You are on page 1of 18

1. Жена, 56 години, боледува од МС.

Живее дома,
фамилијата се грижи за неа. Поради гушење, во тек на
акутна пнеумонија, 15 минути е во аноксија, пред да
стигне медицинската екипа. После реанимацијата е
пренесена во болница. Три недели после настанот сеуште
не е освестена. Консултиран е невролог кој утврдил дека
пациентката е во вегетативна состојба без изгледи
сотојбата да се подобри. Лекарите им објаснуваат на
членовите на фамилијата дека пациентакта не може да
остане во одделот за интензивна нега и дека треба да
најдат соодветно место да ја префрлат, но напоменуваат
дека можеби е најдобро пациентката да се земе дома, да
почине во домашни услови.

Одговор
Вегетирачка состојба – смрт на мозочната кора. Кома, не реагира, но
самостојно дише!  Кората на големиот мозок е непоправливо оштетена, и
иако повеќе никогаш нема да има ниту една севсна мисла, тие сепак не се
мртви.

Лекарот е должен во согласнот со своето стручно знаење, да направи се


што е во негова моќ за евентулно лекување на болниот или кога тоа не е
можно олеснување на неговите маки. Лекарот е должен да обезбеди нега
и згрижување на болен во терминална фаза, со до настапување на смртта
.Исто така на семејството ќе му образложи до каде може да оди неговата
помош. Во овој случај, лекарите не постапуваат правилно со советување
на фамилијата дека најдобро е пацинетката да ја земат дома и да почине
во домашни услови. Евентуално, доколку немаат можност за задржување
на пациентката во интензивна нега во склоп на нивната хоспитална
институција, должни се да советуваат трансфер во соодветна специјална
установа, каде што ќе бидат обезбедени соодветни услови со можност за
одржување на пациентката во живот, или да се префрли во домашни
услови, но со постојан мед. надзор, соодветн мед. нега и совети како да се
одржува во живот, вештачка исхрана(со сонда, овие пац. не можат да
голтаат).На ваков начин можат со години да се одржуваат во живот.

2. Жена 45 години, се јавува на преглед поради болка и


отеченост во предел на подлактицата на левата рака.
Анамнестички дава податоци дека паднала по скали. При
надворешен преглед се констатираат и други модрици на
градниот кош и рацете, кој според изгледот јасно е дека
настанале во различно време. Целосен преглед
пациентката не дозволува. Направени се сите потребни
испитувања и поставена дијагноза за фрактура на
подлакитчните коски. Според типот на фркатурата лекарот
се сомнева дека навистина настанале при пад. Фрактурите
се згрижени, но и покрај инсистирањето на лекарот
пациентката останува на тоа дека сите повреди ги добила
при пад по скали. Лекарот се сомнева дека се работи за
фамилијарно насилство, но не знае дали треба или смее
да превземе нешто. Пациентката одбива секаков разговор
и смета дека лекарот несмее да се меша да се меша во
нејзиниот приватен живот.
Одговор
Лекарот често пати е првиот кој ќе препознае семејно насилство и е
должен да пружи помош и заштита на лицата изложени на семејно
насилство. Прво, да превземе мерки за зачувување на телесното и
психичкото здравје на пациентката, како и санација на настанатите
повреди и психотрауми. Како што и направил, во случајот со настанатата
фрактура. Потоа, ако постои сомневање дека повредата е последица на
семејно насилство, лекарот е должен да изврши интервју со пацеинтката,
да ја охрабри да му се довери за можноста од постоење семејно
насилство и од неа да дознае што е можно повеќе за околностите во кои
настанала повредата, причината и начинот на настанување. Лекарот треба
да направи комплетен преглед(вослучајов пациентката не го
дозволува).Треба да разговара со неа за можностите на решавање на
проблемот, и со целосна почит да и ги посочи нејзините права. Во случај
на сознание за семејно насилство, лекарот е должен согласно правната
регулатива семејното насилство да го пријави во полиција за
понатамошно разрешување на случајот и казнување на сторителот.

