Поточно тоа беше приказ карта на децата бегалци од
Егејскиот дел на Македонија. Ова беше поттик за понатаму да се развиваат и слични
проекти, главно за населените региони на Македонија. Ова беше почеток на развој за
Агенцијата за катастар и недвижнини.

Институтот за географија, при крајот на 1990-тите, го набави AutoCAD Map во кој


започнаа да се работат конкретни ГИС проекти. Еден од тие позначајни проекти е
воспоставувањето на ГИС на патната инфраструктура на Република Македонија.
39
Потоа се изработи и првиот дигитален модел на релјефот на Р. Македонија.

Во 2009, повторно по иницијатива на проф. Д-р. Благоја Маркоски, при


Институтот за географија, се отвара нова насока “Географски информациски системи”.

5.2.Состојбата на ГИС во археологијата во Македонија

Еден од позначајните проекти кои го вклучува ГИС во археологијата во


Македонија е имплементирањето на ГИС за археолошкиот локалитет Стоби. За оваа
имплементација е одбран Стоби бидејќи за него постојат доста многу сочувани
археолошки остатоци. Исто така има доволно документирани материјали од
предходните истражувања. За да биде успешен секој ГИС проект потребно е голема
количина на корисни информации, а Стоби е еден од поголемите археолошки
локалитети со богата архива на артефакти и документи. Бидејќи ги задоволи тие
критериуми, на овај проект му беше доделен гранд од Европската Унија за заштита на
културото наследство.

Прва фаза на проектот беше секако собирањето на податоци. Податоците веќе беа
достапни, следуваше дигитализирање на овие податоци, најчесто слики и скици.

Следна фаза беше создавање на база на податоци. Во базата на податоци беше оставен
и простор за понатамошно нејзино надоградување.

Планови за објектите беа цртани со помош на Autodesk Map 3d. Потоа беше направено
теренско снимање со помош на 3D Laser Scanner.

Крајната фаза беше поврзување на податоците со ГИС пакетот ESRI ArcGIS 8.3.

Целта на овај проект е да биде пилот програма која во иднина ќе се прошири на ниво
на држава. Значи ќе ги содржи податоците од сите археолошки локалитети во
Македонија.

Врз основа на внесените податоци се добиваат мапи за две нивоа.

40
За првото ниво се добиваат мапи за типологија на археолошките пронаоѓалишта, под
која општина се наоѓаат и потоа се добиваат мапи од хронолошки редослед поделен на
хеленистички, римски и византиски период.

За туристичка промоција предвидено е да биде возможно креирање на мапи за


специјализирани туристички патеки прилагодени за индивидуалните потреби на
посетителите.

За второто ниво се креираат генерални мапи според типологија, хронологија и


употреба на градбите во околината на археолошкиот локалитет – споменици, установи,
религиозни храмови и слично.

41
6. Практична работа – ГИС за археологија во Македонија

Географските информациски системи како што веќе претходно споменавме


имаат примена во речиси сите области кои се од интерест за човекот. Во археологијата
ГИС можат да имаат улога на мапа за полесна визуелизација или ГИС да биде
применет со дополнителни модели кои понатаму ќе имаат за улога откривање на
претходно непознати шеми.

Практичниот дел на ова истражување е изработен со помош на ArcGIS како и на


Google Earth. ArcGIS е софтверскиот пакет кој се состои од група на географски
информациски системи. Овој софтверски производ е изработен од Esri. ArcGIS е
систем кој работи со мапи и географски информации. Се користи за креирање и
користење на мапи, поврзување на географски информации, анализирање на мапирани
информации, делење и откривање на географски информации и управување со
географски информации во база на податоци. Системот обезбедува инфраструктура за
креирање на мапи и географски информации кои можат да бидат наменети за некоја
организација, проект или компанија.

Овој софтвер (поточно ArcGIS Explorer) овозможува креирање на презентации,


пронаоѓање на локации по име или адреса. Исто така, може да ја прикаже
најсоодветната патека помеѓу две точки, да се најдат упатства при возење и насоки, да
се измерат растојанија помеѓу точки или области. Манипулацијата со различни мапи е
една од најдобрите карактеристики која ја нуди овој софтвер. Некои од мапите се:

 Bing воздушна мапа


 Bing хибридна мапа
 Bing мапа на патишта
 Слики од Светот
 Светска топографија
 Главни патишта
 Слики со ознаки
 Физички слики од Светот
 Мапа од улици со ознаки
 Светски терени

42
 Океани
 Национална географија
 Светли прикази

Може исто така да се додаваат растерски податоци, да се користат податоци од


геодетска база на податоци, да се додаваат фотографии, белешки и слично. Возможна е
и работа со повеќе слоеви и 2Д и 3Д приказ. За подобра визуелизација овозможена е
работа со различни симболи и ознаки.

Во Македонија ГИС можат добро да се вклопат во улога на археологијата


бидејќи Македонија е богата со археолошки пронаоѓалишта. На нашата територија има
над 1000 значајни археолошки наоѓалишта. Тие се населби од античко време, римскиот
период, населби од Византиското кралство, некрополи, тврдини, кули, природни
градби, цркви, градби од турскиот период и т.н. Некои од нив се познати во светски
рамки. Најзначајните 8 археолошки локалитети се следните (Слика 10):

o Баргала – доцноантички град од римскиот воен период.


o Вардарски рид – наоѓалишта од различни периоди.
o Вилазора – пајонски град од периодот на раната антика.
o Виничко Кале – населба од доцноантичко време.
o Плаошник – религиозен локалитет од почетоците на христијанството.
o Скупи – град од римско и доцноантичко време.
o Стоби – антички град.
o Хераклеја – Линкестис – древен град.

43
Слика 10. Осумте најзначајни археолошки локалитети во Македонија.

