You are on page 1of 10

1.

ПРЕДМЕТ

Предмет на овој СОП е да го дефинира и опише начинот на ракување и одржување на


прецизна вага: OHAUS model PX3202M.
Кон вагата е приклучен периферен уред за печатењеч Печатач OHAUS model SF40A

2. ЦЕЛ

Целта на овој СОП е да обезбеди прецизно, точно мерење на масата, како и соодветно
ракување со придружната опрема на вагата: SF40A PRINTER.

3. ПОДРАЧЈЕ

СОП-от се применува во Контрола на Квалитет – Амбалажа

4. ОДГОВОРНОСТ

Одговорни за целосното спроведување и применување на овој СОП се вработените


во Контрола на квалитет-Амбалажа, обучени за работа со дигиталната вага.
Одговорното лице на организациониот дел Контрола на квалитет е должно да
обезбеди услови за спроведување на СОП-от.

5. ОПИС НА ВАГАТА

5.1. Изглед

Вагата и печатачот се представени на Слика 1.


Вагата се состои од мерен тас и функционален панел со екран (дисплеј). На телото
на вагата има 4 ногарки за нивелирање и либела (Индикатор за нивелацијата)

Слика 1а: Вага OHAUS PX3202M Слика 1б: OHAUS SF40A


5.1.1. Функции и команди на функционалниот панел

Функционалниот панел е представен на Слика 2.

Слика 2: Функционален панел

Командите на функционалниот панел, имаат 2 функции. Едната се активира со


кратко притискање (Short Press), а другата со задршка (Press&Hold). Објаснети се
во Табела 1: Контролни функции
(Табелата е превземена од упатството за вагата од произведувачот во тотален
транскрипт) – воколку ја преведувате, оваа реченица не треба да стои
Табела 1: Контролни функции
Дисплејот содржи две групи податоци (Слика 3)

Нето оптеретување →
Индикација за стабилност →
Знак за негативна вредност →
Нулирана вредност →
Пресетирана тара → → Единица мерка
Индикација за оптеретувањето
(0 – 100%) →

Слика 3: Дисплеј и информации

5.2. Метролошка карактеристика на вагата

Мерен опсег: 0,5g* – 3200g;


Мерен поделок: d = 0,01g
Испитен поделок: e = 0,1 g.
Класа на точност: II
min =0,5 g е праг на вагање деклариран од производителот

6. ПОСТАПКА
6.1. Пуштање на вагата
Вагата работи на мрежен напон (~ 220V).
Воколку е исклучена од мрежен напон подолго време, препорака е после
вклучувањето да се остави најмалку половина час, пред да се започне со мерење.
Локацијата на вагата треба да пресретне 4 генерални критериуми и тоа:
► Вагата не треба да е изложена на директна светлина

►Вагата не треба да е лоцирана во неконтролиран простор, со голем


температурен градиент

►Вагата не треба да е директно изложена на климатизациски уреди (цен-


трална климатизација, вентилатори или дополнителни уреди што може така
да влијаат
►Вагата треба да е поставена на стабилна и рамна хоризонтална површина,
во услови на минимални механички осцилации (вибрации)
6.2. Почетни услови за вагање
Пред употреба за мерење, вагата треба да пресретне 4 почетни услови:
► Вагата треба да е стабилна!
► Вагата треба да е порамнета (нивелирана)!
►Неоптеретена, вагата треба да има индикација – стабилна нула
(0,01g)
► Последната направена проверка треба да има резултат во граници на
прифатливост.
Воколку некој од условите не е пресретнат, состојбата треба да се надмине.
! Стабилноста на вагата се обезбедува така што ќе се осигурате дека вагата
лежи на сите 4 ногарки. Ако притиснете на било кој раб, вагата не смее да
„клапка„
! Вагата се нивелира со вртење на ногарките, кон лево или десно, а статусот
се следи на либелата (Слика 4)

Слика 4: Сликовит водич за нивелирање


На крајот, нивелирањето се евидентира во листата за интерна проверка,
FORM003457/важ. верзија.

6.3. Проверка на вагата


Вагата подлежи на интерна проверка.Фреквенцијата на изведување на проверките
еднаш дневно
Препорака е најпрво да се направи нулто подесување.
Постапката за нулто подесување се прави со задршка на четвртиот
функционалниот тастер.
Во менито “Calibration”, првата опција
“Internal Cal” означува подесување на нулата
на вагата.