3. Матичниот педијатар на 7 годишно дете забележува


дека мајката го носи најмалку еднаш месечно за
преглед на крвни подливи, контузии, скршувања,
нагмечено расцепени рани на главата, модрици на
градниот кош. Детето е секогаш прегледувано во
присуство на мајката. На прашањата за тоа како се
повредило детето не одговара, а мајката објаснува
дека паднало, играло фудбал, дека е многу немирно.
Лекарот не верува, се сомнева дека се работи за
фамилијарно насилство, но незнае дали да се обиде
да разговара сам со детето или да пријави.

Одговор

Лекарот се сомнева за семејно насилство врз детето и прво треба да се


обиде да поразговара со мајката, да и каже дека се сомнева за насилство
врз детето, но можеби од другарчиња и сл. со цел да се отвори
комуникација и да се процени размислувањето и одговорот на мајката во
однос на тоа, дали ќе покаже иницијатива во иднина да се обиде да
дознае причина за повредите кај детето или во зависност од одговорот
лекарот ќе е насочен да размислува во правец на семејно насилство, од
страна на мајката или таткото. Ако извршител е таткото, а мајката го крие
тоа, треба да поразговара со неа, да ја охрабри да му се довери и да ја
посоветува за можностите за решавње на проблемот. Ако извршител е
мајката, а не го признава тоа, но кај лекарот постои силен сомнеж за тоа,
тој е должен по консултација со колеги, неодложно да пријави во Центар
за социјални работа. Ако постои сомневање за направено кривично дело
истовремено се пријавува и во полиција.

4. Пациент 70 години стар редовно доаѓа и по неколку


пати кај матичниот лекар, со одредени нејасни
симптоми, поплаки за општата здраствена состојба.
На негово барање неколку пати е испраќан на
специјалистички прегледи но и понатаму е
незадоволен затоа што нема дијагноза и соодветен
лек. Сугестиите за промена на навиките, намалување
на телесна тежина, пешачење, не ги прифаќа затоа
што знае дека тоа не му помага. Иако не е задоволен
од лекарот постојано доаѓа да го искаже своето
незадоволство и неискуство на лекарот. Лекарот
одбива да го лекува а пациентот приговара.
Одговор
Поради несоодветно однесување на пациентот, прво лекарот
внимантелно, но решително го предупредува. Во краен случај, доколку
пациентот ги премине сите граници со своето однесување, лекарот може
да го прекине процесот на лекување, освен ако е неопходна итна мед.
помош. Лекарот има право да побара изземање од натамошното
лекување на пациентот, доколку смета дека пациентот поставува барања
во спротивност со правилата на професионално работење и ги нарушуваат
начелата на Кодексот на мед. етика и доколку смета дека неговите
стручни способности не се доволни за давање на потребната лекарска
помош, што пациентот ја бара.

Изземање лекарот го бара во писмена форма од раководителот на


здравствената институција.
5. 30 годишен пациент, 3 месеци е хоспитализиран во
оделот за интензивна нега, со квадриплегија после
повреда на вратната кичма. Свеста е сочувана,
комуникативен е и постојано врши притисок на
персоналот, да прекине со асистирано дишење и
вештачка исхрана. Неговата фамилија го подржува
неговото барање за прекин на лекување.
Одговор:
Според Кодексот на медицинска етика на Р.М , лекарот одбива
еутаназија и е должен да се грижи за својот пациент се до настапување
на смртта. Лекарот треба да стори се што е во негова можност за
олеснување на неговите маки и подобрување на квалитетот на
животот.

Умирањето е дел од животот. Правото на човекот на живот е неспорно,


но дали човекот има право по сопствена волја да одлучи да го прекине
сопствениот живот? Еутаназијата, е во спротивност на основната
определеност на лекарот: да спасува човечки живот, a тоа е да
одлучува за прекинување на еден живот.Еутаназијата ја
пореметува(пркоси) и Хипократовата заклетва. Еутаназијата различно
се третира во различни земји. Во Холандија е легализирана. Во Србија е
дефинирана како кривично дело, се смета за привилигирно убиство и е
казнива. Во Кривичниот законик на Република Македонија не е
дефинирана, но е забранета со закон и соодветно се санкционира.