Од сликата погоре не може да се заклучи многу, освен дека поголемиот број на


археолошките локалитети се концентрирани во северо-источниот дел. Затоа следниот
чекор е да се пополни мапата со повеќе информации.

На Слика 11 се прикажани 34-те најпознати археолошки наоѓалишта на


територијата на Македонија со цел да се добие подобра слика за состојбата на
археологијата во Македонија. Со помош на овие внесени пронаоѓалишта ќе се добие
подобра визуелизација. Значи не се претставени ни мал број на археолошки локалитети
но и мапата не е пренатрупана со сите наоѓалишта. Со оглед на тоа што станува збор за
анализирање на мала површина овој број е соодветен.

Тие се:

 Аквадукт кај Скопје


 Астибо
 Бања Банско
44
 Баргала
 Богородична Краста (Брждани)
 Вардарски рид
 Вилазора
 Виничко Кале
 Водочки манастир
 Градиште (Банско)
 Исар, Марвинци
 Кале (Крушево)
 Китино Кале
 Кокино
 Костоперски рид
 Маркови Куло
 Маркулија (Арангел)
 Мородвис
 Плаошник
 Роглевска тврдина
 Самоиловата тврдина
 Скупи
 Стибера
 Стоби
 Струмин гроб
 Струмичко Кале
 Тауресиум
 Тетовско Кале
 Требеништа
 Тумба
 Хераклеја
 Цоцев камен
 Црква “Св. Петнаесет тивериополски маченици“
 Чрешче

45
Слика 11. Археолошки локалитети со најзначајни археолошки пронајдоци.

На Слика 11 веќе се гледа реалната слика на состојбата на наоѓалиштата, но


недостасува некој дополнителен опис кој ќе доведи до некоја нова шема или некакво
групирање. Еден аспект на набљудување на поставеноста на археолошките локалитети
е околината која ги опкружува. Познато е дека градовите и населбите во минатото се
лоцирале покрај природни ресурси со цел за нивно искористување. На Слика 12 подолу
се претставени овие археолошки локалитети со друга боја во зависност од околината
која ги опкружува. Со црвена боја се претставени локалитетите кои се наоѓаат покрај
некоја планина, рид или височинка и покрај некој извор на вода (езеро, река, извор). Со
бела боја се претставени археолошките локалитети во чија околина не се наоѓа ниту
извор на вода ниту височинка. Со зелена боја се означени наоѓалиштата кои се наоѓаат
само покрај некоја височинка или тие самите се изградени од карпи или самите се
ридови, а со сина оние кои се наоѓаат само во близина на вода. Основната мапа која се
користи е хибридна мапа.

46
Локалитетите со црвена боја со опис за нивната околина се:

 Бања Банско - претставува римска бања. Таа се користела како термоминерално


лекувалиште уште во античко време. Овој објект се наоѓа во подножјето на
планината Беласица во непосредна близина на Струмица.
 Баргала - еден од позначајните доцноантички градови во Македонија. Неговото
име се врзува за реката Брегалница. Тој е лоциран во близина на градот Штип,
во месноста Горен Козјак во подножјето на планината Плачковица.
 Виничко Кале - се наоѓа во близина на градот Виница, лево од Грдечка Река, на
рид со надморска височина од 400 m.
 Градиште (Банско) - е регионална тврдина во Струмица. Месноста „Градиште”
се наоѓа над јужниот дел на Банско, во подножјето на Беласица, 540 м н.м.
 Исар, Марвинци – се наоѓа на ридот Исар, кај селото Марвинци, во близина на
градот Валандово, како и во близина на реката Вардар.
 Роглевска тврдина - се наоѓа на месноста Кукана 250 м висок рид (470 м н.м.).
 Стибера - Таа се наоѓа во непосредна близина на прилепското село Чепигово.
 Тетовско Кале - се наоѓа на помала височинка со стрмни страни што се издига
над десниот брег на реката Пена.
 Хераклеја - се наоѓа во градот Битола, во подножјето на планината Баба.
Сместена на плодна почва Хераклеја се развила во една значајна раскрсница на
патот Виа Игнација (лат. Via Ignatia).
 Чрешче - (наречена и Хисар или Исар ) е тврдина која се наоѓа во непосредна
близина на градот Штип, помеѓу реките Брегалница и Отиња.

Археолошките локалитети со бела боја се:

 Вилазора - претставувала раскрсница на патните правци од север кон југ и од


исток кон запад.
 Водочки манастир - комплексот цркви Св. Леонтиј се наоѓа во село Водоча во
близина на Струмица. На локалитетот се сочувани три цркви (источна, западна
и средна).
 Мородвис - близу Кочани, се наоѓа локалитетот Црквиште. Тој е составен дел на
стариот римски град Моробиздон (Мороздвизд, Форомиздос, Форомендис).
 Струмин гроб - средновековен гроб, кој се наоѓа во близина на селото Баница
во Струмица. За настанувањето на гробот постојат три легенди: Според првата,

47
гробницата е на сестрата на Крали Марко, Струма; Според втората, гробницата
припаѓала на принцот Персеј; Според третата, гробницата припаѓала на ќерката
на некој заповедник на Словените на Струмичката област.
 Тумба - археолошки локалитет во скопската населба Маџари. Локалитетот
претставува населба од неолитското време.
 Црква “Св. Петнаесет тивериополски маченици“ - претставува комплекс од
цркви кои се наоѓаат во Струмица.

Наоѓалиштата кои се означени со зелена боја се:

 Богородична Краста (Брждани) - претставува тврдина од доцноантичко време.