Со избор на оваа опција, вагата сама се подесува.


Со притискање на тастерот за “Print”, се печати
интерното подесување.
На крајот се појавува пораката “Calibration done”.
Со тоа, вагата е спремна за понатамошна
проверка.
Вагата се проверува во мерно подрачје од интерес на корисникот и тоа со следните
оптеретувања: 0,5g; 200g и 500g. Границите на прифатливост при отеретување со 3
вредности се дадени во Табела 2
Табела 2:

Мерењето на теговите наведените во Табела 2, се одвива по редослед:


- чекор 1 се оптеретува вагата со тегови 200g+200g+100g+0,5g=500,5g
- чекор 2 ослободува тасот од сите парчиња освен 0,5g
- чекор 3 се мери тег од 200g од каде после се пресметува сензитивност.
Тестот за сензитивност се изведува еднаш неделно (во Понеделник), од резултатот
еднократно мерење на единечно парче тег - 200g.
Сензитивноста е релативната грешка на вагата изразена во Проценти (%), помеѓу
индикацијата на вагата и коригитраната маса на тегот (превземена од сертификатот
на тегот)

Доколку измерената маса на теговите е надвор од границите на прифатливост, се


информира службата Сервис.
6.4. Постапка при мерење (вагање)
Притиснете “Zero” или “Tare” воколку ви е неопход-
но, пред да започнете со вагање.
Во менито “Function Mode” одберете ја опцијата
“Weighing”
Кога ке се појави индикацијата *, вагата е стабилна и
може да продолжите со процесот.

Мерењето е извршено, кога на дисплејот ќе се појави единицата мерка во која вагате.


6.4.1. Единици мерки
Промента на единица-мерка се прави со задршка на вториот тастер.
Вагата нуди поголем избор на единици мерки (g, kg, mg, carat, Newton, Pound,
Ounce, ….). Лицето што мери ја избира единицата мерка што е потребна

6.5. Сервисни постапки


Се применуваат сите превентивни мерки опишани во прирачници од
производителот. Доколку се утврди дефект или превентивно треба да се смени дел се
известува внатрешна сервисна служба, а доколку се утврди посериозен дефект се
повикува надворешна, овластена сервисна служба. После интервенирање од
сервисна служба, вагата се става во употреба со повторување на целокупната
постапка за проверка.

7. ПЕРИОДИЧНО СЕРТИФИЦИРАЊЕ НА ВАГАТА

Вагата е мерило од Контрола на квалитет, лабораторија за Контрола на Амбалажа.


По класификација, станува збор за вага што се употребува во аналитички цели и законска
метрологија. Тоа значи дека:
Вагата подлежи на годишна акредитирана калибрација, согласно ISO/IEC
17025:2018. Калибрацијата ја организира ОЕ Сeрвис.
Вагата подлежи на законска верификација. Периодот на законската верификација
го дефинира Националниот Мерен Институт, Биро за Метрологија на Македонија.
Постапката е исто така во ингеренција на ОЕ Сeрвис
8. РАБОТА СО ПЕЧАТАЧ И ПЕЧАТЕЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ
8.1. Краток опис на функциите на принтерот

Слика 5

 Копчето служи за нулирање/тарирање.


 Копчето служи за активирање на функцијата сумирање. Со кратко
притискање се вклучува малата индикаторска сијаличка , и се
започнува со мерење на потребниот број на примероци потребни за
податокот сумирање, со подолго притискање на истото копче завршува
процецот на сумирање и се добива конечен принт односно сума.
 Копчето служи за активирање на функцијата статистика. Со кратко
притискање се вклучува малата индикаторска сијаличка , и се
започнува со мерење на потребниот број на примероци потребни за
статистичкиот податок, со подолго притискање на истото копче процесот
се финишира и се добива конечен принт односно статистика.

 Копчето служи за принтање на датум и време.


