You are on page 1of 125

КАРЛИЦА

ОПШТ ПРЕГЛЕД: Карлица (pelvis) претставува долен дел на трупот (truncus). Таа се наоѓа под стомакот
(abdomen) меѓу корените на долните екстремитети. Карличната празнина го претставува долниот
продолжеток на абдоминалната празнина (cavum abdominis) и кај жените има посебно значење
бидејќи го гради породилниот канал.
ГРАНИЦИ НА КАРЛИЦАТА: ГОРЕ се протега до горниот карличен отвор (apertura pelvis superior) којшто
претставува широка комуникација со абдоминалната празнина. Горниот отвор на карлицата е поставен
во коса рамнина, речиси паралелно со абдоминалниот ѕид. Отворот (apertura pelvis superior) со
хоризонтала гради агол помал кај мажите во споредба со жените. ДОЛУ до apertura pelvis inferior.
Отворот е затворен со меките делови што ја градат меѓичката (perineum). ОДЗАДИ бочно е покриена со
regio glutea, а ОДНАПРЕД запречниот предел (regio obturatoria).
ЅИДОВИ НА КАРЛИЦАТА: Во состав на карличните ѕидови влегуваат: 1. коски, 2. зглобови, 3. мускули, 4.
фасции, 5. крвни и лимфни садови, и б. нерви.
ЗГЛОБОВИ НА КАРЛИЦА
- Во споеви на карлицата спаѓаат:
 споеви на коските на карличниот појас
 споеви на карличниот дел од ‘рбетниот столб
А. СПОЕВИ НА КОСКИТЕ НА КАРЛИЧНИОТ ПОЈАС (articulationes cinguli membri inferioris)
- Во споеви на коските од карличниот појас спаѓаат:
1. препонската симфиза (symphysis pubica)
2. крсно-бедрениот зглоб (articulatio sacroiliaca) и
3. влакнестите споеви претставени со големата крсно-седална врска (lig. sacrotuberale), малата
крсно-седална врска (lig. sacrospinale) запречната мембрана (membrana obturatoria) и слабинско-
бедрена врска (lig. iliulumbale).
1. ПРЕПОНСКА СИМФИЗА (SYMPHYSIS PUBICA)
- Претставува неподвижен спој каде двете карлични коски се поврзуваат меѓу себе во средишна линија
од предниот карличен ѕид со помош на фибриозна ‘рскавица.
ЗГЛОБНИ ПОВРШИНИ (symphysis pubica) на зглобот се: симфизните површини (facies symphysialis) од
левата и десната карлична коска (os сохае).
- Симфизната зглобна површина се наоѓа на предно-долниот дел од долниот раб на карличната коска.
Таа е рамна или малку вдлабната со елиптична или овална форма чиј поширок дел е свртен нагоре.
Надолжната оска на зглобната површина се протега косо одгоре напред и латерално спрема долу,
назад и медијално. Површините не се паралелни со средишната линија туку гледаат кон внатре и
напред, градејќи агол отворен нанапред. Затоа предните краеви од симфизните зглобни површини се
повеќе оддалечени во споредба со задните.
- Височината на симфизната зглобна површина кај мажите изнесува 4-5 см, а кај жените 3-4 cm,
додека најголемата ширина изнесува 1,2 до 1,5 см.
- Пред facies symphysialis се наоѓа плитка предсимфизна бразда, повеќе забележлива кон краевите од
зглобната површина. Во браздата се припојуваат тетивите на мускулите што го зајакнуваат зглобот од
предната страна. Симфизните зглобни површини се покриени со тенок слој од хијалинска 'рскавица,
чија дебелина зависи од возраста. Кај возрасните таа изнесува 1-2 mm.
- Во аголот што го градат зглобните површини од левата и десната карлична коска вметнат е фибро
'рскавичен диск (discus interpubicus).
ФИБРОЗНО 'РСКАВИЧНИОТ ДИСК (DISCUS INTERPUBICUS): го исполнува сиот простор меѓу симфизните
зглобни површини. Тој има форма на четиристрана пирамида бочно сплесната, со врв насочен назад, а
база напред.
- Бочните страни од дискот интимно налегнуваат на симфизните зглобни површини, додека горната и
долната страна се препокриени со периостот и врските од симфизата.
- Периферниот дел од дискот е цврст и отпорен, а централниот е мек. По втората година, во медијална
линија во централниот дел од дискот, во сагитална и вертикална насока се развива зглобна пукнатина
(cavitas articularis).
- Зглобната пукнатина ги зазема повеќе задните делови од дискот, има варијабилни димензии, со
возраста станува попространа, особено кај жените. Кај жените дискот е нешто понизок, а поширок во
споредба со мажите.
- За време на гравидитет дискот набабрува, се испапчува кон назад, зглобната пукнатина станува
попространа, па неподвижната симфиза се претвора во полуподвижен зглоб (amphyartrosis).
- Symphysis pubica како неподвижен спој, не поседува зглобна капсула (capsula articularis).
- Зглобните површини во контакт ги држи периостот (periosteum) кој по должината на рабовите од
симфизните зглобни површини минува од едната карлична коска на другата. Периостот е особено
задебелен во предно-долниот дел и задниот раб од препонската симфиза.
ЗГЛОБНИ ВРСКИ: (symphysis pubica) цврстина на симфизата и даваат: периостот, вкрстените фиброзни
влакна од околните мускули и лигаментите. Сите тие ја опкружуваат симфизата и градат напречно
поставена манжетна која се прицврстува на рабовите од симфизните зглобни површини.
- Симфизата е зајакната со две фиброзни врски:
1. горна препонска врска (lig. pubicum superius) и
2. долна или лачна препонска врска (lig. arcuatum pubis).
1. Горна препонска врска (lig. pubicum superius): ја зајакнува горната страна од symphysis pubica. Таа
претставува фиброзна врвка дебела 4-6 mm, која се протега напречно меѓу левата и десната
препонска џумка (tuberculum pubicum) сè до чешлестиот гребен (рecten ossis pubis). Долната страна од
врската е прицврстена за горната страна од симфизата. Од средината на горната страна од врската се
прицврстува долниот крај од белата линија на абдоменот (linea alba abdominis).
2. Долната или лачна препонска врска (lig. arcuatum pubis): ја зајакнува долната страна од symphysis
pubica. Таа е во вид на цврста фиброзна плоча дебела 10-15 mm, висока 3-4 mm. Врската го исполнува
просторот меѓу долните гранки од препонските коски. Таа го претставува горниот задебелен раб од
горниот лист на урогениталната фасција (fascia diaphragmatis urogenitalis superior), чиј долен задебелен
раб го гради lig. transversum perinei. Во пукнатината меѓу lig. arcuatum pubis и lig. transversum perinei
минува кај мажите дорзалната вена на пенисот (v. dorsalis penis profunda), а кај жените, аналогно,
дорзалната вена на клиторисот (v. dorsalis clitoridis profunda).
- Предната страна од симфизата е зајакната со цврсти фиброзни влакна кои се вркстуваат пред
симфизата, а потекнуваат од тетивите на мускулите што се припојуваат на предната страна од
препонската коска и предната страна од симфизата (m. rectus abdominis; m. obliquus abdominis externus;
m. adductor longus и m. gracilis).
- Дел од тетивните влакна од горе наброените мускули се насочуваат напречно и го исполнуваат
просторот на претсимфизната бразда и цврсто сраснуваат за базата од discus interpubicus. Тие се
особено задебелени во долно – предниот дел од симфизата.
СООДНОСИ НА SYMPHYSIS PUBICA: Соодносите на симфизата се важни при хируршките пристапи што
се вршат преку симфизата (symphyseotomia). Симфизата доаѓа во сооднос преку:
a) Горната страна од симфизата во сооднос е со тетивите на мускулите што се припојуваат на
нејзината предна страна. Во медијална линија од горната страна се наоѓа триаглестото
проширување на белата линија од абдоменот (adminiculum lineae albae).
b) Долната страна на симфизата во сооднос е со кавернозните тела на половите органи (corpus
cavernosum penis s. clitoridis), одводниот мочен канал (urethra) и фасцијата од урогениталната
дијафрагма (fascia diaphragmatis urogenitalis).
c) Предната страна од симфизата е покриена со дебел слој масно ткиво низ кое минуваат
фиброзни и мазни мускулни влакна, покриено со кожа обрасната со влакна (pubes). Сите овие
елементи го градат срамното брегче (mons pubis s. Veneris). СРАМНОТО БРЕГЧЕ се наоѓа над
надворешните генитални органи, пред симфизата. Тоа има триаглеста форма со база свртена
нагоре кон абдоменот од кого е одделена со срамна бразда (sulcus pubis), кај жените надолу
брегчето се продолжува со големите срамни усни (labia majora pudendi).
d) Задната страна од симфизата со превезикалниот простор (spatium praevesicale s. retropubicum -
RETZII) е одделена од предната страна на мочниот меур (vesica urinaria). Просторот е исполнет
со растресито сврзно ткиво, масно ткиво, крвни садови и нерви. Во долниот дел од задната
страна на симфизата се прицврстуваат: ligg. puboprostatica s. pubovesicalia и mm. pubovesicales.
ФИЗИОЛОГИЈА НА SYMPHYSIS PUBICA: Во првите години од животот, симфизата е неподвижен спој. Со
развитокот на зглобната пукнатина во discus interpubicus, симфизата станува полуподвижен зглоб во
кој се вршат минимални движења. Во тек на бременост, дискот набабрува, зглобната пукнатина
станува по пространа, лигаментите олабавуваат, а тоа доведува карличните коски да се оддалечат за 5
mm една од друга. Со оддалечувањето на карличните коски се зголемуваат пречниците од горниот
отвор на карлицата. Symphisis pubica има статичка улога. Таа ја зацврстува карлицата спречувајќи го
оддалечувањето на карличните коски под дејство на тежината на телото. При тоа lig. sacrotuberale и lig.
sacrospinale ја тегнат седалната коска кон назад и медијално и тежат да ги одделат карличните коски
што ги спречуваат лигаментите на симфизата. Карлицата во целост се подига или спушта, а со тоа се
намалува или зголемува инклинацијата на карлицата, односно доведува до зголемување или
намалување на слабинската лордоза.
КРВНИ САДОВИ И НЕРВИ НА SYMPHYSIS PUBICA
АРТЕРИИ: Во васкуларизација на симфизата учествуваат:
1. R. pubicus од a. epigastrica inferior cе протега 1-2 mm над горниот раб од симфизата. Во средишна
линија анастомозира со истоименото гранче од спротивната артерија.
2. R. pubicus од а. obturatoria се протега на задната страна од симфизата каде анастомозира со
истоименото гранче од спротивната артерија. Често пати (30%) на задната страна од симфизата по
должината на внатрешниот раб од бутниот прстен anulus femoralis настанува анастомоза меѓу
r. obturatorius кој се одделува од r. pubicus на а. epigastrica inferior и r. pubicus од a. obturatoria. Оваа
анастомоза може да биде пресечена при хируршки зафати на бутните кили и да предизвика
смртоносно крвавење поради што е наречена ,,круна на смртта“ (corona mortis).
ВЕНИ: Венската крв од пределот на симфизата преку вените придружнички на истоимените артериски
садови се одведува во v. pudenda interna et externa.
НЕРВИ: од гранчиња на plexus sacralis и plexus lumbalis.
2. КРСНО – БЕДРЕН ЗГЛОБ (ARTICULATIO SACROILIACA)
- Крсно-бедрениот зглоб (art. sacroiliaca) е парен зглоб со рамни зглобни површини во кои се вршат
ограничени движења. Зглобот ги поврзува карличните коски со крсната коска.
ЗГЛОБНИ ПОВРШИНИ (articulatio sacroiliaca) на зглобот се: facies auricularis од os sacrum и facies
auricularis од os coxae.
1. Зглобната површина (facies auricularis) од крсната коска е со неправилна форма на ушна школка чиј
конкавитет е свртен нагоре и наназад. Таа се наоѓа во горните две третини од бочната страна на
крсната коска (os sacrum). Зглобната површина од крсната коска (facies auricularis) е лесна конкавна и
ориентирана кон долу, напред и надвор.
2. Зглобната површина (facies auricularis) од карличната коска (os coxae) се наоѓа на сакропелвичната
површина од внатрешната страна од бедрената коска (os ilium) зад илијачната јама (fossa iliaca), а под
илијачната коскена нерамнина (tuberositas iliaca). Таа е лесно конвексна, според формата и димензиите
е аналогна на зглобната површина од крсната коска. Димензиите на аурикуларните зглобни површини
изнесуваат: 55-60 mm во должина и 20-30 mm во ширина. Гледано од горе и напред, зглобната линија
од art. sacroiliaca, личи на издолжена латинска буква ,,S", чиј горен дел е конкавен кон внатре, а
долниот спротивно е конкавен кон надвор. Обете коски пенетрираат реципрочно една во друга како
запчаници. Зглобните површини се покриени со тенок слој (1-1,5 mm) од хијалинска 'рскавица,
подебела на зглобната површина од сакралната коска.
ЗГЛОБНА КАПСУЛА (capsula articularis): Зглобната капсула на сакроилијачниот зглоб е составена од
цврста надворешна фиброзна мембрана (membrana fibrosa) и внатрешна тенка синовијална мембрана
(membrana synovialis).
 Фиброзната мембрана (membrana fibrosa) е јака и куса поради што е намалена мобилноста на
зглобот. Таа во вид на манжетна го опфаќа зглобот, а се припојува околу периферните рабови
од зглобните површини од крсната и карличната коска.
 Синовијалната мембрана (membrana synovialis) ja обложува длабоката страна од фиброзната
мембрана. Со своите ресички скоро во целост ја исполнува зглобната празнина од зглобот.
ЗГЛОБНИ ВРСКИ (articulatio sacroiliaca): Фиброзната мембрана од сакроилијачниот зглоб е зајакната со:
а) предна сакроилијачна врска (lig. sacroiliacum ventrale) и б) задна сакроилијачна врска (lig.
sacroiliacum dorsale).
1. Предната сакроилијачна врска (lig. sacroiliacum ventrale) ја зајакнува предната страна од зглобот.
Претставува парна, широка и резистентна врска која во вид на зраци се шири од базата на крсната
коска кон карличната коска. Горниот и долниот сноп од врската се повеќе развиени во споредба со
средниот. Горниот сноп од lig. sacroiliacum ventrale ce протега од базата на крсната коска и горните две
третини од предната страна на крсната коска латерално од предните сакрални отвори (foramina sacralia
pelvina) до задниот дел од fossa iliaca и linea terminalis на карличната коска. Долните снопови се
протегаат од бочните рабови на крсната коска до горните делови од incisura ischiadica major.
2. Задната сакроилијачна врска (lig. sacroiliacum dorsale) ја зајакнува фиброзната мембрана од
задната страна. Таа се состои од два слоја: површински и длабок. Длабокиот слој го градат
меѓукоскените врски (ligg. sacroiliaca interossea). Тие претставуваат куси, јаки напречно поставени
врски кои во целост го исполнуваат просторот меѓу задните делови од конкавитетот на зглобните
површини. Ligg. sacroiliaca interossea се припојуваат на коскените нерамнини од крсната и илијачната
коска (tuberositas sacralis et iliaca). Површинскиот слој од задната сакроилијачна врска е претставен со
куси и долги снопови насочени во горниот дел напречно, во средниот косо, а долу вертикално. Тие се
протегаат од задните делови на crista iliaca, spina iliaca posterior superior и задните делови на
tuberositas iliaca до задната страна од basis ossis sacri, задните делови на tuberositas sacralis и crista
sacralis lateralis. Сакроилијачниот зглоб е зајакнат и со околните врски што се припојуваат на крсната и
карличната коска.
СООДНОСИ НА ARTICULATIO SACROILIACA: Предната страна е покриена со m. piriformis, ПРЕД кој врват
vasa iliaca interna et externa, а лежи и plexus sacralis.
ФИЗИОЛОГИЈА НА ARTICULATIO SACROILIACA: Дебелите, куси и цврсти врски, тесната и цврстата
капсула, еднаквите и рамни зглобни површини, прават зглобот да биде слабо подвижен.
- Ограничените движења во сакроилијачниот зглоб имаат важна улога во стабилноста на карлицата во
целост. Преку зглобот рамномерно се пренесува тежината од трупот кон карличната и сакралната
коска, потоа кон зглобот на колкот и главата на бутната коска. Притоа карлицата во целост се
приспособува на потребите за одржување на рамнотежа (стоење на една нога, подигање на ногата и
др.). Крсната коска вметната како клин меѓу карличните коски со базата свртена нагоре и наназад, а
врвот надолу и нанапред, врши движења на лост. Краевите од лостот се базата и врвот на коската, а
припоите на ligg. sacroiliaca interossea се потпорната точка. Под дејство на тежината на телото крсната
коска би се свртела со базата нанапред и долу, а врвот спротивно наназад и горе. Тоа го спречуваат
големата и малата крсно-седална врска (lig. sacrotuberale et sacrospinale). При движењето на базата од
крената коска нанапред (nutatio), врвот од треничната коска оди наназад и спротивно кога базата од
крената коска се движи наназад (contranutacio), врвот на треничната коска се придвижува нанапред.
Овие движења на nutacio и contranutacio ги амортизираат наглите движења на трупот спрема
карлицата (при седнување, станување, скокање и др.). При движењето на contranutacio се
зголемуваат сагиталните пречници (коњугати) од горниот отвор на карлицата (apertura pelvis superior),
поради подигањето на карличниот 'рт. Притоа се намалува правиот пречник (diametar recta) од излезот
на карлицата. Спротивно при нутацијата се намалуваат сагиталните пречници на влезот од карлицата, а
се зголемува правиот пречник (diametar recta) од излезот на карлицата (apertura pelvis inferior). Овие
движења на нутација и контранутација, при екстендирана карлица се користат во акушерството за
време на породување.
КРВНИ САДОВИ И НЕРВИ НА ARTICULATIO SACROILIACA:
АРТЕРИИ: Предно-горните делови од сакроилијачниот зглоб се васкуларизирани од гранките на
a. iliolumbalis. Предно-долниот дел е васкуларизиран од aa. sacrales laterales. Задната страна од
зглобот е васкуларизирана од гранките на задните спинални артерии.
ВЕНИ: ги придружуваат истоимените артериски крвни садови и ја одведуваат венската крв во vv.
sacrales laterale и plexus venosus sacralis, а оттаму во v. iliaca interna.
ИНЕРВАЦИЈА: од предните и задните гранки (гг. ventrales et dorsales) на првите два сакрални нерви.
Исто така, зглобот добива и гранчиња од n. obturatorius, како и гранчиња од plexus lumbalis.
3. ВЛАКНЕСТИ СПОЕВИ
- Во оваа група спаѓаат:
1. големата крсно – седална врска (lig. sacrotuberale)
2. малата крсно – седална врска (lig. sacrospinale)
3. слабинско – бедрената врска (lig. iliolumbale)
4. запречна мембрана (membrana obruratoria)
ГОЛЕМА КРСНО – СЕДАЛНА ВРСКА (LIG. SACROTUBERALE)
- Големата крсно-седална врска (lig. sacrotuberale) претставува цврста лента долга 8-10 см, чии краеви
се проширени во вид на лепеза, а стеснет е средишниот дел (10-12 см).
- Горниот широк крај од lig. sacrotuberale се припојува spina iliaca posterior superior et inferior, задниот
дел од facies glutea, каде влакната од lig. sacrotuberale се мешаат со влакната од lig. sacroiliacum dorsale.
- Од горните припои lig. sacrotuberale се протега косо и латерално до tuber ischiadicum.
- Долниот крај од лигаментот се припојува на задно-медијалниот дел од tuber ischiadicum, непосредно
над припојот на m. semimembranosus и caput longum од m. biceps femoris.
- Дел од фиброзните влакна продолжуваат од ramus ossis ischi сè до внатрешната страна на fascia
obturatoria и овој продолжеток е наречен српест продолжеток (processus falciformis ligamenti
sacrotuberalis).
- Според некои автори српестиот продолжеток на сакротубералната врска го гради внатрешниот ѕид од
пудендалниот канал (canalis pudendalis-Alcock). Долниот раб од сакротубералната врска го ограничува
бочно и одзади долниот отвор од карлицата (apertura pelvis inferior).
МАЛАТА КРСНО – СЕДАЛНА ВРСКА (LIG. SACROSPINALE)
- Се наоѓа пред внатрешната страна од lig. sacrotuberale со која е интимно споена.
- Lig. sacrospinale има триаглеста форма, со врв насочен долу, напред и надвор, а база внатре и горе.
- Долг е околу 30-50 mm.
- Базата на lig. sacrospinale ce припојува на бочниот раб со крсната и тртничната коска, а врвот на spina
ischiadica.
- На внатрешната страна од лигаментот се припојува тртничниот мускул (m. coccygeus) чии фиброзно
изменети влакна го градат самиот лигамент.
- Lig. sacrotuberale et sacrospinale co задниот конкавен раб од os coxae, ограничуваат на задниот sид од
карлицата два отвора:
1. горен или голем седален отвор (foramen ischiadicum majus) и
2. долен или мал седален отвор (foramen ischiadicum minor).
- Овие отвори овозможуваат комуникација на карличната празнина (cavum pelvis) со седалниот
предел (reg. glutea).
1. ГОЛЕМИОТ СЕДАЛЕН ОТВОР (FORAMEN ISCHIADICUM MAJUS) е неправилно четириаглест отвор.
ОДГОРЕ и НАДВОР е ограничен со incisura ischiadica major, ОДВНАТРЕ со lig. sacrotuberale, ОДДОЛУ со
горниот раб на lig. sacrospinale. НИЗ СРЕДИШНИОТ ДЕЛ од отворот минува m. piriformis, кој пак го дели
отворот на foramen suprapiriforme низ кој минуваат a et v. glutea superior и n.gluteus superior и
foramen infrapiriforme низ кој минуваат елементи поделени во два снопа: внатрешен сноп кој го
градат: a. et v. pudenda interna и n. pudendus и надворешен сноп кој го градат a. et v. gluteus inferior,
n. ischiadicus и n. cutaneus femoris posterior.
2. МАЛИОТ СЕДАЛЕН ОТВОР (FORAMEN ISCHIADICUM MINUS) е триаглест отвор.
- ОДНАДВОР е ограничен со incisura ischiadica minor, ОДДОЛУ и ВНАТРЕ со lig. sacrotuberale и ОДГОРЕ
со долниот раб на lig. sacrospinale.
- Низ foramen ischiadicum minus минува: m. obturatorius int. и a. et v. pudenda interna придружени од n.
pudendus.
СЛАБИНСКО – БЕДРЕНАТА ВРСКА (LIG. ILIOLUMBALE)
- Цврста фиброзна врвка која се протега од врвот и долниот раб на ребрениот израсток на четвртиот
или петтиот слабински прешлен, спрема задно-горните делови на tuberositas iliaca и задниот дел од
crista iliaca.
- Lig. iliolumbale го зајакнува одгоре и одзади сакроилијачниот зглоб. Често пати од предната страна на
ребрениот израсток на петтиот слабински прешлен се одделуваат коси снопови кои го зајакнуваат и
горно-предниот дел од крсно илијачниот зглоб. Овие снопови долу се припојуваат на задниот крај од
linea terminalis.
ЗАПРЕЧНА МЕМБРАНА (MEMBRANA OBRURATORIA)
- Влакнест спој меѓу препонската и седалната коска.
- Таа затвора најголем дел од foramen obturatum на карличната коска, со исклучок на мал горен дел
каде се наоѓа sulcus obturatorius).
- ГОРЕ се припојува на предната и задната усна од sulcus obturatorius, претворајќи ја браздата во канал
canalis obturatorius низ кој минуваат а. v. et n. obturatorius и се остварува комуникација со regio
obturatoria.
- Изградена е од цврсти фиброзни влакна. Најчесто влакната во горните делови се паралелни со ramus
superior ossis pubis, а во долните делови со ramus ossis ischi.
- Влакната што поаѓаат од предната усна се насочени кон телото на седалната коска и нејзината гранка.
- Влакната што поаѓаат од задната усна се насочуваат кон внатрешната страна од задно долниот дел на
телото и гранките од препонската коска.
- Ha membrana obturatoria ce разликуваат две страни: надворешна која служи за припој на m.
obturatorius externus и внатрешна која служи за припој на m. obturatorius internus.
- Често пати во задно-долниот дел од надворешната страна на запречната мембрана и надворешниот
запречен мускул се наоѓа масно ткиво.
Б. СПОЕВИ НА КАРЛИЧНИОТ ДЕЛ ОД ‘РБЕТНИОТ СТОЛБ
- Во споевите на карличниот дел од 'рбетниот столб спаѓаат:
1. аглестиот слабинско-крсен зглоб и
2. крсно-тртничниот зглоб.
1. СЛАБИНСКО-КРСЕН ЗГЛОБ (ARTICULATIO LUMBOSACRALIS)
- Art. lumbosacralis е аналоген на зглобовите на 'рбетниот столб (juncturae columnae vertebralis).
- Во крсно-слабинскиот зглоб се поврзува os sacrum со петтиот слабински прешлен. Овие две коски се
зглобуваат меѓусебно, средишно и бочно.
ЗГЛОБНИ ПОВРШИНИ (articulatio lumbosacralis):
1. базата на крсната коска (basis ossis sacri) и
2. телото од петтиот слабински прешлен.
- Коските се поврзуваат меѓу себе со фиброзно 'рскавичен прстен (discus intervertebralis).
1. Базата на оs sacrum, средишно има овална зглобна површина што одговара на горната страна од
телото на првиот крсен прешлен. Базата од крсната коска, како и зглобната површина, е наклонета под
агол од 45° спрема напред и долу.
2. Петиот слабински прешлен има клиновидна форма, со поширокиот дел свртен нанапред.
3. Фибро рскавичниот прстен (discus intervertebralis) има облик на клин со острица свртена наназад.
- На местото на зглобувањето, поради косината на базата на сакрумот, клиновидната форма и фибро
'рскавичниот диск, настанува тап агол, КАРЛИЧЕН 'РТ ИЛИ ПРОМОНТОРИУМ (PROMONTORIUM).
- Промонториумот со темето стрчи во карличната празнина на средината од задниот раб од горниот
карличен отвор, повеќе кај мажите во споредба со жените.
- Во зависност од:
 ширината на базата на крсната коска,
 нејзината оддалеченост од ушевидната зглобна површина (facies auricularis) и
 конкавитетот на пелвичната страна од крсната коска
се разликува висок и низок промонториум.
- Промонториумот има важна улога во биомеханиката на зглобот при рентгенОМетриските
испитувања. Особено е важен аголот на отклонот на крсната коска и вертикалната оска од слабинскиот
дел на 'рбетниот столб. Кај возрасни особи овој агол изнесува 117-140°
- Бочниот зглоб од слабинско-крсниот зглоб го градат: processi articulares superiores од крсната коска, а
се зглобуваат со долните зглобни израстоци од петтиот слабински прешлен (processi articulares
inferiores).
ВРСКИ НА ARTICULATIO LUMBOSACRALIS: Аналогно на зглобовите од 'рбетниот столб, крсно
слабинскиот зглоб е зајакнат ОДНАПРЕД со lig. longitudinale anterius и ОДЗАДИ со lig. longitudinale
posterius.
- Lig. longitudinale anterius ДОЛУ завршува на предната страна од крсната коска во висина на вториот
сакрален прешлен. Lig. longitudinale posterius ДОЛУ звршува на задната страна од првиот тртничен
прешлен.
КРВНИ САДОВИ И НЕРВИ НА ARTICULATIO LUMBOSACRALIS:
- Артериските крвни садови потекнуваат од r. spinales од aa. sacrales laterales и од a. iliolumbalis.
- Венската крв се одведува по текот на истоимените артерии.
- Инервацијата на зглобот потекнува од задните гранки на лумбалните нерви.
2. КРСНО-ТРТНИЧЕН ЗГЛОБ (ARTICULATIO SACROCOCCYGEA)
- Ги поврзува крсната коска со тртничната коска.
ЗГЛОБНИ ПОВРШИНИ (ARTICULATIO SACROCOCCYGEA):
1. врвот на крсната коска
2. горната страна на тртничната коска
1. На врвот од крсната коска (apex ossis sacri) се наоѓа испакната овална зглобна површина
ориентирана надолу.
2. На горната страна на трничната коска се наоѓа овална зглобна површина аналогна на површината
на врвот од сакралната коска. Меѓу зглобните површини се наоѓа тенок фибро 'рскавичен диск кој со
возраста станува потенок, а може и да недостасува.
ЗГЛОБНИ ВРСКИ (ARTICULATIO SACROCOCCYGEA): Зглобот е зајакнат со следниве врски:
1. предна крсно тртнична врска (lig. sacrococcygeum ventrale)
2. бочна крсно-тртнична врска (lig. sacrococcygeum laterale)
3. задна крсно-тртнична врска (lig. sacrococcygeum dorsale).
1. Предна крсно тртнична врска (lig. sacrococcygeum ventrale), претставува продолжетокот на lig.
longitudinale anterius. Таа спрема долу се стеснува, ја препокрива предната страна од зглобот и
завршува во висина на предната страна од вториот и третиот тртничен прешлен.
2. Бочна крсно-тртнична врска (lig. sacrococcygeum laterale), претставува парна врска која го зајакнува
зглобот од бочната страна. Врската поседува повеќе снопови: внатрешен, среден и надворешен сноп.
 Внатрешниот сноп се протега паралелно со површинскиот сноп од lig. sacrococcygeum laterale.
Тој ги поврзува роговите од двете коски.
 Средниот сноп се протега горе од надворешната страна на cornu sacrale косо надолу и нанадвор
до задниот дел од закржлавениот напречен израсток од првиот тртничен прешлен.
 Надворешниот сноп се протега косо од бочниот раб на крсната коска до закржлавениот
напречен израсток на првиот тртничен прешлен. Овие врски претставуваат закржлавени
интертрансверзални врски кои се среќаваат во останатите делови од 'рбетниот столб.
3. Задна крсно-тртнична врска (lig. sacrococcygeum dorsale), ја зајакнува задната страна од зглобот. Таа
е поставена во два слоја: површински и длабок.
 Површинскиот слој го гради lig. sacrococcygeum dorsale superficiale. Претставува цврста врска
која ГОРЕ се припојува на долните делови од crista sacralis mediana и comu sacrale ограничувајќи
го БОЧНО hiatus canalis sacralis, а ДОЛУ завршува на задната страна од cornu coccygeum.
 Длабокиот слој го гради lig. sacrococcygeum dorsale profundum кој ги покрива задните страни од
базата на тртничната коска и врвот од сакралната коска. Врската претставува долен продолжеток
од lig. longitudinale posterius. Предната страна од врската го покрива епидуралниот простор.
(Епидурални инјекции се ставаат со убод во овој лигамент).
ФУНКЦИЈА НА (ARTICULATIO SACROCOCCYGEA): Слабо подвижен зглоб. Во него се вршат движења на
ФЛЕКСИЈА и ЕКСТЕНЗИЈА на тртничната коска. При флексија тртничната коска минимално се
придвижува кон симфизата, а при екстензија спротивно се оддалечува од неа. Овие движења кај
жените се поголеми особено за време на породувањето, бидејќи врските за време на бременоста
олабавуваат.
КРВНИ САДОВИ И НЕРВИ НА (ARTICULATIO SACROCOCCYGEA):
Васкуларизиран од гранчиња на a. sacralis mediana и aa. sacrales laterales.
Венската крв се одведува во plexus venosus sacralis.
Инервацијата на зглобот потекнува од задните сакрални нерви.
МУСКУЛИ НА КАРЛИЦА
- Мускулите на карлицата се делат на:
 Мускули на задно – бочниот ѕид
 Мускули на долниот ѕид или подот на карлицата
А. МУСКУЛИ НА ЗАДНО – БОЧНИОТ ЅИД НА КАРЛИЦАТА
 m. piriformis
 m. obturatorius internus
1. M. PIRIFORMIS
- Припаѓа на пелвиТРОхантеричната група мускули.
- Неговиот внатрешен широк дел го обложува задниот коскен карличен ѕид.
- Надворешниот обол (заоблен) тетивен дел припаѓа на reg. glutea.
- Се протега од предната страна на os sacrum до trochanter major на бутната коска.
ПРИПОИ: наликува на издолжен триаголник.
- Базата на триаголникот го гради внатрешниот широк и месест дел на мускулот, со кој се припојува
на:
1. предната страна од вториот, третиот и четвртиот крсен прешлен со три месести снопа кои
поаѓаат меѓу foramina sacralia pelvina,
2. од горниот раб од incisura ischiadica major и
3. горниот дел од предната страна на lig. sacrotuberale.
- Од овие припои мускулните влакна конвергираат кон надвор, минуваат низ foramen ischiadicum
majus и доаѓаат во reg. glutea.
- Во седалниот предел мускулот минува низ средишниот дел, ја покрива задната страна од зглобот на
колкот (art. coxae), се упатува кон големиот трохантер каде завршува со куса обла тетива на средината
од горниот раб на трохантерот.
СООДНОСИ: Во карличната празнина пред предната страна од m. piriformis се наоѓа:
 задната страна од ректумот,
 внатрешните илијачни крвни садови (vasa iliaca interna) и
 крсниот нервен сплет (plexus sacralis).
- Во foramen ishiadicum majus низ кој мускулот ја напушта карличната празнина, остава простор над
неговиот горен раб како foramen suprapiriforme низ кој минуваат а. et v. glutea superior следени со
n. gluteus superior и под неговиот долен раб како foramen infrapiriforme низ кој минуваат a. et v. glutea
inferior придружени од n. gluteus inferior, n. ischiadicus, n. cutaneus femoris posterior, a. et v. pudenda
internus придружени од n. pudends.
- Bo седалниот предел m. piriformis се наоѓа меѓу m. gluteus minimus кој се наоѓа над него и m.
gemellus superior кој се наоѓа под него.
- Предната страна од мускулот ја покрива зглобната капела од зглобот на колкот, додека задната
страна од мускулот е покриена со m. gluteus medius.
Често пати m. piriformis врши притисок на n. ischiadicus, особено ако нервот минува низ мускулот што е
проследено со болки (ischialgia).
ФУНКЦИЈА (ДЕЈСТВО): Надворешен ротатор на бутот и помошен абдуктор на натколеницата. Ако пак
ногата е фиксирана тој ја врти карлицата на својата страна и ја флектира нанапред.
КРВНИ САДОВИ И НЕРВИ:
Васкуларизиран е од аа. gluteae superiores et inferiores.
Венската крв се одведува преку истоимени вени кои ги придружуваат артериите.
Инервацијата доаѓа преку rr. musculares бочни гранки на plexus sacralis.
2. M. OBTURATORIUS INTERNUS
- Припаѓа на пелвиТРОхантеричната група мускули.
- Се протега од внатрешната страна на membrana obturatoria и внатрешната страна на карличната
коска до trochanter major.
- Сe разликуваат два топографски дела: поголем карличен или внатрешен и помал жилест
надворешен - вонкарличен или седален дел.
ПРИПОИ: Внатрешниот широк, месест и лепезест дел m. obturatorius internus се припојува:
1. на внатрешната страна од membrana obturatoria,
2. на внатрешната страна од коскениот рам што го ограничува foramen obturatum,
3. од четириаглестата површина од внатрешната страна на карличната коска што се наоѓа меѓу
linea arcuata и горниот дел од foramen obturatum и
4. од надворешната страна на fascia obturatoria.
- Од оваа широка внатрешна површина, мускулните влакна конвергираат спрема надвор и низ
foramen ischiadicum minus, свиени речиси под прав агол преку коскениот раб од incisura ischiadica
minor, jа напуштаат карличната празнина и навлегуваат reg. glutea.
- Надворешниот или вонкарличниот дел во седалниот предел одделен е со m. gemellus superior од
m. piriformis.
- Мускулот завршува на внатрешната страна од trochanter major co куса обла тетива, над и пред fossa
trochanterica.
СООДНОСИ: Во карличната празнина, внатрешната страна од мускулот е покриена со fascia obturatoria.
- Со помош на тетивното зајакнување (arcus tendineus m. levatoris ani) кое се протега од canalis
obturatorius до spina ischiadica и со припојот на m. levator ani e поделен на два дела:
 горен помал дел што се наоѓа над припојот на m. levator ani, го гради бочниот ѕид од
карличната празнина и во сооднос е со a. v. et n. obturatorius.
 долниот поголем дел го гради бочниот ѕид на меѓичката, односно бочниот ѕид од fossa
ischiorectalis.
- Горниот раб од m. obturatorius internus е засечен во висина на запречната бразда и учествува во
ограничувањето на запречниот канал.
- Во седалната регија, мускулот се наоѓа меѓу m. gemellus superior et inferior, а со предната страна ја
покрива зглобната капсула од зглобот на колкот.
ФУНКЦИЈА (ДЕЈСТВО): надворешен ротатор на бутот.
КРВНИ САДОВИ И НЕРВИ:
Васкуларизиран од гранчиња на a. glutea inferior, a. obturatoria interna и a. pudenda interna.
Венската крв се одведува во вените придружнички на горе споменатите артерии.
Инервација: инервиран од r.r. musculares на plexus sacralis.
Б. МУСКУЛИ НА ДОЛНИОТ ЅИД ИЛИ ПОДОТ НА КАРЛИЦАТА
- Долниот остеофиброзен отвор на карлицата (apertura pelvis inferior) e затворена со кожно-мускулно-
фасцијална плоча која ја гради меѓичката (perineum).
- Мускулно-фасцијалниот дел од меѓичката е изграден од mm. perinei и нивни фасции.
- Мускулите на меѓичката со своите фасции групирани се во дијафрагми и тоа:
1. горна или карлична дијафрагма (diaphragma pelvis).
2. долна или урогенитална дијафрагма (diaphragma urogenitale) и
3. површинска или пудентална дијафрагма (diaphragma pudendale).
- Во diaphragma pudendale припаѓаат мускулите што се наоѓаат во површинскиот перинеален простор
(spatium perine superficiale). Во истиот слој со пудендалната дијафрагма во trigonum anale од долниот
отвор на карлицата се наоѓа надворешниот сфинктер на анусот (m. sphincter ani externus).
1. ГОРНА ИЛИ КАРЛИЧНА ДИЈАФРАГМА (DIAPHRAGMA PELVIS)
- Карличната дијафрагма (diaphragma pelvis) претставува горна мускулно фасцијална преграда која го
затвора долниот карличен отвор (apertura pelvis inferior) со исклучок на hiatus urogenitalis по
должината на средишната линија.
- Низ hiatus urogenitalis минуваат мочополовите органи и аналниот канал.
- Мускулниот дел на карличната дијафрагма (pars muscularis diaphragmatis) е составен од два парни
мускула:
1. мускулот подигнувач на анусот (M. LEVATOR ANI) и
2. тртничниот мускул (M. COCCYGEUS)
- Фасцијалниот дел од карличната дијафрагма (pars membranacea diaphragmatis pelvis) е претставена со
париеталните листови на карличната дијафрагма (fascia pelvis).
- Таа ги покрива мускулите од карличната дијафрагма одгоре со горната фасција на карличната
дијафрагма (fascia diaphragmatis pelvis superior), а оддолу со долната фасција на карличната
дијафрагма (fascia diaphragmatis pelvis inferior).
1.1 M. LEVATOR ANI (мускул подигнувач на анусот)
- Мускулот подигнувач на анусот (m. levator ani) претставува тенка, парна мускулна плоча која одгоре и
латерално се протега кон долу, внатре и назад.
- ГОРЕ И НАДВОР мускулот се припојува на коса линија, која се протега 8 mm латерално од симфизата
по должината на внатрешната страна од долното крило на карличната коска сè до предниот раб од
spina ischiadica и lig. sacrospinale. ДОЛУ, ВНАТРЕ И НАЗАД, мускулот се припојува на
lig. anococcygenum, на бочните страни од ректумот, простатата и вагината.
- По должината на средишната линија од карличното дно, внатрешните рабови од mm. levatores ani
ограничуваат сагитален триаглест зјај hiatus urogenitalis, низ кој минуваат карличните органи од
карличната празнина во пределот на меѓичката (perineum).
- Обата mm. levatores ani го градат конкавното карлично дно на кое лежат карличните органи.
ПРИПОИ: Се разликуваат четири мускулни снопови:
1. препонско-тртничен мускул (m. pubococcygeus),
2. бедрено-тртничен мускул (m. iliococcygeus).
3. препонско-ректален мускул (m. puborectalis) и
4. препонско-вагинален (m. pubovaginalis) кај жените, а подигнувач на простатата (m. levator
prostate) кај мажите.
1. ПРЕПОНСКО-ТРТНИЧЕН МУСКУЛ (M. PUBOCOCCYGEUS) претставува тенка мускулна плоча која го
гради предно-медијалниот дел од m. levator ani. Напред и горе се припојува на коса линија која
започнува над и латерално од lig. puboprostaticum кај мажите, a lig. pubovesicale кај жените по
должината на внатрешната страна и долниот раб од ramus inferior ossis pubis до влезот на запречниот
канал (canalis obturatorus). Мускулните влакна се насочуваат надолжно, наназад и надолу го
заобиколуваат ректумот и завршуваат зад него на фиброзниот сноп што се протега во средишна
линија од меѓичката меѓу врвот на тртничната коска и задната страна од ректумот (lig. anoсoccygeum).
2. БЕДРЕНО-ТРТНИЧЕН МУСКУЛ (M. ILIOCOCCYGEUS) се протега од лачното тетивно зајакнување на
запречната фасција (arcus tendineus m. levatoris ani) косо кон назад, внатре и долу. Мускулните
снопови минуваат под сноповите на m. pubococcygeus, го заобиколуваат ректумот, а завршуваат на
врвот од тртничната коска и по должината на анококцигијалната врска (lig. anococcygeum).
3. ПРЕПОНСКО-РЕКТАЛЕН МУСКУЛ (M. PUBORECTALIS) се припојува под припојот на m. pubococcygeus
од внатрешната страна на долната гранка од препонската коска и горната страна од горниот лист од
урогениталната дијафрагма (fascia diaphragmatis urogenitalis superior). Мускулните снопови се
протегаат кон назад, долу и внатре, делумно се вкрстуваат пред предната страна од ректумот и
припојуваат на него. Дел од мускулните снопови ги заобиколуваат бочните страни од ректумот и зад
него во висина на перинеалната флексура (flexura perinealis recti) со истоимениот мускул од
спротивната страна градат МУСКУЛНА ПЕТЕЛКА, која со својот конкавитет го опфаќа одзади и бочно
ректумот. Дел од мускулните влакна на препонско-ректалниот мускул се преплетуваат и мешаат со
мускулните снопови од мазниот надолжен мускулен слој на ректумот (stratum longitudinale) и заедно
со нив ДОАЃААТ ДО АНАЛНИОТ ОТВОР (ANUS).
4. ПРЕПОНСКО-ВАГИНАЛЕН (M. PUBOVAGINALIS) КАЈ ЖЕНИТЕ, А ПОДИГНУВАЧ НА ПРОСТАТАТА (M.
LEVATOR PROSTATE) КАЈ МАЖИТЕ, претставуваат мускулни снопови што се одделуваат од m.
pubococcygeus, а завршуваат на предната и бочните страни од простатата, преплетувајќи се со сврзното
ткиво од простатичната фасција (fascia prostatae) кај мажите. Кај жените мускулните снопови
завршуваат на предната и бочните страни од вагината.
СООДНОСИ: На m. levator ani се разликуваат: две страни - горно-внатрешна и долно-надворешна, и три
раба - надворешен или париетален, внатрешен или висцерален и заден.
ГОРНО-ВНАТРЕШНАТА СТРАНА е накосена кон долу и внатре. Таа е покриена со горната карлична
фасција (fascia diaphragmatis pelvis superior) и го гради долниот ѕид од потпериTOнеалниот кат на
карличната празнина (cavum pelvis subperitoneale) на која лежат карличните органи и нивните
садовно-нервни петелки.
ДОЛНО-НАДВОРЕШНАТА СТРАНА е исто така накосена кон долу и надвор. Таа е покриена со долната
карлична фасција (fascia diaphragmatis pelvis inferior). Оваа страна го гради горно-внатрешниот ѕид од
пространата седално-ректална јама (fossa ischiorectalis), која е исполнета со масно ткиво низ кое
минуваат долните ректални крвни садови и нерви.
НАДВОРЕШНИОТ РАБ од m. levator ani, претставен е со припојната линија на мускулот која се протега
од внатрешната страна на симфизата, по должината на внатрешната страна на ramus inferior ossis
pubis, arcus tendineus m. levatoris ani дo spina ischiadica.
ВНАТРЕШНИОТ РАБ од левиот и десниот m. levator ani заградуваат триаглест зјај (hiatus urogenitali).
Овој раб стекнува соодноси со бочните страни на органите што минуваат низ него (urethra, rectum и
vagina кај жените).
ЗАДНИОТ РАБ го одделува m. levator ani од m. coccygeus.
ФУНКЦИЈА (ДЕЈСТВО): Главна функција на m. levator ani е статичка. Конкавното дно што го градат
левиот и десниот m. levator ani, заедно со фасциите што ги покриваат, градат мускулно-фасцијална
плоча дебела 1 см која овозможува рамномерно распределување на тежината на органите што лежат
на дното од карличната празнина. Доколку дојде до попуштање на тонусот на m. levator ani, се
проширува hiatus urogenitali што го ограничуваат внатрешните рабови од мускулот и доаѓа до
спуштање (descensus) или спаѓање (prolaps) на карличните органи.
(Во случај на спуштање или спаѓање на карличните органи се врши рeriNEOrrhaphia, по хируршки пат се
зашиваат внатрешните рабови од мускулот).
- Mm. levatores ani делуваат и како сфинктери на органите што минуваат меѓу неговите внатрешни
рабови. Контракцијата на мускулните снопови што се припојуваат на ѕидовите на вагината (m.
pubovaginalis) доведуваат до стеснување на вагината, односно делуваат како горен сфинктер на
вагината.
- Мускулните влакна од m. pubococcygeus и iliococcygeus, го стеснуваат ректумот во висина на
перинеалната флексура (flexura perinealis recti) и делуваат како ПОМОШЕН СФИНКТЕР на ректумот.
- Влакната на m. puborectalis што се мешаат со надолжниот мазен мускулен слој од ректумот и
завршуваат во пределот на аналниот отвор, делуваат како ДИРЕКТЕН ПОДИГНУВАЧ НА АНУСОТ,
влечејќи го аналниот канал од ректумот (canalis analis recti) нанапред и нагоре.
КРВНИ САДОВИ И НЕРВИ:
Артериите се претставени со мускулни гранчиња што потекнуваат од a. pudenda interna и a. vesicalis
inferior
Вените од пределот ги придружуваат истоимените артерии.
Инервација: инервиран од истоименото моторно гранче кое потекнува од n. pudendus.
1.2 M. COCCYGEUS (тртничен мускул)
- Тртничниот мускул (m. coccygeus) е парен, мал триаглест мускул кој го гради задниот дел од
карличната дијафрагма (diaphragna pelvis). Неговите фиброзно изменети влакна ја градат малата
крсно-седална врска (lig. sacrospinale).
ПРИПОИ: Врвот од m. coccygeus се припојува на:
1. седалната боцка (spina ischiadica),
2. на длабоката страна од малата крсно-седална врска (lig. sacrospinale), и
3. на задниот дел од фасцијата на внатрешниот запречен мускул (fascia obturatoria).
- Мускулните влакна дивергираат кон внатре и со својата база се припојуваат во најголем дел на
бочната страна од тртничната коска (os coccygis), а мал дел минува на предната страна од коската каде
се вкрстуваат со влакната од предната сакро-кокцигијална врска (lig. sacrococcygeum ventrale).
СООДНОСИ: На m. coccygeus разликуваме: две страни - предно-горна и задно долна, и два раба -
преден и заден.
ПРЕДНО-ГОРНАТА СТРАНА е покриена со горната карлична фасција (fascia diaphragmatis pelvis superior).
Оваа страна доаѓа во однос со тртничниот нервен сплет (plexus coccygeus) и n. pudendus
ЗАДНО-ДОЛНАТА СТРАНА налегнува на малата крсно-седална врска (lig. sacrotuberale).
ПРЕДНИОТ РАБ во допир е со задниот раб од m. levator ani.
ЗАДНИОТ РАБ допира до долниот раб на m. piriformis (крушовидниот мускул). Под работ се наоѓаат
крвните садови и нерви што ја напуштаат карличната празнина низ седалните отвори.
ФУНКЦИЈА (ДЕЈСТВО): M. coccygeus има статичка улога, како и mm. levatores ani, со својот тонус ги
затегнува фасциите од карличното дно и ги држи органите во нормална положба.
КРВНИ САДОВИ И НЕРВИ:
Васкуларизиран од гранчиња на аа. sacrales laterales.
Инервацијата на мускулот доаѓа од бочните гранчиња на n. pudendus.
2. ДОЛНА ИЛИ УРОГЕНИТАЛНА ДИЈАФРАГМА (DIAPHRAGMA UROGENITALE)
- Урогениталната дијафрагма (diaphragma urogenitale) претставува триаглеста мускулно-фасцијална
плоча со дебелина од 1 см, која го затвора само предниот урогенитален триаголник од излезот на
карлицата (apertura pelvis inferior).
- Врвот од дијафрагмата допира до лачната врска на симфизата (lig. arcuatum pubis), a одделена е од
неа со пукнатина низ која врви v. dorsalis penis seu clitoridis.
- Базата од урогениталната дијафрагма е растегната меѓу левата и десната седална думка (tuber
ischiadicum).
- Бочните рабови од дијафрагмата се растегнати меѓу долните рабови од карличните коски.
- Мускулниот дел (pars muscularis diaphragmatis) го градат два мускула:
1. сфинктер на уретрата (M. SPHINCTER URETHRAE) и
2. длабок напречен перинеален мускул (M. TRANSVERSUS PERINEI PROFUNDUS)
- Богатото сврзно ткиво од дијафрагмата на нејзината горна и долна страна формира урогенитална
фасција (fascia diaphragmatis urogenitalis superior et inferior).
- Обете фасции ограничуваат меѓу себе длабок простор на меѓичката (spatium perinei profundum) кој ги
содржи мускулите што ја градат урогениталната дијафрагма.
2.1 M. SPHINCTER URETHRAE (мускул сфинктер на уретрата)
- Сфинктерот на уретрата (m. sphincter urethrae) претставува напречно набразден мускул кој го
опкружува во висина од 1-1,5 см делот од уретрата што минува низ мускулот. На мускулот се
разликуваат два дела: горен и долен.
ПРИПОИ: ГОРНИОТ ДЕЛ од m. sphincter urethrae го градат полукружни мускулни влакна кои кај маж ја
опфаќаат предната страна и врвот од простатата, а со околното сврзно ткиво ја градат простатичната
фасција и простатичната ложа, инаку влегуваат и во состав на мускулната супстанција од простатата.
- Кај жените овие мускулни влакна го опкружуваат горно-предниот дел од вагината. Тие претставуваат
продолжеток на мускулните влакна од внатрешниот сноп од долниот дел на m. spihcter uretrae.
- ДОЛНИОТ СНОП од мускулот, всушност, го гради ПРАВИОТ СФИНКТЕР на уретрата. На него се
разликуваат два мускулни снопа: внатрешен или кружен и надворешен или лачен.
a) Внатрешниот или кружниот мускулен сноп, циркуларно ја опфаќа уретрата во висина од 1-1,5
см кога таа минува низ него. Нагоре овој сноп продолжува во горниот дел од сфинктерот на уретрата.
