You are on page 1of 1

Spina bifida

Означува непотполно затворање на страничните лаци на прешлените најчесто во лумбосакралната регија.


Може да биде отворена со дефект на кожата и затворена.
Отворена спина бифида
Често пролабираат мозочните обвивки - менингоцела, а нешто поретко пролабираат и рбетниот мозок со
спиналните нерви – миелоцела (менингомиелоцела).
Затворена спина бифида
Кај затворената spina bifida на кожата во лумбосакралната регија има хиперпигментација или зголемена
влакнатост, хемангиоми, липоми.
Во локалниот наод е важно да се утврди дали се оштетени менингите затоа што тогаш брзо се развива
менингитис. Присутни се болки во долните екстремитети, пореметена инервација, аномалии во растот и
во функцијата на мочниот меур.
Третманот е хируршки. Прогнозата е добра кај менингоцела, а полоша кај миелоцела. Можна е
пренатална дијагностика. Превенцијата за дефекти на невралната туба е можна со внес на 0,4 мг фолна
киселина најмалку 2 месеци пред зачнување и во текот на бременоста. Кај жена која веке родила дете со
расцеп на неуралната цевка се препорачува 10 пати поголема доза - 4 мг фолат/ден.

You might also like