You are on page 1of 14

Статистичка анализа на серии

со атрибутивни белези
Проф.д-р Бети Зафирова Ивановска
Статистичките единици на одредена
статистичка маса меѓусебно се разликуваат
по разни особини кои се нарекуваат
варијабрли/променливи големини или
белези.
Белезите во зависност од тоа дали се бројат
или се мерат се поделени на:
- Квалитативни (описни,атрибутивни белези)
- Квантитативни (бројни,нумерички)
Квалитативните белези уште се нарекуваат и
атрибутивни,категорички или броени.Броени се
нарекуваат,бидејќи едноставно се пребројува колку
единици на набљудување има одредена
карактеристика на пример:
- зголемена температура
- брачна состојба
- здравствена состојба
- пол
- боја на очи и т.н

Во атрибутивни белези спаѓаат: Односи,пропорции и


стапки.
Анализа на структурата на појавите според
атрибутивни белези
Поради описното изразување на овие белези, нивната
анализа се сведува на употреба на метод на односи.
Во овие испитувања се работи за релативни броеви.
При користење на релативните броеви основен
проблем е кој од двата броја ќе се употреби како
броител, а кој како именител.
За тоа не постои правило. Изборот зависи од
карактерот и целта на испитувањето, како и од
стручното познавање на предметот на
истражувањето.
Метод на односи

Методот покажува квантитативен однос на единици


на набљудување со едно дефинирано обележје
наспроти единици на набљудување со друго
дефинирано обележје во истата статистичка маса.
По Click to add text
правило треба да се користи за атрибути кои не
се зависни еден од друг, односно за одредување на
квантитативен однос меѓу два различни атрибути.
Методот
 на односи се прикажува со следната формула:
a b
----- или ----- каде што
b a

a - претставува број на единици на набљудување со едно


обележје;
b - претставува број на единици на набљудување со друго
обележје.
Резултатите кои се добиваат на база на оваа формула можат да

се изразат како односи.
Коефициентот на односи ги покажува резултатите на односот

помеѓу разновидни атрибути или хетерогени податоци кои
укажуваат на сооднос во квантитетот.
 Пример. Во една здравствена установа со вкупно
800 вработени има 600 мажи и 200 жени. Односот
меѓу вработените припадници на двата пола може да
се пресмета и изрази на еден од следните начини:
а) 600 / 200 = 6 / 2 = 3, односно,
на 6 вработени мажи доаѓаат 2 вработени жени, или
коефициентот на односи на мажите наспроти жените
(коефициент на маскулинитет), изнесува 3.
б) 200 / 600 = 2 / 6 = 0,33, односно,
на 2 вработени жени доаѓаат 6 вработени мажи, или
коефициентот на односи на жените наспроти мажите
(коефициент на феминитет), изнесува 0,33.
Доколку броителот е помал од именителот, односно
резултатот од делењето е помал од 1, тогаш таквиот
однос може да се изрази во проценти или промили.
Често така изразените односи се нарекуваат стапки.
На пример, односот на вработени жени и мажи во
вториот случај би можел да се пресмета и изрази
поинаку:
б) 200 / 600 x 100 = 33,3%
односно, во оваа здравствена установа 33,3% од
вработените се жени.
Пропорции (показатели на структурата)
Овој вид на односи покажува колку единици на
набљудување со некој дефиниран атрибут доаѓаат во
однос на целокупната статистичка маса, односно на
сите единици на набљудување кај кои тој атрибут може
да се јави (популација изложена на ризик).
Пропорциите се користат за обележја (атрибути) кои се
во некоја зависност со атрибутот или атрибутите на
целокупната статистичка маса.
Освен квантитативното учество, пропорциите укажуваат
и на степенот на зависност меѓу набљудуваниот
атрибут и атрибутите на целокупната статистичка маса.
Пропорциите се пресметуваат со следната
формула:
a
----------
а+b

a - број на единици кои имаат одреден


дефиниран атрибут;
b - број на единици од истата статистичка маса
кои го немаат испитуваниот атрибут.
Пример. Во едно населено место со 260 000
жители во текот на една година од акутен
ентероколит заболеле 3800 лица.
Пропорцијата на заболени од ентероколит во
однос на вкупниот број жители ќе изнесува:
3800 38
----------- или -------- или 0,01461
260 000 2600
Стапки (показатели на ниво)
Претставуваат идентичен тип на односи како
пропорциите. Покажуваат колкаво е учеството на
единиците на набљудување со некој дефиниран
атрибут наспроти целокупната статистичка маса во
која се наоѓаат како тие единици, така и сите
останати, кај кои дефинираниот атрибут може да се
јави. Од пропорциите се разликуваат по тоа што
нивните вредности можат да се јават во дијапазон
од 0 до 100, или од 0 до 1000, од 0 до 10 000, итн.
Според тоа, стапките ја претставуваат вредноста на
пропорцијата помножена со 100, 1000, 10 000, итн.
Стапки (показатели на ниво)

Најголем дел од здравствено-статистичките податоци се


изразуваат со стапки, како што се стапка на раѓање
(наталитет), смртност (морталитет), заболување
(морбидитет).
Стапките се пресметуваат со следната формула:
a
---------- x k
а+b
k - коефициент, кој може да изнесува 100, или 1000,
или 10 000.
Пример. Во едно населено место со 260 000 жители
во тек на една година од акутен ентероколит
заболеле 3800 лица.
Во овој случај стапката на заболување (морбидитет),
од акутен ентероколит ќе изнесува:
а 3800
------- x 10 000 = ------------------ x 10 000 = 148,153/10 000
а+b 3800 + 256 200

Според тоа, во населеното место, во тек на една


година, од акутен ентероколит заболеле 148 лица на
10 000 жители, или стапката на заболување
(морбидитет) од оваа болест изнесува 148 на 10 000.

You might also like