You are on page 1of 4

Алцхајмерова болест

Алцхајмеровата болест претставува невродегенеративно заболување на мозокот, кое


е пратено со уништување на голем број на нервни клетки (неврони) што доведува до
губење на значаен дел од мозочната маса, а како резултат на тоа се појавуваат и
развиваат и специфични клинички симптоми кои одговараат на ова заболување.
Алцхајмеровата болест претставува хронично дегенеративно заболување кое
предизвикува постепено и неповратно губење на памтењето, говорот, ориентацијата
во време и простор, а во понапреднат стадиум и грижата за самите себе си.
Во однос на возраста обично се јавува кај луѓето над 65 годишна возраст и е одговорна
за 60 проценти од дементните заболувања следена од васкуларните деменции на
второ и алкохолната деменција на трето место. Во однос на прогнозата на
Алцхајмеровата болест таа во просек трае од 7 до 10 години од моментот на
дијагностицирање, но во одредени случаи крајниот стадиум може да се постигне и за
4-5 години, но исто има случаеви на болни живеат и до 20 години, а тоа се должи на
возраста на пациентот, брзината на болеста, присуството на евентуални други
заболувања и коморбидитети и други фактори.
Етиологија
Етиолошките причини кои учествуваат во развојот на Алцхајмеровата болест сеуште
не се прецизирани, но од досегашните истражувања може да се заклучи дека големо
влијание има генетиката. Влијанието на генетиката може да се согледа во фактот дека
кај луѓето во чии што семејства ја имало оваа болест имаат поголема веројатност и тие
да ја добијат во текот на животот. Од генетски аспект востановена е една варијанта на
генот АпоЕ кој се наоѓа на 19-от хромозом. Најчеста верзија на овој ген во општата
популација е АпоЕ3, додека кај поголем дел од пациентите со Алцхајмер го носат т.н.
ген АпоЕ4. Покрај тоа, откриени се и генетски мутации на уште три гени (пресенилин1,
пресенилин2 и амилоиден прекурсор протеин АРР). Промената во овие 4 гени водат
до таложење во форма на наслаги на бета-амилоидни пептиди со променета
конфигурација, кои се натрупуваат во самиот мозок и ги оштетуваат невроните. Други
причини кои имаат улога во настанување на самата болест се одредени здраствени
проблеми кај луѓето како што се зголемениот крвен притисок, артериосклерозата,
трауматски повреди на главата, хиперлипидемии (покачен холестерол), начинот на
исхрана (почеста е АБ кај пациентите кои се хранат со калорична храна од животинско
потекло од колку оние кои конзумираат вегетаријански тип на исхрана).
Симптоми и стадиуми на АБ
Симптомите кои се јавуваат при Алцхајмеровата болест се многубројни и разновидни
кои зависат од повеќе фактори како што се: општата здраствена состојба на пациентот,
возраста и стадиумот во кој се наоѓа самата болест.
Според Американскиот национален институт за стареење постојат 7 предупредувачки
знаци на болеста тие се:
- Повторување на едни исти прашања
- Повторување на една иста приказна
- Заболениот не знае да извршува одредени секојдневни активности пр. готвење,
играње карти, управувавње со далечински управувач и др.
- Заболениот не знае да раководи со пари, сметки, математички операции и др.
- Заболениот не може да најде одредени предмети ги сместува на невообичаени места
и мисли дека други лица ги преместиле истите.
- Запоставување на сопствениот надворешен изглед
- Болниот одговара на прашања со истото прашање кое му е упатено нему.
Преддементен стадиум
Дури и до 8 години пред дефинитивната дијагноза на Алцхајмер, можат да се утврдат
невропсихолошки испади. Најлесно препознатливи се проблемите со краткотрајното
помнење и запомнувањето на нови информации. Во некои случаи, уште во овој
стадиум, засегнати се разбирањето на говорот и следењето на сопствените цели.
Типични се нарушувања на афектот, како што се депресијата, рамнодушноста и
незаинтересираноста.
Ран и среден стадиум