Се наоѓа на висок рид и има добра прегледност.
 Кале (Крушево) - локалитетот претставува доцноантички и средновековен
руднички кастел.
 Китино Кале - археолошки локалитет во Кичево. Локалитетот претставува
утврдена населба од бронзеното и железното време и средниот век.
 Кокино - мегалитска опсерваторија која се наоѓа во атарот на општината Старо
Нагоричане, на околу 35 km оддалеченост од Куманово. Името го добила по
најблиското село Кокино.
 Костоперски рид - рид од базалтна карпа што, со својата височина и необичен
изглед, доминира над околината.
 Маркови кули - локалитет кој се наоѓа во непосредна близина на градот Прилеп.
Оваа појава на облици, се должи, пред се, на геолошкиот состав на теренот,
климата, релјефот и растителната покривка.
 Маркулија (Арангел) – тврдина во Кичевско.
 Плаошник - Плаошник се нарекува месноста во стариот град Охрид, на околу
250м јужно од централниот дел од Самуиловата тврдина. Плаошник е познат
како религиозен локалитет уште од почетоците на христијанството, а веројатно
и пред тоа.
 Самоилова тврдина - средновековна тврдина која се наоѓа во Охрид,
Македонија. Самуиловата тврдина се смета за една од најголемите
фортификации зачувани во Македонија.
 Струмичко Кале - Струмичкото Кале, познато и како Цареви кули, е тврдина од
11 век која се наоѓа над градот Струмица.
 Требеништа - Некрополата Требеништа се наоѓа во близина на Охрид.

48
 Цоцев камен - вулканска карпа која во праисторијата се користела како
мегалитска опсерваторија.

Археолошките наоѓалишта со сина боја се:

 Аквадукт кај Скопје - Скопскиот аквадукт претставува археолошки локалитет


кој се наоѓа кај Визбегово. Според овие мислења тој бил поврзан со градот
Скупи.
 Астибо - урбана градска населба која егзистирала во раноримскиот период од I -
III век.
 Вардарски рид - се наоѓа во средишниот дел на Долно Повардарје или долж
двете страни на реката Вардар, од Демир Капија до морето или до висина на
античката македонска престолнина Пела.
 Скупи - град од римското и доцноантичкото време, се наоѓаа на 5 км. од Скопје.
 Стоби - антички град. Во римскиот период покрај Црна Река водел значаен пат,
кој го поврзувал градот Стоби со Виа Игнација кај Хераклеја Линкестис. Така
градот Стоби заземал мошне значајна стратегиска, воена и трговска позиција во
античкиот период.
 Тауресиум - Тауресиум, претпоставеното родно место на византискиот цар
Јустинијан I (483 - 565) се наоѓа на 20 км оддалеченост од Скопје.

За внесувањето на овие локалитети се користени географските координати.


Остапувањето од вистинските координатни вредности е многу мало. Притоа од Слика
12 е забележано групирање на локалитетите. Археолошките локалитети кои се наоѓаат
покрај некој рид или планина се концентрирани главно во југозападниот дел на
Македонија. Исто така, има и една помала група на локалитети кои се концентрирани
во североисточниот предел. Логично локалитетите кои се концентирани околу реката
Вардар прават една група од локалитети кои се концентрирани покрај вода. Меѓутоа
нема некое посебно групирање за оние археолошки наоѓалишта кои се наоѓаат и покрај
вода и покрај ридови како и оние кои ги исклучуваат двете. Со истражувањето може да
се оди подлабоко и да се истражува и квалитетот на почвата за да се види дали тоа ќе
доведе до некои нови шеми и претпоставки.

49
Слика 12. Различно обојување на археолошките локалитети во зависност од околината која ги
опкружува. Со црвена боја се археолошките локалитети кои се наоѓаат покрај рид и вода; со бела боја се
оние кои ги немаат ниту двете карактеристики; со зелена боја се оние кои се наоѓаат само покрај рид или
друга височинка а сината боја ги означува оние кои се наоѓаат покрај вода.

Можат да се извлечат и други заклучоци само со промена на основната мапа.


Доколку мапата се промени во мапа за приказ на патиштата (Слика 13) се добива друг
поглед. Од сликата подолу може да се заклучи дека поголемиот број на наоѓалишта
(дури 32 од 34) се наоѓаат покрај патиштата. Оние два исклучоци не се ниту градови
ниту населби туку кале и мегалитска обзерваторија. Заклучокот кој може да се изведе
од овој приказ е дека археолошките локалитети главно се концентрирани околу
светските патишта кои се наоѓаат на територијата на Македонија. Еден од најпознатите
патишта во светот Виа Игнација врвел низ Македонија, покрај локалитетите Хераклеја
и Стоби. Исто како и во минатото така и сега Македонија има значителна положба која
е крстосница во регионот. Со тој факт се поткрепува оваа претпоставка дека следниот

50
пронајден археолошки локалитет би требало да се наоѓа во близина на еден од
светските патишта.

Слика 13. Приказ на мапа која ги прикажува најзначајните патишта во Македонија.

Понатаму може да се мерат и растојанија. Подолу на Слика 14 и Слика 15 се


измерени најголемото и најмалото растојание помеѓу античките градови. Најголемото
растојание е помеѓу Скупи и Хераклеја иизнесува 113 километри (Слика 14).
Најмалото растојание е 15 километри помеѓу Мородвис и Баргала (Слика 15).
Мерењето на растојанието може да биде од корист доколку би можело да се предвиди
колкаво е просечното растојание помеѓу два антички градови. На пример, на
одалеченост на 15 километри од Хераклеја или повеќе покрај некој од светските
патишта би се наоѓал некој антички град. Но, тоа растојание не треба да биде помало
од 15 километри. Тоа е во екстремен случај. Најлогично би било просечното растојание
а тоа е приближно 50 километри.

51
Слика 14. Најголемото растојание помеѓу два антички градови.

