You are on page 1of 24

ХИРУРГИЈА НА ГЛАВАТА И

МОЗОКОТ
Анатомско-физиолошки потсетник
Мозокот е сместен во затворена кутија која ја
сочинуваат: поглавината(epicranium) претставена
од кожа, поткожно ткиво и галеа.Овие делови се
добро васкуларизирани од а.carotis externa и
коските( cranium).
На самата коскена кутија разликуваме покрив
(calvaria) и база.
Коските на калваријата се плоски и рамни а базата
е поделена на три спрата и тоа предна, средна и
задна черепна јама.
Мозокот е обвиткан со 3 опни : pia mater, dura
(најцврста обвивка ) mater и arachnoidea.
Просторот помеѓу арахноидеата и pia mater
се нарекува субарахноидален простор кој е
исполнер со ликвор а просторот помеѓу
дурата и арахноидеа се нарекува
субдурален простор.
Големиот мозок е поделен на две хемисфери.
Секоја хемисфера има фронтален (центар
за говор, ориентација, памтење,
интелигенција), париетален резен (центар
за сензибилитет, читање и препознавање
на форма на предмети ), темпорален резен
(центар за слух, разбирање на говор, вкус и
мирис ) и окципитален резен (центар за
вид).
Двете хемисфери се сврзани со corpus
callosum а мозочното стебло се состои од
pons ( мост), mesencephalon и medula
oblongata. Во мозочното стебло се наоѓаат
јадрата на краниалните нерви и
поминуваат сите главни моторни и осетни
патишта.
Малиот мозок се наоѓа во задната черепна
јама и има функција во одржување на
рамнотежа .
Мозокот има и 4 комори: две латерални,
трета и четврта комора.
Дијагностички методи во
неврохирургија
1.Електроенцефалографија-се регистрира
биоелектрична активност на мозокот.
(дијагноза на тумори и епилепсија)
2.Ехоенцефалографија-поместување на
медијалните структури со употреба на
ултразвучни бранови. ( хидроцефалус и
пострауматски компресивни крварења)
3.Церебрална артериографија-со примена на
контраст по што се прави рентгенско
снимање (анеуризми, артерио-венски
малформации и тумори)
4.GAMA- Енцефалографија- се дава изотоп и.в
и се врши скенирање на главата во повеќе
правци со гама камера (менингеоми,
метастази)
5.Компјутеризирана аксијална томографија-
акутни краниоцеребрални повреди
6.Миелографија-заболувања на медула
спиналис.По пат на пункција се вбризгува
контраст и се прави RTG снимка.
Некои типични операции
1.Краниотомиа-оперативно отварање на черепот
со рачен или електричен борер.По завршување
на интервенцијата коскеното прозорче се враќа
на своето место (остеопластична трепанација )
а при остекластична краниотомија се прави
еден отвор кој потоа се проширува со
одголување на коската )
2.Микроневрохирушки операции-се вршат
со оперативен микроскоп најчесто на
крвните садови на мозокот и на
кранијалните и периферните нерви.
3.Ламинектомиа-оперативен пристап кој
рбетниот мозок и рбетниот канал најчесто
за отстранување на тумор на
медуласпиналис или дискус хернија.
Вродени аномалии на главата и вратот

• Избочување на мозочните обвивки


(meningocela) , мозочните обвивки и дел од
мозокот (meningoencephalocela) или мозочните
обвивки, дел од мозокот и дел од мозочните
комори (meningoencephalocystocela)
• Лекувањето е оперативно.
Повреди на главата и мозокот
-краниоцеребрални повреди-
Повредите без разлика дали се затворени
или отворени ги имаат истите
карактеристики како и повредите со друга
локализација.
Она што ги карактеризира овие повреди е
нивното брзо зараснување како резултат на
богата васкуларизација.
Најчеста причина за овие повреди е тапа
траума под дејство на јака механичка сила.
Краниоцеребралните повреди ги делиме на
две големи групи:
-отворени краниоцеребрални повреди –кога
постои комуникација со надворешен
свет.Доколку не е оштетена дурата тогаш се
непенетрантни а доколку е оштетена
пенетрантни.
-затворени-најчесто настануваат со дејство на
тапа сила и нема комуникација со
надворешен свет.
Повреди на череп и поглавина
Најчести повреди на черепот и поглавината се
1. Cephalhaematom-последица на родилна
траума.Се јавува неколку часа по раѓање при
што се гледа ОТОК на еден дел од главата.Ако
е помал сам се ресорбира ако е поголем
потребна е пункција и евакуација.
2.Фрактури на череп-Можат да бидат
отворени и затворени а според изглед
линеарни и импресивни.
• Fractura cranii linearis-како последица на
глобално дејство на сила,пад, удар со тап
предмет, сообраќајна несреќа.На местото
на преломот има оток а ако е отворена
фрактура има и рана.
Дијагнозата се поставува со краниограм во 2
правци.
Терапијата е конзервативна и зависи од
степен на оштетување.Кај отворени
фрактури е потребна хирушка обработка на
рана и сутура.
• Fractura cranii impressiva-настанува при
локално и ограничено дејство на јака
механичка сила (удар од чекан).
Карактеристика на оваа фрактура е тоа што
дел од скршената коска е втисната во
внатрешноста на черепот.При затворени
повреди имаме оток и палпаторна
осетливост а при отворена видливи се
импримирани коскени фрагменти.
Дијагноза-краниограм
Лекување-оперативно (дезимпресивна
трепанација)
• Фрактура baseos cranii-при глобално дејство
на јака механичка сила (пад на глава)
1.Кршење на базата на предна черепна јама-
секогаш се отворени повреди со оток на
челото, крвен подлив на очните капаци,
крварење на носот и устата.Доколку имаме
истекување на ликвор од носот имаме
повреда и на дурата.При оваа фрактура
можат да бидат оштетени олфакторниот,
оптичкиот, окуломоторниот, трохлеарниот и
абдуценс од кранијални нерви .
Лекувањето е конзервативно со мирување,
давање на антибиотици а хирушки при
импресивна фрактура или при постоње на
ликворна фистула.
2.Кршење на базата на средна мозочна јама-се
манифестира со крвен подлив позади ушната
школка, со крварење од увото или течење на
ликвор од него.Можат да бидат оштетени
фацијалниот и слушниот нерв. Повредата на
фацијалниот нерв се одликува со појава на
периферна парализа (искривување на устата со
неможност да се затвори окото и да се набере
челото)
Терапијата е конзервативна а оперативна во
случај на ликворна фистула или парализа на
фацијален нерв (декомпресија и ослободување
на нервот )
• Компликации :
Рани и доцни-ендокраниално компресивно
крварење, при отворени фрактури често
постои опасност од инфекции како
менингитис и пострауматски абсцес и често
се јавува ликворна фистула.
Ви благодарам на вниманието

ПРАШАЊА ?

You might also like