You are on page 1of 65

Анатомија 3 – втор колоквиум (Нерви и органи на глава и врат)

Во главата и вратот локализирани се делови од ПНС, делови од АНС, како и


делови од ЦНС.
ПЕРИФЕРЕН НЕРВЕН СИСТЕМ
Во инервација на главата и вратот од ПНС учествуваат – 12 пара на кранијални
нерви и првите осум пара на рбетни нерви – nn.spinales или вратни нерви –
nn.cervicales.
1.Мозочни или кранијални нерви
Вкупно на број се 12пара мозочни нерви кои излегуваат од вентралната или
бочната страна на мозокот, освен трохлеарниот нерв што излегува од
дорзалната страна на мозокот. Одејќи од напред кон назад мозокот го
напуштаат следниве нерви – nn.olfactorii, n.opticus, n.oculomotorius,
n.trochlearis, n.trigeminus, n.abducens, n.facialis, n.vestibulocochlearis
/n.octavus, n.glossopharyngeus, n.vagus, n.accessorius и n.hypoglossus.
Односно од физиолошки аспект се делат на:
1. СЕТИЛНИ МОЗОЧНИ НЕРВИ – nn.olfactoria (I), n.opticus (II) и
n.vestibulocochlearis (VIII), овиие се раѓаат во невроепителните или
биполарни клетки на ганглионите што им се придодадени. Односно
нивните нервни влакна претсавуваат неврити на овие ганглиски клетки,
притоа овие нерви се центрипетални бидејќи ги пренесуваат сетилните
впечатоци од сетилните органи до мозокот.
2. МОТОРНИ МОЗОЧНИ НЕРВИ - n.oculomotorius (III), n.trochlearis (IV),
n.abduens (VI), n.accessorius (XI) и n.hypoglossus (XII), влакната на
овие нерви започнуваат од соодветните моторни јадра во мозокот, потоа
се насочуваат кон периферијата, завршувајќи на крај на мускулите – што
укажува на тоа дека овие нерви се центрифугални, т.е нивните влакна
претставуваат неврити од нервните клетки што го градат нивното
почетно јадро во мозокот.
3. МЕШОВИТИ МОЗОЧНИ НЕРВИ – n.trigeminus (V), n.facialis (VII),
n.glossopharyngeus (IX) и n.vagus (X) – притоа овие нерви настануваат
од два корена – МОТОРЕН и СЕНЗИТИВЕН. Моторниот корен има иста
градба како и чисто моторните нерви, а сензитивниот корен е претставен
со центрипетални, односно целулипетални влакна, и на овој корен се
придодадени 1-2 ганглиони. Сензитивни влакна кој тргнуваат од
периферијата и се протегаат до ганглионите се изградени од
целулипетални долги дендрити на биполарните ганглиски клетки
сместени во ганглионите.
ПАРАСИМПАТИЧКИ ВЛАКНА како дел од АНС, кои служат за инервација
на мускули на органите, жлездите и крвните садови имаат и некои
кранијални нерви и тоа – n.oculomotorius (III), n.facialis (VII),
n.glossopharyngeus (IX) и n.vagus (X).
СТВАРНИОТ ПОЧЕТОК на сетилните влакна се наоѓа во ганглиските клетки
на носот, окото и внатрешно уво, на сензитивните влакна на мешовитите
нерви се наоѓа во клетките на ганглионите придодадени на нивниот
сензитивен корен и на моторните влакна од мозочните нерви стварниот
почеток се наоѓа во моторните јадра на мозокот. СТВАРНИОТ ПОЧЕТОК на
сензитивните влакна од мешовитите мозочни нерви одговара на
сензитивните јадра во мозокот, а на моторните влакна од мозочните нерви
се наоѓа во мускулите.
ОЛФАКТОРНИ или МИРИСНИ НЕРВИ
Се составени од бројни нервни гранчиња и тоа по 20-40 за секоја половина
на носната празнина. Започнуваат од олфакторната регија на носната
лигавица што ја зафаќа горната носна школка , покривот од носната
празнина, како и горниот дел од septum nasi. Мирисните нерви се
целулифугални влакна од невроепителните мирисни клетки содржани во
олфакторната регија од носната празнина. Потоа олфакторните нерви се
насочуваат нагоре и откако ќе поминат преку отворите на lamina cribrosa
од етмоидалната коска и завршуваат во мирисниот корен – Bulbus
olfactorius кој пак е локализиран на горната страна oд lamina cribrosa,
притоа влакната на олфакторните нерви немаат миелинска обвивка.
ОПТИЧКИ НЕРВ или N.OPTICUS
Всушност не претставува прав мозочен нерв, туку е дел од патот за вид што
го поврзува bulbus oculi со центрите за вид во мозокот. Нервот се протега од
bulbus oculi се до chiasma opticum. Оптичкиот нерв го градат неврити од
ганглиските клетки во очната мрежница. Од папилата или дискот на
оптичкиот нерв тој ја пробива склерата и се насочува извиткано наназад
преку адипозното ткиво од орбитата. По излегувањето од орбитата преку
canalis opticus доаѓа до chiasma opticus каде што се вкрстуваат одделни
влакна од двата нерва, меѓу влакната на нервот на дел од неговиот пат
поминуваат и a.et v. cetralis retinae, а на неговата латерална страна лежи
цилијарниот ганглион. Во самата орбита нервот е обвитка со мозочните
обвивки. Надворешната обвивка (vagina externa n.optici) е продолжеток
на dura mater encephali, а внатрешната (vagina interna n.optici) ја градат
arachnoidea и pia mater. Обете обвивки ограничуваат SPATIA
INTERVAGINALIA. Меѓу arachnoidea и pia mater се наоѓа продолжеток од
субарахноидалниот простор, кој содржи LIQUOR CEREBROSPINALIS.Oвој
продолжеток е битен поради тоа што кај случаеви на покачен
интеркранијален притисок, доведува до испакнување на папилата од
оптичкиот нерв, а кај долготраен висок притисок и до атрофија на нервните
влакна поради што настанува губење на видот- слепило.
ОЧНОДВИГАТЕЛЕН или N.OCULOMOTORIUS
Овој нерв е исклучиво МОТОРЕН наменет за инервација на скелетната
мускулатура на окото. Исклучок прави само m.obliquus superior и m.rectus
lateralis. Овој нерв содржи и парасимпатички влакна за инервација на 2
мазни мускули и тоа m.ciliaris и m.sphincter pupillae. N.oculomotorius
настануваа во мезенцефалонот (среден мозок) каде и му се локализирани
неговите моторни влакна. По излегувањето од средниот мозок се насочува
нанапред и латерално преку задната, а потоа преку средната черепна јама.
Тука поминува преку покривот на кавернозниот синус, а потоа нанапред
преку неговиот надворешен дурален ѕид меѓу двата листа од dura mater
каде што лежи НАД n.trochlearis и n.ophtalmicus. ЗАВРШНИ ГРАНКИ –
минувајќи преку fissure orbitalis superior се дели на 2 гранки и тоа горна и
долна гранка. Од двете завршни гранки се издвојуваат гранчиња за
инервација на – m.rectus superior, m. rectus inferior и m.rectus medialis.
ДОЛНАТА завршна гранка дава и парасимпатичен окуломоторен корен
за цилијарниот ганглион. Парасимпатичните влакна поминуваат во куси
цилиарни нерви и ги инервираат претходно спомнатите 2 мазни мускули на
очното јаболко.
N.TROCHLEARIS или ТРОХЛЕАРНИОТ НЕРВ
Трохлеарниот нерв е чисто МОТОРЕН нерв, а служи за инервација на
m.obliquus superior од окото. Овој нерв е единствен нерв кој излегува од
дорзалната страна на средниот мозок и се вкрстува со
контралатералниот истоимен нерв. Потоа се насочува латерално и
поминува на долната мозочна страна протегајќи се нанапред и латерално
преку надворешниот ѕид од кавернозниот синус. Во самиот синус
трохлеарниот нерв лежи ПОД n.oculomotorius, а НАД n.ophtalmicus.
Напуштајќи го синусот поминува низ fissure orbitalis superior и во орбитата го
инервира m.obliguus superior.
N.TRIGEMINUS или ТРИГЕМИНАЛНИОТ (ТРИГРАНКОВ) НЕРВ
Овој нерв по калибар е најголем МЕШОВИТ кранијален нерв. Со
сензитивниот корен тој инервира голем дел од dura mater, кожата на лицето
и предните делови од главата, делови од очното јаболко, лигавицата од
носната празнина и параназалните синуси, лигавицата на усната празнина,
забите, а делумно и во инервацијата на увото. Додека пак со моторниот
корен ги инервира мастикаторните мускули и мускулите што ембрионално
му припаѓаат на мандибуларниот лак.
Тригеминалниот нерв излегува од понсот и тоа на границата меѓу понсот со
помош на 2корена – сензитивен значајно поголем – radix sensoria и моторен
– radix motoria. На сензитивниот корен придодаден е и тригеминалниот
ганглион. Излегувајќи од мозчното стебло двата корена се прилепени еден
на друг и тоа тенкиот и валчест моторен корен врви НАД плоскастиот и
широк сензорен корен. Нервот се протега нагоре нанапред и латерално и
поминувајќи од sinus petrosus влегува во тригеминалната дурална празнина
каде што и се наоѓа тригеминалниот ганглион. Тригеминалната празнина ја
гради dura mater, а ги содржи покрај ганглионот и задните краишта од
2завршни гранки на овој нерв. Според тоа наликува на ракавица со 2 прсти
чиј проширен дел го содржи ганглионот. Оваа празнина е локализирана на
предната страна од пирамидата на темпоралната коска оставајќи на неа
impression trigemini. Тригеминалниот ганглион или гасеровиот ганглион
наликува на полумесечина, од чиј што преден конвексен раб се издвојуваат
завршни гранки на нервот. Ганглионот е изграден од псеудоуниполарни
клетки, чии целулифугални продолжетоци влегуваат во состав на
сензитивниот корен, а целулипеталните дендртити ги сочинуваат
сензитивните влакна на тригеминалниот нерв. ЗАВРШНИ ГРАНКИ – има 3
завршни гранки и тоа од предниот раб на тригеминалниот ганглион одејќи
медијално кон латерално излегуваат – n.ophtalmicus, n.maxillaris и
n.mandibularis. Првите 2 се исклучиво сензитивни, додека n.mandibularis е
мешовита гранка, бидејќи е приклучен и моторниот корен.
N.OPHTALMICUS
N.MAXILLARIS
N.MANDIBULARIS
N.OPHTALMICUS – е по калибар најслабата и често СЕНЗИТИВНА гранка, а
излегува од гасеровиот ганглион најмедијално, притоа пренесува и
симпатички влакна од кавернозниот сплет се до неговиот придодаден
вегетативен цилијарен ганглион. Офталмичниот нерв ззапочнува од предниот
раб на тригеминалниот ганглион МЕДИЈАЛНО од n.maxillaris. Се насочува
нанапред и нагоре, поминува низ дупликатурата од надворешниот ѕид на
кавернозниот синус и тоа меѓу трохлеарниот и максиларниот нерв. По
излегување од синусот лежи латерално од трохлеарниот нерв и преку fissurа
orbitalis superior заедно влегуваат во орбитата. Пред да заврши офталмичниот
нерв дава и бочни анастомотични гранки, а најдолгата гранка е гранка за
шаторот на церебелумот. ЗАВРШНИ ГРАНКИ – n.nasociliaris, n.frontalis и
n.lacrimalis.
N.NASOCILIARIS – e МЕДИЈАЛНА гранка на офталмичниот нерв, притоа во
орбитата влегува преку медијалниот поширок дел од fissure orbitalis superior. Се
протега медијално вкрстувајќи го оптичкиот нерв од ГОРНАТА страна и тоа
ЛАТЕРАЛНО кон МЕДИЈАЛНО и доаѓа до предниот етмоидален отвор каде
завршува со 2 гранки. Од стеблото на овој назоцилијарен нерв се издвојуваат
неколку бочни гранки – 1.анастомотична гранка за цилијарниот ганглион каде
и завршува, 2. Долни цилијарни нерви најчесто 2 на број кои го пробиваат
задниот дел на склерата медијално од оптичкиот нерв и влегуваат во очното
јаболко, притоа ја инервираат и садовницата, 3.Заден етмоидален нерв што
помина преку истоимениот отвор во предната черепна јама до покривот на
носната празнина. Во поглед на завршните гранки има 2 и тоа –1.
n.ethmoidalis anterior – медијална гранка која ја напушта орбитата преку
истоимениот отвор foramen ethmoidale anterior и доаѓа до горната страна на
ситестата коска.Откако ќе помине преку еден од отворите на lamina cribrosa
доаѓа до лигавицата на носниот покрив, со своите гранки ја инервира
лигавицата на предниот дел на носната преграда и бочниот носен ѕид и со
едно надворешно гранче кое ја инервира кожата од носот до неговиот врв и 2.
N.infratrochlearis – е латерална завршна гранка и во медијалносупериорниот
агол од орбитата анастомозира со n.supratrochlearis.Притоа овој нерв ја
инервира кожата на носот до неговиот врв.
N.FRONTALIS – e СРЕДНА завршна гранка на офталмичниот нерв. Се
насочува нанапред под покривот на орбитата и во близина на нејзиниот влез се
раздвојува на 2 заврашни гранки – n.supraorbitalis и n.supratrochlearis.
N.supraorbitalis е латерална и поразвиена гранка, од своја страна пак таа се
дели на 2 завршни гранки – едната е латерална, која ја напушта орбитата
придружена со истоимената артерија преку супраорбиталниот засек и ја
инервира кожата од челото и горниот очен капак и медијална завршна гранка
од супраорбиталниот нерв ја напушта орбитата пречу фронталниот засек –
incisura frontalis придружена со истоимената артерија и ја инервира истотака
кожата од челото и горниот очен капак.
N.LACRIMALIS – e ЛАТЕРАЛНА завршна гранка од олфтамичниот нерв, се
протега и ЛАТЕРАЛНО ПОД покривот на орбитата, доаѓајќи во близина на
лакрималната жлезда тој се дели на неколку завршни гранчиња. Овој
лакримален нерв анастомозира со зигоматичниот нерв, гранка на
максиларниот нерв. Анастомозата настанува со помош на спојничката гранка
со зигоматичниот нерв којшто пренесува парасимпатички влакна од
фасцијалниот нерв и птеригопалатинозниот ганглион до лакрималната жлезда.
ЦИЛИЈАРЕН ГАНГЛИОН или GANGLION CILIARE – e придодаден на
олфтамичниот нерв, локализиран во очната празнина и тоа ЛАТЕРАЛНО од
оптичкиот нерв. Овој ганглион поседува- ДОВОДНИ гранки (анастомотичка
гранка со цилијарниот ганглион која што доаѓа од n.nasociliaris носејќи
сензитивни доводни влакна на ганглионот, околумоторниот корен кој што носи
парасимпатички влакна од n.oculomotorius,и тоа од неговата долна страна и
симпатичната гранка на цилијарниот ганглион носи симпатички влакна што
потекнуваат од внтрешниот каротиден сплет) и ОДВОДНИ гранки на
цилијарниот ганглион се куси цилијарни нерви на број 5-6, кои ја пробиваат
склерата од очното јаболко околу оптичкиот нерв носејчи сензитивни
парасимпатички и симпатички влакна за негова инервација, притоа
парасимпатичните инервираат m.ciliaris и m.sphincter pupillae, a симпатичките
влакна m.dilatator pupillae, додека сензитивните влакна завршуваат со
рецептори во корнеата, склерата и конјуктивата од очното јаболко.
ИНЕРВАЦИОНО ПОДРАЧЈЕ НА ОФТАЛМИЧНИОТ НЕРВ – со сензитивните
гранки инервира – кожа во пределот на челото, горен очен капак и дорзална
страна на носот, лигавицата од предниот и горниот дел од носната празнина,
фронталниот, етмоидалниот и сфеноидалниот синус,делови на очното јаболко
како и делови од dura mater.Со вегетативните влакна што ги прима во текот на
својат пат учествува во констрикцијата на пупилата, како и регулирање на
интраокуларниот притисок.
N.MAXILLARIS – e исклучиво СЕНЗИТИВНА ГРАНКА од тригеминалниот нерв.
Со помош на анастомозите со другите нерви тој пренесува парасимпатички и
симпатички влакна и на овој нерв придодаден е еден вегетативен
птеригопалатинозен ганглион.
По излегувањето од средниот дел на тригеминалниот ганглион, максиларниот
нерв се насочува нанапред и минува преку средната черепна јама и преку
кружниот отвор доаѓа до птеригопалатинската јама, во оваа јама од
максиларниот дел се издвојуваат најголемиот дел од неговите бочни гранки, а
тој се насочува латерално нанапред и прекуптеригомаксиларната пукнатина
доаѓа во инфратемпоралната јама, каде и нервот ја менува својата насока и
свртувајќи навнатре преку fissura orbitalis inferior влагува во орбитата каде
завршува со завршната гранка – n.infraorbitalis. Поминувајќи низ соодветните
јами максиларниот нерв доаѓа во сооднос со повеќе елементи. Во средната
черепна јама нервот минува преку дуралната дупликатура од латералниот ѕид
на кавернозниот синус. Во птеригопалатинозната јама доаѓа во сооднос со
максиларната артерија и нејзините бочни гранки потоа со птеригопалатинскиот
ганглион. Притоа максиларниот нерв го завзема горниот дел од јамата, а
максиларната артерија поминава ПОД нервот, а потоа ПРЕД него додека
ганглионот лежи на ЗАДНИОТ ѕид од јамата МЕДИЈАЛНО и ПОД нервот. При
преминот преку латералниот ѕид од кавернозниот синус од максиларниот нерв
се издвојува мала бочна гранка – менингеална гранка. Додека сите други
гранки се издвојуваат во птеригопалатинската јама, а одделни гранки се
издвојуваат директно од стеблото на максиларниот нерв додека пак другите
потекнуваат од неговите куси птеригопалатински нерви придодадени на
истоимениот ганглион претставувајќи всушност негови еферентни гранки.
Бочните гранки се делата на латерални, медијални и долни бочни гранки.
ЛАТЕРАЛНИ БОЧНИ ГРАНКИ – зигоматичниот нерв, задните горни забни
гранки и инфраорбиталниот нерв, МЕДИЈАЛНИ БОЧНИ ГРАНКИ – задните
горни носни нерви и ДОЛНИ БОЧНИ ГРАНКИ – палатинските нерви и тоа
големите и малите.
MЕНИНГЕАЛНА ГРАНКА – се издвојува од максиларниот нерв во средната
черепна јама и служи за инервација на дел од dura mater.
ЗИГОМАТИЧЕН НЕРВ – се издвојува од максиларниот нерв во
птеригопалатинската јама, потоа се насочува латерално нанапред и преку
fissurа pterigomaxillaris доаѓа во инфратемпоралната јама. Нервот ја напушта
fissura orbitalis inferior доаѓајќи во орбитата. Тука врви по нејзиниот латерален
ѕид и влегува во зигоматичниот канал каде се дели на 2 завршни гранки и тоа –
предна зигоматично-фасцијална гранка и задно зигоматично-темпорална
гранка. Тие го напуштаат зигоматичниот канал преку истоимените коскени
отвори и доаѓаат под кожата каде ги инервираат истоимените предели.
Зигоматичниот нерв во орбитата анастомозира со лакрималниот нерв со
помош на неговата комуникативна гранка, таа му донесува на овој нерв
парасимпатични влакна на птеригопалатинскиот ганглион за инервација на
лакрималната солза.
RR.ALVEOLARES SUPERIORES POSTERIORES – задни горни забни гранки –
обично се 2 на број се издвојуваат од максиларниот нерв во висина на fissura
pterygomaxillaris. Потоа се насочуваат надолу и нанапред доаѓајќи во близок
сооднос со соседните садови – максиларна артерија, инфраорбиталната
артерија,a.alveolaris superior posterior, како и на птеригоидалниот плексус.Овие
нерви по кус пат навлегуваат во коскените алвеоларни отвори од максиларниот
тубер.Потоа продолжуваат по алвеоларните канали по постеролатералниот
ѕид на максиларниот синус. Единствениот аловеларен канал со нервот
содржан во него се протега надолу и нанапред по предниот ѕид од
максиларниот синус над корените од катниците и предкатниците.
Анастомозираат меѓусебно како и со средната и предните горни задни гранки
формирајќи го plexus dentalis superior.
N.INFRAORBITALIS – е најразвиена завршна гранка на максиларниот нерв. Ја
продолжува насоката на максиларното стебло и од инфратемпоралната јама
преку долната орбитална пукнатина доаѓа во орбитата, каде и лежи во
истоимената бразда sulcus infraorbitalis, потоа навлегува во инфраорбиталниот
канал, а ја напушта максилата преку инфраорбиталниот отвор локализиран на
нејзината предна страна. Минувајќи низ инфраорбиталниот канал и бразда
нервот доаѓа во близок сооднос со максиларниот синус. Во инфраорбиталната
бразда и истоимениот канал се идзвојуваат 2 бочни гранки – средна горна
забна гранка и предно горни забни гранки.
PLEXUS DENTALIS SUPERIOR – сите горни забни нерви анастомозираат
меѓусебно и формираат дентален горен сплет, кој е локализиран во
алвеоларниот израсток од максилата и тоа над забните корени. Од него се
издвојуваат гранки и тоа – горни забни гранки за инервација на горните заби и
горните гингивални гранки за инервација на гингивите на горната вилица,
притоа сплетот дава и гранчиња за аолвеоларните ѕидови како и лигавицата и
коскените ѕидови од максиларниот синус.
ПТЕРИГОПАЛАТИНСКИ НЕРВИ – се на број од 1-3, најчесто 2 се куси бочни
гранки од максиларниот нерв, тие се издвојуваат во птеригопалатинската јама
и се насочуваат кој истоимениот ганглион и прилегнуваат на неговата предна
или латерална страна. Од нив всушност се идвојуваат 2-3 сензитивни доводни
гранки за ганглионот. Медијалните и долните бочни гранки на максиларниот
нерв се издвојуваат индиректно т.е од птеригопалатинскиот ганглион, всушност
тие се еферентни нервни гранки на ганглионот и тоа – орбитални гранки, задни
горни носни гранки и непцевите нерви. Орбиталните гранки се насочуваат
нанапред преку долната орбитална пукнатина и влегуваат во орбитата каде и
инервираат. Задните горни носни гранки латерални и медијални преку
сфенопалатинскиот отвор ја напуштаат птеригопалатинската јама.
Латералните гранки ја инервираат лигавица на горната и средната носна
школка како и соодветните носни ходници, а медијалните гранки се насочуваат
навнатре преку покривот од носната празнина и доаѓаат до носниот септум и ја
инервираат. Најдолгата медијална гранка е носнонепцевиот нерв.
N.nasopalatinus пак анастомозира со 3 гранки и тоа една од предните горни
забни гранки, со спротивниот назопалатинозен нерв и тоа во инцизивниот
канал и со големиот непцев нерв, а овој назопалатинозен нерв инервира
одделни делови од носниот септум и преден дел од тврдото непце. N.palatinus
major по излегувањето од птеригопалатинскиот ганглион се насочува надоле и
минува низ истоимениот канал придружен од истоимената артерија. Потоа го
напушта каналот преку долниот отвор и доаѓа ПОД лигавицата од тврдото
непце. И на крај кога ќе дојде до инцизивната јама анастомозира со
спротивниот нерв а исто така и со назопалатинозниот нерв.
GANGLION PTERYGOPALATINUM – е вегетативен ганглион придодаден на
максиларниот нерв, локализиран во птеригопалатинската јама и тоа
МЕДИЈАЛНО и ПОД стеблото од максиларниот нерв, наликува на конус со врв
насочен наназад и вовлечен во предниот отвор од коскениот птеригоиден
канал. Пред него поминува завршниот дел на максиларната артерија на пат кон
сфенопалатинскиот отвор, а притоа разликуваме ДОВОДНИ – аферентни
гранки - N.petrosus major – е интерпетрозна парасимпатичка гранка од
фацијалниот нерв што се издвојува од неговото стебло во пирамидата на
темпоралната коска, n.petrosus profundus потекнува од симпатичкиот
внатрешен каротиден сплет и тоа во висина на foramen licerum. Двата петрозни
нерва – големиот и длабокиот ја пробиваат фиброзната рскавица што го
затвара foramen licerum и се спојуваат во заеднички т.н нерв на птеригоидниот
канал и ОДВОДНИ – еферентни гранки – врват преку кусите птеригопалатински
нерви и преку бочните гранки од максиларниот нерв и тоа – зигоматичниот
нерв пренесува парасимпатички влакна за инервација на лакрималната жлезда
и тоа преку неговата анастомоза со n.lacrimalis, потоа задните горни носни
гранки пренесуваат парасимпатички влакна за инервација на жлездите од
носната празнина и палатинските нерви пренесуваат парасимпатички и
симпатички влакна за инервација на непцевите плункови жлезди.
ИНЕРВАЦИОНО ПОДРАЧЈЕ НА МАКСИЛАРНИОТ НЕРВ – ја инервира кожата
на предниот дел од темпоралната регија, долен очен капак, носното крилце,
образот и горната усна, лигавицата од задниот и долниот дел на носната
празнина, сфеноидалниот и максиларниот синус, птоа лигавицата од горната
усна, тврдото и мекото непце, горните заби и гингиви и средниот дел од dura
mater, додека преку вегетативните влакна кои ги прима преку
птеригопалатинскиот ганглион ги инервира лакрималните, носните и непцевите
жлезди.
N.MANDIBULARIS – единствена МЕШОВИТА и НАЈРАЗВИЕНА гранка на
тригеминалниот нерв, на почетокот во висина на тригеминалниот ганглион
мандибуларниот нерв се протега преку средната черепна јама, ја напушта
черепната празнина преку foramen ovale и доаѓајќи во инфратемпоралната јама
по кус пат се дели на 2 завршни гранки. Притоа во средната черепна јама доаѓа
во сооднос ГОРЕ со темпоралниот лобус од мозокот, ДОЛУ – со ala major од
сфеноидалната коска, ЛАТЕРАЛНО со средишната менингеална артерија и
МЕДИЈАЛНО со максиларниот нерв, додека во пределот на овалниот отвор
доаѓа во сооднос со plexus venosus fоraminalis ovalis кој го поврзува
кавернозниот синус со птеригоидниот сплет. Во инфратемпоралната јама
мандибуларниот нерв лежи ЗАД m.pterygoideus lateralis, а медијално на него е
прилегнат оптичкиот ганглион. Во инфратемпоралната јама по кус пат од
стеблото на мандибуларниот нерв се издвојува единствената бочна
менингеална гранка.Таа се враќа во черепната празнина преку foramen
spinosum придружена со а.meningea media учествувајќи во инервацијата на
dura mater.
На 8 до 10 милиметри од овалниот отвор мандибуларниот нерв завршува со 2
завршни гранки предна и задна.Предната завршна гранка ги дава следните
нерви: длабоките темпорални нерви, латералниот птеригоиден нерв, образниот
нерв и масетеричниот нерв. Задната завршна гранка СЕ ДЕЛИ НА СЛЕДНИТЕ
НЕРВИ: внатрешниот птеригоиден нерв, нервот затегнувач на мекото непце,
нервот затегнувач на слушното тапанче, ушнослепоочниот нерв, долниот забен
нерв и јазичниот нерв.
Двете гранки се мешовити, но предната е претежно моторна, а за дната
претежно сензитивна. Од горе набројаните нерви сензитивни гранки на
мандибуларниот нерв се :n.bucalis, n.auriculotemporalis и n.liqualis.
Длабоки слепоочни нерви
Длабоките слепоочни нерви се 3 – преден нерв, среден нерв и заден нерв.Тие
се издвојуваат од предната завршна гранка на мандибуларниот нерв и се
насочуваат латерално под покривот од инфратемпоралната коска, а потоа
заземаат нагорен тек. Доаѓајќи во темпоралната јама го инервираат
истоимениот мускул- m.temporalis.
Латерален птеригоиден нерв
Латералниот птеригоиден нерв го инервира истоимениот мускул. Се издвојува
обично од предниот длабок темпорален нерв и тоа кога тој поминува меѓу
обете глави од надворешниот птеригоиден мускул.
Образен нерв
Образниот нерв е чисто сензитивна гранка што почнува од кусо заедничко
стебло од предниот длабок темпорален нерв и се насочува латерално.
Поминувајќи меѓу обете глави од латералниот птеригоиден мускул доаѓа до
надворешната страна од m.buccinator.Тука тој се дели на : надворешни гранки
за кожата на образот и внатрешни гранки коишто го пробиваат m.buccinator и ја
инервираат лигавицата од долниот дел на образот и дел од гингивата на
мандибулата.
Масетеричен нерв
Масетеричниот нерв се издвојува од предната завршна гранка на
мандибуларниот нерв и тоа најчесто од заедичкото стебло со длабокиот
темпорален нерв. Тој се насочува латерално и минувајќи над засекот од
мандибулата доаѓа до m.masseter и го инервира.
Внатрешен птеригоиден нерв
Внатрешниот птеригоиден нерв настанува од задната завршна гранка на
мандибуларниот нерв и тоа преку кусо заедничко стебло со n.tensoris veli
palatini et n.tensoris tympani. Потоа се насочува надолу и доаѓа до истоимениот
мускул и го инервира.
Нерв затегнувач на мекото непце
Тој настанува од заедничко стебло како и претходниот. Се насочува нанапред
до истоимениот мускул и го инервира.
Нерв затегнувач на слушното тапанче
Обично се издвојува од заедничко стебло со претходните нерви. Потоа се
насочува наназад и нагоре, доаѓа до m.tensoris tympani и го инервира.
Ушнослепоочен нерв
Аурикулотемпоралниот нерв претставува сензитивна гранка што се издвојува
од задната завршна гранка од n.mandibularis т.е тој настанува со помош на 2
корена кои го опфаќаат стеблото од средишната менингеална артерија
формирајќи петелка околу него.
Аурикулотемпоралниот нерв покажува хоризонтален тек и тоа насочувајќи се
латерално зад m.pterygoideus lateralis и над а.maxillaris се до задниот раб од
collum mandibulae. Напуштајќи ја инфратемпоралната јама тој навлегува во
паротидната ложа. Тука тој свртува под прав агол нагоре и наназад лежејќи во
браздата меѓу ушната школка и темпоромандибларниот зглоб. .Во браздата
тоа е придружен од а.temporalis superficialis и vv.temporales superficialis
Садовите се наоѓаат пред нервот. Садовно нервната пателка доаѓа до
слепоочниот предел каде врвот дава повеќе завршни гранки. На својот пат
аурикулотемпоралниот нерв дава повеќе бочни гранки: паротидни гранки за
паротидната плункова жлезда. Тие пренесуваат парасимпатички секреторни
влакна од ganglion oticum коишто потекнуваат од n.glossopharyngeus,
комуникативни гранки со n.facialis кои што анастомозираат со n.facialis во
паротидната жлезда, нерв за надворешен ушен канал за инервација на кожата
од надворешен ушен канал, гранка за слушното тапанче за кожата од
мембрана тимпани и предни нерви за ушната школка за кожата од ушната
школка.
Во темпоралниот предел аурикуотемпоралниот нерв ги дава своите завршни
гранки наречени површински слепоочни гранки наменети за инервација на
кожата од темпоралната регија.
Со соседните нерви аурикулотемпоралниот нерв се поврзува со повеќе
анастомотички гранки. Од нив најзначајна е анастомозата со ganglion oticum
којшто на чисто сензитивниот аурикулотемпорален нерв му дава
парасимпатички влакна од n.glossopharyngeus за инервација на glandula parotis.
Долен забен нерв
Долниот забен нерв претставува најразвиена мешовита завршна гранка од
n.mandibularis. Со сензитивните влакна тој ги инервира забите и гингивита од
долната вилица, а со моторните влакна го инервира m.mylohyoideus и venter
anterior m.digastrici.
N.alveolaris inferior се издвојува од задната завршна гранка на n.mandibularis.
На почетокот тој врви заедно со n.linqualis допирајќи ја неговата задна страна.
Тие се спуштаат низ инфратемпоралната јама и тоа прво меѓу обата
птеригоидни мускули, а потоа меѓу внатрешниот птеригоиден мускул и
внатрешната страна од ramus mandibulae.
На почетокот во својот горен дел n.alveolaris inferior доаѓа во сооднос однапред
со а.maxillaris, медијално со chorda tympani, гранка на n.facialis, одзади со
а.alveolaris infeior. Пред n.alveolaris inferior се наоѓа и n.inqualis кој што одејќи
надолу и нанапред постепено се одалечува од него.
Пред навлегувањето во мандибуларниот канал n.alveolaris inferior лежи во
птеригомандибуларен простор. Тука се пристапува на нервот при спроводна
анестезија на неговото стебло.
Птеригомандибуларниот простор наликува на тристрана призма ограничена
латерално со ramus mandibulae во висина на foramen mandibulae, медијално со
m.pterygoideus medialis, а одгоре со m.pterygoideus lateralis, од задната страна
n.alveolaris inferior е придружен со истоимената артерија, а однапред и
медијално со n.linqualis.
БОЧНИ ГРАНКИ - Од n.alveolaris inferior се издвојуваат бројни бочни гранки.
Пред неговото влегување во canalis mandibulae од него се издвојува моторна
гранка-милохиоиден нерв. Тој се спушта по истоимената бразда sulcus
mylohyoideus од внатрешната страна на мандибулата и доаѓајќи до
m.mylohyoideus го инервира како и venter anterior m.digastrici. Во canalis
mandibulae од n.alveolaris inferior се издвојуваат долните забни гранки и
гингивални гранки. Nn.dentales inferiores анастомозираат меќу себе, а исто така
и со гранките од инцизивниот нерв формирајќи plexus dentalis inferior. Тој лежи
непосредно под забните корени и дава гранчиња за ѕидовите од алвеолите,
периостот и коскеното ткиво на мандибулата. Од сплетот се издвојуваат и
долни гингивални гранки за гингивата од мандибулата како и гранчиња за
забните празнини.
ЗАВРШНИ ГРАНКИ – n.alveolaris inferior завршува со 2 завршни гранки: браден
нерв и инцизивен нерв.
N.mentalis придружен со истоимената артерија врви по canalis mentalis и тоа
насочен косо нагоре и латерално. Напуштајќи го каналот преку foramen mentale
тој дава: брадни гранки за кожата од брадата, долни усни гранки за кожата од
лигавицата од долната усна, како и гранчиња за надворешната страна од
гингивата на мандибулата.
Инцизивниот нерв претставува потенка завршна гранка што ја продолжува
насоката од n.alveolaris inferior преку canalis incisivus завршувајќи близу до
средишната линија под коренот на првиот инцизивен раб.
Јазичен нерв нервус лингвалис
Јазичниот нерв претставува чисто сензитивна гранка од n.mandibularis. Тој е
нешто потенок во споредба со n.alveolaris inferior. Во горнот дел од
инфратемпоралната јама обата нерва врват заедно, а во долниот дел
n.linqualis доаѓа нанапред и медијално од n.alveolaris inferior. Под
птеригомандибуларниот простор јазичниот нерв се одделува и не насочува
хоризонтално нанапред формирајќи лак со конкавитет ориентиран нагоре и
нанапред.
N.linqualis доаѓа на бочната страна од јазикот и тоа медијално од
птеригомандибуларната врска. Тој лежи во браздата меѓу јазикот и гингивата
непосредно под лигавицата. Неговото стебло се открива лесно со рез направен
медијално од вратот на последниот молар. Натаму нервот поминува над
подвиличната, а потоа над подјазичната жлезда. Вкрстувајќи се со каналот од
подвиличната жлезда тој поминува прво над него, а потоа од нeговата
медијална страна доаѓа близу до јазикот каде што завршува со завршни гранки.
n.linqualis е чисто сензитивен до својата анастомоза со тимпаничната врвца
гранка од n.facialis. Chorda tympani се издвојува од гацијалниот нерв во
пирамидата на слепоочната коска, а напуштајки ја преку петротимпаничната
пукнатина доаѓа до инфратемпорална јама и се приклучува на n.linqualis од
неговата задна страна.
Chorda tympani му носи на n.linqualis парасимпатички влакна за инервација на
glandula submandibularis и glandula sublinqualis, а исто така и густорецепторни
влакна коишто доаѓаат од густативните габовидни папили од јазикот.
БОЧНИ ГРАНКИ- Од n.linqualis се издвојуват следните бочни гранки: гранки за
голтникавото стеснување што ја инервираат неговата лигавица и непцевиот
крајник, подјазичен нерв за инервација на лигавицата од подјазичниот предел и
подјазична жлезда.
ЗАВРШНИ ГРАНКИ – n.linqualis завршува со бројни тенки јазични гранки. Тие ја
пробиваат мускулатурата на јазикот и ги инервираат: внатрешната страна од
гингивата на мандибулата, лигавицата на подјазичниот предел и лигавицата од
предните 2/3 на дорзалната стана на јазикот и тоа започнувајќи од врвот на
граничната бразда.
Вегетативни ганглиони – ganglion oticum
На стеблато од n.mandibularis придодаден е вегетативниот отичен ганглион,
додека на неговата завршна гранка n.linqualis придодаден вегетативниот
подвиличен ганглион.
Отичен ганглион
Отичниот ганглион е локализиран медијално од n.mandibularis непосредно под
foramen magnum, а латерално од рскавичниот дел на tuba auditiva. Ганглионот
има доводни и одводни гранки.

