You are on page 1of 9

ССОУ „ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ“- ВЕЛЕС

Проектна задача по предметот

НЕВРОПСИХИЈАТРИЈА СО НЕГА

Тема

Алцхајмерова болест

Ментор: Изработила:

Проф. Александровски Александар Димовска


Драгана
Алцхајмерова болест Драгана Димовска

Велес, март 2020

Содржина

1. Вовед………………………………………………………….2

2. Разработка……………………………………………...……3

3. Резиме…………………………………………………………7

4. Користена литература………………………………...…..8

1
Алцхајмерова болест Драгана Димовска

1. Вовед

Алцхајмеровата болест претставува дегенеративно мозочно пореметување


на средните или повозрасните возрасти кое ги уништува невроните и врските
во мозочната кора што доведува до значаен губиток на мозочната маса. Денес
се смета дека е главна причина за настанување на сенилната деменција која
некогаш била нормална состојба во староста. Алцхајмеровата болест е
прогресивна, фатална болест на мозокот која се карактеризира со постепено и
неповратно губење на меморијата, говор и способност за размислување, како и
промени во расположението и однесувањето, свесноста за време и простор
како и евентуалната способност пациентот да се грижи самиот за себе. Оваа
болест е опишана од финскиот психијатар Алојз Алцхајмер во 1906год, и тогаш
се сметало дека е тоа некоја ретка ментална состојба која се среќава претежно
кај млади лица. Меѓутоа, денес се знае дека таа е причина за губење на
менталните способности кај позрелата возраст и тоа на 65 години,додека многу
реко се јавува кај паациенти на 30,40 или 50 годишна возраст.

Иако Алцхајмеровата болест не е природно составен дел на староста, ризикот


за нејзино добивање се годините се повеќе расте. Повеќето од пациентите кои
боледуваат од оваа болест се соочуваат со огромен страв и фрустрации
минувајќи низ најнормалните секојдневни ситуации и губејќи ја својата
независност.

2
Алцхајмерова болест Драгана Димовска

2. Разработка

2.1 Симптоми

Оваа болест се појавува постепено и во повеќе фази. Биолошките промени во


мозокот може да се појават дури децении пред да се појават првите симптоми.
Во почетокот, пациентот има релативно мали проблеми со примање на нови
информации и памтење на основните секојдневни активности (каде си ги
оставил клучевите, паричникот и сл.). Тогаш започнуваат и проблемите со
прераскажувањето на скорешните случувања и неможноста да се пронајде
зборот кој сака да се каже. Со напредувањето на болеста, пациентот почнува
да има потешкотии да се сети на тоа кој ден е, кој месец е, неможе да ги
препознае патиштата по кои секој ден одел и сл. Поради ова доста често се
случува овие пациенти да се изгубат и да незнаат да се вратат дома. Тоа ги
прави раздразливи, отсутни и цело време се како во една борба со страв и
фрустрација што се старо и познато ним им е ново и непознато. Промените во
однесувањето се манифестираат со параноја и неспособност да учествува во
разговорот.

На самиот крај, пациентот веќе е потполно неспособен да си ги обавува


основните животни функции (хранење, користење на тоалет и сл.) Во доцните
фази на болеста, луѓето честопати не се во состојба да комуницираат и
комплетно се зависни од други лица дури и при едноставни секојдневни
задачи.

Пациентите со оваа болест можат и доста долго да живеат, а да починат од


некоја сосема друга пропратна болест. Времето од дијагностицирањето на
болеста до смртта е многу варијабилно,и зависи од староста на пациентот,
неговата здравствена состојба и најмногу од негата која ја добива.

3
Алцхајмерова болест Драгана Димовска

2.2 Причини

Причините за ова заболување сеуште не се во целост проучени, но некои


истражувања покажуваат дека постојат ризични групи (на пр. наследен
фактор.) Основната биологија на Алцхајмеровата болест се базира на
создавање на два протеини во мозокот - бета амилоид и тау, обично
предизвикани од напредната возраст или генетски фактори. Еден од
патолошките обележја на Алцхајмеровата болест е акумулација на бета
амилоид (зголемена продукција или намален клиренс) во мозокот. Додека бета
амилоидните плаки се обележје на Алцхајмеровата болест, бета амилоидот
постои во повеќе форми, вклучувајќи и мономери (единечни протеини),
олигомери (мали агрегати на протеини), влакна (долги агрегати на протеини) и
плаки.

Не е јасно дали сите или само некои од овие бета амилоидни форми се штетни
за мозокот, но постојат значителни докази дека агрегираните форми, како што
се олигомерите и плаките, се токсични за нервните клетки.

Според други истражувања пак постојат и други ризик фатори освен


генетиката. Кај некои луѓе пак, кај кои преовладува немасната односно
вегетаријанската и веганската исхрана помали биле шансите да заболат од
Алцхајмерова болест, и како објаснување за оваа поврзаност се крвниот
протисок, артериосклерозата, високото ниво на холестерол и други
кардиоваскуларни пореметувања кои имаат улога во настанокот на оваа
болест и за кои најчест причинител е месото.