 Копчето служи за автоматско извлекување на хартијата.
 Копчето служи за принтање на поединечна маса

8.2. Испис од калибрација

На принтерот се принта исписот од калибрацијата со


податоци прикажани на сликата подoле –OHAUS–,
датум, време, Balance ID, Balance Name, User Name,
Project Name, односно порака –Internal Calibration–,
Calibration is done. Difference weight 0,01g.
8.3. Сервисни постапки

Промена на хартија:
Крајот на секоја лента е означен со темно розова или црвена боја нанесена на рабо-
вите на хартијата. Откако ќе се појави обоениот дел на хартија, потребно е таа
да се замени. Тоа се прави на следниот начин:
o Се подига капакот на принтерот.
o Се подигнуваат држачите на ролната.
o Се опфаќаат со прсти, двата краја на картонската макара на која е
намотана лентата и се отстранува старата лента.
o Новата хартија се мести така што почетокот на хартијата треба да биде
одоздола, свртен кон Вас. Се извлекува дел од лентата и се протнува низ
отворот на Ribbon – от.
o Се намотува остатокот на лентата и внимателно се поставува ролната во
лежиштето и се ослободуваат држачите што ја зацврстуваат.
o Извлекувањето на хартијата се врши со помош на копчето на
принтерот, означено со , со притискање.
o Проверката се прави со вклучување на вагата и проверка на записот.
Промена на Ribbon:
o Се подига капакот на принтерот.
o Се извлекува хартија што е протната низ отворот на Ribbon– от.
o Се притиска одозгора десниот крај од Ribbon – от. Тогаш ќе се подигне
левата страна.
o Внимателно се одстранува Ribbon – от.
o Новиот Ribbon се поставува во лежиштето, на истиот начин. Лежиштето е
погодено кога ќе се слушне звук на заклучување.
o Крајот на хартијата се протнува низ отворот на Ribbon – от.
o Доколку е потребно, извлекувањето на хартијата се врши со помош на
копчето на принтерот, означено со , со притискање.
o Проверката се прави со вклучување на вагата и проверка на записот.

9. ДОКУМЕНТАЦИЈА
9.1. Обрасци

Евидентна книга за овој инструмент се состои од вкупно 50 страници, со насловна


страница нумерирана како 1 од 50 и евидентна листа за вагање во идентични
репликации од 2 до 50.
FORM003698/1 важечка верзија - Евидентна книга за инструмент прецизна вага
OHAUS PX3202M
Евидентна книга за интерна проверка на аналитичка вага OHAUS PX3202M се
состои од вкупно 107 страници, со насловна страница нумерирана како 1 од 107,
празна страница нумерирана како 2 од 107, евидентна листа за интерна проверка на
мерилата за маса и евидентна листа за приложување на исписи нумерирани од 3-
107 наизменично.
Евидентната книга се печати двострано.
FORM003699/1 важечка верзија – Евидентна книга за интерна проверка на
аналитичка вага OHAUS PX3202M.

Матичен Време на Место на


Назив на образец Шифра Сопственик
документ чување чување
Евидентна книга за
инструмент СОП за Работа
аналитичка вага со аналитичка ККФ – ККФ
FORM003698/1 6 години
вага OHAUS оригинал
OHAUS PX3202M
PX3202M
Евидентна книга за
СОП за Работа
интерна проверка на
со аналитичка ККФ –
аналитичка вага FORM003699/1 Трајно ККФ
SARTORIUS LP оригинал
OHAUS PX3202M
3200D

9.2 Придружна документација

- Важечки сертификат од годишна калибрација


-Важечки сертификат од калибрацијата на теговите со кој се изведува
проверката.
- Верификациона документација од БОМ
- Електронски запис – извештај

10. РЕФЕРЕНТНИ ДОКУМЕНТИ

- Упатство за работа од производителот


- СОП за Метрологија на маса организирана во ПЦ Фармација,
- SOP001274/важечка верзија
- Процедура за калибрација на мерна опрема и инструментација QGP000064
- СОП за Управување СОП-ови / Процедури, SOP000001/важечка верзија
- СОП за управување со Евидентни книги SOP001361/важечка верзија
- Верификациона документација од страна на надворешна овластена институција
11. ИСТОРИЈАТ НА ПРОМЕНИ

Датум Верзија Опис на промените

09.2022 1 Прва иницијална верзија на СОП002630/1, СОП за работа со


дигитална вага OHAUS model PX3202M.

You might also like