Инервационо подрачје на нервус мандибуларис


N.mandibularis претставува единствена мешовита гранка од n.trigeminus. Со
radix motoria тој ги инервира сите мастикаторни мускули, како и од нив
изведените мускули – venter anterior m.digastrici, m.mylohyoideus, m. tensors veli
palatine et m.tensors tympani. Со radix sensoria тој ја инервира кожата од
долната усна, брадата, долниот дел од образот, слепочниот предел, предниот
дел од артикулата, надворешниот ушен канал и дел од слушното тапанче,
лигавицата од образот, долната усна, подјазичниот предел и предните 2/3 од
дорзалната страна на јазикот, долните заби и гингивата и дел од тврдата
мозочна обвивка во средната черепна јама.
Преку ганглионите n.mandibularis пренесува впечатоци од сетилата за
вкус и тоа од papila fungiformes на јазикот, а ја и регулира и функцијата на
glandula parotis, glandula submandibularis и glandula sublinqualis.

Очен Абдукторен Нерв – n.abducens - претставува исклучиво моторен нерв


наменет за инервација на надворешниот прав мускул на окото – m.rectus
lateralis.
Нервот откако го напушта мозокот преку граничната бразда меѓу долната
страна од понсот и medulla oblongata се насочува нанапред нагоре и латерално
преку врвот од пирамидата на темпоралната коска навлегува во кавернозниот
синус. Поминува преку шуплината на синусот, придржувајќи ја латерално
а.carotis interna. Напуштајки го истиот на предниот крај n.abducens преку fissura
orbitalis superior влегува во орбитата и завршува во m.rectus lateralis.

