You are on page 1of 5

Нервен систем

1.Нервниот и ендокриниот систем се регулатори на процесите во организмот, тие вршат детекција


на информациите, ја регистрираат секоја промена што потекнува од надворешна или внатрешна
средина и соодветно реагира на нив.

2. Нервниот систем е изграден од централен и периферен дел. Централниот се состои од ‘рбетен и


черепен мозок, а периферниот го сочинуваат сите нерви кои носат нервни импулси и во зависност
од начинот на рекулирање е поделен на цереброспинален и вегетативен дел.

3. Неврон-основна единица во градбата на нервниот систем. Невроцит е тело на нервна клетка со


јадро во невроплазмата и заедно со дендритите ја градат сивата маса. Аксони ја сочинуваат
белата маса од нервното ткиво и учествува во спроведувањето на импулси на големи растојанија.
Дендрити се куси продолжетоци кои ги собираат нервните импулси од една или поќе соседни
клетки и ги спроведува до телото на неервната клетка. Шванова обвивка е обвивка која
наизменично се стеснува и формира ранвиерови стеснувања,таа продуцира миелин. Миелинската
обвивка имаат нервните влакна кои се бели. Амиелински нервни влакна тие се сиви и имат само
Шванова обвивка.

4. Невроните се делат на сензитивни неврони-пренесуваат нервен импулс од рецепторните клетки


до ‘рбетниот или черепниот мозок , интерневрони- пренесуваат нервни импулси од ‘рбетниот до
черепниот мозок и обратно, моторни неврони- пренесуваат нервни импулси од ‘рбетниот и
черепниот мозок до ефекторните органи.

5. Во услови на мирување мембраната е непопустлива за јоните на Na навнатре, а незначително


попустлива за јоните на К нанадвор. Мембраната има влезни врати каде преку канали јоните
можи да се транспортират во спротивна насока. Кога мембраната е во мирување нема движ. на
јоните и таа однадвор е електропозитивна , а одвнатре е електронегативна и ова се означува како
мембрански потенцијал . Клетката прима импулс, мембраната станва попустлива за Na навнатре.
Вратите за Na јони ( Na- пумпа) се отворат и Na влегва во цитоплазмата. Со влегвањето на Na, се
менва јонската концентрацијаво клетката и зато се отворст вратите за К. К излегва од клетката
надвор (К- пумпа) во екстрацелуралната течност. Ова води до деполаризација (внатре +, надвор -).
Потенцијалната разлика шо се создава е причина за менвање на мембранскиот потенцијал во
акциски и тој како нервен импулс се движи долж нервната клетка.

6.Има 4 нивоа: прием на инф, спроведување на инф, нивно толкување и одговор. Прво ниво-
приемниците за нервни стимули- рецептори преку нив се остварува врската меѓу организмот и
надворешната средина. Второ ниво- нервни патишта за спроведување на нервните импулси од
рецепторите до нервните центри или од анализаторот до органите што треба да одговорат на
дразбата. Трето ниво- анализаторот(нервниот центар) во него се интегрираат и обработуваат
нервните импулси преку дефинирање на видот на дразбата, анализа и определување на
нејзиниот квалитет, тоа се овозможува со интерневроните во цнк од каде се добиваат наредбите.
Четврто ниво- ефекторите, кои како одговор на примениот стимул ја извршуваат наредбата преку
реакцијаа на мускулите или жлездите.

7. Рецепторите се приемници на дразби за промените кои настануваат во надворешната и


внатрешната средина. Особини: способност за примање адекватна дразба, праг на дразба или
најмал интензитет на дразба кој може да го надразни рецепторот, способност да го определат
интензитетот и квалитетот на нервна стимулација и способност за адаптација на интензитетот на
дразбата.

8. Сетилото за слух содржи фонорецептори преку кои се прима механичката дразба во вид на
звучни бранови. Има надворешно, средно и внаатрешно уво. Звучните бранови низ уввото се
движат во 3 етапи. Прва етапа звучниот сигнал оди низ надворешното уво- слушната школка ги
прифаќа и насочува звучните бранови во надворешниот слушен канал кој завршува со барабанова
мембрана кој под дејство на звучните бранови трепери/вибрира. Втора етапа- вибраците одат низ
средното уво- трепеерењето на барабановата мембрана ги пренесува преку систем од лостови на
трите слушни ковчиња узенгија наковална и чеканче и узенгијата ги пренесува вибраците до
овалното окло и звучните бранови се пренесват врз перилимфата во полжавот од внатрешното
уво. Трета етапа- примање и спроведување на звучните вибраци- тие од перилимфата одат до
ендолимфата од слушниот полжав и таму на базалната мембрана е сместен Кортиевиот орган со
фонорецепторите кои имат трепки кои се ндразнуваат со треперењето. Аксоните на нерв.клетки го
градат слушниот нерв преку кој се пренесува импулсот до слушниот центар.