б) Надворешниот или лачниот сноп го градат лачни мускулни влакна. Тие напред се припојуваат
на длабоката страна од урогениталната фасција, а назад завршуваат на тетивното средиште од
меѓичката (centrum tendineum perinei). Се мисли дека дел од мускулните влакна од надворешниот сноп
во тетивното средиште свиваат или се вкрстуваат со влакната од спротивната страна и со мускулните
влакна од длабокиот напречен перинеален мускул и завршуваат на внатрешната страна од седалната
џумка (tuber ischiadicum).
СООДНОСИ: Мускулот е содржан во spatium perinei profundum меѓу двата листа од урогениталната
фасција (fascia diaphragmatis urogenitalis superior et inferior).
- ГОРНАТА СТРАНА го гради предниот продолжеток од седално-релкталната јама (fossa ischiorectalis).
- На задниот дел од ДОЛНАТА СТРАНА на дијафрагмата кај маж лежат булБОуреТРАлните жлезди
(gll.bulbourethrales), а кај жените допираат големите вестибуларни жлезди (gll. vestibulares majores).
- ПРЕДНИОТ РАБ од дијафрагмата е претставена со напречниот лигамент на перинеумот (lig.
transversum perinei) на кого лежи венскиот везико-пудентален сплет (plexus venosus vesicopudendalis-
Santorini).
- ЗАДНИОТ РАБ од мускулот со тетивното средиште е одделен од предната страна од ректумот кај
мажите, а кај жените тетивното средиште од перинеумот го одделува ректумот од задната страна на
вагината.
ФУНКЦИЈА (ДЕЈСТВО): Контракцијата на m. sphincter urethrae доведува до свесно прекинување на
актот на мочање (mictio). Мускулните влакна што завршуваат на предно-бочниот ѕид од вагината
делуваат како среден сфинктер на вагината.
КРВНИ САДОВИ И НЕРВИ:
Васкуларизиран од гранчиња на a. rectalis media.
Венската крв се собира во вените придружнички на артериите.
Инервација: n. dorsalis penis seu clitoridis гранка на n. pudendus.
2.2 M. TRANSVERSUS PERINEI PROFUNDUS (длабок напречен перинеален мускул)
- Длабокиот напречен перинеален мускул (m. transversus perinci profundus) претставува парен, тенок
мускулен сноп што се протега напречно зад сфинктерот на уретрата кај мажите, а зад вагината кај
жените.
ПРИПОИ: Мускулот се припојува на:
1. внатрешната страна од седалната џумка (tuber ischiadicum) и
2. задно-внатрешниот дел од гранката на седалната коска (ramus ossis ischi).
- Мускулните снопови што тргнуваат од седалната џумка се протегаат напречно, а оние што тргнуваат
од задниот дел на внатрешната страна на гранката на седалната коска се протегаат косо наназад и
навнатре. Во средишна линија се мешаат со влакната од истоимениот мускул од спротивната страна и
надворешниот мускулен сноп од m. sphincter urethraе, учествувајќи во градбата на тетивното
средиште на перинеумот (CENTRUM TENDINEUM PERINEI).
СООДНОСИ: Од ГОРНАТА И ДОЛНАТА страна е покриен со горната и долната урогенитална фасција
(facia diaphragmatis urogenitalis superior et inferior).
- Горната страна од мускулот кон напред го продолжува меѓупросторот од fossa ischiorectalis.
- Долната страна налегнува на горната страна од m. transversus perinei superficialis.
- Задниот раб од мускулот е во допир со предната страна од ректумот.
- Предниот раб е во сооднос со задната страна од уретрата кај мажите, а задната страна од вагината кај
жените.
ФУНКЦИЈА (ДЕЈСТВО): Основната функција на мускулот е статичка. Тој ја затега урогениталната
дијафрагма, а со тоа овозможува поддршка на урогениталните органи. Со својата контракција ги стега
вените што минуваат низ него и помага во ерекцијата на кавернозните тела од половите органи.
КРВНИ САДОВИ И НЕРВИ: Васкуларизацијата и инервацијата на мускулот е идентична со m. sphincter
urethrae.
(Васкуларизиран од гранчиња на a. rectalis media.
Венската крв се собира во вените придружнички на артериите.
Инервација: n. dorsalis penis seu clitoridis гранка на n. pudendus.)
3. ПОВРШИНСКА ИЛИ ПУДЕНТАЛНА ДИЈАФРАГМА (DIAPHRAGMA PUDENDALE)
- Површинската или пудендалната дијафрагма (diaphragma pudendale) е прилепена за долната страна
на diaphragma urogenitale. Се наоѓа само во предниот урогенитален триаголник од apertura pelvis
inferior.
- Дијафрагмата ја градат три парни мускули содржани во површинскиот периенален простор (spatium
perinei superficiale). Овој простор се наоѓа меѓу фасцијата на долната урогенитална дијафрагма (fascia
diaphragmatis urogenitalis inferior) и површинската перинеална фасција (fascia perinci superficialis), која
ги одделува долните страни:
 на мускулите од поткожниот масен слој (panniculus adiposus),
 кожата на перинеумот и
 половите органи.
- Во овој простор лежат следниве мускули:
1. исхнокавернозниот мускул (M. ISCHIOCAVERNOSUS),
2. булбоспонгиозниот или булбокавернозниот мускул (M. BILBOSPONGIOSUS S. BULBOCAVERNOSUS)
и
3. Површинскиот напречен перинеален мускул (M. TRANSVERSUS PERINEI SUPERFICIALIS).
- Во истиот слој со мускулите на пудендалната дијафрагма се наоѓа и надворешниот сфинктер на анусот
(m. sphincter ani externus), поставен зад нив во пределот на задниот аналниот триаголник, околу
аналниот отвор (anus).
3.1 M. ISCHIOCAVERNOSUS (исхиокавернозен мускул)
- Исхнокавернозниот мускул (m. ischiocavernosus) претставува мал, парен долгнавест мускул кој го
придружува и покрива оддолу и медијално кракот од кавернозното тело на пенисот односно
клиторисот (crus penis seu clitoridis). Мускулот се протега по должината на внатрешната страна на
седалната џумка, гранката на седалната и долната гранка на препонската коска.
ПРИПОИ: На m. ischiocavernosus, според припоите се разликуваат три снопа: внатрешен, среден и
надворешен.
 Внатрешниот сноп се припојува на внатрешната усна од ramus ossis ischii и ramus inferior ossis
pubis.
 Средниот сноп се припојува на внатрешната страна од tuber ischiadicum и го опфаќа задниот крај
од кавернозниот крак.
 Надворешниот сноп се припојува на долниот раб на гранката од седалната и долната гранка од
препонската коска.
- Сите три снопа се соединуваат во едно мускулно тело, кое се протега нанапред, нагоре и навнатре, а
завршува на предниот крај од кавернозниот крак, односно на местото каде кавернозните краци од
кавернозното тело се оддалечуваат еден од друг.
- Мускулните влакна ЗАВРШУВААТ на долната и латералната страна од фиброзната обвивка (tunica
albuginea) од кавернозниот крак.
СООДНОСИ: Длабоката страна од мускулот го опфаќа соодветниот крак од кавернозното тело (crus
penis s. clitoridis).
- Површинската страна од мускулот е конвексна и со задниот дел е во допир со длабокиот и
површинскиот напречен перинеален мускул (m. transversus perinei profundus et superficialis).
- Надворешниот раб од m. ischiocavernosus е во допир со аддукторната група мускули од бутот, а
- Внатрешниот раб однадвор го ограничува триаглестиот ишиобулбарен простор низ кој минуваат
перинеалните крвни садови и нерви.
ФУНКЦИЈА (ДЕЈСТВО): M. ischiocavernosus e ЗАТЕГНУВАЧ на фиброзната обвивка (tunica albuginea) од
кавернозните краци (crura penis s. clitoridis), а со тоа ја задржува крвта во кавернозните тела и ги
доведува во еректилна состојба. Според тоа тој помага во ерекцијата и ејакулацијата.
КРВНИ САДОВИ И НЕРВИ:
Васкуларизиран е од гранчиња на a. perinealis и a. dorsalis penis s. clitoridis, гранки на а. pudenda
interna.
Bенската крв се одведува преку вените придружнички на артериите.
Инервација: nn. perinei гранки на n. pudendus.
3.2 M. BULBOSPONGIOSUS S. BULBOCAVERNOSUS
- Булбоспонгиозниот мускул (m. bulbospongiosus) е тенок, парен мускул, сместен пред надворешниот
сфинктер на анусот (m. sphincter ani externus). Булбоспонгиозниот мускул ја следи и покрива долната и
латералната страна од луковицата на кавернозното тело на уретрата (bulbus urethrae s. bulbus penis).
- Во пределот на симфизата, често пати левиот и десниот m. bulbospongiosus кај мажите во средишна
линија се вкрустуваат и го опфаќаат коренот од кавернозното тело, градејќи мускулна петелка на
Houston-и.
- Кај жените булбоспонгиозниот мускул е послабо развиен и со тремот од вагината (vestibulum vaginae)
е поделен на две симетрични половини.
ПРИПОИ: На m. bulbospongiosus cе разликуваат три мускулни снопа: површински, среден и длабок.
 Површинскиот сноп се припојува на raphe m. bulbospongiosi и се протега косо нанапред,
навнатре и нагоре. Завршува на латералната и долната страна од фиброзната обвивка (tunica
albuginea) од кавернозното тело (corpus penis s. clitoridis). Кај мажите дел од површинските
снопови во пределот на симфизата од долната страна на соrpus spongiosum минуваат на
спротивната страна и се соединуваат со соодветните мускулни снопови од спротивниот мускул
градејќи ја прстенестата петелка околу коренот од кавернозното тело. Овој сноп е наречен
m. Houston-и.
 Средните мускулни снопови потекнуваат од надворешните мускулни снопови на m. sphincter ani
externus и тетивното средиште (centrum tendineum perinei). Тие се протегаат нанапред, а
завршуваат како и површинските мускулни снопови на фиброзната обвивка од кавернозното
тело.
 Длабоките мускулни снопови се варијабилни. Тие се протегаат паралелно со оската на уретрата,
одат нанапред, ја заобиколуваат латералната страна од спонгиозното тело на уретрата и
завршуваат на горната страна од фиброзната обвивка од кавернозното тело. Кај жените m.
bulbospongiosus е поделен на две симетрични половини кои го опкружуваат бочно предворјето
на вагината (vestibulum vaginaе). Тие назад се припојуваат на тетивното средиште од перинеумот
(centrum tendineum perinei) кое се протега во средишна линија меѓу предниот ѕид на ректумот и
задниот ѕид на вагината.
- Дел од мускулните снопови потекнуваат од m. sphincter ani externus и m. transversus perinci
superficialis. Од овие припои мускулните снопови се протегаат нанапред, ги покриваат големите тремни
жлезди (gll. vestibulares majores - Bartholini), булбусот од уретрата и лаковидно го опкружуваат булбусот
од вестибулумот, доаѓаат до клиторисот и завршуваат поделени на два снопа, горен кој се припојува
на lig. suspensorium clitoridis, на бочните страни од булбусот на уретрата и на долниот дел од вагината, а
делумно навлегуваат и во самиот клиторис.
СООДНОСИ: На m. bulbospongiuosus cе разликуваат две страни - долна или површинска и длабока или
горна, и два краја - преден и заден.
ДОЛНАТА ИЛИ ПОВРШИНСКАТА СТРАНА е конвексна и одвнатре го ограничува ишиобулбарниот
триаголник. Оваа страна е покриена со површинската фасција од меѓичката (fascia superficialis perinei)
која го одделува од масното ткиво на пределот.
ДЛАБОКАТА ИЛИ ГОРНАТА СТРАНА налегнува на булбусот од уретрата и нејзиниот спонгиозен дел,
како и на почетните делови од кавернозните тела од половите органи.
ПРЕДНИОТ КРАЈ се наоѓа зад задната страна на пенисот, а пред lig. suspensorium penis s. clitoridis.
ЗАДНИОТ КРАЈ е заоблен и сместен пред m. sphincter ani externus .
ФУНКЦИЈА (ДЕЈСТВО): Под дејство на контракција на булбоспонгиозниот мускул се затегнува tunica
albuginea од кавернозните тела и истите се доведуваат во еректилна состојба, потпомагајќи ја
истовремено и ерекцијата. Дел од мускулните снопови што се припојуваат на бочниот ѕид од вагината,
делуваат како сфинктер на тремот од вагината.
(Некогаш за време на полов акт (coitus) може да настане тетаничка контракција на мускулот и да
доведе до вагиноспазам и вклештување на пенисот (penis captivus).
КРВНИ САДОВИ И НЕРВИ: М. bulbospongiosus има иста инервација и васкуларизација како и m.
ischiocavernosus.
(Васкуларизиран е од гранчиња на a. perinealis и a. dorsalis penis s. clitoridis, гранки на а. pudenda
interna.
Bенската крв се одведува преку вените придружнички на артериите.
Инервација: nn. perinei гранки на n. pudendus.)
3.3 M. TRANSVERSUS PERINEI SUPERFICIALIS (површински напречен перинеален мускул)
- Површинскиот напречен перинеален мускул (m. transversus perinei superficiales) претставува тенка
мускулна лента, што се протега напречно од внатрешната страна на седалната џумка (tuber
ischiadicum) до тетивното средиште.
- Претставува варијабилен мускул како по својата големина и по форма. Сместен е површински од
истоимениот длабок напречен мускул на перинеумот.
ПРИПОИ: Главниот мускулен сноп се припојува на:
 внатрешната страна од седалната џумка (tuber ischiadicum) непосредно под припојот на m.
ischocavernosus и
 внатрешната усна на ramus ossi ischi.
- Споредниот мускулен сноп се припојува на задниот дел од запречната фасција (fasciа obturatoria).
- Од овие припои мускулните снопови се протегаат напречно кон внатре и напред до тетивното
средиште на перинеумот (centrum tendineum perini) каде се мешаат со влакната на останатите мускули
што доаѓаат до ТЕТИВНОТО СРЕДИШТЕ (m. transversus perinei profundus, m. bulbospongiosus it m.
sphincter ani extemus).
- Тетивното средиште на перинеумот се наоѓа во средишна линија меѓу предниот дел од m. spfincter
ani externus и задниот дел од средишниот фиброзен сноп на m. bulbospongiosus (raphe m.
bulbospongiosi) кај мажите, а кај жените напред допира до булбусот од уретрата и предворјето на
вагината (bulbus urethrae и vestibulum vaginae).
СООДНОСИ: На m.transversus perinei superficialis ce разликуваат две страни горна и долна, и два раба -
преден и заден.
ГОРНАТА СТРАНА налегнува на долната урогенитална фасција која го одделува од истоимениот длабок
мускул.
ДОЛНАТА СТРАНА e покриена со површинската фасција на перинеумот (fascia perinei superficialis), која
го одделува мускулот од масното ткиво, кожата и надворешните полови органи.
ЗАДНИОТ РАБ од мускулот ја дели меѓичката на преден мочополов триаголник (trigonum urogenitale) и
заден анален триаголник (trigonum anale).
ФУНКЦИЈА (ДЕЈСТВО): M. transversus perinei superficialis како и длабокиот истоимен мускул има
статичка функција.
КРВНИ САДОВИ И НЕРВИ:
Васкуларизацијата и инервацијата на мускулот е идентична со m. bulbospongiosus.
(Васкуларизиран е од гранчиња на a. perinealis и a. dorsalis penis s. clitoridis, гранки на а. pudenda
interna.
Bенската крв се одведува преку вените придружнички на артериите.
Инервација: nn. perinei гранки на n. pudendus.)
- Мускулите од површинската дијафрагма (m. ischiocaverosus, m. bulbospongi osis и m. transversus
perinci superficialis) покриени се само од долната страна со површинска фасција на перинеумот (fascia
perinei superficialis), која ги одделува мускулите од поткожниот масен слој (panniculus adiposus), кожата
на перинеумот и половите органи.
3.4 M. SPHINCTER ANI EXTERNUS (надворешен сфинктер на анусот)
- Надворешниот сфинктер на анусот (m. sphincter ani externus) се наоѓа во пределот на задниот анален
триаголник (trigonum anale) од ареrtura pelvis inferior.
- M. sphincter ani externus го градат кружни напречно набраздени мускулни влакна кои го опкружуваат
завршниот дел од аналниот канал (canalis analis recti) во висина од 20-25 mm.
- Мускулот лежи меѓу тетивното средиште на перинеумот и lig. anococcygeum.
ПРИПОИ: Според припоите на m. sphincter ani externus се разликуваат три мускулни снопа: длабок,
површински и поткожен.
 Длабокиот мускулен сноп (pars profunda) е претставен со кружни мускулни влакна кои го
опкружуваат завршниот дел од аналниот канал, а лежат надвор од внатрешниот сфинктер на
анусот (m. sphincter ani internus).
 Површинскиот сноп (pars superficialis) го градат лачни елипсовидни мускулни влакна кои од
надвор го опкружуваат длабокиот слој (pars profunda). Напред тие се припојуваат на тетивното
средиште на меѓичката (centrum tendineum perinei), а одзади по целата должина од фиброзниот
сноп (lig.anococcygeum) кoj се протега меѓу врвот на тртничната коска и задниот вид од анусот.
 Поткожниот сноп (pars subcutanea) е исто така претставен со лачни и елипсовидни мускулни
влакна кои однадвор го покриваат површинскиот сноп.
СООДНОСИ: Надворешната страна од m. sphincter ani externus е во сооднос со масното ткиво од
седално-ректалната јама (fossa ischiorectalis). Внатрешната страна ја покрива надворешната страна од
внатрешниот сфинктер на анусот (m. sphincter ani internus). Мускулните снопови од двата сфинктера се
одделени меѓу себе со мазни мускулни влакна кои потекнуваат од надолжниот мазен мускулен слој на
ректумот (stratum longitudinale).
ФУНКЦИЈА (ДЕЈСТВО): M. sphincter ani externus свесно го затвора аналниот отвор (anus) и доведува до
задржување на фекалната маса (incontinentio alvi).
(Повреда на m. sphincter ani externus доведува до неможност свесно да се задржи фекалната маса)
КРВНИ САДОВИ И НЕРВИ:
Васкуларизиран од а. rectalis inferior, гранка на a. pudenda interna.
Венската крв се одведува преку vv. rectales inferiores кои ја придружуваат истоимената артерија.
Инервација: n. rectalis inferior гранка на n. pudendus.
ФАСЦИИ НА КАРЛИЦАТА
- Фасциите на карлицата ги покриваат мускулните ѕидови на карлицата. Тие се претставени со:
1. карличната фасција (Fascia pelvis)
2. Урогенитална фасција (Fascia urogenitale) и
3. Површинската фасција на перинеумот (Fascia perinci superficialis).
1. КАРЛИЧНА ФАСЦИЈА (FASCIA PELVIS)
- Карличната фасција е продолжетокот на потперитонеалното сврзно ткиво кое со спуштило под
граничната линија и навлегло во карличната празнина. Карличната фасција се дели на:
A. видна или париетална (fascia pelvis parietalis) и
B. висцерална (fascia pelvis visceralis).
А. ПАРИЕТАЛНА ФАСЦИЈА НА КАРЛИЦАТА (FASCIA PELVIS PARIETALIS)
- Париеталната карлична фасција (fascia pelvis parietalis) ги покрива внатре ѕидовите на карлицата.
- Таа започнува од граничната линија како продолжеток на ендоабдоминалната фасција, а особено е
задебелена кајшто го покрива внатрешниот запречен мускул (m. obturatorius internus) и во висина на
diaphragma pelvis.
- Според тоа, на париенталната карлична фасција и припаѓаат:
1. запречната фасција (fascia obturatoria) и
2. фасцијата што ги покрива мускулите од карличната дијафрагма (fascia diaphragmatis pelvis).
1. ЗАПРЕЧНА ФАСЦИЈА (FASCIA OBTURATORIA)
- Запречната фасција (fascia obturatoria) ја покрива внатрешната страна од obturatorius internus.
- Таа НАД граничната линија се продолжува со fascia endoabdominalis, a ДОЛУ цврсто сраснува за
долните делови од седалната и препонската коска.
- На границата меѓу горната третина и долните две третини од запречната фасција се протега тетивно
зајакнување за припој на m. levator ani (arcus tendineus m. levatoris ani).
- Лакот се протега сагитално од задната страна на симфизата и запречниот канал (canalis obturatorius)
до седалната боцка (spina ischiadica).
- Тетивното зајакнување (arcus tendineus m. levatoris ani) jа дели fascia obturatoria на два дела:
 горен-помал (pars supradiaphragmatica) која го гради бочниот ѕид од потперитонеалниот кат на
карлицата (cavum pelvis subperitoneale)
 долен-поголем (pars infradiaphragmatica) која го гради надворешниот ѕид од пространата
седално-ректална јама (fossa ischiorectalis).
- По должината на долниот раб од запречната фасција меѓу разделените фасцијални листови се
ограничува пудендалниот Алкоков канал (сanalis pudendalis Alcock), низ кој минува а. et v. pudenda
interna) и n. pudendus.
- Според некои автори, пудендалниот канал ОДНАДВОР го ограничува внатрешната страна од долниот
дел на запречната фасција (fascia obturatoria), а ОДВНАТРЕ српестиот продолжеток од големата сакро-
туберална врска (processus falciformis ligamenti sacrotuberalis).
2. ФАСЦИИ НА КАРЛИЧНАТА ДИЈАФРАГМА (FASCIA DIAPHRAGMATIS PELVIS)
- Фасциите од карличната дијафрагма се одделуваат од париеталната фасција во висина на arcus
tendineus m. levatoris ani и ги покрива мускулите од карличната дијафрагма (mm. levatores ani et mm.
coccygei).
- На фасцијата од карличната дијафрагма се разликуваат:
a) горна фасција на карличната дијафрагма (fascia diaphragmatis pelvis superior) и
b) долна фасција на карличната дијафрагма (fascia diaphragmatis pelvis inferior).
ГОРНАТА ФАСЦИЈА НА КАРЛИЧНАТА ДИJAФРАГМА (FASCIA DIAPHRAGMATIS PELVIS SUPERIOR) ги
покрива горните страни од m. levator ani и m. coccygeus. Фасцијата е накосена одгоре и надвор кон
долу и внатре, како и самите мускули. Латерално во висина од тетивното зајакнување на m. levator ani,
таа се продолжува со fascia obturatoria. Медијално и долу во висина на бочните делови од карличните
органи таа е зајакната и го гради тетивниот лак на карличната фасција (arcus tendineus fasciae pelvis), од
кој лак започнува висцералната фасција (fascia pelvis visceralis). Горната страна од fascia diaphragmatis
pelvis superior го гради долниот вид од потперитонеалниот кат на карлицата (cavum pelvis
subperitoneale). На неа лежат карличните органи и нивните садовно-нервни петелки.
ДОЛНАТА ФАСЦИЈА НА КАРЛИЧНАТА ДИЈАФРАГМА (FASCIA DIAPHRAGMATIS PELVIS INFERIOR) ја покрива
долната страна од m. levator ani и m. coccygeus. Латерално таа се продолжува во фасцијата од
запречниот мускул под тетивното зајакнување на m. levator ani, додека медијално таа минува во
тетивното зајакнување на карличната фасција (arcus tendineus fasciae pelvis). Долната фасција на
карличната дијафрагма е накосена одгоре и латерално кон долу и медијално. Таа го гради горно-
внатрешниот ѕид од седално-ректалната јама (fossa ischiorectalis). Од фасцијата се одделуваат
фиброзни прегради кои навлегуваат во масното ткиво од седално-ректалната јама и го делат на
резанчиња. Во пределот на симфизата двата фасцијални листови се задебелени и во средишна линија
кај мажите ја градат препонско-простатичната врска (lig. puboprostaticum), а кај жените препонско-
везикалната врска (lig. pubovesicale). Лигаментите поаѓаат од задната страна на симфизата, се протегаат
наназад кај мажите до бочната страна од простатата опфаќајќи ја бочно vesica urinaria. Kaj жените тие
завршуваат бочно од вратот на мочниот меур (cervix vesicae). Лигаментите содржат и мазни мускулни
влакна од m. pubovesicalis.

Б. ВИСЦЕРАЛНА ФАСЦИЈА НА КАРЛИЦАТА (FASCIA PELVIS VISCERALIS)


- Висцералната фасција (fascia pelvis visceralis) е парен лист од збиено сврзно ткиво кое се протега
сагитално покрај бочните страни од карличните органи.
- ДОЛУ висцералната фасција започнува од arcus tendineus fasciae pelvis. Тој тргнува напред на задната
страна од симфизата со ligg. puboprostatica s.ligg. pubovesicalia, а завршува на предната страна од os
sacrum.
- Вертикално висцералната фасција се протега до долната страна на париенталниот перитонеум што го
покрива карличното дно (peritoneum urogenitale).
- Обата висцерални листа (fascia pelvis visceralis dextra et sinistra) го делат под перитонеалниот кат од
карличната празнина (cavum pelvis subperitoneale) на три дела:
a) непарен средишен или висцерален дел и
b) два паритални или садово-нервни дела.
A) CPEДИШНИОТ ИЛИ ВИСЦЕРАЛНИОТ ДЕЛ ги содржи речиси сите карлични органи. Фиброзното ткиво
збиено околу карличните органи формира фасцијални листови кои ги спроведуваат крвните садови и
нерви до соодветниот орган, а воедно ги одделуваат органите еден од друг. Тие непарни фасцијални
листови поставени се во фронтална рамнина и ја градат перитонеоперинеалната фасција (fascia
peritoNЕОperiNEalis)
Б) БОЧНИТЕ ИЛИ ПАРИЕНТАЛНИТЕ ДЕЛОВИ ги содржат големите крвни садови, нерви, лимфни јазли
на карлицата, како и карличниот дел од уретерот (pars pelvina ureteris). Обете висцерални карлични
фасции (fascia pelvis visceralis dextra et sinistra) поврзани се меѓу себе со збиено сврзно ткиво, кое
гради непарни фронтално поставени прегради кои ги одделуваат органите еден од друг, а
претставуваат делови на перитонеоперинеалната фасција. Такви листови се:
 fascia vesicoumbilicalis,
 septum rectovesicalе каj маж, а septum rectovaginale кај жена.
ВЕЗИКОУМБИЛИКАЛНАТА ФАСЦИЈА (FASCIA VESICOUMBILICALIS) ги поврзува предните делови од
левата и десната висцерална фасција. Има форма на надолжно пресечен конус, чиј врв гледа нагоре и
допира до папокот (umbilicus), а базата лежи долу на горната страна од fascia diaphragmatis pelvis
superior. ЗАДНАТА СТРАНА од везикоумбиликалната фасција е конкавна и со неа ја опфаќа предната
страна од мочниот меур (vesica urinaria). ПРЕДНАТА СТРАНА од фасцијата го гради задниот ѕид на
затрубичниот или превезикалниот простор (spatium retropubicum s. praevesicale-Retzi), чиј преден зид
го гради задната страна од симфизата и задните страни од препонските коски. Долу ретропубичниот
простор е ограничен со ligg. pubovesicalia s. puboprostatica.
РЕКТОВЕЗИКАЛНАТА ПРЕГРАДА (SEPTUM RECTOVESICALE) го гради збиеното сврзно ткиво што се наоѓа
меѓу фасцијата од простатата и ректумот кај маж. Septum rectovesicale е поставен во фронтална
рамнина пред предната страна од ректумот и го одделува од простатата, семените ќесички (vesiculae
seminales), ампулата од семоводот (ampulla ductus deferentis) и дното од мочниот меур (fundus vesicae
urinariae).
- Ректовагиналната преграда (septum rectovaginale) кај жените е аналогна на septum rectovesicale кај
мажите. Таа претставува дел од сврзното ткиво на fascia peritoneoperinealis. Поставена е во фронтална
рамнина меѓу предната страна од ректумот и задната страна од вагината. Некои автори сметаат дека
кај жената се наоѓа уште една фасција поставена во фронтална рамнина меѓу предната страна од
вагината и задната страна од мочниот меур, тоа е везиковагиналната фасција (FASCIA VESICOVAGINALIS).
Оваа фасција под карличната дијафрагма се продолжува со збиено сврзно ткиво кое ја одделува
задната страна од уретрата од предната страна на вагината.
- Средниот дел од потперитонеалниот кат на карличната празнина, со помош на фронталните непарни
прегради, кои се наоѓаат меѓу одделните органи, е поделен на помали фиброзни или фасцијални ложи
и тоа:
1. предна или парацистична ложа (paracystium),
2. задна или ректална ложа (paraproctium), a кај жените меѓу споменатите ложи се наоѓа и
3. средна параколнична ложа (paracolpium).
1. ПРЕДНАТА ИЛИ ПАРАЦИСТИЧНАТА ЛОЖА (PARACYSTIUM) е ограничена БОЧНО со внатрешните
страни од левата и десната висцерална фасција, ОДНАПРЕД со везикоумбиликалната фасција,
ОДЗАДИ кај мажите со ректовезикалната преграда (septum rectovesicale), а кај жените со
везиковагиналната фасција (fascia vesicovaginalis).
- Во предната или парацистичката ложа кај мажите се сместени: мочниот меур (vesica urinaria),
простатата (prostata), семените ќесички (vesiculae seminales) и ампулата на семеводот (ampulla ductus
deferentis). Кај жените во оваа ложа сместен е САМО МОЧНИОТ МЕУР.
2. ЗАДНА ИЛИ РЕКТАЛНА ЛОЖА (РАГАРROCTIUM) е ограничена: БОЧНО со fasciа pelvis visceralis,
ОДНАПРЕД кај мажите со septum rectovesicale, кај жените со septum rectovaginale, ОДЗАДИ со
предната страна од крсната коска. Во оваа ложа СМЕСТЕН Е РЕКТУМОТ.
3. СРЕДНАТА ИЛИ ПАРАКОЛАИЧНАТА ЛОЖА (PARACOLPIUM) постои САМО КАЈ ЖЕНА. Ложата
ОДНАПРЕД ограничена е со везиковагиналната фасција (fascia vesicovaginalis), ОДЗАДИ со
ректовагиналната преграда (septum rectovaginale). Bo параколпиумот е сместена вагината и
субперитонеалниот дел од вратот на утерусот.
2. УРОГЕНИТАЛНА ФАСЦИЈА (FASCIA UROGENITALE)
- Урогениталната фасција (fascia urogenitale) ги покрива мускулите што ја градат diaphragma
urogenitale. Таа има триаглеста форма како и diaphragma urogenitale.
- БОЧНО фасцијата се припојува на внатрешните страни од ramus inferior ossis pubis, ramus ossis ischi и
внатрешната страна од tuber ischiadicum.
- БАЗАТА на фасцијата е распната меѓу седалните џумки, а ВРВОТ допира до долниот раб од lig.
arcuatum pubis.
- Уpoгениталната фасција се состои од два листа:
a) горен (fascia diaphragmatis urogenitalis superior) и
b) долен (fascia diaphragmati surogenitalis inferior).
А) ГОРНИОТ ЛИСТ (FASCIA DIAPHRAGMATIS UROGENITALIS SUPERIOR) ја покрива горната страна од
длабокиот напречен перинеален мускул и сфинктерот на уретрата (m. transversus perinei profundus et
m. sphincter urethrae).
Б) ДОЛНИОТ ЛИСТ ОД УРОГЕНИТАЛНАТА ФАСЦИЈА (FASCIA DIAPHRAGMATIS UROGENITALIS INFERIOR)
ја покрива долната страна од длабокиот напречен перинеален мускул и сфинктерот на уретрата (m.
transversus perinei profundus et m. sphincter urethrae).
- Двата фасцијални листа одделени се меѓу себе само таму каде се содржани мускулите, а во
останатите делови фасцијалните листови се споени меѓу себе во така наречена FASCIA INTERCRURALIS
HOLLI.
- НАПРЕД, пред минувањето на уретрата, двата листа се спојуваат минувајќи еден во друг и градат
напречно задебелување или напречна врска на перинаумот (lig. transversum perinei).
- Меѓу предниот раб од lig. transversum perinei и задниот раб од lig. arcuatum pubis, настанува
пукнатина низ која минува v. dorsalis penis profunda s. clitoridis profunda.
- Двата фасцијални листа меѓусебно сраснуваат и на задниот раб од урогениталната дијафрагма ја
градат напречната преграда на карлицата (septum transversum pelvis).
- Во средишна линија од задниот раб на урогениталната фасција каде се преплетуваат тетивните
влакна од:
 булбоспонгиозниот мускул (m. bulbospongiosus),
 надворешниот сфинктер на анусот (m. sphincter ani externus),
 површинскиот и длабокиот напречен мускул на перинеумот (m. transversus perinei superficialis et
profundus)
- настанува тетивното средиште на перинеумот (CENTRUM TENDINEUM PERINEI).
- Горниот фасцијален лист од урогениталната фасција кај мажите сраснува со простатичната фасција
(fascia prostatae), додека двата листа сраснуваат за уретрата, а кај жените и за вагината.
- Меѓу fascia diaphragmatis urogenitalis superior и fascia diaphragmatis urogenitalis inferior се наоѓа
длабокиот перинеален простор (spatium perinei profundum).
- Bo просторот се наоѓаат мускулите од урогениталната дијафрагма (m. sphincter urethrae и m.
transversus perinei profundus) и булбоуретралните жлезди (gl. bulbourethrales) кај мажите.
- ДОЛНАТА СТРАНА од урогениталната фасција доаѓа во сооднос со кавернозните тела од половите
органи (crura penis s. clitoridis, bulbus penis s. bulbus vestibuli) и со мускулите што се наоѓаат во
површинскиот перинеален простор (spatium perinei superficiale).
3. ПОВРШИНСКА ФАСЦИЈА НА МЕЃИЧКАТА (FASCIA PERINEI SUPERFICIALIS)
- Површинската фасција на перинеумот (fascia perinei superficialis) е цврст фасцијален лист кој ги
покрива ОДДОЛУ m. transversus perinei superficialis, m. ischiocavernosus, m. bulbospongiosus и
кавернозните тела на половите органи, и истите ги одделува од поткожното масно ткиво.
- Фасцијата има триаглест облик, со база свртена кон назад срасната за задниот раб од урогениталната
фасција и тетивното средиште на перинеумот.
- ЛАТЕРАЛНО површинската фасција се прицврстува на ramus ossis ischi и ramus inferior ossis pubis.
- HАПРЕД фасцијата се продолжува со фасцијата на пенисот кај мажите, а со фасцијата на клиторисот
кај жените.
- Кај мажите fascia perinei superficialis е НЕПАРНА ФОРМАЦИЈА, додека кај жените со предворјето на
вагината (vestibulum vaginae) е ПОДЕЛЕНА НА ДВЕ ПОЛОВИНИ, кои меѓу себе се поврзани во пределот
каде фасцијата сраснува за задниот раб од урогениталната фасција.
- Меѓу површинската фасција на перинеумот (fascia perinei superficialis) и долната страна од
урогениталната фасција се ограничува површинскиот простор на перинеумот (spatium perinei
superficiale).
САДОВИ НА КАРЛИЦАТА
А. АРТЕРИСКИ САДОВИ НА КАРЛИЦАТА
- Артериските крвни садови за васкуларизација на ѕидови и органите во карлицата потекнуваат од:
1. средишна крсна артерија (а. sacralis mediana) и
2. внатрешна илијачна артерија (а. iliaca interna)
1. СРЕДИШНА КРСНА АРТЕРИЈА (А. SACRALIS MEDIANA)
- Средишната крсна артерија (а. sacralis mediana) претставува тенка завршна гранка на абдоминалната
аорта (aorta abdominalis).
- Во висина на IV-от слабински прешлен, по одделувањето на левата и десната заедничка илијачна
артерија (a. iliaca communis sinistra et dextra), абдоминалната аорта со многу смален калибар
продолжува вертикално надолу.
- A. sacralis mediana се протега во средишна линија пред промонториумот и предната страна од
сакралната коска сè до врвот на тртничната коска каде завршува со тртничното јазолче (corpus
coccygeum).
БОЧНИ ГРАНКИ НА A. SACRALIS MEDIANA
- Од стеблото на средишната крсна артерија, поголема бочна гранка е најдолната слабинска артерија
(a. lumbalis ima). Таа се одделува во височина на V-от слабински прешлен, како парно артериско
гранче.
- Се протега ЛАТЕРАЛНО до m. psoas и го васкуларизира. Патем од него се одделуваат гранчиња за
васкуларизација на длабоките мускули на 'рбетот и спинални гранчиња кои навлегуваат во
сакралниот канал, а учествуваат во васкуларизацијата на 'рбетниот мозок.
- Од стеблото на a. sacralis mediana се одделуват повеќе мали гранчиња кои пред предната страна од
сакралната коска анастомозираат со гранчиња од латералните сакрални артерии.
- Од долниот дел се одделуваат неколку гранчиња наменети за васкуларизација на сврзното ткиво
околу ректумот како и задниот ѕид на ректумот.
2. ВНАТРЕШНА ИЛИЈАЧНА АРТЕРИЈА (А. ILIACA INTERNA)
- Внатрешната илијачна артерија (a. iliaca interna) е главно артериско стебло на карлицата. Нејзините
гранки ги васкуларизираат органите и ѕидовите на карлицата.
ПОЧЕТОК И ЗАВРШЕТОК:
- A. iliaca interna претставува внатрешна завршна гранка на a. iliaca communis.
- Започнува во висината на сакроилијачниот зглоб од каде се насочува лачно надолу и наназад спрема
горниот раб од големиот седален засек (incisura ischiadica major), каде артеријата најчесто завршува
поделена на две завршни стебла: предно и задно.
ПАТ И СООДНОСИ:
- Артериското стебло е долго 3-5 cm.
- ПОЧЕТНИОТ ДЕЛ на a. iliaca interna ce наоѓа во ретроперитонелниот простор на абдоминалната
празнина, каде најчесто гради агол од 30-40º со надворешната илијачна артерија.
- Многу поретко двете артерии се прилепени една до друга во должина на 1-2 cm.
- Минувајќи ја граничната линија, преку внатрешниот раб од m. psoas навлегува во карличната
празнина.
- Во карличната празнина артериското стебло се наоѓа во бочната ложа на потперитонелниот кат од
карличната празнина, следејќи го конкавитетот од крсната коска.
- Во својот тек стеблото од а. iliaca interna однадвор е придружено од v. iliaca interna и уретерот, при
што десниот уретер слегува пред a. iliaca dextra, а левиот го следи задниот раб на a. iliaca sinistra.
- Левата внатрешна илијачна артерија стапува во сооднос co colon sigmoideum и неговата
мезентеријална петелка. По должината на артериските стебла распоредени се голем број лимфни
јазли (nodi lymphatici iliaci interni).
- Внатрешната илијачна артерија во висина на горниот раб од големиот седален засек најчесто
завршува поделена на две стебла: предно и задно.
- Од предното стебло се одделуваат следниве гранки:
 долна - седална артерија (a. glutea inferior),
 внатрешната пудендална артерија (a. pudenda interna),
 запречна артерија (a. obturatoria),
 папочната артерија (а. umibilicales) и сите висцерални гранки.
- Од задното артериско стебло се одделуваат:
 горната седална артерија (а. glutea superior),
 илиолумбалната артерија (a. iliolumbalis) и
 латералните сакрални артерии (aa. sacrales laterales).
- Според тоа што васкуларизираат гранките на внатрешната илијачна артерија се делат на:
1. ѕидни или париетални и
2. органски или висцерални гранки.
ЅИДНИ ИЛИ ПАРИЕТАЛНИ ГРАНКИ НА A. ILIACA INTERNA
- Ѕидните или париенталните гранки на a. iliaca interna ce наменети за васкуларизација на ѕидовите од
карличната празнина или надвор од неа.
- Според тоа, дали тие остануваат во карличната празнина или ја напуштаат карличната празнина се
делат на:
1. карлични или интрапелвични и
2. вонкарлични или екстрапелвични.
КАРЛИЧНИ ИЛИ ИНТРАПЕЛВИЧНИ ГРАНКИ НА A. ILIACA INTERNA
- Карличните или интрапелвичните гранки на а. iliaca interna ce наменети за васкуларизација на
ѕидовите што ја ограничуваат карличната празнина. Во оваа група спаѓаат:
1. бедрено-слабинската артерија (A. ILIOLUMBALIS) и
2. латералните сакрални артерии (АА. SACRALES LATERALES).
БЕДРЕНО СЛАБИНСКА АРТЕРИЈА (A. ILIOLUMBALIS)
- Бедрено-слабинската артерија (a. iliolumbalis) претставува најгорна парна гранка на задното завршно
стебло a. iliaca interna. Taa се одделува во висина на горниот раб од големиот седален засек, се
протега нагоре, наназад и нанадвор меѓу запречниот нерв и гранките на plexus lumbalis, зад m. psoas
и vasa iliaca communis се до бедрената јама (fossa iliaca), каде артеријата ЗАВРШУВА поделена на три
гранки:
a) илијачно гранче (r. iliacus),
b) слабинско гранче (r. lumbalis) и
c) спинално гранче (г. spinalis).
А) ИЛИЈАЧНО ГРАНЧЕ (R. ILIACUS) по одделувањето од бедрено-слабинската артерија се насочува
хоризонтално зад m. psoas кон илијачната јама. R. iliacus ГO ВАСКУЛАРИЗИРА M. ILIACUS и периостот
од карличната коска.
Б) СЛАБИНСКО ГРАНЧЕ (R. LUMBALIS) се насочува нагорно према илијачниот гребен (crista iliaca) во
која висина анастомозира со a. circumflexa ilium profunda гранка од а. iliaca externa. R. lumbalis RO
ВАСКУЛАРИЗИРА M. QUADRATUS LUMBORUM И M. PSOAS.
В) СПИНАЛНО ГРАНЧЕ (R. SPINALIS) претставува мало гранче кое навлегува во интервертебралниот
отвор меѓу V-от слабински прешлен и сакралната коска, а учествува ВО ВАСКУЛАРИЗИЦИЈАТА на
'рбетниот мозок и неговите обвивки.
ЛАТЕРАЛНИ САКРАЛНИ АРТЕРИИ (AA. SACRALES LATERALES)
- Надворешните сакрални артерии (aa. sacrales laterales) по одделувањето од задното стебло на a. iliaca
interna се насочуваат кон медијално и долу пред предната страна од сакралната коска внатре од
предните сакрални отвори.
- Најчесто се две на број - горна и долна.
- Горната е покуса и се протега по предната страна од крсната коска до внатрешниот раб од првиот
сакрален отвор.
- Долната гранка е подолга и се протега по должината на бочните рабови од последните три сакрални
отвори. ДОЛУ пред врвот од тртничната коска, артериите анастомозираат меѓу себе и со а. sacralis
mediana. Артериите учествуваат во васкуларизацијата на m. piriformis и m. coccygeus.
- Од стеблото на aa. sacrales laterales како поголеми бочни гранчиња се одделуваат спиналните гранки
(rr. spinales).
- Rr. spinales се латерални бочни гранки на аа. sacrales laterales кои навлегуваат во сакралните отвори и
во сакралниот канал анастомозираат со останатите спинални гранки.
- Тие се наменети за васкуларизација на 'рбетниот мозок и неговите обвивки, сакроилијачниот зглоб,
сакралната коска и околните мускули.
ВОНКАРЛИЧНИ ИЛИ ЕКСТРАПЕЛВИЧНИ ГРАНКИ НА A. ILIACA INTERNA
- Вонкарличните или екстрапелвичните гранки на а. iliaca interna ги васкуларизираат региите што ја
опкружуваат карлицата.
- Овие гранки ја напуштаат карличната празнина преку отвори или канали што се наоѓаат на ѕидовите
од карлицата. Во екстрапелвичните гранки на а. iliaca interna ce вбројуваат:
1. запречната артерија (а. obturatoria),
2. горната седална артерија (a. glutea superior),
3. долната седална артерија (а. glutea inferior) и
4. внатрешната пудендална артерија (a. pudenda interna).
ЗАПРЕЧНАТА АРТЕРИЈА (А. OBTURATORIA)
- Запречната артерија (а. obturatoria) е парно артериско стебло кое се одделува од предното завршно
стебло било како самостојна гранка на а. iliaca interna или пак во заедница со а. pudenda interna.
- Tаа се протега под перитонеумот, косо кон долу и напред, паралелно но под linea arcuata cè до
запречниот канал (canalis obturatorius).
- Артеријата придружена со истоимената вена која се наоѓа над неа, минуваат низ запречниот канал.
- Напуштајќи ro canalis obturatorius, артеријата завршува поделена на две завршни гранки:
 предна (r. anterior) и
 задна (r. posterior).
БОЧНИ ГРАНКИ НА A. OBTURATORIA
1. пубичната гранка (r. pubucis) и
2. гранче за ацетабулумот (r. acetabularis).
ПУБИЧНАТА ГРАНКА (R. PUBUCIS) се одделува од а. obturatoria пред таа да навлезе во запречниот
канал. R. pubicus се насочува медијално спрема задната страна од препонската коска и симфизата, каде
анастомозира со г. obturatorius од долната епигастрична артерија (а. epigatsrica inferior). Оваа
анастомоза е добро развиена во 30% од луѓето и може да го претставува почетокот на самата запречна
артерија или пак да претставува помошна гранка на а. obturatoria (a. obturatoria accessoria).
- Анастомозата се наоѓа зад lig. lacunare-Gimbernati кoja го ограничува одвнатре бутниот прстен (anulus
femoralis). Анастомозата може да биде пресечена при хируршки интервенции на бутните кили (herniae
femorales), поради што таа е наречена,,КРУНА НА СМРТТА“ (CORONA MORTIS).
ГРАНЧЕ ЗА АЦЕТАБУЛУМОТ (R. ACETABULARIS) преку incisura acetabuli навлегува во ацетабуларната
јама и во lig. capitis femoris преку кој доаѓа до главата од бутната коска и ја васкуларизира епифизата
на caput femoris. Од артеријата се одделуваат и мускулни гранки за васкуларизација на околните
мускули.
ЗАВРШНИ ГРАНКИ НА A. OBTURATORIA
- Во висина на запречниот канал, артеријата завршува поделена на две завршни гранки:
1. предна (r. anterior) и
2. задна гранка (r. posterior).

ПРЕДНА ГРАНКА (R. ANTERIOR) минува меѓу работ од запречниот отвор (foramen obturatum) и m.
obturatorius externus, во запречниот предел (reg. obturatoria), се протега пред m. adductor brevis.
Гранчето анастомозира со а. circumflexa femoris medialis. R. anterior ги васкулазира: m. obturatorius
externus, m. pectineus и mm. adductores.
ЗАДНА ГРАНКА (R. POSTERIOR) ce протега кон назад и долу по надворешната страна од гранката на
седалната коска и надворешниот запречен мускул, доаѓа во regio obturatoria каде лежи зад m. adductor
brevis. Учествува во васкуларизацијата на аддукторната група мускули и запречните мускули.
ГОРНАТА СЕДАЛНА АРТЕРИЈА (A. GLUTEA SUPERIOR)
- Горната седална артерија претставува терминална гранка на задното завршно стебло на a. iliaca
interna. Долга е околу 3-5 см.
- Почетокот на артеријата се наоѓа 1 см над incisura ischiadica major, во кој дел стекнува блиски
соодноси со гранките од лумбосакралниот сплет.
- А. glutea superior ce протега косо кон долу, назад и надвор до foramen suprapiriforme низ кој
артеријата ја напушта карличната празнина придружена со n. gluteus superior.
- Доаѓа во седалниот предел (reg. glutea) каде артеријата завршува поделена на две завршни гранки:
површинска (r. superficialis) и длабока (r. profundus).
БОЧНИ ГРАНКИ НА A. GLUTEA SUPERIOR
- Тие ce co незначителен калибар, а учествуваат во васкуларизација на: m. piriformis, m.obturatorius
internus дава гранчиња и за m. levator ani и крсниот сплет.
ЗАВРШНИ ГРАНКИ НА A. GLUTEA SUPERIOR
Артеријата завршува во седалниот предел поделена на две завршни гранки:
1. површинска гранка (r. superficialis) и
2. длабока гранка (r. profundus).
ПОВРШИНСКАТА ГРАНКА (R. SUPERFICIALIS) се наоѓа меѓу длабоката страна од m. gluteus maximus и
m. gluteus medius и ги васкуларизира. R. superficialis анастомизира со гранчиња од долната седална
артерија.
ДЛАБОКА ГРАНКА (R. PROFUNDUS). Таа е меѓу длабоката страна од m.gluteus medius и m.gluteus
minimus. Од ramus profundus се одделуваат две поголеми гранчиња: горно (r. superior) кое се
насочува кон затегнувачот на бутната фасција (m. tensor fascie latae) и долно гранче (r. inferior) кое се
насочува кон trochanter major каде и завршува.
- Горната седална артерија анастомозира со гранките од:
 glutea inferior,
 circumflexa femoris lateralis и
 aa. circumflexae ilium profunda
- поврзувајќи ги надворешната и внатрешната илијачна артерија.
ДОЛНАТА СЕДАЛНА АРТЕРИЈА (А. GLUTEA INFERIOR)
- Долната седална артерија (a. glutea inferior) се одделува од предното завршно стебло на a. iliaca
interna, често пати заедно со стеблото од a. pudenda interna.
- A. glutea inferior cе насочува вертикално надолу, надвор од стеблото на a. pudenda interna, минува
пред предната страна од крсниот сплет и m. piriformis.
- Минувајќи низ foramen infrapiriforme ја напушта карличната празнина и доаѓа во reg. glutea
- При преминот низ foramen infrapiriforme артеријата се наоѓа внатре од стеблото на a. pudenda
interna, а потоа ја вкрстува задната страна од a. pudenda interna и се спушта нанадвор и надолу.
- Во својот тек придружена е со vv. gluteae inferiores и n. gluteus inferior.
- Во седалниот предел артеријата минува меѓу длабоката страна на m. gluteus maximus и мускулите од
длабокиот слој на пределот давајќи гранки за нивна васкуларизација.
- Од стеблото на a. glutea inferior се одделува едно подолго гранче кое го придружува и васкуларизира
исхијадичниот нерв (a. concomitans n. ischiadici).
- Долната седална артерија анастомозира со aa. circumflexae femoris, c . fonts од бутната артерија, како
и со горната седална артерија.
ВНАТРЕШНАТА ПУДЕНДАЛНА АРТЕРИЈА (A. PUDENDA INTERNA)
- Внатрешната пудендална артерија (а. pudenda interna) заедно со a. glutea inferior претставуваат
терминални гранки од предното завршно стебло на а. iliaca interna.
- Во почетниот дел а. pudenda interna се наоѓа внатре од стеблото на a. glutea inferior, пред предната
страна од m. piriformis. Се насочува кон foramen infrapiriforme низ чиј медијален дел придружена со
v. pudenda interna и n. pudendus ја напушта карличната празнина и доаѓа во седалниот предел.
- Во седалниот предел артеријата се насочува надолу и навнатре, ја вкрстува предната страна од a.
glutea inferior, jа обиколува седалната боцка и повторно навлегува во карличната празнина преку
foramen ischiadicum minus.
- Во карличната празнина a. pudenda interna се насочува нанапред, минува преку латералниот ѕид од
fossa ischiorectalis содржана во пудендалниот канал (canalis pudendalis - Alcock).
- По излегувањето од пудендалниот канал заедно со истоимените вени и нерв, артеријата го
продолжува текот нагоре и нанапред сè до задниот раб од урогениталната дијафрагма во која
висината завршува поделена на повеќе гранки.