Лицев Нерв – n.facialis


N.facialis претставува мешовит нерв составен од моторни, сензитивни и
парасимпатички влакна. Неговиот значително развиен моторен дел ги
инервира напречно пругастите поткожно - мимични мускули на главата и
вратот, како и два од надхиодните мускули (m.stylohyoideus и venter posterior
m.digastrici) u еден мускул од средното уво (m.stepedius). Послабо развиениот
парасимпатичен и сензитивен дел од n.facialis носи посебен назив посреден
нерв (n.intermedius). Тој поседува сензитивен коленен ганглион (ganglion
geniculi). Над ганглионот n.intermedius e издвоен во засебно стебло што го
придружува моторниот дел од n.facialis. Bo висина на ганглионот двата нерва
се спојуваат во заедничко стебло.
Сензитивните влакна од n.intermedius ce густорецепторни, а тргнуваат од papila
fungiformes нa јазuкот и преку n.linqualis и chorda tympani доаѓаат до мозокот.
Парасимпатичните влакна од n.intermedius од мозокот преку chorda tympani
доаѓаат до glandula submandibularis и glandula sublinqualis, а преку n.petrosus
major до glandula lacrimalis, glandulae palatine и glandula nasales.
Фацијалниот нерв заедно со латерално поставениот n.intermedius излегуваат
од мозокот преку граничната бразда мегу предната страна на понсот и medulla
oblongata. Заедно со VIIIмиот нерв - vestibulocochlearis се насочуваат нанапред
латерално и нагоре до meatus acusticus internus. Преку отворот на предно
горното поле од дното на внатрешниот ушен канал n.facialis и n.intermedius
влегуваат во canalis facialis. Тие врват хоризонтално нанапред и латерално до
коленото што го формира фациалниот канал (geniculum canalis facialis). Тука е
сместен колениот ганглион (ganglion geniculi ) од сензитивниот дел на
n.intermedius.
Дендридитете (периферните продолжетоци) од биполарните клетки на
ганглионот претставуваат густорецепторни влакна. Тие тргнуваат од papila
fungiformes и преку chorda tympani доаѓаат до ганглионот. Невритите
(централните продолжетоци) од клетките се насочуваат кон мозокот во состав
на n.intermedius.
Од висина на ganglion geniculi моторниот дел од n.facialis и n.intermedius се
спојуваат во единствен нерв. Тој се протега водорамно нанзад и латерално низ
canalis facialis којшто предизвикува на медијалниот ѕид од cavum tympani
испакнување – prominencia canalis facialis. Тој дел од ѕидот на каналот е тенок,
а во одделни случаи и дехисцентен што го изложува n.facialis на заболувања
при гнојни воспаленија во cavum tympani.
Под влезот на антриумот (aditus ad antrum) фасијалниот канал свртува
вертикално надолу градејќи го второто свое колено, а тој трет вертикален дел
на долниот крај се отвора со стиломастоиден отвор ( foramen stylomastoideum).
Напуштајќи ја пирамидата преку тој отвор n.facialis доаѓа во паротидната ложа.
Тука тој се насочува нанапред надолу и латерално. Вкрстувајќи го proccesus
styloideus од латералната страна нервот поминува меѓу m.stylohyoideus и
venter posterior m.digastrici кој што е поповршен и навлегува во паротидната
жлезда од нејзиниот задновнатрешен крај.
Делот од n.facialis пред навлегувањето во паротидната жлезда е долг околу 10-
15mm. Во паротидната жлезда n.facialis се протега нанапред и латерално.
Вкрстувајќи ја а.carotis externa и v.retromandibularis од латералната страна тој
се раздвојува на две завршни стебла.
БОЧНИ ГРАНКИ – Според патот и топографските соодноси бочните гранки од
n.facialis се делат на интрапетрозни и вончерепни.
Интрапетрозните бочни гранки се издвојуваат од n.facialis на неговиот пат во
пирамидата од слепоочната коска.Тие се четири на број 1. голем петрозен нерв
2. анастомотична гранка за plexus tympanicus 3. N.stapedius 4.тимпанична
врвца.
1.Голем петрозен нерв (n.petrosus major)
Големиот петрозен нерв се издвојува во височина на geniculum canalis facialis,
а пирамидата ја напушта преку отворот hiatus n.petrosi majoris. Протегајќи се по
својата коскена бразда (sulcus n.petrosi majoris) на предната страна од
пирамидата доаѓа до нејзиниот врв каде што ја пробива фиброзната рскавица
што го покрива foramen lacerum. Потоа се спојува со длабокиот петрозен
нерв.Тој навлегува во истоимениот канал и преку неговиот отвор доаѓа во
ganglion pterygopalatinum носејќи му парасимпатички влакна за инервација на
солзната и носните жлезди, како и за непцевите плункови жлезди.
2.Анастомотична гранка за plexus tympanicus (ramus communicans cum plexus
tympanicus) - претставува тенко анастомотично гранче што завршува во
тимпаничниот сплет (plexus tympanicus).
3.N.stapedius - тоа е моторна гранка што се издвојува од третиот надолен дел
на n.facialis навлегува во m.stapedius и го инервира.
4.Тимпанична врвца (chorda tympani)
Тимпаничната врвца се издвојува од третиот надолен дел на n.facialis под
претходниот нерв и тоа од под прав агол. Навлегува во соптственото каналче
(canalicukus chorde tympani) и доаѓа во cavum tympani каде што препокриена од
нејзината лигавица на внатрешната страна од membrana tympani предизвикува
две дипли plicae maleares. Преку петротимпаничната пукнатина го напушта
cavum tympani, поминува зад медијалната страна од виличниот зглоб
(articulatiotemporomandibularis) и доаѓа во инфратемпоралната јама. Тука
chorda tympani стапува во сооднос со n.auriculotemporalis и n.alveolaris inferior
вкрстувајќи ги од медијалната страна. Потоа му пристапува на јазичниот нерв
(n.linqualis) и тоа оибично во височина на долниот раб од надворешниот
птеригоиден мускул.
Chorda tympani содржи два вида влакна надолни парасимпатички и нагорни
густорецепторни. Парасимпатичките влакна преки n.linqualis доаѓаат до
вегетативениот ganglion submandibulare а потоа во подвиличната и
подјазичната жлезда и ги инервираат. Додека густорецепторните влакна
тргнуваат од papilae fungiformes на јазикот и преку n.linqualis и chorda tympani
доаѓаат во n.intermedius.
Вончерепни гранки - Тие се издвојуваат од стеблото на n.facialis по неговот
излегување од пирамидата на слепоочната коска. Покрај одделни непостојани
анастомотички гранчиња се одделуваат и две бочни моторни гранки
Заден ушен нерв (n.auricularis posterior) за инервација на поткожните мускули
на надворешното уво и дел од m.occipitofrontalis.
Дигастрична гранка што се издвојува под foramen stylomastoideum навлегува во
venter posterior m.digastrici и го инервира. Дигастричната гранка дава
стилохоидна гранка за инервација на истоимениот мускул (m.stylohioideus)
ЗАВРШНИ ГРАНКИ – N.facialis завршува во паротидната ложа меѓу лобусите
од жлездата со две куси стебла поразвиено горно и долно. Тие меѓусебно
анастомозираат со помош на повеке нервни гранчиња формирајќи во
паротидната жлезда таканаречен паротиден сплет (plexus parotideus)
Од завршните стебла на n.facialis се издвојуваат броjни завршни исклучиво
моторни гранки наменети за инервација на поткожните мимични мускули на
главата и вратот. Идејќи од горе надолу тоа се 1. Слепоочни гранки 2.
Јаболкови гранки 3.образни гранки 4.гранична долновилична гранка и 5. Вратна
гранка.
1.Слепоочни гранки се насочуваат нагоре кон увото, слепочниот предел и
челото инервирајќи ги попатно мускулите од ушната школка venter frontalis од
m.occipitofrontalis, m.orbicularis oculi, m.corrugator supercillii и m.depressor
supercillii.
2.Јаболковите гранки ги инервираат m.zygomaticus major et minor, а учествуваат
во инервација и на m.orbicularis oculi.
3.Образните гранки се насочуваат нанапред преку надворешната страна од
m.masseter инервирајкќи ги мускулите од носот m.buccinator и мускулите од
горната усна
4.Граничната долновилична гранка се протега по должината од долниот раб на
мандибулата и ги инервира поктожните мускули од долната усна и брадата.
5.Вратната гранка се спушта надолу во вратот и ја инервира платизмата
анастомозира со n.transversus colli од вратниот сплет
Вестибулокохлеарен нерв – N.vestibulocochlearis
N.vestibulocochlearis или осмиот нерв (n.octavus) е составен од два дела
вестибуларен (pars vestibuli) и кохлеарен (pars cochlearis). Pars vestibularis
n.octavi му носи на мозокот впечатоци за рамнотежа и ориентација во
просторот додека pars cochlearis n.octavi пренесува слушни впечатоци.
N.vestibulocochlearis излегува од мозокот преку граничната бразда меѓу
вентралната страна од понсот и medulla oblongata и тоа латерално од n.facialis.
Заедно се насочуваат нанапред и латерално доporus acusticus internus и на
дното од внатрешниот ушен canal fundus meatus acustici interni
n.vestibulocochlearis вестибуло се дели на своите два дела.
Стварниот почеток на овој нерв се наоѓа во клетките на вестибуларниот
ганглион и спиралниот ганглион.
Вестибуларен дел (pars vestibularis)
Вестибуларниот дел од n.vestibulocochlearis во fundus meatus acustici interni
поминува преку својот ганглион (ganglion vestibulare) којшто е раздвоен на два
дела горен (pars superior ) и долен дел (pars inferior). Од нив се издвојуваат куси
гранки на вестибуларниот дел а се n. utriculoampullaris, n. ampullaris posterior и
n.sacularis.
Влакната од n.utriculoampullaris поминуваат преку area vestibularis superior од
дното на внатерeшниот ушен ходник и во вестибулумот тие формираат три
нервни гранки - n.ampullaris anterior којшто се насочува кон crista ampullaris од
предниот мембранозен полукружен канал, n.ampullaris lateralis доаѓа до crista
ampullaris на латералниот канал и n.utricularis доаѓа до macula utriculi.
N.ampullaris posterior минува преку foramen singulare и завршува во crista
ampullaris од задниот полукружен мембранозен канал.
N.sacularis минува преку area vestibularis inferior и доаѓа до macula saculli.
Кохлеарен дел (pars cochlearis)
Нервните влакна од кохлеарниот дел минуваат преку отворчиња на tractus
spiralis foraminosus од fundus meatus acustici interni и доаѓаат до ganglion
spiraleлокализиран во canalis spiralis modioli. Pars cochlearis содржи и нервни
влакна коишто доаѓаат од pars inferior на ganglion vestibulare и носат впечатоци
од saculus од n.sacularis.
ЈАЗИЧНО-ГОЛТНИКОВ НЕРВ (N.glossopharyngeus)
N.glossopharyngeus претставува мешовит мозочен нерв составен од
моторни,сензитивни, односно густорецепторни и парасимпатички влакна.
Моторните влакна учествуваат во инервација на мускулите од мекото непце и
голтникот. Сензитивните ја инервираат лигавицата од задната третина на
јазикот и лигавицата од голтникот додека неговите густорецепторни влакна
пренесуваат впечатоци за вкус од papillae valate и papillae foliate.
Парасимпатичките влакна од n.glossopharyngeus ја инервираат паротидната
плункова жлезда. N.glossopharyngeus излегува од medulla oblongata над
n.vagus.
Стварниот почеток на моторните и парасимпатичките влакна се наоѓа во
соодветните јадра локализирани во medulla oblongata.
Стварниот почеток на сензитивниот дел од n.glossopharyngeus се наоѓа во
ганглиските клетки од двата ганглиони придодадени на нервот а тоа се горен
ганглион (ganglion superior) и долен ганглион (ganglion inferior). Горниот
ганглион претставува задебелување на нервното стебло во височина на
foramen jugulare, а долниот ганглион се наоѓа под горниот во соодветната
јамичка на задниот раб од пирамидата на слепоочната коска. Стварниот
завршеток на сензитивниот дел од n.glossopharyngeus се наоѓа во соодветните
сензитивни јадра во medulla oblongata.
N.glossopharyngeus придружен од n.vagus и n.accessorius поминува над
tuberculum jugulare и ја напушта черепната празнина преку foramen jugulare.
Потоа тој се спушта во парафарингеалниот простор и тоа во неговиот
ретростилоиден дел зад а.carotis interna, а медијално од v.jugularis interna.
Насочувајќи се нанапред и надолу ја вкрстува артеријата од латералната
страна и лаковидно поминувајќи над и паралелно со n.hypoglossus и доаѓа до
базата од јазикот. N.glossopharyngeus поминува потоа меѓу m.stylopharyngeus
и m.styloglossus и завршува со бројни завршни гранки.
БОЧНИ ГРАНКИ - Покрај анастоматички гранки со n.facialis, n.vagus и truncus
simpaticus од стеблото на n.glossopharyngeus се издвојуваат следниве бочни
гранки 1.тимпаничниот нерв(n.tympanicus) 2.гранки за каротидниот синус 3.
фарингиални гранки 4. Гранката за стилофарингеалниот мускул и тонзиларни
гранки
1 ) Тимпаничен нерв на јакобсон (n.tympanicus - Jacobsoni)
Тимпаничниот нерв претставува парасимпатичка гранка која се издвојува
непосредно под foramen jugulare во висина на ganglion inferior. Потоа нервот се
насочува кон долната страна од пирамидата на слепоочната и тоа кон една
коскена јамичка fosula petrosa на чие дно се наоѓа каналче( canaliculus
tympanicus). Преку каналот нервот доаѓа во cavum tympani каде што лежи во
коскена бразда на промонториумот (sulcus promontorii). Со своите завршни
гранки n.tympanicus учествува во градбата на тимпаничниот сплет (plexus
tympanicus). Во градбата на сплетот учествуваат и симпатички гранки
таканаречени каротико-тимпанични нерви што се издвојуваат од сплетот околу
внатрешната каротидна артерија – plexus caroticus internus.
На plexus tympanicus се приклучуваат и анастомотичната гранка од n.facialis и
тоа ramus communicans cum plexus tympanici. Од горниот дел на сплетот се
издвојува малиот петрозен нерв (n.petrosus minor). Тој се насочува нагоре и го
напушта cavum tympani преку коскен зјап hiatus canalis n.petrosi minoris. Доаѓа
на предната страна од n.petrosi minor и преку сфенопетрозната пукнатина
доаѓа до отичкиот ганглион (ganglion oticum).Од ганглионот парасимпатичките
влакна се предаваат на n.auriculotemporalis, а тој ги предава на паротидната
жлезда преку ramus parotideus.
2)Гранка за каротидниот синус на херинг(ramus sinus carotici))
Гранката за каротидниот синус е висцеро-сензитивна, а се издвојува под
базата од черепот. Се насочува кон раздвојот на заедничката каротидна
артерија и завршува со повеќе завршни гранки коишто се делат на внатрешни
и надворешни. Внатрешните гранки влегуваат во состав на перикаротидниот
нервен сплет и доаѓаат до почетното проширување на а.carotis interna
наречено sunus caroticus, а надворешните гранки доаѓаат до каротидното
клолче (glomus caroticum). Ramus sinus carotici – Heringi служи за рефлексно
спуштање на крвниот притисок. Терминалните гранчиња на нервот
локализирани околу нервнитe клетки во ѕидот на каротидниот синус и тие од
glomus caroticum претставуваат центрипетални центри од каде што тргнува
центрипеталниот крак на каротидно синусниот рефлекс за регулација на
крвниот притисок.
Со притискање на вратот во пределот на раздвојот на а.carotis communis
односно каротидниот синус се предизвикува спуштање на крвниот притисок
(херинг).
3)Фарингеални гранки
Фарингеалните гранки се мотoрни нерви на број два до три се издвојуваат од
стеблото на n.glossopharyngeus во височина на неговот вкрстување со а.carotis
interna. Тие се насочуваат кон фарингсот и анастомозирајки со истоимените
гранки од n.vagus и ramus laryngopharygei (plexus pharyngeus). Од сплетот се
издвојуваат гранчиња за инервација на мускулите и лигавицата од фарингсот,
а исто така и мускулите од мекото непце со исклучок на m.tensor veli palatini
којшто е инервиран од n.mandibularis.
4)Гранка за стилофарингиалниот мускул (ramus m.stylopharyngeus)
Тој претставува моторна гранка наменета за инервација на m.stylopharyngeus.
5)Тонзиларни гранки (ramus tonsillares)
Тие претставуваат сензитивни гранки, а се издвојуваат од нервното стебло
пред коренот од јазикот. Тонзиларните гранки се разгрануваат и ја инервираат
лигавицата од фарингеалното стеснување (ichtmus faucium) и непцевиот
крајник.
ЗАВРШНИ ГРАНКИ - Помеѓу m.styloglossus и m.stylopharyngeus на базата од
јазикот стеблото од n.glossopharyngeus завршува со бројни завршни јазични
гранки (ramus linqualis). Тие содржат сензитивни и густо рецепторни влакна.
Нагорните густорецепторни гранки ги инервираат опточените папили (papilae
foliate) од јазикот. Сензитивните влакна ја инервираат лигавицата од коренот
на јазикот. По должината на средишната линија ramus linqualis од обата нерва
меѓусебно анастомозираат, а пред sulcus terminalis анастомозираат и со
завршните гранки од n.linqualis.
10 Нерв луталник или вагус (n.vagus)
N.vagus претставува мешовит нерв составен од мотoрни, сензитивни и
парасимпатички влакна. Со моторите влакна тој ги инервира мускулите на
мекото непце, фарингсот и ларингсот. Сензитивните влакна учествуваат вo
инервацијатa на дел од кожата од надворешниот ушен канал, а исто така ја
инервираат лигавицата од ларингсот и долниот дел од фарингсот.
Парасимпатичките влакна ги инервираат гранките од градната и
абдоминалната празнина. N.vagus излегува од medulla oblongata и тоа од
нејзината задна бочна бразда меѓу n.glossopharyngeus и n.accessorius.
Стварниот почеток на моторните и парасимпатичките влакна од n.vagus се
наоѓа во неговите моторни јадра локализирани во medulla oblongata.
Стварниот почеток на сензитивните влакна се наоѓа во ганглиските клетки на
двата сензитивни ганглиони придодадени на нервот а то се горен и долен
ганглион. Горниот ганглион(ganglion superior) наликува на вретеновидно
задебелување локализирано во височина на foramen jugulare, а долниот
ганглион (ganglion inferior) е подолг од претходниот и се наоѓа пред напречниот
израсток од атласот. Стварниот завршеток на сензитивниот дел од n.vagus се
наоѓа во сензитивните јадра на medulla oblongata.
По напуштањето на мозокот n.vagus се насочува нанапред и латерално
поминувајќи преку tuberculum jugulare придружен со n.glossopharyngeus и
n.accessorius доаѓа дo базата од черепот. Ја напушта черепната празнина
преку foramen jugulare и се спушта надолу низ ретростилоидниот дел од
парафарингеалниот простор. Тука n.vagus лежи заедно со n.accessorius и
n.hypoglossus, а потоа а.carotis interna и v.jugularis interna.
Спуштајќи се надолу n.vagus во најблизок сооднос доаѓа со крвните садови. Тој
лежи зад нив во заедничката сврзна обвивка vagina caroticum, во браздата што
се граничи латерално со v.jugularis interna, a медијално со а.carotis communis.
Зад и медијално од n.vagus во дупликатурата на длабокиот лист од вратната
фасција се наоѓа вратното симпатичко стебло. Придружкен од крвните садови
нервот навлегува во градниот кош и тоа поминувајќи пред а.subclavia, a зад
v.subclavia. N.vagus dexter се спушта латерално од трахеата кон задната
страна на десниот главен бронх, а n.vagus sinister пред и латерално од лакот
на аортата кон задната страна на левиот бронх. Надолу вагусите се
придржуваат кон езофагусот и тоа левиот лежи на неговата предна страна, а
десниот на эадната страна. Заедно ја напуштаат торакалната празнина преку
hiatus esophageus и во абдоминалната празнина завршуваат левиот како
truncus vagalis anterior, а десниот како truncus vagalis posterior. Според патот и
неrовите соодноси на n.vagus ce разликуваат 4 топографски делови: черепен,
вратен, граден и абдоминален дел. БОЧНИ ГРАНКИ - Од черепниот
топогрaфски дел кој се протега од medulla oblongata, ganglion inferior ce
издвојуваат следните бочни rранки: Менингела гранка, aурикуларна гранка,
комуникатна гранка за n.glossopharyngeus. Од вратниот дел којшто се протега
од ganglion inferior до одделувањето на n.laryngeus reccurens ce издвојуваат
следните бочни гранки: фарингеални гранки, горен ларингеален нерв, ropни
кардијални гранки, долни кардијални rранки и повратниот ларингеален нерв.
Од градниот топографски дел на n.vagus се протега од одделувањето на
n.laryngeus reccurens до hiatus esophageus ce издвојуваат следните бочни
гранки: Трахеални гранки, бронхиални гранки и езофагусни гранки.
Абдоминалниот топографски дел се протега под hiatus esophageus,а ги дава
следниве гранки - предно вагусно стебло и задно вагусно стебло.
 Менгингеална гранка (ramus meningeus)
Се издвојува од стеблото на n.vagus во височина на ganglion superior и се враќа
во черепната празнина преку foramen jugulare се разгранува во тврдата
мозочна обвивка и ја инервира
2)Аурикуларна,ушна гранка (ramus auricularis)
Таа е сензитивна гранка што се издвојува непосредно под ganglion superior и
поминува преку соодветно мастоидно коскено каналче во пирамидата од
слепоочната коска. Го вкрстува десцендентниот дел од фацијалниот канал и
доаѓајки во сооднос со n.facialis и аурикуларната гранка анастомозира со него.
Напуштајки го коскеното каналче под и зад надворешниот ушен отвор ramus
auricularis ја инервира кожата од конкавниот дел на аурикулата и надворешниот
ушен канал.
3)Комуникантан гранка за n.glossopharyngeus
Претставува тенко гранче што го поврзува черепниот дел од вагус со ganglion
inferior од n.glossopharyngeus.
4) Фарингеални гранки (ramus pharyngei)
Тие се 2-3 гранки насочени надолу кон бочниот ѕид од голтникот. Тие
учествуваат во градбата на голтниковиот сплет (plexus pharyngeus)
анастомозирајќи со истоимените гранки на n.glossopharyngeus и ramus
laryngopharyngeus од вратниот симпатикус.
Од Сплетот се издвојуваат гранчиња за инервација на мускулите од фарингсот
и мекото непце како и лигавицата од фарингсот.
Ramus pharyngei содржат и дел од влакната од n.accessorius односно од
неговата внатрешна гранка (ramus internus) којашто влегува во составот на
n.vagus.
5)Горен грклански нерв(n.laryngeus superior)
Горниот грклански нерв претставува мешовита гранка од n.vagus. Се издвојува
од долниот крај на ganglion inferior, се насочува надолу и нанапред зад a.carotis
interna и а.carotis externa и во височина на големиот рог од хиоидната коска
завршува со 2 завршни гранки - надворешна гранка ramus externus и
внатрешна гранка ramus internus.
7) Повратен Грклански нерв – N.laryngeus reccurens
Десниот повратен грклански нерв се издвојува од стеблото на n.vagus во
височина на предскаленскиот дел од а.subclavia, a левиот нешто подолу (3 см)
во градниот кош и тоа во височина на аrcus aortae. Двата нерва се враќаат
образувајки лак со конкавитет ориентиран нагоре. Десниот повратен грклански
нерв со својот лак ја опфќа а.subclavia, a левиот аортниот лак латерално од
lig.anterius. Вкрстувајќи rи задните страни од споменатите артериски стебла
обата нерва потоа се насочуваат нагорно, латерално од трахеата и гркланот.
Доаѓајќи до долниот дел од тироидната жлезда n.laryngeus reccurens ce
провлекува меѓу завршниот раздвој од а. Thiroidea inferior. Во одделни случаи
нервот може да ја вкрстува артеријата од предната или задната страна. Од таа
височина повратниот грклански нерв продолжува со завршна гранка наречена
долен грклански нерв (n.laryngeus inferior). Тој навлеrува во долниот дел од
гркланот и под неговата лигавица се дели на завршни гранчиња. Од
повратниот грклански нерв се издвојуваат и бочни гранки и тоа: а) трахеални
гранки за инервација на мускулите и лигавицата за горниот дел од трахеата,
б)езофагеални гранки за инервација на вратниот дел од езофагусот.
Завршната гранка – n.laryngeus inferior дава гранчиња за инервација на сите
мускули од гркланот и долниот констриктор на фарингсот.
11 Помошен нерв (n.accessorius)
Помошниот нерв претставува чисто моторен нерв наменет за инервација на
m.sternocleidomastoideus и m.trapezius, а дава гранка и за n.vagus чиишто
влакна учествуваат во инервација на мускулите од гркланот. Акцесорниот нерв
има двојно потекло кранијално и спинално. Неговите кранијални корени(radex
craniales) излегуваат од medulla oblongata во пределот наsulcus lateralis
posterior под излегувањето на n.vagus. Спиналните корени (radex spinales)
излегуваат од вратниот дел на medulla spinalis и тоа од бочната врвца (funiculus
lateralis ).
Radex spinales се насочуваат нагоре во рбетниот канал и преку foramen
magnum влегуваат во черепната празнина каде што се спојуваат со
кранијалните корени формирајки го стеблото на n.accessorius. Нервот се
насочува нанапред и латерално преку tuberculum jugulare придружен со
n.glossopharyngeus и n.vagus. Преку foramen jugulare ја напушта черепната
празнина и доаѓа во ретростилоидниот дел од парафарингеалниот
простор .Тука тој лежи заедно со n.glossopharyngeus, n.vagus и n.hypoglossus
како и со а.carotis interna и v.jugularis interna. Непосредно под југуларниот отвор
акцесорниот нерв завршува со две завршни гранки.Завршните Гранки на
n.accessorius се надворешна гранка и внатрешна гранка
Ramus externus се протега косо надолу, латерално и наназад. Навлегува во
m.sternocleidomastoideus и го инервира. Во мускулот се издвојуваат гранчиња
за анастомоза со вториот и третиор вратен нерв (С2-С3) а самиот ramus
externus излегува од мускулот и продолжува надоле и наназад преку regio colli
lateralis завршувајки во m.trapezius. Инервирајки го и тој мускул надворешната
гранка анастомозира и со третиот и четвртиот вратен нерв (С3-С4).
Ramus internus претставува висцеромоторна и соматомоторна гранка и по кус
пат влегува во состав на n.vagus. Влакната од ramus internus од n.accessorius
преку n.vagus учествуваат во инервација на мускулите од мекото непце
гркланот и голтникот.
12 Подјазичен нерв (n.hypoglossus)
Подјазичниот нерв претставува исклучиво моторен нерв наменет за инервација
на речиси сите мускули од јазикот и еден од натхиоидниот мускул
(m.geniohyoideus). Подјазичниот нерв излегува од medulla oblongata и тоа од
sulcus lateralis anterior со помош на 10-12 корени. Сите корени се насочуваат
нанапред и латерално до влезот во хипоглоснiот канал (canalis hypoglossus).
Навлегувајќи во каналот корените се спојуваат во единствено нервно стебло
коешто доаѓа во ретростилоидниот дел од парафарингеалниот простор. Тука
нервот лежи латерално од а.carotis interna, a потоа а.carotis externa. Спуштајќи
се надолу во височина на а.occipitalis, n.hypoglossus гради лак со конкавитет
ориентиран нагоре. Хоризонталннот дел од лакот лежи во каротидниот и
подвиличниот триаголник (trigonum caroticum, trigonum submandibulare). Во
каротидниот триаголник нервот ја вкрстува од латералната страна а.carotis
externa. Скелетотопски стеблото на n.hypoglossus лежи 1 cm под виличниот
агол. Во подвиличниот триаголник нервот е придружен со неговата вена
придружничка (vena commitans, n.hypopglossi). Тука тој лежи на површинската
страна од m.hyoglossus, додека а.linqualis врви по длабоката страна од
мускулот. Споменатите епементи ги покрива glandula submandibularis. Во
подвиличниот триаголник n.hypoglossus поминува преку задниот јазичен
триаголник на Беклард, а го ограничува од горната страна предниот јазичен
триаголник на Пирогов. Потоа нервот поминува преку меѓумускулната
пукнатина ограничена со задниот раб од m.mylohyoideus и предниот раб од
m.hyloglossus. Придружен од горната страна со изводннот канал од
подвиличната жлезда (ductus submandibularis) тој доаѓа во подјазичниот предел
каде што лежи иа надворешната страпа од m.geniohyoideus и завршува со
завршни гранки. Во сублингвалниот предел n.linqualis врви над n.hypoglossus.
ГРАНКИ - Од стеблото на n.hypoglossus се издвојуваат одделни бочни и
анастомотични гранки без практично эначење. Додека завршните гранки се
лингвални и тие се бројни и служат за инервација на мускулите од јазикот, како
и m.geniohyoideus.
Вратни нерви (nn.cervicales)
На главата и вратот од периферниот нервен систем и припаѓаат и првите осум
пара рбетни нерви (n.spinales). Бидејки потекнуваат од вратниот дел на medulla
spinales тие се означени како вратни нерви (nn.cervicales). Аналогно на другите
рбетни нерви секој n,cervicales во височина на foramen intervertebrale ги дава
следните четири зарвшни гранки а) предна гранка (ramus ventralis) б)задна
гранка (ramus dorsalis) в)спојнички гранки (ramus communicantes) и
г)менингеална гранка (ramus meningeus).
Предните гранки на вратните нерви (rami ventrales nn.cervicalium)
Предните гранки на првите четири вратни нерви (С1-С4) се поврзуваат
меѓусебно градејки вратен нервен сплет. Додека предните гранки од другите
вратни нерви (С5-С8) aнастомозираат меѓу себе како и со предната гранка од
првиот граден нерв градејки го рамниот сплет (plexus brachialis).
Вратен сплет (plexus cervicales)
Вратниот сплет настанува со спојување на предните гранки од првите четири
вратни нерви. Предната гранка од С1 се насочува латерално меѓу атласот и
окципиталната коска. Во височина на врвот од напречниот израсток од атласот
таа зазема надолен тек. Предната гранка од С2 се насочува кон врвот од
напречниот израсток од вториот прешлен и се раздвојува на нагорна гранка
којашто се спојува со таа од С1 и една надолна гранка што анастомозира со
нагорната гранка од С3. Истоветно се делат и предните гранки од С3 и С4,
коишто анастомозираат со соодветните гранки од соседните вратни нерви. Со
анастомозите настануваат три врани петелки локализирани пред врвовите од
напречните израстоци од првите три вратни прешлени. Од предната страна
сплетот е покриен со lamina prevertebralis fasciae cervicales, а површинскиот
лист од вратната фасција.
Сплетот е поврзан со помош на ramus communicantes со горниот вратен
ганлион од симпатичкото стебло, а одделни спојнички грани го поврзуваат и со
n.accessorius и n.hypoglossus.
Од plexus cervicales се издвојуваат сензитивни и моторни гранки.
Сензитивните гранки или кожни гранки ја инервираат кожата од предно бочниот
предел на вратот, горниот дел од градниот кош и рамото, како и одделни
делови од главата. Тие гранки се четири на број - 1)мал тилен нерв
(n.occipitalis minor),2)голем ушен нерв(n.auricularis magnus) 3)напречен вратен
нерв (n.transvesus colli) и 4 )натклучни нерви (nn.supraclavicularis).
Сите четири сензитивни нерви го пробиваат површинскиот лист (lamina
superficialis) од вратната фасција на средината од задниот раб на
m.sternocleidomastoideus во едно место означено како нервна точка на вратот
1)мал тилен нерв (n.occipitalis minor)
Тој по изгледувањето од нервната точка се насочува нагоре и наназад по
задниот раб од m.sternocleidomastoideus и се дели на две завршни гранки и
завршува во окципиталната регија инервирајки ја кожатан а тилот.
2)Голем ушен нерв(n.auricilaris magnus)
Претставува наразвиена сензитивна гранка од plexus cervicales. По
излегувањето од нервната точка се насочува нагоре, кон аурикулата по
надворешната страна од m.sternocleidomastoideus. Во височина на виличниот
агол нервот се дели на две завршни гранки и тоа предна и задна. Предната
гранка ја инервира кожата од паротидната регија, а задната кожа од задниот
дел на ушната школка и мастоидниот предел.
3)Напречен вратен нерв (n.transversus colli)
Од нервната точка напречниот вратен нерв свртува нанапред доаѓа на
надворешната страна од m.sternocleidomastoideus и вкрстувајки ја напречно се
насочува кон подјазичната коска. Завршува со горни гранки и долни. Горните
гранки ја инервираат кожата од предната страна на вратот над хиоидната
коска, а долните кожата во регијата под коската.
4)Натклучни нерви (nn.supraclavicularis)
Натклучните нерви потекнуваат обично од заедничкото стебло кое во височина
на punctum nervosum colli се разделува на три гранки. Тие се насочуваат кон
клавикулата во fossa supraclavicularis major под платизмата. Тука се
разгрануваат на понеколку гранчиња коишто ја пробиваат платизмата и
доаѓаат под кожата во потклучната регија.
Натклучните нерви се делат на медијални, интермедијални и латерални или
задни. Тие ја инервираат кожата на потклучниот предел, горниот дел од
предната страна на градниот кош и рамото.
Моторни гранки - Од plexus cervicalis се издвојуваат и моторни гранки наменети
за инервација на мускулите од предната страна на вратот, потоа потхиоидните
мускули, а преку n.phrenicus сплетот ја инервира и дијафрагмата. Од plexus
cervicales се издвојуваат следните моторни гранки.
1)Гранки за предрбетните мускули (m. rectus capitis anterior, longus capitis et
m.longus colli)
2)Гранка за m.sternocleidomastoideus. Во самиот мускул таа анастомозира со
ramus externus од n.accessorius. Таа се издвојува од втората анастомотична
петелка (С2-С3).
3)Гранки за скаленските мускули
4)Гранка за m.trapezius којашто се издвојува од третата анастомотична вратна
петелка (С3-С4). Таа исто така анастомозира со ramus externus од
n.accessorius.
5)Вратна петелка (ansa cervicales) локализирана на латералната страна од
v.jugularis interna во височина на меѓутрбувната тетива на m.omohyoideus.
Петелката ја градат два корена горен и долен. Горниот корен потекнува од
предните гранки на С1 и С2 се спушта по латералната страна од а.carotis
externa и во височина на почетокот од а.occipitalis се приклучува кон лакот на
n.hypoglossus, но од него не прима никакви влакна. Спуштајки се потоа низ
бочната страна од v.jugularis interna во височина на меѓутрбувната тетива од
m.omohyoideus се спојува со долниот корен. Долниот корен од вратната
петелка потекнува од предните гранки на С2-С3 се спушта по латералната
страна од v.jugularis interna и се спојува со горниот корен.
Од вратната петелка се издвојуваат гранки за инервација на три
потхиоидни мускули (m.sternohyoideus, m.omohyoideus и m.sternothyroideus)
додека четвртиот мускул – m.thyroideus е инервиран од посебна истоимена
гранка – ramus thyrohyoideus. Таа потекнува од radix superior.
6)Френичен нерв (n.phrenicus) - тој претставува мешовита гранка од plexus
cervicales. Потекнува од предните гранки од С3 до С5 најчесто со три корени.
Френичниот нерв е најдолга гранка од вратниот сплет.
Задни Гранки од Вратните нерви (rami dorsales nn.cervicalium)
Задните гранки од вратните спинални нерви претставуваат мешовити нерви
наменети за инервација на мускулите од задната страна на вратот и кожата од
таа регија. Задните гранки од последните пет вратни нерви поседуваат главно
идентични особености како и другите спинални нерви. Додека задните гранки
од првите три вратни нерви се разликуваат по своите особености.
1)Потилен нерв(n.suboccipitalis)
Потилниот нерв претставува задна гранка од првиот вратен нерв, а е
исклучително моторна. По излегувањето од рбетниот канал и тоа меѓу
окципиталната коска и атласот се насочува наназад по браздата на а.vertebralis
на задниот лак од атласот. Пробивајки ја membrana atlantooccipitalis доаѓа во
регијата од Arnoldov-овиот триаголник(trigonum suboccipitale) и се дели на
повеке гранчиња за инервација на мускулите од таа регија.
2) Задна гранка на вториот вратен нерв
Претставува најразвиена эадна гранка. Таа е мешовита прежтежно сензитивна.
Излегува меѓу задниот лак од атласот и вториот nрешлен, а потоа доаѓајќи до
задниот раб од m.obliguus capitis inferior свртува и зазема нагорен тек. Со
моторните влакна ги инервира длабоките мускули од задната страна на вратот,
додека нејзиниот сензитивен дел претставува голем окципиrален нерв
(n.occipitalis major) којшто доаѓа до тилната реrија и ја инервира кожата на
истата.
3)Задна гранка на треиот вратен нерв
Задната гранка од третиот вратен нерв претставува мешовит нерв. Тој се дели
на две завршни гранки медијална – сензитивна наречена трет окципитален
нерв (n.occipitalis tertius) и латерална - моторна. N.occipitalis tertius учествува
заедно со претходниот нерв во инервација на кожата од тилната регија.
Латералната –моторна гранка учествува во инервација на мускулите од
задната страна на вратот .
Автономен нервен систем (Sistema nervosum autonomicum)
Автономниот систем од главата и вратот се дели на симпатички дел и
парасимпатички дел.
1.Симпатички дел (pars sympatica)
Симпатичкиот дел од автономниот нервен систем на главата и вратот има два
составни дела симпатикус на главата и симпатикус на вратот.
Симпатикус на главата
Во составот на симпатикусот на главата влегуваат 1.внатрешниот каротиден
сплет и 2.Симпатичките ганглиони на главата.
 Внатрешниот каротиден сплет(plexus caroticus internus)

Внатрешмниот каротиден сплет претставува продолжеток на вратниот


симпатикус, а го гради внатрешниот каротиден нерв (n.caroticus internus) .По
неговиот настанок од горниот вратен ганглион тој се насочува нагоре по
задната страна на а.carotis interna делејки се набргу на две завршни гранки. Во
canalis caroticus обете гранки завршуваат со бројни гранчиња што
анастомозираат богато меѓу себе формирајки околу артериското стебло
внатрешен кротиден сплет.
Заедно со артериското стебло сплетот доаѓа во черепната празнина и во
кавернозниот синус. По излегувањето на а.carotis interna од синусот сплетот
дава секундарни симпатички сплетови коишто ги опкружуваат нејзината бочна
гранка (a.cerebri anterior, a.cerebvri media, a.coricoidea anterior и а.communicans
posterior).
Освен секундарни сплетови од plexus caroticus internus се издвојуваат три
позначајни бочни гранки 1)каротикотимпанички нерв 2)длабок петрозен нерв и
симпатички гранки за цилијарниот ганглион.
1)Каротикотимпанични нерви (n.caroticotympanici)
Обично се два на број, а се издвојуваат од plexus caroticus internus во близина
на надворешнјиот отвор од canalis caroticus .Поминуваат преку canaliculi
caroticotympanici и во cavum tympani анастомозираат со n.tympanicus градејки го
plexus tympanicus.
Длабок петрозен нерв (n.petrosus profundus)
Се издвојуваод plecus caroticus internus во близина на foramen lacerum и откако
ке ја пробие фиброзната рскавица на отворот се спојува со n.petrosus major
гранка од n.facialis. Заедно го градат n.canalis pterygoidei и доводна гранка на
ganglion pterygopalatinum.
3)Симпатичка гранка за цилијарниот ганглион (ramus sympaticus ad
ganglion ciliare)
Се издвојува од plexus caroticus internus во sinus cavernosus, а потоа влегува го
орбитата преку fissura orbitalis superior носејки му на ganglion ciliare симпатички
доводни влакна.
2.Симпатички ганглиони на главата
Симпатичките ганглиони на главата се веке опишани вегетативни ганглион
придодадени на одделните церебрални нервни, а тоа се ganglion ciliare,
ganglion pterygopalatinum, ganglium oticum и ganglion submandibulare .Во
ганглионите се наоѓаат ганглиски клетки во коишто се прекинуваат покрај
парасимпатички влакна и симпатички.
Симпатикус на глава
Симпатикусот на вратот го претставува 1)симпатичкото стебло на вратот и 2)
гранките од симпатичкото стебло на вратот
 Симпатичко стебло на вратот

Стеблото на вратниот симпатикус се протега пред напречните израстоци на


вратните прешлени сместени во дупликатура на длабокиот лист (lamina
prevertebralis) од вратната фасција. Нагоре симпатичкото вратно стебло се
продолжува преку веке споменатиот n.caroticus internus во симпатикусот на
главата, а надолу во стеблото на градниот симпатикус.
Симпатичкото стебло на вратот го градат три ганглиони (ganglia sympatici)
поврзани мегусебно со интерганглиски гранки(rami interganglionares)
Вратни Ганглиони
Вратните ганглиони се - 1)горен вратен ганглион 2) Среден вратен ганглион и
3)долен вратен ганглион или вратнограден ганглион
1)Горниот ганглион претставува вретеновидно задебелување што се
протега пред напречниот израсток од вториот и третиот вратен прешлен
односно во височина на виличниот агол. Тој е најдолг ганглион од
симпатичкото стебло.
2)Средниот вратен ганглион претставува непостојан ганглион. Се наоѓа
пред предната односно каротидната џумка (tuberculum carotici) од
напречникот израсток на шестиот вратен прешлен.
3) Долниот вратен или вратно-градниот ганглион (ganglion
cervicothoracicum) е локализиран меѓу напречниот израсток на седмиот вратен
прешлен и вратот од првото ребро.
Ганглионот ја исполнува остефиброзната ложа што ја граничи одзади вратот
од првото ребро, а латерално и внатре врските што го фиксираат вратот и
превертебралниот лист од вратната фасција со cupula pleurae.
Од предната страна долниот вратен ганглион е покриен со предскаленскиот
дел од а.subclavia и почетокот од а.vertebralis. Крвните садови наедно го
одделуваат од cupulae pleurae и apex pulmonis.
Обично долниот вратен ганглион е сраснат со првиот граден заради што го
добил и својот назив ganglion cervicothoracicum .Тој наликува на ѕвезда затоа е
наречен уште и ѕвездест ганглион (ganglion stelatum).
Меѓуганглиски гранки (ramus interganglionaleres)
Трите вратни ганглиони со помош на интерганглиски гранки се поврзани во
единствено стебло. Гранките или спојниците можзат да бидат единечни или
двојни. Средниот вратен ганглион и вратно-градниот ганглион се споени со
двојна спојница представени со предна и задна гранка што ја опфакјаат
предната и задната на а.subclavia. Под артеријата тие се спојуваат во така
наречената потклучна петелка (ansa subclavia).
2.Гранки од симпатичкото стебло на вратот
Вратните гранки се споени со вентрални гранки на првите осум вратни нерви со
помош на комуникативни гранки. Се разликуваат и анатостоматички гранки што
ги спојуваат ганглионите со одделни церебрални нерви (IX, X и XI). Покрај веке
споменатите гранки на вратниот симпатикус дава и бочни гранки што се
издвојуваат од неговите ганглиони.
Гранки од горниот вратен ганглион
1)Внатрешен каротиден нерв(n.caroticus internus) што се издвојува од
горниот крај на ganglion cervicalium superior. Се насочува нагоре и се дели на
две гранки коишто од својата страна го градат веке опишаниот plexus caroticus
internus.
2)Надворешни каротидни нерви (n.carotici externi) тие се обично 2-3
наброј, а потекнуваат од горниот вратен ганглион. Се спуштаат по а.carotis
interna до нејзиниот почеток, потоа се качуваат по стеблото на а.carotis externa.
Околу неа многукратно анастомозираат градејки надворешен каротиден сплет.
Од него се издвојуваат секундарни сплетови што ги опкрижуваат бочните и
завршните гранки од a.carotis externa.
Од n.carotici externi се издвојуваат и надолни гранки кои заедно со гранки
од средниот вратен ганглион учествуваат во градба на симпатички сплет и
околу стеблото на а.carotis communis (plexus caroticus communisплексус)
3)Гркланскоголтникови гранки (rami laryngopharyngei) на број се 2-3 а се
издвојуваат од горниот вратен ганглион. Се насочуваат кон гркланот и
голтникот и учествуваат во градбата на plexus pharyngeus заедно со гранки
од n.vagus и n.glossopharyngeus.
4)гранки за glomus caroticum тие се 1-2 на број ја придружуваат а.carotis
interna и завршуваат во glomus caroticum.
5)Горен срцев вратен нерв (n.cardiacus cervicales superior) почнува од
горниот ганглион и се спушта зад а.carotis communis. Навлегува во
торакалната празнина и заедно со парасимпатичките гранки од n.vagus
учествуваат во градбата на срцевиот сплет(plexus cardiacus).
Гранки од средниот вратен ганглион
1)Гранки за сплетот околу а.carotis communis. Тие заедно со гранки од
веке споменатите n.carotici externi учествуваат во градбата на plexus
caroticus communis.
2)Среден срцев вратен нерв (n.cardiacus cervicales medius) којшто
учествува во градбата на plexus cardiacus.
Гранки од вратноградниот ганглион
 Долен срцев вратен нерв (n.cardiacus cervicales inferior) којшто со
веќе споменатиот горен и среден нерв учествува во градбата на
срцевиот сплет

 Гранки за plexus subclavius. Тие го градат сплетот околу


а.subclavia, а од него се издвојуваат секундарни сплетови за нејзините
бочни гранки.