Слика 15. Најмалото растојание помеѓу два антички града.

За подобро да се издвојат населбите и градовите од другите археолошки


локалитети можат да се користат различни ознаки. На пример на Слика 16 подолу со

52
црвено знаме се означени калињата или тврдините, со капија се прикажани населби,
градови или некрополи, воденица со дрва се однесува на природни наоѓалишта,
ѕвончето стои за црковни локалитети а чашата со вода е приказ за аквадукт. Значи на
секаков начин може да се манипулира со ГИС и да влечат нови шеми и заклучоци.

Слика 16. Ознака според типот на археолошките локалитети.

53
6.1.Примена на машинското учење во ГИС

Машинското учење е научна дисциплина која се занимава со создавање на


алгоритми со чија помош компјутерските системи ја подобруваат својата работа. Тоа
се прави така што користи пример или т.н. тренинг податоци од кои ги изучува
потребните карактеристики. На тој начин ја наоѓа врската помеѓу зададените
параметри и излезните резултати. Недостаток е тоа што тренинг податоците покриваат
само мал дел од проблематиката која се изучува. Затоа на крајниот резултат му се
задава процент на веројатност. Машинското учење се стреми кон автоматизација на
учењето, така што се креираат и препознаваат облици врз основа на внесените
податоци а потоа се донесува и одлука.

Концептот на машинско учење може да се подели на четири категории:

 Предиктивно учење, кое може да се користи како метод на предвидување или


како метод на разликување помеѓу неколку работи како на пример различни
лица на една слика.
 Дизајн на карактеристики - feature design
 Function approximation - кога немаме доволно податоци од базата на податоци па
мора учењето да се направи од самите податоци.
 Numerical optimization е збир на трите категории споменати предходно. Ова е
машината која го доведува машинското учење во пракса.

Главната цел на машинското учење е дизајн и анализа на алгоритми кои му


овозможуваат на компјутерот да учи, односно го учат компјутерот да извршува
самостојно одредени задачи. На пример:

 Го учат компјутерот да препознава облици од одредена слика.


 Препознавање на гласови
 Откривање на знаење во медицинските науки
 Предиктивни анализи

54
6.1.1. Пример-учење на компјутерот да разликува куче од мачка

Оваа задача односно распознавање помеѓу облици и предмети е


класификациски проблем во машинското учење. Компјутерот може да се научи да
распознава облици и предмети на ист начин на кој учи и човекот.

Собирање на податоци. Компјутерот го учиме да распознава облици со примери. На


пример слики од мачки и слики од кучиња. Овие податоци во машинското учење се
наречени сет за обука а во некоја литература сет за тренирање. Колку поголем број на
податоци има во еден податочен сет толку подобро.

Дизајнирање на карактеристики. Кога ќе прашаме човек да ни ја опише разликата


помеѓу мачка и куче тој користи карактеристики како боја, облик, големина на ушите,
носот или комбинација на карактеристики со кои се разликуваат. На ист начин учи и
компјутерот. Во примерот со нашиот проблем можеме да издвоиме две
карактеристики, на пример, големина на носот и обликот на ушите. Со проучување на
податочниот сет можеме да заклучиме дека мачките имаат мал нос и оштри уши.
Додека кучињата имаат голем нос и заоблени уши.

Тренирање на модел.

Слика 17. Учење на компјутерот да разликува мачка и куче.

55
Слика 18. Претставување на линеарниот модел кој ги одделува мачките од кучињата.

Како учи компјутерот да разликува облици. На пример, во овој случај е едноставен


геометриски проблем: компјутерот наоѓа линија или линеарен модел кој ги одделува
мачките од кучињата.

Секако има и исклучоци на пример расата кучиња бостонски териер има мал нос и
оштри уши па компјутерот ќе го класифицира како мачка.

56
Слика 19. Тестирање на моделот.

За да ја тестираме успешноста на моделот ќе му покажиме на компјутерот досега


невидени слики од кучиња и мачки – сет за тестирање.6

Во овој случај класификацијата на бостонскиот териер како мачка е заради нашиот


избор на карактеристики. Овде гледаме дека нашиот сет за тренирање беше премногу
мал за целосно да може да се направи класифицирањето. За да го унапредиме нашиот
модел ќе треба да собериме повеќе податоци за обука како и да додадеме уште
карактеристики како на пример облик на очи или облик на опашка.

Слика 20. Чекори при машинското учење.

6
Примерпт е ппищан вп книгата “Machine learning refined” пд автприте Jeremy Watt, Reza Borhani и
Aggelos K. Katsaggelos.

57
6.1.2. Машинско учење како дел од ГИС

Проблематиката која е во наш интерес е како да го ставиме машинското учење


во служба на ГИС. Едноставно, машинското учење го прави цело поврзување и
препознавање на облици за кои не сме ни помислиле. Цело истражување кое го
правевме во ArcGIS и Google Pro Earth може да биде автоматизирано со примена на
машинското учење во овие системи. Сите заклучоци кои ние ги добиваме може да ги
провери со веродостоен процент како и да ни приложи нови шеми кои неможат да се
воочат од само гледање на мапата. ArcGIS веќе има посебни алатки кои користат
машинско учење.

Археолозите доста често ги користат сателитските снимки од областа која е


предмет на нивно истражување. Сателитските снимки за археолозите претставуваат
повеќе од слики. На нив можат да се воочат различни типови на почва или
невобичаени варијации на пејсажи. На сликата подолу може да се види како изгледа
тоа.

58
Слика 21. Сателитска снимка споредена со урбанистички план.