- Според патот на а. pudenda interna се разликуваат повеќе топографски делови:
1. Карличен или интрапелвичен дел: од текот на а. pudenda interna e сместен во бочната ложа од
потперитонеалниот кат на карличната празнина, а се протега до foramen infrapiriforme.
2. Седален или екстрапелвичен дел: од артеријата го претставува кусиот тек на артериското стебло
низ седалниот предел.
3. Перинеален дел: од a. pudenda interna e содржан во латералниот ѕид на fossa ischiorectalis.
4. Завршен дел: е претставен со делот што се наоѓа на задниот раб од урогениталнатa дијафрагма
каде артеријата завршува со букет од гранки.
- Според текот, а и според гранките што од стеблото на a. pudenda interna ce одделуваат, таа припаѓа на
интрапелвичните и екстрапелвичните гранки што се одделуваат од а. iliaca interna, воедно на ѕидните
и висцералните гранки.
ГРАНКИ НА A. PUDENDA INTERNA
- Од стеблото на а. pudenda interna cе одделуваат следниве гранки:
1. RECTALIS INFERIOR
2. PERINEALIS
3. RR. SCROTALES POSTERIORES S. LABIALES POSTERIORES
4. A.URETHRALIS
5. BULBI PENIS S. BULBI VESTIBULI VAGINAE
6. PROFUNDA PENIS S. CLITORIDIS
7. DORSALIS PENIS S. CLITORIDIS
8. AA. VESICALES ANTERIORES
1. Долна ректална артерија (a. rectalis inferior) претставува парно артериско стебло кое се одделува од
а. pudenda interna во висина на tuber ischiadicum. Артеријата ја пробива запречната фасција, се
насочува медијално низ масното ткиво на седално-ректалната јама (corpus adiposus fossae
ischiorectalis), доаѓа до аналниот канал, навлегува во аналниот канал гранејќи се во лигавицата и
мускулниот слој од ректумот. А. rectalis inferior анастомозира со истоимената артерија од спротивната
страна и со гранките од a. rectalis media. Нејзините гранки учествуваат во васкуларизација на m. levator
ani, m. aphincter ani externus и кожата околу аналниот отвор.
2. Артерија на меѓичката (a. perinealis), се одделува во пределот на задниот раб од урогениталната
дијафрагма. Таа го продолжува текот на а. pudenda interna по долната страна од урогениталната
дијафрагма, минува меѓу m. ischiocavernosus и m. bulbospongiosus сè до внатрешната страна од
симфизата. Патем од а. perinealis се одделуваат гранки за васкуларизација на мускулите од меѓичката
(од неа може да се одделат задните скротални, односно лабијални артерии).
3. Задни скротални, односно лабијални гранки (rr. scrotales posteriores s. labiales posteriores),
претставуваат повеќе мали гранчиња наменети за васкуларизација на скротумот кај мажите, а кај
жените ги васкуларизираат задните делови од големите срамни усни (labia majora pudendi). Rr.
scrotales posteriores s. labiales posteriores учествуваат во васкуларизацијата и на мускулите од
меѓичката. Гранките се одделуваат било директно од стеблото на a. pudenda interna или, пак, од
стеблото на a. perinealis.
4. Уретралната артерија (a. urethralis) претставува мало гранче кое го придружува спонгиозниот дел од
уретрата. Гранчето навлегува меѓу краците од кавернозните тела (crura corporis cavernosi) на местото
каде тие се соединуваат, а потоа во спонгиозното тело од уретрата. Артериајата анастомозира со а.
dorsalis penis и a. profunda penis, односно истоимените гранки за клиторисот.
5. Артерија за булбусот на пенисот, односно за булбусот на вестибулумот од вагината (a. bulbi penis s.
bulbi vestibuli vaginae). Артериите го пробиваат m. bulbospongiosus и навлегуваат во еректилните тела
за чија васкуларизација се наменети. Од нив се одделуваат гранчиња кои ги васкуларизираат
булбоуретралните жлезди (gl. bulbourethrales-Couperi) кај мажите, а кај жените големите и малите
тремни жлезди (gl. vestibulares majores et minores).
6. Длабока артерија на пенисот, односно клиторисот (a. profunda penis s. clitoridis). По одделувањето
од дисталниот дел на pudenda interna, артеријата ја пробива фиброзната обвивка од кавернозното
тело (tunica albuginae corporum cavernosum) и навлегува во согрus cavernosum penis s. clitoridis,
следејќи го сè до неговиот врв. Во кавернозните тела артеријата анастомозира со гранките од
спротивната истоимена артерија.
7. Дорзална артерија на пенисот, односно на клиторисот (a. dorsalis penis s. clitoridis). Артеријата го
продолжува текот од а. pudenda interna. Минува под lig. fundiforme penis, навлегува во браздата меѓу
двете кавернозони тела на дорзалната страна од пенисот (sulcus dorsalis penis) и се протега сè до glans
penis. Mеѓу левата и десната a. dorsalis penis ce наоѓа непарната v. dorsalis penis superficialis. Патем, од
артериското стебло се одделуваат гранчиња за васкуларизација на уретрата, кавернозните тела и
скротумот. Сите артерии од пенисот анастомозираат меѓу себе. A. dorsalis clitoridis е послабо развиена
и се протега до дорзалната страна на клиторисот
8. Предните везикални артерии (aa. vesicales anteriores) се гранат по предната страна од мочниот
меур.
ОРГАНСКИ ИЛИ ВИСЦЕЛАРНИ ГРАНКИ НА A. ILIACA INTERNA
- Висцералните гранки на a. iliaca interna се наменети за васкуларизација на најголем број органи од
карличната празнина. Тие се:
1. папочна артерија (A. UMBILICALIS),
2. утерусна артерија (А. UTERINA),
3. средна ректална артерија (A. RECTALIS MEDIA) и
4. долна везикална артерија (A. VESICALIS INFERIOR).
ПАПОЧНА АРТЕРИЈА (A. UMBILICALIS)
- Во ембрионалниот период претставува големо артериско стебло кое носи крв до постелката
(placenta) на ембрионот.
- Таа се одделува од предното завршно стебло на а. iliaca interna.
- Артеријата се насочува нанапред по должината на бочните страни од мочниот меур сè до нивниот
преден дел каде стеблото свива нагоре и оди под перитонеумот од предниот абдоминален ѕид како
lig. umbilicale laterale сè до папокот (umbilicus), градејќи ја медијалната перитонеална дипла (plica
umbilicalis medialis).
- По раѓањето поголем дел од артериското стебло облитерира и го гради веќе споменатиот лигамент
(lig. umbilicale laterale). Прооден останува само мал дел во должина од 2-3 cm од почетниот тек на
артеријата.
БОЧНИ ГРАНКИ НА A. UMBILICALIS
- Од стеблото на артерија умбиликалис се одделуваат следниве бочни гранки:
1. артерија на семеводот (a. ductus deferentis),
2. гранчиња за уретерите (rr. ureterici) и
3. горни везикални артерии (аа. vesicales superiores).
1. АРТЕРИЈА НА СЕМЕВОДОТ (А. DUCTUS DEFERENTIS). Артеријата на семеводот најчесто е бочна гранка
од а. umbilicalis, меѓутоа таа може да се оддели и од a. vesicalis inferior или пак директно од стеблото
на а. iliaca interna. Артеријата се насочува надолу и нанапред кон дното од мочниот меур (fundus
vesicae) од каде таа го придружува семеводот (ductus deferens). Во таа висина стеблото се дели на
нагорно гранче кое го следи текот на семеводот до неговото ампулирано проширување (ampulla ductus
deferentis) и надолно гранче кое го придружува десталниот дел од семеводот и заедно со него е
содржано во семената врвка (funiculus spermaticus). Во висина на опашот од епидидимисот (cauda
epididymidis) анастомозира co r. epididymidis од a. testicularis.
2. ГРАНЧИЊА ЗА УРЕТЕРИТЕ (RR. URETERICI). Претставуваат мали гранчиња кои се наменети за
васкуларизација на уретерите.
3. ГОРНИ ВЕЗИКАЛНИ АРТЕРИИ (AA. VESICALES SUPERIORES). Тие се одделуваат од почетниот дел на
arteria umbilicalis. Нивниот број е варијабилен (2-4), а се гранат по горната и бочните страни од
мочниот меур.
УТЕРУСНА АРТЕРИЈА (А. UTERINA)
- Утерусната артерија (a. uterina) се одделува од предното завршно стебло на a. iliaca interna, но може
да се оддели и од a. umbilicalis. Артеријата е долга 5-6 cm. со пречник од 2-6 mm (за време на
бременост пречникот се зголемува до 8-9 mm).
- A. uterina ce протега вертикално надолу по бочниот ѕид на карлицата, лежи на внатрешниот
запречен мускул покриена со перитонеум.
- Во висина на spina ischiadica таа свива навнатре, ја ограничува оддолу fossa ovarica и оди меѓу двата
листа од широката утерусна врска (lig. latum uteri).
- Се насочува нанапред и навнатре содржана во lig. cardinale uteri, каде на оддалеченост од 1,5-2 см од
утерусниот теснец го вкрстува уретерот однапред и доаѓа до бочниот раб на утерусот.
- Таму артеријата свива нагоре, вертикално се качува по бочниот раб на утерусот градејќи бројни
свиоци (свиоците за време на бременост го следат растот на утерусот без да ја затегаат артеријата).
- А. uterina завршува во височина на утерусниот рог (cornu uterinum).
БОЧНИ ГРАНКИ НА А. UTERINA
- Од стеблото на a. uterina се одделува како поголема бочна гранка вагиналната артерија (a. vaginalis).
- По должината на рабовите на утерусот се одделуваат бројни мали гранчиња (rr. uterini) за предната и
задната страна од утерусот кои навлегуваат во мускулниот слој на утерусот.
ВАГИНАЛНА АРТЕРИЈА (A. VAGINALIS). Таа се одделува од а. uterina во висина на утерусниот теснец
(isthmus uteri). Се протега надолу по предно-бочните делови од вагината. Обете вагинални артерии во
средишна линија анастомозираат меѓу себе, а ја васкуларизираат горната половина од вагината.
ЗАВРШНИ ГРАНКИ НА А. UTERINA
- A. uterina завршува во висина на утерусниот рог (cornu uterinum) поделена на две гранки:
1. ОВАРИЈАЛНОТО ГРАНЧЕ (R. OVARICUS) се протега косо надолу од рогот на утерусот кон утерусниот
пол на овариумот (extremitas uterina). Содржано е во перитонеалната дипла што ја гради lig. ovarii
iproprium. Оди меѓу двата листа од месовариумот каде анастомозира со a. ovarica.
2. ТУБАРНОТО ГРАНЧЕ (R. TUBARIUS) се протега латерално од рогот на утерусот по должината на
долниот дел од медијалниот крај на јајцеводот. Содржано е меѓу двата листа од перитонеалната
дупликатура на јајцеводот (mesosalpinx) каде анастамозира со r. tubarius од a. ovarica.
СРЕДНА РЕКТАЛНА АРТЕРИЈА (A. RECTALIS MEDIA)
- Средната ректална артерија се одделува од предното стебло на a. iliaca interna, но може да се
оддели и од а. vesicalis inferior или од a. pudenda internа.
- Стеблото се насочува надолу и навнатре кон горната страна од m. levator ani и доаѓа до латералните
делови од ректумот.
- Во висина на долниот дел од ampula recti, стеблото завршува со повеќе гранчиња кои
анастомозираат со истоимената артерија од спротивната страна, како и со гранките на a. rectalis
inferior et superior.
- На патот кон ректумот артериското стебло е содржано во сврзното ткиво што го опкружува ректумот и
го поврзува за бочниот ѕид од карлицата. Сврзното ткиво заедно со артеријата не дозволува
повлекување на ректумот надолу за време на хируршки интервенции на ректумот.
- Затоа хирурзите оваа артерија ја нарекуваат ЛАТЕРАЛНА ВРСКА НА РЕКТУМОТ.
- Од а. rectalis media се одделуваат повеќе мали гранчиња за васкуларизација на простатата, семените
ќесички (vesiculae seminales) и m. levator ani.
ДОЛНА ВЕЗИКАЛНА АРТЕРИЈА (A. VESICALIS INFERIOR)
- Долната везикална артерија (а. vesicalis inferior) се одделува од предното завршно стебло на а. iliaca
interna било самостојно или заедно со a. ductus deferentis.
- Се насочува надолу кон дното од мочниот меур за чија васкуларизација е наменета.
- Од стеблото на a. vesicalis inferior се одделуваат повеќе мали гранчиња кои учествуваат во
васкуларизација на простатата, семените ќесички кај мажите, а вагината кај жените.
Б. ВЕНСКИ САДОВИ НА КАРЛИЦАТА
- Венската крв од ѕидовите и органите на карлицата се одведува во системот на долната шуплива вена
(v. cava inferior), освен од горниот дел на ректумот (vv. rectales superiores) преку кој венската крв се
одведува во системот на v. portae.
- Главно венско стебло на карлицата претставува внатрешната илијачна вена (v. iliaca interna s.
hypogastrica) која собира венска крв од ѕидовите и органите на карлицата.
- Исклучок прават vv. testiculares s. vv. ovaricae кои ја одведуваат венската крв директно или
индиректно во долната шуплива вена (v. cava inferior).
ВНАТРЕШНА ИЛИЈАЧНА ВЕНА (V.ILIACA INTERNA S. HYPOGASTRICA)
- Внатрешната илијачна вена (v. iliaca interna) е кусо парно венско стебло, долго 3-4 см со пречник 10-
20 mm, сместено во бочниот дел од потперитонеалниот кат од карличната празнина (cavum pelvis
subperitoneale).
ПОЧЕТОК И ЗАВРШЕТОК НА V. ILIACA INTERNA
- Стеблото на внатрешната илијачна вена (v. iliaca interna) настанува во висина на горниот раб од
големиот седален засек (incisura ischiadica major) co соединување на ѕидните и висцералните вени што
ги придружуваат истоимените артериски гранки на внатрешната илијачна артерија.
- V. iliaca interna се насочува кон горе и внатре и во висина на соодветниот сакроилијачен зглоб на
бочната страна од крилцето на сакралната коска се соединува со соодветната надворешна илијачна
вена (v. ilaca externa) и заедно ја градат соодветната заедничка илијачна вена (v. iliaca communis).
СООДНОСИ: На својот пат венското стебло е придружено од a. iliaca interna и карличниот дел од
уретерот (pars pelvina ureteris). Десната внатрешна илијачна вена се наоѓа зад стеблото од истоимената
артерија, а пред неа врви десниот уретер, додека левата v. iliaca interna се наоѓа зад и внатре од
левата истоимена артерија, а левиот уретер лежи на внатрешниот раб од вената. По должината на
венското стебло се наоѓаат голем број лимфни јазли (nodi lymphatici ilinci interni).
ПРИТОКИ НА V. ILIACA INTERNA
- Притоките на внатрешната илијачна вена ги придружуваат ѕидните и висцералните гранки на a. iliaca
interna. Според тоа тие се делат на:
a. париетални или sидни и
b. висцерални или органски гранки.
- Висцералните гранки најчесто тргнуваат од богато развиени венски сплетови кои ги опкружуваат
органите.
А) ПАРИЕТАЛНИ ПРИТОКИ НА V. ILIACA INTERNA
- Париеталните притоки на v. iliaca interna собираат венска крв од ѕидовите на карлицата.
- Тие ги придружуваат париеталните гранки од a. iliaca interna, а тоа се:
1. латералните сакрални вени (vv. sacrales laterales),
2. горните седални вени (vv. glutene superiores),
3. долните седални вени (vv. gluteae inferiores) и
4. запречните вени (vv. obturatoriae).
1. ЛАТЕРАЛНИТЕ САКРАЛНИ ВЕНИ (VV. SACRALES LATERALES) се одделуваат од сакралниот венски сплет
(plexus venosus sacralis) кој се наоѓа пред предната страна од сакралната коска. Сакралниот венски
сплет го градат анастомозите меѓу средишната сакрална вена (v. sacralis mediana) и 'рбетните венски
гранчиња (rr.spinales) кои го напуштаат сакралниот канал низ предните сакрални отвори и доведуваат
венска крв од 'рбетниот венски сплет (plexus venosus vertebralis), како и венски гранчиња од соседните
мускули.
2. ГОРНИ СЕДАЛНИ ВЕНИ (VV. GLUTEAE SUPERIORES). Bените собираат крв од седалниот предел, ја
придружуваат истоимената артерија, минуваат низ foramen suprapiriforme во која висина
анастомозираат со долната седална вена и со сакралниот венски сплет и навлегуваат во карличната
празнина.
3.ДОЛНИ СЕДАЛНИ ВЕНИ (VV. GLUTENE INFERIORES), исто така, собираат венска крв од седалниот
предел и задната страна на бутот каде анастомозираат со гранките од бутната вена (v. femoralis).
Придружнички се на истоимената артерија, минуваат низ foramen infrapiriforme каде анастомозираат
со горните седални вени и сакралниот венски сплет и навлегуваат во карличната празнина.
4. ЗАПРЕЧНИ ВЕНИ (VV. OBTURATORIAE), собираат венска крв од запречниот предел (reg. obturatoria) и
од зглобот на колкот (art. coxаe), ја придружуваат истоимената артерија, минуваат низ запречниот
канал (canalis obturatorius) и навлегуваат во карличната празнина. Вените често пати анастомозираат
со гранки од надворешната илијачна вена.
Б) ВИСЦЕРАЛНИ ПРИТОКИ НА V. ILIACA INTERNA
- Висцералните притоки на vena iliaca interna собираат венска крв од органите на карлицата.
- Тие ја одведуваат венската крв од богато развиените венски сплетови кои ги опкружуваат карличните
органи, а настануваат од вените што ја собираат венската крв од соодветниот орган.
- Висцерални притоки на v. iliaca interna ce:
1. везикалниот венски сплет (plexus venosus vesicalis),
2. простатичен венски сплет (plexus venosus prostaticus),
3. ректален венски сплет (plexus venosus rectalis),
4. утерусен венски сплет (plexus venosus uterinus),
5. вагинален венски сплет (plexus venosus vaginalis) и
6. пудендалната вена (v. pudenda interna).
- Венските сплетови богато анастомозираат меѓусебно.
1. ВЕЗИКАЛЕН ВЕНСКИ СПЛЕТ (PLEXUS VENOSUS VESICALIS)
- Претставува богато развиен венски сплет кој се наоѓа бочно и под мочниот меур.
- Кај мажите сплетот се наоѓа пред и околу простатата, а кај жените околу вратот на мочниот меур.
- Тој богато анастомозира со простатичниот сплет и го гради plexus vesicoprostaticus кај мажите, а кај
жените анастомозира со вагиналниот сплет и го гради plexus venosus vesicovaginalis.
- Везикалниот сплет анастомозира и со vv. glutaeae superiores et inferiores.
- Везикалниот венски сплет претставува најразвиен венски сплет на карлицата.
- Сместен е во остеофиброзна ложа која се наоѓа во предниот дел од потперитонеалниот кат на
карличната празнина. Ложата е ограничена ОДНАПРЕД со симфизата, ОДЗАДИ со простатата кај
мажите, а кај жените со почетниот дел од уретрата, ОДГОРЕ со ligg. puboprostatica s. pubovesicalis,
ОДДОЛУ со урогениталната дијафрагма.
- Горниот дел од сплетот одговара на везикалниот сплет, а долниот дел одговара на утеровагиналниот
сплет, кои меѓусебе богато анастомозираат.
- Одводни вени од сплетот се vv. vesicales, vv. pudendae, притоки на vv. obturatoriae и др.
2.ВЕНСКИ СПЛЕТ НА ПРОСТАТА (PLEXUS VENOSUS PROSTATICUS)
- Локализиран е околу простатата и почетниот дел на уретрата. Тој секогаш е поврзан со везикалниот
сплет, како и vv. pudendae internae.
3.РЕКТАЛЕН ВЕНСКИ СПЛЕТ (PLEXUS VENOSUS RECTALIS)
- Сплетот го градат надворешниот венски сплет (plexus venosus externus) локализиран во сврзниот слој
од ректумот и внатрешниот сплет (plexus venosus internus s. sumbmucosus) локализиран во
подлигавичниот слој на ректумот.
- Двата сплета анастомозираат меѓусебно пробивајќи го мускулниот ѕид од ректумот.
- Plexus venosus rectalis ce наоѓа бочно и зад ректумот во сврзното ткиво што го опкружува делот од
ректумот.
- Од горниот дел на сплетот се одделуваат vv. rectales superiores кои ja одведуваат крвта во долната
мезентерична вена (v. mesenterica inferior).
- Од средниот дел крвта се одведува преку vv. rectales mediae.
- Долниот дел на венскиот сплет поаѓаат vv. rectales inferiores. Тие ја одведуваат крвта во v.ilica interna.
- Bo sидот на ректумот настануваат анастомози меѓу порталниот крвоток и внатрешната илијачна
вена, односно системот од долната шуплива вена.
4. УТЕРУСЕН ВЕНСКИ СПЛЕТ (PLEXUS VENOSUS UTERINUS)
- Локализиран е во висина на вратот од утерусот меѓу двата листа од lig. latum uteri.
- Сплетот анастомозира со вагиналниот, везикалниот, оваријалниот и со пудендалните вени.
- Од сплетот се одделуваат vv. uterinae кои ја придружуваат истоимената артерија.
5. ВАГИНАЛЕН ВЕНОЗЕН СПЛЕТ (PLEXUS VENOSUS VAGINALIS)
- Локализиран е во задно-бочните делови од вагината во сврзното ткиво што ја опкружува вагината и
вратот од утерусот.
- Сплетот секогаш е поврзан со plexus uterinus и заедно го градат plexus uterovaginalis.
- Вагиналниот сплет анастомозира и со вените од надворешните генитални органи.
6. ВНАТРЕШНИ ДУДЕНДАЛНИ ВЕНИ (VV. PUDENDAE INTERNAE)
- Настануваат во висина на задниот раб од урогениталната дијафрагма со соединување на:
 v. dorsalis penis s. clitoridis,
 vv. profundae penis s. clitoridis,
 vv. perineales, vv. scrotales s. labiales posteriores,
 vv. urethrales,
 vv. bulbi penis s. vestibuli vaginae,
 vv. rectales inferiores.
- Венското стебло го следи текот на истоимената артерија. Богато анастомозира со везикалниот,
ректалниот, утеровагиналниот и простатичниот сплет.
ЛИМФНИ САДОВИ НА КАРЛИЦАТА
- Лимфотокот на карлицата претставена е со:
1. лимфни јазли на карлицата (nodi lymphatici pelvini) и
2. лимфни садови (vasa lymphatica).
1. ЛИМФНИ ЈАЗЛИ НА КАРЛИЦАТА (NODI LYMPHATICI PELVINI)
- Лимфните јазли на карлицата (nodi lymphatici pelvini) се делат на:
A. висцерални лимфни јазли (nodi lymphatici viscerales) и
B. париетални лимфни јазли (nodi lymphatici parietales).
А) ВИСЦЕРАЛНИ ЛИМФНИ ЈАЗЛИ (NODI LYMPHATICI VISCERALES)
- Висцералните јазли на карличната празнина (nodi lymphatici viscerales) ce претставени со ситни
регионални лимфни јазли локализирани околу соодветните карлични органи.
- Тие ја собираат лимфата од површинските и длабоките делови на карличните органи и преку
доводните лимфни садови (vasa afferentia) ja доведуваат до лимфните јазли на соодветниот орган.
- Според локализацијата и органот од кои тие добиваат лимфа, висцералните лимфни јазли се делат:
1. паравезикални јазли (nodi lymphatici paravesicales),
2. параутерусни јазли (nodi lymphatici parauterini),
3. паравагинални (nodi lymphatici paravaginales) и
4. параректални лимфни јазли (nodi lymphatici pararectales s. anorectales).
ПАРАВЕЗИКАЛНИ ЈАЗЛИ (NODI LYMPHATICI PARAVESICALES) локализирани се во сврзното ткиво што ја
гради вертикалната ложа (paracystium). Тие добиваат лимфа од мочниот меур и околните органи.
Според нивната локализација во однос на мочниот меур, како и според тоа од кој негов дел добиваат
лимфа, тие се делат на:
A. ПРЕВЕЗИКАЛНИ ЛИМФНИ ЈАЗЛИ (NODI LYMPHATICI PRAEVESICALES) се најбројни лимфни јазли,
локализирани во сврзното ткиво на предвезикалниот, односно задпубичниот простор (spatium
praevesicale s. retropubicum-Retzi). Тие добиваат лимфа од предната страна на мочниот меур,
уретрата, предниот стомачен ѕид, а кај маж и од предната страна на простатата.
B. ПОСТВЕЗИКАЛНИ (NODI LYMPHATICI POSTVESICALES) локализирани се во пределот на дното на
мочниот меур (fundus vesicae). Собираат лимфа од дното на мочниот меур, задната страна од
простатата, семените ќесички, семеводот, вагината и од предната страна на ректумот.
C. ЛАТЕРАЛНИ ВЕЗИКАЛНИ ЈАЗЛИ (NODI LYMPHATICI VESICALES LATERALES) претставуваат парна
група лимфни јазли, локализирани по должината на текот на a. umbilicalis, односно lig.
umbilicalae laterale. Тие собираат лимфа од бочната страна и дното на vesica urinaria.
ПАРАУТЕРУСНИ ЈАЗЛИ (NODI LYMPHATICI PARAUTERINI) локализирани се во параметриумот од lig.
latum uteri најмногу во пределот на утерусниот врат (cervix uteri), а ги има во неговата база по текот на
стеблото од а. uterina. Tие добиваат лимфа од утерусот, овариумот, јајцеводот, делумно и вагината,
како и од дното на vesica urinaria и предната страна на ректумот.
ПАРАВАГИНАЛНИ (NODI LYMPHATICI PARAVAGINALES) претставени се со ситни лимфни јазли,
локализирани во сврзното ткиво што ја опкружуваат вагината („paracolpium"). Во јазлите се доведува
лимфа од вагината, вратот на утерусот, задната страна од мочниот меур, уретрата, како и од
надворешните генитални органи.
ПАРАРЕКТАЛНИ ЛИМФНИ ЈАЗЛИ (NODI LYMPHATICI PARARECTALES S. ANORECTALES) локализирани се
во сврзното ткиво што го опкружува ректумот („paraproctium“). Тие собираат лимфа од ректумот,
задната страна на простатата, семените ќесички и семеводот кај мажите, а од вратот на утерусот кај
жените.
Б) ПАРИЕТАЛНИ ЛИМФНИ ЈАЗЛИ (NODI LYMPHATICI PARIETALES)
- Париеталните лимфни јазли (nodi lymphatici parietales) се покрупни лимфни јазли во споредба со
висцералните. Во нив се доведува лимфата од органите и ѕидовите на карличната празнина.
- Локализирани се по текот на големите крвни садови во карлицата и околу крвните садови што се
наоѓаат во влезот на карлицата (apertura pelvis superior).
- Според нивната локализација тие се делат на:
1. надворешни илијачни лимфни јазли (nodi lymphatici iliaci externi),
2. внатрешни илијачни лимфни јазли (nodi lymphatici iliaci interni) и
3. заеднички илијачни јазли (nodi lymphatici iliaci communis).
1. НАДВОРЕШНИ ИЛИЈАЧНИ ЛИМФНИ ЈАЗЛИ (NODI LYMPHATICI ILIACI EXTERNI)
- Во оваа група јазли се наоѓаат 8-12 јазли, распределени по должината на vasa iliaca externa.
- Според соодносот со крвните садови, јазлите се делат во три лимфатични ланци:
a. медијален ланец (nodi lymphatici iliaci externi mediales),
b. интермедијален ланец (nodi lymphatici iliaci externi internedii) и
c. надворешен лимфен ланец (nodi lymphatici iliaci externi laterales).
МЕДИЈАЛЕН ЛАНЕЦ (nodi lymphatici iliaci externi mediales) Во оваа група се наоѓаат 3-4 најкрупни
лимфни јазли, распоредени по должината на внатрешниот раб од v. iliaca externa. Долниот јазол од
оваа група лежи вo медијалниот дел од бутниот прстен (anulus femoralis) над septum Cloqueti и го
претставува медијалниот лакунарен јазол (nodus lacunaris medialis). Во него доаѓа лимфата од
длабоките и површинските лимфни ингвинални јазли (nodi lymphatici inguinales profundi et
superficiales). Горниот и средниот лимфен јазол од медијалниот лимфен ланец лоцирани се во
пределот на canalis obturatorius, од кој средниот јазол лежи на n. obturatorius е наречен така nodus
lymphaticus obturatorius. Во нив се доведува лимфа од ѕидовите и органите на карлицата.
ИНТЕРМЕДИЈАЛЕН ЛАНЕЦ (nodi lymphatici iliaci externi internedii) Сместен меѓу а. iliaca externa и v.
iliaca externa. Tиe се претставени со 2-4 јазли кои лежат на предната страна од v. iliaca externa.
НАДВОРЕШЕН ЛИМФЕН ЛАНЕЦ (nodi lymphatici iliaci externi laterales) Претставува група од 2-4 лимфни
јазли распоредени по должината на латералниот раб од a. iliaca externa. Долната лимфна жлезда од
овој ланец сместена во латералниот дел од бутниот прстен (anulus femoralis) и го претставува
латералниот лакунарен јазол (nodus lacunaris lateralis) кој собира лимфа од ингвиналните лимфни
јазли (nodi lymphatici ingunales superficiales et profundi). Средниот и горниот јазол од надворешниот
ланец собира лимфа од мочниот меур, простатата, семе водот, семените ќесички кај маж, а кај жена
од утерусот, јајцеводот и вагината.
ИНТЕРИЛИЈАЧНА ГРУПА ЛИМФНИ ЈАЗЛИ (nodi lymphatici interiliaci) Претставува група лимфни јазли
лоцирани во аголот меѓу а. iliaca externus и a. iliaca interna. Тие ја собираат лимфата од трите лимфни
ланца и ја одведуваат кон заедничките илијачни лимфни јазли. Според тоа, надворешната група на
илијачните лимфни јазли (nodi lymphatici iliaci externi) собираат лимфа од долните екстремитети,
ѕидовите на карлицата, абдоменот, и карличните органи. Од нив лимфата се одведува кон nodi
lymphatici interiliaci, односно кон nodi lymphatici iliaci communes.
2. ВНАТРЕШНИ ИЛИЈАЧНИ ЛИМФНИ ЈАЗЛИ (NODI LYMPHATICI ILIACI INTERNI)
- Внатрешната илијачна група јазли е претставена со 10-14 јазли, распоредени по должината на текот
на vasa iliaca interna, особено околу завршните гранки на предното артериско стебло.
- Оваа група лимфни јазли е претставена со две помали групи лимфни јазли:
а) седални лимфни јазли (nodi lymphatici gluteales) и
б)сакрални лимфни јазли (nodi lymphatici sacrales).
- Hајголем број од nodi lymphatici iliaci interni локализирани се во пределот на големиот седален засек
(incisura ischiadica major) меѓу гранките на крсниот сплет.
а) Седални лимфни јазли (nodi lymphatici gluteales)
- Тие се локализирани пред предната страна од m. piriformis. Собираат лимфа од седалниот предел,
задниот дел на бутот и долните делови на грбот. Според нивната локализација по текот на горната и
долната седална артерија се делат на nodi lymphatici gluteales superiores et inferiores. Седалните
лимфни јазли стекнуваат блиски соодноси со гранките од сакралниот нервен сплет, особено со n.
ischiadicus со што се објаснуваат болките по должината на нервот при нивно зголемување кога во нив
метастазирал рак од некој карличен орган.
6) Сакрални лимфни јазли (nodi lymphatici sacrales)
- Оваа група јазли локализирани се по текот на a. sacralis mediana и лежат на задната страна од
ректумот, а пред предната страна од сакралната коска. Нивниот број е 2-3. Според тоа, nodi lymphatici
iliaci interni собираат лимфа од: седалниот предел, ѕидовите и органите на карлицата и долните
делови од задната страна на грбот. Од овие јазли лимфата се одведува кон заедничките илијачни
лимфни јазли (nodi lymphatici iliaci communes).
3. ЗАЕДНИЧКИ ИЛИЈАЧНИ ЈАЗЛИ (NODI LYMPHATICI ILIACI COMMUNIS)
- Во оваа група спаѓаат 4-11 лимфни јазли распоредени околу vasa iliaca communis. Според
локализацијата тие се делат на следниве групи:
а) медијални (nodi lymphatici iliaci communes mediales),
б) интермедијални (nodi lymphatici iliaci communes intermediales),
в) латерални (nodi lymphatici iliaci communes laterales),
г) потаортични (nodi lymphatici subaortici) и
д) лимфни јазли на промонториумот (nodi lymphatici promontorii).
а) Медијалната група од заедничките лимфни јазли (nodi lymphatici iliaci communes mediales),
локализирани се по должината на внатрешниот раб на а.iliaca communis. Претставени се со 1-3
лимфни јазли.
б) Интермдеијалната група од заедничките илијачни лимфни јазли (nodi lymphatici iliaci communes
intermedii) локализирани се меѓу a. et v. iliaca communis, пред предната страна од лумбосакралното
нервно стебло. Претставени се со 1-4 лимфни јазли.
в) Латералната група од заедничките илијачни лимфни јазли (nodi lymphatici iliaci communes laterales)
локализирани се по текот на надворешниот раб од a iliaca communis, а пред внатрешниот раб од m.
psoas.
г) Потаортичните лимфни јазли (nodi lymphatici subaortici) локализирани се под бифуркацијата на
абдоминалната аорта.
д) Лимфните јазли на промонториумот (nodi lymphatici promontorii) локализирани се пред предната
страна од петтиот слабински прешлен, односно во висина на промонториумот. Претставени се со 2-4
лимфни јазла.
- Заедничките илијачни лимфни јазли (nodi lymphatici iliaci communes) претставуваат собирна група на
лимфни јазли. Во нив се влива лимфата од внатрешните и надворешните илијачни лимфни јазли
(nodi lymphatici iliaci interni et externi), односно низ нив минува лимфата од долните екстремитети,
ѕидовите и органите на карлицата. Еферентните лимфни садови од nodi lymphatici iliaci communis ја
одведуваат лимфата кон аортичните и кавалните лимфни јазли (nodi lymphatici aortici et cavales).
2. ЛИМФНИ САДОВИ (VASA LYMPHATICA)
Лимфните садови на карлицата се делат на:
1. ДОВОДНИТЕ ЛИМФНИ САДОВИ (VASA AFFERENTIA) претставуваат тенки лимфни садови кои ја
собираат лимфата од површинските и длабоките делови на карличните органи и ѕидовите на
карлицата. Тие ги придружуваат крвните садови и ја доведуваат лимфата во регионалните лимфни
јазли од соодветните карлични органи.
2.ОДВОДНИТЕ ЛИМФНИ САДОВИ (VASA EFFERENTIА) претставуваат лимфни садови кои поаѓаат од
регионалните лимфни јазли на соодветниот орган или предел, богато анастомозираат меѓу себе
поради што лимфата се одведува преку повеќе групи лимфни јазли. Vasa efferentia ја одведуваат
лимфата до париеталните лимфни јазли од каде најчесто се групираат одводни лимфни стебла.
НЕРВИ НА КАРЛИЦАТА
- Во инервација на карлицата учествуваат:
1. 'рбетните нерви (nn. spinales) и
2. вегетативниот или автономниот нервен систем.
1. 'РБЕТНИТЕ НЕРВИ (NN. SPINALES)
- 'Рбетните нерви што потекнуваат од сегментите на завршниот дел од 'рбетниот мозок учествуваат во
инервацијата на мускулите што го градат карличниот ѕид.
- Во оваа група нерви спаѓаат:
1. запречниот нерв (n. obturatorius),
2. срамниот нерв (n. pudendus) и
3. тртничниот сплет (plexus coccygeus).
СРАМЕН НЕРВ (N. PUDENDUS)
- СРАМНИОТ НЕРВ (N. PUDENDUS S. PLEXUS PUDENDUS) го градат предните гранки (rr. ventrales) од
вториот до четвртиот сакрален нерв.
- Всушност тој претставува долен дел од крсниот нервен сплет (plexus sacralis) со кој е поврзан со
неколку анастомотични спојници.
- Најголем дел од n. pudendus потекнува од предната гранка на четвртиот крсен нерв (r. ventralis n.
sacralis IV), поврзан со анастомотична спојница (ansa sacralium) со предните гранки од двата погорни
сакрални нерва и предната гранка од V-сакрален нерв.
- Срамниот нерв (n. pudendus) е локализиран пред предната страна од тртничниот мускул (m.
coccygeus), под долниот раб од m. piriformis, зад латералните сакрални артерии (aa. sacrales laterales).
- Над n. pudendus се наоѓа plexus sacralis, a под него plexus cоссуgеus. Во својт тек нервот е придружен
од a. pudenda interna и vv. pudendae internae.
- N. pudendus jа напушта карличната празнина низ foramen infrapiriforme, доаѓа во седалната регија
(regio glutea) каде по кус пат свива околу седалната боцка (spina ischiadica), минува низ foramen
ischiadicum minus и повторно се враќа во карличната празнина.
- Минува низ латералниот ѕид од седално ректалната јама содржан во canalis pudendalis-Alcock. По
напуштањето на Alcock овиот канал нервот доаѓа до задниот раб од урогениталната дијафрагма каде
завршува поделен на две гранки.
- N. pudendus анастомозира долу со тртничниот нервен сплет (plexus coccygeus), гope co plexus sacralis,
навнатре со вегетативниот карличен сплет (plexus hypogastricus inferior) и симпатичкото стебло од
карлицата. Гранките од n.pudendus учествуваат во инервацијата на мускулите од долниот ѕид на
карлицата (mm. perinei), кожата на меѓичката и надворешните генитални органи.
БОЧНИ ГРАНКИ НА N. PUDENDUS
1. куси мускулни гранки (rr. musculares) ce одделуваат од нервот во карличната празнина, а наменети
се за инервација на m.levator ani и m. coccygeus.
2. долни ректални нерви (nn. rectales inferiores), тие се одделуваат од n.pudendus кога тој минува низ
седално-ректалната јама. Нервите се насочуваат кон внатре, минуваат низ масното ткиво на fossa
ischiorectalis (corpus adiposus fossae ischiorectalis) и доаѓаат до canalis analis recti, во чија висина
завршуваат давајќи моторна гранка за инервација на m. sphincter ani externus и сензитивни гранчиња
за инервација на кожата околу аналниот отвор.
ЗАВРШНИ ГРАНКИ НА N. PUDENDUS
- Во висина на задниот раб од урогениталната дијафрагма нервот се дели на две поголеми гранки:
1. горна гранка (n. dorsalis penis s. clitoridis) и
2. 2) долна гранка (nn. perincales).
1. ДОРЗАЛНИОТ НЕРВ НА ПЕНИСОТ, ОДНОСНО НА КЛИТОРИСОТ (N. DORSALIS PENIS S. CLITORIDIS) е
горното завршно стебло на n. pudendus. Toj го продолжува текот на нервот спрема напред кон
симфизата по горната страна од урогениталната дијафрагма по должината на внатрешната страна од
ramus ossis ischi и ramus inferior ossis pubis.
- N. dorsalis penis s. clitoridis минува под симфизата меѓу lig. arcuatum pubis и lig. transversum perinеi и
доаѓа на дорзалната страна од пенисот, односно клиторисот. Се протега по дорзалната страна од
пенисот сместен меѓу двете кавернозни тела сè до glans penis. Патем од n. dorsalis penis s. clitoridis се
одделуваат гранчиња за инервација на мускулите што ја градат урогениталната дијафрагма (m.
sphincter urethtae и m. transversus perinеi profundus), како и гранчињата за инервација на
кавернозните и спонгиозното тело на пенисот. N. dorsalis clitoridis е аналоген на n. dorsalis penis, а
завршува со гранчиња наменети за инервација на клиторисот и големите срамни усни.
2.ПЕРИНЕАЛНИТЕ НЕРВИ (NN. PERINEALES) се долното завршно стебло од n. pudendus. Тие се протегаат
нанапред по долната страна од урогениталната дијафрагма сè до симфизата. Патем, од nn.perineales
се одделуваат бочни мускулни гранки (rr.musculares) наменети за инервација на мускулите што се
наоѓаат во површинскиот перинеален простор (spatium perinei superficialе).
- Nn. perineales завршуваат со: rr. scrotales posteriores s. labiales posteriores, наменети за инервација на
кожата на надворешните генитални органи.
ТРТНИЧНИОТ СПЛЕТ (PLEXUS COCCYGEUS)
- Тртничкиот сплет (plexus coccygeus) настанува од предната гранка на единствениот кокцигијален нерв
(r. ventralis n. coccygeus 1) поврзан со долниот крак од предната гранка на V-от сакрален нерв.
Тртничниот сплет локализиран е на внатрешната страна од m. соссуeus и lig. sacrospinale, под n.
pudendus. Сплетот е поврзан со завршниот дел од симпатичкото стебло на карлицата и со n. pudendus.
ЗАВРШНИ ГРАНКИ НА PLEXUS COCCYGEUS
- Единствена завршна гранка на тртничниот сплет е n. coccygeus. Нервот минува меѓу m. coccygeus и
lig. anococcygeum, делејќи се на 3-5 гранчиња на nn. anococcygei, наменети за сензитивна инервација
на кожата меѓу аналниот отвор и тртичната коска.
2. ВЕГЕТАТИВНИОТ ИЛИ АВТОНОМНИОТ НЕРВЕН СИСТЕМ
- Автономниот и вегетативниот нервен систам од карлицата (pars pelvina systematis autonomici) со
својот парасимпатички и симпатички дел ги инервира органите од карличната празнина преку
долниот хипогастричен сплет (plexus hypogasticus inferior).
А. ДОЛЕН ХИПОГАСТРИЧЕН СПЛЕТ (PLEXUS HYPOGASTRICUS INFERIOR)
- Долниот хипогастричен сплет (plexus hypogastricus inferior) парен вегетативен нервен сплет,
локализиран во задниот дел од потперитонеалниот кат на карличната празнина.
- Сместен е бочно од ректумот, над горната страна од карличната дијафрагма (diaphragma pelvis),
внатре од vasа iliaca interna.
- Plexus hypogastricus inferior поседува два дела: заден потесен дел, кој претставува продолжеток од
горниот хипогастричен сплет (plexus hypogastricus superior) и преден поширок ромбоиден дел по
форма.
- Предниот дел е локализиран кај мажите на бочните страни од ректумот, семените кесички и дното
од мочниот меур, а кај жените меѓу бочната страна од ректумот, вратот на утерусот и мочниот меур, а
внатре од fascia pelvis visceralis, односно plica rectouterina s. rectovesicalis.
- Предниот дел поседува повеќе нервни јазли различни по големина и форма, во споредба со задниот.
- Долниот хипогастричен сплет, како и останатите вегетативни сплетови се состои од:
1. доводни или аферентни нерви (симпатички и парасимпатички).
2. вегетативни ганглии и
3. одводни или еферентни сплетови.
1. ДОВОДНИ ИЛИ АФЕРЕНТНИ НЕРВИ НА PLEXUS HYPOGASTRICUS INFERIOR
Доводните нерви на долниот хипогастричен сплет се:
а) доводни симпатички нерви и
б) доводни парасимпатички нерви.
А) СИМПАТИЧКИ ДОВОДНИ НЕРВИ НА PLEXUS HYPOGASTRICUS INFERIOR
- Симпатички доволни нерви на долниот хипогастричен сплет се:
1. горен хипогастричен сплет (plexus hypogastricus superior s. n. praesacralis) со левиот и десниот
хипогастричен нерв (n. hypogastricus dexter et sinister),
2. гранки од карличниот симпатички нервен систем (pars pelvina systematis autonomici).
1. ГОРНИОТ ХИПОГАСТРИТИЧЕН САЛЕМ (PLEXUS HYPOGASTRICUS SUPERIOR S. N. PRAESACRALIS) е
непарен вегетативен нервен систем локализиран пред предната страна од V-от слабински прешлен,
0,5-1 см под бифуркацијата на абдоминалната аорта во аголот меѓу левата и десната заедничка
илијачна артерија. Сплетот богато анастомизира со аортичниот симпатички нервен сплет (plexus
norticus abdominalis), долниот мезентеричен сплет (plexus mesentericus inferior), последните
слабински и првите крсни ганглии од симпатичкото стебло. Од рlexus hypogastricus superior се
одделуваат гранки кои се протегаат по текот на vasa iliaca externa et interna. Во висина на
промоториумот plexus hypogastricus superior cе дели на две гранки, лев и десен хипогастричен нерв (n.
hypogastricus sinister et dexter). Десниот nervus hypogastricus е подолг и главно го продолжува горниот
хипогастричен сплет. Nn. hypogastrici претставуваат доволни симаптички гранки на долниот
хипогастричен сплет, односно тие го поврзуваат горниот со долниот хипогастричен сплет.
2. КАРЛИЧЕН ДЕЛ ОД СИМПАТИЧКИОТ АВТОНОМЕН НЕРВЕН СИСТЕМ (PARS PELVINA SYSTEMATIS
AUTONOMICI) е парно симпатичко стебло кое е локализирано пред предната страна од сакралната
коска внатре од предните сакрални отвори (foramina sacralia pelvina). Левото и десното стебло меѓу
себе се поврзуваат со повеќе гранчиња кои лежат пред предната страна од сакралната коска.
Симпатичкото стебло на карлицата изградено е од 3-4 парни сакрални ганглии (ganglia sacralis).
Сакралните ганглии меѓу себе се поврзани со меѓуганглиски гранки (rr. interganglionares).
Долу пред предната страна од треничната коска, левото и десното -симпатичко стебло се поврзуваат
меѓу себе преку непарен ганглион (ganglion impar). Од симпатичкото стебло се одделуваат
комуникантни гранки (r. communicantes), од кои белите комуникантни гранки (rr. communicantes albi)
ги поврзуваат симпатичките центри од 'рбетниот мозок со ганглиите од симпатичкото стебло. Сивите
комуникантни гранки (rr. communicantes grisei) ce одделуваат од латералната страна на ганглионите и
влегуваат во состав на предните гранки од крсните нерви носејќи им секреторни и моторни влакна.
Од симпатичкото стебло одделуваат 2-4 сакрални спланхнични нерви (nn. splanchnici sacrales) кои
претставуваат доводни симпатички гранки на долниот хипогастричен сплет.
Б) ПАРАСИМАПТИЧКИ ДОВОДИИ ГРАНКИ НА ХИПОГАСТРИЧНИОТ СПЛЕТ (NN. SPLANCHICI PELVINI)
- Парасимпатичките доводни нерви за долниот хипогастричен сплет се: nn. splanchnici pelvini s. nn.
erigentes. Тие потекнуваат од предните гранки на вториот до четвртиот сакрален нерв, одат кон
задниот дел од plexus hypogastricus inferior носејќи му парасимпатички влакна. Парасимпатичките
влакна на nn. splanchnici pelvini потекнуваа од 'рбетниот парасимпатички центар (centrum
parasympathicum medullae spinalis), сместен во висина на II, III и IV сакрален сегмент на 'рбетниот
мозок.
2. ВЕГЕТАТИВНИ ГАНГЛИОНИ НА PLEXUS HYPOGASTRICUS (GANGLIA PELVINA)
- Вегетативниот ганглион на долниот хипогастричен сплет е парен ганглион (ganglion pelvicum).
Изграден е од ганглиски јазли локализирани во предниот дел од долниот хипогастричен сплет. Во
ганглионите се доведуваат симпатичките и парасимпатичките нервни влакна, а од ганглионите поаѓаат
постганглиските одводни нервни влакна.
3. ОДВОДНИ СПЛЕТОВИ ОД PLEXUS HYPOGASTRICUS INFERIOR
- Од карличните ганглиони (ganglia pelvina) поаѓаат одводни или еферентни нервни сплетови.
Одводните сплетови се периартериски и се протегаат по должината на бочните гранки на а. iliaca
interna до соодветните органи на карличната празнина. Сплетовите се изградени од симпатички и
парасимпатички залганглиски нервни влакна. Имињата на сплетовите се аналогни со артерискиот
крвен сад и органот за чија инервација се наменети. Одводни сплетови се:
 ректалните сплетови (plexus rectalis medius et plexus rectalis inferior),
 простатичниот сплет (plexus prostaticus),
 сплетот на семеводот (plexus deferentialis),
 утеровагиналниот сплет (plexus uterovaginalis), од коишто се одделуваат гранки за овариумот и
nn. vaginales за вагината,
 везикален сплет (plexus vesicalis) и nn.cavernosi penis s. clitoridis).
- Одводните сплетови инервираат најголем број од карличните органи. Исклучок чинат тестисот,
односно овариумот, чиишто сплетови (plexus testicularis s. ovaricus) потекнуваат од вагетативниот
абдоминален нервен сплет (plexus coeliacus).
ОРГАНИ НА КАРЛИЧНАТА ПРАЗНИНА CAVUM PELVIS
- Карличната празнина (cavum pelvis) претставува долен цилиндричен продолжеток од абдоминалната
празнина (cavum abdominis). Таа се протега од apertura pelvis superior до кожата на перинеумот.
- Со помош на париеталниот перитонеум (peritoneum perietale) и карличната дијафрагма (diaphragma
pelvis), карличната празнина е поделена на три ката: (ПОДЕЛБА НА КАРЛИЦА)
1. горен или перитонеален кат,
2. среден или потперитонеален и
3. долен или поткожен кат.
1. ГОРЕН КАТ ИЛИ ПЕРИТОНЕАЛЕН КАТ
- Горниот или перитонеалниот кат (cavum pelvis peritoneale) зазема најголем дел од карличната
празнина чии ѕидови и дно се обложени со париетален перитонеум.
- Овој кат го претставува слепото перитонеално дно на општата перитонеална празнина (cavum
peritonei).
- Перитонеалниот кат од карличната празнина се протега од горниот отвор на карлицата (apertura
pelvis superior) преку која карличната празнина е широко отворена кон левиот мезентероколичен
простор од абдоминалната празнина со слепото дно на париеталниот перитонеиум.
- Во перитонеалниот кат од карличната празнина содржани се делови од интраперитонелните
абдоминални органи кои минале под граничната линија, а тоа се: витките од тенкото црево и
сигмоидниот колон.
- Повеќето органи од карличната празнина кои се содржани во средниот кат издигајќи го
перитонеумот навлегуваат во перитонелниот кат од карличната празнина. Такви органи се: мочниот
меур, ректумот, а кај жените уште утерусот, јајцеводот и овариумот.
- Карличните органи што го потискаат и издигаат перитонеумот од карличното дно, на дното од
перитонеалниот кат од карличната празнина формираат меѓу себе неколку џебови.
- Кај мажите, меѓу предната страна од ректумот и задната страна од vesica urinaria ce формира
ректовезикалниот џеб (EXCAVATIO RECTOVESICALIS).
- Кај жените се формираат два џеба. Напред поплиток меѓу предната страна од утерусот и задната
страна од vesica urinaria се формира везикоутериниот дeб (EXCAVATIO VESICOUTERINA), а назад меѓу
предната страна од ректумот и задната страна од утерусот се формира длабокиот ректоутерин џеб
(EXCAVATIO RECTOUTERINA-DOUGLAS).
- Ректоутериниот џеб кај жените, а ректовезикалниот џеб кај мажите претставува најниска точка на
перитонеалната празнина (cavum peritonei), во која СЕ СОБИРА КРВ, ГНОЈ или СЕРОЗНА ТЕЧНОСТ ПРИ
ИЗЛИВ во перитонеалната празнина или при воспалителни процеси на органите.
