You are on page 1of 37

Медицинсkа

етика
ПРОФ.Д-Р ЗЛАТКО ЈАЌОВСКИ
Компетентност во професијата
Секоја интеракција и комуникација меѓу медицинарите и пациентот има
морална компонента.

Компетентноста на лекарот во биоетиката е предуслов за вреднување на


неговата компетентност во струката.
Почетоци
Традиционално медицинската етика се однесува на прашања кои
докторите ги дефинирале сами за себе, од лична перспектива.
Се разбира дека нивното однесување било под влијание на стандардите
на средината и времето во кое живееле.
Почетоци
Основните принципи на медицинската етика се формирани уште од
почетоците на медицината.
- лекарот треба да работи во интерес на пациентот најдобро што може
- притоа да нанесе најмалку штета по неговото здравје и живот.
Историја
Системот на вредности во медицинската етика има долга традиција за
чии почетоци има траги во документите во Кина и Античка Грција.
Кина
Постојат записи од Х век пр.н.е.во кои е наведено дека медицината
почнала да се дистанцира од магијата врз база на развивање на знаење
базирано на искуство и професионални способности.
Народни доктори
Немале обука ниту школо, немале лиценца туку работеле според нивното
знаење, умешност и совест.
Немале болници или амбуланти, оделе од пациент до пациент
Конфучие
Медицината е уметност
Основна особина на докторот треба да е добронамерност и љубов кон
луѓето.
- секој пациент да се лечи рамноправно со другите, без разлика на
социјалниот статус, фамилијата, изгледот, годините
Хипократова заклетва
И денес се користи модифицирана верзија на заклетвата, во некои универзитети сеуште
идните доктори даваат заклетва, иако дел од одредбите денес се неприфатливи
Правци во етиката
Постојат повеќе школи и правци во медицинската етика, кои се
раководат од дефиницијата приоритетите и вредности кои се оценуваат
како врвни
Утилитаристички
Најдобар исход за најголем дел од луѓето

Фокусот е поставен на исходот на одлуката


Деонтолошки
Почитување на основните и универзални принципи
Фокусот е поставен на процесот на одлучување
Доблест
Да постапуваш најдобро што можеш во положбата во која се наоѓаш
Фокусот е поставен на човечкиот карактер и неговите вредности
Што е етика
Филозофска научна дисциплина која се занимава со проучување на
вредностите на животот.
- Што е добро, што е лошо
- Цели и идеали
- Смислата на животот
- Позитивните особини – чесност, хуманост, добрина, вистина, должност
- Критички ги обработува моралните норми
Што е морал
Непишани општествени норми врз кои луѓето го базираат своето
расудување и однесување кон заедницата.
Религијата и моралните норми се најстар облик на општествена свест.
Систем на ставови, мислења , верувања
Морален суд
Оценување на однесувањето и постапки врз основа на моралните норми
◦ Чесен / нечесен
◦ Праведен / неправеден
◦ Вистинољубив / лажливец
◦ Морален / неморален
Морални санкции
Награди или казни од средината
◦ Почит
◦ Изолираност
◦ Потеценување

Внатрешни санкции потекнуваат од совеста


◦ Грижа на совест
Морал / етика - синоними?
Моралот е дел од културата, како правила на однесување и навики

Етиката е критично испитување на моралните прашања


Слепо се прифаќаат традиционалните и културни вредности кои се
сметаат за стандард на моралноста,
а се одбива се што се коси со конкретниот систем на верувања.
Некои сметаат дека етиката е вродена, други дека е стекната, трети дека
е духовна особина

Етиката се учи.....
Етички вредности
Морална аксиологија – наука за моралните ведности
Лични норми – пристојност, умереност, коректност, стабилност,
интегритет
Норми во однос кон другиот – разбирање, почитување, емпатија, помош,
лојалност, искреност
Норми во заедницата – човечност, толеранција, ненасилство,
солидарност, подршка
Моралните и етички вредности
Не се доволни да го насочат докторот за справување со моралните
дилеми со кој тој се соочува во тек на практицирањето на својата
професија.