2.Парасимпатички дел (pars parasympatica)


Парасимпатичкиот дел се разилкува по тоа што не претставува единствена
морфолошка целина ниту пак поседува одделни нервни влакна. Според
локализацијата на јадрата парасимпатичкиот дел се дели на - 1)мозечен дел –
локализиран меѓу 2-иот – 4 –тиот сакрален сегмент на medulla spinalis. Од
горните делови тргнуваат парасимпатички влакна во состав на одделни
мозочни нерви доаѓаат до органите.
Парасимпатички влакна влегуваат во состав на следните мозочни нерви
1)n.oculomotorius, n.facialis, n.glossopharyngeus и n.vagus. Тие влакна тргнуваат
од соодветни јадра, а потоа преку споменатите нерви доаѓаат до соодветни
вегетативни ганглиони на главата од ганглионите преку одводни гранки
влакната доаѓаат до соодветните органи и ги инервираат.
1)Парасимпатичките влакна на n.oculomotorius преку ganglion ciliare ги
инервираат m.sphincter pupillae и m.ciliaris.
2)Парасимпатичките влакна на n.facialis а) преку n.petrosus major во
ganglion pterygopalatinum, а потоа за солзната жлезда, носните и
непцевите жлезди б) преку chorda tympani одат до ganglion
submandibulare, а потоа за подвиличната и подјазичната жлезда.
3)Парасимпатички влакна од n.glossopharyngeus преку n.tympanicus и
n.petrosus minor одат до ganglion oticum, а потоа до паротидната жлезда.
4)Парасимпатички влакна од n.vagus преки неговите бочни и завршни
гранки учествува во инервација на органите на вратот и градната
празнина и абдоминалната празнина.

ОРГАНИ НА ГЛАВА И ВРАТ ОД гастроинтенстиналниот тракт, од респираторен


систем и ендокрин систем

ОРГАНИ ОД СИСТЕМОТ ЗА ВАРЕЊЕ


Од системот за варење во главата и вратот се наоѓаат усната празнина,
голтникот и дел од храноводот.
Усна празнина - (cavum oris) претставува почетен проширен дел од системот за
варење освен за џвакање и голтање на храната таа служи и за артиколација и
резонанција на гласот. Во усната празнина се наоѓа и сетилото за вкус.
Cavum oris претставува шуплина со неправилна форма. Од на пред е отворена
со усниот отвор (rima oris), додека одзади комуницира со фарингсот со
голтиниково стеснување (isthmus faucium). Со помош на обата забни лакови и
гингивата усната празнина се дели на преден тесен дел или предворје на
усната празнина (Vestibulum oris) и заден просторен дел или права усна
празнина (Cavum oris proprium)
ПРЕДВОРЈЕ НА УСНАТА ПРАЗНИНА (VESTIBULUM ORIS)
Предворјето или тремот на усната празнина претставува тесен простор
периферно од забните лакови од предната страна тој е ограничен со усните
(labia oris), а од бочната со образите (buccae). Задниот ѕид од тремот е цврст и
преставен со забните лакови и гингивата
Vestibulum oris комуницра со cavum oris proprium преку меѓузабните пукнатини
(tremata), тесни триаглести простори ограничени со два соседни заба нормално
се исполнети со меѓузабните папили (papillae interdentales) и со забмоларниот
простор (spatium retromolare). Тој се наоѓа зад последниот катник, а пред
предниот раб од ramus mandibulaeни може да се ползува за вештачка исхрана
и давање лекови кај болни со тетанус или заболување на виличниот зглоб.
Лигавицата што ги покрива усните и образите преминува во лигавицата од
гингивата ограничувајќи на преминот два свода горен тремен свод (fornix
vestibuli superior) и долен тремен свод (fornix vestibuli interior). Сводовите
доаѓаат во близоок сооднос со задните корени преку забните алвеоли. По
должината на средната линија обата свода поседуваат по една лигавична
дипла. Во горниот е дипла на горната усна(frenulum labii superioris), а во
долниот се наоѓа послабо изразена дипла на долната усна(frenulum labii
interioris). Во fornix vestibuli superior во височина на вратот од вториот катник се
наоѓа паротидна папила (papila parotidea). На неа се отвора изводниот канал од
паротидната плункова жлезда (ductus parotideus Stenoni). Кај силно отворена
усна на задниот ѕид од ретромандибуларниот простор се забележува
птеригомандибуларна дипла (plica pterygomandubularis). Таа е предизвикана од
raphe pterygomandibularis, а се спушта од палатинската страна на последниот
горен молар до лингвалната страна на последниот долен молар. Диплата и
предниот раб од ramus mandibulae ограничуваат трианглеста лигавична
вдлабнатина со база ориентирана нагоре, а затаениот врв зад последниот
долен молар.
Птеригомандуларната дипла и опишаното триаглесто вдлабување служат како
патоказ за пристап при спровод на анестезија на n.lingualis и n.alveolaris inferior.
Усни (labia oris) усните учествуваат во огранилувањето на vestibulum oris и тоа
од неговата предна страна се разликуваат горна усна(labium superius) и долна
усна(labium inferius). Морфолошките особености.усните претставуваат дипли
на кои што се опишуваат две страни,предна и задна и слободен раб. Предната
страна е покриена со кожа. Предната страна од горната усна покажува бразда
што се протега нагорно и бочно до носот тоа е носно-усна бразда (sulcus
nasolabialis). Таа наедно ја одделува горната усна од образот. Од коренот на
носната преграда се спушта плитка бразда наречена филтрум (philtrum), а под
неа се наоѓа испакнување на горната усна (tuberculum labii superioris). Од
брадата предната страна од долната усна е одделена со насочена надолу
брадноусна бразда(sulcus mentolabiallis). Задната страна од обете усни е
покриена со лигавица со зрнести нерамнини предизвикани од усните жлезди.
Обете усни споени се со гингивите по должината на средната линија со
соодветни дипли и тоа горна и долна (frenulum labii superioris et inferioris).
Слободните рабови од усните се дебели испакнати со розова боја. Обата раба
на краиштата се истенчуваат и формираат меѓу себе усен агол (angulus oris), а
латерално од него усните се споени со помош на усна комисура (commissura
labiorum). Слободните рабови од обете усни и усниот агол ограничуваат
мофролошки варијабилен и растеглив усен отвор (rima oris). Состав на секоја
усна се разликуваат по 5 слоја и тоа од напред наназад тоа се: -
Кожа,поткожен слој, мускулен слој, подлигавичен слој и лигавица. Кожата од
усните ги покрива од предната страна,таа е дебела и содржи лојни и потни
жлезди,како и влакна. Вените на усните формираат богата и развиена венска
мрежа под кожата тие претставуваат притоки на v.facialis лимфните садови од
горната усна се вливаат во подвиличните линфни јазли (nodi limphatici
sumbadibularis) садовите од долната усна се вливаат во подвиличните и
подбрадните линфни јазли. Нервите на усните се моторни и сензитивни.
Моторните што служат за инервација на мускулниот слој потекнуваат од
n.facialis. Сензитивните нерви за горната усна се гранки од n.infraorbitalis, а за
долната од n.mentalis. Комисурите се инервирани покрај споменатите и од
гранчиња од n.buccalis.
Образ (bucca) го ограничуваат vestibulum oris од бочните страни. Од надвор
навнатре на образите исто така се разликуваат 5 слоеви кожа, поткожен слој,
мускулатура, подлигавичен и лигавица. Кожата е тенка и добро
васкуларизирана, а кај мажите е покеирна со влакна
Поткожниот слој е претставен со сврзни влакна и масно ткиво со варијабилна
дебелина. Во задната третира од образот се наоѓа масно тело на
образот(corpus adiposum buccae). Тоа го исполнува меѓу просторот огранчен
внатре ссо m.buccainator,а латерално со кожата. Масното тело е најразвиено
кај новородените и децата до 3та или 4та годинат, лежи површински пред
m.masseter и ја испакнува кожата од образот
Мускулниот слој на орабразот го претставува m.buccainator, единствен
поткожен мускул обвиткан со фасција. Преку фасцијалната дупликатура
поминува изводниот канал од паротидната жлезда. Подвиличниот слој од
орбазот содржи многубројни и ситни образни жлезди (gll.buccales) кои што се
отвораат на лигавицата. Лигавицата на образот е мазна и цврстосрасната за
внатрешната страна од m.buccinator кој што ја заштитува од повреди на забите
при џвакање. Садови и нерви артериските садови на образот потекнуваат
главно од a.buccalis и a.transversa faciei, а учествуваат и a.facialis, а.infraorbitalis
и a.alveolaris inferior. Венските садови се притоки на v.facialis и v.transversa
faciei. Преку v.angularis вените на образот се поврзани со v.ophthalmiaca и сinus
cavernosus. Моторните нерви наменети за поткожните мускули потекнуваат од
n.facialis, а сензитините доаѓаат од n.buccalis и n.infraorbitalis.
Венци или жлеб(Gingivae)
Претставуваат дел од лигавицата на усната празнина што ги покриваат
алвеоларните израстоци од вилиците како и вратовите од забите. На гингивите
се разликуваат две страни надворешна и внатрешна како и слободен раб.
Надборешната страна преминува во пределот на термните сводови во
лгиавицата од усните и образот. Состав гингивата според својата градба е
значително подебела со побогато сврзно ткиво и цврсто прирасната е за
периостот од соодветните делови на вилиците и задните вратови. Артериските
садови за горната вилица потекнвуаат од а.alveolaris superior posterior и
a.infraorbitalis, а од внатрешната страна доаѓаат гранчиња од a.palatina major и
aa.palatinae minores. За гингивата од долната вилица артериските садови
потекнуваат од a. alveolaris inferior и aa. facialis, а од внатрешната страна од
a.alveolaris inferior(r.milohyoideus) и a.sublinqualis.
Заби(Dentes) - Преставуваат цврсти органи всадени во алвеолите на
алвеоларните израстоци од обете вилици, максилата и мандибулата тие
формираат два параболични лака, горен забен лак(arcus dentalis superior) и
долен забен лак(arcus dentalis inferior).
Права усна празнина (cavum oris proprium) се наоѓа зад забните лакови од горе
таа е ограничена со непцето (palatum), претставено со тврдото и мекото непце;
Долу се наоѓаат мускулите што го градат подот од усната празнина, потоа
подјазичниот предел (regio sublinqualis), а и јазикот(lingua); а одзади усната
празнина комунцира со голтникот преку голтниковото стеснување (isthmus
faucium)
Тврдо непце (palatum durum) ги зафаќа предните две третини од покривот на
cavum oris проприум а задната третина е претставена со мекото непце palatum
molle. Границата помеѓу обете непца претставува лесно забележителна
лаковидна линија. Тврдото непце всушност е претставено со коскеното непце,
покриено со лигавица. Тоа покажува два конкавитета во фронтална и
сагитална рамнина. По должината на неговата средишна линија се забележува
белузнава, фиброзна непцева преграда (raphe palati) таа може да биде
вдлабната налик на бразда или испаканата заради јако развиеното средишно
испакнување наречено непцев гребен (torus palatinus). Лигавицата,што го
покрива испакнувањето цврсто е прирасната за покосницата, не содржи жлезди
и не поднесува појак притисок при џвакање. На предниот крај од raphe palati
меѓу обата инцизива се наоѓа малечка лигавична инцизивна брадавица (papilla
incisiva) која што ја покрива истоимената коскена јама fossa incisiva. На дното
од fossa incisiva се отвора инцизивниот канал (canalis incisivus). Истоимената
папила претставува патоказ за спроводна анстезија на n.nasopalatinus.
Латерално на предниот дел од raphe palati се протегаат 3–5 напречни непцеви
дипли(plicae palatinae transversae) тие можат да бидат косо или лаковидно
насочени. Другиот дел од тврдото непце е обично мазен. Состав тврдото непце
идејќи на површината кон длабината е составено од 3 слоја: лигавица,
подлигавичен слој и коскен слој. Лигавицата на тврдото непце се разликува од
другата лигавица на усната празнина таа е цврста и задебелена особено на
бочните делови цврсто е прирасната за периостот во прредниот дел од
непцето, во задниот дел одделена е од коската со слој на клеточно масно
ткиво и слој жлезди. Кај алвеоларниот израсток од максилата лигавицата
продолжува во гингивата. Подлигавичниот слој е слабо развиен во предниот
дел од тврдото непце, а во задниот дел содржи клеточно масно ткиво и
плункови непцеви жлезди (glandulae palatinae). Тие недостасуваат во предниот
дел од непцето. Коскениот слој е претставен со коскеното непце palatum
osseum. Садови и нерви - артериските садови на тврдото непце главно
потекнуваат од a.palatina major. Венските садови се притоки на plexus
pterygoideus. Линфните садови се вливаат во длабоките линфни садови од
вратот, нервите на тврдото непце претставуваат гранчиња од n.palatinus major
и n.nasopalatinus. Тие покрај сензитивни влакна носат и парасимпатички
секреторни влакна (n.facialis) за непцевите жлезди
Меко непце (Palatum molle) - ја претставува задната подвижна третина од
покривот на усната празнина. Тоа се наоѓа меѓу усната празнина и голтникот на
насочено косо надолу и наназад под агол од 45степени. При голтање непцето
се подигнува и заземајќи хоризонтална положба го одделува усниот од носниот
кат на голтникот. Наликува на четвртеста плоча со две страни горна и долна и
4 рабови; - Преден, заден и 2 бочни. Долната страна на мекото непце е свртена
кон усната празнина и при мирување и лесно вдлабната таа е насочена напред
и надолу, а по нејзината средишна линија продолжува raphe palati. Горната
страна е свртена кон голтникот а нанапред продолжува во подот од носната
празнина. Предниот раб е прикрепен зад задниот раб од palatum osseum.
Задниот раб е слободен и од неговата средина се насочува мускулно
лигавичен продолжеток наречен ресичка(uvula). Таа е со варибијална должина
10 до 15 mm. Бочно од увулата надолу се протегаат 2 непцеви лакови предн-
непцевојазичен лак (arcus palatoglussus) и заден-непцевоголтников лак (arcus
palatopharyngeus). Бочните рабови од непцето си прекрпени до аголот меѓу
дорамниот и вертикланиот лист од непцевата коска, на pterygoidniot израсток и
голтниковиот ѕид. Мекото непце е составено од 4 слоја лигавица, подлигавичен
слој, фиброзен и мускулен слој. Лигавицата ги препокрива обете страни од
мекто непце. Епителот од горната страна е цилиндичен со трепки а од долната
многуслоен плочест. Границата меѓу обата епитела се наоѓа на задниот раб од
непцето. Подлигавичниот слој е составен од сврзно ткиво растресено во
пределот на увулата што доведува многу лесно до нејзин оток. Во
подлигавичниот слој се наоѓаат и непцеви жлезди (glandulae palatinae)
инервирани како и тие од тврдото непце.
Мускул затегнувач на мекото непце(m.tensor veli palatini) - се протега од
големото ткиво од сфеноидалната коска и рскавичниот дел на слушната труба
надолу до непцевата апоневроза на средишната линија се спојува со мускулот
од спротивната страна. Припои мускулот - горе се припојува на
подслепоочното поле од големото ткиво на сфеноидалната коска на работ од
foramem, на птеригоидниот израсток во fossa scaphoidea и на рскавчниот дел
од слушната труба мускулните влакна конвергираат надолу и аннапред кон
hamulus pterygoideus. Завршната тетива од мускулот свртува околу куката и се
насочува навнатре кон мекото непце. Тука се проширува лепезесто и се
припојува долу на неопцевата апоневроза (учествувајќи во нејзината градба) и
на хоризонтталниот лист на непцевата коска инервацијата на m.tensor veli
palatini доаѓа од истоимената моторна гранка од n.mandubularis. Функција
самиот назив на мускулот покажува дека е затегнувач на мекото непце.
2)Мускул подигнувач на мекото непце (m.levator veli palatini) - Се протега од
долната страна на пирамидата од слепоочната коска од мекото непце. Припои
-горе се припојува на долната страна од пирамидата пред надворешниот отвор
од каротидниот канал и рскавичниот дел од слушната труба се насочува од
слушната труба. Се насочува долу кон мекото непце и подгнувајќи го бочниот
ѕид од носниот кат на голтникот предизвикува испакнвуање (torus levatorius).
Тоа го ограничува голтниковиот отпор на слушната труба од долната страна