Двајца научници Bjoern Menze и Jason Ur го примениле машинското учење за


предиктивно моделирање со помош на вакви сателитски снимки. Нивното
истражување било лоцирано во Сирија. За тренинг податоци ги приложиле сите
сателитски снимки на кои е веќе утврдено дека на тоа место има некакво наоѓалиште.
Под претпоставка дека овие снимки имаат нешто заедничко и нешто што ги разликува
од снимките на кои не се наоѓаат археолошки локалитети започнал процесот на обука.
Кога процесот на обука бил завршен беа подвлечени високо потенцијални региони на
мапата за секоја слика.

59
Слика 22. Приказ на повлечени локации на потенцијални наоѓалишта.

Точно беа предвидени 94% од локалитетите кои беа потврдени од предходни


истражувања. Кога нивниот модел беше применет на нова област беа предвидени нови
14000 локалитети. Тоа е 18 пати повеќе од веќе откриените локалитети.

Иако машинското учење во археологијата е на самиот почеток, резултатите досега се


покажале како доста успешни и се оди на понатамошен развој во ова подрачје.

6.2. Соодветен ГИС за археологија во Македонија

ГИС кој би се користел во Македонија за соодветните потреби на археологијата


би изгледал слично како ArcGIS софтверот кој се користеше во примерот погоре. Од
аспект на базата на податоци потребно е складиште кое би ги собрало сите локалитети,
нивните записи, метаподатоци, описи, дообјаснувања и слично. Покрај локалитетите
потребно е да се имаат податоци за сите реки, планини, извори, езера, патишта и

60
слично. Мапите треба да ги содржат сите овие информации. Заедно со предиктивен
модел самиот ГИС во идеален случај би алармирал места каде потенцијално би се
наоѓал некој локалитет. Исто така е логично овој ГИС да биде достапен на планерите
за урбано проширување со цел да се избегне потенцијално уништување на некое
значајно културно наследство. Исто така на мапата би било и логично да се внесат
поранешните светски патишта како Виа Игнација. Од аспект на хардвер би се користел
соодветен хардвер кој би ја поддржал ваквата програма.

Ваквиот ГИС можат да го користат археолози без некакво значајно познавање


од областа на информатиката. Внесувањето на податоци е лесно и едноставно како и
нивната манупулација. Единствено потребна е помош од информатичари при креирање
на соодветна база на податоци и постојано оддржување на таа база со внесување на
дополнителни нови информации. Освен археолози овој ГИС можат да го користат
универзитети кои се занимаваат со вакви области, како на пример урбанистички
планери.

61
7. Предиктивни модели

Археолошките локалитети во Македонија може да се поделат на повеќе категории.

 Класификација на археолошките локалитети по градови (тука спаѓаат сите


градови во Р.Македонија каде во непосредна близина е регистрирано археолошко
наоѓалиште)
 Класификација на археолошките локалитети по периодот во кои настанале:
 Археолошки локалитети од непознат период. Овде ги класифицираме
археолошките локалитети каде се пронајдени артефакти од непознат период
или пак археолошкото наоѓалиште не е доволно испитано. Најчесто се
пронајдени темели или делумни градби, градежни материјали, спомени
плочи, ќерамика и слично. Околу 120 регистрирани локалитети од непознат
период се забележани во податоците од архивите.
 Археолошки локалитети од архајско време. Архејскиот период се смета
периодот од 750 г.п.н.е до 480 год, п.н.е.
 Археолошки локалитети од бронзено време. Бронзено време се смета
периодот од 1800 год. п.н.е се до 900 год. п.н.е. Бидејќи станува за поголем
временски период се прави подкласификација на младо бронзено време,
средно бронзено време и доцно бронзено време. Околу 40 регистрирани и
испитувани локалитети од овој период се наоѓаат на нашата територија.
 Археолошки локалитети од раноантичко и доцноантичко време.
Конкретно во Македонија доцноантичкото време се смета за периодот од 2-4
век од наша ера. Во Музејот на Македонија се сместени и регистрирани
вкупно 516 предмети од овој период. Исто така околу 500 регистрирани
археолошки локалитети од овој период се наоѓаат на територијата на
Р.Македонија.
 Археолошки локалитети од среден век. Бидејќи станува збор за период од
5-15 век оваа класификација е најобемна и заради тоа се дели на:
археолошки локалитети од ран среден век, археолошки локалитети од
среден век и доцно среден век. Средниот век започнува со распаѓањето на
Западното Римското Царство па се до почетокот на 16 век.

62
 Археолошки локалитети од римски период. Од римски период
регистрирани археолошки наоѓалишта има над 500. Заедно со локалитетите
од античко време овие се најбројни. Овој период започнува од 1-ви век п.н.е.
односно од основањето на Римската Империја па се до нејзиниот распад до
крајот на 5-ти век.
 Археолошки локалитети од бакарно време (енеолит). Енеолитот е
историски период од 4500 год п.н.е се до 2000 год. П.н.е
 Археолошки локалитети од неолитско време. Неолитот или ново камено
време е периодот од 10200 год. П.н.е до 4500 год. П.н.е.
 Археолошки локалитети од палеолитско време (Старо камено време).
Палеолитот е најстариот и најдолгиот праисториски период. Кај нас е еден
најзначаен локалитет од тоа време – Голема Пеш. Се наоѓа во селото Здуње
и како што кажува самото име е пештера. Таму биле пронајдени коскени
артефакти.
 Археолошки локалитети од железно време. Железниот период го опфака
периодот од 1200 год п.н.е се до 8 век п.н.е.
 Археолошки локалитети од старохристијанско време. Христијанскиот
период започнува по смртта на Исус Христос.
 Археолошки локалитети од хеленистичко време. Овој период започнува
по смртта на Александар Македонски – 323 год.п.н.е до 30 год. П.н.е
 Класификација на археолошките локалитети по регионот во кој се наоѓаат.
 Беровско
 Битолско
 Валандовско
 Гостиварско
 Дебарско
 Демирхисарско
 Кичевско
 Крушевско
 Поречко
 Прилепско
 Ресенско
 Скопско

63
 Струмичко
 Струшко
 Тетовско
 Класификација на археолошките локалитети по тип.
Базилика
Викус
Вила рустика
Водовод
Градиште
Градска населба
Гроб
Гробница
Монети
Јама
Кастел
Каструм
Кула
Могила
Населба
Некропола
Неопределено
Опидум
Осамен наод
Осамен објект
Патишта
Рефугиум
Рудник
Сакрален објект
Светилиште
Тврдина
Терма
Тимул
Топилница

64
Утврдување
Фурна
Црква
 Класификација на археолошките локалитети по општина. Тука спаѓаат сите
општини на територијата на Р.Македонија.