Во случајов, не смее да превземе чекор за прекин на лекување со


исклучување на пациентот од апарати и покрај тоа што семејството и
тој самиот инсистира, бидејки пред се не е човечки, ниту пак етички.
Лекарот не го зема предвид барањето на пациентот или на роднините
за еутаназија. Лекарот е должен да поразговара и да ги советува
пациентот и семејството за промена на одлуката и да им обезбеди
психолошка подршка, односно да им понуди разговор со психијатар.
6. Родителите одбиваат нивното дете да ја прими
вакцината, пропишана за соодветната возраст, затоа
што прочитале дека е штетна. Постојано ги пртат
натписите на интернет дека вакцината може да
предизвика аутизам.
Одговор:
Фактот дека имунизацијата создава општ(колективен) имунитет, а со
низок опфат на вакцинираност нема да се постигне тоа, оди во прилог
зошто вакцинацијата треба да е задолжителна. Ако се дозволи
имунизацијата да биде избор на родителот, процентот на имунизирани
деца ќе падне, а болестите ќе се вратат. Во некои ЕУ земји е
задолжителна, во некои не е , или дел се задолжителни, дел се
препорачани. Сепак сметам дека свесноста на родителите во тие земји е
на тоа ниво, што иако вакцините не се задолжителни, тие сепак ги
вакцинираат своите деца.

Присилување на некој,кога се обидува да го заштити своето дете, нема да


помогне да се промени однесувањето,а може да има и
контрапродуктивен ефект.Неопходен е отворен пристап кон родителите и
сигурни информации.

Во овој случај, лекарот треба им овозможи комплетна информираност на


родителите што е имунизација/вакцинација, зошто се спроведува, кој е
бенефитот, што би се случило доколку нивното дете не се вакцинира, но и
исто така да ги информира родителите за можнте несакани ефекти но и да
истакне дека процентот на несакани ефекти е многу мал. Ако родителите
и понатаму сметаат дека вакцините се повеќе штетни отколку корисни за
децата и не веруваат дека постои научна потврда за нивната делотворност
во превенција на болестите, лекарот треба да се обиде да ги разубеди и
да им укаже дека инернетот е извор на секакви информации, а дел од нив
се непотврдени и дезинформации.Доколку и понатаму родителите
одбиваат нивното дете да се вакцинира, лекарот треба да ги извести дека
поради таа одлука може да бидат казнети со парична казна.
7. Матичен лекар добива понуда од позната реномирана
фармацевска куќа да добие соодветна награда,
доколку го препишува нивниот нов анти-реуматски лек.
На лекарот му се нудат две можности, од кои може да
избере: за секој препишан лек да добие одредена
сума парични сретства или после одреден број
препишани лекови, сретсвата да ги искористи за
учество на некој меѓународен конгрес. Смее ли да
прифати?
Одговор:
Фармацевтскиот маркетинг е законски регулиран процес. Законската
контрола треба да гарантира транспарентност во односот со
здравствените професионалци. Забрането е да се нудат подароци,
директна или индиректна финансиска или материјална корист на лицата
кои ги пропишуваат лековите,лекарите, освен ако се од мала вредност и е
наменето за вршење на здравствена дејност. Не треба да се поттикнува
пропишување, препорачување на купување на лекот преку нудење на
награда во вид на пари, давање на подароци или овозможување на било
каква друга корист, односно ветување или давање на некое
повластување.Лекарот не смее да има корист од награди за пропагирање
на фармацевтски производи. Исто така не смее да се потценува вредноста
на друг лек или да се поттикнува сомнеж, со цел тој лек да се замени со
новиот лек, а притоа не постојат медицински индикации.Лекарот, знаејќи
го сето ова, треба прво треба да се информира за карактеристиките на
лекот, дали е одобрен и пуштен во употреба. Кои се неговите предности,
во однос на др. лекови. Потоа, со должна почит да одбие, не треба да ја
прифати оваа понуда на фармацевтската компанија, затоа што пред се
треба да го стави здравјето на пациентот, а не материјалната придобивка.
Но, за жал кај нас ова често се случува!