Да се поседуваат позитивни етички вредности не е доволна рамка во


која може да се обезбеди успешен начин на справување со етичките
дилеми во бројни ситуации кога треба да се донесат важни медицински
одлуки.
Медицинска етика
Ги проучува принципите и правилата на однесување со кои треба да се
раководи докторот во тек на извршување на својата работа, во
донесување одлуки што е исправно, што е дозволено, а што не е, што е
добро, а што лошо.
Медицинска деонтологија

Научна дисциплина за должноста на медицинските работници


Медицинска етика
Медицинско право
Медицинска етика и биоетика
Се употребуваат како синоними, но се разликуваат според фокусот на
нивниот интерес на проучување
Медицинската етика
Се развивала паралелно со развојот на медицината
Се фокусира на моралните и етички прашања кои произлегуваат од
праксата, односот со пациентите, нивните права и должност на лекарите
Биоетика
Се равива во последните децении паралелно со технолошкиот и стручен
развој на медицината
Фокусот на интерес е поширок од оној на медицинската етика
Се однесува на повеќе научни гранки покрај медицината: биологија,
биотехнологија, ДНА технологија, ветеринарство.......
Топиците од интерес во голем дел се однесуваат на новите технологии и
научно истражувачката работа.
Основни принципи на медицинска
етика
•Авотномијата на пациентот
• Информирана согласност, доверливст, добра комуникација
•Добробит на пациентот
• Во најдобар интерес на пациентот
•Да не се наштети
• Примум нон ноцере – проценка на ризикот и бенефитот од третманост и
минимизирање на штетните последици
•Праведност
• Третман базиран на правата, законите и дистрибутивната правда
Што е целта на изучувањето на
медицинската етика
Не дава конечни одговори
Алатка за анализира на етичка дилема за секој случај одделно
Запознавање со етичките кодекси и декларации
Анализа на етичка дилема
1. Препознаваање на дилемата и нејзина формулација
2. Обезбедување на потребни информации – медицински правни,
ставови на фамилијата и пациентот
3. Анализа на собраните податоци и формулираање на аргументи
4. Можни решенија и препораки
Разрешување на етичка дилема
Анализата мора да се базира на основните етички принципи, да се
формулира проблемот и да се обезбедат вредни аргументи
Мора да се води сметка за медицинските факти, правните процедури,
законски одредби, човековите права.
Анализа на случај
Пацент 65 години стар, боледува од диабет тип 2, кој лошо го контролира.
Не ги запазува закажаните контролни прегледи и после 6 месеци се јавува
со болки во нозете. Докторот утврдува дека има периферна васкулана
болест и дека постојат знаци за гангрена на левата нога. Упатен е на
преглед кај васкуларен хирург, кој смета дека треба да се
направи ампутација на ногата до колено. Пациентот одбива и се враќа
дома.По десет дена повторно е примен во влошена сосстојба , септикемија
и коматозен. Докторот ја дискутира состојбата со фамилијата и тие сакаат
да се направи ампутација. Како треба да се постапи?
дискусија
•Во историјата на болест од првиот прием постои документ со кој пациентот
одбива операција. Од друга страна, операцијата ќе му го спаси животот што
е и основна заложба на секој доктор – да направи се во интерес на
пациентот.

Конфликт на интереси
- право на одлучување и автономија на пациентот
- докторот е должен да работи во интерес на пациентот
Дилема
•Ако се почитува принципот на автономија на пациентот и неговото право да
одлучува за начинот на лекување, пациентот нема да се оперира
•Ако се почитува должноста на лекарот да работи во интерес и за добробит
на пациентот, ампутацијата треба да се изврши
Фамилијата бара операција
•Чија одлука треба да се почитува
•Докторот е должен примарно да го почитува мислењето на пациентот
•Дури и кога се бара согласност од фамилијата кога пациентот не е способен
сам да го даде, одлуката треба да се базира врз претпоставената воља
на пациентот.
Дилема
•Ако се почитува принципот на автономија на пациентот и неговото право да
одлучува за начинот на лекување, пациентот нема да се оперира
•Ако се почитува должноста на лекарот да работи во интерес и за добробит
на пациентот, ампутацијата треба да се изврши
Title Lorem Ipsum

LOREM IPSUM DOLOR SIT AMET, NUNC VIVERRA IMPERDIET ENIM. PELLENTESQUE HABITANT MORBI
CONSECTETUER ADIPISCING ELIT. FUSCE EST. VIVAMUS A TELLUS. TRISTIQUE SENECTUS ET NETUS.

You might also like