Во овај дел од истражувањето се користи софтверот Google Earth Pro. Се започнува


со прибирање на податоци и останати информации. Целта е добивање на предиктивен
модел на потенцијално нов археолошки град или населба од антички или римски
период. Затоа ни се потребни координатите на археолошките пронаоѓалишта од тој
конкретен период – антички или римски. Во ова истражување за пронаоѓање на
точните координати на локалитетите се користеше веб страната
7
https://www.latlong.net/. Архивите на заводот за заштита на културното наследство
како и и архивите на Министерството за култура и МАНД (здружение на археолози на
Македонија) веќе располагаат со овие податоци. Значи наоѓањето на овие податоци
нема да одзема дополнително време. Потоа следува внесување на локалитетите на
мапата со помош на координатите. Ова представува доста долг процес. Со оглед на
фактот дека се работи за бројка од над 1000 различни локалитети само внесувањето на
овие податоци на мапата е процес сам по себе и бара време, луѓе и пари. Во
конкретниот случај изборот го насочивме најпрвен на одреден регион – битолскиот,
како и временски период – антички и римски, податоците внесени се од тој конкретен
период и во тој регион. Исто така направена е уште една поделба а тоа е типот на
археолошки локалитети. Внесени на мапата се само типови на населби а исклучени
сите останати типови на археолошки локалитети.

Внесувањето во Google Earth Pro беше брзо и лесно. Со помош на алатката за


додавање на нови податоци се внесуваат координатите на одредениот локалитет. Го
впишуваме името, а има и опција за внесување на дополнителен опис. Кога
завршуваме со внесување на овие податоци самиот систем го внесува на мапата на
точната локација нашиот податок. Постапката се повторува за сите податоци посебно.

7
https://www.latlong.net/ е веб страна за прпнапдаое на кппрдинатите на пдредена лпкација врз база на
внесенптп име.

65
За да можеме да манипулираме со овие податоци ни се потребни и атрибути.
Негативна страна на Google Earth Pro е тоа што нема можност да се додаваат атрибути
на секој податок па потоа да се прави селектирање по одреден атрибут. На пример
можиме да ги означиме локалитетите од античкиот период со една боја а од римскиот
со друга и на тој начин да ги разликуваме. Но тоа е се. Доколку сакаме да внесиме
атрибут квалитет на почва не сме во можност. Затоа ни е потребен конкретен ГИС каде
секој податок ќе има повеќе атрибути и ќе можеме да поставуваме одредени
критериуми. Во случајот со археолошките податоци, секој локалитет носи со него
множество на податоци и атрибути кои се од важност за понатамошна селекција.

Во Google Earth Pro може да се изберат повеќе слоеви. Ние нашето истражување го
правиме врз претпоставка дека потенцијалните археолошки локалитети се наоѓаат во
непосредна близина на античките и римските патишта. Затоа ни е потребен слојот за
инфраструктура. Но овде ја има новата инфраструктура. Нас ни се потребни старите
антички и римски патишта. Новата инфраструктура во одредена мера е изградена врз
старите патишта. Потребно е во ГИС наменет посебно за археологијата да се внесат
мапите на старите патишта. Барем оние најзначајните.

Потоа потребни ни се и слоевите за водените површини – реки, езера и слично.


Нашата претпоставка исто така се темели врз фактот дека населбите се граделе покрај
извори за вода. Ваквиот слој е достапен во Google Earth Pro. Но сведоци сме за
постојано менување на природата. Затоа треба за поточни резултати да се внесат и
познати пресушени реки и езера од периодот кој го истражуваме.

Еден од поважните атрибути за ова истражување е и квалитетот на почвата.


Предходни истражувања покажале дека квалитетот на почвата е тесно поврзан со
присуството или отсуството на археолошките локалитети. Овие податоци во нашето
истражување не се присутни бидејќи е тешко да се добијат. Потребно е цело
истражување да се направи за квалитетот на почвата на веќе пронајдените локалитети
и да се провери дали постои поврзаност помеѓу квалитетот на почвата и старите
населби на нашите простори. Ова истражување исто така бара време и ресурси за да се
направи. Министерството за животна средина како и некои институти веќе располагаат
со некои вакви податоци но тие се од затворен карактер.

Конкретно за ова истражување е земена во предвид поделбата според периодот.


Античкиот период како еден од најиспитуваните периоди на нашата територија е

66
означен со црвена боја. Локалитетите со жолта боја се од римски период. Значи
опфатени се локалитетите од римскиот и античкиот период кои се воедно и најбројни
на нашата територија. За истражувањето да биде уште подетално земена е во предвид
уште една класификација односно таа по региони. Земен е битолскиот регион.

Во истражувањето се исклучени некрополите. Значи на мапата се претставени


археолошки локалитети кои биле исклучиво населени места. Целта на ваквата
претстава е да се добие визуелна представа каде биле лоцирани населбите во
битолскиот регион од античко и римско време.