8. Млад лекар специјалист, работи еднаш неделно во


амбуланта и постојано е соочен со голем број
пациенти, за кој смета дека нема доволно време, ниту
концентрација соодветно да ги прегледа, да земе
анамнеза и да даде совет. Досега веќе забележал
дека направил неколку пропусти, но успеал да ги
корегира без потешки последици по пациентот. Смее
ли да одбие пациенти за кои смета дека нема време?
Одговор.
Лекарот има етичка должност и професионална одговорност секогаш да
работи во најдобар интерес на своите пациенти и да ја почитува оваа
одговорност. Лекарот на своите пациенти им должи целосна лојалност.
Но, во исклучителни ситуации лекарот мора да одбие лекување, ако смета
дека е телесно и ментално исцрпен и не е способен да даде потребна
лекарска помош. Затоа што лекар што не е способен за коректно да ја
работи својата работа може да направи многу поголема штета , отколку да
делува корисно врз здравјето на пациентот. Мора да се почитува
основното правило “Primum non nocere” (Прво, не прави штета.) Етички
предизвик претставува одлуката кога и како пациентот да се заштити во
ваков случај. Лекарот треба да го извести пациентот за ситуацијата и
веднаш да го упати на соодветно лекување кај друг доктор.

9. Млад лекар, вратен од стручен престој во странство,


согледува дека постојат големи разлики во терапијата
на одредена болест, меѓу неговата матична установа и
клиниката каде што се усовршувал. И покрај обидите
да го пренесе искуството, наидува не само на отпор,
туку и на критики за неговиот начин на работа. Освен
тоа смета дека терапијата која што се применува, не
само што не е успешна туку и во некои случаи и
штетна по здравјето на пациентот.
Одговор.
Постојано следење на достигањата на медицината и усовршување се
должност на секој лекар. Лекарот е должен постојано да се грижи за
растежот на личните сознанија. Исто така, стекнатото стручно знаење
треба да го пренесува на своите колеги и на др. здр. работници.
Лекарот знае дека кон постарите колеги треба да се однесува со
почитување и коректност, и дека треба да го почитува нивното знаење
и стручност. Но, ако смета дека нивното работење, во случајов
третманот е несоодветен, па дури и погрешен, треба прво да се
посоветува со постарите колеги. Доколку наиде на отпор, за стручната
несоодветност на работата на др. лекари е должен мислење да даде во
писмена форма до соодветните органи(раководителот на
институцијата-диркеторот).Мислењето треба да е објективно,
аргументирано, без лични навреди. Ако наиде на недоразбирање,
преостанува да се обрати во ЛК на РМ.

10. Лекар присуствува на разговор на негов помлад


колега со пациент, без да учествува. Забележува дека
препораките што му се давани на пациентот за
понатамошни испитувања се сосема непотребни, дека
тоа е само губење време и пари, без можност да се
добие некој нов податок за болеста.
Одговор.
Меѓусебната соработка меѓу лекарите се темели врз искреност,
отвореност, пренесување и разменување на искуства. Разидувања во
мислењата никогаш не смеат да предизвикаат некорекност и да ги
надминат општите правила на однесување. Во ваков случај, лекарот треба
искрено и отворено да поразговара со својот помлад колега, да му каже
мислење, и со своето знаење да му каже како тој би постапил. Лекарот го
цени и почитува знаењето на др. лекар, но ова е конструктивна критика,
со цел подобрување на раб. во иднина, во процесот на дијагностицирање
и избегнување на непотребни испитувања и трошоци. Разговорот треба да
го почне откако пациентот ја напуштил просторијата. Ако лекарот смета
дека постојат грешки во дијагностичките или терапевтските постапки, а
колегата не му излегува во пресрет, лекарот е должен своите забелешки и
мислење во писмена форма да ги пренесе на раководителот на здр.
организација. Давање забелешки и негативни критики за колега во
присуство на пациентите, помошниот персонал или јавност, не само што
не е дозволено, туку е и недостојно за лекарот.