Мускул на ресичката (m.uvalue) -Тој претставува мал мускул што учествува во


градбата на ресичката. Припои - Горе се припојува на (spina nasalis posterior и
непцевата апоневроза, а долу се истенчува постапно и завршува во
лигавицата од врвот на ресичката. Инервацијата ја добива од plexus
pharyngeus. Функција му е да ја подигнува и скусува ресичката.
Непцевојазичен мускул (m.palatoglossus) - Се протега од непцевата апоневроза
до задниот крај од јазикот предизвикувајќи лигавична дипла (arcus
palatoglossus) којашто го ограничува isthmus faucium од бочната страна. Припои
- Горе мускулот се припојува на долната страна од непцевата апоневроза, а
потоа се спушта по бочната страна на isthmus faucium пред непцевиот крајник
предизвикувајќи го веќе споменатиот лак (arcus palatoglossus). Долу мускулот
доаѓа до задниот крај на јазикот и се дели на два снопа надолжен и напречен.
Надолжниот сноп се протега до врвот на јазикот, а напречниот влегувајќи во
состав на m.transversus linguae завршува на јазичната преграда (septum
linguae).
Инервацијата ја добива од plexus pharyngeus. Функција му е обострана
контракција на мускулите која доведува до стеснување на isthmus faucium, со
што врши подигнување на јазикот, а спуштање на мекото непце.
Непцевоголтников мускул (m. palatopharyngeus) - Тој се протега од непцевата
апоневроза до голтникот кадешто влегува лепезесто во состав на неговиот
заден ѕид. Непцевоголтниковиот мускул исто така предизвикува лигавична
дипла и тоа arcus palatopharyngeus што го ограничува isthmus faucium од
бочната страна и тоа зад непцевиот крајник. Припои - Горе мускулот се
припојува на непцевата апоневроза, а долу лепезесто проширен се припојува
на raphe pharyngeus и на задната страна од тироидната рскавица на гркланот.
Инервацијата ја добива од plexus pharyngeus. Функцијата му е обострана
контракција на мускулите која доведува до стеснување на isthmus faucium
спуштајќи го мекото непце и приближувајќи ги обата лака (arcus
palatopharyngeus). Ако точката на потпирката се наоѓа на мекото непце тогаш
тој ги подигнува фарингсот и ларингсот.
Садови и нерви на мекото непце - Артериските садови се гранки од aa.palatinae
minores (од a.palatina descendens) и a.palatina ascendens (од a.facialis). Вените
се притоки на plexus pterygoideus. Лимфните садови на мекото непце
формираат богата мрежа, а се вливаат во длабоките лимфни јазли на вратот.
Нерви. Мекото непце добива моторни нерви воглавно од plexus pharyngeus и
од n.tensoris veli palatini. Сензитивните нерви потекнуваат од nn.palatini minores
кои што претставуваат и вегетативни влакна од ganglion pterygopalatinum за
инервација не плунковите непцеви жлезди.
Јазик (Lingua)
Јазикот е лигавично мускулен орган кој што учествува во градбата на подот од
усната празнина. Тој учествува во џвакање, голтање, цицање и фонација, а со
неговите папили прима впечатоци за вкус и површински сензибилитет, односно
допир , болка и температура. На јазикот се разликуваат два главни составни
дела јазично тело и јазичен корен.
Јазично тело (corpus linguae) - Јазичното тело го претставува предниот
подвижен дел на јазикот. На него се опишуваат: горна и долна страна, врв, раб
и гранична бразда. Горната страна (dorsum linguae) се протега од врвот на
јазикот наназад до граничната бразда (sulcus terminalis).
Лигавицата што ја покрива горната страна е покриена со бројни јазични папили
(papillae linguales) што и даваат кадифест изглед. Од граничната бразда
нанапред се протега средишна јазична бразда (sulcus medianus linguae).
Долната страна (facies inferior linguae) лежи на подот од усната празнина. На
средината и таа поседува надолжна бразда ограничена од обете страни со по
едно испакнување предизвикано од гениоглосниот мускул. Под лигавицата на
испакнувањето се забележува стеблото на v.sublingualis, а исто така се
забележуваат и лигавични ресички. Лигавицата на средината од долната
страна формира дипла наречена јазична уздичка (frenulum linguae). Таа ги
ограничува одделните прекумерни движења на јазикот особено нанапред и
наназад.
Лигавицата што ја покрива долната страна е провидна, тенка и мазна.
Врвот на јазикот (apex linguae) - е ориентиран нанапред и по неговата
средишна линија се протега плитка бразда.
Јазичниот раб (margo linguae) - е дебел и претставува спојница на обете
јазични страни.
Граничната бразда (sulcus terminalis) се наоѓа на dorsum linguae, а наликува на
буквата V со теме отворено нанапред. Таа ги одделува телото од коренот на
јазикот. Во темето од граничната бразда се наоѓа слеп отвор (foramen cecum
linguae).
Јазичен корен (radix linguae). Коренот ја претставува задната вертикална
третина на јазикот.
Зад граничната бразда се протега слободна површина од јазичното тело на
коренот. Таа е насочена наназад кон шуплината на голтникот и при отворена
уста не е видлива. Нејзината површина е зрнеста поради присуството на
бројни јазични фоликули (foliculi linguales) составени од лимфно ткиво, а
групирани во парен јазичен крајник (tonsilla lingualis).
Слободната површина наназад се протега до гркланскиот капак (epiglottis). Од
јазичниот корен до горната страна до епиглотисната рскавица се протега
глосоепиглотична врска (lig. glossoepigloticum) поделена на три снопа,
средишен и два бочни. Покриени со лигавица тие формираат три надолжни
дипли, едната средишна (plica glossopiglotica mediana) и две бочни (plica
glossopiglotica lateralis).Трите дипли меѓу себе ограничуваат две епиглотични
плитки јамички (vallecula epiglottica). Во нив во одделни случаи се задржуваат
туѓи тела при голтањето.
Јазикот е составен од лигавица, фиброзен скелет и мускули. Лигавицата на
јазикот (tunica mucosa linguae) го покрива неговото тело и најголемиот дел од
коренот. Лигавичниот епител е многуслоен плочест како во другиот дел од
усната празнина. Бојата од лигавицата на dorsum linguae кај здрави луѓе е
розово бела, а црвеникава на рабовите и долната страна на јазикот.
Лигавицата од јазичното тело е дебела и неподвижна, а на dorsum linguae таа е
рапава налик на кадифе заради присуството на бројни јазични папили (papillae
linguales). Папилите се делат на опкружени (papillae vallatae), лисести (papillae
folitae), габовидни (papillae fungiformes), кончести (papillae filiformes) и конични
(papillae conicae). Првите три вида папили служат за прием на впечатоци за
вкус бидејќи содржат густативни папки (caliculus gustatorius). Од papillae vallatae
и papillae foliatae тргнуваат густорецепторнита влакна од n.glossopharyngeus,
додека од papillae fungiformes тргнуваат влакна од n.facialis.
Papillae filiformes и papillae conicae не содржат густативни папки туку
пренесуваат впечатоци за површински сензибилитет. Тие се инервирани од
n.lingualis.
Опкружени папили (papillae vallatae) се локализирани пред sulcus terminalis, а
на број се обично 9-11. Најголемата папила лежи кај foramen cecum, а другите
се распределени бочно од неа пред рабовите на sulcus terminalis. На секоја
папила се разликува средишно испакнување опкружено со браздичка.
Лисестите папили (papillae folitae) се локализирани на задните делови од
јазичниот раб пред sulcus terminalis. Тие кај човекот се закржлавени и
претставуваат 8-10 лигавични диплички, а мал број од нив содржат густативни
папки.
Габовидните папили (papillae fungiformes) се најбројни, обично околу 200, а
распоредени се по dorsum linguae и тоа предимно на врвот и бочниот раб на
јазикот. Тие наликуваат на габи, а содржат густативни папки локализирани на
нивната горна слободна површина.
Кончестите папили (papillae filiformes) претставуваат најситни и најбројни
папили распоредени по целата површина од dorsum linguae а работ давајќи му
кадифест изглед на јазикот. Тие не содржат густативни папки, а на површината
епителот е покриен со орожен слој којшто ги обојува белузлаво. Кај случаите
кога слојот е поразвиен јазикот станува обложен. Кончестите папили по форма
наликуваат на конуси со врвови поделени на повеќе кончести продолжетоци.
Коничните папили (papillae conicae) се поголеми и помалубројни во споредба
со кончестите, а нивните врвои се орожени. Тие се разместени меѓу кончестите
папили по dorsum linguae.
Лигавицата од коренот на јазикот покажува бројни зрнести творби со точкасти
вдлабнатини означени како јазични фоликули (foliculi linguales). Тие
претставуваат здружени лимфни јазли што го градат заедно јазичниот крајник
(tonsilla lingualis). Во раната детска возраст настапува инволуција или
изчезнување на лимфоидното ткиво од крајникот, така што кај возрасните се
среќаваат само неколку фоликули што фомираат 2-3 групи. Под лигавицата се
наоѓаат мали плункови јазични жлезди (glandulae linguales). Според
локализацијата тие се делат на предна, бочни и задни. Предната жлезда е
парна, локализирана под врвот на јазикот до средишната линија. Таа е
мешовита и нејзините изводни канали (3-5) се отвораат на долната страна од
јазикот. Бочните жлезди чисто мукозни се локализирани на задниот дел од
работ на јазикот. Задните жлезди исто така чисто мукозни се наоѓаат под
лигавицата од коренот на јазикот. Одделна група од нив е придодадена на
papillae vallatae и тие се чисто серозни. Нивниот секрет ги исполнува браздите
околу папилите и ги чисти истите оспособувајќи ги за прием на густативни
впечатоци.
Фиброзен скелет на јазикот - Тој служи за припој на јазичните мускули, а
составен е од: - јазична апоневроза, јазично-подјазична мембрана и јазична
преграда.
Јазична апоневроза (aponeurosis linguae) лежи под лигавицата од dorsum
linguae и јазичниот врв. Таа претставува вкрстени сврзни снопови и бројни
еластични влакна цврсто споени за горната страна од јазичната мускулатура.
Јазично-подјазична мембрана (глосохиоидна) се наоѓа под лигавицата од
коренот на јазикот претставувајќи заден продолжеток на јазичната апоневроза.
Долу таа се прикрепува на хиоидната коска. Глосохиоидната мембрана е
поставена вертикално како и јазичниот корен, а на нејзината предна страна по
должината на средишната линија се припојува задниот крај на јазичната
преграда.
Јазична преграда (septum linguae) претставува цврста фиброзна плоча
поставена во сагитална рамнина, делејќи ја јазичната мускулатура на два дела.
Таа наликува на срп со врв ориентиран нанапред, додека базата освен на
глосохиоидната мембрана се прикрепува и на хиоидната коска. На нејзините
бочни страни се припојуваат јазичните мускули.
Мускулатурата на јазикот е составена од 8 мускули и тоа 7 парни и еден
непарен. Сите се инервирани од n.hypoglossus. Според припоите мускулите се
делат на две групи: надворешни мускули и внатрешни мускули.
Надворешни мускули на јазикот со едниот крај се припојуваат на соседните
коски, а тоа се: гениоглосен мускул, хиоглосен мускул, хондроглосен мускул и
стилоглосен мускул.
Гениоглосен мускул (m.genioglossus) претставува парен и најголем јазичен
мускул. Тргнувајќи од spina mentalis неговите влакна распрснуваат налик на
лепеза и тоа предните влакна се насочуваат нагоре кон врвот на јазикот,
средните влакна кон јазичната апоневроза, а задните наназад кон хиодината
коска. Припои - Нанапред тој се припојува на spina mentalis, горе на длабоката
страна од јазичната апоневроза, внатре на јазичната преград и одзади на
предната страна од гениоглосната мембрана и телото од хиоидната коска.
Функција - Точката на ослонот на m.genioglossus претставува spina mentalis,
според тоа предните влакна го вовлекуваат врвот од јазикот, средните го
истураат јазикот нанадвор, а задните ја подигнуваат хиоидната коска. Кај
обострана контракција јазикот станува плоскат и налегнува на подот од усната
празнина.
Хиоглосниот мускул (m.hyoglossus) претставува парен тенок мускул со
четвртаста форма. Припои - Долу се припојува на телото и големиот рог од
хиоидната коска. Неговите влакна се насочуваат нагорно и нанапред и се
припојуваат горе на бочниот раб од јазичната апоневроза. Хиоглосниот мускул
со површинската страна го гради дното од trigonum submandibulare, наедно и
дното од предниот и задниот јазичен триаголник на Pirogoff и Beclard. На таа
страна од m.hyoglossus лежи glandula submandubularis, n.hypoglossus и
неговата вена придружничка (v.comitans n.hypoglossi). Под мускулот, односно
на неговата длабока страна налегнува a.lingualis. Предниот раб од
m.hyoglossus и задниот раб од m.mylohyoideus формираат меѓумускулна
пукнатина за премин на изводниот канал од подвиличната жлезда ductus
submandibularis како и n.hypoglossus и неговата придржничка вена. Функција -
Хиоглосниот мускул го повлекува јазикот наназад и надолу во усната празнина.
Хондроглосниот мускул (m.chondroglossus) претставува тенок мускулен сноп.
Припои - Долу се припојува на малиот рог од хиоидната коска, а горе меѓу
влакната од хиоглосниот и долниот надолжен јазичен мускул.Функција - Го
повлекува јазикот наназад и надолу.
Стилоглосниот мускул (m.styloglossus) - претставува парен долг мускул што се
протега од стилоидниот израсток на слепоочната коска до задниот крај од
јазичниот раб каде се дели на два снопа, надолжен и напречен. Припои -
Одзади тој се припојува на processus styloideus и на горниот крај од
lig.stylomandibulare. Се насочува потоа надолу нанапре латерално и во
височина на arcus palatoglossus се раздвојува на два снопа. Надолжниот сноп
се протега по јазичниот раб до јазичниот врв спојувајќи се со истоимениот
мускул од спротивната страна. Напречниот сноп се насочува навнатре и се
припојува на јазичната преграда.Функција - Кај обострана функција
стилоглосниот мускул со надолжниот сноп го повлекува јазикот нагоре и
наназад, а напречниот сноп го подигнува коренот од јазикот и ја проширува
горната јазична површина.
Внатрешни мускули на јазикот се припојуваат со обата краеви на неговиот
фиброзен скелет. Во таа група спаѓаат четири мускули: Горен надолжен
мускул, долен надолжен мускул, напречен мускул и вертикален мускул.
Горниот надолжен мускул (m.longitudinalis superior) претставува единствен
непарен мускул на јазикот. Наликува на широка и тенка плоча којашто го
претставува површинскиот слој од јазичната мускулатура.Одзади мускулот се
припојува на предната страна од глосохиоидната мембрана и на малите рогови
од хиоидната коска. Неговите надолжни влакна се насочуваат нанапред и
завршуваат под лигавицата на јазичниот врв. Функција - Го скусува јазикот
повлекувајќи го неговиот врв нагоре и наназад.
Долниот надолжен мускул (m.longitudinalis inferior) претставува парен
лаковиден мускул на јазикот локализиран под хиоглосниот мускул. Одзади се
припојува на предната страна од глосохиоидната мембрана и малиот рог од
хиоидната коска. Однапред завршува под лигавицата од јазичниот врв.
Функција - Го скусува јазикот повлекувајќи го неговиот врв наназад и надолу.
Напречниот мускул на јазикот (m.transversus linguae) е парен мускул со
напречно поставени мускулни снопови. Тој се припојува на бочната страна од
septum linguae, а неговите напречни снопови завршуваат под лигавицата од
јазичниот раб. Функција - Го издолжува јазикот.
Вертикалниот мускул на јазикот( m.verticalis lingue) е парен мускул претставен
со вертикално насочени влакна. Тие се протегаат од горната страна до
долната страна на јазикот, пробивајќи ги другите мускули. Функција - Го прави
јазикот плоскат зголемувајќи ја неговата ширина.
Садови и нерви на јазикот - Артериските садови на јазикот претставуваат
главно гранки од a.lingualis, а тоа се: - rr.dorsale linguae за коренот на јазикот;
a.profunda linguae за васкуларизација на телото и врвот од јазикот. На долната
страна од јазичниот врв a.profunda linguae анастомозира со спротивната
истоимена артерија, но анастомозата нема практично значење кај еднострана
лигатура на a.lingualis бидејќи не обезбедува колатерален крвоток. Вените на
јазикот се: vv.dorsales linguae, v.comitans, n.hupoglossi и v.profunda linguae.
Наброените вени претставуваат притоки на v.lingualis. Лимфните садови имаат
големо значење заради ширење на малигните заболувања на јазикот.
Лимфните садови се делат на три групи: предна група, задна група и бочна
група. Предната група тргнува од врвот и предниот дел на јазикот
придружувајќи ја главно a.profunda linguae. Тие садови се вливаат во горните
лимфни јазли распоредени по должината на v.jugularis interna. Повеќето од
садовите се дренираат во nodus lymphaticus juguloomohyoideus и тоа или
директно или пак индиректно преку подбрадните и подвиличните јазли . Мал
дел од садовите се спуштаат низ frenulum linguae во nodi lymphatici
submentales. Бочната група на лимфни садови се вливаат во nodi lymphatici
submandibulares или во горните лимфни јазли распоредени по должината на
v.jugularis interna. Задната група на лимфни садови ја дренираат лимфата од
јазичниот корен придружувајќи ги артериите rr.dorsales lingue а потоа и
a.lingualis завршуваат во горните лимфни јазли околу v.jugularis interna. Еден од
тие јазли (nodus lymphaticus jugulodigastricus) се издвојува по своето значење
заради ширење на карциномите од јазикот и непчевиот крајник.
Нерви на јазикот - Моторните влакна потекнуваат од n.hypoglossus којшто ги
инервира сите јазични мускули. Кај случаите со еднострана парализа заради
повреда на n.hypoglossus при испалзување на јазикот тој се врти на
спротивната страна. Сензитивните нерви што спроведуваат површински
сензибилитет доаѓаат од n.lingualis, n.glossopharyngeus и n.vagus. Лигавицата
од предните две третини на јазикот до sulcus terminalis е инервирана од
n.lingualis. Таа од коренот на јазикот, зад sulcus terminalis се до близина на
епиглотисот инервација добива од n.glossopharyngeus. n.vagus преку својата
бочна гранка n.laryngeus superior ја инервира лигавицата од долниот дел на
коренот на јазикот и тоа во пределот на епиглотичните јамички (vallecula
epiglottica). Дразнење на таа инервациона регија предизвикува рефлексно
кашлање и повраќање. Дразбите се пренесуваат преку стеблото од n.vagus до
рефлексните центри за кашлање и повраќање локализирани во medulla
oblongata.
Сетилни нерви на јазикот за инервација на густативните папили се
n.glossopharyngeus (за papillae vallatae и papillae folitae) и n.facialis (за papillae
fungiformes).
Подјазичен предл (Regio sublingualis) претставува слободен дел од подот на
усната празнина, сместен зад гингивата, а пред неподвижниот дел од јазикот.
Тој е видлив само при подигнување на јазикот.
Лигавицата на регијата е тенка, мазна и подвижна. На средишната линија се
забележува веќе опишаната јазична уздичка (frenulum linguae). Од обете
страни на френулумот се наоѓа по едно лигавично испакнување подјазична
брадавица (carancula sublingualis). На врвот од секоја брадавица со заеднички
отвор се изливаат подвиличниот канал (ductus submandibularis) и големиот
подјазичен канал (ductus sublingualis major). Наназад и латерално од
брадавицата се протега од обете страни по една надолжна лигавична
подјазична дипла (plica sublingualis). Под диплата се наоѓа подјазичната
плункова жлезда и затоа на нејзината површина со помош на лупа може да се
видат неколку ситни отвори од малите подјазични канали (ductus sublingualis
minores).
Голтниково стеснување (Isthmus faucium) или задниот отвор на усната
празнина се наоѓа на границата меѓу усната празнина и средниот кат од
голтникот. Од горе стеснувањето е ограничено со задниот слободен раб од
мекото непце и ресичката; долу со dorsum linguae, а бочно го граничат arcus
palatoglossus и arcus palatopharyngeus. Меѓу обата лака се наоѓа непцевиот
крајник (tonsilla palatina).
Непцевојазичниот лак (arcus palatopharyngeus) претставува лигавична дипла
предизвикана од истоимениот мускул (m.palatopharyngeus). Тој се протега од
бочниот ѕид на голтникот. Обете дипли arcus palatoglossus и arcus
palatopharyngeus со задниот крај на јазичниот раб ограничуваат триаглеста
лигавична вдлабнатина или крајникова јама (fossa tonsillaris) за непцевиот
крајник (tonsilla palatine).
Непцев крајник (Tonsilla palatina) - претставува лимфоидноепителен орган
сместен во fossa tonsilaris. Кај деца речиси наполно ја исполнува, а кај
возрасни лица над крајникот останува мала празнина означена како
надтонзиларна јама (fossa supratonsillaris).
Крајникот наликува на мигдал и неговата внатрешна слободна страна се
испакнува кон голтниковото стеснување. На неа се забележуваат 10-15 мали
вдлабнатини наречени крајнички јамички (fossulae tonsillares). Латералната
страна од крајникот директно налегнува на усниот кат од голтникот и
букофарингеалниот дел (pars buccopharyngea) од горниот констриктор на
фарингсот (m.constricto pharyngis superior). Опишаниот мускулен ѕид го
одделува крајникот од предстилоидниот дел на парафарингеалниот простор и
крвните садови и нерви содржани во него. Од големо значење е блискиот
сооднос на крајникот со a.carotis externa и a.carotis interna. Тие се наоѓаат
латерално и зад него на околу 2 cm , додека првата кривина од a.facialis е во
непосредна близина со долниот дел на крајникот. Кај хируршки зафати на
крајникот треба да се внимава на тие соодноси. Непцевиот крајник е изграден
од крајнички јамички и лимфоидно сврзно ткиво.
Крајнички јамички (fossulae tonsillares) - претставуваат 10 до 15 мали отвори
налик на пукнатини распоредени на слободната површина на крајникот. Тие во
внатрешноста навлегуваат како каналчиња завршувајќи слепо со дна или
крипти (cryptae tonsillares). Лимфоидното сврзно ткиво гради дебела обвивка
околу криптите и во него се наоѓаат бројни лимфни јазли (foliculi lymphatici).
Садови и нерви на крајникот - Артериите за крајникот потекнуваат од :1)
а.palatina ascendens преку нејзината гранка r.tonsillaris 2)a. lingularis гг. Dorsalcs
linguae; 3) a, oharyngea ascendes и 4) aa. palatinae minures.Вените формираат
венски сплет чии што гранки се притоки на vv.pharyngeae и plexus pterygoideus.
Линфните садови се вливаат во подвиличните јазли како и јазлите по
должината од v.jugularis interna.Нервите на крајникот потекнуваат од
n.glossopharyngeus, n.lingualis и nn.palatini minors.

Плунковни жлезди на усната празнина(GLANDULAE ORIS)


Плуунковните жлезди придодадени на усната празнина според големината се
делат на мали и големи, а според секрецијата тие можат да бидат серозни,
мукозни и мешовити.

МАЛИ ПЛУНКОВНИ ЖЛЕЗДИ

Малите плунковни жлезди се распределени по ѕидовите на усната празнина и


тоа во подлигавичниот слој. Според местоположбата се делат на: 1) усни
жлезди (gll. labiales) сместени во подлигавичниот слој на усните и тоа
групирани околу усниот отвор; 2) образни жлезди (gll. bucales) локаизирани во
подлигавичниот слој на образите; 3) моларни жлезди (gll. molares) исто така
сместени во подлигавичниот слој на образите и тоа во пределот на катниците;
4) непцеви жлезди (gll. palatinue) локализирани во подлигавичниот слој од
тврдото и мекото непце; 5) јазични жлезди (gll. linguales) и 6) предна јазична
жлезда (gll. lingualis anterior) опишана кај јазикот.
ГОЛЕМИ ПЛУНКОВНИ ЖЛЕЗДИ
Големите плунковни жлезди се наоѓаат околу усната празнина, а нивните и
изворни канали се вливаат во неа. Тие се три парни жлезди и тоа: 1)
подјазична, 2) подвилична и 3) доушна или паротидна жлезда.

1)ПОДЈАЗИЧНА ЖЛЕЗДА (GLANDULA SUBLINGUALIS)


Подјазичната жлезда претставува машовита или серомукозна жлезда
локализирана во подјазичниот предел подигајќи ја лигавицата во
таканареченатаподјазична дипла(plica sublingualis) Подјазичната жлезда е
најмала од големите плунковни жлезди долга 25-30mm, широка 6-8mm,а висока
10-12mm. Наликува на плоската маслинка со две страни, надворешна и
внатрешна и два краја преден и заден. Таа лежи под лигавицата од подот на
усната празнина во една коцкено мусклулна поодјазична ложа ограничена
латерално со fovea soblingualis, долу m. Mylohyoideus, а медијално
m.genioglossus. Надворешната страна од подјазичната жлезда лежи во
соодветната јамичка(fovea sublingualis) од мандибулата,а внатрешната страна
налегнува на m.genioglossus. Меѓу мускулот и жлездата поминуваат следните
елементи: завршните гранки од n.hypoglossus, подвиличниот канал (ducius
submundibularis), n lingualis и подјазичните крвни садови (a. Cl v.sublingualis).
Задниот крај од жлездата лежи под вториот долем катнинк на задниот раб од
m.mylohyoideus, обично доаѓаат во сооднос со предниот продолжеток од
подвиличната жлезда. Предниот крај доаѓа до caruncula sublingualis.
Изводни канали - Glandula sublingualis поседува еден главен и голем изводен
канал и повеќе мали или споредни изворни канали. Големиот изводен канал на
Bartholin (ductus sublingualis major) се издвојува од средниот дел на
внатрешната страна од жлездата. Се насочува потоа нанапред и навнатре и
заедно со подвиличниот изводен канал (ductus submandibularis) се отвора во
caruncula sublingualis. Малите изводни канали на Rivinus (ductus sublinguales
minores), на број 12-15 претставуваат куси каналчина што излегуваат од
малите подјазични жлезди распределени по должината на надворешната
страна од сублингвалната жлезда. Тие се издвојуваат на горниот раб од
надворешната страна и се насочуваат нагоре отварајќи се подделно по
должината на подјазичната дипла (plica sublingualis). Некои од каналчината се
отвараат непосредно и во големиот изводен канал. Садови и нерви -
Артериските садови на жлездата потекнуваат од a. sublingualis. Вените се
притоки на v. sublingualis и v. profunda linguae. Лимфните садови се вливаат во
подвиличните лимфни јазли. Нервите потекнуваат од вегетативниот
подвиличен ганглион (ganglion submandibulare) придодаден на n. lingualis.
Парасимпатичките влакна доаѓаат од n. facialis преку chorda tympani, а
симпатичките влакна од симпатичкиот сплет околу а. facialis.

2. ПОДВИЛИЧНА ЖЛЕЗДА (GLANDULA SUBMANDIBULARIS)


Подвиличната жлезда исто така претставува мешовита серомукозна жлезда.
Локализирана е во trigonum submandibulare и тоа од обвиткана во фиброзна
капсла од површинскиот лист на вратната фасција. Подвиличната жлезда има
неправилна форма. Нејзината должина изнесува 30-40 mm, а најголемата
дебелина 15-20 mm. На жлездата се разликуваат три страни:
горнонадворешна, долнонадворешна и внатрешна, како и два краја преден и
заден. Горнонадворешната страна лежи во коскената подвилична јама (fovea
submandibularis). Долнонадворешната страна е палпаторно пристапна и лесно
е испакната. Идејќи од површината таа е покриена со кожата, платизамата,
стеблото на v. facialis и површинскиот лист од вратната фасција.
Страната доаѓа во сооднос и со nodi lymphatici submandibulares.
Внатрешната или длабоката страна на жлездата лежи на надворешната страна
од m. hyoglossus и на долните краишта од m. styloglossus и venter posterior m.
digastrici покривајќи ја исто така и интермедиалната тетива од дигастричниот
мускул.

Длабоката страна од glandula submandibularis ги покрива двата јазични


триаголници, предниот на Pirogoff и задниот на Beclard. Во таа регија преку
тенкиот m.hyoglossus се пристапува на стеблото од a.lingualis. Во пределот од
предниот јазичен триаголник на Pirogoff длабоката стеана од жлездата доаѓа
во сооднос со n.hypoglossus и неговата вена придружничка (v.comitans,
n.hypoglossi). Предниот крај од жлездата што лежи на задните снопови од m.
mylohyoideus и од него се издвојува еден преден продолжеток. Тој се протега
под изводниот субмандибуларен канал честопајќи допирајќи до задниот крај
од сублингвалната жлезда. Задниот крај се протега до виличниот агол и tractus
angularis. Снопот ја одделува субмандибуларната од паротидната жлезда.
Задниот крај на glandula submandibularis со војата длабока страна доаѓа во
сооднос со a.facialis којашто остава отпечаток во жлезденото ткиво. Тој сооднос
е од големо значење при хируршки зафати на жлездата.
Од задниот крај исто така во одделни случаи се издвојува жлезден
продолжеток. Тој се протега обично нагоре и наназад,кон голтникот
вовлекувајќи се меѓу внатрешниот птеригоиден мускул и горниот констриктор
од голтникот. Задниот продолжеток може да ја подигне лигавицата од усната
празнина од јазичноалвеоларната бразда во висина на последниот долен
катник.
Подвиличен канал на Wharton (ductus submandibularis). Изводниот канал на
подвиличната жлезда се издвојува од средниот дел на длабоката страна на
жлездата. Неговата должина изнесува 4-5 cm , а пречникот 3mm. Тој се протега
нанапред и навнатре и заедно со n.hypoglossus и неговата вена придружничка
поминува низ меѓумускулнуот простор ограничен со задниот раб од
m.mylohyoideus и предниот раб од m.hyoglossus. Доаѓајќи потоа во
подјазичниот преден канал врви над n.hypoglossus и a.sublingualis и тоа меѓу
m.genioglossus и glandula sublingualis. Жлездата лежи латерално од каналот, а
под него поминува n.lingualis, вкрстувајќи ја неговата долна страна.
Подвиличниот канал завршува заедно со ductus sublingualis major на carancula
sublingualis. Завршниот дел од каналот е стеснет за што треба да се води
сметка при убризгување на котрасни средства при рендгенско снимање на
жлездата.
Крвни садови и нерви -Артериските садови потекнуваат од a.facialis и од
нејзината бочна гранка a.submentalis. Вените се придружнички на артериите и
се вливаат во v.facialis , а одделни и во v.comitans n.hupoglossi. Лимфните
садови се вливаат во nodi lymphatici submandibulares. Нервите како и за
glandula sublingualis доаѓаат од ganglion submandibulare. Парасимпатичките
влакна потекнуваат од n.facialis преку chorda tympani , додека симпатичките
влакна доаѓаат од plexus facialis.
Доушна или паротидна жлезда (glandula parotis) - Паротидната жлезда е
најголема исклучиво серозна плункова жлезда . Таа лежи во паротидната
ложа. Паротидната жлезда ја исполнува во потполност паротидната ложа и
поради тоа таа посердува иста форма како и ложата. На жлездата се
разликуваат три страни : надворешна, предна и задн , како и два краја горен и
долен. Страните се споени со преден, заден и внатрешен раб. На паротидната
жлезда се разликуваат два резена или дела
1.површински дел ( pars superficialis ) 2.длабок дел ( pars profunda)
Двата дела меѓусебно се споени со тецен дел од жлездено ткиво. Меѓу pars
superficialis и pars profunda се наоѓа слој клеточно масно ткиво, а низ него врви
стеблото од n.facialis. Паротидната жлезда преку своите страни и рабови доаѓа
во сооднос не само со зидиштата од паротидната ложа, туку и со органите
содржани во неа. Надворешната страна од жлездата срасната е со fascia
parotidea и покриена е со кожа. Таа доаѓа во сооднос со n.auricularis magnus и
r.colli n .facialis коишто поминуваат преку поткожното ткиво на пределот. Од
предниот дел на жлездата се издвојува предниот масетеричен продолжеток
којшто се протефа преку m.masseter. Тој е со триаглеста форма со врв
ориентиран нанапред. Кај одделни случаи продолжеток може да биде издвоен
во одделна со варијабилна големина помошна паротидна жлезда (glandula
parotis accessoria). Одзади паротидната жлезда обично се протега за неколку
милиметри преку надворешната страна од m.sternocleidomastoideus, а во
одделни случаи може да премине и на надворешната страна од мастоидниот
израсток.
Предната страна од паротидната жлезда поседува добро изразена надолжна
бразда предизвикана од задниот раб на виличната гранка (ramus mandibulae) и
мускулите припоени на неа (m.masseter и m. pterygoideus medialis).
Задната страна од паротидната жлезда доаѓа во сооднос со елемнтите што го
градат задниот зид од паротидната јама. Идејќи од површината кон
длабочината тоа се: предниот раб од m.sternocleidomastoideus, processus
mastoideus од слепоочната коска, venter posteriot m.digastrici , како и мускулите
и врските што се припојуваат на processus styloideus (m. stylohyoideus,
m.styloglossus, m.stylopharyngeus, lig. Stylohyoideum и lig.stylomandibulare.
Горниот крај од паротидната жлезда доаѓа во сооднос со виличниот зглоб и
надворешниот ушен канал ( meatus acusticus externus). Долниот крај од
жлездата достигнува до фиброзниот сноп tractus angularis којшто го одделува
од задниот крај на glandula submandibularis. Предниот раб од паротидната
жлезда претставува спој меѓу нејзината надворешна и предна страна. Од него
тргнува предниот масетеричен продолжеток од жлездата. Внатрешниот раб се
протега од виличниот зглоб надолу до стилоидниот израсток и
стиломандибуларната врска до виличниот агол. Работ делумно се вовлекува
во парафарингеалниот простор како голтников продолжеток којшто доаѓа во
сооднос со големите крвни садови и нерви на просторот (a. carotis interna, v.
jugularis interna и последните четири церебрални нерви). Задниот раб од
паротидната жлезда одговара на предниот раб од m.sternocleidomastoideus.
Внатрешни соодноси - Преку ткивото од паротидната жлезда поминуваат
повеќето крвни садови и нерви , тие се:
a.carotis externa, v.jugularis externa, n.auriculotemporalis, n.facialis
A. carotis externa откако ќе помине меѓу m.styloglossus I m.stylohyoideus
доаѓа под glandula parotis. Врвејќи нагорно по должината на задниот раб од
виличната гранка таа прво остава отпечаток во жлезденото ткиво,а потоа
формира и свој канал заземајќи длабока положба.
V. jugularis externa (v.retromandibularis) настанува во ткивото од жлездата со
спојување на vv.temporales superfacialis и vv.maxillares. Вената потоа се спушта
надолѕ латерално од a.carotis externa,а медијално од завршниот раздвој на
n.facialis. Излегувајќи на долниот крај од жлездата вената зазема површински
тек.
N.auriculotemporalis од инфратемпоралната јама поминува зад collum
mandibulae и доаѓа во паротидната ложа. Свртувајќи потоа нагоре поминува
преку горниот дел од жлездата и навлегува во браздата меѓу трагусот од
ушната школка и виличниот зглоб.
N.facialis напуштајќи го својот канал преку стиломастоидниот отвор доаѓа во
паротидната ложа зад жлездата. Вкрстувајќи ја потоа надворешната страна од
стилоидниот израсток и поминувајќи меѓу m.stylohyoideus и venter posterior
m.digastrici влегува во жлездата преку нејзиниот задновнатрешен дел. N.facialis
поминува преку клеточно масното ткиво меѓу површинскиот и длабокиот дел од
паротидната жлезда. Насочувајќи се косо нанапред и латерално тој постапно
зазема површински тек. Во самата жлезда нервот се наоѓа латерално од
a.carotis externa и v.jugularis externa (односно v.retromandibularis) и во таа
височина тој се раздвојува на своите две завршни стебла. Во паротидната
жлезда n.facialis е изложен на повреди при хируршки зафати на glandula parotis.
Паротиден или Stenon-ов канал (ductus parotideus) - Изводниот канал на
паротидната жлезда се издвојува од нејзиниот преден или масетеричен
продолжеток обилчно на 1,5cm под arcus zygomaticus. Неговата должина се
движи околу 45-50 mm , а пречникот околу 3mm. По излегувањето од жлездата
каналот се насочува нанапред преку латералната страна од m.masseter и
пробивајќи го m.buccinator се отвора во vestibulum oris. На својот пат
паротидниот канал покажува повеќе практични соодноси. На својот почетен
дел ductus parotideus лежи на латералната страна од m.masseter обвиткан со
неговата фасција.Тука тој е покриен со кожа и одделни влакна од m.risorius , а
го вкрстуваат и неколку завршни гранки од n.facialis. Ductus parotideus поминува
преку надворешната страна од масното перниче на образот (corpus adiposum
buccae)и на крај го пробива m.buccinator и доаѓа под лигавицата на образот. Се
отвора во fornix vestibule superiot и тоа обично во височина на вратот од
вториот горен молар и тоа на околу 35мм зад angulus oris. Отворот во одделни
случаи е издигнат формирајќи лигавична паротидна папила (papilla parotidea).
Патот на ductus parotideus се проектира на кожата од образот по должина на
една замислена линија што го поврзува трагусот од ушната школка со
средината на горната усна или усната комисура. Садови и нерви -
Артериските крвни садови за glandula parotis потекнуваат од гранките на
a.carotis externa и a.temporalis superficialis (a. auricularis posterior, rr.
parotidei, a.transversa faciei ). Вените се притоки на v.jugularis externa,
односно v.retromandibularis. Лимфните садови завршуваат во nody
lymphatici parotidei. Нервите за паротидната жлезда потекнуваат од
n.auricularis magnus и n.auriculotemporalis коишто носат сензитивни влакна.
N.auriculotemporalis пренесува и секреторни парасимпатички влакна од
n.glossopharyngeus преку Jacobson-овата анастомоза, додека симпатичките
влакна доаѓаат од сплетот околу a.temporalis superficialis.