- EXCAVATIO RECTOUTERINA се наоѓа 3 см над аналниот отвор (anus), а налегнува на задниот свод од
вагината (fornix vaginac-pars posterior) преку кој на џебот се пристапува.
- Перитонеалниот кат од карличната празнина кај жените со помош на фронтална преграда што ја
градат утерусот, левата и десната широка утерусна врска (lig. latum uteri), е поделен на два дела:
преден, кој го содржи мочниот меур, и заден, кој го содржи ректумот.
2. СРЕДЕН КАТ ИЛИ ПОТПЕРИТОНЕАЛЕН КАТ (CAVUM PELVIS SUBPERITONEALE)
- Средниот или потперитонеалниот кат од карличната празнина (cavum pelvis subperitoneale)
претставува низок простор кој се протега меѓу долната страна од париеталниот перитонеум и горната
страна од карличната дијафрагма (diaphragma pelvis).
- Овој кат над крсниот дел од граничната линија комуницира со ретроперитонеалниот простор
(spatium retroperitoneale) од абдоминалната празнина.
- Потперитонеалниот кат од карличната празнина со помош на парната fascia pelvis visceralis, која се
протега сагитално од задната страна на симфизата до предната страна од сакралната коска внатре од
предните сакрални отвори и вертикално до долната страна на париеталниот перитонеум, поделена на:
1. среден непарен висцерален дел и
2. парен бочен париетален дел.
1. ВО СРЕДНИОТ ИЛИ ВИСЦЕРАЛНИОТ ДЕЛ се сместени речиси сите карлични органи. Органите го
подигаат и потискаат париеталниот перитонеум нагоре или пред себе и навлегуваат во
перитонеалниот кат од карличната празнина (vescin urinaria, rectum), а кај жените и утерусот. Надолу
органите минуваат низ поткожниот кат завршувајќи со своите отвори на површината од перинеумот.
Фиброзното ткиво збиено околу карличните органи формира фасцијални листови, односно прегради
поставени во фронтална рамнина. Преградите го делат висцералниот дел од потперитонеалниот кат на
карличната празнина на помали фасцијални ложи.
- Кај мажите висцералниот дел од потперитонеалниот кат со помош на septum rectovesicale е поделен
на ДВЕ ФАСЦИЈАЛНИ ЛОЖИ:
а) предна парацистична ложа (paracystium) во која се сместени, vesica urinaria, prostatata, vesiculae
seminales и ampullac ductus deferentis, и
б) задна или ректална ложа (paraproctium) во која лежи ректумот.
- Кај жените висцералниот дел од потперитонеалниот кат со помош на везиковагиналната фасција и со
septum rectovaginale е поделена на ТРИ ФАСЦИЈАЛНИ ЛОЖИ:
 предна или парацистична ложа, аналогно на истата ложа кај мажите. Во оваа ложа кај жените
лежи мочниот меур.
 Задна или ректална ложа аналогна на истоимената ложа кај мажите (лежи ректумот) и
 средишна или параколпична ложа (paracolpium) во која се сместени горниот дел од вагината и
предната субперитонеална страна од вратот на утерусот.
3. ДОЛЕН КАТ ИЛИ ПОТКОЖЕН КАТ
- Долниот или поткожниот кат (cavum pelvis subcutaneum) од карличната празнина се протега од
долната страна на карличната дијафрагма до кожата на меѓичката (perineum).
- Овој кат одговара на длабоките и површинските граници на перинеалната регија (regio perinealis).
- Во овој кат содржани се мускулно-фасцијалните дијафрагми што го градат карличното дно, како и
периксалните делови на уретрата, аналниот канал од ректумот, а кај жените вагината.
- Овој кат со замислена рамнина што ги поврзува левиот и десниот tuber ischiadicum e поделен на:
А) ПРЕДЕН ПЕРИНЕУМ одговара на урогениталниот триаголник. Во него се содржани мускулно-
фасцијалните дијафрагми кои го затвораат урогениталниот триаголник и перинеалниот дел од
уретрата, а кај жените и вагината.
Б) ЗАДЕН ПЕРИНЕУМ одговара на аналниот триаголник. Тој ја содржи само карличната дијафрагма.
Целиот простор меѓу дијафрагмата и кожата на перинеумот го исполнува пространата седално-
ректална јама (fossa ischiorectalis). Низ задниот перинеум минува canalis analis recti.
Во катовите од карличната празнина се сместени:
A. мочоводни органи (organa urinaria),
B. полови органи (organa genitalia) и
C. завршниот дел на canalis alimentarius.
А) МОЧОВОДНИ ОРГАНИ (ORGANA URINARIA)
- Во карличната празнина од мочоводните органи (organa urinaria) ce содржани:
1. мочен меур (vesica urinaria),
2. карличниот дел од мочоводот (pars pelvina ureteris) и
3. Одводната мочна цевка (urethra).
1. МОЧЕН МЕУР (VESICA URINARIA)
- Мочниот меур (vesica urinaria) претставува проширен дел на уринарните патишта. Таа се наоѓа меѓу
уретерите кон непрестајно доведуваат урина и уретрата којашто ја одведува урината надвор.
- Vesica urinaria претставува мускулно-лигавичен резервоар во којшто се собира урината меѓу (надвор
од) актот на мочање (mictio).
- Сместен е во предниот дел од карлицата ЗАД симфизата и препонските коски, ПРЕД ректумот кај
мажите, а ПРЕД вратот на утерусот и горниот дел од вагината кај жените, над карличната дијафрагма,
односно над простатата кај мажите.
МОРФОЛОШКИ ОСОБЕНОСТИ НА VESICA URINARIA
ФОРМА И ДИМЕНЗИИ
- Формата на мочниот меур зависи од возраста, полот и количеството на урината што се наоѓа во неа.
За време на феталниот развиток и кај новороденче, vesica urinaria има вретеновидна форма чиј горен
дел лежи во абдоминалната празнина.
- По раѓањето па сè до добата на пубертетот, vesica urinaria се модифицира по пубертетот да ја
достигне дефинитивната положба и форма.
- Кај жените vesica urinaria е поширока а пониска, односно има поголем трансверзален пречник од
вертикален и сагитален, додека кај мажите таа е потесна а повисока, односно има поголем
вертикален и сагитален пречник од напречен.
- Празно vesica urinaria има форма на триаглеста ќеса со врв свртен нанапред и нагоре кон симфизата,
но не го надминува нејзиниот горен раб, а базата е свртена наназад и надолу. Надолжниот пречник на
празна vesica urinaria изнесува 6cm, а напречниот 7 см.
- Полна vesica urinaria има сферична или крушовидна форма чиј стеснет дел е свртен кон напред и
горе, и го надминува горниот раб од симфизата за 2-5 см. Надолжниот пречник на полна vesica urinaria
изнесува 7-8 cm, а напречниот 9-10 cm.
КАПАЦИТЕТ
- Количеството на урината што го собира vesica urinaria покажува полови и индивидуални разлики.
- Просечното количество на урината што се собира во мочниот меур изнесува 350-600 cm3, поголемо е
кај мажите во споредба со жените.
- Физиолошкиот капацитет на vesica urinaria изнесува 250-350 см3.
- Под физиолошки капацитет се подразбира количеството на собраната урина кое предизвикува
потреба за микција.
- На кадавер просечниот капацитет на мочниот меур е поголем и изнесува 500-1000 cm3, поради
попуштање на тонусот на мускулниот ѕид.
- Меѓутоа, мускулниот ѕид на vesica urinaria има голема адаптивна моќ.
- При млитавост на мускулниот ѕид, мочниот меур може да собере 3-5 литри урина, и спротивно, при
воспаление на лигавицата (cystitis), минимално количество урина (неколку капки) предизвикуваат
неодолив нагон за мочање.
ВЕЗИКАЛНА ЛОЖА
- Vesica urinaria e сместена во предната фиброзна ложа (paracystium) од потперитонеалниот кат на
карличната празнина. Надолжната оска се протега косо одгоре и напред кон долу и назад, и со
хоризонталната гради агол од 30° отворен нанапред.
- Перитонеално фиброзната ложа во која е сместена vesica urinaria ја гради околното сврзно ткиво,
збиено во фасцијални листови кои ја опкружуваат од сите страни, освен од горе каде е покриена со
перитонеумот.
- Долу везикалната ложа ја гради горната карлична фасција (fascia diaphragmatis pelvis superior), кај
жени, а простата кај мажите, бочно fascia pelvis visceralis, одзади septum rectovesicale кај мажите, а
везиковагиналната фасција кај жените.
- Однапред е ограничена со везикоумбиликалната фасција. Таа ја одделува предната страна на vesica
urinaria од задната страна на симфизата. Кај жените vesica urinaria лежи пониско и понапред во
споредба со мажите.
- Ваквата положба на vesica urinaria кај жените се објаснува со немањето простата која кај мажите ја
потиска нагоре, заради вметнување на утерусот пред ректумот кој ја потиска нанапред и заради
косината на карличното дно од горе и назад кон долу и напред, па карличните органи имаат тенденција
да се лизгаат надолу и нанапред.
ДЕЛОВИ НА ВЕЗИКА УРИНАРИА
Ha vesica urinaria cе разликуваат:
1. врв (АРЕХ VESICAE),
2. дно (FUNDUS VESICAE),
3. тело (CORPUS VESICAE) и
4. врат (CERVIX VESICAE).
1. ВРВОТ (АРЕХ VESICAE) е насочен кон симфизата и предниот стомачен ѕид. Од него папокот
(umbilicus) се протега непарна фиброзна врска (lig. umbilicale medianum), која претставува облитериран
алантоиден канал (urachus). Врската минува во средишна линија под париеталниот перитонеум од
предниот стомачен sид, предизвикувајќи ја средишната папочна дипла (plica umbilicalis mediana).
(Доколку не настане облитерирање на алантоидниот канал (urachus), тогаш може низ папокот да
истекува урина).
2. ДНОТО (FUNDUS VESICAE) е свртено кон назад и долу. Кај мажите лежи на предниот ѕид од
ректумот, а кај жените на вратот од утерусот (cervix uteri) и горниот дел од предниот ѕид на вагината.
Дното има триаглеста форма со база свртена нагоре и одговара на задниот раб од телото на мочниот
меур. На темињата од базата се отвораат двата уретери. Врвот од дното на мочниот меур е свртен кон
долу и напред кон вратот на везика уринариа (cervix vesicae) и од него поаѓа уретрата.
3. ТЕЛОТО (CORPUS VESICAE) го гради најголемиот дел од мочниот меур. Тој се наоѓа меѓу врвот и
дното на мочниот меур. На телото се разликуваат две страни - предна и горна, и три раба - два бочни и
еден заден.
ПРЕДНАТА СТРАНА од телото на мочниот меур се протега меѓу врвот и вратот на мочниот меур и е
поставена зад задната страна на симфизата и задните страни од препонските коски.
ЗАДНАТА СТРАНА од мочниот меур е единствен дел на везика уринариа што е обложен со перитонеум.
На предно-долниот дел од оваа страна перитонеумот гради резервна перитонеална дипла (plica
vasicalis transversa) која настанува кога мочниот меур е исполнет со урина. Оваа страна има триаглеста
форма чијшто врв се продолжува во врвот од везика уринариа, а базата го гради задниот раб од телото
на мочниот меур.
БОЧНИТЕ РАБОВИ од телото на мочниот меур се изразени само кога тој е празен. Тие се наоѓаат на
местото на соединувањето на дното со задната страна од меурот. По должината на бочните рабови се
протега умбиликалната артерија, а нанапред продолжува со облитерираниот дел, lig. umbilicale laterale.
Врската се протега сè до умбиликусот, под париенталниот перитонеум од предниот стомачен ѕид,
предизвикувајќи ја медијалната папочна дипла (plica umbilicalis medialis). Kaj мажите бочните рабови
од мочниот меур се вкрстени со семеводите на нивниот пат кон базата од простатата.
Задниот раб од телото на мочниот меур се наоѓа на премин на задната страна во дното од мочниот
меур. Во оваа висина кај маж се формира ректовезикалниот џеб (excavatio rectovesicalis), а кај жена се
формира везикоутериниот џеб (excavatio vesicouterina).
4. ВРАТОТ НА МОЧНИОТ МЕУР (CERVIX VESICAE) го претставува предно-долниот дел од телото на
мочниот меур. Тој има форма на инка која го опкружува почетниот дел од внатрешниот отвор на
уретрата (ostium urethrae internum).
СООДНОСИ НА VESICA URINARIA
- Мочниот меур како мускулно лигавичен резервоар на урина, ја менува формата и зафатнината со тоа
и соодносите со околните органи.
СООДНОСИ НА ПРАЗНА VESICA URINARIA
- Врвот на празна везика (apex vesicae) се наоѓа под рамнината од горниот раб на симфизата.
- Дното на мочниот меур (fundus vesicae) според соодносите се дели на два сегмента: предно-долен и
задно-горен сегмент.
- Предно-долнит сегмент, кај МАЖ во сооднос е со средниот лобус (lobus medius) од простатата, а кај
жените во сооднос е со горниот дел од предниот зид од вагината и завршните делови од уретерите на
нивниот пат кон дното од мочниот меур.
- Задно-горниот сегмент од дното на vesica urinaria, кај мажите доаѓа во сооднос со семените ќесички
(vesiculae seminales). Тие се протегаат косо одгоре и латерално кон долу и медијално, конвергирајќи
кон базата на простатата.
- Внатре од семените ќесички, дното е во сооднос со ампуларно проширените делови од семеводите,
а долу со почетниот дел од ејакулаторните канали. Меѓу внатрешната страна од левата и десната
аmpula ductus deferentis се ограничува триаглест интердеференцијален простор.
- Базата од интердефернцијалниот триаголник е свртена нагоре кон базата од дното на мочниот меур и
се наоѓа меѓу левиот и десниот уретер. Во оваа висина уретерите однапред се вкрстени со
семеводите.
- Врвот од интердеференцијалниот триаголник е свртен надолу и се наоѓа на местото на
соединувањето на ampula ductus deferentis co ductus excretorius vesiculae seminales.
- Задно-горниот сегмент од дното на vesica urinaria до висина на ректовезикалниот џеб (excavatio
rectovesicalis) е обложено со перитонеумот и одделно со џебот од предната страна на ректумот.
- Под овој дел предната страна од ректумот одделена е од задната страна на мочниот меур со
ректовезикалната преграда (septum rectovesicale).
(Блискиот сооднос на дното на мочниот меур и предната страна од ректумот овозможува лекарски
палпаторен преглед на fundus vesicae.)
- Задно-горниот сегмент од дното на мочниот меур кај ЖЕНИТЕ се во сооднос со вратот од утерусот
(cervix uteri) и сврзното ткиво (paracervix) кое ги поврзува двата органа.
- Предната страна од телото на vesica urinaria со долниот дел лежи на предниот дел од карличната
дијафрагма, меѓу припоите на ligg. pubovesicalia s. puboprostatica и соодветните и истоимени мускули.
- Горниот дел од оваа страна лежи на везико умбиликалната фасција, која ја одделува предната страна
од меурот од задната страна на симфизата и задните страни на долните делови од препонските коски
со така наречениот превезикален простор (spatium praevesicale s. retropubicum-Retzi).
- Задната страна од мочниот меур е обложена со перитонеумот и доаѓа во сооднос со витките од
тенкото црево, сигмоидниот колон, а кај жените и со предната страна од телото на утерусот и
широката утерусна врска (lig. latum uteri).
- Бочните рабови од телото на везика уринарна во сооднос сe co a. umbilicalis и нејзиниот облитериран
дел lig. umbilicale laterale, кај мажите уште во семеводот (ductus deferens), а кај жените делумно и со
lig. teres uteri.
СООДНОСИ НА ПОЛНА VESICA URINARIA
- При полнење на vesica urinaria промени во формата и соодносите настануваат на: врвот, предната и
горната страна, бочните рабови, додека дното претрпува најмали промени.
- Врвот (арех vesicae) на полна vesica urinaria станува заоблен и се издига 3-5 cm над горниот раб од
симфизата.
- Предната страна станува конвексна, се издига нагоре, го потиска перитонеумот од резервната
перитонеална дипла (plica vesicalis transversa) и го надминува предниот дел од граничната линија
навлегувајќи во долните делови од абдоминалната празнина.
- Оваа страна стекнува блиски соодноси не само со задната страна од симфизата и препонските коски,
туку и со задната страна од предниот стомачен вид.
(Овој близок сооднос со предниот стомачен sид овозможува хируршки пристап на vesica urinaria и
простатата без да се повреди перитонеумот. Исто така, на полна vesica urinaria се врши пункција
непосредно над симфизата без да се повреди перитонеумот.)
- Со подигањето на предната страна и одлепувањето на перитонеумот од предниот стомачен вид,
како и со исполнувањето на задната страна од мочниот меур настанува везикоабдоминалниот џеб
(EXCAVATIO VESICOABDOMINALIS) коj дотолку е подлабок доколку е vesica urinaria поисполнета со
урина, а исчезнува кога таа се испразнува.
- Задната страна на полна везика уринарна станува конвексна, се издига заедно со перитонеумот кој ја
обложува. Нејзината највисока точка лежи над apex vesicae зад предниот стомачен вид, на тој начин и
се формира везикоабдоминалниот џеб.
- На дното од перитонеалниот кат од карличната празнина, бочно од полната vesica urinaria настанува
плитка паравезикална јама (fossa paravesicalis).
- Бочните рабови на полна везика стануваат конвексни бочни страни, чии горни делови се покриени со
перитонеум од карличното дно на fossa paravesicalis.
ПЕРИТОНЕУМ НА МОЧНИОТ МЕУР
- Мочниот меур како и останатите делови од уринарните патишта лежат екстраперитонеално.
- Само задната страна од телото е обложена со перитонеум.
- Перитонеумот кон напред се префрла на задната страна од предниот стомачен ѕид формирајќи го
везикоабдоминалниот џеб (еxcavatio vesicoabdominalis), чија длабочина зависи од исполнетоста на
мочниот меур со урина.
- Назад во висина на задниот раб од телото на меурот, перитонеумот се префрла кај маж на предната
страна од ректумот формирајќи го ректовезикалниот џеб (excavatio rectovesicalis), а кај жена тој се
префрла на предната страна од телото на утерусот формирајќи го везикоутерусниот леб (excavatio
vesicouterina).
- Бочно перитонеумот минува во перитонеумот од карличното дно и при полна везика ја гради
паравезикалната јама (fossa paravesicalis).
ВНАТРЕШЕН ИЗГЛЕД НА VESICA URINARIA
- Во предно-долниот дел од внатрешноста на мочниот меур се наоѓа мазно триаглесто поле (trigonum
vesicae-Lieutaudi).
- Базата на триаголникот е свртена наназад, а врвот напред и долу.
- На темињата од триаголникот се наоѓаат три отвори: еден преден и два задни.
- Предниот отвор се наоѓа на врвот од Lieutaud овиот триаголник и го претставува внатрешниот отвор
од одводниот мочен канал (ostium urethrae internum). Овој отвор има облик на напречна пукнатина
ограниче на со две усни, задно-горна поставена повисоко и предно-долна поставена пониско.
- Усните меѓу себе ограничуваат инкаст простор кој прстеновидно е опфатен од m. sphincter vesicae и
го гради вратот од мочниот меур (cervix vesicae).
- Непосредно зад ostium urethrae internum се наоѓа лигавично испапчување во вид на ресичка (uvula
vesicae). Таа е предизвикана од богато развиен венски сплет, а според некои автори тука завршуваат и
мускулните снопчиња од надворешниот надолжен мускулен слој на меурот кои минуваат низ
везикалниот триаголник.
- Овие мускулни снопови ја повлекуваат uvula vesicae наназад и помагаат во отворањето на ostium
urethrae internum.
- Ресичката (uvula vesicae) кај мажите лежи на средниот лобус од простатата (lobus medius) и при
негова хипертрофија се зголемува, го обтурира внатрешниот отвор од уретрата, што доведува до
отежнато празнење на мочниот меур.
- Задните отвори на темињата од базата на везикалниот триаголник се претставени со отворот од
левиот и десниот уретер (ostium ureteris). Овие отвори се во вид на коса пукнатина долга 3-5 mm, која
однадвор и назад се протега кон внатре и напред.
- Отворите (ostia ureteris) меѓу себе се поврзани со напречно поставена мускулно лигавична дипла
(plica interureterica) поизразена кај мажите во споредба со жените.
- Зад оваа лигавична дипла се наоѓа најниското место на мочниот меур, а тоа е задуретерична јама
(FOSSA RETROURETERICA) во која се задржуваат туѓи тела во мочниот меур (најчесто камења), како и
воспалителните процеси.
- Бочните рабови од везикалниот триаголник се лесно испапчени, а ги поврзуваат внатрешниот отвор
од уретрата со отворите на уретерите.
- Останатиот дел од внатрешноста на мочниот меур кога тој е празен поседува многубројни лигавични
дипли (plicae vesicales) кои исчезнуваат кога тој се исполнува со урина.
ФИКСАЦИЈА НА VESICA URINARIA
- Мочниот меур со мускулно-фиброзни снопови е поврзан за околните органи и ѕидовите на
карлицата.
- Сагитално, парно напред од вратот на мочниот меур (cervix vesicae), а кај маж и од предната страна
на простатата до задната страна на симфизата и задната страна од препонските коски се протегаат
ligg. pubovesicalia s. puboprostatica, тие содржат и истоимени мускулни снопови (m.pubovesicalis s.
puboprostaticus).
- Назад мочниот меур е поврзан со предната страна од ректумот со m. rectovesicalis кај мажите, а кај
жените со m. rectouterinus и m. rectourethralis.
- Врвот на vesica urinaria e поврзан со lig. umbilicale medianum (облитериран urachus) со папокот,
додека бочните рабови со ligg. umbilicalia medialia (облитерирана a. umbilicalis) исто така го поврзуваат
со умбиликусот.
- Сврзното ткиво околу vesica urinaria и крвните садови го поврзуваат со околните генитални органи.
Меѓутоа главна поддршка на vesica urinaria, како и на останатите карлични органи, даваат карличните
дијафрагми што го затвораат карличното дно.
ГРАДБА НА МОЧНИОТ МЕУР
- Ѕидот на мочниот меур има дебелина од 8-15 mm кога е празен, а 3-4 mm кога е полн.
- Ѕидот има помала дебелина кај жените во споредба со мажите.
- Одејќи ОДВНАТРЕ КОН НАДВОР, ѕидот е изграден од следниве слоеви:
1. лигавична обвивка (TUNICA MUCOSA),
2. подлигавична обвивка (TELA SUBMUCOSA),
3. мускулна обвивка (TUNICA MUSCULARIS),
4. потсерозен слој (TELA SUBSEROSA) и
5. надворешна серозна обвивка (TUNICA SEROSA).
1. ЛИГАВИЧНА ОБВИВКА НА МОЧНИОТ МЕУР (TUNICA MUCOSA). Оваа обвивка на мочниот меур е
лабаво поврзана за подлигавичниот слој, освен во пределот на trigonum vesicae. Заради тоа на празен
меур лигавицата гради бројни лигавични дипли (plicae vesicales) кои и даваат изглед на мрежа.
Диплите настануваат кога меурот се исполнува со урина. Лигавицата е мазна и добро прицврстена за
мускулниот слој во пределот на trigonum vesicae. Лигавицата е мазна и во првите години од животот. Во
пределот на ostia ureteris, лигавицата гради ЛИГАВИЧНИ ДИПЛИ во вид на залистоци кои го
спречуваат враќањето на урината (reflux) од мочниот меур во уретерите при зголемување на
притисокот во меурот. Зад внатрешниот отвор на уретрата (ostium urethrae internum) се наоѓа веќе
споменатата лигавична ресичка (uvula vesicae), од која кон задниот ѕид на уретрата се протега
лигавичен гребен (crista urethralis). Лигавицата е изградена од повеќеслоен епител од преоден тип
како и кај другите делови од уринарните патишта. Во лигавицата се наоѓаат лимфни јазли, а во
пределот на везикалниот триаголник и така наречени тригонални жлезди (gl. trigonales).
(лигавицата на vesica urinaria на живо има розова боја и богато развиена крвна мрежа. Таа е
достапна на преглед со суstoscop, преку кој може да се вршат помали хируршки интервенции.)
2. ПОДЛИГАВИЧЕН СЛОЈ (TELA SUBMUCOSA), изграден е од растресито сврзно ткиво, богато со крвни
садови. Тој ја поврзува лигавицата со мускулната обвивка и овозможува создавање на лигавичните
дипли на празниот меур. Овој слој недостига во пределот на trigonum vesicae, поради што лигавицата
е секогаш мазна и цврсто поврзана со мускулната обвивка.
3. МУСКУЛЕН НА ОБВИВКА (TUNICA MUSCULARIA). Оваа обвивка на мочниот меур е добро развиена.
Таа е изградена од три слоја мазни мускулни влакна коишто не се јасно одделени еден од друг,
односно тие се поврзуваат меѓусебно. Слоевите не се еднакво развиени во сите делови од меурот,
затоа при дистензија некои делови се растегаат повеќе и создаваат проширувања (diverticula), бидејќи
мускулниот слој е тенок или сосема недостига, па лигавицата налегнува на надворешната обвивка од
меурот.
- Одејќи однадвор кон внатре се разликуваат следниве мускулни слоеви:
1. надворешен слој (STRATUM EXTERNUM),
2. среден (STRATUM MEDIUM) и
3. внатрешен слој (STRATUM INTERNUM).
1. НАДВОРЕШЕН СЛОЈ (STRATUM EXTERNUM) го градат надолжни мазни мускулни влакна коишто се
протегаат паралелно со оската на меурот. Тие се поразвиени на предната и задната страна во
споредба со латералните делови од меурот. Овој мускулен слој тргнува од задната страна на симфизата
и долните гранки на препонските коски како m. pubovesicalis и се протега наназад и надолу кон вратот
на везика уринариа (cervix vesicae). Од него се одделуваат снопови коишто кај маж се припојуваат на
предната страна од простатата (m. puboprostaticus) и ректумот (m. rectovesicalis). Кај жените тие се
протегаат до вратот на утерусот и ректумот како m. rectouterinus. Дел од овие мускулни влакна го
заобиколуваат почетниот дел од уретрата, означени како m. rectourethralis и продолжуваат кон
ректумот. Нанапред кај арех vesicae мазните мускулни влакна продолжуваат во lig. umbilicale medianum.
Надворешниот мускулен слој ја одредува формата и насоката на ширењето на мочниот меур.
2. СРЕДЕН СЛОЈ (STRATUM MEDIUM S. CIRCULARE). Овој слој е најразвиен слој од мочниот меур. Него
го градат прилично правилно распоредени циркуларно мускулни снопови кои одат од врвот кон
дното на меурот. Во пределот на вратот (cervix vesicae) тие се згуснуваат и го опфаќаат во вид на
прстен внатрешниот отвор на уретрата (ostium urethrae internum) и го градат мазниот сфинктер на
мочниот меур (m. sphincter vesicae). Дел од овие влакна го опкружуваат и почетниот дел на уретрата, а
кај мажите и предната страна од простатата, а влегуваат и во градба на мускулната супстанца од
простатата. Од овој мускулен слој се одделуваат мускулни влакна кои се преплетуваат со влакната од
длабокиот надолжен слој.
3. ВНАТРЕШЕН СЛОЈ (STRATUM INTERNUM). Тој е најслабо развиениот мускулен слој од мочниот меур.
Него го градат испреплетени мускулни влакна во вид на мрежа, па затоа се нарекува и мрежест слој.
Некои мускулни снопови се појако развиени, ја подигаат лигавицата од меурот и градат лигавични
дипли како што e plica interureterica. Со возраста тој станува поизразен. Особено е развиен кога постои
отежнато празнење на мочниот меур, тој хипертрофира и дава изглед на така наречен гредест меур“.
Везикалниот триаголник се разликува по својата градба, а и по своето ембрионално потекло. Во
пределот на trigonum vesicae настанува мешање на мускулните снопови од надворешниот надолжен
слој со надолжните мускулни слоеви од уретерите и циркуларниот слој со еластично врзно ткиво.
Мускулните снопови градат повеќе мускулни петелки кои ги опфаќаат отворите од везикалниот
триаголник.
- Трите мускулни слоја од мочниот меур се поврзани меѓу себе преку анастомотични влакна и даваат
една целина на мускулниот ѕид од меурот градејќи го истиснувачот на урината (m. detrusor urinae).
Исклучок претставува мазниот сфинктер на vesica urinaria (m. sphincter vesicae), изграден од
циркуларниот слој. Овие два мускула се антагонисти по својата функција и се инервирани од
антагонистичките делови на автономниот нервен систем. Контракцијата на m. detrusor urina
предизвикува празнење на мочниот меур при истовремена деконтракција на m. sphincter vesicae. M.
detrusor urinae инервиран е од парасимпатичките нервни влакна на plexus hypogastricus inferior, a m.
sphincter vesicae од симпатичките гранки на истиот сплет.
4. ПОТСЕРОЗЕН СЛОЈ (TELA SUBSEROSA). Изграден е од сврзно ткиво кое го одделува мускулниот слој
од перитонеумот што ја покрива задната страна од телото на везика уринарна и овозможува негово
одделување, од останатиот дел на врзното ткиво од везикалната ложа (paracystium).
5. НАДВОРЕШНИОТ СЛОЈ (TUNICA SEROSA) го гради перитонеумот што ја обложува задната страна од
телото на мочниот меур. Серозната обвивка напред минува во перитонеумот од предно-надворешниот
ѕид на абдоменот формирајќи го везикоабдоминалниот џеб, а назад минува кај жените на предната
страна од телото на утерусот формирајќи го везикоутерусниот џеб, а кај мажите на предната страна од
ректумот формирајќи го везикоректалниот џеб. Останатиот дел од мочниот меур е субперитонеален и
опкружен со сврзното ткиво од везикалната ложа.
САДОВИ, ЛИМФАТИЦИ И НЕРВИ HA МОЧНИОТ МЕУР
АРТЕРИИТЕ за васкуларизација на мочниот меур за долните делови потекнуваат од А. VESICALIS
INFERIOR, бочна гранка на а. iliaca interna. Горните делови се васкуларизирани од аа. vesicales superiores
кои потекнуваат од а. umbilicalis. Дното на vesica urinariа добива гранчиња од a. rectalis media, a.
vaginalis и a. ductus deferentis. Предниот дел е васкуларизиран од аа. vesicales anteriores гранки од а.
pudenda interna. Артериските гранки анастомозираат меѓу себе во субсерозниот слој. Од нив се
одделуваат гранки кои го пробиваат мускулниот слој и во подлигавичниот слој градат богато развиена
субмукозна артериска мрежа.
ВЕНИТЕ од мочниот меур градат богато развиени подлигавични, мускулни и субсерозни венски
сплетови. Венските сплетови анастомозираат меѓу себе и го градат plexus venosus vesicalis. Везикалниот
сплет сместен е во долнобочниот дел од мочниот меур. Сплетот богато анастомозира кај мажите со
простатичниот сплет и го гради plexus vesicoprostaticus, а кај жените тој е локализиран околу вратот на
мочниот меур и анастомозира со вагиналниот венски сплет и го градат везиковагиналниот венски
сплет. Plexus venosus vesicalis анастомозира и со: plexus pudendus, plexus rectalis, v. glutea superior et
inferior и v. obturatoria. Од plexus venosus vesicalis венската крв се одведува преку vv. vesicales во v. iliaca
interna.
ЛИМФНИ САДОВИ. Лимфотокот на везика уринарна почнува од богато развиената лимфатична мрежа
во подлигавичниот, мускулниот и потсерозниот слој кој меѓусебно богато анастомозираат, а
анастомозираат и со лимфните садови од простатата, семените ќесички кај мажите, а лимфните садови
од вагината кај жените. Од сплетовите лимфата се доведува до паравезикалните лимфни јазли (nodi
lymphatici paravesicales) кои според местоположбата се делат на предни (nodi lymphatici praevesicales),
локализирани во spatium praevesicale s. retropubicum, а собираат лимфа од предните делови на
мочниот меур, предниот . дел на простатата, уретрата и вагината. На задната страна од vesica urinaria ce
наоѓаат nodi lymphatici postvesicales кои собираат лимфа од дното на мочниот меур, семените ќесички и
семеводот. Бочно по должината на a. umbilicalis лоцирани се nodi lymphatici vesicales laterales. Од
висцералните лимфни јазли, лимфата се одведува во nodi lymphatici iliaci interni et externi.
ИНЕРВАЦИЈА. Мочниот меур инервиран е од вегетативниот карличен нервен сплет (plexus
hypogastricus inferior). Симпатичките и парасимпатичките гранки до ѕидот од Меурот доаѓаат преку
plexus vesicalis, кој ги придружува крвните садови од vesica urinariа. Особено богата и густа мрежа од
нервни влакна се наоѓаат во пределот на везикалниот триаголник и околу отворите од уретерите.
Парасимпатичките нервни влакна го инервираат m. detrusor urinae. Повреда на овие нерви доведува
до неможност на спонтано празнење на мочниот меур, настанува задршка на урината (retentio urinae).
Симпатичките нервни влакна го инервираат m. sphincter vesicae кој го затвора ostium urethrae internum.
Повредата на овие влакна доведува до непрестајно истекување на урината (incontinentio urinae).
мочниот меур е инервиран од гранки на N. PUDENDUS.
2. КАРЛИЧЕН ДЕЛ ОД УРЕТЕРОТ (PARS PELVINA URETERIS) (ДЕЛОВИ НА УРЕТЕР)
Карличниот дел од уретерот е продолжеток на абдоминалниот дел од каналот. Тој се протега од
граничната линија (linea terminalis) До дното од мочни од меур (fundus vesicae). Неговата должина
изнесува 14-16 см. Топографски на карличниот дел од уретерот се разликуваат следниве делови: 1.
париетален, 2. висцерален и 3. интрамурален дел.
1. ПАРИЕТАЛНИОТ ДЕЛ од уретерот лежи во бочните делови од потпери тонеалниот кат на карличната
празнина, покриен и цврсто фиксиран за длабоката страна од париеталниот перитонеум што го покрива
бочниот карличен ѕид. Во почетниот дел тој е притиснат од граничната линија, која го предизвикува
граничното стеснување (flexura marginalis ureteris). Минува медијално од fascia obturatoria над
тетивниот лак од m. levator ani (arcus tendineus m. levatoris ani), придружувајќи ја а. iliaca interna, при
што десниот уретер лежи пред артериското стебло, а левиот зад артериското стебло. Париеталниот дел
од уретерот заедно co vasa iliaca ja ограничуваат одзади оваријалната јамичка (fossa ovarica).
2. ВИСЦЕРАЛНИОТ ДЕЛ од уретерот минува по карличното дно, меѓу карличните органи одејќи кон
напред и внатре. Кај мажите тој минува латерално од везика уринарна, а пред ректумот, односно
минува низ ректовезикалната перитонеална дипла, (plica rectovesicalis) која бочно го ограничува
excavatio rectovesicalis, доаѓа до дното од мочниот меур, минува меѓу семеводот и дното од меурот и
кај горниот крај од семените ќесички (vesicula seminales) навлегува во мочниот меур.
Кај жените висцералниот дел од уретерот навлегува меѓу двата листа од широката утерусна врска (lig.
latum uteri) повеќе кон задниот нејзин лист, врви низ нејзината база, каде латерално од утерусниот
теснец (isthimus uteri) на оддалеченост од 1,5-2 cm однапред го вкрствува стеблото од а. uterina. По
вкрстувањето уретерот продолжува кон бочниот раб од вратот на утерусот, минува 0,8-1 см над
бочниот свод од вагината (fornix vaginae-pars lateralis), а потоа меѓу предниот свод од вагината (fornix
vaginae-pars anterior) и дното од мочниот меур.
3. ИНТРАМУРАЛНИОТ ДЕЛ од уретерот е долг 1-1,5 cm. Тој минува косо кон напред, долу и внатре низ
мускулниот ѕид од везика уринарија до горно-задниот агол на trigonum vesicae. Отворите на уретерите
имаат форма на тесна пукнатина, а опкружени се со мала лигавична дипла која не дозволува враќање
на урината во уретерите за време на контракција на мочниот меур. Растојанието меѓу отворите на
уретерите на дното од везика уринариа изнесува 3-4 см. Кај мажите тие се наоѓаат пред горниот крај од
семените ќесички, а кај жените 2-3 см под Отворот од утерусот (ostium uteri).
Карличниот дел од уретерот има две стеснувања. Првото се наоѓа на преминот на абдоминалниот во
карличниот дел од уретерот, а предизвикано е од граничната линија, тоа е flexura marginalis ureteris.
Второто стеснување се наоѓа во интрамуралниот тек на уретерот. Стеснувањата имаат калибар од 2,5-
3,5 mm. (Во пределот на стеснувањата на уретерот најчесто и најдолго се задржуваат бубрежните
камења при нивно спуштање низ уретерите.)
Ѕидот на уретерот е изграден од три слоја: 1. надворешен (tunica adventitia), 2. мускулен (tunica
muscularis) и 3. лигавица (tunica mucosa).
ГРАДБА
1. Надворешниот слој (tunica adventitia) го гради потперитонеалното сврзно ткиво кое го опкружува
уретерот и е продолжеток на сврзното ткиво што го опкружува мочниот меур.
2.Мускулниот слој (tunica muscularis) е изградена од три слоја мазни мускулни влакна: надворешен
надолжен слој (stratum externum), среден кружен и внатрешен надолжен мускулен слој. Надворешниот
и внатрешниот надолжен слој се соединуваат и влегуваат во градбата на везикалниот триаголник.
Перисталтичките движења од мускулниот слој ритмички тераат 8-10 капки урина еднаш до два пати во
минута кон мочниот меур. Мускулниот слој од уретерот има способност за долготрајна и силна
контракција.
(Силната и долготрајна контракција на мускулниот слој е причина за јака и долготрајна болка за време
на спуштање на камења низ уретерите при urolithiasis.)
3. Лигавицата (tunica mucosa) на уретерите е изградена од повеќеслоен епител од преоден тип како и
кај останатите делови од уринарните патишта. Лигавицата гради надолжни лигавични дипли, кои
овозможуваат лесно затворање на луменот од уретерот, воедно, на пресек тие му даваат ѕвездест
изглед на уретерот.
САДОВИ, ЛИМФАТИЦИ И НЕРВИ
АРТЕРИИ. Крвоснабдувањето на уретерот потекнува од rr. ureterici гранчиња на a. vesicalis inferior, a.
ductus deferentis кај мажите, а од а. uterina кај жените.
ВЕНИТЕ ги придружуваат артериските крвни садови и се притоки на v. Iliaca interna.
ЛИМФАТИЦИТЕ од пелвичниот дел на уретерот ја одведуваат лимфата кон регионалните лимфни јазли
nodi lymphatici iliaci interni et externi u nodi lymphatici lumbales.
ИНЕРВАЦИЈАТА на карличниот дел од уретерот потекнува од карличниот вегетативен нервен сплет
(plexus hypogatsricus inferior), а од уретерот доаѓа од plexus uterovaginalis кај жените, а кај мажите од
plexus deferentialis.
3. ОДВОДНА МОЧНА ЦЕВКА (URETHRA) (УРЕТРА)
- Одводната мочна цевка (urethra) претставува мускулно-лигавична цевка што ја одведува урината за
време на микција од мочниот меур.
- Разликуваме машка уретра (urethra masculina) и женска уретра (urethra feminina). Машката уретра
воедно претставува и одводен семен пат. Таа се разликува од женската уретра.
- Машката уретра е подолга, гради кривини, а поседува и повеќе топографски делови.
1. МАШКА УРЕТРА (ОДВОДНА МОЧНА ЦЕВКА) (URETHRA MASCULINA)
- Машката одводна цевка (urethra masculina) припаѓа на уринарниот и на гениталниот систем.
- Машката уретра освен што ја одведува урината од мочниот меур, таа ја одведува и сперматичната
течност за време на ејакулација.
- Уретрата се протега од вратот на мочниот меур (cervix vesicae) каде започнува со внатрешниот отвор
на уретрата (ostium urethrae internum) сè до врвот на glans penis, каде завршува со надворешниот отвор
на уретрата (ostium urethrae externum).
КРИВИНИ НА МАШКАТА УРЕТРА
- Urethra masculina има форма на издолжена латинска буква,,S".
- Почнува од ostium urethrae internum и се протега вертикално и нешто косо надолу и нанапред кон
долниот раб од симфизата, во која висина таа свива, гради лак конкавен нанапред и нагоре со кој го
опфаќа долниот раб на симфизата градејќи ја субпубичната кривина (curvatura subpubica).
- Доаѓајќи пред симфизата меѓу фиксираниот и подвижниот дел на пенисот, уретрата повторно ја
менува својата насока, завива надолу и наназад градејќи ја претпубичната кривина (curvatura
praepubica).
- Конкавитетот на оваа кривина е свртен наназад.
- Темето од претпубичната кривина е прицврстена со lig. suspensorium penis и lig. fundiforme penis.
(Од клинички аспект важна е субпубичната кривина, бидејќи таа не може да се исправи. Затоа
катетерите се извиени како и субпубичната кривина. Претпубичната кривина се исправува со
подигање на пенисот нанапред и нагоре.)
ДОЛЖИНА И КАЛИБАР НА МАШКАТА УРЕТРА
- Должината на машката уретра зависи од возраста, а покажува и индивидуални варијации.
- Кај новороденчињата должината на уретрата изнесува 6 cm, кај децата од 10 години таа е долга 8-9
см, во доба на пубертетот уретрата нагло расте и достигнува од 12-15 см, а кај возрасните нејзината
должина се движи од 16-23 см.
- Надвор од актот на микција и ејакулација кавитетот на уретрата е виртуален.
- За време на микција или ејакулација калибарот на уретрата изнесува од 7 до 12 мм во зависност од
топографскиот дел.
- Уретрата е еластичен мускулно лигавичен канал и благодарение на нејзината еластичност во неа
може да се вметнат катетери со поголем калибар од нејзиниот кавитет.
ТОПОГРАФСКИ ДЕЛОВИ НА МАШКАТА УРЕТРА
Според тоа низ кои органи минува на својот пат, машката уретра се дели на:
1. простатичен дел (PARS PROSTATICA),
2. мембранозен дел (PARS MEMBRANACEA) и
3. спонгиозен дел (PARS SPONGIOSA).
1. ПРОСТАТИЧНИОТ ДЕЛ (PARS PROSTATICA) се протега од ostium urethrae internum до врвот на
простатата (apex prostatae). Овој дел се протега косо одгоре и наназад од базата на простатата кон
долу и напред кон врвот од простатата, градејќи лесен конкавитет свртен нанапред. Неговата должина
изнесува 3-4 cm.
2. МЕМБРАНОЗНИОТ ДЕЛ (PARS MEMBRANACEA) е најкусиот дел од машката уретра. Нејзината
должина изнесува 1-1,5 см. Овој дел е фиксиран за m. sphincter urethrae низ кој минува.
Мембранозниот дел од уретрата се протега од врвот на простатата до долната страна од
урогениталната дијафрагма од која висина уретрата навлегува во булбусот од спонгиозното тело на
пенисот. Напред мембранозниот дел од уретрата одделен е со lig. transversum perinei oд plexus
venosus vesicalis и a. et v. dorsalis penis. Овој дел е оддалечен 1,5 см од долниот раб на симфизата.
Назад мембранозниот дел од уретрата одделен е од предната страна на ректумот со триаглест
ректоуретрален простор (trigonum rectourethrale). Просторот е исполнет со m. transversus perinei
profundus и снопови од m. rectourethralis. По должината на задниот ѕид од мембранозниот дел од
уретрата сместени се булбоуретралните жлезди (gll. bulbourethrales-Cowperi).
3. СПОНГИОЗНИОТ ДЕЛ (PARS SPONGIOSA) е најдолгиот дел од машката уретра. Нејзината должина кај
возрасните изнесува 12-16 cm. Спонгиозниот дел лежи во спонгиозното тело од пенисот (corpus
spongiosum penis). Тој се протега до врвот на glans penis каде се отвора со надворешниот отвор на
уретрата (ostium urethrae externum). Почетниот дел од pars spongiosa uretrae навлегува преку горната
страна од булбусот на спонгиозното тело (bulbus penis) и се протега хоризонтално одназад и горе кон
напред и долу, содржан во спонгиозното тело од пенисот. Задниот дел од pars spongiosa е покриен со
m. bulbospongiosus.
ОД КЛИНИЧКИ АСПЕКТ машката уретра е поделена на:
предна уретра (urethra anterior) и задна (urethra posterior).
- На предната уретра и припаѓа спонгиозниот дел, а на задната уретра и припаѓаат простатичниот и
мембранозниот дел. Овие два дела имаат различно ембрионално потекло. Предниот дел настанува
како и надворешните генитални органи од гениталната џумка (tuberculum genitale), додека задната
уретра настанува од урогениталниот синус (sinus urogenitalis).
СТЕСНУВАЊЕ НА МАШКАТА УРЕТРА
- На машката уретра се разликуваат три стеснети делови. Одејќи однапред кон назад тоа се:
1. НАДВОРЕШЕН ОТВОР НА УРЕТРАТА (OSTIUM URETHRAE EXTERNUM), коj се наоѓа на врвот од glans
penis и е во вид на вертикална пукнатина, со должина од 7 mm. Отворот е опкружен со сврзно ткиво
поради што тешко се дилатира.
2. МЕМБРАНОЗЕН ДЕЛ (PARS MEMBRANACEA URETHRAE) чиј пречник изнесува 8 mm, а е предизвикан
од m. sphincter кога уретрата врви низ него. На пресек овој дел од уретрата има форма на напречна
пукнатина.
3 ВНАТРЕШЕН ОТВОР НА УРЕТРАТА (OSTIUM URETHRAE INTERNUM), чиј пречник изнесува 7-8 mm, а е
во вид на полумесечина со конкавитет свртен нагоре.
(Во пределот на стеснетите делови од уретрата се задржуваат бубрежните каменчиња при нивното
спуштање.)
ПРОШИРУВАЊЕ НА МАШКАТА УРЕТРА
Меѓу стеснетите делови од машката уретра се наоѓаат проширените делови. Одејќи однапред кон
назад тоа се:
1. чуновидна јама (FOSSA NAVICULARIS),
2. булбарна јама (FOSSA BULBI) и
3. простатичен синус (SINUS PROSTATICUS).
1. ЧУНОВИДНАТА ЈАМА (FOSSA NAVICULARIS) претставува вретеновидна јама, долга 2 cm, широка 1 см.
Таа се наоѓа во glans penis. На горниот ѕид од fossa navicularis ce наоѓа лигавична дипла која се спушта
од горниот ѕид на уретрата кон долу и напред, и го гради залистокот на чуновидната јама (valvula
fossae navicularis-Guerini).
- Залистокот со горниот ѕид од уретрата гради лигавичен џеб, длабок 6-8 mm (sinus fossae navicularis)
чиј отвор е свртен нанапред, а се наоѓа 15 mm зад ostium urethrae externum. (залистокот и џебот можат
да прават пречки при катетеризација на уретрата доколку катетерот не се става по долниот зид од
уретрата.)
2. БУЛБАРНАТА ЈАМА (FOSSA BULBI) е проширување во задниот дел од спонгиозниот дел на уретрата.
Со пречник од 1 см, а се наоѓа во пределот на bulbus penis. Во неа се отвораат булбоуретралните
жлезди (gll. bulbourethrales Cowperi)
3. ПРОСТАТИЧНИОТ СИНУС (SINUS PROSTATICUS) се наоѓа во раrs prostatica urethrae. Проширувањето
има пречник од 12 mm, освен во делот кајшто се наоѓа семеното брегче (colliculus seminalis), каде
пречникот изнесува 8 mm. На задниот ѕид од простатичниот синус во должина од 20 mm, а во висина
од 3-4 мм се наоѓа вретеновидно испапчување наречено семено брегче (colliculus seminalis). Од
горниот крај на семеното брегче кон увулата од мочниот меур (uvula vesicae) се протега лигавичен
гребен (crista urethralis). Под colliculus seminalis гребенот се разделува на две лигавички дипли кон
дивергираат и исчезнуваат во мембранозниот дел на уретрата. По должината на бочните рабови од
семеното брегче се отвораат 20-30 каналчиња од простатичните жлезди (ductuli prostatici). На темето
од сolliculus seminalis во средишна линија се наоѓа непарен отвор porus urticuli prostatici. Toj е во вид на
вертикална пукнатина долга 2-3 mm. На него се отвора простатичната мешница (utriculus prostaticus).
Бочно, лево и десно од роrus utriculi prostatici cе наоѓа мал кружен отвор porus ejaculatorius на кој се
отвора ејакулаторниот канал (ductus ejaculatorius). Со отворите на ејакулаторните канали (pori
ejaculatorii), машката уретра е поделена на два дела: заден дел (portio interna) и преден дел (portio
externa). Задниот дел се наоѓа проксимално од рогi ejaculatorii и претставува чисто одводен уринарен
пат. Предниот дел се наоѓа дистално од pori ejaculatorii и претставува одводен мочен и семен пат.
ГРАДБА НА УРЕТРАТА
Одејќи од внатре кон надвор ѕидот на уретрата е изграден од:
1. лигавица (TUNICA MUCOSA),
2. подлигавичен слој (TELA SUBMUCOSA) и
3. мускулен слој (TUNICA MUSCULARIS).
1.ЛИГАВИЦАТА (TUNICA MUCOSA) на уретрата во мембранозниот, а особено во спонгиозниот дел
гради повеќе надолжни лигавични дипли кои настануваат за време на дистензија на уретрата при
микција и ејакулација. Во спонгиозниот дел на уретрата, освен веќе опишаната валвула на
навикуларната јама се наоѓаат повеќе ситни отвори од уретралните жлезди (gll. urethrales), како и
отвори од уретралните Мorgagni-еви лакуни или крипти (lacunae urethrales-Morgagni.)
- Уретралните лакуни особено 10-12 се наоѓаат по должината на средишната линија од горниот
уретрален ѕид. Бочно од ostium urethrae externum во пределот на glans penis се отвораат два
парауретрални канала (ductus paraurethralis).
- Тие претставуваат отвори од две поголеми групи парауретралните жлезди. Во пределот на
булбарната јама се наоѓаат отворите од булбоуретралните жлезди. На лигавицата од простатичниот
дел од уретрата се наоѓаат веќе опишаниот лигавичен гребен (crista urethralis) и семеното брегче
(colliculus seminalis).
- Лигавицата на уретрата е изградена од епител и lamina propria. Епителот што ја покрива лигавицата
на уретрата не е насекаде ист.
- Во простатичниот дел тој е од преоден тип како и кај мочниот меур, во мембранозниот и
спонгиозниот дел е цилиндричен епител, додека во fossa navicularis cе наоѓа многуслоен плочест
епител кој од оstium urethrae extemum се продолжува со многуслоен плочест епител нa glans penis.
- Lamina propria од лигавицата е изградена од сврзно ткиво богато со еластични влакна поради што
уретрата лесно се дилатира, освен во пределот на ostium urethrae externum кој е опкружен со збиено
сврзно ткиво.
(Многубројните отвори и дигли што се наоѓаат во лигавицата од уретрата овозможуваат задржување
и вгнездување на бактерии при воспалителни процеси, поради што лекувањето на процесот е
отежнато.)