11. Маж. 45 години, примен во ургентен центар со


болки во стомак. Веднаш се направени сите
испитувања и поставена е дијагноза на абдоминална
анеуризма на аортата. Лекарот во разговор со
пациентот му објаснил дека единствениот начин со
којшто може да се санира состојбата е операција и
дека тоа е ризичен зафат, со шанси за преживување
од 50%. На пациентот му е објаснето и дека е многу
важно брзо да реагира, затоа што аневризмата е
многу голема и може секој момент да прсне.
Пациентот одбива да даде согласност за операциија,
но останува во болница. Фамилијата приговара и
најавува тужба затоа што смета дека лекарите се
криви и дека морале да го оперираат, без разлика
дали тој сакал или не.
Одговор.
Лекарот пред да го почне лекувањето треба да го информира
пациентот за неговата здравствена состојба, видот на болеста, за
предвидувањата и исходот на болеста. Известувањето на пациентот
треба да е исклучиво во негова полза. Пред секој планиран зафат,
лекарот треба од пациентот да добие писмена согласност,само во
случај на итен зафат, поради конкретна животна опасност, а пациентот
не е во сотојба да даде согласнот(не е свесен) лекарот може да
оперира.При малолетно лице, писмена согласнот од
родителот/старателот или при инкомпетенто лице да одлучува од
фамилијата или од правниот застапник. Во случајов, лекарот е должен
на пацинетот детално да му го објасни предложениот оперативен
зафат, да му ги каже сите предности и можните ризици, и што ќе се
случи доколку не се направи интервенцијата. Ако има алтернативен
начин за третман, да му го каже, ако нема да потенцира дека ова е
единствен можен начин за решавање на ситуацијата.Во случајов,
пациентот категорично одбива да се оперира, што е негово право
дефинирано со Законот за заштита на правата на пациентите. Лекарот
на фамилијата ќе објасни дека пациентот одбива да се оперира, а тоа е
негово право и лекарот неможе ништо повеќе да направи затоа што тој
е свесна индивидуа која одлучува за својот живот и лекарот е должен
тоа да го почитува. Лекарот може само на фамилијата да предложи да
поразговараат со него и да пробаат да го разубедат во неговата одлука,
со цел донесување правилна одлука.

12. Пациент, стар 67 години, дијагностициран со


малигна болест во терминална фаза, но во релативно
добра општа состојба. Фармацевската куќа со која
онколошката клиника соработува, му нуди бесплатна
терапија доколку се сложи да прими нов лек, кој е
сеуште во фаза на испитување, а под контрола на
лекарите од клиниката.
Одговор.
Лекарот е должен прво да се информира детално за карактеристките
на новиот лек. Кај него постои слобода да прифати и примени нов
лек,кој е проверен или ако според негова оценка новиот лек ќе
обезбеди предност на очекуваната полза во однос на ризикот по
здравјето и животот на пациентот. Лекарот потоа треба да го
информира својот пациент дека постои нов лек кој сеуште е во фаза на
испитување,и со оглед на неговата здравствена состојба во која се
наоѓа, дека овој лек можеби ќе е од корист за него. Притоа, ако
пациентот сака на него да се тестира новиот лек, прво да се запознае со
карактеристиките на лекот, очекуваните предности и можните ризици.
Притоа е неопходна доброволна, а не изнудена писмена согласност од
пациентот.По исклучок(ако пциентот не е свесен), согласност може од
правен застапник. Исто така да му каже дека за цело време, додека го
прима лекот ќе биде строго контолиран од него и од медицински
стручњаци. Исто да му каже дека по негово барање или по оценка на
лекарот третманот може да се прекине. Основно правило е дека не е
дозволена примена на нов лек или метод, ако истиот успех може да се
постигне со претходните, туку само ако има оправданост. Не е
дозволено ако намерата е да се дојде само до научни сознанија, туку
исклучиво во интерес на здравјето и намалување на маките на
пациентот.

13. Кај 70 годишна пациентка дијагностициран е


аденокарцином со метастази во црниот дроб. Хирургот
смета дека пациентката треба да одлучи за тоа како ке
се третира, дали се согласува да се оперира или не.
Керката на пациентката со која живее во разговор со
хирургот објаснува дека мајка и не смее да знае за
дијагнозата и дека таа ке донесе одлука за начинот на
лекување. ОБјаснува дека најдобро ја познава мајка си
и е сигурна дека ако дознае за видот на болеста тоа
негативно ке влијае на исходот.

