You are on page 1of 2

Рецептори претставуваат приемници на дразби за промени настанати

во надворешно\внатрешната средина има 4 вида рецептори


хеморецептори,механорецептори,терморецептори,фоторецептори.

Нервна клетка (неврон) е составена од:


Тело со ѕвездеста форма во кое има јадро, цитоплазма и надвор од телото има кратки
продолжетоци дендрити

и еден подолг продолжеток-неврит. Невритот е обвиен со Миелинска обвивка, која кај нервните
клетки

надвор од ЦНС формира Шванови клетки.

Снопови од нервни клетки формираат нерви.


Нервите можат да бидат:
сетилни (сензорни)- пренесуваат дразба од местото на примање до ЦНС.
моторни- пренесуваат одговор на дразбата од ЦНС назад до мускулите и жлездите
мешани нерви- сите нерви кои излеуваат и навлегуваат во рбетниот мозоки праќаат информации во двете насоки.
Периферен нервен систем го сочинуваат сите нерви кои ги поврзуваат органите со черепниот и
рбетниот мозок. Тука спаѓаат 12 пара черепни и 31 пар рбетни нерви и ганглии (збир на тела од
нервни клетки сместени надвор од ЦНС).

Ганглија претставува склоп од тела на нервни клетки, при што аксоните се групираат во нерв.
Ушната школка ги насочува звучните бранови кон увото, тие навлегуваат низ надворешниот
слушен канал

и го растреперуваат слушното тапанче. Ваквото треперење се засилува од слушните ковчиња и се


пренесува до перилимфата која почнува да се движи брановидно. Овие брановидни движења се
пренесуваат и на ендолимфата. Механичкото движење на ендолимфата се регистрираат од трепки
на рецепторните клетки (овие рецепторни клетки го чинат органот за слушање наречен орган на
Корти) од полжавот, кои имаат способност движењата да ги претворат во слушни дразби.(секое
влакненце вибрира при точно одредена висина на звучниот бран). Овие вибрации (слушни дразби)
преку слушен нерв во вид на нервен импулс или порака се пренесуваат до слепоочниот резен од
кората на големиот мозок.

Светлосните зраци минуваат низ проѕирната рожница во предниот дел од окото. Потоа
поминуваат низ очната водичка, се впиваат во црнката и се насочуваат во очната леќа. Очната
леќа ги прекршува зраците , кои минуваат низ стаклестото тело. Понатаму и ликот превртен и
намален паќа во жолтата дамка. Од таму преку очниот нерв оди во центарот за вид во мозокот (во
тилниот резен од кората на големиот мозок).

You might also like