2. ПОДЛИГАВИЧНИОТ СЛОЈ (TELA SUBMUCOSA) е изграден од сврзно ткиво богато со еластични
влакна. Подлигавичниот слој е добро развиен во спонгиозниот и мембранозниот дел од уретрата и
дозволува градење на надолжни лигавични дипли. Подлигавичниот слој од уретрата содржи и
развиен венски сплет кој се продолжува во спонгиозното тело од пенисот.
3. МУСКУЛЕН СЛОЈ (TUNICA MUSCULARIS) е изграден од мазни мускулни влакна распоредени во два
слоја: надворешен кружен и внатрешен надолжен слој.
- Овие два слоја се добро изразени само во простатичниот и мембранозниот дел од уретрата, додека
во спонгиозниот дел мускулните влакна се мешаат со мускулните влакна од кавернозните тела.
- Внатрешниот отвор од уретрата (ostium urethrae internum) и проксималниот дел од простатичниот
дел на уретрата опкружени се со кружни мускулни снопови од m. sphincter vesicae.
- Овие мазни мускулни влакна се вплетуваат и во мускулната супстанца од простатата. Дисталниот дел
од pars prostatica urethrae и pars membranacea опкружени се со напречно-браздестиот кружен мускул
m. sphincter urethrae, како и од влакна на m. transversus perinei profundus. Овие мускулни влакна го
фиксираат проксималниот дел од уретрата.
САДОВИ, ЛИМФАТИЦИ И НЕРВИ
АРТЕРИСКИТЕ КРВНИ САДОВИ за pars prostatica urethrae, потекнуваат од гранчињата на A. RECTALIS
MEDIA и A. VESICALIS INFERIOR. За мембранозниот дел тие се гранчиња од а. rectalis inferior и а.
perinealis, а за спонгиозниот дел тие потекнуваат од а. dorsalis penis u a. profunda penis.
ВЕНСКАТА КРВ се одведува преку вените придружнички на горе споменатите артерии. Тие ја
одведуваат венската крв во plexus venosus vesicalis, односно vesicopudendalis.
ЛИМФАТА од спонгиозниот дел се одведува во ингвиналните лимфни јазли (nodi lymphatici inguinales),
а од простатичниот и мембранозниот дел на уретрата во внатрешните илијачни лимфни јазли (nodi
lymphatici iliaci interni).
ИНЕРВАЦИЈАТА на простатичниот и мембранозниот дел доаѓа преку plexus prostaticus од долниот
хипогастричен сплет (plexus hypogastricus inferior), додека за спонгиозниот дел на уретрата потекнува
од nn. perineales.
2. ЖЕНСКА УРЕТРА (URETHRA FEMININA)
ДОЛЖИНА И КАЛИБАР
- Женската уретра (urethra feminina) е цилиндричен мускулно-лигавичен канал долг 3 до 4 cm, чијшто
калибар се намалува кон завршетокот, а средно изнесува 7 mm. Ембриолошки женската уретра
одговара на простатичниот и мембранозниот дел од машката уретра.
ПОЧЕТОК, ПАТ И ЗАВРШЕТОК
- Urethra feminina почнува со внатрешниот уретрален отвор (ostium urethrae internum) што се наоѓа на
врвот од везикалниот триаголник од мочниот меур. Се протега косо одгоре кон долу и напред,
лаковидно и паралелно со предниот ѕид од вагината (paries anterior vaginae).
- Минува низ m. sphincter urethrae и завршува во предворјето од вагината (vestibulum vaginae) со
надворешниот уретрален отвор (ostium urethrae externum).
- Ostium urethrae externum е во вид на мала сагитална пукнатина што се наоѓа 2 до 2,5 cm зад и под
главницата од клиторисот (glans clitoridis). Отворот е исто толку оддалечен и од долниот раб на
симфизата.
- Непосредно зад ostium urethrae externum се наоѓа мала брадавица (carina urethralis vaginae). Таа
лежи на долниот дел од предниот лигавичен столб од вагината (columna rugarum anterior).
- Таа служи како патоказ при катетеризација на уретрата.
ДЕЛОВИ НА ЖЕНСКАТА УРЕТРА
Според текот на женската уретра се разликуваат два дела: 1. карличен и 2. перинеален дел.
1. КАРЛИЧНИОТ ДЕЛ од женската уретра се протега од ostium urethrae internum до карличната
дијафрагма (diaphragma pelvis). Задната страна од овој дел на уретрата е во сооднос со горниот дел од
вагината. Предната страна од карличниот дел на женската уретра е одделен од задната страна на
симфизата со А. ET V. DORSALIS CLITORIDIS, PLEXUS VENOSUS VESICALIS, M. PUBOVESICALIS и LIG.
PUBOVESICALIS. Оваа страна е оддалечена 2-3 см од задната страна на симфизата. Латерално
карличниот дел од уретрата е во сооднос со внатрешните рабови од mm. levatores ani.
2. ПЕРИНЕАЛНИОТ ДЕЛ од уретрата го следи предниот ѕид од перитонеалниот ѕид од перинеалниот
дел на вагината од која е одделен со збиено сврзно ткиво кое ја гради уретровагиналната преграда
(septum urethrovaginale). Горниот дел од перинеалниот тек на уретрата минува низ m. sphincter
urethrae, а под него уретрата е во сооднос со кавернозното тело на клиторисот (сorpus cavernosum
clitoridis).
ГРАДБА НА ЖЕНСКА УРЕТРА
Ѕидот од urethra feminina одејќи одвнатре кон надвор е изграден од 1. лигавица (tunica mucosa), 2.
спонгиозна обвивка (tunica spongiosa) и 3. мускулна обвивка (tunica muscularis).
1. ЛИГАВИЦАТА (TUNICA MUCOSA) на женската уретра како и кај машката уретра гради повеќе
надолжни лигавични дипли кои на пресек даваат ѕвездест изглед. Тие настануваат за време на актот
на микција. На задниот ѕид од женската уретра се наоѓа јасно изразен лигавичен гребен (crista
urethralis) кој се протега од вратот на мочниот меур (cervix vesicae) cè до ostium urethrae externum. На
лигавицата од женската уретра како и кај машката се наоѓаат уретралните жлезди (gll. urethrales), и
отвори од слепо затворените крипти (lacunae urethrales). Bo долниот дел од уретрата, бочно од ostium
urethrae externum во предворјето од вагината се отвораат парауретралните жлезди (ductus
paraurethralis). Епителот во почетниот дел од женската уретра е преоден тип како и кај мочниот меур, а
во долниот дел е многуслоен плочест епител како и во предворјето од вагината.
2. СПОНГИОЗНАТА ОБВИВКА (TUNICA SPONGIOSA) е тенка и изградена од еластично ткиво во кое се
наоѓаат добро развиени венски сплетови. Таа се наоѓа меѓу лигавицата и мускулниот слој.
3. МУСКУЛНАТА ОБВИВКА (TUNICA MUSCULARIS) е изградена од два слоја мазни мускулни влакна:
надворешен кружен и внатрешен надолжен мускулен слој. Во пределот на урогениталната
дијафрагма, уретрата е опкружена со напречно набраздениот m. sphincter urethrae.
САДОВИ, ЛИМФАТИЦИ И НЕРВИ
АРТЕРИСКИТЕ САДОВИ за urethrae feminina доаѓаат од a. pudenda interna. Toa ce: A. URETHRALIS и
гранчиња од А. VESICALIS INFERIOR и A. VAGINALIS.
ВЕНСКАТА КРВ се одведува во plexus venosus vesicalis.
ЛИМФАТА од женската уретра се одведува во ингвиналните лимфни јазли (nodi lymphatici inguinales) и
во nodi lymphatici iliaci interni.
ИНЕРВАЦИЈАТА потекнува од plexus hypogastricus inferior и од n. pudendus.
Б) ПОЛОВИ ОРГАНИ (ORGANA GENITALIA)
- Половите органи (organa genitalia) го градат репродуктивниот систем на човекот. Во нив се создаваат
и созреваат машките полови клетки (спрематозоиди), односно женските полови клетки, јајце-клетка
(ovum s. ovulum).
- Воедно тие служат за копулација, вршат оплодување на јајце-клетката, а од оплодената јајце-клетка
во организмот на жената се развива плод (fetus) кој по одреден временски период, кога тој е способен
за самостоен надворешен живот, се истиснува надвор под дејство на мускулатурата од утерусот и
абдоминалната преса.
Според тоа, разликуваме: 1. женски полови органи (organa genitalia feminina) и 2. машки полови
органи (organa genitalia masculina).
РАЗВИТОК НА ПОЛОВИТЕ ОРГАНИ
- Зачетоците на половите жлезди и одводните полови патишта во почетокот кај двата пола минуваат
низ еднаков пат на развиток, без да постои морфолошка диференцијација меѓу половите.
- Половите органи кај човекот се развиваат од plica urogenitalis, која настанува на медијалната страна
од средниот бубрег (mesonephros), чиј горен дел е наречен генитална пруга (stria genitalis).
- Одводните полови патишта кај мажите настануваат од одводните канали на месонефросот (ductus
mesonephricus-Wolffi додека кај жените тие настануваат од ductus paramesonephricus - Mulleri, кој
настанува латерално од Wolff-овиот канал.
РАЗВИТОК НА ВНАТРЕШНИТЕ ПОЛОВИ ОРГАНИ
- Половите жлезди кај двата пола се развиваат од целомниот епител кој настанува како медијално
задебелување на месонефросот и го гради зародишниот епител.
- Зародишниот епител испраќа генитални ленти кои навлегуваат во мезенхимното ткиво од кое
настанува сврзната градба на половите жлезди.
- Од гениталните ленти кои навлегле во мезенхимното ткиво настануваат тубуларните цевчиња (основа
за тестис) или фоликули (основа за овариум).
- Оттогаш почнува и диференцијацијата меѓу половите. До седмиот месец од интраутериниот развиток
цевчињата се без лумен, а потоа добиваат лумен. Во истиот временски период се развиваат и
примарните оваријални фоликули.
- Одводните полови патишта кај мажите се развиваат од ductus mesonephricus Wolffi. Од неговиот
краниален дел се развиваат семените ќесички (vesiculae seminales), а од дисталниот дел семеводот
(ductus deferens) и ејакулаторниот канал (ductus ejaculatorius).
- Закржлавени остатоци од каналчињата што го поврзувале месонефросот со Wolff-овиот канал се
горните и долните аберантни канали (ductus aberrans superior et inferior) парадидимисот (paradidymis)
и додатокот на епидидимисот (appendix epididymidis).
- Кај жените улогата на Wolff-овиот канал ја има ductus paramesonephricus Mulleri. Горните делови од
Muller-овите канали настануваат од задебелениот целомен епител, а нивните долни делови
настануваат со раст во должина на горниот дел.
- Долните делови од Muller-овите канали се спојуваат и заедно отвораат во клоаката. Од горните
слободни делови на Muller-овите канали кои комуницираат со абдоминалната празнина настануваат
јајцеводите (tubae uterinae Falloppii), додека од каудалните делови кои се спојуваат меѓу себе ја чинат
основата на утерусот и вагината.
- Muller-овиот канал кај машкиот пол постепено исчезнува, а негови закржлавени остатоци се apendix
testis во горниот дел и долу од споените канали е мешницата на простатата (utriculus prostaticus).
- Кај женскиот пол Wollf-овите канали постапно исчезнуваат, а нивни закржлавени остатоци
претставуваат: epoophoron, ductus epoophori longitudinalis Gartner, ductuli transversi, paroophoron и
appendices vesiculosae.
РАЗВИТОК НА НАДВОРЕШНИТЕ ПОЛОВИ ОРГАНИ
- Во вториот месец на интраутериниот развиток на кранијалниот дел од клоаката се развива генитална
џумка (tuberculum genitale), а каудално настанува гениталната пукнатина, која бочно е ограничена со
генитални брчки (tori genitales).
- Од гениталната џумка кај женскиот пол се развиваат: клиторисот и малите усни од срамницата (labia
minora pudendi), додека од tori genitales се развиваат големите усни од срамницата (labia majora
pudendi).
- Од урогениталниот синус се развиваат предворјето на вагината (vestibulum vaginae), големите и
малите вестибуларни жлезди (gll. vestibulares majores et minores).
- Кај машкиот пол од tuberculum genitale се развива пенисот, а од tori genitales ce развива
спонгиозниот дел од уретрата и скротумот.
- Булборетралните жлезди (gll. bulborethrales) и простатата се развиваат од епителот на
урогениталниот синус.
1. ЖЕНСКИ ПОЛОВИ ОРГАНИ (ORGANA GENITALIA FEMININA)
- Женските полови органи според местополжбата се делат на
А. внатрешни женски полови органи (organa genitalia feminina interna) и
Б. надворешни женски полови органи (organa genitalia feminina externa).
А. ВНАТРЕШНИ ЖЕНСКИ ПОЛОВИ ОРГАНИ (ORGANA GENITALIA FEMININA INTERNA)
Во внатрешните женски полови органи спаѓаат:
1. јајчник (OVARIUM),
2. јајцевод (TUBA UTERINA - FALLOPPII),
3. матка или плодница (UTERUS) и
4. родница (VAGINA).
ЈАЈЧНИК (OVARIUM), ОВАРИУМ
- Јајчникот (ovarium) е герминативен орган во кој се создаваат и созреваат женските полови клетки,
јајце-клетка (ovum s. ovulum). Тој делува и како жлезда со внатрешна секреција лачејќи женски
полови хормони (foliculin и progesteron) кои ги одредуваат половите белези на жената.
СПУШТАЊЕ НА ОВАРИУМОТ (DESCENSUS OVARII)
- Во текот на развитокот овариумот како и тестисот кај мажите се наоѓа во слабинскиот дел од
ретроперитонеалниот простор, во кој останува сè до третиот месец од интраутериниот развиток.
- Потоа почнува спуштањето на овариумот кон карличната празнина, непосредно пред раѓањето да ја
заземе својата дефинитивна положба.
- Од долниот пол на овариумот се протега мускулно фиброзна врвка (gubernaculum) која раководи со
спуштањето на органот.
- Дел од губернакулумот срастува за бочниот дел од утерусот и ја гради chorda uteroovarica, која го
претставува подоцнежниот lig. ovarii proprium. Овој дел не дозволил понатамошно спуштање на
овариумот.
- Делот од губернакулумот што се протега од утерусот, минува низ ингвиналниот канал и завршува во
кожата од срамното брегче (mons pubis) и големите усни од срамницата (labia majora pudendi) ја чини
chorda uteroinguinalis, односно подоцнежниот lig. teres uteri.
ЛОКАЛИЗАЦИЈА НА ОВАРИУМОТ
- Овариумот е сместен во горнонадворешниот дел од перитонеалниот кат на карличната празнина,
бочно од утерусот, зад широката утерусна врска (lig. latum uteri), пред ректумот на 1-2 cm пред
сакроилијачниот зглоб, над spina ischiadica, под m. piriformis и јајцеводот кој го опфаќа однапред, горе и
одзади.
-До пубертетот или до првото породување јајчникот е сместен во плитка вдлабнатина што се наоѓа на
бочниот ѕид од перитонеалниот кат на карличната празнина во аголот меѓу а. iliaca externa и a, iliaca
interna во така наречена оваријална јама (fossa ovarica).
- Оваријална јама (fossa ovarica) претставува плитка перитонеална вдлабнатаина што се наоѓа на
бочниот ѕид од перитонеалниот кат на карлицата. Ограничена е однапред со задниот лист од широката
утерусна врска (lig. Latum uteri) и a. umbilicalis.
- Одзади со vasa iliaca interna и уретерот, одгоре со vasa iliaca externa и внатрешниот раб од m. psoas,
оддолу со почетокот на запречната артерија (a. obturatoria) и a. uterina и предниот раб од spina
ischiadica, а лежи на внатрешниот запречен мускул. Под перитонеумот на fossa ovarica минува n.
obturatorius.
(Блискиот сооднос на n. obturatorius со овариумот овозможува ширење (пропагирање) на болката
при воспалување на овариумот кон внатрешната страна на бутот по текот на неговата сензитивна
гранка n. cutaneus femoris medialis.)
- После пубертетот или првото породување, а особено кај повеќеротките (multipari), овариумот се
спушта кон дното на перитонеалниот кат од карлицата. Лежи најчесто латерално од ректоутерината
дипла (plica rectouterina) во така наречена Claudius-ова јама.
- Оваричната јама однапред е ограничена со утерус и a. uterina, одзади со работ од сакрумот, а долу и
внатре со plica rectouterina.
- Под перитонеумот од Claudius-овата јама минуваат седалните крвни садови. За време на гравидитет,
овариумот го следи наголемениот утерус до слабинскиот дел од абдоменот. Многу ретко може
овариумот да е сместен во еxcavatio rectouterina, a сосема ретко да се наоѓа пред lig. latum uteri.
ФОРМА И ДИМЕНЗИИ
- Овариумот има форма на мигдал, чијашто надолжна оска се протега косо одгоре, надвор и назад кон
долу, внатре и напред. Димензиите на овариумот варираат зависно од возраста и физиолошката
состојба на жената, а покажуваат и индивидуални варијации.
- Десниот овариум има нешто поголеми димензии во споредба со левиот.
- Кај новороденче овариумот е долг 19 mm, широк 6 mm, дебел 2,5 mm, а тежи 500 до 600 милиграми.
- Меѓу 8 и 10 година неговите димензии се: должина 26 mm, ширина 9 mm, дебелина 4,4 mm, а тежина
2 до 3 грама.
- Во пубертетот овариумот е долг 30 mm, широк 20 mm, дебел 9 mm и тежи 4 до 5 грама.
- Во фертилниот период на жената, овариумот е долг 40 mm, широк 25 mm, дебел 19 mm, а тежи 6 до 8
грама. За време на менструалниот циклус, овариумот ги наголемува своите димензии два до три пати.
- Во периодот на менопаузата тој атрофира и сите негови димензии се намалуваат. Неговата големина
во овој период е колку семка од слива и тежи 1 до 2 грама.
- До пубертетот овариумот има бледо-розова боја, за време на фертилниот период на жената тој е
розово-црвен, а во менопаузата има бледо-жолта боја.
- Површината на овариумот до пубертетот е мазна, потоа станува нерамна избраздена (gyri ovarii),
поради многубројните лузни што настануваат после прскањето на зрелите оваријални фоликули. Во
периодот на менопаузата овариумот станува тврд и мазен поради неговата атрофија.
ОПИС И СООДНОСИ
- Овариумот е ПАРЕН ОРГАН. На него се разликуваат: две страни - латерална и медијална, два раба -
преден и заден, и два пола - горен и долен.
1. СТРАНИ НА ОВАРИУМОТ
На овариумот се разликуваат две страни: а) надворешна (facies lateralis) и б) внатрешна страна (facies
medialis).
а) Надворешната страна (facies lateralis) од овариумот лежи во пертонеалната јама (fossa ovarica) што
се наоѓа на бочниот ѕид од перитонеалниот кат на карличната празнина. Оваа страна е конвексна и
преку перитонеумот што ја покрива јамата, овариумот е во сооднос со внатрешниот запречен мускул
(m. obturatorius internus) и неговата садовно-нервна петелка (а. v. et n. obturatorius).
б) Внатрешната страна (facies medialis) е помалку конвексна во однос на надворешната страна. Таа е
свртена кон утерусот и е во непосреден сооднос со јајцеводот и неговата перитонеална петелка
(mesosalpinx). Внатрешната страна од овариумот и перитонеалната петелка на јајцеводот одвнатре го
ограничуваат тубо-оваријалниот џеб (bursa ovarica).
2. РАБОВИ НА ОВАРИУМОТ
На овариумот се разликува два раба: а) преден (margo mesovaricus) и б) заден раб (margo liber).
а) Предниот раб на овариумом (margo mesovaricus) е опфатен меѓу двата листа од перитонеалната
дупликатура (mesovarium), која го поврзува со задниот лист од широката утерина врска (lig. latum
uteri). Меѓу двата листа се наоѓа вратата на овариумот (hilum s. hilus ovarii), низ која минува садовно-
нервната петелка на овариумот. На 1 до 2 мм зад предниот раб завршува мезовариумот на така
наречена бела линија (linea alba - Farre), зад која се продолжува епителната обвивка на овариумот
(epithelium ovarii), кој претставува трансформиран перитонеален ендотел. По должина на овој раб се
качува ампуларно проширениот дел од јајцеводот (ampulla tubae uterinae).
б) задниот раб (margo liber) е слободен конвексен и свртен кон ректумот. Неговиот горен дел е
опфатен од инфундибулумот на јајцеводот и неговите ресички (fimbriae tubae uterinae). Тој е во
сооднос со елементите што ја ограничуваат оваријалната јама и тоа vasa iliaca interna и уретерот,
десно со appendix vermiformis, а лево со colon sigmoideum.
3. ПОЛОВИ НА ОВАРИУМОТ
На овариумот се разликуваат два пола: а) горен (extremitas tubaria) и б) долен пол (extremitas uterina).
А) ГОРНИОТ ПОЛ (EXTREMITAS TUBARIA) е заоблен и свртен нагоре и наназад, а лежи под vasa iliaca
externa. Тој е опфатен од проширениот дел на јајцеводот (ampulla tubae uterinae). На горниот пол од
овариумот се прицврстуваат две врски: LIG. SUSPENSORIUM OVARII и FIMBRIA OVARICA.
Б) ДОЛНИОТ ПОЛ (EXTREMITAS UTERINA) од овариумот е остар и гледа долу и внатре (кон утерусот и
plica rectouterina). Често пати тој предизвикува плитка вдлабнатина на долниот дел од задниот лист од
lig. latum uteri. На овој пол се прицврстува LIG. OVARII PROPRIUM.
Овариумот заедно со јајцеводот (tuba uterina) чини клинички една целина позната како ADNEXA
UTERI. Според тоа соодносот на овариумот е идентичен со соодносот на јајцеводот.
ВРСКИ НА ОВАРИУМОТ (LIGG. OVARII)
Овариумот е поврзан со соседните органи и бочниот карличен ѕид со следниве врски:
1. сопствена врска на овариумот (LIG. OVARII PROPRIUM),
2. придржувачка врска на овариумот (LIG. SUSPENSORIUM OVARII),
3. оваријална ресичка (FIMBRIA OVARICA) и
4. мезовариум (MESOVARIUM).
- Врските на овариумот не го фиксираат органот, туку само ги ограничуваат неговите движења.
Овариумот е подвижен орган и ја менува положбата заедно со органите со кои е поврзан. (Овариумот
заедно со јајцеводот го следи растењето на гравидниот утерус. Само заболен овариум е фиксиран.)
1. СОПСТВЕНА ВРСКА НА ОВАРИУМОТ (LIG. OVARII PROPRIUM)
- Сопствената врска на овариумот (lig. ovarii proprium) е мускулно-фиброзна врвка, долга 30 до 35 mm,
дебела 3 до 4 мм. Таа се протега напречно или косо од долните делови на предниот раб и долниот пол
на овариумот (extremitas uterina) до задната страна од утериниот рог (cornu uterinum) непосредно под
јајцеводот.
- Lig. ovari proprium минува под задниот лист од широката утерина врска (lig. latum uteri)
предизвикувајќи истоимена перитонеална дипла (,,plica lig. ovarij proprii).
- Низ диплата минува и r. ovaricus од а. uterina.
- Lig. ovarii proprium e остаток од chorda uteroovarica, која го фиксира овариумот за рогот од утерусот и
оневозможува негово понатамошно спуштање.
2. ПРИДРЖУВАЧКА ВРСКА НА ОВАРИУМОТ (LIG. SUSPENSORIUM OVARII)
- Придржувачката врска на овариумот (lig. suspensorium ovarii) е изградена од сврзно ткиво и мазни
мускулни влакна коишто го следат текот на vasa ovarica.
- Лигаментот се протега одгоре и надвор во пределот на граничната линија (linea terminalis) кон долу,
напред и внатре до горниот пол на овариумот (extremitas tubaria).
- Елементите минуваат под перитонеумот, па затоа lig. suspensorium ovarii е перитонеална дипла
предизвикана со текот на vasa ovarica. Левиот lig. suspensorium ovarii е во сооднос со илијачниот дел
од colon sigmoideum, а десниот со перитонеалната дупликатура од appendix vermiformis.
3. ОВАРИЈАЛНА РЕСИЧКА (FIMBRIA OVARICA)
Оваријалната ресичка (fimbria ovarica) е најдолгата ресичка на инфунди булумот од јајцеводот, која го
поврзува инфундибулумот со горниот дел од задниот раб (margo liber) од овариумот. Fimbria ovarica ја
прифаќа зрелата јајце клетка и ја пренесува до абдоминалниот отвор од јајцеводот (ostium
abdominale tubae uterinae).
4. МЕЗОВАРИУМ (MESOVARIUM)
Мезовариумот (mesovarium) е куса сагитална перитонеална дупликатура која го поврзува предниот
раб (margo mesovaricus) со задниот лист од широката плоднична (матерична) врска (lig. latum uteri).
Двата листа од мезовариумот го ограничуваат hilum ovarii, низ кој минува садовно-нервната петелка
на овариумот.
ГРАДБА НА ОВАРИУМОТ
- Овариумот е екстраперитонеален орган иако лежи во перитонеалниот кат од карличната празнина.
- Неговата слободна површина е покриена со еднослоен кубичен епител кој ја гради епиталната
обвивка на овариумот (epithelium ovarii).
- Оваа обвивка во пределот на белата линија на Farre кај мезоваричниот раб од овариумот се
продолжува во ендотелот на перитонеалната дупликатура на овариумот (mesovarium).
- Таа претставува трансформиран перитонеум кој во текот на ембрионалниот развиток го покривал
овариумот.
- Под епиталната обвивка се наоѓа тенок слој од сврзно ткиво кое ја гради сврзната обвивка на
овариумот (tunica albuginea).
- Под tunica albuginea се наоѓа јајничкото ткиво кое е богато со сврзно ткиво и ја гради стромата на
овариумот (stroma ovarii).
СТРОМА НА ОВАРИУМОТ (STROMA OVARII)
- Стромата на овариумот се состои од:
1. оваријалната кора (CORTEX OVARII) и
2. срцевина (MEDULLA OVARII).
- Степенот на развитокот на кората и медулата од овариумот зависат од возраста, физиолошката
состојба на жената, а исто така, покажуваат и индивидуални варијации.
1. КОРА НА ОВАРИУМОМ (CORTEX VERIL).
- Таа се наоѓа под сврзната обвивка на овариумот (tunica albuginea). Дебела е само 1-2 mm. Има облик
на потковица која ја опкружува медулата на овариумот, чии краци завршуваат во пределот на hilum
ovarii.
ФОЛИКУЛИ
- Во кората на овариумот се наоѓаат, во сите фази на развиток, оваријалните фоликули (folliculi ovarici),
како и нивни остатоци во вид на белези (лузни).
- Во кората на овариумот кај секое женско новороденче се наоѓаат 300 000 до 400 000 оваријални
фоликули.
- До пубертетот, во најголем број од фоликулите, јајце-клетката се ресорбира и дегенерира, па
нивниот број се намалува на 30 000 до 40 000 оваријални фоликули.
- Во текот на генеративниот период овој број успева да созреат само 350 до 400 оваријални фоликули.
- Фоликулите со помали димензии и незрели јајце-клетки се наречени примарни оваријални
фоликули (folliculi ovarici primarii) и се наоѓаат на површината од кората на овариумот.
- Додека покрупните фоликули во кои јајце-клетката се наоѓа во различни фази на развитокот, се
наоѓаат подлабоко во кората од овариумот.
- Зрелите фоликули содржат фоликуларна течност и зрела јајце-клетка, а достигнуваат големина на
зрно грозје (1-2 см) - тoa ce folliculi ovarici vesiculosi Graafi.
- Зрелите фоликули ја потискаат кората, се приближуваат кон површината од овариумот, ја
испакнуваат и прскаат.
- Прскањето на зрелиот фоликул настанува на средината од менструалниот циклус.
- Зрелата јајце-клетка излегува од фоликулот и доаѓа во перитонеалната празнина, каде е прифатена
од оваријалната ресичка (fimbria ovarica) и спроведена до абдоминалниот отвор од јајцеводот (ostium
abdominale tubae uterinae).
- Местото на прснатиот фоликул се исполнува со крв и го гради црвеното тело (corpus rubrum), од него
се развива ако не настанало оплодување, жолтото тело на менструацијата (corpus luteum cyclicum s.
menstruationis) или, пак, ако дојде до оплодување, се развива жолтото тело на бременоста (corpus
luteum graviditatis) кое перзистира до крајот на бременоста.
- Жолтите тела делуваат како жлезди со внатрешна секреција. По атрофирањето на жолтото тело на
негово место настанува бело тело (corpus albicans).
- Белото тело (corpus albicans) како и фоликулите што атрофирале до добата на пубертетот (corpus
atreticum) ги градат лузните на површината до добата на пубертетот (corpus atretikum) ги градат
лузните на површината од овариумот (gyri ovarii).
- Созревањето на фоликулот, неговото прскање и попраѓање, го чини оваријалниот циклус.
2. СРЦЕВИНА НА ОВАРИУМОТ (MEDULLA OVARII). Hа срцевината од овариумот отпаѓа поголем дел од
стромата на овариумот. Таа е изградена од сврзно ткиво, еластични влакна, мазни мускулни влакна,
крвни садови, лимфни садови и нерви кои преку хилусот на овариумот влегуваат или излегуваат од
него.
САДОВИ, ЛИМФАТИЦИ И НЕРВИ
АРТЕРИИ. Васкуларизацијата на овариумот потекнува од: 1. A. OVARICA u 2. RAMUS OVARICUS A.
UTERINAE.
1. A. OVARICA е парна висцерална гранка на aorta abdominalis. Bо карличната празнина таа навлегува
подигајќи го перитонеумот од граничната линија до горниот пол на овариумот како lig. suspensorium
ovarii. Во таа висина од неа се одделува тубарното гранче (z. tubarius), a a. ovarica навлегува меѓу двата
листа од мезовариумот каде анастомозира со . varicus од артерија утерина.
2. REMUS OVARICUS A. UTERINAE претставува завршна гранка на утерусната артерија. Се одделува од
утерусната артерија во висина на рогот од утерусот и се протега кон долниот пол на овариумот под
перитонеумот од задниот лист на широката утерусна врска заедно со lig. ovarii proprium. Од висината на
долниот пол од овариумот ramus ovaricus навлегува во мезовариумот каде анастомозира co a. ovarica.
(Двојната артериска васкуларизација на овариумот, овозможува при хистеректомија и подврзување на
а. uterina, тој да може да остане без промени во неговата васкуларизација).
ВЕНИ. Во пределот на hilum ovarii меѓу двата листа од мезовариумот се наоѓа богато развиена венска
мрежа (plexus ovaricus s. pampiniformis). Од неговиот латерален крај се одделуваат VV. OVARICAE кои ја
придружуваат a. ovarica, a ja одведуваат венската крв во стеблото на V. CAVA INFERIOR. Од
медијалниот крај на plexus ovaricus се одделуваат гr. ovarici кои претставуваат почетни гранки на vv.
uterinae.
ЛИМФАТИЦИ НА ОВАРИУМОМ. Лимфотекот на овариумот поаѓа од богато развиена мрежа што се
наоѓа во срцевината и кората на овариумот. Од нив во пределот на hilum ovarii настанува добро
развиен лимфатичен оваријален сплет. Од латералниот крај на сплетот се одделуваат лимфни садови
кои ги придружуваат а. et v. ovarica и ја одведуваат лимфата во предаортичните и парааортичните
лимфни јазли (nodi lymphatici praeaortici et paraaortici. Од медијалниот крај на сплетот се одделуваат
лимфни садови кои го придружуваат r. ovaricus a. uterinae и ја доведуваат лимфата во параутерините
лимфни јазли (nodi lymphatici parauterini), а од нив понатаму лимфата се одведува во лумбалните,
внатрешните и надворешните илијачни јазли (nodi lymphatici lumbales, u nodi lymphatici iliaci interni et
externi).
НЕРВИ НА ОВАРИУМОТ. Овариумот има двојна инервација. Инервиран е од PLEXUS OVARICUS и
PLEXUS HYPOGASTRICUS INFERIOR. Оваријалниот сплет (plexus ovaricus) претставува одводен сплет од
вегетативниот абдоминален сплет (plexus coeliacus). Оваријалниот сплет ја придружува a. ovarica и во
пределот на мезовариумот тој анастомозира со гранките на plexus uterovaginalis кој, пак, е одводен
сплет од plexus hypogastricus inferior.
ЈАЈЦЕВОД (TUBA UTERINA - FALLOPPI S. SALPINX)
- Јајцеводот (tuba uterina) е парен мускулно-лигавичен канал. Јајцеводот се протега речиси
хоризонтално бочно од обете страни на дното од утерусот (fundus uteri) сè до овариумот каде
завршува со својот слободно проширен крај (infundibulum tubae uterinae). Медијалниот дел од
јајцеводот преку утерусниот отвор (ostium uterinum tubae) се отвора во празнината на утерусот (cavitas
uteri), додека латералниот крај преку абдоминалниот отвор на јајцеводот (ostium abdominale tubae
uterinae) се отвора во перитонеалната празнина. Јајцеводот има задача да ја прифати зрелата јајце-
клетка и со перисталтичките контракции ја пренесе до празнината на утерусот (cavitas uteri). Воедно,
таа ги спроведува и сперматозоидите во спротивна насока од празнината на утерусот кон
надворешната третина од tuba uterina каде најчесто настанува оплодувањето. Патувањето на јајце
клетката низ јајцеводот трае 3-5 дена. Преку празнината на јајцеводот се пренесуваат и воспалителни
процеси од надворешната средина кон внатре.
ПОЛОЖБА И НАСОКА НА TUBA UTERINA
- Јајцеводот е сместен во горниот слободен раб од широката утерусна врска (lig. latum uteri).
- Лежи во ПОТПЕРИТОНЕАЛНИОТ КАТ од карличната празнина, но го потиска и подига перитонеумот
од карличното дно и навлегува во перитонеал ниот кат на карличната празнина.
- Медијалниот дел од јајцеводот почнува од горно-надворешниот агол на утерусот и се протега
хоризонтално кон назад и надвор до утерусниот пол од овариумот (extremitas uterina). Во таа висина
јајцеводот ја менува насоката, се качува вертикално по предниот раб од овариумот, сè до горниот пол
од овариумот (extremitas tubaria) каде гради свиок во вид на латинската буква „U“ со конкавитет
свртен надолу, со кој го опфаќа тубарниот пол од овариумот однапред, одгоре и одзади.
- Потоа јајцеводот инкасто се проширува (infundibulum tubae uterinae) и се спушта вертикално надолу и
наназад по горно внатрешниот дел од слободниот раб (margo liber) од овариумот.
ДИМЕНЗИИ И ДЕЛОВИ НА TUBA UTERINA
Јајцеводот е долг 10-15 см. Десниот има поголема должина во споредба со левиот. Пречникот на
луменот се движи од 1 mm до 8 mm во зависност од топографскиот дел на tuba uterina.
На јајцеводот ОДЕЈЌИ ОД МЕДИЈАЛНО КОН ЛАТЕРАЛНО се разликуваат следниве топографски делови:
1. утерусен отвор на туба утерина (OSTIUM UTERINUM TUBAE),
2. утерусен дел (PARS UTERINA),
3. теснец на јајцеводот (ISTHMUS TUBAE UTERINAE),
4. ампуларно проширен дел на јајцеводот (AMPULLA TUBAE UTERINAE),
5. инкаст дел од јајцеводот (INFUNDIBULUM TUBAE UTERINAE),
6. абдоминален отвор на јајцеводот (OSTIUM ABDOMINALE TUBAE) и
7. ресички на јајцеводот (FIMBRIAE TUBAE UTERINAE).
1. УТЕРУСНИОТ ОТВОР НА ЈАЈЦЕВОДОТ (OSTIUM UTERINUM TUBAE) е во вид на тесен процеп (0,5-1
mm), поширок кај мултипарите во споредба со нулипарите. Преку овој отвор јајцеводот се отвора во
празнината на утерусот (cavitas uteri). Отворот е тешко забележлив бидејќи нормално е затворен со
лига (слуз).
2. МАТЕРИЧЕН ДЕЛ ОД ЈАЈЦЕВОДОТ (PARS UTERINA TUBAE UTERINAE). Овој дел од јајцеводот минува
низ мускулниот ѕид на утерусот. Тој е долг 1 см. Има облик на инка чиј врв го чини утерусниот отвор
од јајцеводот, а базата се протега во пределот на рогот од утерусот (cornu uterinum).
3. ТЕСНЕЦ НА ЈАЈЦЕВОДОТ (ISTHMUS TUBAE UTERINAE). Теснецот на јајцеводот се протега од рогот на
утерусот, хоризонтално нанадвор до утерусниот пол од овариумот. Тој е долг 3-4 см, а има пречник од
2-2,5 mm.
4. АМПУЛАРНО ПРОШИРЕН ДЕЛ ОД ЈАЈЦЕВОДОТ (AMPULLA TUBAE UTERINAE). Ампулата од јајцеводот
е најдолгиот нејзин дел. Таа е долга 7-8 см, а има пречник 3-4 mm во неговиот медијален дел до 7-8
mm во латералниот дел. Овој дел од јајцеводот се протега вертикално нагоре пред предниот раб на
овариумот од неговиот долен пол кон горниот пол од овариумот, каде јајцеводот лачно свива и со
конкавитетот го опфаќа горниот пол на овариумот.
5. ИНКАСТ ДЕЛ ОД ЈАЈЦЕВОДОТ (INFUNDIBULUM TUBAE UTERINAE). Овој дел од јајцеводот го чини
латералниот завршен и инкасто проширен дел на јајцеводот. Тој е насочен вертикално надолу и
прилепен на надворешната страна од задниот раб на овариумот.
6. АБДОМИНАЛЕН ОТВОР НА ЈАЈЦЕВОДОТ (OSTIUM ABDOMINALE TUBAE UTERINAE). Абдоминалниот
отвор на јајцеводот е во вид на пукнатина со пречник од 2 mm. 2 Тој се наоѓа на дното од
инфундибулумот. Преку овој отвор перитонеалната празнина (cavum peritonei) кај жена комуницира
со надворешната средина поради што се почести воспаленијата на перитонеумот кај жените во
споредба со мажите, каде перитонеалната празнина е потполно затворена.
7. РЕСИЧКИ ЈА ЈАЈЦЕВОДОТ (FIMBRIAE TUBAE). Околу абдоминалниот отвор од јајцеводот, од
слободниот раб на инфундибулумот, најчесто во еден, а може во два или три реда, се протегаат 10-15
ресички (fimbriae tubae). Ресичките се долги 12-15 mm, освен една која е ДВОЈНО ПОДОЛГА (3 cm), а
тоа е така наречената ОВАРИЈАЛНА РЕСИЧКА (FIMBIRA OVARICA). Оваријалната ресичка се протега од
инфундибулумот до тубарниот пол од јајцеводот. Таа налегнува на површината од овариумот на
местото каде созрева и прска зрелиот Graaf-ов фоликул. Бидејќи Graaf-овите фоликули заземаат
различни места од површината на овариумот, така и оваријалната ресичка го менува местото на кое
налегнува на површината од овариумот. Сè уште не е познато што е тоа што овозможува оваријалната
ресичка да го менува местото и се поставува на површината од овариумот каде прска Graaf-овиот
фоликул. Со своето треперење таа ја вшмукува јајце-клетката и ја спроведува до абдоминалниот
отвор на јајцеводот.
СООДНОСИ НА ЈАЈЦЕВОДОТ
- Јајцеводот опфаќајќи го овариумот однапред, одгоре и одзади чини со него една целина позната во
клиниката како adnexa uteri.
- Овие два органа ниту при лекарски преглед (со палпација) не можат да се одделат.
- Јајцеводот ги придружува сите промени на положбата на овариумот, и доаѓа во сооднос со витките
од тенките црева, десно со appendix vermiformis, a лево со colon sigmoideum.
- Многу ретко тие може да бидат во соодноси со предната страна од ректумот, доколку adnexa uteri се
наоѓаат во ректоутериниот џеб (excavatio rectouterina).
- Adnexa uteri, при нормална положба на утерусот (anteversio et anteflexio) се наоѓаат зад и бочно од
утерусот.
ПЕРИТОНЕУМ НА ЈАЈЦЕВОДОТ
- Јајцеводот лежи бочно од утерусот под перитонеумот на карличното дно. Тој го подига и потиска
перитонеумот како „чаршаф што се суши на јаже" и навлегува во перитонеалниот кат од карличната
празнина.
- Тој е содржан во горниот слободен раб од lig. latum uteri и обложен со перитонеум однапред, одгоре
и одзади, освен оддолу.
- Медијално перитонеумот од јајцеводот се продолжува со перитонеумот што го обложува утерусот, а
латерално завршува на слободниот раб од ресичките (fimbriae tubae).
- Кон долу предниот и задниот лист од перитонеумот под долниот дел од јајцеводот се продолжува до
пределот на овариумот со перитонеална дупликатура на јајцеводот (mesosalpinx).
- Меѓу двата листа од мезосалпинксот минува садовно-нервната петелка од јајцеводот. Во него се
наоѓаат и закржлавени остатоци од Wolff-овиот канал, како epoophoron paraoophoron appendices
vesiculosae dictus epoophoritis longitudinalis и ductuli transversi.
(Од овие закржлавени органи може да се развијат големи параоваријални цисти, исполнети со неколку
литри бистра течност).
ВНАТРЕШЕН ИЗГЛЕД НА ЈАЈЦЕВОДОТ
- Во кавитетот од јајцеводот се наоѓаат голем број лонгитудинално поставени лигавични дипли (plicae
tubariae). Висината на диплите достигнуваат до 4 mm. Највисоки се во ампуларниот дел од јајцеводот
(plicae ampullares), каде го исполнуваат луменот од ампулата.
- Нивната висина се намалува кон теснецот на јајцеводот, а ги нема во утерусниот дел.
- Во доба на менопаузата се намалува бројот и висината на лигавичните дипли во јајцеводот.
- Преку празнината од јајцеводот, перитонеалната празнина кон внатре комуницира со празнината од
утерусот, вагината и надворешната средина.
(Тоа е патот преку кој се пренесуваат и инфекциите кон перитонеалната празнина кај жените.
- Непроодноста на јајцеводот било да е стекната или вродена (atresio tubae uterinae) доведува до
неплодност (стерилитет).
ГРАДБА НА ЈАЈЦЕВОДОТ
- Ѕидот од јајцеводот има дебелина од 2-3 mm. Toj е изграден ОДЕЈЌИ ОД ВНАТРЕ КОН НАДВОР од:
1. лигавична обвивка (TUNICA MUCOSA),
2. мускулна обвивка (TUNICA MUSCULARIS),
3. потперитонеален сврзен слој (TELA SUBSEROSA) и
4. надворешна серозна обвивка (TUNICA SEROSA).
1. ЛИГАВИЧНА ОБВИВКА (TUNICA MUCOSA)
- Лигавицата на јајцеводот налегнува на длабоката страна од мускулната обвивка на јајцеводот.
Според некои автори меѓу нив се наоѓа тенок слој од сврзно ткиво кое овозможува создавање на
бројни лонгитудинални лигавични дипли (plicae tubariae), особено изразени во ампуларниот дел од
јајцеводот. Затоа празнината на јајцеводот на пресек има ѕвездест изглед.
- Лигавицата е изградена од еднослоен цилиндричен епител со трепки чии треперења се насочени
кон утерусот.
- Треперењата на трепките и перисталтичките контракции на мускулната обвивка од јајцеводот ја
придвижуваат јајце-клетката кон празнината на утерусот. Лигавицата кон внатре се продолжува со
лигавицата од утерусот (endometrium), а латерално таа завршува на слободните рабови од ресичките
(fimbriae tubariae) каде се продолжува со перитонеумот што ги обложува однадвор ресичките.
- Оштетувањата на лигавицата од јајцеводот може да ја задржат оплодената јајце-клетка, да вгнездат
и дозволат развиток до одредена степен на плодот. Тогаш настанува тубарна бременост (graviditas
tubaria). Во такви случаи најчесто настанува прскање на јајцеводот со излив на големо количество крв
во перитонеалната празнина. Многу ретко е можно оплодување на јајце-клетката, нејзино
вгнездување во перитонеалната празнина или на самиот овариум (graviditas abdominalis или пак
graviditas ovarica). Сите тие бремености се наоѓаат надвор од утерусот и претставуваат graviditas
extrauterina.
2. МУСКУЛНА ОБВИВКА НА ЈАЈЦЕВОДОТ (TUNICA MUSCULARIS)
- Мускулната обвивка на јајцеводот е добро развиена во медијалниот дел а постепено се намалува кон
латералниот крај од јајцеводот. Таа е изградена од три слоја мазни мускулни влакна:
а) надворешен потсерозен надолжен слој,
б) среден најдебел кружен слој кој се продолжува во средниот слој од миометиумот на утерусот и
в) внатрешен подлигавичен надолжен слој, кој е добро развиен само во утерусниот дел (pars uterina)
и теснецот (isthmus tubae uterinae) од јајцеводот. Перисталтичките движења на мускулната обвивка од
јајцеводот ја потискаат јајце-клетката од инфундибулумот кон утерусниот дел на јајцеводот.
3. ПОМЕРИТОНЕАЛЕН СЛОЈ (TELA SUBSEROSA)
- Изградена е од тенок слој сврзно ткиво кое овозможува одделување на перитонеумот од мускулната
обвивка на јајцеводот.
4. СЕРОЗНА ОБВИВКА (TUNICA SEROSA) го гради перитонеумот што ја обложува tuba uterina однапред,
одгоре и одзади. Надолу таа продолжува со перитонеалната дупликатира на јајцеводот (mesosalpinx).
САДОВИ, ЛИМФАТИЦИ И НЕРВИ
АРТЕРИИ: Јајцеводот е васкуларизиран од артериската аркада која лежи во месосалпинксот, а ја
градат: r. tubarius a. uterinae и r. tubarius a. ovaricae.
- Ramus tubarius a. uterinae претставува главен крвен сад на јајцеводот. Тој се протега во медијалната
половина од месосалпинксот, додека r. tubarius a. ovaricae се протега во латералниот дел од
месосалпинксот и е многу послабо гранче.
ВЕНИ: Вените на јајцеводот поаѓаат од богато развиен венски сплет (plexus tubarius s. pampiniformis),
локализиран меѓу двата листа од месосалпинксот. Од неговиот медијален дел венската крв се
одведува во почетокот на VV. UTERINAE, додека од неговиот латерален дел венската крв се одведува
во VV. OVARICAE.
ЛИМФНИ САДОВИ: Лимфотекот на јајцеводот почнува од богато развиената лимфатична мрежа на
лигавицата и мускулната обвивка на јајцеводот од каде лимфата се одведува навнатре кон лимфните
садови на утерусот, а од надворешниот дел кон лимфните садови што го следат текот на а. ovarica.
Лимфата од јајцеводот се одведува според тоа кон лимфните јазли околу аортата (nodi lymphatici
paraortici et praeaortici) и nodi lymphatici lumbales et iliaci interni et externi.
НЕРВИ: Нервите на јајцеводот доаѓаат преку садовните петелки. Поголемиот медијален дел од
јајцеводот е инервиран од plexus uterovaginalis, одводен сплет на plexus hypogastricus inferior, a
латералниот дел добива инервација од plexus ovaricus кој е одводен сплет на plexus coeliacus.
MATKA (ПЛОДНИЦА) - UTERUS S. METRA
МАТКА (ПЛОДНИЦА)
- Матката (uterus s. metra) претставува непарен мускулно-лигавичен орган.
- Сместена е во средишна линија од ПОТПЕРИТОНЕАЛНИОТ КАТ на карличната празнина на еднаква
оддалеченост од симфизата и крсната коска, а под рамнината на горниот карличен отвор.
- Матката има задача да ја прими оплодената јајце клетка, да ја вгнезди во својата лигавица и да
овозможи развиток на зачетокот (embrion) за време на интраутериниот развиток сè додека тој не
созрее и стане способен за надворешен самостоен живот.
- Потоа под дејство на сопствениот мускулен sид и мускулите од предно-надворешниот стомачен ѕид го
овозможи актот на раѓање.
ЛОКАЛИЗАЦИЈА
- Матката се наоѓа ПРЕД ректумот, ЗАД мочниот меур (vesica urinaria), НАД вагината, ВНАТРЕ и ПРЕД
јајцеводите (tubae uterinae), а ПОД перитонеумот што го покрива карличното дно и навлегува со
најголем дел во перитонеалниот кат од карличната празнина.
ФОРМА И ДИМЕНЗИИ
- Матката има форма на шуплив конус или круша, сплесната однапред кон назад.
- Проширениот дел од утерусот е свртен нагоре и нанапред, а потесниот спрема долу и назад.
- Формата и димензиите на утерусот се променливи и зависат од возраста и физиолошката состојба на
жената.
- За време на овулација, во предменструалниот период и за време на менструација тој се ЗГОЛЕМУВА.
- За време на менопауза утерусот постапно инволуира. Неговите димензии се намалуваат, а
конзистенцијата се зголемува.
- Должината на утерусот кај новороденче изнесува 3,5-4,0 cm, а тежи околу 2 g. По раѓањето настанува
инволуција на утерусот, па неговата должина се намалува и изнесува 2,5 см.
- Во раното детство утерусот има долгнавеста форма, лесно вдлабнат однапред кон назад.
- Во периодот меѓу 8-9 год. телото од утерусот има топчеста форма, а во добата на пубертетот (12-14
год.) добива крушовидна форма како и кај возрасните.
- Кај жените што не раѓале (nullipari) утерусот е долг 60-70 mm (од кое 35 мм отпаѓа на телото, 25 mm
на утерусниот врат и 5 mm на утерусниот теснец). Ширината на утерусното дно изнесува 38-40 mm,
ширината на вратот 20 mm, а дебелината на утерусниот ѕид 20-25 mm. Тежината на утерусот изнесува
40 g.
- Кај жените што раѓале (multipari) утерусот е долг 80-90 mm (од кое 55 mm отпаѓа на телото, 25 mm на
утерусниот врат и 8 mm на утерусниот теснец). Ширината на утерусното дно изнесува 50-55 mm, а
ширината на утерусниот врат 30 mm. Дебелината на утерусниот ѕид изнесува 30-35 mm и тежи околу
60g.
ДЕЛОВИ НА УТЕРУСОТ (МАТКАТА)
На утерусот разликуваме:
1. тело на утерусот (CORPUS UTERI),
2. теснец на утерусот (ISTHMUS UTERI) и
3. врат на утерусот (CERVIX UTERI).
1. ТЕЛО НА УТЕРУСОТ (CORPUS UTERI)
- Телото на утерусот го гради горниот најволуминозен дел од утерусот.
- На него припаѓаат горните две третини од утерусот. Тоа има триаглеста форма чиј врв е свртен надолу
и продолжува со утерусниот теснец.
- Базата на телото од утерусот е свртена нагоре и нанапред.
- На телото разликуваме: а) страни, б) рабови и в) утерусно дно (fundus uteri).
A) СТРАНИ НА ТЕЛОТО ОД УТЕРУСОТ
На телото од утерусот се опишуваат две страни:
1. ПРЕДНА СТРАНА ОД ТЕЛОТО НА УТЕРУСОТ (FACIES VESICALIS) кај нулипарите е рамна, а кај
мултипарите е конвексна. Со оваа страна телото на утерусот налегнува повеќе или помалку на задната
страна од мочниот меур во зависност од исполнетоста на ректумот со фекална маса, како и на везика
уринарија со урина.