Кај повеќето пациенти, намаленото помнење и учење водат до поставување на
дијагнозата]Најсилно засегнати се краткотрајното помнење и учењето, додека
долготрајното помнење, вообичаените активности и емоционалните доживувања се сè
уште зачувани.Говорните способности кај болниот се општо намалени, а тоа се
манифестира преку намален лексикон и отежнат говор. Постои несигурност при
фините моторни движења, кои доаѓаат до израз при пишување, цртање или
облекување.Во средниот стадиум, дел од пациентите се сè уште способни самостојно
да функционираат, но зависат од туѓа помош при сложени активности.
Напреден стадиум на деменција
Во напредниот стадиум на болеста пациентите ги губат стекнатите способности и не
можат да ги препознаат личности и предмети.Неосновани напади на бес и насилство
можат да се сретнат дури и кај пациенти кои пред заболувањето биле мирољубиви.
Мускулатурата кај пациентот постојано се разградува. Тоа води до понатамошни
говорни проблеми, уринарна и дефекациона инконтиненција како и постојано
намалување на подвижноста на пациентот, за на крај пациентот да стане „врзан за
кревет“. Дури и при извршување на наједноставните активности, на пациентот му е
потребна помош. Болеста води до смрт, која често настанува како резултат на
белодробни инфекции или миокарден инфаркт.
Дијагноза на АБ
Алцхајмеровата болест дефинитивно може да се потврди со хистолошки преглед на
мозочното ткиво, но оваа процедура може да се примени само постмортално. Поради
тоа се превземаат други техники за дијагностицирање на АБ. Во самиот почеток на
дијагностиката треба да се исклучат сите можни причинители кои може да доведат до
губење на памтењето како мозочен удар, депресија, алкохолизам, употреба на дрога и
др. Потоа пациентот се испитува и со други методи како што се имиџинг техниките (КТ,
НМР, скен) за да се исклучат и евентуални други пореметувања. Во следната фаза кај
пациентите суспектни за АБ се врши детален невропсихолошки преглед кој е така
дизајниран да ја процени способноста на пациентот да извршува одредени ментални
активности. Преку овие тестови може да се заклучи дали пациентот покажува знаци
кои одат во прилог на АБ, како што се нарушувања на когнитивните функции
(помнење, говор, перцепција, внимание, конструктивни способности, ориентација и
решавање на одредени проблеми. Задолжително потребно е да се разговара и со
членови од потесното семејство како би се дознало повеќе за јавувања на одредени
заболувања во семејството кои би можело да биде од помош во поставување на
дијагнозата.
Лекување
Конкретен лек за Алцхајмерова болест не постои, па затоа менаџирањето на болеста
вклучува употреба на фармаколошки третман со цел подобрување на когнитивните и
некогнитивните симптоми. Лековите само ја забавуваат прогресијата на болеста и го
помагаат одржувањето на когнитивните функции и превенираат или намалуваат
инциденца на нарушено однесување. Исто така го подобруваат квалитетот на животот
и независноста на пациентот колку може подолго. Важно е пациентите или нивните
негователи да бидат едуцирани и информирани за правилното администрирање на
лековите, несаканите реакции од нивна употреба, и како да постапат при одредени
несакани реакции и настани.
Постојат 2 класи на лекови што се употребуваат во третман на одредени когнитивни
симптоми на Алцхајмеровата болест.
-Инхибитори на ацетилхолинестераза (donepezil, rivastigmine, galantamine)
-Антагонисти на N-метил-D-аспартат (memantine) кој е одобрен за употреба во третман
на АБ со умерен до тежок облик на симптоми самостојно или во комбинација со
donepezil.
Како болеста напредува пациентите можат да се соочат со специфични симптоми и
промени во однесувањето (депресија, халуцинација, агитација, нарушувања во сонот).
Во таков случај кај пациентите може да се дадат и други класи на лекови како:
анксиолитици, антипсихотици, антидепресиви, и др.

You might also like