Голтник (pharynx) претставува мускулно лигавичен орган.Тој се протега пред


првите шест вратни прешлени сместен делумно во главата,а делумно во
вратот.
Голтникот се протега од базата на черепот до телото од шестиот вратен
прешлен.Тој наликува на олук сместен идејќи од горе надолу зад носната
празнина, усната празнина и гркланот. Горната граница на фарингсот е
претставена со голтников свод (fornix pharyngis) локализиран на долната
страна од тилната коска ,а неговата долна граница ја означува долниот
езофагусен отвор на голтникот (ostium esophageum pharyngis). Тој се наоѓа
пред шестиот вратен прешлен и одговара на долниот раб на крикоидната
рскавица на гркланот којшто лесно се палпира на предната страна на вратот.
Должината на фарингсот во мирување изнесува околу 15cm, а при контракција
на неговата мускулатура при што се подига неговиот долен крај изнесува околу
12cm. Пречникот на голтникот е поголем во неговиот горен дел,а се намалува
идејќи надолѕ кон езофагусниот отвор. Во височина на носната празнина
ширината е 6-7cm,кај хиоидната коска 4-4,5 cm ,а на долниот крај таа изнесува
само 2cm. Длабочината на голтникот во сагитална насока и тоа на горниот крај
изнесува само 2cm.
Фарингсот наликува на мускулнолигавичен олук отворен нанапред кон носната
и усната празнина. На него се разликуваат три ѕида: еден заден и два бочни,а
потоа два задни агли, два предни раба како и два краја горен и долен.
Задната страна на фарингсот лежи пред телата од првите шест вратни
прешлени, длабокиот лист (Lamina prevertebralis ) од вратната фасција и пред
рбетните мускули, а одделна од нив со тесен ретрофарингеален простор
(spatium retropharyngeum). Бочните страни се протегаат од предните рабови до
бочните агли од голтникот. Горниот дел од страната што се наоѓа над аголот
од мандибулата и припаѓа на главата. Тој доаѓа во непосреден сооднос со
парафарингеалниот простор и неговите крвни садови и нерви(a.carotis interna,
v.jugularis interna и последните мозочни нерви (IX,X,XI,XII). Долниот дел од
бочната страна му припаѓа на вратот и доаѓа во сооднос со елементите
содржани во vagina carotica. Задните агли, левиот и десниот одговараат на
спојот на задната со соодветните бочни страни. Од површината на аглите се
одделуваат две фасцијални прегради. Едната е задна сагитална преграда
(septum longitudinale), којашто го поврзува голтникот со предрбетниот лист од
вратната фасција ,одделувајќи го наедно парафарингеалниот од
ретрофарингеалниот простор. Втората преграда е стилофарингеалната
фасција (fascia stylopharyngea) растегната од бочниот агол на голтникот до
m.stylopharyngeus.
Предните рабови, левиот и десниот претставуваат предна граница на
голтникот.Тие го фиксираат голтникот идејќи од черепната база надолу,по
должината на бочните рабови од хоаните, голтниковото стеснување и гркланот.
Горниот крај од голтникот се припојувва на долната страна од черепната база.
Припојниот раб наликува на потковица со конкавитетот ориентиран нанапред,а
започнува од tuberculum pharyngeum на долната страна од базиларниот дел на
тилната коска .Припојот потоа преминува лево и десно преку долната страна
од пирамидата на слепоочната коска медијално од отворот на canalis
caroticus.Поминувајќи преку долната страна од фиброзната рскавица што го
затвора foramen lacerum припојната линија завршува на задниот раб од
медијалниот лист на processus pterygoideus. Долниот крај на голтникот
продолжува во езофагусот и тоа во височина на шестиот вратен
прешлен,односно горниот раб од крикоидната рскавица на гркланот. Долниот
крај е оддалечен од предните заби околу 15cm. Голтникот е претставен со
неколку слоја - 1.лигавица (tunica mucosa), 2.подлигавичен слој (tela
submucosa), 3.мускулен слој (tunica muscularis pharyngis) и 4.фасцијален
слој
Лигавица(tunica mucosa) на голтникот- Лигавицата го обложува голтникот од
внатрешната страна ограничувајќи наедно лигавична празнина (cavum
pharyngis). Голтниковата лигавица не содржи мускулен слој,тој е заменет со
еластични влакна.Лигавичниот епител е повеќеслоен цилиндричен со трепки во
пределот на сводот и бочните ѕидишта од носниот кат на голтникот,а
повеќеслоевит на задниот ѕис од носниот кат како и во усниот и гркланскиот
кат. Голтниковата празнина (cavum pharyngis) се дели на три ката - носен дел
(pars nasalis), усен дел (pars oralis) и грклански дел (pars laryngea).
Носен дел(pars nasalis)- е означен како епифарингс се наоѓа зад носната
празнина,а одделен од него со обете хоани. Долу границата со усниот дел
претставена е со мекото непце. Кај голтањето мекото напце се издига со
контракцијата на своите мускули и со својот заден слободен раб доаѓа во
непосреден допир со Passavant-овото испакнување формирајќи заедно
потполна преграда меѓу носниот и усниот дел на голтникот. Носниот дел на
голтникот наликува на непотполна коцка,чијшто преден ѕид недостасува,
односно преставен е со хоаните. Долниот ѕид што го дели носниот од усниот
на фарингсот е преставен со меко непце. Според тоа на носниот дел од
голтникот се разликуваат четири ѕида: горен, заден и два бочни. Горниот ѕид е
преставен со голтниковиот свод (fornix pharyngis),а одговара на базиларниот
дел од тилната коска и задниот дел на долната страна од телото на
сфеноидалната коска. Ѕидот се спушта како свод косо наназад следејќи ја
кривината од тилната коска каде што се прекрепува продолжувајќи во задниот
ѕид. Во лигавицата на сводот се наоѓа третиот или голтниковиот крајник
(tonsilla pharyngea) којшто предизвикува на лигавицата овално испакнување.
Крајникот е развиен особено во периодот на раст на организмот. Најразвиен е
меѓу петтата и шестата година од животот,а намалувајќи се во пубертетот.
Исчезнува околу 20 години. Голтниковиот крајник е мешовит лимфноепителен
орган во чиј состав влегуваат лимфни јазолчиња. Во периодот кога тонзилата
е најразвиена на нејзината надворешна површина се забележуваат тонзиларни
јамички (fossullae tonsillares) коишто водат во крипти (cryptae tonsillares).Кај
случаите кога крајникот е многу развиен тој може да го затвори делумно
отворот на хоаната отежнувајќи го притоа дишењето преку носот. Задниот ѕид
на носниот кат од голтникот преставува продолжеток од сводот,а одговара на
предниот лак од атласот и горниот крај од телото на вториот вратен
прешлен.Бочните ѕидови - левиот и десниот од практична точка се
најзначајни ,на нив се локализирани: 1.голтниковиот отвор на слушната труба,
2. трубниот крајник и 3. голтникова или Rosenmuller-ова јамичка.
1. Голтниковиот отвор на слушната труба (ostium pharyngeum tubae)
претставува преден.медијален отвор на Eustachi-евата слушна труба ( tuba
auditiva) сместен непосредно зад хоаната и тоа во височина на задниот крај од
долната носна школка. Отворот наликува на триаголник со врв ориентиран
нагоре кон сводот од голтникот.На него се разликуваат три раба: преден, заден
и долен.
Предниот раб е слабо изразен,апредизвикан е од предниот мембранозен дел
на слушната труба. Предниот раб продолжува надолу кон мекото непце во
слабо изразена лигавична трубнонепцева дипла (plica salpingopalatina).
Задниот раб е силно изразен трубен гребен (torus tubaris). Тој е предизвикан од
внатрешниот лист од трубната рскавица (lamina cartilaginis medialis tubae) Torus
tubarius е добар ослонец за поесно пронаоѓање на тубарниот отвор при
вовлекување на катетер во тубата преку носната празнина. Од задниот тубарен
гребен се протега надолу лигавична трубноголтникова дипла(plica
salpingopharyngea). Таа се губи во бочниот ѕид на голтникот. Долниот раб или
базата од триаглестиот фарингеален отвор е лигавичен релјеф предизвикан е
од m.levator veli palatini и затоа е означен како леваторен гребен(torus
levatorius)
2. Трубниот крајник( tonsilla tubaria) е лимфоидно ткиво локализирано во
лигавицата околу фарингеалниот отвор на слушната труба. Обично ткивото е
поразвиено во задниот раб на отворот и во лигавицата на Rosenmuller-овата
јамичка. Трубникот крајник воспоставува врска со голтниковиот крајник,со
обата непцеви крајници и јазичниот крајник.Сите заедно формираат околу
влезот од голтникот таканаречен крајников прстен на Waldeyer.
3. Голтниковата или Rosenmuller-овата јамичка (recessus pharyngeus)
претставува лигавична вдлабнатина локализирана зад torus tubarius, а се
протега и нешто под и над отворот.
Усен дел (pars oralis) - Усниот дел или кат од голтникот горе е непотполно
одделен со помош на мекото непце од носниот кат,а долната граница
претставува замислена хоризонтална размнина што поминува во висина на
хиоидната коска или преку горниот раб на издигнат епиглотис. Усниот кат од
голтникот означен е и како орофарингс. На него се опишуваат заден ѕид, два
бочни и преден отворен кон усната празнина. Предниот ѕид е преставен со
голтниковото стеснување (isthmus faucium), а над него се наоѓа мекото непце.
Задниот ѕид од усниот кат се наоѓа пред телата од II-от и III-от вратен
прешлен, а одвоен од нив со предрбетните мускули и ретрофарингеалниот
простор. Во лигавицата од задниот ѕид се наоѓаат бројни лимфни јазолчиња
што предизвикуваат ситни зрнести испакнувања,видливи при отворена уста.
Бочните ѕидови го продолжуваат надолу recessus pharyngeus и во неговата
лигавица се наоѓаат бројни лимфни јазолчиња.
ГРКЛАНСКИ ДЕЛ ( PARS LARYNGEA)
Гркланскиот дел или долниот кат од фарингсот е означен и како
ларинофарингс. Тој лежи за гркланот, одгоре широко отворен кон усниот кат на
голтникот, а долу продолжува во езофагусот и тоа преку еден стеснет отвор
(ostium esophagicium pharyngis). На долниот дел од голтиникот се опишуваат
четири ѕида : преден, заден и два бочни. Предниот ѕид на својот горен дел
поседува влезен грклански отвор (aditus laryngis). Под отворот се наоѓаат
задните страни од артеноидните раскавици (cartilogo arythenoidea) и
крикоидната плоча (lamina cartilangis cricoidea) покриени со соодветни
грклански мускули и лигавицата од голтникот. Наброените елементи
формираатиспакнување на предниот ѕид од ларингофаринксот. Задниот ѕид
лежи пред телата от 4,5 и 6ти вратен пршлен, а од нив е одделен со пред
рбетни мускули. Бочите ѕидови од ларингофарингсот се широки во горнит
дел,а надолу се стеснуваат. Од обетестрани на споевите меѓу бочните
ѕидишта и предниот се наоѓа по една длабока надолжна лигавична
вдлабнатинка на горниот крај проширена, а надолу стеснета. Таа е означена
како крушковидна вдлабнатина (recessus piriformis) и се наоѓа латерално и под
влезниот отвор од гркланот (aditus laryngis). Recessus piriformis од горе е
ограниен со лигавична голтни-коепиглотична дипла предизвикана од влакната
на m.stylopharyngeus што се припојуваат на епиглотичната раскавица.
Однадвор крушковидната длабнатина е ограничена со лигавични релјефи
педизвикани од големиот рог од хиоидната коска и задниот раб од тироидната
раскавица. Медијално вдлабнатината ја ограничуваат ариепиглотичната дипла
(dipla aryepiglottica), а долу бочниот раб од артеноидната раскавица и плочката
од крикоидната раскавица.
Под лигавицата од recessus piriformis се спушта внатрешна гранка ( r.internus)
од n.laryngeus superior предизвикувајќи лигавична дипла на гркланскиот нерв
(plica nervi larungei). По крушковидната вдлабнатина се слива плунката и
поминуваат голтнатите течности, а кај одделни случаи во неа можат да се
задржат голтнати остри туѓи тела.
ПОДЛИГАВИЧЕН СЛОЈ ( TUNICA SUBMUCOSA)
Подлигавичниот слој на голтникот составен е од сврзно ткиво и бројни
еластични влакна. Тој се наоѓа меѓу лигавицата и неговиот мускулен слој. Во
горниот кат над горниот раб од m.constrictor pharyngissuperiot подлигавичниот
слој е споен со фасцијата од голтникот формирајќи фарингобазиларна фасција
(fascia phlaryngobasilaris). Со нејзина помош голтинкот се прикрепува за базата
од черепот. Во висина горниот констриктор од голтникот, односно во пределот
на средниот кат се среќава чисто фиброзен подлигавичен слој. Додека во
пределот на средниот и долниот констриктор од голтникот подлигавичзниот
слој претставува тенка еластична мембрана. На задниот ѕид долж средната
линија подлигавичниот слој е задебелен и гради прегреда ( raphe pharyngis) за
припој на мускули.
Мускулен слој ( tunica muscularia laryngis)
Мускулниот слој од голтникот е составен од пет парни симетрични
напречнопругасти мускули. Од физиолошка гледна точка тие се делат на:
мускули констриктори и мускули подигнувачи.
Мускули констриктури на голтникот
Конструкторите се три парни мускули и тоа: горен, среден и долен констриктор
на голтникот. Тие претставуваат тенки мускулни плочи распределени еден под
друг како ќееамиди од покрив. Одзади конструкторите се припојуваат на
средишната фиброзна преграда. Потоа нивните влакна се протегаат лаковидно
нанапред и се прекрепуваат на базата од черепот, хиоидната коска и
(m.constrictor pharyngis superior). Тој е најдлабок и најтенок, а неговиот горен
полукружен раб со конванитет сврен нагоре не допира до базата од черепот,
туку над него се наоѓа fascia pharyngobasilaris. Припои - Одзади мускулот се
припојува на raphe pharyngis. Однапред неговите влакна се делат на четири
припојни делови а тоа се идејќи од горе надолу:
а) птеригофарингален дел (pars pterygopharynge) се припојува на клинестата
коска и тоа на задниот раб од lamina medialis processus pterygoidei и на hamulus
pterygoideus.
б) букофарингеален дел (pars buccopharyngea ) се припојува на задниот раб од
фиброзната врска raphe pteryto,andibularis.
В) милофарингеален дел (pars mylopharyngea ) се прикрепува на заднот крај
од linea mylohoidea од мандибулата.
Г)глософарингеален дел (pars glossopharyngea) којшто претставува
најдистален сноп се припојува на задниот крај од јазикот и тоа на неговиот
фиброзен скелет.
Мускул среден констриктор на голтникот m. constrictor pharyngeus medius - Тој
наликува на триаголник со база прикрепена на raphe pharyngis, а врв насочен
нанапред. Припои - Одзади мускулот се припојува на raphe pharyngis , а
однапред на хиоидната коска. Според предните припои тои се дели на два
дела-
 Хондрофарингеален дел (parschondropharyngea) кој се припојува
на малиот рог од хиоидната коска.

 Цератофарингеален дел (pars ceratopharyngea) кој се припојува на


големиот рог од хиоидната раскавица.
Мускул долен констриктор на голтникот m. constrictor pharyngis inferior) Тој е
најповршински и најразвиен, а наликува на трапез со база прикрепена на raphe
pharyngis. Припои - Одзади тој се припојува на raphe pharyngis , а однапред
негови влакна се делат на горни и долни. Според предните припои долниот
конструктор се дели на:
 Тирофангиален дел (pars thyropharyngea) кој што се претставува
горен сноп и се припојува на косата линија (linea obliqua) од тироидната
раскавица на гркланот.

 Крикофарингеален дел (pars cricophryngea) кој што петтавува


долен сноп и се припојува на крикоиндата раскавица (arcus cartilaginis
cricoidea) од гркланот.
Инервација на мускулите конструктори - Горниот и средниот констриктор од
голтникот се иневирани од plexus pharyngeus, додека долниот од завршни
гранчиња на n.laryngeus recurrens oд n.vagus. Функција на конструкторите -
Трите конструктори при контракција ги стеснуваат сите пречници на голтникот.
Горниот констриктор при контракција го предизвикува на задниот ѕид од
голтникот Passavaont—овото испакнување кое што при голтање доаѓа во допир
со подигнатото меко непце. Средниот и долниот констриктор со својата
контракција ги потиснуваат залаците кон езофагусот. Притоа храната поминува
преку десната и левата половина на голтникот, а не ореку средината на
ларингофаринксот, односно преку епиглотисот. Освен при голтањето средниот
и долниот констриктор учестуваваат и при подигање на гркланот.
Мускули подигнувачи на голтникот
Подигнувачите на голтникот претставуваат два напречнопругасти мускули и
тоа платофарингеален и стилофарингеален мускул.
Палатофарингеален мускул m.palatopharyngeus - Тој се спушта од мекото
непце по бочниот раб од isthimus fauctium и со долниот лепеесто проширен
крај влегува во состав на задниот голтников ѕид. Припои - Горе се припојува на
дорзалната страна од непцевата апоневроза, а долу раширен во бројни
снопчиња влегува го состав на задниот ѕид од голтникот и тоа пед горниот и
средниот констриктор. Функција - Мускулот претставува подигнувач на
фарнксот, а истовремено и гркланот – детално е опишан кај мускулите на
мекото непце.
Стилофарингеален мускул m.stylopharingeus - Тој претставува најмедиално
поставен од триде стилоидни мускули коишто учествуваат вo градбата на
стилоидната дијафрагма. Од стилоидниот израсток мускулот се протега
надолу, навлегува во мускулатурата на фарингсот и тоа меѓу горниот и
средниот констриктор. Завршува лепезесто во изградба на бочниот ѕид од
голтникот и тоа од непцевиот крајник надолу. Припои - Стилофарингеалниот
горе започнува од processus styloideus, а долу се припојува на фиброзниот
подлигавичен слој на бочниот раб од епиглотичната раскавица и на задниот
раб од плочката на тироидната раскавица од гркланот. Инервација -
Стерофарингеалниот мускул е инервиран од бочни гранки на n.
glossopharyngeus. Функција - При контракција мускулот го подигнува голтникот
истовремено подигнувајќи ја неговата шуплина. Со сноповите припоени на
раскавиците од гркланот тој подигнува и него при голтањето.
Мускули подигнувачи на голтникот
Подигнувачи на голтникот претставуваат два напречно пругасти мускули и тоа:
палатофарингеален и стилофарингеален мускул.
Палатофарингеален мускул (m. Palatopharyngeus) - тој се спушта од мекото
непце по бочниот раб од isthmus faucium и со долниот лепезесто проширен крај
влегува во состав на задниот голтников ѕид. Припои - горе се припојува на
дорзалната страна од непцевата апоневроза а долу раширен во бројни
снопчиња влегува во состав на задниот ѕид од голтникот и тоа пред горниот и
средниот констриктор. Функција - Мускулот претставува подигнувач на
фарингсот а истовремено и гркланот.
Стилофарингеален мускул (m. Stylopharyngeus) - тој претставува
најмедијално поставен од трите стилоидни мускули коишто учествуваат во
градбата на стилоидната дијафрагма. Од стилоидниот израсток мускулот се
протега надолу навлегува во мускулатурата на фарингсок и тоа меѓу горниот и
средниот констриктор. Завршува лепезесто во изградбата на бочниот ѕид од
голтникот и тоа од непцевиот крајник надолу. Припои - Стилофарингеалниот
мускул горе започнува од processus styloideus, a долу се припојува на
фиброзниот подлигавичен слој на бочниот раб од епиглотичната рскавица
(cartilage epiglottica) и на задниот раб од плочката на тироидната рскавица
cartilago thyroidea од гркланот. Инервација - стилофарингеалниот мускул е
инервиран од бочни гранки на n. Glossopharyngeus. Функција - При контракција
мускулот го подигнува голтникот истовремено проширувајки ја неговата
шуплина. Со сноповите припоени на рскавиците од гркланот тој го подигнува и
него при голтањето.
Фасцијален слој
Фасцијалниот слој или адвентиција tunica adventitia од голтникот претставува
најповршински слој од неговиод ѕид. Фасцијалниот слој ја покрива целата
мускулатура од голтникот а над горниот констриктор заедно со подлигавичниот
слој тој учествува во градбата на fascia pharyngobasilaris Во регијата на
главата голтниковата фасција продолжува нанапред преку raphe
pterygomandibularis во facia buccopharyngea. Во регијата на вратот
голтниковиот фасцијален слој продолжува нанапред во адвентицијата на
гркланот и тироидната жлезда ограничувајки заедно со нив еден органски
простор на вратот spatium visceral colli, голтниковата фасција испраќа два
продолжетока: заден сагитален и надворешен. Заден сагитален продолжеток
septum longitudinale ја спојува голтниковата фасција со длабокиот
превертебрален лист од вратната фасција. Обете сагитални прегради го
ограничуватт ретрофарингеалниот простор од бочните страни. Надворешен
продолжеток претставува триаглест фронален фасцијален лист растегнат од
голтниковиот агол до внатрешниот раб од стилофарингеалниот мускул, а
означен како стилофарингеална фасција fascia stylopharyngea. Заедно со
стилоидните мускули таа учествува во градбата на стилоидната дијафрагма
којашто го дели парафарингеалниот простор на предстилоиден и
задностилоиден дел.
Крвни садови и нерви на голтникот
Артерии -Носниот кат од голтникот, артериски садови добива од a. Canalis
pterygoidei, s. Pharyngea suprema гранка од a. Maxillaris.
Другите садови од голтникот се васкуларизирани од a. Pharyngea ascendens од
a. Carotis externa, a. Palatine ascendens od a. Facialis, rr. Pharyngei od a.
Thryoidea inferior.
Вени - Два сплета - подлигавичен сплет особено развиен во долниот кат од
голтникот. Венските садови од сплетот се влеваат во надворешниот голтников
сплет. Надворешен голтников сплет претставува разгранета венска мрежа меѓу
мускулниот слој и адвентицијата од голтникот. Од него се издвојуваат vv.
Pharyngeae притоки на v. Jugularis interna.
Лимфни садови - Од носниот кат, голтниковиот крајник и целиот заден ѕид од
голтникоѕ, лимфата дренира делумно во задголтниковите лимфни јазли nodi
lymphatici retropharyngei а делумно во горните длабоки вратни јазли nodi
lymphatici cervicales profundi.
Нерви - Сензитивните и моторни нерви за голтникот доаѓаат од plexus
pharyngeus од мускулите посебна инервација добиваат m. Stylopharyngeus od n.
Glossopharyngeus i m. Constrictor pharyngis inferior of n. Vagus.