2. ЗАДНА ИЛИ ИНТЕСТИНАЛНАТА СТРАНА ОД ТЕЛОТО НА УТЕРУСОТ ( FACIES INTESTINALIS) е конвексна.
Конвекситетот на страната е дотолку поголем доколку жената повеќе раѓала. Ова страна стапува во
сооднос со витките на тенките црева, а гледа кон предната страна на ректумот.
Б) РАБОВИ НА ТЕЛОТО ОД УТЕРУСОТ (MARGINES UTERI).
Рабовите на телото од утерусот (margo dexter et sinister) настануваат на преминот на предната во
задната страна. Кај нулипарите рабовите се рамни, додека кај мултипарите тие се конвексни.
Горниот дел од работ, на местото каде јајцеводот навлегува во утерусот е наречен УТЕРУСЕН РОГ
(CORNU UTERI).
В) ДНО НА УТЕРУСОТ (FUNDUS UTERI).
Дното на утерусот го претставува горниот проширен дел од телото на утерусот што се наоѓа над
утерусниот отвор на јајцеводот (ostium uterinum tubae uterinae). Кај нулипарите утерусното дно е
рамно, а кај мултипарите тоа е конвексно. Граница меѓу дното на утерусот (fundus uteri) и телото на
утерусот (corpus uteri) чинат роговите на утерусот (cornua uteri). На предната страна од утерусните
рогови се прицврстува валчестата утерусна врска (lig. teres uteri), а на задната страна сопствената врска
на овариумот (lig. ovarii proprium).
2. УТЕРУСЕН ТЕСНЕЦ (ISTHMUS UTERI)
- Утерусниот теснец (isthmus uteri) го поврзува долниот стеснет дел од телото на утренсот (врвот на
телото) со горниот дел од утерусниот врат (cervix uteri).
- На предната страна од утерусот, границата меѓу утерусниот теснец и телото на утерусот е означена со
хоризонтална линија по должината на која перитонеумот од задната страна на везика уринарија
преминува на предната страна од телото на утерусот формирајќи го везикоутерусниот џеб (excavatio
vesicouterina). Утерусниот теснец е долг околу 6 mm.
(Утреусниот теснец во гинекологијата е познат како долен утерусен сегмент кој може да прсне за
време на актот на породување.)
3. ВРАТ НА УТЕРУСОТ (CERVIX UTERI)
- Вратот на утерусот (cervix uteri) претставува долен цилиндричен дел на утерусот. Вратот на утерусот
(cervix uteri) кај новороденчињата има поголема должина од телото на утерусот.
- Кај нулипарите неговата должина е половина од должината на телото на утерусот и изнесува околу 3
см. Кај мултипарите вратот на утерусот има конусна форма, а неговата должина изнесува 1/3 од
должината на телото на утерусот и изнесува околу 2 см.
- На надворешната страна од вратот на утерусот се припојува горниот крај на вагината.
- Припојот на горниот крај на вагината е кос и се протега однапред и долу кон назад и горе.
- Вратот на утерусот со косиот припој на горниот крај од вагината е поделен на:
а) горен или надвагинален дел (portio supravaginalis) и
б) долен или вагинален дел (portio vaginalis).
А) ГОРЕН ИЛИ НАДВАГИНАЛЕН ДЕЛ НА ВРАТОТ (PORTIO SUPRAVAGINALIS). Овој дел го чинат горните
две третини од вратот на утерусот што се наоѓаат над припојот на горниот крај од вагината. Предната
страна од portio supravaginalis cervicis налегнува на дното од мочниот меур (fundus vesicae urinariae).
Б) ДОЛЕН ИЛИ ВАГИНАЛЕН ДЕЛ НА ВРАТОТ (PORTIO VAGINALIS). Вагиналниот дел на вратот од утерусот
ја чини долната третина од утерусниот врат што се наоѓа под припојот на горниот крај на вагината.
- Тој лежи во празнината од горниот дел на вагината и со ѕидот на вагината ограничува свод на
вагината (fornix vaginae).
- Задната страна на вагиналниот дел од вратот е подолга во споредба со предната страна. На долниот
дел од portio vaginalis cervicis се наоѓа утерусниот отвор (ostium uteri).
- Утерусниот отвор е свртен кон задниот ѕид од задниот вагинален свод (pars posterior fornicis), а лежи
во висина на долниот раб од симфизата.
- Утерусниот отвор (ostium uteri), кај нулипарите има кружна или овална форма, а кај мултипарите тој е
во вид на напречна пукнатина долга 15-20 mm. Ограничен со две усни: предна (labium anterius) и
задна (labium posterius). Задната усна е подолга, подебела и нешто повисоко поставена во споредба
со предната усна. Кај нулипарите рабовите од усните се мазни, додека кај мултипарите тие се
нерамни од лузните што настанале по прскањето на рабовите по породувањето поради што отворот
добива ѕвездеста форма. Во периодот на менопаузата portio vaginalis cervicis aтрофира, утерусниот
отвор станува во вид на точка или пак во целост облитерира.
ШУПЛИНА НА УТЕРУСОТ (CAVITAS UTERI) (МАТКАТА)
- Шуплината на утерусот (cavitas s. cavum uteri) е долга 6-7 см. Шуплината на утерусот е поделена
според деловите на утерусот на:
1. шуплина на телото од утерусот (CAVITAS CORPORIS UTERI),
2. канал на теснецот на утерусот (CANALIS ISTHMI) и
3. канал на вратот од утерусот (CANALIS CERVICIS).
1. ШУПЛИНА НА ТЕЛОТО ОД УТЕРУСОТ (CAVITAS CORPORIS UTERI). Шуплината на телото од утерусот на
фронтален пресек има форма на триаголник со врв свртен надолу кон каналот на теснецот од утерусот.
Базата на шуплината е свртена нагоре кон дното од утерусот.
- На аглите од базата се наоѓаат утерусните отвори од јајцеводите (ostia uterina tubae uterinae).
Страните од шуплината се конвексни кон внатре кај нулипарите, а конкавни кон внатре кај
мултипарите.
- Базата на cavitas corporis uteri е широка 20-25 mm, а врвот од шуплината има ширина од 3 mm.
- Висината на шуплината кај нулипарите изнесува 25-35 mm, а кај мултипарите таа е 45-55 mm.
- Волуменот на шуплината од телото на утерусот кај нулипарите изнесува 2-5 см3, а кај мултипарите е
5-8 cm3. Cavitas corporis uteri, e виртуелна шуплина, предниот ѕид налегнува на задниот ѕид од телото,
затоа на сагитален пресек шуплината има форма на вертикална пукнатина.
2. КАНАЛ НА ТЕСНЕЦОТ ОД УТЕРУСОТ (CANALIS ISTHMI). Каналот има должина од 5-6 mm. Тој ги
поврзува шуплината на телото од утерусот (cavitas corporis uteri) со каналот од вратот на утерусот
(canalis cervicis).
3. КАНАЛ НА ВРАТОТ ОД УТЕРУСОТ (CANALIS CERVICIS). Canalis cervicis има вретеновидна форма. Тој е
долг околу 25-30 mm. Горниот стеснет дел од каналот што го поврзува со каналот од теснецот на
утерусот го претставува внатрешниот отвор на каналот (orificium internum canalis cervicis). Долниот
стеснет дел од каналот го гради надворешниот отвор на каналот (orificium externum canalis cervicis),
кој се отвора на долниот дел од porcio vaginalis cervicis и го претставува утерусниот отвор (ostium uteri),
преку кој canalis cervicis комуницира со вагината.
HACOKA HА УТЕРУСОТ (МАТКАТА)
- Утерусот во карлицата не лежи вертикално, туку во целост е наклонета кон напред (anteversio uteri).
- Исто така телото на утерусот (corpus uteri) е свиено кон напред во однос на вратот (cervix uteri)
формирајќи умерена антефлексија (anteflexio uteri).
- Поради ваквата насока на утерусот, тој налегнува на задната страна од мочниот меур.
- Според тоа, нормалната насока на утерусот е умерена антеверзија и антефлексија.
- Под ANTEVERSIO UTERI ce разбира тапиот агол отворен нанапред што го гради оската на утерусниот
врат (cervix uteri) со надолжната оска на вагината. При ваква положба на утерусот, portio vaginalis
uteri е свртен кон задниот ѕид од вагината (paries posterior vaginae).
- Под ANTEFLEXIO UTERI се подразбира тапиот агол отворен нанапред што го гради оската на телото од
утерусот (corpus uteri) со надолжната оска од вратот на утерусот (cervix uteri). Утерусот непрестајно ја
менува својата насока кон напред или кон назад, во зависност од волуменот на мочниот меур и
ректумот, како и од положбата на телото на жената. Нормално утерусот лежи во средишна линија од
карлицата, но може да биде и изместен од средишната линија (lateropositio) кон лево или десно.
СООДНОСИ НА УТЕРУСОТ (МАТКАТА)
СИНТОПСКИ СООДНОСИ НА УТЕРУСОТ
- Утерусот стапува во сооднос со органите што го опкружуваат, преку телото (дното, страните и
рабовите), утерусниот теснец и утерусниот врат.
- ДНОТО (FUNDUS UTERI) стапува во сооднос со витките од тенките црева и сигмоидниот колон. Во
пределот на comu uterinum, дното е во сооднос со јајцеводот (tuba uterina).
- Од предната страна на утерусниот рог тргнува валчестата утерусна врска (lig. teres uteri), а одзади
сопствената врска на овариумот (lig. ovarii proprium).
- ЗАДНАТА СТРАНА (FACIES INTESTINALIS) од телото на утерусот одделена е од предната страна на
ректумот со ректоутерусниот пеб (excavatio rectouterina-Douglasi). Оваа страна доаѓа во сооднос со
витките од тенките црева кои навлегуваат во Douglas-овиот џеб.
- ПРЕДНАТА СТРАНА (FACIES VESICALIS) одделена е од задната страна на мочниот меур со
везикоутерусниот џеб (excavatio vesicouterina).
- БОЧНИТЕ РАБОВИ (MARGINES UTERI) доаѓаат во сооднос со садовно-нервната петелка на утерусот
која е содржана во параметриумот што се наоѓа меѓу двата листа од lig. latum uteri.
- ТЕСНЕЦОТ НА УТЕРУСОТ (ISTHMUS UTERI) однапред е во сооднос со задниот раб на мочниот меур, во
чија висина перитонеумот од задната страна на везика уринариа се префрла на предната страна од
телото на утерусот формирајќи го везикоутерусниот џеб. Бочно од isthmus uteri, на оддалеченост од
1,5-2 cm во пределот на lig. cardinale uteri, a. uterina однапред го вкрстува уретерот.
(Местото на вкрстувањето е хируршка важна топографска точка, каде уретерот е најчесто изложен на
повреди при подврзување на а. uterina.)
- ВРАТОТ НА УТЕРУСОТ (CERVIX UTERI) со вагиналниот дел (portio vaginalis) во сооднос е со горниот крај
на вагината со чиј ѕид го формира кружниот свод на вагината (fornix vaginae). Горниот или
надвагиналниот дел (portio supravaginalis cervicis) со задната страна во сооднос е со предната страна
од ректумот од кој е одделена со excavatio rectouterina - Douglasi. Предната страна од portio
supravaginalis cervicis е во сооднос со дното на мочниот меур (fundus vesicae) во висина на trigonum
vesicae - Lieutaudi. Пред оваа страна минува завршниот дел од уретерите, пред да навлезат во дното
на мочниот меур. Тие се оддалечени 0,8-1 см од предниот свод на вагината (fornix vaginae - pars
anterior).
- Блискиот сооднос на portio supravaginalis cervicis и дното на мочниот меур овозможува создавање на
фистули меѓу мочниот меур и утерусот при долготрајни задржувања на главата на фетусот во пределот
на вратот од утерусот.
СКЕЛЕТОТОПСКИ СООДНОСИ НА УТЕРУСОТ
- Скелетотопски дното на утерусот (fundus uteri) се наоѓа под рамнината на горниот отвор на карлицата
(apertura pelvis superior). Вагиналниот дел од вратот на утерусот (portio vaginalis uteri) се наоѓа во
рамнината на линијата што ги поврзува зглобот меѓу крсната коска и тртничната (art. sacrococcygea) co
горната четвртина од симфизата.
ХОЛОТОПСКИ СООДНОСИ НА УТЕРУСОТ
- Утерусот лежи во средната ложа на потперитонеалниот кат од карличната празнина, меѓу горната
страна на дијафрагма пелвис и париеталниот перитонеум што го покрива карличното дно.
- Најголем дел од утерусот го подига и потиска перитонеумот и навлегува во перитонеалниот кат од
карличната празнина.
- Средишно утерусот, бочно широките утерусни врски (ligg. lata uteri) градат фронтална преграда во
перитонеалниот кат од карличната празнина, делејќи ја на: преден дел, во кој е сместен мочниот меур,
и заден дел, во кој лежи ректумот.
- Дел од предната страна на утерусот што се наоѓа под утерусниот теснец не е покриена со
перитонеумот, односно лежи субперитонеално и е опкружена со сврзно ткиво, парацервикс
(paracervix). PARACERVIX е дел од сврзното ткиво што се наоѓа меѓу двата листа на lig. latum uteri.
Надолу тоа се продолжува во сврзното ткиво што ја опкружува вагината. Парацервиксот го фиксира
утерусот за дното од мочниот меур и вагината.
ПЕРТОНЕУМ И ПЕРИТОНЕАЛНИ ДИПЛИ (МАТКА/УТЕРУС)
- Утерусот не е во целост покриен со перитонеумот.
- Перитонеумот ја обложува предната страна од телото над утерусниот теснец (isthmus uteri), дното на
утерусот и целата задна страна од утерусот, како и задниот свод на вагината.
- Перитонеумот од предната и задната страна на утерусот се префрла на соседните органи формирајќи
џебови:
1. напред настанува везикоутерусниот џеб (excavatio vesicouterina),
2. назад се формира ректоутерусниот џеб (excavatio rectouterina),
3. додека БОЧНО перитонеумот се продолжува од бочниот раб на утерусот до бочниот ѕид на
карлицата со перитонеалната дупликатура наречена широка утерусна врска (LIG. LATUM UTERI).
- Бочно перитонеумот ги покрива и мускулно фиброзните врски на утерусот градејќи соодветни
перитонеални дипли (plica lig. teretis, plica rectouterina).
1. ВЕЗИКОУТЕРУСНИОТ ЏЕБ (EXCAVATIO VESICOUTERINA) го формира перитонеумот што се префрла од
предната страна на телото од утерусот во висина на утерусниот теснец (isthmus uteri) на горната страна
од везика уринариа. Најниското место ОД џебот се наоѓа во висина на горниот раб од утерусниот
теснец. Џебот е дотолку подлабок доколку е везика уринарна пополна.
2. РЕКТОУТЕРУСНИОТ ЏЕБ (EXCAVATIO RECTOUTERINA - DOUGLASI) го формира перитонеумот што се
префрла од задната страна на утерусниот врат и задниот свод од вагината на предната страна од
ректумот. Бочно џебот е ограничен со ректоутерусната дипла (plica rectouterina). Диплата ја гради lig.
sacrouterinum, вегетатвниот карличен ганглион (ganglion pelvicum) и m. rectouterinus.
- PLICA RECTOUTERINA e парна перитонеална дипла која се протега сагитално од бочните рабови на
утерусот во висина на утерусниот теснец покрај бочниот ѕид од ректумот до предната страна на
сакралната коска.
- Дното на excavatio rectouterina е најниското место на перитонеалната празнина (cavum peritonei),
затоа во него се собира секое количество течност (крв, гној) што се наоѓа во перитонеалната празнина.
- Дното од џебот е оддалечено 6 см од аналниот отвор (anus), а лежи на здниот ѕид од вагината 1,5-2 см
под горниот раб од задниот свод на вагината (fornix vaginae-pars posterior). До дното на excavatio
rectouterina се пристапува преку задниот свод од вагината.
3. ШИРОКАТА УТЕРУСНА ВРСКА (LIG. LATUM UTERI) е парна перитонеална дипла која се протега од
бочните рабови на утерусот до бочниот карличен ѕид.
- Lig. latum uteri е во вид на четириаглеста перитонеална плоча поставена во фронтална рамнина
бочно од утерусот. На неа се разликуваат: две страни и четири раба.
- Страни на lig. latum uteri ce: a) предно-долна и б) задно-горна.
А) ПРЕДНО-ДОЛНАТА СТРАНА од широката утерусна врска, гледа кон напред и долу, како и
везикалната страна од утерусот. Таа доаѓа во сооднос со горната страна од мочниот меур, а кога е тој
полн и со бочните страни од меурот. На оваа страна од lig. latum uter се наоѓа перитонеалната дипла
предизвикана од валчестата утерусна врска (lig. teres uteri). Диплата на валчеста утерусна врска (plica
ligamenti teretis) е парна перитонеална дипла која се протега од предниот дел на рогот од утерусот
(cornu uterinum) до длабокиот отвор на ингвиналниот канал (anulus inguinalis profundus).
Б) ЗАДНО-ГОРНАТА СТРАНА од lig. latum uteri e попространа во споредба со предно-долната. Таа се
спушта косо кон дното на карлицата. Оваа страна ја гради задниот лист од широката утерусна врска.
Под перитонеумот на оваа страна минува lig. ovarii proprium, предизвикувајќи ја истоимената
перитонеална дипла. Диплата се протега од задната страна на утерусниот рог (cornu uterinum) до
утерусниот пол на овариумот (extremitas uterina). Од оваа висина се одделува од задниот лист на
широката утерусна врска перитонеалната дупликатура на овариумот (mesovarium).
Задно-горната страна од lig. latum uteri во сооднос со витките од тенките црева и сигмоидниот
колон.На широката утерусна врска разликуваме и четири раба: 1. внатрешен, 2. надворешен, 3. горен и
4. долен раб.
1. ВНАТРЕШНИОТ ИЛИ УТЕРУСНИОТ РАБ од lig. latum uteri се протега по должината на бочните рабови
на утерусот (margines uteri). Mеѓу двата листа на перитонеумот содржана е садово-нервната петелка на
утерусот (a. uterina, plexus venosus uterinus, s, plexus uterovaginalis, лимфни садови и закржлавени
остатоци од ductuli epoophori transversi).
2. НАДВОРЕШНИОТ ИЛИ ПАРИЕТАЛНИОТ РАБ од lig. latum uteri е протега до бочниот карличен ѕид,
каде двата листа од перитонеумот се разидуваат и минуваат во париеталниот перитонеум на
карличниот ѕид.
3. ГОРНИОТ РАБ од lig. latum uteri е слободен. Тој се протега од рогот на утерусот (cornu uterinum) кон
надвор и назад до внатрешниот раб на fossa iliaca и lig. suspensorium ovarii. Во работ е содржан
јајцеводот (tuba uterina). Над јајцеводот двата листа од перитонеумот минуваат еден во друг,
обложувајќи го јајцеводот, додека под него се продолжува со перитонеалната дупликатура на
јајцеводот (mesosalpinx).
4. ДОЛНИОТ ИЛИ КАРЛИЧНИОТ РАБ од lig. latum uteri jа гради базата на врската. Тој се протега по
должината на карличното дно, каде перитонеалните листови се разидуваат. Предниот лист свива
нанапред и ги обложува бочните рабови. односно страни од мочниот меур и го гради дното на
паравезикалната јама (fossa paravesicalis). Задниот лист свива наназад бочно од ректумот обложувајќи
го lig. sacrouterinum и m. rectouterinus градејќи ја ректоутерусната дипла (plica rectouterina).
ПОДЕЛБА НА LIG. LATUM UTERI
- Широката утерусна врска (lig. latum uteri) со помош на перитонеалната дупликатура на овариумот
(mesovarium) е поделена на:
1. горен дел или перитонеална дупликатура на јајцеводот (MESOSALPINX),
2. долен дел или перитонеална дупликатура на утерусот (MESOMETRIUM) и
3. перитонеалната Дупликатура на овариумот (MESOVARIUM).
1. ПЕРИТОНЕАЛНАТА ДУПЛИКАТУРА НА ЈАЈЦЕВОДОТ (MESOSALPINX) го претставува горниот дел од lig.
latum uteri. Тој се протега од јајцеводот до мезовариумот.
- Mesosalpinx-от има форма на траиаголник чиј врв е свртен навнатре кон рогот од утерусот (cornu
uterinum), а базата е слободна и свртена нанадвор, а ја гради fimbria ovarica.
- Базата се протега од инфундибулумот на јајцеводот до тубарниот пол од овариумот.
- Горниот раб од триаголникот го гради горниот раб од lig. latum uteri во кој е содржана tuba uterina.
- Долниот раб го гради plica lig. ovarii proprii и mesovarium, кои го одделуваат мезосалпинксот од
мезометриумот.
- Под долната страна од јајцеводот меѓу двата листа од mesosalpinxот содржана е садовно-нервната
петелка на јајцеводот.
- Bo mesosalpinx-от се содржани и закржлавени остатоци од средниот бубрег (mesonephros) и тоа:
epoophoron, appendices vesiculosae и paraоophoron.
EPOOPHORON се наоѓа во латералниот дел од мезосалпинксот, меѓу овариумот и ампулата од
јајцеводот. Тој се состои од 8-10 напречни каналчиња (ductuli transversi) и надолжен канал (ductus
epoophoritis longitudinalis). Напречните каналчиња претставуваат остатоци од горните закржлавени
каналчиња на средниот бубрег. Тие се протегаат од hilum ovarii кон јајцеводот и се отвораат во ductus
epoophoritis longitudinalis кој претставува закржлавен остаток од мезонефросниот канал.
APPENDICES VESICULOSAE ce мeyрести остатоци од почетниот дел на мезонефросниот канал. Тие се
наоѓаат латерално од овариумот, односно меѓу овариумот и инфундибулумот од јајцеводот или пак
висат на ресичките од инфундибулумот.
РАRАOOPHORON претставува закржлавен остаток од долните каналчиња на средниот бубрег. Тој се
наоѓа во медијалниот дел од mesosalpinx
2. МЕЗОМЕТРИУМОМ (MESOMETRIUM) е долниот дел од lig. latum uteri, односно перитонеалната
дупликатура што припаѓа на утерусот. Горе со мезовариумот и plica lig. ovarii proprii е одделен од
мезосалпинксот. Внатре тој се протега до внатрешниот раб, надвор до надворешниот раб и долу до
долниот раб од lig. latum. Меѓу двата листа од мезометриумот се наоѓа сврзно ткиво и мазни мускулни
влакна кои заедно го градат параметриумот (parametrium). Одејќи од горе кон долу количината на
параметриумот се зголемува. Особено многу го има во долниот раб на lig. latum uteri каде го гради lig.
cardinale uteri. Низ параметриумот минува садовно-нервната петелка на утерусот и уретерот.
3. МЕЗОВАРИУМОТ (MESOVARIUM) е куса перитонеална дупликатура што се протега од задниот лист
на lig. latum uteri до предниот раб (margo mesovaricus) од овариумот. Низ него минува садовно-
нервната петелка на овариумот.
ГРАДБА И СОДРЖИНА НА LIG. LATUM UTERI
*** парна перитонеална дипла која се протега од бочните рабови на утерусот до бочниот карличен
ѕид. Таа е во вид на четириаглеста перитонеална плоча поставена во фронтална рамнина бочно од
утерусот. На неа се разликуваат: две страни и четири раба. ***
- Широката утерусна врска (lig. latum uteri) е изградена од два листа на перитонеум: преден и заден.
- Листовите претставуваат продолжеток на перитонеумот од предната и задната страна на утерусот.
- Двата листа минуваат еден во друг кај горниот раб од врската обложувајќи ја туба утерина. Надолу и
латерално тие дивергираат и минуваат во париеталниот перитонеум што го покрива карличното дно
и бочниот ѕид од перитонеалниот кат на карлицата.
- Меѓу двата листа се наоѓа сврзно ткиво и мазни мускулни влакна што го градат параметриумот. Дел
од параметриумот што го опкружува вратот на утерусот е наречен парацервикс (paracervix).
- Параметриумот е згуснат во пределот на базата од lig. latum uteri каде го гради кардиналниот
лигамент на утерусот (lig. cardinale uteri).
- BO LIG. LATUM UTERI СЕ СОДРЖАНИ:
1. јајцеводот (tuba uterina s. salpinx), кој е содржан во горниот слободен раб од врската;
2. epoophoron, appendices vesiculosac и paraoophoron се содржани во горниот дел од врската,
односно во mesosalpinx;
3. уретер и садовно-нервната петелка на утерусот.
- Бочно од утерусниот теснец (isthmus uteri) на оддалеченост 1,5 до 2 см од него, во пределот на lig.
cardinale uteri, уретерот однапред е вкрстен од a. uterina.
ВРСКИ (ЛИГАМЕНТИ) НА УТЕРУСОТ (LIGG. UTERI)
- Утерусот својата положба и насока делумно ја одржува со мускулно фиброзните врски кои го
поврзуваат со задниот и бочниот карличен со предниот абдоминален ѕид, како и со перитонеалната
дупликатура lig. latum uteri.
- Лигаментите не ја фиксираат матката, туку ја овозможуваат нејзината нормална позиција (anteversio
et anteflexio). Утерусот е подвижен орган и тој ја менува својата нормална позиција во зависност од
физиолошката состојба и исполнетоста на околните органи (vesica urinaria и rectum).
- Главна поддршка на утерусот, како и на останатите карлични органи претставуваат мускулите на
карличната дијафрагма (mm. levatores ani). Тие ја држат стегната вагината која со сврзното ткиво
(paracervix) е поврзано со вратот на утерусот и дното од мочниот меур.
- Врски на утерусот се:
1. валчеста врска на утерусот (LIG. TERES UTERI),
2. сакроутерусна врска (LIG. SACROUTERINUM),
3. широка утерусна врска (LIG. LATUM UTERI) и
4. кардинална врска на утерусот (LIG. CARDINALE UTERI).
1. ВАЛЧЕСТА ВРСКА НА УТЕРУСОТ (LIG. TERES UTERI)
- Валчестата врска на утерусот (lig. teres uteri) е парна мускулно-фиброзна врвца долга 12-16 cm, а
дебела 2-3 mm. Таа се протега од предната страна на рогот од утерусот (cornu uterinum) кон долу и
напред до длабокиот отвор на ингвиналниот канал (anulus inguinalis profundus).
- Врската минува под предниот лист од широката утерина врска предизвикувајќи истоимена
перитонеална дипла (plica lig. teretis uteri).
- На патот кон длабокиот отвор од ингвиналниот канал, таа ги вкрстува vasa obturatoria и vasa iliaca
externa, минува под петелката што ја опишува a. epigastrica inferior и навлегува во ингвиналниот канал.
- Минува низ целиот тек и придружена со r. femoralis од n. genitofemoralis, перитонеалниот изврат
(diverticulum Nucki), vasa lig. teretis, како и мускулните снопчиња од долниот дел на m. transversus
abdominis и m. obliquus internus abdominis.
- По напуштањето на каналот, низ anulus inguinalis superficialis лигаментот завршува поделен на повеќе
мускулно фиброзни снопчиња кои се припојуваат на длабоката страна од кожата на срамното брегче
(mons pubis) и големите усни од срамницата (labia majora pudendi). Lig. teres uteri го претставува
дисталниот дел од chorda uteroiguinalis која постои за време на ембрионалниот развиток.
2. КРСНО-УТЕРУСНАТА ВРСКА (LIG. SACROUTERINUM)
- Крсно-утерусната врска (lig. sacrouterinum) е парна мускулно-фиброзна врска што се протега
сагитално наназад и надолу од бочните рабови на утерусниот теснец (isthmus uteri) до предната страна
од крсната коска (os sacrum).
- Врската минува бочно од ректумот, под перитонеумот од карличното дно кого го издига и ја гради
ректо-утериката дипла (plica rectouterina).
- Внатрешниот конкавен раб од диплата бочно го ограничува ректо-утериниот џеб (еxcavatio
rectouterina-Douglasi).
- Долниот дел од lig. sacrouterinum e изграден од збиено сврзно ткиво кое претставува дел од
висцералната карлична фасција (fascia pelvis visceralis), а горниот дел го гради m. rectouterinus.
- M. rectouterinus e мазен мускулен сноп што се одделува од надворешниот мускулен слој на ректумот,
оди сагитално, а завршува на бочните рабови од утерусниот теснец.
- Во градбата на plica rectouterina освен мускулно-фиброзно ткиво се наоѓа и вегетативниот карличен
ганглион (ganglion pelvicum).
3. ШИРОКА УТЕРУСНА ВРСКА (LIG. LATUM UTERI)
Широката утерусна врска (lig. latum uteri) бочна, парна, перитонеална дупликатура што го поврзува
утерусот со бочниот карличен вид (види перитонеум и перитонеални дипли).
4. КАРДИНАЛНИОТ ЛИГАМЕНТ НА УТЕРУСОТ (LIG. CARDINALE UTERI)
- Кардиналната врска на утерусот (lig. cardinale uteri) ја гради збиено сврзно ткиво и мазни мускулни
влакна што се наоѓаат во долниот раб или базата од широката утерусна врска, односно тој го
претставува долниот дел од параметриумот што се протега бочно од утерусниот врат до бочниот
карличен ѕид.
- Тој ја опкружува садовно-нервната петелка на утерусот и уретерот. Во пределот на lig. cardinale uteri
на оддалеченост од 1,5-2 см од утерусниот теснец се наоѓа хируршка топографска точка, каде се врши
подврзување на а. uterina при отстранување на утерусот (hysterectomia). Во таа висина а. uterina
однапред го вкрстува уретерот.
ГРАДБА НА ЅИДОТ ОД УТЕРУСОТ
- Ѕидот на утерусот има дебелина од 2-3,5 см во зависност дали жената раѓала или не.
- ОДЕЈЌИ ОДНАДВОР КОН ВНАТРЕ ѕидот на утерусот е изграден од:
1. надворешна серозна обвивка (TUNICA SEROSN S. PERIMETRIUM).
2. потсерозна сврзна обвивка (TELA SUBSEROSA),
3. мускулна обвивка (TUNICA MUSCULARIS S. MYOMETRIUM) и
4. лигавична обвивка (TUNICA MUCOSA S. ENDOMETRIUM).
1. НАДВОРЕШНА СЕРОЗНА ОБВИВКА (TUNICA SEROSA S. PERIMETRIUM) гo претставува перитонеумот
кој однапред ја обложува предната страна од телото на утерусот, неговото дно, целата задна страна,
како и 1,5-2 см од задниот свод на вагината (види перитонеум и перитонеални дипли).
2. ПОТСЕРОЗНА ОБВИВКА (TELA SUBSEROSA) jа гради тенок слој од сврзно ткиво што се наоѓа меѓу
серозната обвивка и мускулната обвивка на утерусот. Таа овозможува лесно одделување на
перитонеумот од мускулниот слој. Tela subserosu е добро развиена во пределот на
субперитонеалниот дел на вратот на утерусот каде го гради рaracervix, односно сврзното ткиво што го
опкружува cervix uteri и го поврзува со дното од мочниот меур. Сврзното ткиво на tela subserosa бочно
се продолжува со параметриумот од широката утерусна врска, а долу со сврзното ткиво што ја
опкружува вагината.
3. МУСКУЛНА ОБВИВКА (TUNICA MUSCULARIS S. MYOMETRIUM) е најдебелиот и најдобро развиениот
слој на утерусот. Го градат три слоја мазни мускулни влакна кои меѓу себе се преплетуваат во
различни влакна, насоки и не можат да се одделат еден од друг. Освен тоа, мускулните слоеви се
добро развиени во пределот на телото, а недостасуваат или се слабо развиени во пределот на
утерусниот теснец и врат.
- ОДЕЈЌИ ОДНАДВОР КОН ВНАТРЕ зидот е изграден од:
а) надворешен надолжен слој (stratum subserosum s. supravasculare),
б) среден (stratum vasculosum) и
в) внатрешен (stratum submucosum s. muscularis mucosae).
А) НАДВОРЕШЕН СЛОЈ (STRATUM SUBSEROSUM S. SUPRAVASCULARE) е изграден од тенок слој
надолжно насочени мазни мускулни влакна. Тие градат предна и задна триаглеста тенка мускулна
плоча, со врв свртен кон утерусниот теснец, а базата кон fundus uteri. Bо пределот на бочните рабови,
мускулните влакна од двете плочи се вкрстуваат и од нив се одделуваат мазни мускулни снопови кои
влегуваат во состав на утерусните врски и параметриумот.
Б) СРЕДНИЕН СЛОЈ (STRATUM VASCULOSUM) е изгрден од кружни и коси мускулни снопови кои од
отворите на јајцеводите одат вертикално кон средишната оска од телото на утерусот. Овие мускулни
влакна претставуваат продолжеток на кружниот мускулен слој од јајцеводот. Во пределот на вратот од
утерусот тие стануваат напречни и градат мускулен прстен околу вратот на утерусот. Под дејство на
контракцијата на овој мускулен слој, едновремено се скусува и проширува утерусната шуплина (cavitas
uteri) со што се објаснува кинетиката на раѓањето.
Овој слој содржи голем број крвни садови, околу кои мускулните снопови кружно свиваат (во вид на
сфинктери) и доведуваат до спонтано запирање на крвавењето при нивна контракција. Затоа тие се
наречени и живи врски на утерусот (lig. viva uteri).
В) ВНАТРЕШНИОТ СЛОЈ (STRATUM SUBMUCOSUM S. MUSCULARIS MUCOSAE) е најтенкиот мускулен
слој. Изграден е од мал број надолжни мускулни влакна. На неговата длабока страна директно
налегнува лигавицата на утерусот. Надолжните мускулни слоеви (надворешен и внатрешен) се слабо
развиени или може да недостасуваат во пределот на утерусниот теснец и врат.
4. ЛИГАВИЧНА ОБВИВКА НА УТЕРУСОТ (TUNICA MUCOSA S. ENDOMETRIUM). Лигавицата на утерусот е
дебела 1,5-2 mm. Таа налегнува директно на длабоката страна од внатрешниот мускулен слој, бидејќи
утерусот не поседува подлигавичен слој. Изградена е од еднослоен цилиндричен епител со трепки.
Во пределот на шуплината од телото на утерусот (cavitas corporis uteri) таа е мазна, кај отворите од
јајцеводот (ostium uterinum tubae uterinae) продолжува во лигавицата на јајцеводот, а долу
продолжува во лигавицата од canalis isthmi. Лигавицата гради епителни вдлабнатини или крипти
наречени утерусни жлезди (glandulae uterinae) кои навлегуваат длабоко во внатрешниот мускулен слој
(muscularis mucosae). Glandulae uterinae немаат секреторна улога, туку имаат регенеративна. Тие ја
обновуваат лигавицата на утерусот по нејзиното отстранување (породување, киретажа).
Во пределот на цервикалниот канал (canalis cervicis), лигавицата на предниот и задниот ѕид гради
напречни лигавични дипли (plicae palmatae) таканаречени бидејќи личат на палмин лист. Во
лигавицата се наоѓаат цервикални жлезди (glandulae cervicales uteri). Тие лачат алкален секрет кој ја
одржува влажноста на вагиналната лигавица (бидејќи вагината нема жлезди). Секретот во вагината
станува кисел поради распаѓањето на гликогенот. Во пределот од утерусниот отвор (ostium uteri)
цилиндричниот епител се продолжува со многуслоен плочест епител што го покрива рortio vaginalis
cervicis.
Лигавицата на утерусот почнувајќи од првата менструација се до менопаузата е подложена на
циклични промени (менструален циклус). Промени настануваат само во нејзиниот површински слој
(zona functionalis), додека длабокиот слој (zona basalis) ги содржи слепите дна од утерусните жлезди
кои вршат регенерација на лигавицата.
САДОВИ, ЛИМФАТИЦИ И НЕРВИ НА УТЕРУС, МАТКА
АРТЕРИИ. Утерусот е васкуларизиран од A. UTERINA. Таа претставува парна висцеларна гранка на a.
iliaca interna. Нејзината должина изнесува 5-6 см, а пречникот 2-3 mm (за време на бременоста
пречникот се зголемува на 6-7 mm). Почетниот дел од артериското стебло лежи во бочниот дел од
потперитонеалниот кат на карлицата, потоа минува низ долниот раб од lig. latum uteri содржана во
параметриумот. На оддалеченост од 1,5-2 см од isthmus uteri минува пред уретерот и доаѓа до бочниот
раб од утерусниот теснец, лежејќи 1,5 cm над и надвор од латералниот свод на вагината (fornix vaginae-
pars lateralis). Се качува синусоидно по бочниот раб од утерусот, содржана во внатрешниот раб од lig.
latum uteri cè до cornu uterinum, во која висина артеријата завршува со r. tubarius и r.ovaricus.
Кривулестиот тек на артеријата овозможува растење на гравидниот утерус без затегнување на
артеријата. Од нагорниот тек на a. uterina се одделуваат повеќе утерусни гранчиња за предната и
задната страна од утерусот. Гранчињата навлегуваат во средниот мускулен слој од утерусот (stratum
vasculosum) каде богато се гранат и меѓусебно анастомозираат. Анастомозите се најслабо развиени во
средишна линија од предната и задната страна од утерусот. Затоа по должината на оваа линија се
врши царскиот рез (sectio caesarea). Како надолна бочна гранка во висина на isthmus uteri се одделува
вагиналната артерија (a. vaginalis).
ВЕНИ. Од богато развиената венска мрежа на лигавицата и мускулниот слој на утерусот, венската крв
се одведува до утерусниот венски сплет (plexus venosus uterinus). Тој е локализиран во параметриумот
во висина на вратот од утерусот и внатрешниот дел од базата на lig. latum uteri. Венскиот сплет богато
анастомозира со plexus venosus vaginalis и најчесто го градат plexus venosus uterovaginalis. Сплетот исто
така анастомозира и со вените од надворешните генитални органи, овариумот, јајцеводот, мочниот
меур, ректумот. Од латералниот крај на сплетот се одделуваат утерусните вени (vv. uterinae) кои по
калибар се поголеми од истоимената артерија која ја придружуваат. Vv. uterinae претставуваат
висцерални притоки на v. iliaca interna.
ЛИМФАТИЦИ. Од богато развиената лимфна мрежа што се наоѓа во лигавичниот, мускулниот и
подсерозниот слој на утерусот, лимфата се доведува до висцералните параутерини лимфни јазли (nodi
lymphatici parauterini). Од овие јазли лимфата се одведува по еден главен лимфен пат кој го следи текот
на a. uterina сместен во базата на lig. latum uteri сè до медијалната група на надворешните илијачни
јазли (nodi lymphatici iliaci externi mediales). Од споредните патишта едниот се протега по должината на
горниот раб од lig. latum uteri анастомозирајќи со лимфотокот од јајцеводот и овариумот, а ја одведува
лимфата до слабинските лимфни јазли (nodi lymphatici lumbales). Другото споредно стебло оди назад по
дното на карличната празнина кон лимфните јазли лоцирани на предната страна од крената коска (nodi
lymphatici sacrales). Дел од лимфата на fundus uteri и телото по текот на lig. teres uteri cе доведува до
ингвиналните лимфни јазли.
НЕРВИ. Утерусот е инервиран од вегетативниот нервен сплет (plexus uterovaginalis) кој го придружува
текот на садовната петелка на утерусот. Plexus uterovaginalis e одводен сплет од предниот дел на
долниот хипогстричен сплет (plexus hypogastricus inferior).
ВРОДЕНИ АНОМАЛИИ НА ВНАТРЕШНИТЕ ГЕНИТАЛНИ ОРГАНИ
- Јајцеводот, утерусот и вагината се развиваат од ЛЕВИОТ И ДЕСНИОТ DUCTUS PARAMESONEPHRICUS-
MUTERI.
- Горните слободни делови од каналот го градат јајцеводот.
- Средните и долните делови од каналот срастуваат меѓу себе и ги градат утерусот и вагината.
- Поради запирање во развитокот на каналите, нивно нецелосно сраснување и неисчезнување на
преградата на допирното место меѓу нив, настануваат вродените аномалии на утерусот и вагината.
Меѓу најчесто среќаваните аномалии се:
1. ЦЕЛОСНО ИЛИ ДЕЛУМНО ПРЕГРАДЕН УТЕРУС И ВАГИНА (UTERUS SEPTUS, UTERUS SUBSEPTUS S.
VAGINA SEPTA, VAGINA SUBSEPTA). Оваа аномалија настанува кога преградата меѓу Müller-овите
канали останала да перзистира било целосно или делумно (uterus subseptus). Во овие случаи
празнината на утерусот (cavitas uteri) е целосно или нецелосно поделена на два дела. Доколку
преградата остане да перзистира целосно или делумно и во вагината зборуваме за целосно или
делумно поделена вагина (vagina septa или subsepta).
2. ДВОРОГ УТЕРУС (UTERUS BICORNUS). Дворогиот утерус настанува кога Müller овите канали се споиле
меѓу себе дистално од вратот на утерусот (cervix uteri). Проксималните делови од Müller-овите канали
градат два рога кои претставуваат продолжеток од јајцеводите.
3. ЛАЧЕН ИЛИ СРЦЕВИДЕН УТЕРУС (UTERUS ARCUATUS S. CORDIFORMIS). Оваа аномалија настанува кога
Müller-овите канали не сраснале меѓусебно во висина на утерусното дно (fundus uteri). Затоа
утерусното дно е вдлабнато и утерусната шуплина (cavitas uteri) е покуса во средишната линија.
4. ДВОЕН УТЕРУС (UTERUS DUPLEX). Двојниот утерус настанува кога Müller овите канали не сраснале до
висината на вагината. Во шуплината на вагината тие може да се отворат со два отвора, па зборуваме за
двоен утерус со два врата (uterus duplex bicolis) или, пак, се отвора само еден отвор, па зборуваме за
двоен утерус со еден врат (uterus duplex unicolis).
5. НЕПРООДНОСТ НА ГЕНИТАЛНИТЕ ОРГАНИ (ATRESIO GENITALIS). Непроодноста може да биде на
утерусот (atresio uteri), на јајцеводот (atresio tubae uterinae) или пак на вагината (atresio vaginalis).
Непроодноста на јајцеводот е една од причините за неплодност (стерилитет) кај жената. Непроодноста
на утерусот и вагината се манифестираат во пубертетот, бидејќи го оневозможуваат истекувањето на
менструалната крв. Крвта се собира над препреката и доведува до појава на haematocolpos ако крвта
се собира во вагината поради атрезија на хименот или пак, настанува haematometra кoгa крвтa се
собира во утерусот поради атрезија на вагината.
РОДНИЦА (VAGINA S. COLPOS) ВАГИНА
- Родницата (vagina s. colpos) претставува непарен копулационен генитален орган низ кој истекува
секретот од утерусот, а за време на раѓање минува плодот. Вагината го поврзува утерусот со
надворешната средина. Се отвора во предворјето на вагината (vestibulum vaginae).
ФОРМА И ДИМЕНЗИИ
- Вагината претставува еластичен мускулно-лигавичен канал, сплеснат однапред кон назад.
- Предниот ѕид од вагината е прилепен на задниот, поради што на напречен пресек во долниот дел
вагината има форма на напречна пукнатина, додека во горниот дел каде вагината кружно се припојува
на надворешната страна од вратот на утерусот, таа има цилиндрична форма.
- Должината на вагината кај новороденче изнесува 2,5-4 см, во десеттата година таа е долга 4-5 см. Кај
возрасна жена вагината има должина од 8-10 см, ширина од 3 см, а дебелината на зидот изнесува 2
mm.
ПОЛОЖБА
- Надолжната оска на вагината се протега косо одгоре и наназад кон долу и напред.
- Таа е паралелна со оската на карличната празнина и со хоризонталната рамнина гради агол од 65-75°,
отворен наназад.
- Горните две третини од вагината лежат во потперитонеалниот кат на карличната празнина во
средната фасцијална ложа наречена Paracolpium.
- Долната третина од вагината лежи во поткожниот кат на карлицата, односно во перинеумот.
Вагината се наоѓа пред ректумот, а зад мочниот меур и уретрата.
ДЕЛОВИ И СООДНОСИ
На вагината се опишуваат: две страни, два раба и два краја.
СТРАНИ НА ВАГИНАТА
1. ПРЕДНАТА СТРАНА ОД ВАГИНАТА (PARIES ANTERIOR) има должина од 5,5 до 7,5 см, односно таа е
покуса за 1,5-2 см во споредба со задната страна. Горните две третини од предната страна на вагината
во сооднос се со дното од мочниот меур (fundus vesicae). Оваа страна во горниот дел доаѓа во однос и
со завршниот дел од уретерот пред тој да навлезе во мочниот меур. Меѓу дното од мочниот меур и
предната страна од вагината се наоѓа збиено сврзно ткиво кое ја гради везико вагиналната фасција.
Долната третина од предната страна на вагината со збиено сврзно ткиво, дебело 5-10 mm, кое ја гради
уретровагиналната преграда (septum urethrovaginale) одделена е од задната страна на urethra
feminina. Збиеното сврзно ткиво цврсто ги поврзува двата органа.
2. ЗАДНА СТРАНА НА ВАГИНАТА (PARIES POSTERIOR). Поради косиот припој на горниот крај од вагината
на надворешната страна од вратот на утерусот, задната страна е подолга за 1,5-2 см во споредба со
предната. Горниот дел од задната страна во висина од 2-2,5 см е обложена со перитонеумот и го гради
предниот ѕид од ректоутерусниот џеб (excavatio rectouterina). Дното на џебот се наоѓа на
оддалеченост од 7 см од влезот во вагината (ostium vaginae). Средниот дел од задната страна на
вагината е во сооднос со предната страна од ампулата на ректумот, меѓу кои се наоѓа
ректовагиналната преграда (septum rectovaginale). Долниот дел од оваа страна се оддалечува од
предната страна на canalis anali recti кој свива кон назад и долу. Меѓу двата органа се ограничува
триаглест простор (trigonum rectovagisale), исполнет со мускули (m. sphincter ani externus, m.
transversus princi profundus et superficialis).
РАБОВИ НА ВАГИНАТА
- На преминот на предната во задната страна настануваат бочните рабови на вагината. Горните
делови од рабовите се во сооднос со сврзното ткиво од средната фасцијална ложа од
потперитонеалниот кат на карличната празнина (paracolpium).
- Вагиналната ложа (paracolpium) е ограничена однапред со fascia vesicovaginalis, одзади со septum
rectovaginale, а бочно со fascia pelvis visceralis.
- Сврзното ткиво од вагиналната ложа нагоре се продолжува во сврзното ткиво што го опкружува
вратот од утерусот (paracervix).
- По должината на бочните рабови се наоѓа богато развиениот венски сплет (plexus venosus vaginalis)
којшто анастомозира со plexus venosus uterinus и го гради plexus uterovaginalis.
- Долните делови од рабовите минуваат низ мускулно-фасцијалните дијафрагми што го затвораат
карличното дно и тоа: меѓу внатрешните рабови од mm. levatores ani кои делуваат како горен
сфинктер на вагината (sphincter urogenitalis vaginae); потоа минуваат низ diaphragma urogenitale чии
мускули делуваат како среден свинктер на вагината (sphincter vaginae) и најдолу мускулните влакна од
m. bulbospongiosus делуваат како долен вагинален свинктер (m. sphincter cunni).
- Мускулите коишто делуваат како сфинктери на вагината заедно со сврзното ткиво што ја опкружува
делумно ја фиксираат вагината, а со тоа ја одредуваат статиката не само на вагината, туку и на утерусот.
КРАЕВИ НА ВАГИНАТА
На вагината разликуваме два краја: 1. горен, слепо затворен крај или свод (fornix vaginae) и 2. долен
крај или устие на вагината (ostium vaginae).
1. ГОРЕН КРАЈ ИЛИ СВОД (FORNIX VAGINAE)
- Горниот крај од вагината кружно се припојува на надворешната страна од сеrvix uteri.
- Припојната линија е коса оддолу и напред (од долната третина на утерусниот врат) кон горе и назад
(до горната третина од вратот).
- Поради ваквиот припој на горниот крај од вагината предната и задната страна не се со еднаква
должина. Горниот крај од вагината е поширок и со цилиндрична форма. Тој го опкружува portio
vaginalis cervicis и со него гради слепо затворен кружен џеб или свод (fomnix vaginae).
- Длабочината на сводот одејќи однапред кон назад се наголемува. Затоа предниот дел од сводот
(pars anterior) е најплиток, бочните делови (partes laterales) се нешто подлабоки, а задниот дел (pars
posterior) е најдлабок. Неговата длабочина изнесува 2 см.
- Задниот дел од сводот на вагината е обложен со перитонеум и го гради предниот ѕид од
ректоутерусниот џеб. (Преку задниот свод од вагината се врши евакуација на содржината од excavatio
rectouterina-Douglasi.
- При нестручно вршење на абортус, ако инструментот не со внесе во устието на утерусот (ostium uteri),
постои опасност од пробивање на задниот свод од вагината и внесување инфекција по Douglasовиот
џеб.
- Предниот свод од вагината лежи на дното од мочниот меур, пред него минува завршниот дел од
уретерот. Бочните делови (partes laterales) од сводот се во сооднос со базата на lig. latum uteri и
елементите кои се содржани во него.
- Задниот дел од сводот (pars posterior) е одделен од предната страна на ректумот co excavatio
rectouterina Douglasi.
2. ДОЛЕН КРАЈ ИЛИ УСТИЕ НА ВАГИНАТА (OSTIUM VAGINAE)
- Овој крај од вагината се отвора со кружен отвор (ostium vaginae) во тремот од вагината (vestibulum
vaginae).
- До првиот коитус ostium vaginae e затворен со тенка кожна дупликатура - девичник (hymen). Хименот
е изграден од сврзно ткиво богато со еластични влакна, а содржи и крвни садови.
- Најчесто се среќава полумесечест химен (hymen semilunaris), чијшто конкавен раб е свртен нагоре,
потоа прстеновиден (hymen anularis), ресест (hymen fimbriatus), решетест (hymen cribriformis).
- Доколку не постои отвор (atresio hymenalis), не постои комуникација меѓу тремот и вагиналниот
канал и во пубертетот кај вакви случаи менструалната крв не може да истекува и се собира во вагината
(haematocolpos), а може да ја исполни и празнината на утерусот (haematometra).
- По првото раѓање од хименот остануваат брадавичести остатоци (carunculae hymenales) коишто го
опкружуваат ostium vaginae.
ВНАТРЕШЕН ИЗГЛЕД
- Празнината на вагината во најголемиот дел е виртуелна освен во пределот на сводот (fomix vaginae).
- Горната третина од вагиналната празнина е мазна, а во долните две третини таа има повеќе
напречни лигавични дипли (ruge vaginalis).
- Во средишната линија на предната и задната страна, напречните дипли се повеќе испапчени и градат
преден и заден надолжен столб (columna rugarum anterior et posterior).
- Предниот столб (columna rugarum anterior) завршува во долниот крај во пределот на тремот на
вагината со испапчување наречено уретрална брадавица (carina urethralis vaginae).
- Непосредно пред саrina urethralis vaginae cе наоѓа надворешниот отвор на уретрата (ostium urethrae
externum).
(Carina urethralis vaginае служи како патоказ за надворешниот отвор од уретрата при катетеризација)
ГРАДБА
Ѕидот на вагината има дебелина од 2мм . Одвнатре кон надвор тој е изграден од: 1. лигавица (tunica
muсоsа). 2. тенок слој од кавернозни сплетови и 3. мускулна обвивка (tunica muscularis).
