You are on page 1of 4

VI.

НЕРВИ НА ДОЛЕН ЕКСТРЕМИТЕТ


Долниот екстремитет го инервираат гранки на plexus lumbalis, кој ја
инервира скоро целата предна страна на ногата и гранки на plexus sacralis
кој ја инервира задната страна на ногата и помал дел од предната страна.
1. Слабински нервен сплет (plexus lumbalis)
Слабинскиот нервен сплет лежи пред попречните продолжетоци на
слабинските пршлени меѓу површниот и длабокиот сноп на m.psoas major.
Сплетот го чинат предни гранки на првите 4 лумбални нерви (nn. lumbales
I,II,III и IV) со своите три спојници (ansae lumbales I,II,III).
Бочни гранки- бочните гранки на слабинскиот сплет се наменети за
интервенција на: m. quadrates lumborum, m. psoas major, m. psoas minor и
mm. intercostales.
Завршни гранки - Сплетот има 6 завршни гранки. Тие се: 1. N.
iliohypogastricus, 2. N. ilioinguinalis, 3. N. genitofemoralis, 4. N. cutaneus
femoris lateralis, 5. N. femoralis и 6. N. obturatorius. Првите три гранки го
инервираат стомачниот sид, а ана ногата и даваат незначителни кожни
гранки, додека останатите 3 го инервираат долниот екстремитет.
Предните гранки на вториот, третиот и дел од четвртиот лумбален
Øрбетен нерв формирајќи го сплетот, повторно се делат на предни и задни
гранки. Предната гранка на првиот лумбален Øрбетен нерв се соединува со
предната гранка на 12-тиот торакален Øрбетен нерв и ги формираат n.
iliohypogastricus и n. ilioinguinalis. Помал дел од предната гранка на првиот
лумбален Øрбетен нерв се соединува со предната гранка на вториот лумбален
Øрбетен нерв и го формираат n. genitofemoralis. Секундарно формираните
предни гранки од вториот, третиот и четвртиот лумбален Øрбетен нерв го
формираат n. obturatorius. СЕкундарно формираните задни гранки од вториот
до четвртиот лубален Øрбетен нерв го формираат n. femoralis. СЕкундарно
формираните задни гранки од вториот до третиот лумбален рбетен нерв го
формираат n. cutaneus femoris lateralis.
1. Илиохипогастричен нерв (N. iliohypogastricus) е мешана гранка на
слабинскиот сплет која настанува од предна гранка на првиот лумбален
Øрбетен нерв, (L1).
Пат и соодноси- Нервот оди преку m. quadrates lumborum и влегува во
просторот меѓу m.transversus abdominis и m. obliqus internus abdominis каде
одвојува гранки за инервација на двата мускула. Помеѓу овие два мускула од
нервот се одвојува предна кожна гранка, r. cutaneus anterior и надворешна
кожна гранка r. cutaneus lateralis. R. cutaneus lateralis ги пробива косите
стомачни мускули и се разгранува во кожата на горниот дел на седалниот
предел (nn.clunium superiores). Предната кожна гранка минува низ m.obliqus
internus abdominis медијално од spina iliaca anterior superior и низ апоневрозата
на m. obliqus externus abdominis над површниот ингвинален прстен и ја
инервира кожата на надпубичната регија. Инервационо подрачје-Овој нерв
учествува во моторната инервација на m.obliqus internus abdominis и
m. transversus abdominis. Нервот дава сензитивни влакна кои се пробиваат во
делови на кожата над m. obliqus externus abdominis, m.obliqus internus abdominis
и m.transversus abdominis. Со сензитивните влакна ја инервира кожата на
супрапубичната регија и постеролатералната седална регија.
2. Илиоингвинален нерв (N. ilioinguinalis) настанува од предна гранка на L1
како и предходниот нерв.
Пат и соодноси-Нервот избива од латералниот раб на m.psoas major, минува
косо низ m. quadratus lumborum и влегува во m. transversus abdominis близу
предниот крај на crista iliaca. Тој го пробива m.obliqus internus abdominis и
влегува во ингвиналниот канал. Нервот излегува преку површниот ингвинален
прстен и ја инервира кожата на горновнатрешниот дел на бутот и
надворешните полови органи.
Инервационо подрачје-Нервот го инервира m.obliqus internus abdominis и
m. transversus abdominis. Тој дава и сензитивни влакна кои се пробиваат до
кожата над овие мускули. Со сензитивните влакна нервот ја инервира кожата
на гоновнатрешниот дел на бутот и надворешните полови органи (nn. scrotales.,
nn. labials anteriores).
3. Генитофеморален нерв (N. genitofemoralis) настанува од предни гранки на
L1 и L2.
Пат и соодноси- Нервот го пробива m.psoas majorи се спушта низ овој мускул
под перитонеумот, минува косо зад уретерот и над препонската врска се дели
на генитална и феморална гранка. R. genitalis е мешана гранка која влегува во
ингвиналниот канал низ длабокиот прстен и сензитивно ја инервира кожата на
scrotum, а моторно m.cremaster, а кај жена кожата на големите усни. R.
femoralis е сензитивна гранка која минува низ lacuna vasorum во феморална
обвивка латерално од стеблото на бутната артерија.
Нервот ја пробива феморалната обвивка и fascia lata и се разгранува во кожата