Нос и параназални синуси

Носот се дели на надворешен нос nasus externus носна празнина cavum nasi и
параназални синуси sinus paranasales. Надворешен нос - наликува на
тристрана пирамида во база всадена во лицетп. На надворешниот нос се
опишуваат врв две бочни страни долна страна и шуплина означена како носен
трем. Носен врв apex nasi е слободен и ориентиран нанапред и надолу.
Бочните страни се делат на по два дела горен неподвижен и долен подвижен.
Подвижниот дел е наречен носно крилце alae nasi. Обете бочни страни се
споени по должина на средната линија формирајки носен грб dorsum nasi.
Идејки нагоре бочните страни се стеснуваат во тесен дел означен како носен
корен radix nasi којшто се губи во челото. На долната страна од носот се
наоѓаат два елиптични орвори носници nares одделени една од друга со
мембранозен дел од носната преграда pars membrancea septi nasi. Носен трем
vestibulum nasi претставува влезна празнина која што води во носната
празнина. Границата меѓу тремот и носната празнина одгоре е означена со
носен праг limen nasi. Прагот претставува лигавично лаковидно испакнување со
конкавитет ориентиран надолу и нанапред. Тој се наоѓа на надворешниот ѕид
од тремот а предизвикан е од бочната носна рскавица cartilage nasi lateralis.
Носниот трем е обложен со кожа којашто во пределоѕ на прагот поминува во
лигавица од носната празнина. Кожата на тремот е обрасната со
карактеристично вкрстени влакна коишто донекаде го спречуваат влезот на
прашинките или други честици во носната празнина кожата на тремот поседува
и силно равиени лојни жлезди.
Основата на носот ја претставуваат: носниот скелет и носните рскациви.
Носниот скелет го градат челните израстоци processus frontalis од обете
максцили како и обете носни коски. Носните рскавици cartilagines nasi според
големината се делат на големи и на мали. Големите рскавици се: рскавица на
носната преграда, бочната рскавица на носот и големата рскавица на носното
крилце. Рскавица на носната преграда cartilage septi nasi учествува во
градбата на предноот и долниот односно рскавичниот дел од носната
преграда pars cartilaginea speti nasi. По форма четириаглеста таа е сместена
во аголот што го формираат вомерот со вертикалниот лист од ситестата коска.
Предногорниот раб од рскавицата одговара на dorsum nasi а преднодолниот
одговара на горниот раб на подвижниот мембранозен дел од носната преграда.
Задногорниот раб е споен со предниот раб од вомерот. Бочна рскавица на
носот cartilage nasi lateralis претставува парна рскавица со триаглеста форма.
Обете рскавици меѓусебно споени по должина на dorsum nasi како и со
предногорниот раб на рскавицата на носната преграда. Бочните рскавици се
наоѓаат над носното крилце а под носната коска. Голема рскавица на носно
крилце cartilage alaris major e парна рскавица наликува на буквата У. На неа се
разликуваат два крака латерален crus lateralis i crus mediale. Темето на
рскавицата одговара на врвот од носто. Латералниот крак учествува во
градбата на бочниот ѕид од носот и тоапод бочната носна рскавица.
Медијалниот крак со истоимениот од другата страна прилепени еден до друг се
наоѓаат во носната преграда над нејзиниот мемрабозен а под рскавичниот дел.
Малите рскавици на носот се со помали димензии и по форма варијабилни.
Тие се локализирани меѓу големите рскавиц и не се значајни за морфологијата
на надворешниот нос.

Носна празнина cavum nasi


Локализирана над усната оразнина под преднната и средната черепна јама. Со
помош на носна преграда носната празнина е поделена на две шуплини, лева
и десна коишто напред преку соодветниот vestibulum nasi комуницираат со
надворешната средина, наназад обете носни празнини преку хоаните доаѓаат
во комуникација со носниот кат од голтникот pars nasalis pharyngis. На cavum
nasi се разликуваат ѕидови отвори и лигавица.
Ѕидови на носната празнина cavum nasi - Горен ѕид или покрив на носната
празнина го претставува логавицата што ги покрива идејки однапред наназад
следните коскени елементи: ossa nasalia, lamina cribrosa од ситестата коска и
преднодолната страна од corpus ossis sphenoidalis. Преку отворите на lamina
cribrosa поминуваат nn. Olfactorii. Предната страна од corpus ossis sphenoidalis i
lamina cribrosa ограничуваат длабок сфеноидален џеп recessus
sphenoethmoidalis кадешто се отвара сфеноидалниот синус со отворот
aperatura sinus sphenoidalis. Долен ѕид или под од носната празнина е
претставен со горната страна од коскеното непце palatum osseum покриено со
носната лигавица. На местото кадешто се наоѓа отворот на canalis incisivus
односно зад задниот раб од носницата непосредно до преградата лигавицата
гради назопалатинска вдлабнатина recessus nasopalatinus. Латерален ѕид во
градбата на латералниот ѕид од носната празнина учествуваат следните коски:
максила солзна коска, лабиринтот од етмоидалната коска, вертикалниот ѕид од
непцевата коска, птеригоидниот израсток од сфеноидалната коска и долната
носна школка. Носната лигавица покривајки ги наброените коскени елементи
формира и одделни творни и тоа: носен праг, носен бадем, долна носна
школка, средна носна школка, горна носна школка. Носен праг - limen nasi се
наоѓа на границата меѓу носниот трем и носната празнина. Носен бадем agger
nasi претставува лигавично испакнување, а го предизвикува обично една од
предните етмоидални ќелии а во одделни случаи може и 2-3 помали ќелии.
Агерот се наоѓа напосредно пред и под предниот крај од средната носна
школка.
Долна носна школка cocnha nasalis inferior е најголемата од трите носни
школки. Таа се прикрепува однапред на внатрешната стрна од максилата, а
одзади на lamina perpendicularis од палатинската коска. Нејзината латерална
страна е вдлабната и со соодветниот дел од латералната страна на носот го
ограничува долниот носен ходник meatus nasi inferior. На предниот дел од
ходникоѕ се отвара мембранозниот носносолзен канал ductus nasi medius. Во
средниот носен ходник се отвараат челниот и виличниот синус како и предните
етмоидални ќелии. На надворешниот ѕид од ходникот и тоа на неговиот преден
дел се наоѓа тесна полумесечеста пукнатина со конкавитет ориентиран нагоре
и наназад а тоа е полумесечестиот зјап hiatus semilunaris. Однапред зјапот го
ограничува кукастиот израсток processus uncinatus од етмоидалната коска а
одзади тој е ограничен со етмоидалниот меур bulla ethmoidalis. Лигавицата што
гои обложува ѕидовите од средниот носен ходник од латералната страна на
кукастиот израсток се префрлува наназад на етмоидалниот меур оформувајки
на тој начин една коонусна празнина означена како етмоидна инка infundibulum
ethmoidale инфундибулумот се наоѓа меѓу надворепната страна од кукастиот
израсток и внатрешната страна од етмоидалниот лабиринт а неговиот влезен
отвор претставува hiatus semilunaris. На долниот крај од инфундибулумот се
отвара максиларниот синус а на наговиот горен крај честопати се отвара
челниот синус и одделни предни етмоидални ќелии.
Медијален ѕид од носната празнина оретставува носна преграда septum nasi
која што ја дели на лева и десна носна празнина. Идејки однапред наанзад
носната ореграда е составена од три дела мембранозен рскавичен и коскен
дел - Мемранозен дел pars membranacea претставува подвижен дел од
преградата тој е изграден од кожа а му припаѓа всушност на vestibulum nasi,
рскавичен дел pars cartilaginea го гради септалната рскавица cartilage septi nasi
и коскен дел pars ossea од септумот го градат напред и доле lamina
perpendicularis од ситестата коска а одзади долу до вомерот. Носната преграда
во cavum nasi е обложена со лигавица. Во висина на предниот дел од средната
носна школка на лигавицата се забележува септално испакнување tuberculum
septi nasi предизвикано од сплет на венски крвни садови и лигавични жлезди.
Кај случаите со силно развиен туберкулум се појавуваат пречки во дишењето.
Меѓу tuberculum septi nasi и медијалната страна од средната носна школка се
наоѓа стеснување наречено мирисна пукнатина. Од мирисната пукнатина
нагоре до покривот на носната празнина се протега миризна бразда sulcuc
olfactorius. Обично носната преграда е свиткана на лево или надесно а во ретки
случаи таа е поставена во средишната сагитална рамина.
Отвори на cavum nasi
Од предната и задната страна носната празнина е отворена. Предниот отвор
или внатрешна носница од надвор ограничен со носниот праг limen nasi
овозможува комуникација на предворјето со носна празнина. Тој е поставен
косо надолу и наназад а одговара приближно на рамнина којашто поминува
преку долните рабови на носните коски и предната носна боцка spina nasalis
anterior. Задниот отвор или хоеаните наликува на правоаголник. Обете хоеани
се одделени со задниот раб од вомерот. Тие обезбедуваат комуникација на
носната празнина со носниот кат на голтникот.
Лигавица на носната празнина tunica mucosa nasi
Лигавицата што ги покрива коскените ѕидови од носната празнина продолжува
напред и надолу преку тесна преодна зона во кожата на носниот трем. Бочно
лигавицата продолжува во истата што ги обложува ѕидовите од параназалните
синуси а наназад продолжува во лигавицата од носниот кат на голтникот.
Според градбата и функцијата лигавицата на носната празнина се дели на два
дела респираторен дел или регија и олфакторен дел -
Респираторен дел или регија region respiratoria од лигавицата го обложува
поголемиот дилен дел од носната празнина односно целиот долен ѕид како и
долните делови од бочните ѕидови и носната преграда до мирисната
пукнатина. Респираторниот предел поседува вишеслоен епител составен од
цилиндрични клетки со трепки. Лигавицата е богата и со жлезди а исто така и
со крвни садови. Носните жлезди најбројни во пределот на средната носна
школка и во носната преграда кај tuberculum septi nasi а нивниот секрет го
навлажнува вдишениот воздух. Во пределот на носните школки бројните крвни
садови формираат кавернозни сплетови.
Олфакторен предел region olfactoria претставува горен помал дел од
лигавицата на носната празнина. Таа го обложува покривот на cavum nasi
горната школка и соодветниот горен дел од носната преграда. Олфакторниот
предел од лигавицата му припаѓа на сетилото за мирис. Во епителот се
наоѓаат сетилни олфакторни клетки за приен на мирисни впечатоци. Во
лигавицата од олфакторниот предел се наоѓаат и посебни жлезди се наоѓаат и
посебни жлезди означени како олфакторни жлезди.
Крвни садови и нерви на носната празнина - Артериските садови доаѓаат од a.
Ethmoidalis anterior od a. Ophtalmica, a. Sphenopalatina i a. Palatine descendens
od a. Maxillaries. Во преднодолниот предел од рскавичниот дел на носната
преграда и тоа над spina nasalis anterior се наоѓа артериски сплет во клиниката
познат под називот садовна дамка или kiesselbachovo поле. Тие садови се
причина за опасни крварења од носот.
Венските садови во носната празнина градат во лигавицата од школките
кавернозни венски сплетови. Вените се дренираат главно преку plexus
pterygoideus а делумно преку офталмичките вени и фасцијалните вени.
Лимфни садови- се влеваат во nodi lymphatici cervicales profundi.
Нерви на носна празнина- сензитивни, секреторни и сетилни. Сензитивните
доаѓаат од n. Ethmoidalis anterior (n.nasociliaris), rr. Nasals posteriors laterals et
mediales (n. Maxillaris) секреторните влакна потекнуваат од n. Facialis преку n.
Petorsus major i ganglion pterygopalatinum доаѓаат до лигавицата на носот за
инервација на нејзините жлезди.

Параназални синуси sinus paranasales


На носната празнина се придодадени параназалните синуси. Тие се шуплини
локализирани во соседните коски. Исполенти се со воздух и преку одделни
отвори или канали се отвараат во носната празнина. Коскените ѕидови од
синусите се обложени со лигавица од cavum nasi чиишто бочни продолжетоци
навлегуваат во нив. Според локализацијата во коските постојат 4 параназални
синуси челен sinus frontalis виличен sinus maxillaris етмоидален,sinus
ethmoidalis сфеноидален sinus sphenoidalis.

Челен синус sinus frontalis


Челниот синус е парна празнина на челната коска обично локализирана на
спојот меѓу вертикалниот и водорамниот дел од коската. Според димензиите
синусите варираат и затоа можат да се поделат на мали, средни и големи.
Малите синуси со големина на грашок се сместени во носниот дел pars nasalis
од челната коска. Додека големите синуси се шират латерално до linea
temporalis а нагорно до tuber frontale од коската. Обата синуса се одделени со
помош на коскена преграда septum sinuum frontalium. Таа претставува
продолжеток на носната преграда и во ретки случаи лежи сагитално во
средишната линија туку е свртена на десната или левата страна. На долнот
ѕид од sinus frontalis до преградата се наоѓа неговиот отвор aperatura sinus
frontalis. Отворот надолу медијално и наназад продолжува со тесен коскен
канал долг 4-6мм. Којшто се отвара во етмоидалната инка infundibulum
ethmoidale од средниот носен ходник. Кај одделни случаи фронталниот синус
може да се отвара и под самиот покрив од средниот носен ходник. Изводниот
канал од фронталниот синус е доста тесен бидејки е обложен со лигавица.
Поради оток при нејзино воспаление таа може делумно или потполно да го
затвори каналот оневозможувајки го нормалното дренирање на секретот од
синусот.
Ѕидови и соодности на фронталниот синус - Формата на челниот синус е многу
варијабилна, но сепак кај најголем број од случаите таа наликува на тристрана
пирамида со база свртена медијално а врв латерално. Според тоа на синусот
се разликуваат 4 страни или ѕидови: преден, заден, долен, медијален.
Преден ѕид - е поставен во фронталната рамнина, а одговара нанапред на
надвеѓниот лак (arcus superciliaris) и глабелата glabella како и меките делови од
веѓата. Предниот ѕид има големо практично занчење бидејки со неговата
трепанација хируршки се пристапува на синусот.
Заден ѕид - го гради внатрешниот лист од компактното коскено ткиво. Тој го
одделува синусот од предната черепна јама и нејзината содржина односно
мозочните обвивки, челниот резен на мозокот и венскиот горен сагитален
синус.
Долен ѕид - претставува всушност под на челниот синус, а со својот латерален
дел одговара на покривот од орбитата додека на медијалниот дел лежи над
носната празнина и предните етмоидални ќелии. На медијалниот дел од подот
се наоѓа и отворот на синусот aperatura sinus frontalis. Преку латералниот или
орбиталниот дел од долниот ѕид на синусот исто така е можен хируршки
пристап и кај најмалите фронтални синуси. Медијалниот ѕид - од синусот е
претставен со преградата septum sinuum frontalium.
Лигавицата што ги обложува ѕидиштата од фронталниот синус е тенка и цврсто
срасната за периостот. Таа содржи жлезди чиишто секрет истечува во носната
празнина. По должината на горниот и бочниот раб од синусот се наоѓаат
непотполни коксени прегради обложени со лигавица. Во тие лигавични ложи се
задржува долго време гнојот кај воспаленија на синусот.
Садови и нерви за форнтален синус доаѓаат од носната лигавица. Венските
садови се од особено значење бидејки преку нивните врски со диплоичните
вени и преку лимфните садови гнојните воспаленија на синусот можат да се
пренесат: наназад на венските синуси sinus durae matris надолу на вените од
орбитата и напред во поткожното ткиво од веѓата.

Виличен синус sinus maxillaries


Виличниот или highmoreoviot синус претставува најголема параназална
празнина сместена во телото на горната вилица. Синусот покажува значајни
индивидуални варијации во својата големина. Таа варира и кај исти лица од
обете страни. Кај случаевите кога димензиите нса синусот се мали обично тој
го зазема средишниот дел од максиларното тело. Во одделни случаи синусот
се наоѓа во продолжетоците од горната вилица формирајки во нив плтики или
длабоки рецесуси. Волуменот на максиларниот синус варира од 2-25 цм. А
просечно се движи од 10-12цм. Кај новородено синусот е длабок неколку мм.
Кај деца неговата форма и големина покажуваат чести варијации. До петтата
година кај децата максиларниот синус наликува на тристрана пирамида со врв
насочен кон foramen infraorbitale. Кон седмата година синусот расте и ја менува
својата форма и соодноси. Тој и натами наликува на тристрана пирамида како
кај возрасните но врвот и е насочен кон processus zygomaticus. Развитокот на
sinus maxillaries е во тесна заемна врска со растот на горната вилица и со
никнувањето на забите. После петнаесеттата година тој го достигнува својот
потполн развиток.
Кај возрасните sinus maxillaries наликува на тристрана пирамида со врв
насочен кон processus zygomaticus а база кон носната празнина. На синусот се
разликуваат 4 ѕида: преден, заде, горен и медијален а на нивниот спој се
наоѓаат рабови од кои позначајни се предниот и дилниот.
Преден ѕид - од синусот со дебелина 1=2мм одговара на fossa canina од
максилата покриена со меките делови на образите. Во таа регија се наоѓа
foramen infraorbitale како и крвните садови и нервите што поминуваат преку
отворот. Бидејки преку предниот ѕид хируршки се пристапува на синусот
постои можност за повреда на тие крвни садови и нерви.
Заден ѕид - од максиларниот синус одговара на туберот од максилата и
нејзината инфратемпорална страна. Дебелината на ѕидот изнесува околу 1мм,
а доаѓа во сооднос со инфратемпоралната и птеригопалатинската јама.
Горен ѕид - е претставен со тенка триаглеста коскена плоча што го дели
синусот од орбитата. На ѕидот се наоѓа инфраорбиталната бразда и канал со
соодветните садови и нерви. Тие елементи се изложени на инфекција при
воспаленија на синусот во случаите кога ѕидот од браздата и каналот е тенок и
транспарентен. Тенкиот ѕид од каналот може да се повреди и при изведување
на спроводна анестезија на n. Infraorbitalis.
Медијалниот ѕид - на максиларниот синус го одделува од носната празнина.
Најголемиот негов дел е претставен со носната страна од corpus maxillae. На
него се наоѓа максиларен отвор hiatus maxillaries. Тој е со неправилна форма и
прооден за 1 прст. Соседните коски што го опкружуваат отворот наедно и го
стеснуваат а тоа се солзната коска, етмоидалниот лабиринт, вертикалниот
лист од непцевата коска и долната носна школка, учествуваат и во градбата на
помалиот дел од медијалниот ѕид од максиларниот синус. Медијалниот
синусен ѕид со помош на долната носна школка е поделена на два дела горен
и долен.
Горниот дел од медијалниот ѕид одговара на meatus nasi medius и на него се
наоѓа главниот и споредниот отвор од максиларниот синус. Hiatus maxillaries е
поделен на три мали секундарни коскени отвори со помош на три коски и тоа:
processus uncinatus од етмоидалната коска, processus ethmoidalis од долната
носна школка и lamina perpendicularis од непцевата коска. Секундарни коскени
отвори се горен, заден и горен. Лигавичниот отвор на синусот претставува кус
лигавичен канал долг 6-8мм и широк 3-5мм. Тој се отвара на заднодолниот крај
од infundibulum ethmoidale.
Долен дел од медијалниот ѕид на максиларниот синус одговара на meatus nasi
inferior. на неговиот преден дел се наоѓа мембранозниот носносолзен канал
ductus nasolacrimalis сместен во истоимениот коксен канал.
Преден раб - се наоѓа на спојот меѓу предниот и медијалниот синусен ѕид.
Долен раб - или под од максиларниот синус одговара на спојот меѓу предниот и
задниот медијален ѕид. Долниот раб претставува најнизок дел од синусната
празнина со најниска точка локализирана над корените од првиот горен молар.
Долниот раб е вдлабнатина со конкавитет нагоре. Прошорување или рецесуси.
Садови и нерви – Артерии - гранки од a. Sphenopalatina делумно гранки од a.
Facialis, a. Infraorbitalis, a. Alveolaris superior posterior i a. Buccalis. Венски садови
се притоки на plexus pterygoideus i v. Facialis odnosno v. Angularis. Вените од
максиларниот синус анастомозираат со површинските и длабоки вени од
лицето и со венската мрежа од dura mater. Надворешните делови од синусната
лигавица се инервирани од rr. Alveolares superiors posteriors, r. Alveolaris
superior medius i rr. Alveolares superiors anteriores. Внатрешните делови се
инервирани од rr. nasales posteriores superiores laterales i rr. Nasales posteriores
inferiores laterales.

Eтмоиден синус (Sinus ethmoidalis)


Составен е од бројни мали пневматски празнини наречени етмоидални ќелии
(cellulae ethmoidales) локализирани во лабиринтот од етмоидната коска.
Ќелиите на број 5-14 се одделени со тенки коскени прегради, а нивните ѕидови
се обложени со лигавица којашто доаѓа од носната празнина. Во етмоидалниот
лабиринт се сместени најголемиот број од ќелиите.Додека периферните ќелии
претставуваат всушност полуќелии кои со соодветните полуќелии од соседните
коски градат потполни празнини. Полуќелии се наоѓаат во коските што го
опкружуваат лабиринтот и тоа максилата, челната, солзната, непцевата и
сфеноидалната коска. Кај одделни случаи етмоидните ќелии навлегуваат
длабоко во соседните коски како рецесуси или прекубројни синуси. Етмоидните
ќелии што го претставуваат етмоидниот синус според својата местоположба и
отварањето во носната празнина се делат на 3 групи – предни ќелии (cellulae
anteriores), средни ќелии ( cellulae mediae) и задни ќелии (cellulae posteriores)
Предните ќелии cellulae anteriores на број се 5 до 8. Тие лежат главно во
предниот дел од лабиринтот, а одговараат на предната половина од
внатрешниот ѕид од орбитата. Ќелиите се отвораат во meatus nasi medius.
Најголемата ќелија од предната група го предизвикува етмоидниот меур (bulla
ethmoidalis)
Средните ќелии (cellulae mediae) го завземаат средишниот дел од лабиринтот.
Задните ќелии (cellulae posteriores) на број се 2 до 4 а се наоѓаат во задниот
дел од лабиринтот. Тие одговараат на задната половина од медијалниот ѕид
на орбитата. Задните ќелии се отвораат во meatus nasi superior.

Sinus sphenoidalis – сфеноиден синус


Сфеноидниот синус е локализиран во телото од истоимената коска.Тој е парна
празнина разделена на лев и десен синус со помош на синусна преграда
(septum sinuum sphenoidalium).Со помош на кружен отвор aperture sinus
sphenoidalis сместен на предниот ѕид од синусот се отвара на задниот крај на
носната школка и тоа на аглеста вдлабнатина (recessus sphenoethmoidalis).
Eкстремно големите синуси праќаат свои продолжетоци во другите делови од
сфеноидалната коска или пак соседните коски.На синусот се разликуваат 6
ѕидови – преден, заден, горен, долен,латерален и медијален.
Предниот ѕид - се наоѓа во фронталната рамнина и одговара на покривот од
носната празнина. Учествува во оградувањето на сфеноетмоидалниот рецесус.
Предниот ѕид од синусот е предна страна на сфеноидалната коска на која се
наоѓа и неговиот отвор aperture sinus sphenoidalis.
Задниот ѕид - од сфеноидалниот синус исто така се наоѓа во фронталната
рамнина а одговара на грбот од седлото (dorsum sellae) од коската. Кај
случаите кога синусот е длабок задниот ѕид одговара на кливусот (clivus) .
Горниот ѕид - од синусот или покривот го гради горната страна од телото на
сфеноидалната коска.Тој одговара на браздата од оптичката раскрсница
(sulcus chiasmatis) и хипофизната јама (fossa hypophysialis). Jамата обично
проминира во синусната шуплина предизвикувајќи напречно испачнување.
Блискиот сооднос на синусниот покрив со хипофизата е од големо значење.
Преку задниот дел од синусниот покрив хируршки се пристапува на
хипофизата.
Долниот ѕид - од сфеноидниот синус е одделен со релативно дебел слој
сунѓересто коскено ткиво од крајниот заден дел на покривот од носната
празнина. Задниот дел од долниот ѕид се протега се до над хоаните и
форниксот од голтникот.
Латералниот ѕид - од синусот според неговите соодноси со коренот од малото
крило идејќи од напред наназад се дели на следниве дела - преден орбитален
дел којшто е кус и локализиран под коренот од малото крило а доаѓа во
сооднос со задниот крај од медијалниот ѕид на орбитата. Кај самиот корен од
малото крило синусот е одделен со тенка коскена ламела од содржината на
оптичкиот канал
-Заден или каротиден дел од надворешниот ѕид на синусот претставува делот
потиснат кон синусната шуплина од страна на каротидната бразда (sulcus
caroticus)
Во тој дел синусот доаѓа во близок сооднос преку dura mater со кавернозниот
венски синус и неговата содржина ( III,IV,V1,V2,VI како и a.carotis interna)
Медијалниот ѕид - од сфеноидниот синус е претставен со меѓусинусната
коскена преграда septum sphenoidalium. Во предниот дел таа е поставена во
рамнината од носната преграда, а во задниот дел таа свртува налево или
надесно зголемувајќи го волуменот на еден од синусите.
Лигавица – Лигавицата на сфеноидалниот синус ги обложува коскените делови
на синусот на внатрешната страна.
Садови и нерви- Артериските садови на синусит доаѓаат преку лигавицата од
покривот на носната празнина. Венските садови се придружнички на артериите,
а одделни вени доаѓаат и до кавернозниот и кружниот синус. Преку нив можно
е пренесување на инфекцијата од синусот на венските синуси од dura mater.
Нервите на сфеноидниот синус доаѓаат од n.ethmoidalis posterior I rr.nasales
posteriores superiors.

Грклан (Larynx)
Претставува почетен проширен дел на долните дишни патишта. Тој
истовремено служи за формирање на гласот.Кај возрасен човек гркланот се
протега од горниот раб на епиглотисот до долниот раб на крикоидната
рскавица.Неговата должина изнесува околу 7 цм, Кај жените димензиите се
помали во споредба со машкиот пол. Во горниот дел наликува на тристрана
пирамида, а во долниот дел на цилиндар. Гркланот е локализиран во
висцеларната ложа на вратот зад потхиоидните мускули, а пред гркланскиот
дел од голтникот и меѓу бочните резни од тироидната рскавица. Гркланот горе
доаѓа под хиоидната коска и коренот на јазикот а долу до душникот.
Скелетотопски се проектира од горниот раб на четвртиот до долниот раб на
шестиот вратен прешлен. Во средишната линија од предната страна на вратот
гркланот е претежно поткожен. Тој дел го покриваат површинскиот и
средишниот лист од вратната фасција. Бочно од средишната линија на
предната страна под кожата се наоѓаат потхиоидните мускули содржани во
дупликатурата на средишниот лист ид вратната фасција. На оредната страна
се наоѓа аглесто испакнување особено изразено кај мажите означено како
Адамово јаболко или гркланско испакнување (prominentia laryngea). Задната
страна од гркланот е одделена од рбетниот столб и тоа идејќи однапред
наназад со фаринксот, ретрофарингеалниот простор, предрбетниот лист од
вратната фасција.
Состав на гркланот
Гркланот е составен од -рскавици, споеви на рскавиците, мускули,
фиброеластична мембрана и лигавица.
Рскавици на гркланот (cartilagines laryngis) - Непарни рскавици четири на број
се – cartilago thyroidea, cartilago cricoidea, cartilago epiglottica и една непостојана
интераритеноидна рскавица. Парни рскавици се cartilage arytenoidea, cartilage
corniculata, cartilage cuneiformis, cartilage sesamoidea кои се непостојани.
Во гркланот се наоѓаат 16 рскавици, од кои 5 се непостојани. Според градбата
тироидната, крикоидната и аритеноидната рскацива се хиалини, а другите се
еластични. Хијалините рскавици се подложни на окоскување и тоа обично
околу дваесетата година од животот.