1.ЛИГАВИЦА (TUNICA MUCOSA). Лигавицата на вагината е дебела 0,15 до 0,20mm. Таа налегнува на
длабоката страна од мускулната обвивка и во некои делови е цврсто срасната за неа. Во горната
третина лигавицата е мазна, а по долните две третини гради напречни лигавични дипли (rugao
vaginales) коишто во средишна линија од предниот и задниот ѕид се испапчуваат и градат преден и
заден лигавичен столб (columna rugarum anterior et posterior). Некои автори сметаат дека во пределот
на columnae rugarum ce наоѓаат псеудоеректилни кавернозни сплетови. Лигачвичните дипли
овозможуваат растегнување на вагината за време на минувањето на плодот низ неа. Лигавицата од
вагината е покриена со плочест епител којшто на ostium uteri преминува во еднослоен цилиндричен
епител. Вагиналната лигавица има голем број лимфни јазлиња (foliculi lymphatici vaginales), а нема
жлезди. Нејзината влажност ја одржува секретот што го лачат жлездите од лигавицата на вратот на
утерусот (gll. cervicales uteri), како и секретот од големите и малите тремни жлезди (glandulae
vestibulares majores et minares). Секретот има заштитна улога. Тој е алкален но поради разлагање на
гликогенот во млечна киселина покажува кисела реакција и не е погоден за развиток на патогени
микроорганизми ниту за виталитетот на сперматозоидите. Лигавицата на вагината претпрува
морфолошки и физиолошки промени. Со стареење настанува намалување на лигавичните дипли, тие
дури исчезнуваат, па лигавицата станува мазна.
2. КАВЕРНОЗНИ СПЛЕТОВИ. Според некои автори меѓу лигавицата и мускулната обвивка се наоѓа тенок
слој од псеудоеректилни кавернозни сплетови. Како што веќе спомнато, тие се повеќе развиени во
пределот на предниот и задниот ѕид од вагината на местата каде се наоѓаат лигавичните столбови
(columnae rugarum).
3. МУСКУЛНА ОБВИВКА (TUNICA MUSCULARIS). Таа е изградена од два слоја мазни мускулни влакна:
а) надворешен надолжен (stratum longitudinale) и б) внатрешен кружен слој (stratum circulare). Meѓу
мускулните слоеви се наоѓа еластично сврзно ткиво кое овозможува растегнување на вагината кога
низ неа минува плодот. Во долната третина од вагината меѓу надворешниот надолжен слој се
преплетуваат и мускулни влакна од напречно-набраздени мускули низ кој минува вагината со
перинеалниот дел.
САДОВИ, ЛИМФАТИЦИ И НЕРВИ
АРТЕРИИ. Вагината е васкуларизирана од А. VAGINALIS и гранчиња кои потекнуваат од A. VESICALIS
INFERIOR и A. RECTALIS MEDIA. Вагиналната артерија го васкуларизира горниот дел од вагината. Таа е
парна бочна гранка на а. uterina. Се одделува од стеблото на артерија утерина во висина на утерусниот
теснец на оддалеченост од 1,5 до 2 см од бочниот свод на вагината преку кој може да се осети
пулсирањето на стеблото. Се движи по бочните рабови на вагината давајќи гранки за предната и
задната страна. Гранките анастомозираат меѓу себе и со гранките од а. vesicalis inferior којашто дава
гранки за васкуларизација на средниот дел, како и со гранките од a. rectalis media којашто дава гранки
за долната тертина на вагината.
ВЕНИ. Вените на вагината ги придружуваат артериите и градат богато развиен венски сплет (plexus
venosus vaginalis) сместен по должината на бочните рабови на вагината. Во пределот на вратот од
утерусот во медијалниот дел од базата на lig. latum uteri, вагиналниот сплет анастомозира со
утерусниот сплет и го гради plexus uterovaginalis. Вагиналниот сплет анастомозира напред со plexus
vesicalis, назад сo plexus rectalis, како и со вените на надворешните генитални органи. Венската крв од
вагината се одведува во v. iliaca interna.
ЛИМФАТИЦИ. Лимфните садови на вагината почнуваат од богато развиените лимфни сплетови во
лигавичната и мускулната обвивка на вагината. Од нив лимфата се доведува до паравагиналните
лимфни јазли на горниот, средниот и долниот дел од вагината. Од горните паравагинални јазли
лимфата се одведува до параутерусните јазли сместени во базата на lig. latum uteri, а од нив до nodi
lymphatici sacrales, nodi lymphatici iliaci interni et externi. Од средниот и долниот дел на вагината
лимфата се одведува и кон гореопишаните лимфни јазли и кон ингвиналните лимфни јазли.
НЕРВИ. Инервацијата на вагината потекнува од карличниот вегетативен нервен сплет (plexus
hypogastricus inferior). Вагиналните нерви (nn. vaginales) се одделуваат од plexus uterovaginalis и ги
придружуваат аа. vaginales. Долниот дел од вагината заедно со ostium vaginae добива гранчиња и од n.
pudendus, како и тремот на вагината (vestibulum vaginae).
Б. НАДВОРЕШНИ ЖЕНСКИ ПОЛОВИ ОРГАНИ (ORGANA GENITALIA FEMININA EXTERNA S. PUDENDUM
FEMININUM S. VULVA)
Надворешните полови органи на жената (organa genitalia feminina externa s. pudendum femininum s.
vulva) ce наоѓаат зад симфизата, под предниот дел од перитонеумот, меѓу внатрешните страни од бутот,
а пред аналниот отвор (anus). Надворешните полови органи на жената во гинекологијата се означени
како срамници (vulva). Вулвата има триаглеста форма со база свртена нагоре и нанапред, а врвот е
свртен наназад кон аналната регија. Должината на срамнината изнесува 7 см, ширината во пределот на
базата е 6 см, а во предел на врвот 3 см. Однапред срамницата е ограничена со срамното брегче (mons
pubis-Veneris), бочно со левата и десната голема усна од срамницата (labium majus pudendi), а назад со
аналниот предел. Во надворешните полови органи на жената спаѓаат:
1. големите усни од срамнината (LABIA MAJORA PUDENDI),
2. малите усни од срамницата (LABIA MINORA PUDENDI),
3. тремот на вагината (VESTIBULUM VAGINAE),
4. eректилните тела, во кои спаѓаат дразницата (CLITORIS) и луковицата на тремот (BULBUS
VESTIBULI),
5. жлездите на тремот на вагината, во кои спаѓаат големите и малите вестибуларни жлезди
(glandulae vestibulares majores - Bartholini u glandulae vestibulares minores).
1. ГОЛЕМИ УСНИ ОД CPAMНИЦАТА (LABIA MAJORA PUDENDI)
Големата усна од срамницата (labium majus pudendi) претставува парна, триаглеста кожна дипла
поставена во сагитална насока.
- Базата од усната свртена е кон напред и горе и го гради срамното брегче (mons pubis - Veneris).
Срамното брегче (mons pubis) претставува кожно испапчување кое е сместено пред симфизата.
- Нагоре тоа продолжува со кожата од долниот дел на абдоменот од кого е одделено со срамната
бразда (sulcus pubis). Кожата од срамното брегче е покриена со дебели влакна (pubes) кои се
појавуваат во доба на пубертетот.
- Кај жените влакната завршуваат на јасно изразена хоризонтална линија што се наоѓа во висина на
срамната бразда, додека кај мажите тие се протегаат триаглесто нагоре по средишната линија на
абдоменот сè до папокот (umbilicus). Срамното брегче освен кожа, го гради и перниче од масно ткиво
низ кое минуваат еластични и фиброзни влакна.
- На длабоката страна од кожата на mons pubis ce припојуваат завршните снопови од валчестата
утерусна врска (lig. teres uteri).
- Врвот од големите усни од срамницата свртен е наназад и надолу завршува пред аналниот отвор
(anus) од кој е одделен со така наречен “акушерски перинеум", долг околу 3 cm.
- Должината на големите усни од срамницата во зависност од возраста варира од 6-9 cm, ширината
изнесува 2-3 cm, а висината 1,5 cm.
- Големите усни од срамницата меѓу себе ограничуваат сагитална пукнатина (rima pudendi) koja се
протега од симфизата наназад до предниот раб од аналниот триаголник.
- Нa labium majus pudendi се опишуваат: две страни - надворешна и внатрешна, два краја - преден и
заден, и слободен раб.
- Надворешната страна од големите усни е конвексна и свртена кон внатрешната страна на бутот од
кој е одделена со длабока бразда (sulcus genitofemoralis). Кожата е покриена со влакна (pubes) кои
нанапред продолжуваат во влакната од срамното брегче, а назад и долу стануваат поретки и допираат
до уздата на усните (frenulum labiorum pudendi).
- Внатрешната страна од големите усни на срамницата е рамна или малку конвексна.
- Долниот дел од оваа страна се допира со истиот дел од спротивната усна.
- Внатрешната страна од усните е покриена со кожа која има исти особености како кожата од
надворешната страна само што има ретки влакна.
- Горниот или длабокиот дел од оваа страна е поширок, мазен со розова боја и личи како да е покриен
со лигавица. Тој ги прекрива малите усни од срамницата (labia minora pudendi). Големата усна од
срамницата е одделена од надворешната страна на малата усна на срамницата (labium minus pudendi)
co бразда (sulcus nympholabialis).
- Краевите од големите усни конвергираат нанапред и наназад кон средишната линија каде се
спојуваат градејќи ја предната и задната спојка на усните (commisura labiorum anterior et posterior).
- Слободниот раб од усните настанува на преминот на надворешната во внатрешната страна од
големите усни. Тој е конвексен и покриен со ретки влакна (pubes).
- Во детската возраст и кај нулипарите, работ од левата и десната усна, како и самите големи усни,
прилегнуваат една на друга, додека кај мултипарите поради расцеп на задната комисура (commisura
labiorum posterior) тие не налегнуваат една на друга, па затоа се гледаат малите усни. (Големите усни
сè аналогни на скротумот кај мажите.)
- Големите усни од срамницата се изградени од кожа која е богата со лојни и потни жлезди и
поткожно масно ткиво низ кое минуваат мазни мускулни влакна, еластични и фиброзни влакна,
завршните снопчиња од валчестата утерусна врска (lig. teres uteri), крвни садови, лимфатици и нерви.
- Во поткожното ткиво се сместени и делови од венските сплетови на тремот, како и големите тремни
жлезди.
САДОВИ, ЛИМФАТИЦИ И НЕРВИ
Артерии. Крвноснабдувањето на големите усни од срамнината потекнува од R. LABIALES POSTERIORES
на A. PUDENDA INTERNA за нивните задни делови а од RR.LABIALES ANTERIORES НA A. PUDENDA
EXTERNA за нивните предни делови.
Вени. Во поткожното ткиво на големите усни од срамницата се наоѓа богато развиен сплет од кој се
одделуват VV. LABIALES POSTERIORES кои ги придружуваат истоимените артерии а претставуваат утоки
на V. PUDENDA INTERNA. Од предниот дел на сплетот се одделуваат vv, labiales anteriores кои ги
придружуваат истоимените артерии и ја одведуваат венската крв во v saphena magna. Венскиот сплет
како и лабијалните вени анастомозираат со: plexus vaginalis, vesicalis, rectalis и поткожните вени на
абдоменот.
Лимфатици. Најголем дел од лимфата се одведува кон површинските ингвинални лимфни јазли (nodi
lymphatici inguinales superficiales), а помал дел се одведува во nodi lymphatici ilinci externi.
Нерви. Инервацијата на големите усни од срамницата потекнува од: NN. LABIALES POSTERIORES, гранки
на n. pudendus, од NN. LABIALES ANTERIORES гранки на n. ilioinguinalis и од R. GENITALIS гранка на n.
genitofemoralis (гранки од plexus lumbalis).
2. МАЛИ УСНИ ОД СРАМНИЦАТА (LABIA MINORA PUDENDI)
- Малата усна од срамнината (labium minus pudendi) е парна кожна дипла сместена внатре од големата
усна. Должината на labium minus pudendi изнесува 3 до 3,5 см, ширина 1 до 1,2 см, а висината изнесува
3 до 4 мм.
- На малите усни разликуваме: две страни - надворешна и внатрешна, два краја - преден и заден, и
слободен раб.
- Надворешната страна на labium minus pudendi e мазна и розова. Таа налегнува на внатрешната
страна од големите усни од нив одделена со бразда (sulcus nympholabialis").
- Внатрешната страна од левата и десната labia minus pudendi ro ограничува однапред и бочно тремот
на вагината (vestibulum vaginae).
- Предниот крај од усната се дели на два крака: надворешен и внатрешен. Надворешниот крак се
протега нагоре и нанапред и пред дразницата (clitoris) ce соединува со спротивниот крак (ноже),
градејќи го кожниот покривач на дразницата (praeputium clitoridis).
- Внатрешниот крак (ноже) е нешто потесен од надворешниот, се насочува кон задниот дел од
дразницата, на која се припојува соединувајќи се со кракот од спротивната страна, градејќи ја уздата
на дразницата (frenulum clitoridis).
- Задните краеви од labia minora pudendi постепено минуваат во големите усни и се соединуваат една
со друга градејќи ја напречно-насочената узда на усните (frenulum labiorum pudendi).
- Во задниот дел од тремот на вагината меѓу уздата на усните (frenulumn labiorum pudendi) и задниот
дел од хименот се ограничува плитка јама (fossa vestibuli vaginae).
- Таа е видлива кај нулипарите, додека кај мултипарите поради раскинувањето на уздата (frenulum
labiorum pudendi) не е изразена.
- Слободните рабови од малите усни се тенки конвексни. Кај децата и нулипарите тие се покриени со
големите усни и не се видливи, додека кај жените што раѓале тие стрчат надвор од големите усни.
- Малите усни се изградени од кожа, односно претставуваат кожна дупликатура меѓу која се наоѓа
сврзно ткиво, мазни мускулни влакна, еластични влакна, артериски, венски крвни садови и нерви.
- Кожата од labia minora pudendi e тенка, богата со пигмент, има лојни жлезди, а нема потни жлезди.
Епителот од кожата не е орожнет поради што личи на лигавица.
САДОВИ, ЛИМФАТИЦИ И НЕРВИ
Васкуларизацијата, инервацијата и лимфотокот на малите усни се аналогни со големите усни.
3. TPEM HA ВАГИНАТА (VESTIBULUM VAGINAE)
- Тремот на вагината (vestibulum vaginae) претставува елипсоиден простор со поширокиот крај свртен
наназад. Тој е ограничен бочно со внатрешните страни од малите усни (labia minora pudendi),
однапред со уздата на дразницата (frenulum clitoridis) и главчето од клиторисот (glans clitoridis),
одзади со уздата од срамните усни (frenulum labiorum pudendi) зад која се наоѓа тремната јама (fossa
vestibuli vaginae).
- Во предниот дел од тремот на оддалеченост од 2,5 см од главчето на дразницата (glans clitoridis) се
наоѓа надворешниот отвор од уретрата (ostium urethrae externum).
- Бочно, парно од ostium urethrae externum се наоѓаат отвори од параутералните жлезди (ductus
paraurethralis).
- Меѓу задниот раб од ostium urethrae externum и предниот раб до отворот на вагината (ostium
vaginae) се наоѓа мало испапчување carina urethralis vaginae, кое претставува долен крај од предниот
лигавичен столб на вагината (columna rugarum anterior).
- Задниот дел од тремот го зазема отворот на вагината (ostium vaginae) затворен со хименот или
неговите остатоци (carunculae hymenales).
- Бочниот раб од тремот е претставен со браздата меѓу хименот или неговите остатоци и припојниот
раб од малите усни (sulcus nymphohymenalis).
- Во оваа бразда некаде на средината се отвораат големите тремни жлезди (glandulae vestibulares
majores - Bartholini), а во задниот дел од браздата се отвораат малите тремни жлезди (glandulae
vestibulares minores).
- Парно бочно од тремот на вагината во базата од малите усни од срамницата лежи луковицата од
еректилното тело на тремот (bulbus vestibuli).
4. ЕРЕКТИЛНИ ТЕЛА
- Во еректилни тела на надворешните женски полови органи спаѓаат: а) дразница (clitoris) и б) лукавица
на тремот (bulbus vestibuli).
А) ДРАЗНИЦА (КЛИТОРИС) (CLITORIS).
- Таа претставува непарен еректилен орган сместен во средишна линија пред тремот на вагината.
- Клиторисот е аналоген на пенисот кај мажите. Клиторисот се состои од два крака, лев и десен крак
(crus clitoridis sinister et dexter).
- Краците имаат должина од 3-5 см, а широки се 1 см. Тие се протегаат и прицврстуваат по должината
на долно-внатрешната страна од rаmus inferior ossis pubis et ramus ossis ischi.
- Медијалните страни од краците се покриени со сноповите од m. ischiocavernosus.
- Долните страни се покриени со припојот на големите усни од срамнината (labia majora pudendi).
Двата крака од дразницата кај долниот раб од симфизата се соединуваат и го градат телото на
дразницата (corpus clitoridis).
- Телото на дразницата долго е 2-2,5 см, а широко 8 mm. Почетниот дел од телото на дразницата е
насочено нанапред и нагоре, а потоа свива под остар агол кон назад и долу.
- На местото на свијокот (angulus clitoridis) на дорзалната и латералните страни се прицврстува
придружувачка врска на дразницата (lig. suspensorium clitoridis).
- Тој ја поврзува дразницата со симфизата. Телото од дразницата завршува слободно во вид на конус
или зрнце наречено главче на дразницата (glans clitoridis).
- Главчето на дразницата (glans clitoridis) се наоѓа во средишна линија меѓу бифуркацијата од
предните краеви на малите усни.
- Однапред glans clitoridis e покриен со надворешните краци од малите усни кои го градат покривачот
на дразницата (ргаcputium clitoridis).
- Одзади е ограничен со внатрешните краци од малите усни кои се спојуват меѓу себе и со задниот дел
од дразницата и ја градат уздата на дразницата (frenulum clitoridis). Гланс клиторидис има розова боја,
долг е 5-6 mm, а широк 3,5 mm. Меѓу предниот дел од надворешниот отвор на уретрата (ostium
urethrae externum) и задниот дел од телото на дразницата (corpus clitoridis) во средишна линија се
протега 2-3 см долга бразда (sulcus urethralis clitoridis"). Во лигавицата на дразницата се наоѓаат голем
број нервни влакна и рецептори поради што таа е многу осетлива. Дразницата има иста градба како и
соодветните делови од пенисот. Изградена е од еректилно тело (corpus cavernosum clitoridis) кое
настанува со спојување на неговите краци, а покриено со фиброзна обвивка (unica albuginea). Од
фиброзната обвивка во средишна линија на местото на допирот на кавернозните тела настанува
непотполна преграда (septum corporum cavernosum). Од обвивката се одделуваат и фиброзни ленти
(trabeculae) кои градат прегради меѓу шуплините од кавернозното тело (cavernae corporis cavernosi) кои
се исполнети со крв. Однадвор дразницата освен со glans clitoridis е покриен со фасција (fascia clitoridis).
САДОВИ, ЛИМФАТИЦИ И НЕРВИ
Артерии. Дразницата е васкуларизирана од: a. dorsalis clitoridis и a. profunda clitoridis. Двете артерии се
гранки на a. pudenda interna.
Вени, Венската крв се одведува преку v. profunda clitoridis во v. pudenda interns а преку v. dorsalis
clitoridis no plexus venosus vesicalis.
Лимфатици. Лимфата од дразницата се одведува во површинските ингвинални јазли (nodi lymphatici
inguinales superficiales).
Нерви. Дразницата е инервирана од n. dorsalis clitoridis гранка на n. pudendus и од nn. cavernosi clitoridis
oд plexus hypogastricus inferior.
6) ЛУКОВИЦА НА ТРЕМОТ (BULBUS VESTIBULI).
Луковицата на тремот е парно еректилно тело, составено од лев и десен дел кои се соединуваат меѓу
себе со pars intermedin commisura bulborum која се наоѓа меѓу дразницата и надворешниот отвор од
уретрата. Bulbus vestibuli се наоѓа бочно од ostium vaginae. Тој има вретеновидна форма на луковица чиј
поширок крај е свртен наназад. Bulbus vestibuli има должина 3 см, широк е 1,5 cm, а дебел 1 cm. Ha
bulbus vestibuli ce опишуваат две страни (надворешна и внатрешна), два раба (горен и долен) и два
краја (преден и заден). Надворешната страна е конкавна и го опкружува напред ostium urethrae
externum, a назад ostium vaginae. Горниот раб од булбусот е прицврстен за долната страна од
урогениталната дијафрагма (diaphragma urogenitale), додека долниот раб е покриен со припојниот раб
од малите усни од срамницата (labia minora pudendi). Предниот крај од булбусот е тенок и пред
дразницата се соединува со предниот крај од спротивниот булбус и заедно го градат раrs intermedia
commissura bulborum. Вака споен bulbus vestibuli има форма на потковица со конкавитет свртен надолу
и наназад (затоа некои автори сметаат дека тој е непарна формација). Задниот крај од булбусот е
задебелен и допира тремни жлезди (grandulae vestibulares majores). Bulbus до предниот дел од
големите vestibuli e аналоген на bulbus penis кај мажите. Bulbus vestibuli има слична градба со
дразницата. Фиброзната обвивка (tunica albuginea) ги покрива венските сплетови меѓу кои се наоѓаат
прегради од сврзно ткиво и мазни мускулни влакна.
САДОВИ, ЛИМФАТИЦИ И НЕРВИ
Артерии. Васкуларизацијата на bulbus vestibuli потекнува од а. bulbi vestibuli, гранка на а. pudends
interna
Вени. Венската крв се одведува преку vv. bulbi vestibuli no v. pudends interna и во vv. rectales inferiores
до plexus venosus vaginalis.
Лимфатици. Лимфата од bulbus vestibuli се одредува во површинските ингвинални јазли (nodi lymphatici
inguinales superficiales).
Нерви. Инервацијата доаѓа од гранчињата на n. pudendus.
1. ЖЛЕЗДИ НА ТРЕМОТ
Во тремот на вагината се сместени: а) големите тремни жлезди (glandulae vestibulares majores-Bartholini)
и б) малите тремни жлезди (glandulae vestibulares minores).
а) Големи тремни жлезди (glandulae vestibulares majores-Bartholini) Тие претставуваат парни
алвеолотубуларни жлезди кои лачат бистар лигавичен секрет што ја одржува влажноста во
предворјето: вагината. Локализирани се во задната третина тремот бочно од ostium vaginaе, односно
меѓу labium minus pudendi и хименот или неговите остатоци (carunculae hymenales). Големите тремни
жлезди имаат кружна форма чија должина изнесува 1 до 1,5 см, ширина 8 mm и дебелина 3 до 5 mm.
Ha glandulae vestibulares majores се разликуваат. две страни (внатрешна и надворешна), два краја
(преден и заден) и два раба (горен и долен). Внатрешната страна е свртена кон е свртена кон тремот на
вагината и оддалечена од него 1,5 см. Надворешната страна во поголем дел е покриена со m.
bulbospongiosus. Предниот крај доаѓа во сооднос со задниот крај од луковицата на тремот (bulbus
vestibuli), додека задниот крај се наоѓа пред предниот раб од m. transversus perinei superficialis и
задниот дел од влезот во вагината (ostium vaginae). Горниот раб од жлездата лежи на урогениталната
дијафрагма, а долниот раб е покриен со средниот дел од припојниот раб на големите усни од
срамницата (labia majora pudendi). Изводниот канал од glandula vestibularis major e долг околу 13 мм, се
протега косо нанапред и навнатре, а се отвора по задниот дел од браздата меѓу малите усни од
срамницата и хименот, односно неговите остатоци. Големите тремни жлезди се соодветни на glandulae
bulbourethrales кај мажите.
6) Мали тремни жлезди (glandulae vestibulares minores) Тие претставуваат мали алвеолотубуларни
жлезди расфрлани под лигавицата од тремот на вагината. Најголем број се локализирани во браздата
меѓу хименот или неговите остатоци и малите усни од срамницата. Група од овие жлезди што се
наоѓаат околу ostium urethrae externum, се наречени парауретрални.
САДОВИ, ЛИМФАТИЦИ И НЕРВИ
Артерии. Васкуларизацијата на големите и малите тремни жлезди потекнува од a. bulbi vestibuli гранка
на a. pudenda interna.
Вени. Венската крв од тремните жлезди се одведува преку вените придружнички на артериите во
pudenda interna.
Лимфатици. Лимфата од малите и големите тремни жлезди се одведува во внатрешните илијачни
лимфни јазли (nodi lymphatici iliaci interni).
2. МАШКИ ПОЛОВИ ОРГАНИ (ORGANA GENITALIA MASCULINA)
Аналогно на женските полови органи, и машките полови органи се делат на: А. внатрешни машки
полови органи (organa genitalia masculina interna) и Б. надворешни машки полови органи (organa
genitalia masculina externa).
А. ВНАТРЕШНИ МАШКИ ПОЛОВИ ОРГАНИ (ORGANA GENITALIA MASCULINA INTERNA)
Во внатрешни машки полови органи спаѓаат: 1. семеник (testis), 2. натсеменик
(epididymis), 3. семевод (ductus deferens), 4. семена ќесичка или жлезда (vesicula s. glandula seminalis), 5.
простата (prostata) и 6. Куперовите булбоуретрални жлезди (glandulae bulbourethrales-Cowperi).
1. СЕМЕНИК ИЛИ МАДЕ (TESTIS) ТЕСТИС
Семеникот (testis) претставува машка полова жлезда во која се создаваат и созреваат машките полови
клетки (сперматозоиди). Воедно, тестисот делува и како жлезда со внатрешна секреција. Тој ЛАЧИ
ТЕСТОСТЕРОН кој ги одредува половите белези на мажот.
СПУШТАЊЕ НА СЕМЕНИКОТ (DESCENSUS TESTIS)
Тестисот како и овариумот се развива од гениталната мезенхимно епителна дипла (plica genitalis), која
се наоѓа по должината на внатрешниот раб на средниот бубрег (mesonephros). Изводниот канал на
мезонефросот наречен Wolff-ов канал (ductus mesonephricus-Wolffi), станува изводен канал на тестисот,
односно настанува семеводот (ductus deferens). Во индиферентниот стадиум од развитокот тестисот
(овариумот) се наоѓа во ретроперитонеалниот простор од абдоменот меѓу 'рбетниот столб и средниот
бубрег. При спуштањето на тестисот (овариумот) се разликуваат две фази. Првата е заедничка за двата
органа и го празнина, втората фаза се опфаќа спуштањето на органите во карличната однесува само за
тестисот. Првата фаза е привидна бидејќи половите жлезди се наоѓаат во висина на вториот сакрален
сегмент, освен тоа горниот дел од средниот бубрег се редуцира, а задниот ѕид од абдоминалната
празнина расте нагоре. Од долниот пол на тестисот до длабоката страна од идната мадна ќеса се
протега фиброзно-мускулна врвка (gubernaculum testis Hunteri) која раководи со спуштањето на
тестисот. Проксималниот дел од gubernaculum testis што се наоѓа проксимално од длабокиот отвор на
ингвиналниот канал (anulus inguinalis profundus) е наречен полно-препонска врвка (chorda
genitoinguinalis), додека дисталниот дел што се протега до длабоката страна на кожата од мадната ќеса
е наречена скротална врвка (chorda scrotalis). Од третиот до седмиот месец на интраутерниот развиток,
тестисот се наоѓа во висина на длабокиот отвор од ингвиналниот канал. Втората фаза е вистинска и го
опфаќа спуштањето на тестисот низ ингвиналниот канал, а се однесува само за тестисот. Оваа фаза
почнува од седмиот месец на интраутериниот развиток, а завршува непосредно пред раѓањето кога
тестисот ја зазема својата дефинитивна положба спуштајќи се во мадната ќеса. Доколку за време на
спуштањето на тестисот од кои било причини дојде до задржување на тестисот било во абдоминалната
празнина или во ингвиналниот канал, зборуваме за скриен тестис (kryptorchismus), задржан (retentio)
или изместен (ectopio). Во случај кога задржувањето е во абдоминалната празнина (kryptorchismus,
retentio, ectopio abdominalis) или пак во ингвиналниот канал (kryptorchismus, retentio, ectopio inguinalis).
(вака задржан тестис, до третата година треба да биде спуштен по хируршки пат во мадното ќесе, во
спротивно настанува негова атрофија.)
За време спуштањето на тестисот низ ингвиналниот канал, тој повлекува со себе слоеви од предно-
надворешниот стомачен ѕид, кој што го придружуваат се до мадната ќеса. Овие слоеви од предно-
надворешниот стомачен вид, ги градат обвивките на тестисот и сперматичната врвка (tunicae testis et
funiculi spermatici). Најдлабоко од предно-надворешниот стомачен вид е перитонеумот кого го
повлекува тестисот при спуштањето во вид на перитонеален изврат, како прст од ракавица е processus
vaginalis peritonei, зад кој лежи и се лизга тестисот низ ингвиналниот канал. Во понатамошниот развиток
делот од procesus vaginalis peritonei што се протега од длабокиот отвор на ингвиналниот канал до
горниот пол од тестисот постапно облитерира и го гради vestigium procesus vaginalis s. lig. vaginale. Во
долниот дел од processus vaginalis peritone, неговиот длабок лист го инвагинира тестисот и останува
како дволисна затворена перитонеална ќеса која ја гради перитонеалната обвивка на тестисот (tunica
vaginalis testis). Доколку во текот на развитокот не настане облитерација на горниот дел од processus
vaginalis peritonei, останува комуникација меѓу абдоминалната празнина и просторот меѓу двата листа
од processus vaginalis peritonei низ кој можат да се спуштат делови од абдоминалните органи (omentum
majus витките од тенките црева) и настануваат вродените ингвинални кили (hernia inguinalis congenita).
ДИМЕНЗИИ И ФОРМА
Семеникот (testis) е парен орган со форма на бочно сплеснатото јајце, сместено во малната кеса
(scrotum). На оска од тестисот се протега косо одгоре и напред кон долу и назад, и со хоризонталата
гради агол од 45°.
Димензиите на тестисот зависат од возраста, а покажуваат и индивидуални варијации. Кај новороденче
тестисот е долг 10 mm и тежи 0,2 г. Од првата до десетата година неговата должина се движи околу 16
mm и тежи околу 0,86 g. Bo доба на пубертетот неговите димензии рапидно се зголемуваат. Просечната
должина на тестисот меѓу 20-45 години изнесува 4,5-5 cm, ширината 2,5-3 cm. дебелината 2-2,5 cm, а
тежи 25-30 gr. Левиот тестис има нешто поголеми димензии и лежи пониско по малното ќесе.
НАДВОРЕШЕН ИЗГЛЕД
На тестисот разликуваме две страни, два пола и два раба.
1) Страни на тестисот. На тестисот разликуваме: а) внатрешна страна (facies medialis) и б) надво решна
страна (facies lateralis).
a) Внатрешната страна (facies medialis) е порамна во споредба со надворешната, а гледа кон
преградата од мадното ќесе (septum scroti).
б) Надворешната страна (facies lateralis) с конвексна.
2) Полови на тестисот На тестисот разликуваме: а) горен пол (extremitas superior) и б) долен пол
(extremitas inferior).
а) Горниот пол (extremitas superior) е задебелен и гледа кон горе и напред. Тој е покриен со
главата од натсеменикот (caput epididymidis), пред која се наоѓа закржлавен остаток од Mülero-овиот
канал како додатокот на тестисот (appendix testis), додека бочно од него се наоѓа appendix epididymidis,
кој претставува закржлавен остаток од горниот крај на Wolff-овиот канал.
6) Долниот пол (extremitas inferior) гледа кон долу и назад. Тој со скроталната врвка (chorda
scrotalis) е поврзан со длабоката страна од кожата на малното ќесе (скроталната врвка е дисталниот дел
од gubernaculum testis). Bo висина на долниот пол од тестисот свива опашот од епидидимисот (cauda
epididymidis) и продолжува како семевод (ductus deferens).
3) Рабови на тестисот На тестисот разликуваме: а) преден раб (margo anterior) и б) заден раб (margo
posterior).
а) Предниот раб (margo anterior) е конвексен, слободен, а гледа кон долу и posterior) назад.
б) задниот раб (margo posterior) гледа кон горе и назад. На надворешниот дел од овој раб лежи
телото и опашот од епидидимисот (corpus et cauda epididy midis). Меѓу задниот раб од тестисот и
долната страна од телото на епидидимисот се вовлекува висцералниот лист од серозната обвивка на
тестисот (tunica vaginalis testis) и гради епидидимичен леб (sinus epididymidis). Џебот кон главата на
епидидимисот ограничен е со горна епидидимична врска (lig. epididymidis superior), а долу кон
опашката на епидидимисот е ограничен со долна епидидимична врска (lig. epididymidis inferior).
Внатрешниот дел од задниот раб на тестисот го претставува хилусот на тестисот низ кој минува
садовно-нервната петелка.
ГРАДБА НА ТЕСТИСОТ
Тестисот е изграден од: а) сврзно ткиво и б) паренхим на тестисот.
а) Сврзно ткиво на тестисот
Сврзното ткиво на тестисот го чинат. 1) фиброзна обвивка (tunica albuginea) 2. прегради на тестисот
(septula testis) и 3. медијастинум или Хајморово тело (mediastinum testis - Highmori).
1) Фиброзната обвивка (tunica albuginea) е резистентна сврзна обвивка, со белузлава боја,
дебела 1 мм. Таа во целост го покрива паренхимот од тестисот. Во пределот на горно-внатрешниот дел
од задниот раб на тестисот е задебелена и во вид на клин навлегува во внатрешноста од тестисот
градејќи го медијасти нумот на тестисот. Обвивката ја пробиваат крвните садови и нерви на тестисот.
2. Преградите на тестисот (septula testis) претставуваат сврзни прегради кон од медијастинумот
лепезесто се шират кон длабоката страна на фиброзната обвивка на тестисот. Преградите (septula testis)
го делат паренхимот на тестисот на резенчиња (lobuli testis).
3. Медијастинум или Highmor-oвo мело (mediastinum testis-Highmori) претставува фиброзно
јадро изградено од задебелениот дел на tunica albuginea testis и испреплетените прегради на тестисот.
Тој се наоѓа во горно-внатрешниот дел од задниот раб на тестисот. Има форма на клин чиј врв е свртен
кон врвовите на лобули тестис, а базата е свртена кон задниот раб на тестисот. Медијастинум тестис е
долг 1-1,5 cm, а широк 1 см. Низ него минува садовно-нервната петелка на тестисот и еферентните
тестикуларни каналчиња (ductuli efferentes testis).
б) Паренхим на тестисот (Parenchyma testis) Паренхимот на тестисот со septula testis е поделен на 200-
250 резенчиња (lobuli testis). Резенчињата имаат пирамидна форма со врв свртен кон медијастинумот
на тестисот, а базата кон tunica albuginea testis. Паренхимот на тестисот го градат: 1. кривулести семени
каналчиња (tubuli seminiferi contorti), 2. прави семени каналчиња (tubuli seminiferi recti), 3. Haller-ова
мрежа на тестисот (rete testis-Halleri) и 4. интерстицијално ткиво.
1. Кривулестите семени каналчиња (tubuli seminiferi contorti) се наоѓаат од 1-4 во секое резенче.
Нивната должина изнесува од 35 до 70 см, а често пати меѓусебно анастомозираат. Во семениот епител
на каналчињата, во сите фази на развиток, се наоѓаат машките полови клетки (сперматозоидите).
2. Правите семени каналчиња (tubuli seminiferi recti) настануваат со поврзување на
кривулестите семени каналчиња во пределот на врвот од секое резенче и навлегуваат во
медијастинумот на тестисот.
3. Haller-овата мрежа на тестисот (rete testis - Halleri) е сместена во медијастинумот на тестисот,
а настанува со меѓусебно поврзување на првите семени каналчиња од резенчињата на тестисот. Од
оваа мрежа се одделуваат 10-20 одводни тестикуларни каналчиња (ductuli efferentes testis) кои го
поврзуваат тестисот со натсеменикот (epididymidis). Највисоко поставениот одводен тестикуларен канал
го гради почетокот на натсемениот канал (ductus epididymidis) во кој се влеваат останатите одводни
тестикуларни каналчиња. Одводните тестикуларни каналчиња (ductuli efferentes testis) се долги 6-15
cm. Минуваат низ tunica albuginea testis, две по две спирално свиваат и заедно со околното сврзно
ткиво ги градат резенчињата на натсеменикот (lobuli epididymidis).
4. Интерстицијалното ткиво на тестисот се наоѓа меѓу семените каналчиња од тестисот. Него го
гради сврзно ткиво, крвни садови, нерви и специфични интерстицијални клетки - Leidig-ови клетки кои
го градат ендокриниот дел на тестисот. Овие клетки ги лачат машките полови хормони.
САДОВИ, ЛИМФАТИЦИ И НЕРВИ
Артерии. Тестисот е васкуларизиран од а. testicularis. Таа претставува парна висцерална гранка на aorta
abdominalis. Се одделува во висина на вториот слабински прешлен под одделувањето на а. renalis. Се
протега косо, надолу и нанадвор низ spatium retroperitoneale abdominalis. Во висина на граничната
линија го вкрстува уретерот и m. psoas, a се наоѓа латерално од а. iliaca externa, доаѓа до длабокиот
отвор на ингвиналниот канал каде се придружува на елементите што ја градат семената врвка (funiculis
spermaticus). Содржана е во предниот дел од семената врвка опкружена со предниот китест сплет
(plexus pampiniformis anterior). Во висина на горниот пол од тестисот стеблото се дели на две гранки:
r.epididymidis која се упатува кон епидидимисот и анастомозира со истоимената гранка (r. epididymidis)
од ductus deferentis во пределот на опашот од епидидимисот a. testicularis продолжува делејќи се на
две гранки: надворешна и внатрешна.
Надворешната гранка се протега по надворешната страна од тестисот кон долниот пол, каде
свива и по предниот раб од тестисот се качува до горниот пол.
Внатрешната гранка се протега по внатрешната страна на тестисот до неговиот долен пол каде
свива и се враќа кон горниот пол. Двете гранки анастомозираат градејќи перитестикуларен сплет од кој
се одделуваат површински и длабоки гранки. Површинските гранки се протегаат под tunica albuginea
паралелно со страните на тестисот. Длабоките гранки навлегуваат меѓу резенчињата од тестисот и се
упатуваат кон медијастинумот на тестисот. Патем од нив се одделуваат гранчиња кои навлегуваат во
паренхимот на тестисот. Во пределот на медијастинумот длабоките гранки анастомозираат меѓу себе, а
од анастомотичната мрежа се одделуваат повратни гранки кои навлегуваат во паренхимот од
резенчето.
Вени. Вените што ги придружуваат површинските и длабоките артериски гранки во пределот на
внатрешниот дел од задниот раб на тестисот градат богато развиен преден китест сплет (plexus
pampiniformis anterior), кој го придружува текот a.testicularis во сперматичната врвка. Од сплетот (plexus
pampiniformis anterior) во висина на длабокиот отвор од ингвиналниот канал се одделуваат vv.
testicularis кои ја придружуваат а. testicularis во абдоминалната празнина. Левата вена тестикуларис под
прав агол се влева во v. renalis sinistra, а десната v. testicularis ce влева во v. cava inferior. Поради ваквиот
завршеток на левата тестикуларна вена во левиот тестис е отежнат венскиот крвоток, затоа најчесто
проширувања на вените (varicocelae) настануваат на левиот тестис.
Лимфатици. Лимфните садови од тестисот градат богато разгранета лимфна мрежа во паренхимот на
тестисот и неговите обвивки. Најголем дел од лимфата се одведува по текот на а. testicularis кон
аортичните лимфни јазли (nodi lymphatici aortici), помал дел се одведува по текот на ductus deferens и
неговата садовно-нервна петелка кон nodi lymphatici iliaci externi u nodi lymphatici inguinales.
Нерви. Тестисот преставува орган со двојна инервација. По текот на a. testicularis ce протега
вегетативниот сплет plexus testicularis кој потекнува од plexus coeliacus, a по текот на a. ductus deferentis
ce протега plexus deferentialis koj претставува одводен вегетативен сплет на plexus hypogastricus inferior.
ОБВИВКИ НА ТЕСТИСОТ (TUNICAE TESTIS)
Тестисот е обвиткан со повеќе обвивки кои над горниот пол од тестисот и главата од епидидимисот се
продолжуваат со обвивките на сперматичната врвка (tunicae funiculi spermatici).
Обвивките на тестисот претставуваат слоеви од предно-надворешниот стомачен вид кои тестисот ги
повлекол со себе за време на спуштањето (descensus testis). Одејќи одвнатре кон надвор тоа се: 1.
серозна обвивка (tunica vaginalis testis), 2. внатрешна сперматична фасција (fascia spermatica interna s.
tunica vaginalis communis), 3. m. cremaster, 4, fascia cremasterica и 5. надворешна сперматична фасција
(fascia spermatica externa).
1.Серозна обвивка на тестисот (tunica vaginalis testis)
Серозната обвивка на тестисот претставува дволисна слепо затворена ќеса. Таа го претставува
перитонеалниот изврат (processus vaginalis peritonei) во кој се инвагинирал тестисот во текот на
ембрионалниот развиток. Серозната обвивка на тестисот го обложува тестисот од сите страни освен
внатрешниот дел од задниот раб, а обложува и делови од епидидимисот. Како секоја серозна обвивка
и tunica vaginalis testis се состои од два листа: а) висцерален (lamina viscelaris s. epiorchium) и б)
париетален (lamina parietalis s. periorchium) кои меѓу себе ограничуваат виртуален капиларен простор
(cavum vaginale"). Просторот содржи минимално количество течност кое овозможува лизгање на
листовите.
(Во паталошки случаи меѓу двата листа на tunica vaginalis testis може да се собере големо количество
течност (hydrocela vaginalis) или крв (hae-matocela vaginalis).
а) Висцеларниот лист (lamina visceralis s. epiorchium) ја обложува фиброзната обвивка на тестисот
(tunica albuginea) од сите страни освен внатрешниот дел од задниот раб на тестисот. Над горниот пол од
тестисот висцералниот лист од внатрешната и надворешната страна од тестисот се продолжува со куса
серозна дупликатура (mesorchium) која во висина од 1 см, го обложува почетниот дел од семената
врвка (funiculus spermaticus), потоа свива надолу и минува во париетиналниот лист (lamina parietalis).
Висцералниот лист ја покрива предната и латералната страна од главата, телото и опашот на
епидидимисот (caput, corpus et cauda epididymidis). Во висина на вратот од едидидимисот,
висцералниот лист се вовлекува меѓу задниот раб на тестисот и долната страна од corpus epididymidis и
гради епидидимичен леб (sinus epididymidis). Џебот кон главата на епидидимисот е ограничен со горна
епидидимична врска (lig. epididymidis superius), a кон опашот на епидидимисот со долна епидидимична
врска (lig. epididymidis inferius).
6) Париеталниот лист (lamina parietalis s. periorchium) налегнува на надворешната страна од
висцералниот лист од која е одделен со капиларен простор (cavum vaginale).
2. Внатрешна сперматична фасција (Fascia spermatica interna s. tunica vaginalis communis).
Внатрешната сперматична обвивка е продолжеток на напречната абдоминална фасција (fascia
transversalis). Taa претставува цврста фиброзна обвивка која ја обложува серозната обвивка на тестисот
и епидидимисот. Над горниот пол од тестисот и главата од епидидимисот таа се продолжува со
истоимената обвивка на сперматичната врвка.
3. M. cremaster
Musculus cremaster го градат долните снопови од напречниот абдоминален мускул (m. transversus
abdominis) и мускулните снопчиња од внатрешниот кос абдоминален мускул (m. obliquus internus
abdominis). Мускулот се протега по предната и задната страна на семената врвка сè до тестисот каде
завршува поделен на повеќе снопчиња. Тие ја покриваат внатрешната сперматична фасција со својата
длабока страна. (M. cremaster рефлексно се скусува при празнење на внатрешната страна од бутот и го
подигнува тестисот (кремастеричен рефлекс).
4. Кремастерична фасција (fascia cremasterica)
Кремастеричната фасција (fascia cremasterica) го гради сврзното ткиво што се наоѓа меѓу мускулните
снопови и над мускулот. Таа го одделува кремастеричниот мускул од надворешната сперматична
фасција.
5. Надворешна сперматична фасција (fascia spermatica externa)
Надворешната сперматична фасција (fascia spermatica externa) претставува продолжеток на fibrae
intercrurales и апоневрозата на надворешниот кос мускул од абдоменот (m. obliquus externus abdominis)
и површинската абдоминална фасција (fascia superficialis abdominis). Оваа фасција ја покрива
кремастеричната фасција.
2. НАТСЕМЕНИК (EPIDIDYMIS) (ЕПИДИДИМИС)
- Натсеменикот (epididymis) претставува почетен дел на семените патишта. Натсеменикот лежи на
горниот пол и латералниот дел од задниот раб на тестисот. Епидидимисот го градат бројните свиоци
од епидидимичниот канал (ductus epididymidis) чиј број се намалува од горе кон долу. Епидидимисот
претставува резервоар на сперми и семени клетки.
ФОРМИ И ДИМЕНЗИИ
Епидидимисот има форма на запирка. Неговиот горен проширен дел ја гради главата на епидидимисот
(caput epididymidis). Таа го покрива горниот пол од тестисот. Долниот стеснет дел ја чини опашката на
епидидимисот (cauda epididymidis). Опашката на епидидимисот лежи на латералниот дел од задниот
раб на тестисот во висина на неговиот долен пол. Димензиите на епидидимисот зависат од возраста.
Кај новороденче епидидимисот е долг 22-23 mm. од 1-5 година. Неговата должина изнесува 34 mm. од
8-10 година должината на епидидимисот е околу 38 мм. Во доба на пубертетот тој нагло расте и има
должина од околу 50 mm. Kaj возрасен маж епидидимисот има должина од 5-6 см. ширината во
пределот на главата изнесува 1,5 cm. а дебелината 0,5 см.
ДЕЛОВИ НА ЕПИДИДИМИСОТ
На спидидимисот се опишуваат:
1) глава на епидидимисот (CAPUT EPIDIDYMIDIS),
2) тело на епидидимисот (CORPUS EPIDIDYMIDIS) и
3) опашка на епидидимисот (CAUDA EPIDIDYMIDIS).
1.ГЛАВА НА ЕПИДИДИМИС (CAPUT EPIDIDYMIDIS).
Таа го гради горниот најволуминозниот дел од епидидимисот. Долната страна од главата го покрива
горниот пол од тестисот (extremitas superior). Главата на епидидимисот поврзана е со тестисот со сврзно
ткиво и со одводните тестикуларни каналчиња (ductuli efferentes testis). Предниот слободен дел од
главата и латералната страна обложени се со висцералниот лист (lamina visceralis) од серозната обвивка
на тестисот (tunica vaginalis testis).
Главата на епидидимисот е изградена од 9 до 12 резенчиња (lobuli epididymidis s. coni epididymidis).
Резенчињата имаат форма на конус чиј врв е свртен кон задниот раб на тестисот, а базата кон
надворешната површина од епидидимисот. Резенчињата се високи околу 1,5 до 2 mm. Тие се
изградени од сврзно ткиво и од одводните тестикуларни каналчиња (ductuli efferentes testis).
Каналчињата по пробивањето на фиброзната обвивка од тестисот, две по две заедно спирално
свиткани доаѓаат до базата на резенчето и завршуваат влевајќи се во епидидимичниот канал. Во
пределот на главата на епидидимисот често пати се среќава слепо затворено каналче (appendix
epididymidis). Тоа претставува закржлавен остаток од Wolff-овиот канал. Над главата од епидидимисот
пред почетниот дел на сперматичната врвка (funiculus spermaticus) се среќаваат повеќе меурести
творби кои претставуваат закржлавени остатоци од каналчињата на средниот бубрег (mesonephros), а
го градат парадидимисот (paradidymis), додека бочно од главата се наоѓаат горните аберантни
каналчиња (ductuli aberrantes superiores).
2. ТЕЛО НА ЕПИДИДИМИС (CORPUS EPIDIDYMIDIS) го претставува средниот најдолг дел од
епидидимисот и ги поврзува главата со опашот на епидидимисот. Телото на натсеменикот има
тристрано призматичка форма. Неговата горно надворешна страна е обложена со lamina visceralis од
tunica vaginalis testis. Внатрешната страна е во сооднос со садовно-нервната петелка на тестисот.
Долната страна од телото на епидидимисот и задниот раб на тестисот се одделени со серозен џеб (sinus
epididymidis). Џебот го гради висцералниот лист од серозната обвивка на тестисот што се вовлекува
меѓу задниот раб од тестисот и долната страна од телото на епидидимисот. Џебот е ограничен од
главата на епидидимисот со lig. epididymidis superius, а од опашот со lig. epididymidis inferius.
3. ОПАШ НА ЕПИДИДИМИС (CAUDA EPIDIDYMIDIS) го претставува долниот тесен дел на епидидимисот.
Предната страна од cauda epididymidis лежи на долниот дел од задниот раб на тестисот. Надворешната
страна е обложена со серозната обвивка на тестисот. Внатрешната страна од опашката во сооднос е со
почетниот дел од семената прака. Во висина на долниот пол од тестисот cauda epididymidis свива под
остар агол и продолжува со семеводот (ductus deferens). Често пати во пределот на опашот од
епидидимисот или во самиот агол од неговиот свиок се наоѓа слепо затворен канал (ductus aberrans
inferior). Тој претставува закржлавен остаток од каналчињата на средниот бубрег. Натсеменикот е
изграден од свиоците на натсемениот канал (ductus epididymidis). Каналот е долг 5-6 мм а има пречник
од 0,3 mm. Епидидимичниот канал во главата од епидидимисот гради бројни свиоци чиј број се
намалува кон телото од епидидимисот, а исчезнуваат во пределот на опашот од епидидимисот.
Епидидимичниот канал (ductus epididymidis) претставува продолжеток на најгорниот одводен
тестикуларен канал (ductus efferens testis) во кој како запци од чешел се влеваат останатите одводни
тестикуларни канали (ductuli efferentes testis).
ГРАДБА НА DUCTUS EPIDIDYMIDIS
Одејќи одвнатре кон надвор епидидимичниот канал е изграден од: 1. лигавица (tunica mucosa), 2.
мускулен слој (tunica muscularis) и 3. надворешен слој (tunica adventitis).
1.Лигавицата (tunica mucosa) е изградена од еднослоен цилиндричен епител со трепки. Таа лачи секрет
кој влегува во состав на сперматичната течност.
2. Мускулен слој (tunica muscularis) Овој слој го градат надолжен и кружен слој мазни мускулни влакна.
Перисталтичките движења на овој слој ги потискаат (туркаат) спермите кон семеводот.
3. Надворешен слој (tunica adventitia) Овој слој го гради сврзно ткиво, а претставува продолжеток од
фиброзната обвивка на тестисот, но е потенка.
САДОВИ, ЛИМФАТИЦИ И НЕРВИ
Артерии. Васкуларизацијата на епидидимисот потекнува од: 1. R. epididymidis на a. testicularis.
Гранчето ја васкуларизира главата и дел од телото на епидидимисот и од : 2.R. epididymidis a. ductus
deferentis кое го васкуларизира останатиот дел од епидермисот. Двете артериски гранчиња
анастомозираат во пределот на телото од епидермисот.
Вени. Вените од епидидимисот градат богато развиен заден китест сплет (plexus pampiniformis
posterior) кој го придружува текот на а. ductus deferentis. Сплетот содржен е во задниот дел од
семената врвка.