Одговор.
Лекарот е должен да го извести пациентот за здравствената состојба,
предвидените испитувања и интервенции и исходот. Известувањето на
пациентот треба да е исклучиво во негова полза. Посебна
внимателност е неопходна при посебни психички состојби кај
пациентот, кога сознанието би можело негативно да влијае на
лекувањето.Во тој случај само се информира фамилијата. Во случајов
прво и основно лекарот треба да ја процени психичката состојба на
пациентката, дали е свесна и способна да донесува одлуки самостојно.
Ако да, понатаму после информирање за болеста и предлагање на
предвидениот начин на лекување сама да одлучи дали прифаќа или не,
дали ќе се оперира или не, ако се согласува да потпише писмена
согласнот. Лекарот треба да објасни на ќерката дека нејзината мајка
може свесно да донесува одлуки за себе и за својот живот, и дека има
право да биде запознаена со болеста и да одлучи самостојно за
понатамошниот третман.

14. Пациентка стара 39 години во тек на своја


бременост редовно се јавува на контроли при што се
прават рутиснки испитувања, крвна слика, ултразвучен
преглед, со заклучок од секој преглед дека наодот е
уреден. Во предвидениот термин се породува, после
неколку месеци е дијагностициран даунов синдром кај
новороденото. Пациентката нема направено генетско
испитување, ниту пак знаела дека треба.
Одговор.
Секој лекар е должен да го информира својот пациент за сите
можности за зачувување на здравјето. Со оглед на тоа дека во случајов
постои ризик фактор(возраста на жената), лекарот требало да
препорача генетско испитување. Доколку постои дефиниран ризик
понатаму да се дискутира за сите репродуктивни опции и генетско
советување.Примарна цел е да се сподели информацијата за понатаму
да се овозможи поголема автономија и избор во репродуктивните
одлуки. Информацијата мора да се презентира на разбирлив начин, во
присуство на двајцата родители/парот.Во овој случај лекарот направил
пропуст, изоставил важна информација за скрининг во бременоста за
Даунов Синдром и покрај тоа што се работи за постара пациентка која е
оптоварена со поголем ризик.

15. Матичен е под постојан притисок од свој пациент


кој боледува од хипертензија и постојано му се јавува
на преглед и телефонски заради висок притисок. Од
друга страна пациетот не ги почитува упатствата од
лекарот, ниту пак ја пие редовно терапијата. Лекарот е
иритиран, особено заради непријателскиот и
агресивен однос на пациентот и одбива да го лекува.
Одговор.
Пациентот не ги применува препораките на лекарот, од друга страна
постојано се жали.

Поради несоодветно однесување на пациентот, прво лекарот


внимантелно, но решително го предупредува. Во краен случај, доколку
пациентот ги премине сите граници со своето однесување, лекарот може
да го прекине процесот на лекување, освен ако е неопходна итна мед.
помош. Лекарот има право да побара изземање од натамошното
лекување на пациентот, доколку смета дека пациентот поставува барања
во спротивност со правилата на професионално работење и ги нарушуваат
начелата на Кодексот на мед. етика и доколку смета дека неговите
стручни способности не се доволни за давање на потребната лекарска
помош, што пациентот ја бара.

Изземање лекарот го бара во писмена форма од раководителот на


здравствената институција.

16. Лекар со положен стручен испит и лиценца за


работа во својата амбуланта на пациентите им
препорачува хомеопатско лекување убеден дека тоа
може само да им помогне на своите пациенти, освен
тоа во весници и во пропагандни ливчиња го
промовира својот начин на лекување.
Одговор.
Хомеопатијата е форма на алтернативна мед. и нема мед. докази дека
навистина има ефект и е контрадикторна со конвенционалната
медицина. Лекарот во никој случај не смее да ги насочува пациентите
кон друг начин на лекување кој не е во согласност со неговата
професија. Лекарот не смее својата работа да ја користи за лични
намени или за некаква корист. Морално-етички не е дозволено
лекарот да ги стави својата професија и проф. контакти во функција на
сосптвена или туѓа афирмација.Вршење пропаганда и промовирање на
ваков алтернативен тип на лекување не е во согласност со професијата
лекар. Да, тој може да ги информира дека постои таква терапија,
можеби пациентот ќе има корист од тоа, но никако дека на тој начин ќе
се излекува или дека е замена за регуларната терапија.