Според најново направената еколошка студија во 10 земји каде што


Алцхајмеровата болест била доста распространета, се потврдува дека
конзумирање на органска исхрана и избегнување на месо и млечни производи
и те како може драстично да го намали ризикот од Алцхајмер и многу други
болести.

4
Алцхајмерова болест Драгана Димовска

Други испитувања пак покажуваат дека улога во појавувањето на оваа болест


има и високата концентрација на алуминиум во мозокот, но сеуште нема
конкретни податоци за тоа.

2.3 Дијагностицирање

Алцхајмеровата болест во потполност може да се утврди дури после прегледот


на мозочното ткиво под микроскоп. Поради тоа се превземаат други техники за
нејзина дијагоза, како на пример да се отфрли можноста дека имало мозочен
удар, депресија, алкохолизам или наркоманија. Следат прегледи и специјален
скрининг на мозокот,за да се отфрлат и другите можни заболувања. Пациентот
се подвргнува на специјален невропсихолошки преглед со цел да се процени
неговата способност за извршување на одредени ментални задачи, и да се
процени неговата ориентација во време и простор.Се зема во предвид и
целокупната медицинска и фамилијарна анамнеза.

2.4 Лекување

Лек против ова заболување не постои! Терапијата се состои во ублажување на


симптомите и колку е можно успорување на текот на болеста.Се употребуваат
лекарства за зголемување на концентрацијата на ацетилхолинот,инхибитори
на холинестеразата,но сепак овие лекарства имаат многу мал но сепак
позитивен удел во лекувањето на симптомите.Истите лекарства се
применуваат во сите фази на болеста,но најефикасни се некаде во среднита
фази.

Постојат испитувања кои покажуваат дека постои воспаление во мозокот кај


Алцхајмеровата болест,и научниците се усмерени кон пронаоѓање на
лекарства кои ќе го намалат воспалението,а со тоа и ќе го успорат
напредувањето на болеста.Според други пак,основата на механизмот на
појавата на болеста е создавање на амилоиден протеин во мозочното ткиво,и
со лекарства кои ќе го блокираат неговото создавање би се подобрила
состојбата.

5
Алцхајмерова болест Драгана Димовска

Податоците на Рош, другите фармацевтски компании и академската заедница


сугерираат дека отстранувањето на различните форми на бета амилоид може
да обезбеди клинички бенефит за луѓето во пораните стадиуми на
Алцхајмеровата болест. Исто така се прават истражувања за нови молекули
кои би можеле да го таргетираат бета амилуидот на различни начини.

Поголемиот дел од научните сознанија стремат кој промена на влијанието на


болеста врз мозокот- а не лекување на симптомите од истата.

2.5 Нега на пациент со Алцхајмерова Болест

Одговорноста за овие пациенти воглавно е на нивната фамилија. Тие мораат


постојано да бидат внимателни, поради можноста пациентот да им се загуби,
да се вознемири или збуни на начин кој може да биде опасен и за него и за
неговата околина. Психотерапијата и поддршката на овие пациенти е можеби
најважна. Тие се постојано уплашени, фрустрирани, живеат во страв, а тоа ги
истоштува. Се плашат бидејќи не знаат, што направиле и што треба да
направаат, иако станува збор за секојдневна вообичаена работа, како на пр.
одење во тоалет.

Во колку се сместени во некоја здравствена установа, главна улога во


лекувањето на ваквите пациенти ја имаат медицинската сестра. Таа треба
постојано да е со нив, да е благопријатно наклонета кон нив, бидејќи ова се
пациенти со посебни потреби. Овие пациенти сакаат позитивни личности околу
себе, и медицинска сестра е таа која треба секогаш да е тука за нив со
утешителен збор, уверувајќи ги дека не направиле накаква голема грешка и
дека наредниот пат ќе се поправат иако тоа не е точно!

6
Алцхајмерова болест Драгана Димовска

3. Резиме

Од горенаведеното доаѓаме до заклучок, дека оваа не толку честа болест


сепак постои и сепак го заслужува нашето внимание. Станува збор за
специфичен тип на заболување, кое зафаќа специфична група на пациенти, а
со тоа и посебен\специфичен однос кон нив. Потребно е посенбо внимателно
однесување кон нив од самиот почеток т.е. суспектност дека ја имаат оваа
болест,па се до самиот крај,кој е и крај на живото на овој пациент бидејќи лек
нема и таа станува составен дел од нивниот живот. Потребна е тимска работа
на висококвалификуван стручен кадар кој ќе е во постојана соработка со
фамилијата на пациентот,постојана обука и поддршка.Треба да сме постојано
свесни дека “секој нареден момент со овој пациент е нов и се и секогаш
започнува од почеток”.

7
Алцхајмерова болест Драгана Димовска

4. Користена литература

 http://sr.wikipedia.org/s
 http://www.mayoclinic.com
 https://www.roche.mk/mk/tx/Nevronauka/
Alzheimer_disease.html
 https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/27454859
 Учебник по НЕВРОПСИХОЛОГИЈА, Нада Поп Јорданова

You might also like