Штитна или тироидна рскавица (cartilage thyroidea)


Штитната рскавица е најголема, непарна по градба хијалина рскавицаод
гркланот. Наликува на аглест олук. Составена од lamina dextra et sinistra.
Споени по должината на предниот раб плочките формираат тап агол отворен
наназад. Темето на аголот ја предизвикува на предната страна од вратот
prominentia laryngea. На надворешната страна од обете плочки се забележува
коса линија (linea obliqua) – служи за припој на m.sternothyroideus, m.thyroideus,
а зад нив се припојува pars thyropharyngea od m.constrictor pharyngis inferior.На
средината од горниот раб на тироидната рскавица се наоѓа засек означен како
горен тироиден засек (incisura thyroidea superior) и долен раб кој поседува
(incisura thyroidea inferior). Задните рабови од тироидната рскавица на обата
краја завршуваат со рогови ( cornu superius) et cornu inferius.
Прстенестата `рскавица (cartilago cricoidea) е непарна хијалина `рскавица. -
Сместена е најдолу, горе и напред се зглобува со тироидната, а горе и одзади
со аритеноидната `рскавица. Наликува на хоризонтално поставен прстен, на кој
се разликуваат преден лаковиден дел (arcus cartilaginis cricoideae) каде се
наоѓа зглобна површина за зглобување со тироидната `рскавица и заден дел -
плочка (lamina cartilaginis cricoideae) со зглобни површини за зглобување со
аритеноидната `рскавицa. Припој има за задниот крикоаритеноиден мускул
(m.cricoarytenoideus posterior). На латералниот дел од работ се наоѓа од обете
страни по една аритеноидна зглобна површина (facies articularis arytenoidea) за
зглобување со рскавицата.
Капакова или епиглотична рскавица (cartilage epiglottica) -Капаковата
`рскавица (cartilago epiglottica) е непарна и по состав еластична `рскавица
сместена зад тироидната. Личи на лист кој со својот долен тесен дел се
прикрепува за тироидната `рскавица, а со својот горен поширок дел се издига
над неа и го гради `рскавичниот скелет на епиглотисот. Епиглотисот ги
придружува движењата на јазикот и гркланот, при голтање го затвора влезот на
ларингсот. Предната страна од епиглотичната рскавица одговара идејќи одгоре
надолу на задната страна од тироидната рскавица тироидната мембрана
(membrane thyroidea).
Аритеноидната `рскавица (cartilago arytenoidea) е голема и парна, главно со
хијалина градба. Со базата се зглобува за крикоидната `рскавица. На овој дел
се наоѓа израсток - вокален израсток (processus vocalis) на кој се припојуваат
гласната врска и гласниот мускул (lig.et m. vocalis). На базата на аритеноидната
рскавица (basis cartilaginis arytenoideae) се зглобува со горниот раб на
крикоидната рскавица. На базата се разликуваат два израстока (processus
vocalis et muscularis). Вокалниот израсток подолг е и насочен напред (lig.vocale)
(m.vocalis) служи за припој на (m.cricoarytenoideus lateralis et m.cricoarytenoideus
posterior). Apex cartilaginis arytenoideae е зарамнет, а се зглобува со cartilage
corniculata. Facies anterolateralis поседува испакнување colliculus за припој на
lig.vestibulare I m.vocalis, Facies medialis свртена е кон другата аритеноидна
рскавица и Facies posterior е лесно вдлабната и служи за припој на
трансвезалниот мускул m. arytenoideus transversus.
Конусна Santorini – ева рскавица (cartilage corniculata) – Koнусната
рскавица е мала, парна и еластична рскавица. Зглобена со аритеноидната
рскавица. На задната страна предизвикува Tuberculum corniculatum.

Клинеста или Wrisberg–ова рскавица (cartilage cunciformis)


Парна еластична рскавица,наликува на кусо стапче, локализирана пред врвот
на аритеноидната рскавица односно конусната рскавица. Предизвикува во
ариепиглотичната дипла tuberculum cuneiforme.
Споеви на рскавиците од гркланот
Внатрешни споеви на гркланските рскавици кои ги поврзуваат рскавиците се –
зглобови, - влакнести врски. Рскавиците на гркланот меѓу себе споени се со
крикоаритеноиден зглоб и крикотироиден зглоб.
Articulatio cricothyroidea ги спојува крикоидната и тироидната рскавица. На
зглобните површини се прикрепува capsula articularis cricothyroidea. Во зглобот
се врши приближување и оддалечување на предните делови од крикоидната и
тироидната рскавица под дејство на крикоидниот мускул.
Крикоаритеноидниот зглоб (articulatio cricoarytenoidea) исто така е парен зглоб,
ја поврзува зглобната површина на крикоидната рскавица со аритеноидната
рскавица. Зглобот поседува capsula articularis cricoarytenoidea. Во зглобот се
вршат два вида движења оддалечување или приближување под дејство на
аритеноидниот мускул.
Влакнести врски меѓу рскавиците
Гласната или вокалната врска (lig.vocale) растеганат меѓу processus vocalis од
аритеноидната рскавицаи аголот од тироидната рскавица.Таа учествува во во
градбата на еластичниот скелет од plica vocalis.
Ligamentum vestibulare – тремната или вестибуларна врска се припојува на
colliculus од аритеноидната рскавица, учествува во градбата на вестибуларната
дипла ( plica vestibularis)
Тироепиглотична врска - (lig.thyroepiglotticum) претставува куса и цврста врска
што го поврзува petiolus epiglottidis со аголот од тироидната рскавицаи тоа под
incisura thyroidea superior.
Крикотироидна врска - Lig.cricothyroideum е цврста и еластича врска што го
поврзува горниот раб од лакот на крикоидната рскавица со долниот раб од
тироидната рскавица.
Надворешни споеви на гркланските рскавици
Рскавиците на гркланот се поврзани со хиоидната коска, коренот од јазикот и
душникот со помош на овие врски.
Тирохиоидната мембрана (membrana thyroidea) - е фиброеластична творба
задебелена на средината и на бочните делови. Средишното задебелување од
мембрана е означено како средишна тирохиоидна врска (lig.thyrohyoideum
medianum), а најзините бочни задебелени рабови се тирохиоидни врски
(lig.thyrohyoideum. На тирохиоидната мембрана се наоѓа foramen thyrohyoideum
за премин на a.laringea superior и r.internus од n.laryngeus superior.
Хиоепиглотична врска (lig.hyoepiglotticum) - фиброеластична творба која ја
поврзува епиглотичната рскавица со телото на хиоидната рскавица.
Крикотрахеална врска (lig.cricotracheale) - ја поврзува крикотироидната
рскавица со првата рскавица од трахеата.
Глосоепиглотична врска (lig.glossoepigloticum) - го поврзува горниот дел од
предната страна на епиглотичната рскавица со фиброзниот подлигавичен слој
од јазикот. Врската е три одделни снопчиња коишто ја подигаат лигавицата во
три дипли (plica glossoepiglottica mediana и 2 plicae glossoepiglotticae laterals).

Фиброеластична мембрана
Фиброеластична мембрана претставува подлигавичен слој од гркланот што ја
покрива длабоката страна од неговите мускули и ‘рскавици. Таа е изградена
главно од еластични влакна. Ја облага цела гркланска празнина и аналогно на
неа се дели на:
- Горен дел или четвртеста мембрана (membrana quadrangularis) - Тој дел
одговара на горниот кат или тремот од ларингсот. Со својата надворешна
површина ги покрива од длабоката страна тироидната, епиглотичната,
аритеноидната ‘рскавица и мускулите во таа регија. На четвртестата мембрана
се разликуваат четири раба, од коо долниот и горниот се задебелени. Горниот
раб ја издига лигавицата во ариепиглотична дипла (plica aryepiglotica) која
претставува бочно ограничување на aditus laryngis. Долниот раб ја формира
вестибуларната врска(lig.vestibulare).
- Среден дел - Тој одговара на средниот кат од ларингсот. Се протега од
вестибуларната врска до вокалната врска. Во таа регија фиброеластичната
мембрана од гркланот е многу истенчена и истурена е латерално градејќи го
подлигавичниот слој од гркланската комора(ventriculuc laryngis).
- Еластичен конус(conus elasticus) - Тој го претставува долниот најдебел дел од
фиброеластичната мембрана. Се протега од lig.vicale надолу до долниот раб
од крикоидната ‘рскавица. Долниот дел на фиброеластичната мембрана
наликува на конус. Неговиот горен раб е силно задебелен градејќи ја од обете
страни на средната линија вокалната врска (lig.vocale). Горниот раб од конусот
го ограничува горниот овален отвор на конусот кој одговара на rima glottidis.
Додека долниот отвор е кружен и одговара на долниот раб на крикоидната
‘рскавица односно на долниот грклански отвор. Средишниот дел на конусот
што се наоѓа меѓу долниот раб од тироидната и горниот раб од крикоидната
‘рскавица е слободем и означен како крикотироидна врска (lig.cricotyroideum).
Лигавицата од гркланот ги облага неговите ѕидови од внатрешната страна,
односно прирасната за фиброеластичната мембрана таа ограничува гркланска
празнина (cavum laryngis). Во горниот кат од гркланот лигавицата единствено
се прицврстува однапред со епиглотичната ‘рскавица и одзади на горните
краишта од аритеноидните ‘рскавици. Во средниот и долниот кат од гркланот
лигавицата е цврсто споена во фиброеластичната мембрана што
оневозможува појава на отоци во тие регии. Епителот на лигавицата е
повеќеслоен цилиндричен со трепки но се среќаваат и делови со слоевит
плочест епител. Лигавицата поседува и грклански жлезди.
Гркланска празнина (cavum laryngis)
На гркланската празнина се разлккуваат три ката:
1.Горен кат (vestibulum laryngis) - Се протега од влезниот отвор (aditus
laryngis) надолу до обете вестибуларни жици(plica vestibularis). Влезен отвор
(aditus latyngis) има јајцевифна форма со врв насочен надолу и наназад.
Неговата должина изнесува 3-4cm,а широчина 1-2 cm. Тој е поставен речиси во
фронтална рамнина. Влезниот отвор е ограничен: - 1. однапред со горниот раб
на епиглотисот, 2. бочно со обете ариепиглотични дипли и 3. одзади со
жеѓуаритеноидниот засек.
Епиглотисот или капакот на гркланот (epiglotis) - е подвижна
лигавично-‘рскавична плочка висока 1-1.5cm. Епиглотисот е изграден од
истоимена ‘рскавица cartilago epiglottica покриена однапред со лигавицата од
устата празнина, а одзади со лигавицата од гркланот. Предната страна од
епиглотисот е конвексна во напречна насока и одделена од коренот на јазикот
со капаковите јамички (valeculae epiglottice) ограничени со три лигавични
дипли:средишна plica glossoepiglottica mediana и 2 бочни plica glossoepiglottica
lateralis. Eпиглотисот ги придружува движењата на јазикот и гркланот, при
голтање тој го затвара aditus laryngis.
Ариепиглотична дипла (plica aryepiglottica) - претставува лигавична дипла,
десна и лева предизвикана од горниот слободен раб на membrana
quadrangularis. Се протегаат од долните бочни агли на епиглотисот наназад и
навнатре конвергирајќи кон
Меѓуаритеноидниот засек (incisura interarytenoidea) - претставува лигавична
пукнатина на задниот крај од aditus laryngis ограничена од врвовите на
аритеноидните ‘рскавици.
2. Среден кат на гркланот - Од горе е ограничен со обеѕе вестибуларни
дипли(plica vestibularis) а долу со обете гласни жици (plica vocalis).
Комуникација меѓу горниот и средниот кат претставува тремниот отвор(rima
vestibuli) ограничен од коморните дипли. Со долниот кат средниот комуницира
преку меѓугласниот отвор (rima glottidis).Шуплината на средниот грклански кат
меѓу комороте и гласните жици испраќа по еден бочен продолжеток наречен
Morgani-eва гркланска комора (ventriculus laryngis)
1. Вестибуларна жица (plica vestibularis) или лажната гласна жица претставува
парна плоската лигавична дипла. Таа се протега од задната страна на
тироидниот агол дивергентно наназад до горната третина од предниот раб на
аритеноидната ‘рскавица. Вестибуларната жица ги содржи следните елементи:
вестибуларна врска (lig.vestibulare), и бројни грклански жлезди (gll.laryngea)
чиишто секрет ги влажни гласните жици.
2. Вестибуларниот отвор (rima vestibuli) ограничен од обете вестибуларни жици
има променлиба форма про говор и голтење.
3. Гласната жица или гласница (plica vocalis) претставува парна хоризонтално
поставена лигавична дипла. Се протега од задната страна на тироидниот агол
дивергирајќи наназад до коренот од processus vocalis на аритеноидната
‘рскавица. Plica vocalis е составена од: - 1) еластично-‘рскавичен скелет
претставен со предниот дел со lig.vocale, а во задниот со processus vocalis,
2)вокалниот мускул (m.vocalis) којшто главно го предизвикува релјефот на
гласните жици. Обете гласни жици заедно со елементите содржани во нив го
градат органот за создавање глас или глотис (glotis). Гласот се создава со
трперење на слободниот раб од plica vocalis.
4. Меѓугласничкиот отвор (rima glottidis) го претставува отворот меѓу обете
гласни жици. Врвовите од processus vocalis го делат отворот на два дела: -
1)преден или мембранозен дел (pars intermembranacea) ограничен со делот од
plica vocalis што го содржи lig.vocale и 2)заден или ‘рскавичен дел (pars
intercartilaginea) ограничен со задниот дел пд plica vocalis што го содржи
processus vocalis од аритеноидната ‘рскавива.
Видови на rima glottidis:
- Отвор налик на тесна пукнатина (glottis phonatoria) настанува лај заедничка
контракција на сите негови констриктори. Пре треперење на гласната жица
коишто се затегнати по целата нивна должина се добива нормалем глас.
- Отвор налик на гасна пукнатина во мембранозниот дел додека во
‘рскавичниот дел е триаглесто проширен. Кај него воздухот поминува
слободно само преку неговиот ‘рскавечен дел предизвикувајќи само негово
трперење а гласот што се добива е шепот.
- Отвор налик на тесна пукнатина воздухот предизвикува трперење само на
мембранозниот дел од гласните жици, а гласот што се добива е врескав од
грло
- Отвор со овална форма при мирно дишење и спиење.
- Отвор налик на копје чии бочни рабови одговараат на спојот меѓу
мембранозниот и ‘рскавичниот дел од гласниѕе жици. Таа форма rima
glottidis ја добива при длабоко вдишување.
Овална форма и форма на копје се гледаат само кај мирно или длабоко
дишење. Создавање ма гласот и неговото обликување се регулирани од
највишите координациони центри во кората на мозокот. Гласот се создава со
трперење на plica vocales предизвикано од форсиранпто струење на
експираниот воздух преку стеснетата rima glottidis. Јачината на гласот зависи
од широчината на rima glottidis и од јачината на експирираниот воздух. Бојата
на гласот во помаала зависност е од формата и функцијата на глотисот, туку
од формаата и состојбата на горните воздушни патишта.
Morgani-евата комора на гркланот (ventriculus laryngis) претставува бочен
продолжеток на средниот кат од гркланот. Комората ги одделува
вестибуларните од вокалните дипли што е значајно за создавање на јасен глас.
Секретот од нејзините бројни жици го влажнат епителот на гласните жици.
Освен тоа комората има улога на резонатор на гласот. Комората горе
продолжува во гркланска кесичка или коморен продолжеток.
4. Долен кат на гркланот или cavum infraglotticum
Се протега од гласните жици надолу до долниот раб од крикоидната ‘рскавица
којшто маедно ја означува и границата меѓу cavum laryngis и душникот.
Садови и нерви на гркланот
Артерии - a.laryngea superior, a.laryngea inferior
Вени - v.jugularis interna, v.brachiocephalica
Нерви - n.vagus и тоа преку n.laryngeus superior и n.laryngeus inferior.
N.laryngeus superior преку надворешната гранка (r.externus) којшто е мешовита
со моторните гранчиња го инервира m.cricothyroideus,а со сензитивните ја
инервира лигавицата на подглотичниот кат. Преку внатрешната гранка
исклучително сензитивна тој ја инервира лигавицата на надглотичкиот дел од
гркланот, потоа соседниот дел од коренот на јазикот и голтниковата лигавица
што ја покрива задната страна од гркланот.
N.laryngeus inferior завршна гранка од n.laryngeus recurrens со своите мускулни
гранчиња ги инервира сите мускули на гркланот.
Душник (trahea)
Во вратот се наоѓа само мал дел од душникот. Поголем дел од трахеата е
локализиран во градниот кош
Органи на ендокриниот систем
Во регијата на главата и вратот се наоѓаат одделени жлезди со внатрешна
секреција и параганглиони .
Штитна или тироидна жлезда(glandula thyroidea)
Претставува најголема вратна жлезда со внатрешна секреција. Таа е припоена
и со помош на фиброзни влакна споена за предната и бочните страни од
гркланот и душникот. Затоа при голтење и зборување се движи заедно со нив.
На тироидната се разликуваат два резена лев и десен. Десниот резен е
поразвиен во споредба со левиот. Меѓу обата лобуса се наоѓа напречно
стеснување на штитната жлезда (istmus glandulae thyroidea). Тежината на
жлездата кај новороденче изнесува 1-3 gr, а кај возрасен 30-60 gr. Бочните
лобуси просечно ср високи 4-8 cm,широки 2-4 cm,а дебелината 1.5-2 cm.
Лобусите наликуваат на тристрана пирамида со врв насочен нагире. Со
внатрешните страни лобусите се прилепени за бочните страни од гркланот и
душникот, достигнувајќи со врвовите до средината на тироидната ‘рскавица.
Надворешната страна на лобусите е конврксна и покриена со
m.sternothyroideus, а над него и со m.sternohyoideus. Внатрешната страна е
конкавна а со предниот дел таа лежи на гркланот и душникот покривајќи дел од
тироидната ‘рскавица дел од крикоидната ‘рсксвица и првите 5-6 ‘рскавици од
душникот. Задниот тесен дел од внатрешната страна одговара на латералниот
раб на голтникот,храноводот и душникот градејќи со нив бразда за премин на
n.laryngeus recurrens. Задната страна од лобусите со својот латерален дел
лежи на a.carotis communis а со медијалниот доаѓа во сооднос во завршните
гранки од a.thyroidea inferior и паратироидните жлезди. Стеснувањето (isthmus
glandulae thyroideae)претставува средишен стеснет дел од жлездата што ги
спојува обата лобуса и тоа нештп над нивните бази. Со задната страна
стеснувањето лежи на II-та и III-та трахеална ‘рскавица. Пиримидниот лобус
(lobus pyrimidalis) претсавува непостојан средишен лобус од жлездата.
Обвивки на тироидната жлезда - 1. Надворешна или фасцијална и 2.
Внатрешна или фиброзна.
Надворешна претставува дел од lamina pretachealis на вратната фасција.
Длабокиот лист од фасцијата ги облага задните страни од m.sternothyroideus и
m.thyroideus потоа се префрла наназад на обвивката од големиот крвни
садови, а одзади продолжува кон задниот раб од тироидната жлезда
составувајќи се со предниот раб од лонгитудиналната преграда.
Внатрешниот или фиброзната обвивка од тироидната жлезда налик на тенка
фиброзна мембрана го поврзува нејзиното жлездено ткиво.
Притоа тироидната жлезда е составена од - сврзно ткиво и жлездено ткиво.
Сврзното ткиво гради прегради што се издвојуваат од capsula fibrosa.
Жлезденото ткиво е поделено со преградите на резенчиња. Тироидната
жлезда преку своите хормони дејствува на вегатативниот нервен систем на
метаболизмот и на растот.
Крвни садови на тироидеата
Артерии - а.thyroidea superior, a.thyroidea inferior.
Вени - v.thyroidea superior, vv.thyroidea mediar ,v.thyroidea inferior. Горната и
средната вена се притоки на v.jugularis interna ,додека долната се влева обично
во v.brachiophalica sinistra.
Лимфни садови - ги придружуваат артериските садови и се влевааат во
длабоките лимфни јазли во вратот.
Нерви - потекнуваат од 1)n.vagus преку неговите гранки n.laryngeus superior и
n.laryngeus recurrens и 2) од вратниот дел на симпатикусот преку сплетовите
околу артериските садови на жлездата.
Паратироидните жлезди претставуваат мали епителни жлезди со внатрешна
секреција. Тие лежат на задната страна од бочните лобуси на тироидната
жлезда. Хормонот на паратироидните жлезди има значајна улога во
мртаболизмот на калциум и фосфоррот. Паратироидните жлезди се 4 на број и
тоа двр горни и две долни. Горните жлезди се наоѓаат најчесто зад задната
страна на соодветниот бочен лобус од тироидната жлезда. Тие лежат
непосредно под крикоидната ‘рскавица од гркланот, а латерално од n.laryngeus
recurrens. Долните паратироидни жлезди се наоѓаат под и латерално од
горните и тоа зад долниот крај или базата од соодветниот лобус на тиродината
жлезда. Паратироидните жлезди коишто се прилепени за задната страна од
тироидната жлезда се наоѓаат меѓу обете нејзини обвивки, односно помеѓу
фасцијалната обвивка и cspsula fibrosa.
Каротидно клопче - Припаѓа на параганглионите коишто претставуваат мали
жлезди од симпатогено или парасимпатогено потекло. Тие со своите хормони
ја наголемувааат реакционата моќ на автономниот систем. Тоа е локалозирано
на задната страна од завршниот развој на a.carotis communis. Каротидното
клопче е придодадено на висцеросензитивната гранка на каротидниот синус
(r.sinus carotici-Heringi) гранка од n.glossopharyngeus. Висцеросензитивните
влакна од каротидното клопче преку n.sinus carotici доаѓаат во стрблоѕо на
n.glossopharyngeus а тој ги носи до medulla oblongata во рефлексниот центар за
дишење. Во glomus caroticum се наоѓаат и хеморецептори осетливи на ниска
концентрација на кислород во телесните течности.
1. Lamina pretrachealis od fascia cervicalis е обвивка на mm. infrahyoidei.
2. Во висина на fornix vestibule superior се наоѓа papilla parotidea
3. Cavum pharyngis се дели на 3 ката: pars laryngea, pars nasalis, pars oralis.
4. Sinus paranasales se 4: s. frontalis, ethmoidalis, maxillaris, sphenoidalis
5. Mm. adudctor plicae vocalis се: m cricoarythenoidus lateralis, m arytenoideus
obliquus, m arytenoideus transverses, m thyroarytenoideus.
6. Од првиот топографски дел на а. maxillaris се издвојуваат:
a auricularis profunda, a tympanica anterior, a meningea media, a alveolaris
inferior.
7. Од вториот топографски дел на а. maxillaris се издвојуваат:
8. a masseterica, aa temporales profundae, rr pterygoidei, a buccalis
9. Lamina prevertebralis од fascia cervicalis ги покрива: mm. prevertebrales I
mm. scalene
10. На lingua се разликуваат 2 дела: corpus linguae и radix linguae
11. Горниот кат или vestibulum laryngis се протега од: aditus laryngeus до plica
vestibularis.
12. Непарни ‘рскавици на laryngs: cartilago thyroidea,cartilago
epiglottica,cartilage cricoidea I edna nepostojana interaritenoidna.
13. Внатрешни слоеви на cartilagines laryngea: articulatio cricothyroidea,
articulatio cricoarytenoidea
14. Влакнести врски се:lig vocale,lig vestibulare,lig cricothyroideum,lig
thyroepiglotticum.
15. Бочни гранки на a. facialis : a. palatina ascendens, a. submentalis, rr.
Glandulares, a labialis superior et inferior
16. Oд третиот топографски дел на a.maxillaris:
-a. alveolaris superior et posterior, a. infraorbitalis, a. palatine descendens, a.
canalis pterygoidei.

Лигавицата што ги покрива образите и усните преминува во лигавица од


гингивата и ограничува 2 свода: fornix vestibuli superior et inferior.
17. Кај силно отворена уста од ретромандибуларен простор се забележува:
plica preygomandibularis предизикана од raphe pterygomandibularis.
18. Заби има 20: dentes decidui i 32: dentes permanentes.
19. Мускулен слој на меко непце 5: m. tensor veli palatini, m. levator veli
palatine, m. palatopharyngeus, m. palatoglossus, m. uvulae.
20. Во темето на sulcus linguae се наоѓа foramen cecum linguae
21. Plica glossoepiglottica mediana I 2 plica epiglottica laterals ограничуваат
vallecula epiglotica.
22. Pappilae linguales: pap. Vallatae, pap. Foliatae, pap. Fungiformes, pap.
Filiformes, pap. Conicae
23. Фиброзен скелет на јазикот:
Aponeurosis linguae, membrana glosso hyoidea, septum linguae.
24. Mускули на јазик:
-надворешни: m. genioglossus, m. hyoglossus, m. chondroglossus, m.
styloglossus
-внатрешни: m. longitudinalis superior et inferior, m. transverses linguae,
m.verticalis linguae
25. Плунковни жлезди:
-мали: gll. Buccales, labiales, molares, palatinae, linguales
-големи: gl. Sublingualis, submandibularis, parotidea
26. Бочни гранки од a. thyroidea superior: - a. infrahyoidea, ramus
sternocleidomastoideus, a. laryngea superior, a. cricothyroidea.
27. Бочни на a. subclavia: a. vertebralis, a. thoracica interna, truncus
costocervicalis, truncus thyrocervicalis, a. transversa coli.
28. Поделба на cavum oris: vestibulum oris, cavum oris proprium.
29. Регии на лицето:
-површински регии: reg. buccalis, reg. mentalis, reg. parotideomasseterica,
длабоки: reg. infratemporalis, spatium parapharyngeum, spatium
retropharyngeum
30. Eлементи во паротидна ложа: gl. parotis, nadvoresna karotidna arterija a.
carotis externa, v. jugularis externa, nodi lymphatici parotidei, n.
auriculotemporalis, n.facialis.
31. Rima glottidis oтворот меѓу двете гласни жици: pars intermembranacea,
pars. Intercartilaginea
32. Крвни садови и нерви на тироидна жлезда: a. thyroidea superior et inferior,
v. thyroidea superior et inferior, vv. Thyroideae mediae. Неривте се од n.
vagus: n. laryngeus superior и n. laryngeus recurrens.

You might also like