You are on page 1of 2

СТРУКТУРА НА НЕРВЕН СИСТЕМ

Централниот, периферниот и автономниот нервен систем се основните делови на


целокупниот нервен систем.

* Централниот нервен систем го сочинуваат 'рбетниот (спиналниот) мозок и сите други мозоци
сместени во главата;

* Периферниот нервен систем е составен од 12 пара кранијални и 31 пар спинални нерви;

* Автономниот нервен систем структурно е инкорпориран во централниот и периферниот


нервен систем а неговата поделба е функционална. Неговото функционирање не е под контрола на
свеста и се однесува на управувањето , регулацијата и контролата на срцевиот мускул, мазните
мускули и жлездите преку симпатикусните и парасимпатикусните влакна.

Човечкиот мозок е составен од комплексна мрежа на неврони . Овие неврони служат како
градежни блокови на нервниот систем, пренесувајќи информации до и од мозокот и низ телото.

НЕВРОН - претставува основна структурна единица на нервниот систем.

Периферниот нервен систем го сочинуваат долгите сензорни (аферентни, доводни) влакна и


моторни (еферентни, одводни) влакна.

Централниот нервен систем пак го сочинуваат телата на нервните клетки и поврзувачките


(конекторни) нервни клетки ,односно неврони кои всушност ги поврзуваат сензорните и моторните
влакна.

НЕРВ - претставува сноп од нервни влакна одговорни за пренос на импулси од еден до


друг дел на телото.

МОТОРНА ЕДИНИЦА - претставува основна функционална единица на невро-мускулниот


систем. Таа е функционален спој на нервниот и мускулниот систем , поточно спој на невронот и
мускулното влакно. Во некои моторни единици бројот на мускулни влакна може да е поголем од
1000, а во други помал од 10. Таа разлика зависи од големината и функцијата на мускулот.
Мукулите кои се изградени од моторни единици со поголем број на мускулни влакна можат да
генерираат поголема мускулна сила и извршуваат движења кои не се прецизни, а оние мускули
кои се изградени од моторни единици со помал број на мускулни влакна во една моторна единица
вршат многу посложени и прецизни движења.

You might also like