Еден од критериумите кои се земаат во ова истражување се патиштата од стариот


римски период. Најпознатиот и најголем пат, потоа магистрала е Виа Игнација или Виа
Егнација. Оваа магистрала е една од најпознатите не само на ова подрачје туку и во
светски размери. Според записите е градена околу 44 години што за тој период
претставува нешто грациозно. Целта е да ги поврзува сите значајни градови од тој
период со цел за брз економски, и културен развој на областите во Европа. Се простира
на денешните територии на Македонија, Албанија, Грција и Турција. Овој проект имал
за цел воспоставување на комуникациска инфраструктура на Римската територија, и
зацврстување на улогата на Римското Царство. На тој начин новите освоени територии
на Римската империја ќе бидат во тесен контакт со Рим. И Виа Игнација е предизвик за
археолозите бидејќи пронајдените траги се со прекини. Целта што се споменува Виа
Игнација во ова истражување е бидејќи таа на територијата на Македонија е правена
врз друг антички пат. На тој начин би имале претстава за поставената на археолошките
локалитети во римскиот и антички период и нивната поврзаност. Денешните градови
низ кои минувала оваа магистрала се Битола, Охрид и Струга. Потоа продолжува кон
некогашен Солун.

Главната цел на античките патишта била да ги поврзат главните градови за подобра


комуникација и трговија. Додека главната цел на римската магистрала била побрзо
освојување на сите значајни големи градови и населени места. Значи најголемите
антички локалитети од овој период треба се наоѓаат во близина на Виа Игнација. После
тоа треба да се постават и другите критериуми како близина на плодна почва, близина
на река, езеро и т.н.

67
Слика 23. Приказ на локалитети од античкиот период во битолскиот регион.

На Слика 23 се претставени античките локалитети во битолската околина. На мапата


може да се забележи дека околу 80% од нив се наоѓаат во близина на главните
патишта.

Во Слика 24 со жолта боја се означени археолошки локалитети од римскиот период.

Слика 24. Приказ на локалитети од римски период во битолскиот регион.

68
Истиот заклучок може да се донесе и според оваа слика. Поголемиот број на
локалитети од римски период се во непосредна близина на патиштата.

Гледајќи само од мапата и предходно споменатиот факт за римските патишта и


Виа Игтација може да се претпостави дека потенцијален нов археолошки сајт на овие
простори – битолскиот регион, би можело да се најде на стариот пат Битола-Охрид.

Бидејќи овој податок не е доволен треба да се постават нови крутериуми. На


пример на тие простори каде има некропола. Во близина на некрополите обично се
наоѓаат старите градови. Потоа извор на вода дали има или не? Дали во минатото
постоело таму некаков извор на вода? Значи ова истражување има многу правци кои
може да ги завземи. Важно е точно да се дефинира што се бара.

Доколку нашата хипотеза е дека постои потенцијален нов неоткриен


археолошки локалитет меѓу Битола и Охрид, тоа би бил покрај античкиот пат Виа
Игнација. Видовме од примерите погоре дека веројатноста за ново археолошко
наоѓалиште да се наоѓа покрај поставена инфраструктура е голема (Слика 13).
Процентот на веројатност во овај случај можеме да го поставиме само со примероците
што ги внесовме на мапата. Во идеален случај самиот ГИС софтвер би можел да ја
пресмета таа веројатност, со внесени сите податоци. Во нашиот пример веројатноста за
потенцијален археолошки локалитет да се наоѓа покрај пат е 94%. 32 од 34 антички
локалитети се наоѓаат покрај веќе поставената инфраструктура на нашата територија.

Во кој правец ќе оди истражувањето понатаму зависи од параметрите кои треба


да му ги зададеме на софтверот. На пример, во областа околу патиштата помеѓу Битола
и Охрид да се појават области кои имаат во близина извор на вода. Во Google Earth Pro
нема опција за прикажување на реки, само на поголеми водени површини. Поголемите
реки се обележани со сина боја но не се именувани. Без разлика на тоа постои една
река која се наоѓа веднаш покрај патот Виа Игнација, речиси на половина растојание
меѓу Битола и Охрид а тоа е Лева Река. Покрај оваа река се наоѓа и истоименото село
како и два археоошки локалитети – Старо Село и Горна Црква.

Старо Село е населба од средниот век, а тука има и црква како и некропола. Но
овај период не одговара на временската рамка која е критериум на ова истражување.
Посебно внимание во овај случај привлекува локалитетот Горна Црква. Тој е обележан
како осамен наод. Тоа значи дека не се поврзува со ниту еден друг локалитет во

69
близина. Ова е резултат на недоволно истражено подрачје. Во археологијата кај нас
има доста вакви осамени наоди. Ограничените ресурси особено недостатокот на
финансиски средства доведоа до прекинување на многу археолошки ископувања. Ова
представува уште еден пример како ГИС може да послужат за позитивен исход.
Понатаму локалитетот Горна Црква припаѓа на доцноантичкиот период. Тој период
одговара на временскиот период кој го поставивме. Во оваа област при ископувањата
биле пронајдени два питоса кои за жал не се зачувани за понатамошно истражување.
Питосите претставуваат големи складишни садови. Освен за чување на храна служеле
и за чување на житарици. Биле со големи димензии и направени од керамика. Подоцна
помеѓу луѓето од антиката представувале и симбол за богатство. Односно колку повеќе
питоси имала некоја куќа, толку била побогата.

Присуството на питосите кажува дека на ова подрачје порано имало населба.


Друга карактеристика е присуството на ридови. Околу ова место има седум ридови.
Покрај живописната околина има и доста обработлива површина. Ова место ги
исполнува сите зададени атрибути кои еден потенцијален археолошки локалитет треба
да ги има. Но тука имаме и плус предходно пронајдени антиквитети. На крајот можеме
да заклучиме дека сме ги поврдиле нашите хипотези. Пронајдено е археолошко
наоѓалиште со атрибутите кои ги зададовме.