9. Сетилото за вид има фотосензибилен пигмент родопсин кој овозможува примање на


светлосната енергија. Сетилото за вид е изградено од надворешна обвивка(рожница и белка),
средна обвивка(шареница, цилијарно тело и садовица), внатрешна обвивка(пигментен слој и
мрежница- жолта дамка и фоторецепторни клетки чунчиња и стапчиња) и заштитни и помошни
делови (очни капаци, очни мускули и солзен апарат). Светлосната енергија се движи во окото во
три етапи. Прва етапа- светлината врви низ проѕирната рожница и продолжва низ зеницата до
леќата. Втора етапа- во леќата светлината се прекршва и се проектира до задниот дел на очното
јаболко во жолтата дамка на мрежницата. Трета етапа- формираниот лик е превртен и намален и
светлината ја примат стапчиња кои содржат родопсин и таа предизвикува биохемиски промени во
мрежницата разложувајќи го родопсинот и со тоа се овозможува спроведување на нервниот
импулс преку очниот нерв до нервниот центар каде се врши корекција на сликата. Родопсинот
денски се троши а на вечер се синтетизира во присуство на витаминот А.

10. Спроводните нервни патишта влегуваат во градбата на периферниот нервен систем, кој се
состои од соматски и автономен дел. Соматскиот дел е составен од нерви кои излегуваат од
черепниот мозок тоа се главените нерви и нерви кои излегуваат од ‘рбетниот мозок тоа се
соиналните нерви. Главените нерви излегуваат од разл.делови на черепниот мозок и се упатуваат
кон сетилата, мускулите и жлездите во главата.* исклучок е нервот скитник кој преминува преку
градната празнина во стомачната празнина и ги инервира органите за дигестија и респирација.
Спиналните нерви излегуваат од ‘рбетниот мозок и тоа по еден пар од секој сегмент. Секој нерв
има два корена моторен и сензитивен. Сензитивниот има ганглија на определено растојание. Тие
два корени се соединуваат по ганглијата и формираат мешовит нерв кој често се приклучува кон
вегетативниот нерв.

**Нервните импулси се регистрираат од рецепторите, се движат преку сензитивните нерви од


соматскиот дел, кон нервните центри во черепен или рбетен мозок. Одговорот од нервниот
центар кон ефекторот се пренесва преку моторните нерви во обратна насока.

Периферниот и центарлниот нервен систем се поврзуваат преку нервни патишта означени како
‘рбетно- мозочни нервни патишта. Аферентниот нервен пат пренесува импулс од рецепторите,
преку сензитивните нерви влегва во сивата маса од задниот дел на рбетниот мозоки преку мостот
на Вароли се пренесува до средниот, малиот мозок и до меѓумозокот и од таму од ретикуларна
формација продолжват до големиот мозок до примарните нервни центри. Ефернтните патишта
почнуват од примарните центри во кората на големиот мозок се поврзуват со супкортиколните
јадра, поминуваат низ ретикуларната формација и од продолжениот мозок се спуштаат до
‘рбетниот мозок и таму во предниот корен од сивата маса излегуваат моторни нерви кои го носат
импулсот до ефекторите.

11. нервниот центар се дефинира како збир од поќе неврони кои учестуваат во остварување на
некоја определена рефлексна активност.

12. продолжен мозок има 2 пирамиди каде се вкрстуваат моторните н.патишта.Тука е 4 мозочна
комора (дишење, голтање, кашлање, повраќање, кивање)

Мал мозок сивата маса е поставена периферно, белата е одвнатре, тука се котролира работата на
мускулите и рамнотежата

Среден мозок има 4 видови задебелувањатука се центрите за вид и слух

Меѓумозок е поделен на два дела: талус и хипоталамус, кој ја регулира работата на внатрешните
органи и сензитивниот центар

Голем мозок подел е на две хемисфери поврзани со мозочна греда. Кората е составена од три
зони: сензитивна моторна и асоцијативна. Тука се формираат условните рефлекси. И тука е и
лимбичкиот систем кој ги поврзва соматскиот и вегетативниот дел. Напред на кората се наоѓа
центарот за говор.

13.Рефлекс е несвесна реакција на ефекторот при дразнење на рецепторот и е брза реакција. Има
условни и безусловни рефлекси. Разликата меѓу нив е во тоа што безусловните се вродени и тие се
вршат во нижите центри додека пак условните се стекнуваат и тие се вршат во вишите нервни
центри.

