You are on page 1of 20

• Основни латински термини:

• superior (rostralis) – горе, блиску до главата


• inferior (caudalis) – долу, блиску до стапала
• anterior (ventralis) – напред, блиску до челото
• posterior (dorsalis) – назад блиску до грбот
• medialis – внатре
• intermedialis – во средина
• lateralis – надвор
• proximalis – блиску до трупот
• superficialis – површински
• profundus - длабок
Основен став на човекот и просторни рамнини
За ориентација и меѓусебен однос на деловите и органите
кај човечкото тело одредени се 3 рамнини:

Фронталната рамнина е вертикално поставена и го дели


телото на преден и заден дел. Деловите пред неа се
означени како предни (anterior), а оние поставени зад неа
како задни (posterior).

Сагиталната рамнина е вертикално поставена и го дели


телото на десна и лева половина. Деловите кои се
поблиску до неа се внатрешни (medialis) , а оние кои се
подалеку се надворешни (lateralis). Низ човечкото тело
поминуваат безброј вакви рамнини од кои онаа која го дели
на две половини е наречена средишна или медијална.

Хоризонталната или трансверзалната рамнина е


паралелна со тлото и го дели телото на горен дел
(superior) и долен дел (inferior).
Просторни рамнини на човечко тело
Поделба на систематската анатомија

-наука за коските (osteologia),


-наука за зглобовите (sindesmologia),
-наука за мускулите (myologia),
-наука за внатрешните органи
(splanchnologia),
-наука за садовите (angiologia),
-наука за нервниот систем (neurologia),
-наука за сетилните органи (estesiologia)
ОСТЕОЛОГИЈА
Остеологијата е дел од анатомијата која се занимава со
изучување на коскениот систем.

-Функции на коскениот систем:

1.Потпорна
2.Локомоторна
3.Заштитна
4.Создавање на крвни клетки –;
5. Хомеостатска
Облик и надворешен изглед на коските
- долги, куси, плочести и неправилни

- Куси коски (os breve) се наоѓаат на краевите на


екстремитетите и кај `рбетниот столб. Го градат скелетот на коренот на
шаката и стапалото (carpus, tarsus).
- Долги коски (os longum)
припаѓаат на
екстремитетите. На секоја
долга коска се разликува
тело (corpus) или
дијафиза (diaphysis) и два
краја или (epiphysis).
Крајот кој што е поблиску
до трупот се нарекува
проксимален (epiphysis
proximalis), а другиот
дистален (epiphysis
distalis).
- Долги коски се:
- clavicula,
- humerus,
- radius, ulna,
- femur, tibia, fibula,
- метакарпални,
метатарзални коски и femur
- фаланги.
- Плочести коски os planum. Плочести коски
се: окципитална, париетална, фронтална,
носни, солзни, vomer, scapula, os coxe,
sternum, costae

scapula Os coxae
• Неправилни коски. Овде спаѓаат пршлените, sacrum,
coccyx, темпоралната, сфеноидалнта, етмоидалната,
зигоматичната коска, maxilla, mandibula, conha nasalis
inferior, os palitinum, os hyoideum.
-Биолошка реакција на коските (хипертрофија,
атрофија)
-регенерација на коските

НАДВОРЕШЕН ИЗГЛЕД НА КОСКИТЕ


(испакнувања и вдлабнувања кои се делат
на зглобни и незглобни)
Зглобните испакнувања и вдлабнувања
се покриени со тенок слој на хијалина
рскавица, а можат да имаат форма на топка
(caput), засек (incisura), макара (trochlea).
Незглобните испакнувања и вдлабнувања
служат за припој на мускули и зглобни врски.
Незглобните вдлабнувања во вид
јама (fossa), жлеб (sulcus),
отвор (foramen) или
 пукнатина (fissura)
Широкото нерамно и неправилно испакнување се
нарекува нерамнина (tuberositas),
мало правилно испакнување се нарекува џумче
(tuberculum),
 поголема џумка (tuber),
гребен (crista),
израсток (processus),
остар израсок боцка (spina).

Целата површина на коските со исклучок на


нејзините зглобни делови, е покриена со
беличаста фиброзна мембрана покосница
(periosteum).
Кај секоја коска на човекот се разликуваат два вида на
коскено ткиво, збиено и сунѓересто.
•Збиеното коскено ткиво (substantia compacta), го
формира површниот слој на коската
• Сунѓерестото коскено ткиво (substantia spongiosa) ги
исполнува нејзините длабоки делови.
Сунѓерестото коскено ткиво се состои од коскени гредички
кои меѓусебно се испреплетени и ги ограничуваат
ареолите , каде се наоѓа црвената коскена срж (medulla
ossium), каде се ствараат црвените крвни зрнца. Кај
плочестите коски на черепот помеѓу два листа на збиено
коскено ткиво се наоѓаат покрупни шуплини, наречени
diploë, кои се исполнети со венски капилари и меѓусебно
комуницираат.

•Кај долгите коски шуплината на дијафизата (canalis


medullaris) е исполнета со жолта коскена срж, која е богата
со масно ткиво.

You might also like