Во овај случај неможеме ние да зададеме процент на веројатност. Доколку самиот


софтвер би ги правел тие претпоставки тоа би било најдобро. Но крајниот збор
останува на историчарот или археологот кој ќе го води тоа истражување.

70
8. Заклучок

Прашањето заради кое е направено ова истражување ќе се постави повторно тука.


Како треба да изгледа ГИС за археологијата во Македонија?

Имајќи во предвид дека на нашата територија има неофицијално над 5000


археолошки локалитети овој проект ќе биди од големи размери. Најпрвен треба да се
обезбеди соодветна хардверска структура која ќе ги задоволи сегашните и идни барања
на овој проект. Внесувањето само на локацијата на археолошките сајтови би бил долг
процес. За секој локалитет треба да се внесат точните координати од неговата локација.
Во Google Earth Pro внесувањето на локацијата беше лесно. Се кликнува на нов
податок и се впишуваат координатите.

Слика 25. Приказ на внесување на координати во Google Earth Pro.

Во пракса би било добро да се следи овој пример. Негативна страна на Google Earth Pro
е тоа што не можат да се означат дополнителни карактеристики и според нив да се
направи селекција или еден вид на филтрирање.

71
Најпрвен секој археолошки локалитет треба да има неколку описни атрибути.
На пример од римски период, дали е некропола, тврдина и слично. Исто така доста е
важно дали биле пронајдени на тоа место предмети. Се мисли на тоа дали е пронајден
градежен материјал, накит, оружје и слично. Тоа исто така ќе придонеси за поопфатна
анализа. За поголема прегледност при внесувањето на податоците локалитетите од
античкиот период се означени со различна боја од тие од римски. Тоа е направено така
бидејќи не постои филтрирање на податоците во Google Earth Pro.

Идеалниот ГИС во Македонија би било да има friendly-user interface. Значи тој


што ќе го користи не мора предходно да има големо познавање од компјутери. Колку
повеќе атрибути ќе има секој податок, подобро за анализирање. Исто така би било
добро ако како повратен одговор има и процент на веродостојност. Од предходните
истражувања се покажа дека квалитетот на почвата е доста значаен фактор. Значи
треба да се земат и во предвид и предходни истражувања кои имале позитивни
резултати. Затоа при изградбата на ГИС треба покрај стручни лица за изградба на
системот да се вклучат и археолози, историчари и секое стручно лице засегнато со овој
проблем.

Ова докажува дека изградбата на ГИС би бил долг и комплициран процес,


подложен на доста измени и постојано надоградуван. Сигурно е дека ќе биди
исплатлива инвестиција. Од една страна на едно место ќе бидат сите археолошки
локалитети внесени и полесни за управување. Пронаоѓањето на нови археолошки
локалитети би бил дополнителна позитивна страна. Нормално не се очекува дека секое
побарување би резултирало со позитивни резултати. Затоа треба да се напомене дека
освен предиктивната функција ГИС, носат и други предности кои многу пати
предходно беа напоменати во ова истражување.

72
9. Користена литература

 ArcGIS - http://www.arcgis.com/index.html
 „Geographical Information Systems in Archeology‟ – James Conolly and Mark Lake,
Cambridge University Press, May 4, 2006
 "Computational Intelligence in Archaeology." UABDivulga Science Journal. 2010.
 „Practical Applications of GIS for Archaeologists: A Predictive Modelling Toolkit‟ -
Konnie L.Wescott, R.Joe Brandon, CRC Press, Sep 2, 2003
 http://travel2macedonia.com.mk
 Аналитичка археологија, http://mk.wikipedia.org/wiki/
 Географски информационен систем, http://mk.wikipedia.org/wiki/
 Категорија:Значајни археолошки локалитети, http://mk.wikipedia.org/wiki/
 Категорија:Археолошки локалитети, http://mk.wikipedia.org/wiki/
 Културен ресурсен менаџмент, http://mk.wikipedia.org/wiki/
 Правилник за археолошките истражувања (МАНД),
http://mk.wikisource.org/wiki/
 Природно Математички Факултет, Скопје QUANTUM GIS - Ивица Милевски,
Свемир Горин, Емил Станков, Миле Јованов
 „GIS Best Practices GIS for Archaeology‟ - J. Brett Hill, Mathew Devitt , Marina
Sergeyeva, April–June 2007 issue of ArcUser magazine
 „The Fresh Face of King Tut: Famous Pharaoh's Features Reconstructed Using High-
Resolution CT Scanner‟ - National Geographic Society, Date: May 11, 2005
 3D Warehouse, Arch Gate Palmyra
https://3dwarehouse.sketchup.com/model/86a9a68162a53624c3f261042d42e4c7/Arc
h-Gate-Palmyra
 https://www.gislounge.com/
 http://gis.katastar.gov.mk/arec
 „ГИС – Географски Информациски Системи – почетоци и развој во Република
Македонија‟ - Проф. д-р Благоја Маркоски,
Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
 Google Earth Pro
 Archaeological Site Prediction Using Machine Learning, Michael Luk, sflscientific
 Application of Intelligent Agent For Developing An Artificial GIS City ,
Mohammadreza Fadavi Amiri, A Esmaeli, M Rahmani, Javad Vahidi
 Artificial Intelligence and Machine Learning Applied in GIS, ESRI, Lauren Bennett,
Marjean Pobuda
 Machine Learning Refined, Foundations, Algorithms and Applications – Jeremy
Watt, Reza Borhani and Aggelos K. Katsaggelos, Cambridge University Press 2016

73

You might also like