14. Рефлексен лак е нервниот пат по кој се движи нервниот импулс од рецепторот до ефекторот, и
се состои од пет елементи: 1. Рецептори( за допир во мускулите) кои ја примаат дразбата, 2.
Сензитивни нерви или качувачки низ кои се спроведува нервниот импулс до ‘рбетниот мозок,
3.синапса во ‘рбетниот мозок меѓу сензитивниот и моторниот нерв, 4.моторни нерви или
слегувачки низ кои се спроведува нервниот импулс до ефекторот, 5. Контракција на
ефекторот( скелетниот мускул).

15.

Одбрамбени Корнеален Продолњен мозок


Пупиларен Среден мозок
На дијафрагма градни мускул. ‘рбетен мозок
ориентациони Лавиринтни Продолжен мозок
Акустични Среден мозок
Врзани за исхрана За лачење диг.сокови Продолжен мозок
Цицање,голтање Продолжен мозок
Дефекација ‘рбетен мозок
Микција ‘рбетен мозок
полови ејакуација ‘рбетен мозок

16.Синапсата е физиолошка врска што се воспоставува меѓу две поларизирани мембрани. Таа се
состои од претсинаптичко нервно влакно , синаптичка пукнатина и постсинаптичко нервно влакно.
Секоја синапса се карактеризира со способност: да ги одбери и насочи потребните нервни
импулси до др синапси или да ги задржи и сумира нервните импусли па да ги спроведи засилени
до др нервно влакно или па можи да ги игнорира веќе познатите информации и со то ја спречва
нивната трансмисија во нервните центри.

17. Има централни и периферни синапси разликата е во то шо се на разл. Локација централните се


во сивата маса на ЦНС а периферните се меѓу нервната, мускулната или епителната клетка.
Периферните имат едноставна градба од едно моторно нервно влакно со една мускулна или
епителна клетка и меѓу има една синапса додека пак централните се сложени оти меѓу
сензитивните и моторните нервни клетки има поќе аксони.

18. Физиолошки разлики кај напречнопругави, мазни и срцеви мускули

Напречнопр.

-контакциите идат од цнс, - инервацијата е преку моторен нерв, -застапени се во скелетната


мускулатура, -одговорни за брзо рефлексно движ. , -прат тетанусни контакции, -имат низок праг
на дразба, - имат голем степен на надразливост, - невротрансмитерот во синапсите е
ацетилхолинот

Мазни

-контракциите идат од внс, -двојна инервација имат преку симпатичен и парасимпатичен нерв, -
застапени се во висцералната мускулатура, крвни садови и зеницата, - прат бавни контракции, -
контакцијата на една гр. мускули ја пренесват на др пр е перисталичкото движ. на цревата, -прат
спонтана контракција, - невротрансмитери се ацетилхолин, норадреналин и адреналин.

Срцев

-контакциите се автоматски под контрола на внс, -двојна инервација преку симпатичен и


парасимпатичен нерв, -брзината на движ. е разл. во коморите е побрзо, -висок праг на дразба, -
ритмични,поединечни контакции, - имат рефрактерност- срцевиот мускул ко ќе е во контракција и
не прима др. дразба и тогаш е ненадразлив.

19. Соматскиот дел ги контролира и усогласува функциите на скелетните мускули поврзани со


свесните физиолошки пороцеси( движење, трчање, пеење...). Автономниот дел ги регулира и
координира неволевите активности на виталните органи( работа на срцето, дишење...).

20. Симпатичкиот дел од внс се состои од 21-23 пара ганглии има центри во цнс и ‘рбетниот мозок.
Ја одржува хомеостазата на внатрешната средина преку стимулирање секреција на ендокрините
жлезди. На симпатичките завршетоци се излачува норадреналин и затоа се викат адренергични
нерви.
Парасимпатичкиот дел од внс се состои од нервни центри сместени во цнс, јадрата на черепниот
продолжениот мозок и во крсниот регион од ‘рбетниот мозок. Од центрите на парасимаптичкиот
дел поаѓа нерот скитник кој има најмн. нервни влакна и е најдолг нерв, од него се издвојват
парасимпатички влакна во сите органи на врато, стомачната празнина, градната празнина, а
нервите кои излегват од крсниот регион ги стимулират органите во карлицата. Од завршетоците се
ослободува ацетинхолин и зато се викат холинергични нерви. И овај дел учествува во одвивање
на заштитните рефлекси како и во одржувањето на внатрешна рамнотежа.

You might also like