17. Сопственик и директор на приватна болница бара


од лекарите постојано да го зголемуваат бројот на
извршени дијагностички скапи процедури. Договор со
ФЗО не го потпишуваат, заради тоа што не им
одговараат цените на услугите. Персоналот одлично
заработува, а е платен според извршена работа.
Одговор.
Лекарот е должен да врши соодветни лекарски услуги, притоа
здравјето и животот на пациентот да претставуваат највисок
императив, а не материјалната придобивка. На ова свечено се
заколнува. Лекарот не смее да го злоупотреби влијанието кое го има
над пациентот. Во овој случај, лекарите во приватната болница се
однесуваат апсолутно неетички, но тие се притиснати од
сопственикот/директорот на болницата кој тоа им го налага, а
истовремено и од начинот на плаќање, така што извршуваат
непотребни скапи дијагностички испитувања, со што ги кршат
основните начела на лекарската дејност. Лекарот е должен да ги
почитува етичките норми во својата професија, и да се бори во секоја
пригода кога има непочитување на истите.Но, тоа не е секогаш така!

18. Пациентка на 60 годишна возраст


дијагностицирана со миом на матка. Докторот и
препорачува операција, но и дава можност да избере
сама дали ке се оперира или не. Пациентката не сака
сама да одлучи, затоа што смета дека докторот
најдобро знае.
Одговор.
Лекарот често решава за чувствителни прашања што се однесуваат на
човековото здравје и живот, но не смее да се меша во одлуките на
пациентот.Вослучајов,лекарот е должен да ја информира својата
пацинетка што е најдобро за неа и за нејзиното здравје,и што тој
препорачува но во никој случај не смее да донесува одлука во нејзино
име и треба да остави самата да го има последниот збор. Со оглед на тоа
што секој пациент има право да одлучува за сопственото здравје и живот,
дефинирано во Законот за правата на пациентите.
19. Болницата бара од сите родилки да направат тест
за ХИВ во последниот триместар, пред да бидат
примени за породување. Пациентка во трета
бременост, одбива да го направи тестот затоа што
смета дека не е потребен.
Одговор.
Ако во болницата има такво правило, на пацинетката треба да и се
објасни дека тоа е само мерка на претпазливост, ништо друго. Ако
претходно правела и бил негативен тестот, да и се објасни дека тоа
ништо не значи, дека можла да се зарази било кога. Ако и понатаму
одбива, во тој случај, изборот на пациентката треба да се почитува,тоа
е нејзино право, а лекарите ќе ја третираат како позитивна и се должни
да ги превземат сите мерки на заштита на највисоко ниво и ќе ја
примат за породување. На тој начин ќе се заштитат себе, а и другите
пациентки.

20. 3 годишно дете боледува од леукемија. При


последниот прием од болницата една недела е во
одел за интензивна нега, приклучен на апарати. После
утврдување на мозочна смрт родителите одбиваат
апаратите да се исклучат и да се прекине со
лекување, со образложение дека детето е сеуште
живо и дека тоа е еутаназија.
Одговор:

Мозочна смрт е дефинитивна смрт.Состојба на иреверзибилен губиток


на сите мозочни функции. Но, ваквото дефинирање на смрт на мозокот
од медицински аспект многу се коси со она што семејството е
подготвено да го прифати како дефинитивен став. Лекарите се должни
фамилијата да ја информираат за состојбата во која се наоѓа нивното
дете и на разбирлив начин да им објаснат што значи мозочна смрт, но
откако таа ќе биде константирана и потврдена по одредени
критериуми и правила, во присуство на невролог. Треба да им се каже
деа нема спонтана раб. на срце и дишење,туку дека се одржува со
апарати. Ако и понатаму родителите одбиваат нивното дете да се
исклучи од апарати, неопходно е да се повика лекарски конзилиум и
комисиски да се донесе конечна одлука.

Понатаму, ако има можност да се разговара за земање на органи за


трансплантација. Дека лицата со мозочна смрт се потенцијални
донори. Ако починато лице е на листата на дарители лекарот го
известува семејството на починатиот за намерата за пресадување на
делови од телото на починатиот во терапевтски цели. Доколку лицето
не е на листата на дарители се бара изјава од најблиското семејство на
починатото лице, доколку се согласуваат, деловите од телото на
починатиот да се искористат за пресадување, однонсо за терапевтски
цели.

You might also like