на trigonum femorale.
Инервационо подрачје-Нервот го инервира m.cremaster. Со сензитивните
гранки нервот ја инервира кожата на scrotum, mons pubis и предно медијалниот
дел на кожата на натколеницата во предел на бутниот триаголник.
4. Надворешен кожен бутен нерв (N. cutaneus femoris lateralis) настанува од
новоформираните задни гранки на L2 и L3.
Пат и соодноси-Нервот го пробива m.psoas, минува низ sидниот перитонеум на
бедрената јама, проаѓа низ lacuna musculorum, медијално од spina iliaca anterior
superior пред или низ m.sartorius. На 2 до 3 cm под препонската врска нервот ја
пробива бутната фасција и се дели на предни и задни гранки.
Инервационо подрачје-Нервот со предните гранки ја инервира кожата на
предната и надворешната страна на бутот се до коленото. Задните гранки ја
инервираат кожата на надворешниот дел на бутот од големиот трохантер до
средина на натколеницата.
Исто така ја инервираат и кожата на седалниот предел.
5. Бутен нерв (N. femoralis) е најголема и најважна гранка на слабинскиот
сплет која настанува од новоформираните задни гранки од вториот до
четвртиот лумбален Øрбетен нерв,(L2,L3,L4).
Пат и соодноси-Нервот настанува во самиот слабински мускул, влегува во
жчебот меѓу m. psoas и m. iliacus и слегува до препонската врска, покриен со
бедрена фасција. Минува низ lacuna musculorum над m. iliopsoas под
препонската врска надвор од a. femoralis од која е одвоен со arcus iliopectineus.
Непосредно под препонската врска нервот ги дава своите завршни гранки:
a. Rr. musculares, б. Rr cutanei anteriores, и в. N. saphenus.
а. Мускулни гранки (rr. musculares), ги инервираат мускулите на предната и
делумно внатрешната ложа на бутот: m. quadriceps femoris (сите 4 глави),
m. sartorius, m. iliopsoas и два мускула од внатрешната мускулна ложа на бутот,
m. pectineus и m. adductor longus.
б. Предни кожни гранки (rr. cutanei anteriores), ги има 3 до 4, ја пробиваат
бутната фасција на разни места и ја инервираат кожата на предната страна на
бутот се до коленото.
в. Сафенски нерв (n. saphenus) е најдолга и најголема сензитивна гранка на
бутниот нерв. Тој се симнува паралелно и надвор од бутната артерија, влегува
во Хунтеровиот канал и заедно со a. genus descendens го пробива предниот
sид на каналот. Нервот ја пробива бутната фасција меѓу m. sartorius и m.gracilis
каде станува поткожен инервирајки ја кожата на препателарната регија. Во
потколеницата ја прати v. saphena magna до malleolus medialis и продолжува по
медијалниот раб на стопалото до првиот метатарзофалангеален зглоб.
Поважни гранки на овој нерв се r.infrapatellaris и rr. cutanei cruris mediales.
Инервационо подрачје - Мускулите на предната и делумно мускулите на
внатрешната мускулно фасцијална ложа на бутот се инервирани од бутниот
нерв. N.femoralis сензитивно ја инервира кожата на внатрешната и предната
страна на бутот и коленото, кожата на внатрешната страна на потколеницата,
како и кожата на внатрешниот раб на стопалото во задниот дел.
6. Обтураторен нерв (N.obturatorius) - Обтураторниот нерв настанува од
новоформираните вентрални гранкки од вториот, третиот и четвртиот
лумбален Øрбетен нерв, (L2,L3,L4).
Пат и соодноси-N. obturatorius е мешан нерв кој настанува во самиот слабински
мускул, продолжува под перитонеумот преку сакроилијачниот зглоб, влегува во
карлицата и оди по нејзиниот бочен sид врз m.obturatorius internus до canalis
obturatorius. Нервот влегува во каналот и се поставува над а. и v. obturatoria. Кај
жени овој нерв минува под перитонеалната јамичка на јајчникот.
Завршни гранки се: а. Предна гранка (ramus anterior) и б.Задна (ramus
posterior). Предната и задната завршна гранка се одделени со m. obturatorius
externus, а долу со m. adductor brevis.
a. Предната гранка (r. anterior) е мешана гранка која се симнува меѓу m.
adductor longus и m. adductor brevis, ја пробива фасцијата на бутот и доаѓа под
кожата како r. cutaneus која ја инервира кожата на внатрешната страна на бутот
се до коленото. Предната гранка ги инервира m. adductor longus, m.gracilis,
m. adductor brevis и често m. pectineus.
б.Задната гранка (r. posterior) лежи меѓу m. adductor brevis и m.adductor
magnus и ги инервира овие мускули и m. obturatoris externus. Исто така од неа
се одвојува и гранка за инервација на зглобот на колкот.
Инервационо подрачје-Обтураторниот нерв (n. obturatorius) ги инервира
следниве мускули: m. obturatoris externus, m. adductor brevis, m. adductor longus,
m. adductor magnus, m. gracillis и понекогаш m. pectineus. Со сензитивните
гранки обтураторниот нерв ја инервира кожата од двете долни третини на
внатрешната страна на бутот.

You might also like