You are on page 1of 5

N.

VAGUS

N.vagus претставува мешан черепен нерв(10и), кој


освен моторни и сензитивни, содржи и
парасимпатички влакна.
• Моторните влакна на n.vagus, заедно со влакната на
двата соседни нерви (IX и XI), ги инервира мускулите
на мекото непце, фарингсот и ларингсот.
• Сензитивните влакна учествуваат во инервацијата на
дел од кожата на надворешниот ушен канал, деловите
од тврдата мозочна обвивка, како и лигавицата од
ларингсот, долниот дел од фарингсот, дишникот и
дигестивниот систем.
• Парасимпатичките влакна на вагусот го инервираат
срцето, како и мазната мускулатура и жлездите на
респираторните и дигестивните органи.
• ПОЧЕТОК, ПАТ И СООДНОСИ –
N.vagus излегува од medulla oblongata, во брездата меѓу n.glossopharyngeus и n.accessorius.

Вистинскиот почеток на моторните и парасимпатичките влакна од n.vagus се наоѓа во


неговите моторни јадра локализирани во medulla oblongata, а почетокот на сензитивните
влакна се наоѓа во ганглиските клетки на двата сензитивни ганглиони придадени на врвот.

Вистинскиот завршеток на сензитивниот дел од овој нерв се наоѓа во сензитивните јадра


на medulla oblongata.

По напушстањето на мозокот n.vagus се насочува нанапред и латерално поминувајќи преку


tuberculum jugulare придружен со n.glossopharyngeus и n.accessorius.

Черепната празнина ја напушта преку foramen jugulare и се спушта надулу низ


ретростилоидниот дел од парафарингеалниот простор.
Спуштајќи се надулу,n.vagus доаѓа во сооднос со големите
крвни садови обвиткани во заедничка сврзна обвивка
(vagina carotica).

Придружен со крвните садови, нервот навлегува во


градниот кош и тоа поминувајќи пред a.subclavia a зад
v.subclavia.

Преку hiatus esophageus ја напушта градната празнината и


завршува во абдоминалната празнина.
• Според патот и соодносите. N.vagus има четири топографски делови :
-черепен
-вратен
-граден
-абдоминален

• Бочни гранки- Од черепниот топографски дел кој се протега од medulla oblongata до


ganglion inferius, се издвојуваат следните бочни гранки :
-r.meningeus (менингеална гранка)
-r. auricularis (аурикуларна гранка)
-r.communicans cum n.glossopharingeo (комуникатна гранка)
• -rr.pharyngei (фарингеални гранки)
• -n.laryngeus superior (горен грклански нерв)
-rr. Cardiaci superiores(горни срцеви гранки )
• -n laryngeus recurrens (повратен грклански нерв)

You might also like