Лимфатици. Лимфата од епидидимисот се одведува исто како и лимфата од тестисот.
Нерви. Инервацијата на епидидимисот потекнува од plexus coeliacus за главата и дел од телото на
епидидимисот и од plexus hypogastricus inferior, a останатиот дел од епидидимисот.
3. СЕМЕВОД (DUCTUS DEFERENS) (ДУКТУС ДЕФЕРЕНС)
- Семеводот (ductus deferens) претставува екстра тестикуларен одводен семен пат. Тој започнува од
опашот на епидидимисот (cauda epididymidis) и се протега до базата на простатата од каде
продолжува со својот завршен дел како ејакулаторен канал (ductus ejaculatorius), откако во него ќе се
влее изводниот канал од семените ќесички (vesicula seminalis).
ФОРМА И ДИМЕНЗИИ
- Семеводот (ductus deferens) претставува парен цилиндричен мускулно лигавичен канал долг 55-60
см со пречник од 3-3,5 mm. Луменот од каналот во почетниот дел има пречник од 0,5 mm а во неговиот
ампуларно-проширен дел тој изнесува 1-1,5 mm. Поради добро развиениот мускулен слој семеводот е
цврст и лесно опиплив во неговиот скротален тек.
ПАТ И СООДНОСИ
Топографски на семеводот се разликуваат неколку дела:
1. епидидимичен или тестисен дел (PARS EPIDIDYMICA S. TESTICULARIS),
2. семен или фуникуларен дел (PARS FUNICULARIS),
3. З. илијачен или абдоминален (PARS ABDOMINALIS S. ILIACA),
4. карличен дел (PARS PELVINA).
1. ЕПИДИДИМИЧНИОТ ИЛИ ТЕСТИСНИОТ ДЕЛ (PARS EPIDIDYMICA S. TESTICULARIS") претставува
почетен дел од семеводот. Тој започнува од опашот на епидидимисот (cauda epididymidis) од каде го
продолжува епидидимичниот канал (ductus epididymidis) со кој гради остар агол. Епидидимичниот дел
од семеводот прави повеќе свиоци кои се качуваат по должината на задниот раб од тестисот внатре од
епидидимисот. Свиоците од семеводот се намалуваат асцендентно. Неговата должина изнесува 15 до
20 см, а минува пат од 4 до 5 см.
2. ФУНИКУЛАРЕН ДЕЛ (PARS FUNICULARIS) е делот од семеводот што е содржан во спрематичната
врвка (funiculis sprematicus). Неговата должина изнесува 18 до 20 cm. Тој се протега од пределот на
горниот пол на тестисот и главата на епидидимисот до длабокиот отвор од ингвиналниот канал. На
фуникуларниот дел од семеводот се разликуваат два дела: а) слободен или скротален дел (,,pars libera
s. scrotalis") и б) ингвинален („pars inguinalis“).
а) Слободниот или скроталниот дел (pars libera s. scrotalis) е продолжеток на епидидимичниот дел од
семеводот кој од горниот пол на тестисот и епидидимисот навлегува во семената врвка. Се протега
вертикално нагоре до површинскиот отвор на ингвиналниот канал (anulus inguinalis superficialis). Овој
дел од семеводот може да се напипа како тврдоеластична врвка.
б) Ингвинален дел (pars inguinalis) се протега од површинскиот отвор на ингвиналниот канал (anulus
inguinalis superficialis) косо, нагорно, наназад и нанадвор до длабокиот отвор на ингвиналниот канал
(anulus inguinalis profundus). Фуникуларниот дел од семеводот стекнува блиски соодноси со елементите
содржани во сперматичната врвка.
3) ИЛИЈАЧНИОТ ИЛИ АБДОМИНАЛНИОТ ДЕЛ (PARS ILIACA S. ABDOMINALIS) се протега од длабокиот
отвор на ингвиналниот канал до граничната линија (linea terminalis). Напуштајќи го ингвиналниот канал,
семеводот придружен со a. ductus deferentis vv, deferentiales cвива лачно надолу, ги вкрстува задните
страни од vasa epigastrica inferior, минува пред внатрешната страна од vasa iliaca externa и навлегува во
карлицата. Илијачниот дел од семеводот лежи во соодветна илијачна јама (fossa iliaca).
4. КАРЛИЧЕН ДЕЛ (PARS PELVINA) Карличниот дел се протега од граничната линија (linea terminalis) до
базата на простатата (basis prostatae). Почетниот дел од каналот се протега косо надолу и наназад под
перитонеумот од бочниот карличен ѕид. Патем ги вкрстува vasa umbilicalia i vasa bturatoriа, оди по
должината на бочните рабови на мочниот меур кон неговото дно, каде минува пред завршниот дел од
соодветниот уретер. Во височина на горниот крај од семените ќесички (vesiculae seminales) свива
надолу и навнатре кон базата на простатата. Овој дел од семеводот ампуларно се проширува и ја гради
ampulla ductus deferentis. Ампулата лежи внатре од семените кесички и учествува во ограничувањето на
интердеференцијалниот триаголник (trigonum interdeferentiale). Ампуларно проширениот дел од
семеводот одделен е од предната страна на ректумот со ректовезикалната преграда (septum
rectovesicale). На базата од простатата стеснетиот дел од ampulla ductus deferentis се соединува со
соодветниот одводен канал на семените ќесички (ductus excretorius vesiculae seminalis) и продолжува
како исфрлувачки канал (ductus ejaculatorius).
ГРАДБА
Одејќи одвнатре кон надвор семеводот е изграден од: 1. лигавица (tunica mucosa), 2. мускулен слој
(tunica muscularis) и 3. сврзен слој (tunica adventitia).
1. Лигавицата (tunica mucosa) на семеводот е изградена од lamina propria обложена со цилиндричен
епител со трепки. Во ампуларно-проширениот дел, лигавицата гради непотполни прегради кои ја
сепарираат празнината на меурести вдлабнатини со неправилни димензии (diverticula ampullae) кои на
површината од ампулата градат меурести испапчувања. Лигавицата на семеводот има секреторна
функција. Таа лачи секрет кој влегува во состав на сперматичната течност.
2. Мускулен слој (tunica muscularis) Овој слој го гради најдебелиот слој од ѕидот на семеводот.
Изграден е од надворешен и внатрешен надолжен и среден кружен мускулен слој на мазни мускулни
влакна.
3. Надворешниот слој (tunica adventitia) го гради сврзно ткиво меѓу кое се наоѓаат еластични влакна,
крвни садови и нерви на семеводот.
САДОВИ, ЛИМФАТИЦИ И НЕРВИ
Артерии. Васкуларизацијата на семеводот потекнува од A. DUCTUS DEFERENTIS гранка на a. umbilicalis.
Во висина на дното од мочниот меур а. ductus deferentis ce дели на нагорна и надолна гранка.
Нагорната гранка се упатува кон ampulla ductus deferentis и семената ќесичка (vesicula seminalis) за чија
васкуларизација е наменета. Надолната гранка го придружува дисталниот дел од семеводот содржан
во семената врвка сè до телото на епидидимисот, каде анастомозира со r.epididymicus од а. testicularis.
Ампуларниот дел од семеводот добива и гранчиња од a. rectalis media и a. vesicalis inferior.
Вени. Вените од семеводот придружувајќи ја артеријата во фуникуларниот дел од семеводот градат
развиен заден китест сплет (plexus pampiniformis posterior) од кој кај длабокиот отвор на ингвиналниот
канал (anulus inguinalis profundus) ce одделуваат vv. deferentiales кои го придружуваат проксималниот
дел од семеводот и a. ductus deferentis, а се влеваат во v. iliaca interna.
Лимфатици. Текот на семеводот е придружен од лимфатичен сплет. Лимфата се одведува во nodi
lymphatici iliaci interni, a делумно и кон nodi lymphatici inguinales.
Нерви. Семеводот е инервиран од plexus deferentialis, одводен сплет на plexus hypogastricus inferior.
ИСФРЛУВАЧКИ ИЛИ ЕЈАКУЛАТОРЕН КАНАЛ (DUCTUS EJACULATORIUS)
Ејакулаторниот канал (ductus ejactulatorius) го претставува завршниот дел 4 mm. на семеводот што се
протега од базата на простата по соединувањето на стеснетиот дел од ampulla ductus deferentis со
соодветниот канал на семената ќесичка (ductus excretorius vesiculae seminalis). Претставува парен
мускулно-лигавичен канал, долг 2,5-3 см, широк 4мм. Тој завршува со ејакулаторниот отвор (porus
ejaculatorius) на семеното брегче (colliculus seminalis) од простатичниот дел на машката уретра. Од
својот постанок на базата на простатата, каналот оди косо надолу и нанапред. Минува низ
простатичното ткиво се до задниот зид на простатичниот дел на машката уретра (pars prostatica urethrae
masculinae), каде се отвора на врвот од семеното (colliculus seminalis) преку мал кружен отвор (porus
ejaculatorius) бочно од отворот на utriculus prostaticus. Отворот на ductus ejaculatorius на семеното
брегче е брегче е е затворен под дејство на тонусот на мазните мускули од простатичното ткиво, а се
отвора тонусот попушта за време на оргазам. Ductus ejaculatorius има иста градба како семеводот и
vesicula seminalis, со таа разлика што лигавицата во пределот на роri ejaculatorii е покриена со плочест
епител. Ејакулаторниот канал кога минува низ простатата не е обложен со tunica adventitia.
4. СЕМЕНА ЌЕСИЧКА ИЛИ ЖЛЕЗДА (VESICULA SEMINALIS)
Семената ќесичка (vesicula seminalis) е парна меуресто-жлездано-лигавична формација која лежи на
дното од мочниот меур надвор од ампулата на семеводот, а пред ректумот.
ФОРМА И ДИМЕНЗИИ
Семените ќесички имаат форма на издолжен конус чијшто проширен слепозатворен крај е затворен
нагоре и нанадвор, а стеснетиот дел навнатре и надолу. Од него продолжува одводниот канал на
семените ќесички (ductus excretorius vesiculae seminalis). Семените ќесички се долги 5 до 6 см
најшироки се во горниот крај до 15 mm и со дебелина од 5 mm. Всушност, семените ќесички се
изградени од меурест канал долг 12 см со пречник од 6 до 7 mm којшто гради повеќе витки. На пресек
семените ќесички личат на канал којшто повеќе пати е превиткан и гради бочни џебови или
вдлабнатини.
СООДНОСИ
Семените ќесички лежат на дното на vesica urinaria косо одгоре и надвор кон долу и внатре. Внатре од
нив се наоѓa ampulla ductus deferentis со која заедно го ограничуваат интердеференцијалниот
триаголник. Задната страна од семените кесички во долниот дел е одделена од предната страна на
ректумот со ректовезикална преграда (septum rectovesicale). Преку ректумот тие се пристапни за
лекарски палпаторен преглед. Горниот дел од семените ќесички е обложен со перитонеум кој во таа
висина свива наназад и ја покрива предната страна од ректумот, градејќи го ректовезикалниот леб
(excavatio rectovesicalis).
Горниот поширок и слепо затворен крај од семените ќесички однапред во сооднос со завршниот дел на
уретер, пред тој да навлезе во дното од мочниот меур.
Долниот стеснет крај на семените ќесички се продолжува со одводниот канал (ductus excretorius) кој
под остар агол на базата од простатата се соединува во стеснетиот дел од ampulla ductus deferentis и
продолжува како ејакулаторен канал.
Семените ќесички имаат иста градба како семеводот.
САДОВИ, ЛИМФАТИЦИ И НЕРВИ
Артерии. Васкуларизацијата на семените ќесички потекнува од: 1. aа. vesicales inferiores, 2. a. ductus
deferentis и 3. a. rectalis media.
Вени. Венската крв се одведува преку вените придружнички на артериите во plexus venosus
vesicopudendalis.
Лимфатици. Лимфата од семените ќесички се одведува кон nodi lymphatici iliaci interni.
Нерви. Инервацијата доаѓа преку plexus deferentialis одводен вегетативен сплет на plexus hypogastricus
inferior.
СЕМЕНАТА ВРВКА И ОБВИВКИ НА СЕМЕНАТА ВРВКА (FUNICULUS SPERMATICUS И TUNICAE FUNICULI
SPERMATICI)
Семената врвка (funiculus spermaticus) е парна цилиндрична формација на која виси тестисот. Таа е
долга 18-20 см а се протега од задно-горниот дел на тестисот до длабокиот отвор на ингвиналниот
канал (anulus inguinalis profundus). Сперматичната врвка ја градат мускулно-фиброзни обвивки,
фуникуларниот дел од семеводот, неговата садовно-нервна петелка и садовно нервната петелка на
тестисот. На сперматичната врвка се разликуваат два топографски дела: скротален и ингвинален.
Скроталниот дел се протега од горниот пол на тестисот до површинскиот отвор на ингвиналниот канал
(analus inguinalis superficialis). Toj има вертикална насока, а сместен е во задниот дел од мадното ќесе
(скротум).
Ингвиналниот дел има коса насока како и самиот ингвинален канал низ кој минува. Сите елементи што
влегуваат во состав на сперматичната врвка ка длабокиот отвор на ингвиналниот канал се разидуваат.
Обвивките продолжуваат во слоевите од предно-надворешниот стомачен вид од кои тие настанале за
време на спуштањето на тестисот.
Содржина на семената врвка
Содржината на семената врвка (funiculus spermaticus) ја градат: 1. a. testicularis, 2. plexus pampiniformis
anterior, 3. vasa lymphatica testicularis, 4. plexus testicularis, 5. vestigium processus vaginalis, 6. ductus
deferens, 7. a. ductus deferentis, 8; plexus pampiniformis posterior, 9. vasa lymphatica deferentialis, 10.
plexus deferentialis, 11. a. caremasterica, 12. r. genitalis n. genitofemoralis - сè обвиткано со мускулно-
фасцијални обвивки.
1. A. testicularis е висцерална гранка на aorta abdominalis. Таа минува низ предниот дел од семената
врвка.
2. Plexus pampiniformis anterior го градат 4-5 меѓусебно анастомозирани вени. Тој ја придружува а.
testicularis до длабокиот отвор на ингвиналниот канал во чија висина од него се одделуваат дв. vv. се
влева во v. cava inferior, а левата во testicularis. Десната тестикуларна вена renalis sinistra.
3. Vasa lymphatica testicularis го придружуваат стеблото на а. testicularis, a ja одведуваат лимфата во
nodi lymphatici lumbales.
4. Plexus testicularis е вегетативен нервен сплет кој потекнува од вегетативниот абдоминален нервен
сплет (plexus coeliacus), а го придружува текот на a. testicularis. Горе наведените елементи се наоѓаат во
предниот дел од сперматичната врвка.
5. Vestigium processus vaginalis го претставува облитерираниот дел на processus vaginalis peritonei што
го повлекол тестисот за време на своето спуштање. Сместен е во средишниот дел од сперматичната
врвка.
6. Ductus deferens. Во сперматичната врвка се наоѓа фуникуларниот дел од семеводот. Тој е сместен во
задниот дел од врвката и може лесно да се напина во неговиот скротален тек.
7. A. ductus deferentis е гранка на а. umbilicalis. Таа го придружува семеводот сè до опашката од
епидидимисот.
8. Plexus pampiniformis posterior ro градат 2-3 вени што потекнуваат од опашот на епидидимисот.
Сплетот ја придружува a, ductus deferentis до длабокиот отвор од ингвиналниот канал, каде од сплетот
се одделуваат vv. deferentiales кои ја одведуваат венската крв во v. iliaca interna.
9. Vasa lymphatica deferentialis ja собираат лимфата од опашот и телото на епидидимисот и ја
придружуваат а. ductus deferentis. Тие ја одведуваат лимфата во nodi lymphatici iliaci externi.
10. Plexus deferentialis е вегетативен нервен сплет кој ја придружува vasa deferentialis, а потекнува од
plexus hypogastricus inferior.
11. A. cremasterica e мало артериско гранче кое потекнува од a. cpigastrica inferior, а се протега по
должината на m. cremaster. Гранчето ги васкулариза обвивките од сперматичната врвка.
12. R. genitalis е гранче на n. genitofemoralis, а наменето за инервација на m. cremaster.
Фуникуларниот дел од семеводот и неговата садовно-нервна петелка го зазема задниот дел од
семената врвка.
Обвивки на funiculus sprematicus
Содржината на семената врока е обвиткана со мускулно-фасцијални обвивки. Обвивките потекнуваат
од предно-надворешниот стомачен вид: затоа кај длабокиот отвор од ингвиналниот канал тие се
надоврзуваат во обвивките од кои и потекнуваат.
Одејќи одвнатре кон надвор funiculis spermaticus е обвиткан со:
1.Внатрешна спермамична фасција (fascia spermatica interna s. tunica vaginalis communis)
Внатрешната сперматична фасција ја покрива содржината на сперматичната врвка. Во висина на
длабокиот отвор од ингвиналниот канал фасцијата продолжува со напречната абдоминална фасција
(fascia transversalis).
2. Кремастеричен мускул (m. cremaster)
Овој мускул го градат долните снопови од m. obliquus internus abdominis и m. transversus abdominis. Toj
jа покрива предната и задната страна од внатрешната сперматична фасција.
3. Кремастерична фасција (fascia cremasterica)
Таа е тенка сврзна обвивка која потекнува од сврзното ткиво што се наоѓа меѓу мускулните снопови и на
површината од мускулот.
4. Надворешна сперматична фасција (fascia spermatica externa)
Таа е најповршната обвивка на семената врвка. Потекнува од површинската абдоминална фасција од
апоневрозата на надворешниот кос абдоминален мускул и fibrae intercrurales.
5. ПРОСТАТА (PROSTATA)
- Простатата претставува непарен мускулно-жлездест орган, сместен во простатичната ложа од
потперитонеалниот кат на карлицата. Простатата припаѓа во групата жлезди што се придодадени на
семените патишта. Лачи секрет кој влегува во состав на сперматичната течност.
ПРОСТАТИЧНА ЛОЖА
- Простатичната ложа ја гради околното сврзно ткиво збиено во фасцијални листови, мазни мускулни
влакна и крвни садови што ја опкружуваат простатата.
- Простатичната ложа е ограничена ОДДОЛУ со fascia diaphragmatis urogenitalis superior, ГОРЕ ложата ја
затвора мочниот меур (vesica urinaria), БОЧНО таа е ограничена со висцерална фасција од карлицата
(fascia pelvis visceralis), co lig. pubovesicale и m. puboprostaticus.
- ЗАДНИОТ ЅИД од простатичната ложа го гради septum rectovesicale кој ја одделува простатата од
предната страна на перинеалниот дел од ректумот.
- ПРЕДНИОТ ЅИД од ложата го гради долен сврзен продолжеток од везикоумбиликалната фасција, кој
се протега до напречната врска на перинеумот (lig. transverusm perinei) што ја одделува предната
страна на простатата од венскиот везикопудендален сплет plexus venosus vesicopudendalis-Santorini.
ФОРМА И ДИМЕНЗИИ
- Простатата има форма на костен или четиристрана пирамида малку сплескана однапред кон назад.
- Врвот од простатата е свртен надолу, а базата е свртена нагоре кон мочниот меур.
- Врвот минува меѓу внатрешните рабови од левиот и десниот m.Ievator ani и ја допира горната страна
од урогениталната дијафрагма.
- Базата е цврсто поврзана за дното од мочниот меур и долните краеви од семените ќесички.
- До доба на пубертетот простатата се развива бавно и има мали димензии. Во пубертетот таа почнува
брзо да расте и до 17 година ја достигнува конечната форма и големина.
- Најголема ширина на базата на изнесува 2-2,5 см, и тежи околу 20 гр. после 50-та година кај 30-50%
од мажите таа хипертрофира.
НАДВОРЕШЕН ИЗГЛЕД И СООДНОСИ
- На простатата се опишуваат: база на простатата (basis prostatae), врв на простатата (арех prostatae) и
страни на простатата.
1.БАЗА НА ПРОСТАТАТА (BASIS PROSTATAE)
Базата на простатата гледа нагоре кон дното на везика уринариа. Таа има триаглеста форма чија база е
свртена наназад. Со напречна бразда базата од простатата е поделена на две полиња: а) предно поле и
б) задно поле.
а) Предното поле од базата на простатата е пространо и на него лежи вратот на мочниот меур (cervix
vesicae). На ова поле се наоѓа отвор низ кој навлегува простатичниот дел од машката уретра (pars
prostatica urethrae masculinae).
Зад отворот се наоѓа плитка напречна бразда предизвикана од средниот лобус на простатата (lobus
medius).
б) Задното поле од базата на простатата е тесно. На него лежат долните делови од семените ќесички
(vesiculae seminalis), а внатре од нив се наоѓа ампуларно проширениот дел од семеводот (ampulla
ductus deferentis), како и почетниот дел на ејакулаторниот канал (ductus ejaculatorius). На задното поле
се наоѓа парен отвор низ кој навлегува ејакулаторниот канал.
2. ВРВ НА ПРОСТАТАТА (APEX PROSTATAE)
Врвот на простатата е заоблен и гледа кон долу и напред. Тој допира до горната страна од
урогениталната дијафрагма, оддалечен е 1,5 см од долниот раб на симфизата, а околу 5 см од
аналниот отвор. Врвот е опкружен со напречно набраздени мускулни влакна од m. sphincter urethrae.
3. СТРАНИ НА ПРОСТАТАТА
На простатата се опишуваат: 1. предна страна (facies anterior), 2. задна страна (facies posterior) и 3.
бочни страни (facies inferolaterales).
1. ПРЕДНАТА СТРАНА (FACIES ANTERIOR) е лесно конвексна а се наоѓа 2 см зад симфизата. Таа е
одделена од задната страна на симфизата со сврзно ткиво во кое лежи везикопудендалниот венски
сплет и предните везикални артерии. Оваа страна препокриена е со полукружни мускулни влакна кои
претставуваат продолжеток од мускулните влакна на m. sphincter urethrae.
2. ЗАДНАТА СТРАНА (FACIES POSTERIOR) во целост е конвексна. Во средишна линија таа има широка
но плитка бразда, предизвикана од ректумот. Браздата прави бочните делови од простатата одзади да
бидат поиспапчени. Задната страна од простатата одделена е од предната страна на ректумот со
ректовезикална преграда (septum rectovesicale).
(Блискиот сооднос на ректумот со задната страна на простатата овозможува лекарски палпаторен
преглед на простата и дното на мочниот меур преку ректумот).
3. БОЧНИТЕ СТРАНИ (FACIES INFEROLATERALES) се конвексни во горните делови и попространи во
споредба со долните. Бочните страни на простатата се во сооднос со внатрешните рабови од mm.
levatores ani. На бочните страни од простатата се припојуваат мускулни снопови на mm. puboprostatica
s. pubovesicalia, како и ligg. Puboprostatica s. pubovesicaliа. Бочните страни од простатата се во сооднос
и со богато развиениот перипростатичен венски сплет.
Простатата е поделена на повеќе лобуси. Поделбата настанува со посредство на каналите што
минуваат низ простатичното ткиво.
КАНАЛИ ШТО МИНУВААТ НИЗ ПРОСТАТАТА (КАНАЛИ НА ПРОСТАТА)
Низ простатата минуваат: 1. простатичниот дел од машката уретра (pars prostatica urethrae masculinae),
2. парните исфрлувачки или ејакулаторни канали (ductus ejaculatorii). 3. простатичната мешница
(utriculus prostaticus).
1.ПРОСТАТИЧЕН ДЕЛ НА МАШКАТА УРЕТРА (PARS PROSTATICA URETHRAE MASCULINAE)
Простатичниот дел на уретрата долг е 3 см. Тој се протега косо одназад и горе на базата на простатата
кон напред и долу до врвот на простатата.
2. ИСФРЛУВАЧКИОТ ИЛИ ЕЈАКУЛАТОРЕН КАНАЛ (DUCTUS EJACULATORIUS) претставува парен канал кој
се протега од базата на простатата косо надолу и нанапред до задниот ѕид од простатичниот дел на
машката уретра, каде се отвора на врвот од семеното брегче (colliculus seminalis) бочно од отворот на
простатичната мешница со мал кружен отвор рorus ejaculatorius.
3. ПРОСТАТИЧНАТА МЕШНИЦА (UTRICULIS PROSTATICUS) претставува закржлавен остаток од долните
делови на Muller-овите канали (таа претставува машка матка). Простатичната мешница има форма на
ќесе чиј поширок крај е затворен и свртен нагоре, а долниот потесен крај е свртен надолу и навнатре.
Со долниот крај мешницата се отвора на семеното брегче преку porus utriculi prostatici. Простатичната
мешница е долга 8-10 mm, а широка 4-5 mm. Таа се наоѓа меѓу ејакулаторните канали во
простатичното ткиво. Во неа се отвораат соседните простатични жлезди.
РЕЗНИ НА ПРОСТАТАТА
На простатата се опишуваат следниве резни: а) лев и десен резен (lobus sinister et dexter), б) теснец на
простатата (isthmus prostatae) и в) среден лобус на простатата (lobus medius).
А) ЛЕВИОТ И ДЕСНИОТ ЛОБУС НА ПРОСТАТАТА (LOBUS SINISTER ET DEXTER) одделени се одзади со
широка бразда што се наоѓа на задната страна од простатата. Однапред тие се меѓу себе поврзани со
теснецот на простатата (isthmus prostatae). Бочните лобуси се наоѓаат латерално од средниот лобус
(lobus medius), a во задниот дел од простатата и под него.
6) ТЕСНЕЦОТ НА ПРОСТАТАТА (ISTHMUS PROSTATAE) е дел од простатата што се наоѓа пред и околу
вратот на мочниот меур (cervix vesicae) и простатичниот дел од уретрата сè до левиот и десниот
ејакулаторен канал. Тој ги поврзува левиот и десниот лобус меѓусебно, а претставува дел од средниот
лобус.
В) СРЕДЕН ЛОБУС НА ПРОСТАТАТА (LOBUS MEDIUS) е дел од простатата што се наоѓа зад и кранијално
од простатичниот дел на уретрата меѓу левиот и десниот ејакулаторен канал. Има клинеста форма
чијшто поширок дел е свртен нагоре. На него лежи дното од мочниот меур во висина на врвот од
везикалниот триаголник, на местото каде се наоѓа ресичката од мочниот меур (uvula vesicae). Овој
лобус е изграден од мускулна супстанција на простатата со слабо застапени простатични жлезди.
Средниот лобус после 45-та година кај мажите под дејство на хормонални промени се наголемува
(hypertrophio prostatae). Наголемениот среден лобус го притиска и подига дното од мочниот меур
непосредно зад внатрешниот отвор на уретрата (ostium urethrac internum) и uvula vesicae и доведува
до отежнато празнење или пак го оневозможува празнењето на мочниот меур.
ГРАДБА НА ПРОСТАТАТА
Простатата е изградена од: 1. паренхим (parenchyma glandulare) и 2. мускулна супстанција (substantia
muscularis).
1. ПАРЕНХИМОТ НА ПРОСТАТАТА (PARENCHYMA GLANDULARE) е изграден од 30 до 50
алвеолотубуларни жлезди. Паренхимот е нерамномерно распределен во органот. Најголем дел од
жлездестото ткиво на простатата е локализирано во задниот и бочните делови од простатата, додека
многу малку го има во предниот дел и околу простатичниот дел од уретрата, а недостасува во средниот
лобус од простатата. Изводните канали од жлездите се отвораат во utriculus prostaticus и по
должината на бочните рабови од семеното брегче (colliculus seminalis). Жлездите лачат алкален секрет
кој влегува во состав на спермата. Паренхимот на простатата однадвор е обложен со простатична
капсла (capsula prostatica). Простатичната капсла е изградена од сврзно ткиво, еластични влакна,
мазни и напречно-набраздени мускулни влакна. Мускулните влакна потекнуваат од m. splfincter
urethrae и од mm. puboprostatica s. pubovesicalia. Под capsula prostatae ce наоѓа богато разиен венски
сплет (plexus venosus prostaticus).
- Од длабоката страна на простатичната капсла кон внатрешноста, на жлездата се протегаат сврзни
снопови и мазни мускулни влакна кои влегуваат во градба на стромата од простатата. Стромата од
простатата изградена е од сврзно ткиво, мазни мускулни влакна, а се наоѓа меѓу жлездите на
простата. Таа го дели паренхимот на простатата на резенчиња.
2. МУСКУЛНА СУПСТАНЦИЈА НА ПРОСТАТАТА (SUBSTANTIA MUSCULARIS)
Мускулната супстанција на простатата изградена е од сврзно ткиво, еластични и мазни мускулни
влакна. Тие потекнуваат од простатичната капсла. Мускулната супстанција позастапена е во делот од
простатата што се наоѓа по должината на простатичниот дел од уретрата, семеното брегче, а највеќе ја
има во средниот лобус од простатата (lobus medius).
САДОВИ, ЛИМФАТИЦИ И НЕРВИ НА ПРОСТАТА
Артерии. Васкуларизацијата на простатата потекнува од гранчиња на: аа. vesicales inferiores и a. rectalis
media.
Вени. Вените на простатата градат богат развиен венски сплет кој лежи под простатичната капсла,
особено добро развиен околу задниот и бочните делови на простатата. Простатичниот сплет
анастомозира со везикалниот сплет, и пудендалните вени и го гради везико-пудендалниот сплет. Од
plexus vesicopudendalis венската крв се одведува во v. iliaca interna.
Лимфатици. Лимфните садови на простатата ги придружуваат крвните садови и ја одведуваат лимфата
во nodi lymphatici iliaci interni et externi и nodi lymphatici sacrales et subaortici.
Нерви. Простатата е инервирана од plexus prostaticus, одводен сплет на plexus hypogastricus inferior.
6. БУЛБОУРЕТРАЛНИ ЖЛЕЗДИ (GLANDULAE BULBOURETHRALES-COWPERI)
Булбоуретралната жлезда (glandula bulbourethralis) претставува парна цевесто гроздеста жлезда,
придодадена на семените патишта. Таа е сместена на долната страна од урогениталната дијафрагма,
зад bulbus penis, а опфатена е од m. transversus perinei profundus. Жлездата има големина на зрно од
грашок. Од жлездата поаѓа канал долг 4-6 cm (ductus glandulae bulbourethralis). Каналот се протега
надолу и нанапред минува низ булбусот од пенисот и се отвора во булбарната јама (fossa bulbi) од
спонгиозниот дел на машката уретра. Честопати двете жлезди се споени меѓу себе со сврзно ткиво и
мазни мускулни влакна.
САДОВИ, ЛИМФАТИЦИ И НЕРВИ
Артерии. Васкуларизацијата на булбоуретралните жлезди потекнува од aa. bulbi penis.
Вени. Венската крв од жлездите се одведува преку vv. bulbi penis Bo v. pudenda interna.
Лимфатици. Лимфата од булбоуретралните жлезди се одведува во nodi lymphatici iliaci interni.
Нерви. Жлездите се инервирани од вегетативниот карличен нервен сплет (plexus hypogastricus inferior),
а сензитивно од n. pudendus.
Б. НАДВОРЕШНИ МАШКИ ПОЛОВИ ОРГАНИ (ORGANA GENITALIA MASCULINA EXTERNA)
Во надворешните машки полови органи (organa genitalia masculina externa) спаѓаат: 1.мадно ќесе
(scrotum). 2. полов член (penis) и 3. машката одводна мочна цевка (urethra masculina).
1. МАДНО ЌЕСЕ (SCROTUM)
Мадното ќесе (scrotum) претставува кожно-мускулно ќесе во кое се сместени семеникот (testis),
натсеменикот (epididymis) и скроталниот дел од семената врвка (funiculus spermaticus). Скротумот се
наоѓа меѓу внатрешните страни на бутот, пред перинеумот, зад половиот член (penis). Cо сагитално-
сврзна преграда (septum scroti), шуплината на скротумот е поделена на лева и десна половина. На
надворешната страна од кожата на скротумот се наоѓа сагитален средишен кожен шев (гaphe scroti) кој
одговара на скроталната преграда. Raphe scroti наназад продолжува со шевот на перинеумот (raphe
perinei) cè до аналниот отвор (anus), а од напред со шевот на пенисот (raphe penis). Скротумот се
развива од гениталните брчки (tori genitales) кои се наоѓаат латерално од гениталната џумка(tuberculum
genitale). Предните краеви од tori genitales кај маж сраснуваат и го градат скротумот. Линијата по
должината на која тие сраснале е скроталниот шев (raphe scroti). Кај женскиот пол тие остануваат
одделени и ги градат големите усни од срамницата. Задните краеви од tori genitales кај обата пола
сраснуваат и ја градат меѓичката (penincum).
ГРАДБА
Одејќи однадвор кон внатре скротумот е изграден од: 1. кожа (cutis), 2. слој од мазни мускулни влакна
(muculus dartos s. tunica dartos) и 3. поткожно сврзно ткиво (tela subcutanea).
1. Кожата на скротумот (cutis scroti) претставува продолжеток на кожата од половиот член (penis). Таа е
тенка, појако пигментирана од околната кожа, набрчкана, нема масно ткиво, богата е со потни, лојни
жлезди, еластични влакна, а покриена е со ретки влакна (pubes).
2. Слој од мазни мускулни влакна (musculus dartos s. tunica dartos) Под кожата се наоѓа слој од мазни
мускулни влакна чија контракција предизвикува брчки на кожата. Мазните мускулни влакна по
должината на raphe scroti влегуваат во градба на скроталната преграда (septum scroti). Мускулниот слој
на скротумот (musculus dartos) реагира на промени на надворешната температура. При зголемување на
температурата musculus dartos се олабавува, кожата на скротумот се затега, се зголемува површината
на скротумот, а тоа доведува до намалување на температурата во скротумот. При ниски температури
musculus dartos ce контрахира, кожата од скротумот се набрчкува, со тоа површината се намалува и
доведува до зголемување на температурата во скротумот. Во сктротумот температурата е за 2,5-4°
пониска во споредба со температурата во абдоминалната празнина. Во одржувањето на температурата
помага и немањето масно ткиво во кожата на скротумот. Пониската температура во скротумот е
потребна за развој на сперматогенезата.
3. Поткожното сврзно ткиво (tela subcutanea) е продолжеток на надворешната фасција (fascia
spermatica externa) која потекнува од површинската абдоминална фасција и апоневротични влакна од
надворешниот кос абдоминален мускул (m. obliquus abdominis externus). Таа е изградена од тенок слој
сврзно ткиво низ кое минува садовно-нервната петелка на скротумот.
САДОВИ, ЛИМФАТИЦИ И НЕРВИ
Артерии. Васкуларизацијата на скротумот потекнува од: rr. scrotales anteriores гранки на a. pudenda
extema .rr scrotales posteriores гранки на a. pudenda interna и од a. dorsalis penis.
Вени. Вените на скротумот ги придружуваат артериските гранки и ја одведуваат венската крв преку vv.
scrotales posteriores во v. pudenda interna.
Лимфатици. Лимфата од скротумот се одведува во површинските ингвинални јазли (nodi lymphatici
inguinales superficiales).
Нерви. Скротумот е инервиран преку nn. scrotales anteriores гранки на n. ilioinguinalis и nn. scrotales
posteriores гранки на n. pudendus. Musculus dartos инервиран е од вегетативниот карличен сплет (plexus
hypogastricus inferior).
2. ПОЛОВ ЧЛЕН (PENIS)
Половиот член (penis) е непарен копулационен орган на мажот. Се наоѓа во средишна линија пред
скротумот, а под симфизата. Во него лежи најдолгиот дел од машката уретра (pars spongiosa urethrae
masculinae).
ФОРМА И ДИМЕНЗИИ
Пенисот има валчеста (цилиндрична) форма. Димензиите на пенисот покажуваат возрасни и
индивидуални разлики, а зависат и од физиолошката состојба на органот. Кај новороденче пенисот има
должина од 3 cm и толкав обeм. Од првата до петтата година должината на пенисот изнесува 4-6 cm со
обeм од 3,5-4,5 cm, од десеттата до дванаесеттата година должината на пенисот е од 6,5 до 8 см со
обeм од 4,5 до 5,5 cm. Во доба на пубертетот тој рапидно расте и неговата должина изнесува 9 до 13,5
см со обeм од 7-8 см во флацидна состојба, додека во еректилна состојба неговата должина изнесува
12-15 cm со обeм од 9-12 cm.
ДЕЛОВИ НА ПЕНИСОТ
На пенисот се разликуваат следниве делови: 1. корен на пенисот (radix penis), 2. тело на пенисот (corpus
penis) и 3. главче на пенисот (glans penis).
1. Коренот на пенисот (radix penis) го претставува задниот фиксиран дел од пенисот. Овој дел од
пенисот е скриен со кожата од скротумот и фиксиран за долниот раб од симфизата со придржувачка
врска на пенисот (lig. suspensorium penis). Lig. suspensorium penis е непарна триаглеста фиброзно-
еластична врска долга 2-3 cm. Врвот од врската е прицврстен за предниот дел од долниот раб на
симфизата, а базата е прицврстена дорзалната страна од фиброзната обвивка на кавернозното тело на
пенисот (tunica albuginea corporum cavernosum). Врската претставува зајакнување на површинската
абдоминална фасција (fascia superficit lis abdominis). Коренот на пенисот е фиксиран и со прачковидната
врска (lig. fundiforme penis). Оваа врска се протега од долниот дел на белата линија на абдоменот (linea
alba), потоа се дели на два крака кои во вид на прачка бочно го опфаќа коренот од пенисот а
завршуваат во musculus as од скротумот:
2. Телото на пенисот (corpus penis) е претставено со предниот, слободен. и најдолг дел на пенисот. На
телото од пенисот се опишуваат две страни: горна или задна поширока страна (dorsum penis) и долна
или уретрална страна (facies urethralis). По должината на средишната линија од уретралната страна се
шев на скротумот (raphe scroti). На преминот на дорзалната страна во уретралната протега надолжен
кожен шев (raphe penis). Шевот назад продолжува со кожниот страна настанува левата и десната страна
од пенисот (овие страни се слабо изразени).
3. Главче на пенисот (glans penis) Главчето на пенисот го претставува предниот завршен, слободен и
конусно проширен дел на пенисот. Тоа е лесно во вид на венец и го гради венецот на главчето (corona
glandis). Венецот на сплеснато однапред кон назад. Задниот раб од glans penis периферное задебелен
главчето е накосен одназад кон напред и долу. Поради косината на задниот раб од glans penis, тој е
попростран на дорзалната страна во споредба со уретралната страна. На врвот од glans penis во вид на
вертикална пукнатина се отвора надворешниот отвор на уретрата (ostium urethrae externum). Венецот
на главчето (corona glandis) е одделена од телото на пенисот (corpus penis) со плитка бразда, наречена
врат на главчето (collum glandis).
ГРАДБА НА ПЕНИСОТ
Пенисот е изграден од: 1. обвивки на пенисот и 2. еректилни тела на пенисот. Во пенисот е содржан
најдолгиот дел од машката уретра (pars spongiosa urethrae masculinae).
1. Обвивки на пенисот
Почнувајќи од надворешната кон внатрешноста, пенисот е обвиткан со: а) кожа (cutis), б)
површинска фасција на пенисот (fascia penis superficialis) и в) длабока фасција на пенисот (fascia
penis profunda).
а) Кожа на пенисот (cutis penis)
Кожата од пенисот е тенка и еластична. Наназад таа продолжува со кожата од скротумот, нагоре во
кожата од пубичниот предел. По должината на средишната линија од уретралната страна на телото - на
пенисот се наоѓа rаphe penis. Длабоката страна од кожата со растресито сврзно ткиво е одделена од
површинската фасција на пенисот, поради што кожата на пенисот е подвижна. Кожата на glans penis
исто така е тенка, но е прицврстена за фиброзната обвивка од кавернозното тело (tunica albuginea
corporum cavernosum) и не е подвижна. Во пределот на вратот од главчето (collum glandis), кожата се
набира во вид на кожни дипли кои го опфаќаат главчето. Таа продолжува нанапред со цевовидна
кожна дупликатура наречена навлака на главчето (praeputium penis). Препуциумот од пенисот е
изграден од два листа кожа. Надворешниот лист е простран и претставува продолжеток на кожата од
телото на пенисот. Внатрешниот лист е нежен, румен и личи на лигавица. Тој продолжува со кожата на
glans penis cè до надворешниот отвор на уретрата. На долната страна од glans penis каде кожата од
главчето минува во внатрешниот кожен лист од препуциумот, настанува уздичката на препуциумот
(frenulum priputii). Преминот на надворешниот во внатрешниот лист на препуциумот настанува на
отворот на препуциумот (,,orificium praeputii"). Внатрешниот лист од препуциумот особено по пределот
на согоna glandis и по должината на френулумот од препуциумот содржи разни по големина лојни
жлезди (glandulae preputiales). Жлездите лачат маска супстанција која заедно со десквамираниот
епител ја градат .smegma praeputii". Меѓу двата листа кожа во препуциумот се наоѓа растресито сврзно
ткиво кое лесно отекува при воспалителни процеси. На длабоката страна од кожата на пенисот се
наоѓаат мазни мускулни влакна (musculus dartos). Тие претставуваат продолжеток на истоимениот
мускул од скротумот. Еластичноста на кожата присуството на мазни мускулни влакна овозможуваат при
способување на кожата на пенисот според големината и волуменот на органот во флацидна и
еректилна состојба.
(Стеснувањето на отпорот на препуциумот (orificium praeputii) во клиниката е познато како phimosis
praeputil. Фимозата го оневозможува откриването на glans penis. Циркуларното сечење на кожата на
препуциумот со цел да се открие glans penis e обрезување (circumcisio).
2. Површинска фасција на пенисот (fascia penis superficialis)
Оваа фасција претставува продолжеток од површинската фасција на перинеумот (fascia superficialis
perinei), површинската фасција на абдоменот (fascia superficialis abdominis u tunica dartos на скротумот).
На дорзалната страна од пенисот, меѓу кожата и површинската фасција минуваат vv. dorsales penis
superficiales. Под длабоката страна од површинската фасција на пенисот минуваат аа. dorasales penis и
v. dorsalis penis profunda.
3. Длабока фасција на пенисот (fascia penis profunda)
Оваа фасција претставува фиброзно-еластична обвивка од пенисот. Таа ја покрива фиброзната обвивка
од кавернозното и спонгиозното тело на пенисот (tunica albuginea corporum cavernosum et spongiosum
penis). Во пределот на задниот раб од glans penis таа се соединува со обвивката од кавернозното тело
на пенисот.
2. Еректилни тела на пенисот
Во еректилните тела на пенисот спаѓаат: а) шупликави-кавернозни тела (corpora cavernosa penis) и б)
сунѓерасто спонгиозно тело на пенисот (corpus spongiosum penis).
а) Шупликави кавернозни тела на пенисот (corpora cavernosa penis)
Кавернозните тела на пенисот претставуваат цилиндрични формации чии преден и заден крај се
заострени. Задниот крај од кавернозното тело е наречен кавернозен крак (crus penis). Тој се наоѓа
проксимално од симфизата. Левиот и десниот крак меѓу себе градат агол отворен наназад. Краците
(crura penis) ce прицврстени по должината на внатрешните страни од ramus inferior ossis pubis и ramus
ossis ischii од соодветната страна. Медијалните страни од краците се покриени со m. ischiocavernosus.
Дистално од симфизата и напред краците продолжуваат со кавернозно тело (corpus cavernosum penis).
Во средишната линија кавернозните тела се соединуваат. На местото на нивното соединување од
фиброзната обвивка на кавернозното тело (tunica albuginea) настанува преградата на пенисот (septum
penis). Преградата не е целосна туку поседува повеќе пукнатини (како запци од чешел), па уште е
наречен и septum pectiniforme. Пукнатините овозможуваат комуникација на крвните садови од
симетричните половини. На долната страна од кавернозното тело во средишна линија се наоѓа бразда
во која лежи спонгиозното тело на пенисот (corpus spongiosum penis). Ha дорзалната страна од
кавернозното тело кон долу и напред се протега бразда низ која минуваат дорзалните крвни садови и
нерви на пенисот (a. v. et n. dorsalis penis). Предниот крај од кавернозното тело се протега до glans
penis. На задната страна од glans penis предниот крај од кавернозното тело завршува со конусно
заострен врв.
б) Сунгерасто или спонгиозно тело на пениcoт (corpus spongiosum penis)
Сунгерастото тело на пенисот (соrpus spongiosum penis) е непарно и по обем помало тело во споредба
со кавернозните тела на пенисот. Тоа има цилиндрична форма малку сплесната однапред кон назад.
Спонгиозното тело на пенисот се протега од долната страна на урогениталната дијафрагма до врвот на
glans penis. Toa го опкружува спонгиозниот дел од машката уретра pars spongiosa urethrae masculinae.
Спонгиозното тело има помала должина во споредба со кавернозните тела. Еректилна состојба
изнесува 18 mm. На спонгиозното тело од пенисот се опишуваат два краја и средишен дел.
Задниот крај од телото е проширен во вид на луковица на пенисот (bulbus penis). Bulbus penis e
прицврстен за долната страна од урогениталната дијафрагма. Во Тој е оддалечен 12-15 mm од m.
sphincter ani externus, а исто толку е оддалечен и од аналниот отвор. Долната страна од булбусот
покриена е со m. bulbospongiosus. Средишниот дел од спонгиозното тело има цилиндрична форма, а
сместено е во браздата од болната страна од кавернозното тело.
Предниот крај од спонгиозното тело на базата од glans penis се проширува во вид на капа (печурка) и го
гради главчето од пенисот. Овој крај има конусна и форма. Во конкавитетот се вовлекува предниот крај
од кавернозното тело на пенисот и заедно го градат главчето на пенисот (glans penis). На врвот од glans
penis се наоѓа надворешниот отвор од уретрата (ostium uretharae externum). Во пределот на glans penis
уретрата е проширена во чунеста јама (fossa navicularis).
Градба на кавернозните тела
Кавернозните тела изградени се од: 1. фиброзна обвивка (tunica albuginea согрога cavernosa penis) и 2.
еректилно или кавренозно ткиво.
1. Фиброзна обвивка на кавернозното тело (tunica albuginea corporis cavernosi) претставува цврста
нерастеглива, дебела околу 2 mm сврзна обвивка, која го обвиткува одделно секое кавернозно тело на
пенисот. Благодарение на нејзината резистентност, пенисот за време на ерекција станува цврст. Од
длабоката страна на фиброзната обвивка се одделуваат прегради (trabeculae corporum cavernosorum).
Од неа по должината на средишната линија, сагитално на местото на спојувањето на левиот и десниот
согрus cavernosum penis, настанува преградата на пенисот (septum penis). Септумот на пенисот не е
целосен, туку поседува повеќе отвори или пукнатини (личи на чешел). Преку пукнатините
комуницираат кавернозните тела.
2. Еректилно или кавернозно ткиво. Основа на еректилното ткиво се мускулно-еластичните прегради
(trabeculae corporum cavernosorum). Преградите се одделуваат од длабоката страна на фиброзната
обвивка, а покриени се со ендотел.
Тие меѓу себе ограничуваат шуплини (cavernae corporum cavernosorum). Каверните што се наогаат во
внатрешноста се покрупни, а одејќи кон периферијата од кавернозните тела тие стануваат поситни.
Каверните комуницираат меѓусебно. Во каверните од една страна се отвораат артериските крвни
садови, а од другата поаѓаат венските садови. Ерекцијата на кавернозните тела настанува под дејство
на симпатичкиот нервен систем. Тој предизвикува контракција на мускулно еластичните прегради
(trabecula corporum cavernosorum) и го забавува истекувањето на венската крв при непречено
дотекување на артериска крв од преградните артерии (aa. helicinae). Преградните артерии се отвораат
под дејство на парасимпатичкиот нервен систем. Преградните артерии (aa. helicinae) имаат синусоиден
тек, на местото на нивното отворање во каверните имаат така наречени „контрактибилни перничиња“
кои доведуваат до отворање или затворање на артеријата. Насобраната крв во каверните од
кавернозните тела доведува до зголемување на волуменот на органот за време на ерекција. Ерекцијата
е потпомогната и од мускулите на пудендалната дијафрагма, како и од цврстата резистентна фиброзна
обвивка на кавернозните тела.
Градба на спонгиозното тело
Спонгиозното тело има аналогна градба со кавернозните тела со мали разлики. Изградено е од: 1.
фиброзна обвивка (tunica albuginea corporis spongiosi) и 2. еректилно ткиво на спонгиозното тело.
1. Фиброзната обвивка (tunica albuginea corporis cpongiosi) е потенка и помалку резистентна од
фиброзната обвивка на кавернозните тела. Затоа при ерекција спонгиозното тело го зголемува
волуменот, станува цврсто, но не врши притисок на спонгиозниот дел од уретрата, со што овозможува
слободен проток на сперматичната течност.
2. Еректилното ткиво на спонгиозното тело од пенисот е изградено од мускулно-еластични прегради
(trabeculae corporis spongiosi) кои се одделуваат од длабоката страна на фиброзната обвивка на
спонгиозното тело. Трабекулите се потенки во споредба со трабекулите од кавернозните тела, а
наредени се надолжно по текот на pars spongiosa urethrae masculinae. Преградите ограничуваат
шуплини (cavernae corporis spongiosi) кои се поситни во споредба со каверните од кавернозните тела на
пенисот.
САДОВИ, ЛИМФАТИЦИ И НЕРВИ
Артерии. Васкуларизацијата на пенисот доаѓа преку:
1. A. profunda penis, која се протега по оската од кавернозното тело на пенисот. Од неа се одделуваат
преградните артерии (аа. helicinae) кои се отвораат во каверните од кавернозното тело. A profunda
penis претставува функционален крвен сад на пенисот.
2. A. dorsalis penis, е парно артериско стебло кое лежи во браздата од дорзалната страна на
кавренозното тело. Од неа се одделуваат гранки кои доаѓаат до соодветното кавернозно тело на
пенисот. Во каверните тие анастомозираат со гранките од a. profunda penis.
3. A. urethralis е наменета за васкуларизација на corpus spongiosum penis и лигавицата на спонгиозниот
дел на уретрата.
4. A. bulbus penis е наменета за васкуларизација на bulbus penis. Сите артерии се гранки на а. pudenda
interna.
Вени. Вените на пенисот се делат на површински и длабоки. Површинските вени vv. dorsales penis
superficiales минуваат над fascia penis superficialis, а собираат венска крв од површинските делови на
пенисот. Тие се влеваат во v. saphena magna Или пак во vv. pudendae externae. Длабоки вени сe: v.
profunda penis и v. dorsalis penis. Тие ги придружуваат истоимените артерии и ја одведуваат венската
крв преку vv. cavernosae од каверните до plexus venosus vesicopudendalis.
Лимфатици. Површинските лимфни садови придружувајќи ги површин ските вени ја одведуваат
лимфата во површинските ингвинални јазли (nodi lymphatici inguinales superficiales). Лимфата од
длабоките делови, кавернозните тела a glans penis се одведува во длабоките ингвинални лимфни јазли
(nodi lymphatici inguinales profundi). Дел од лимфата се одведува и кон nodi lymphatci iliaci interni.
Нерви. Сензитивно пенисот е инервиран од гранката на n. pudendus, n. dorsalis penis, како и од г.
genitalis n. genitofemoralis гранка на plexus lumbalis. Вегетативните гранки за инервацијата на пенисот
потекнуваат од plexus hypogatsricus inferior, a доаѓаат преку nn. cavernosi penis. Парасимпатичките
гранки од nn. cavernosi penis предизвикуваат вазодилатација на преградните артерии (aa. helicinae), a
симпатичките нервни влакна предизвикуваат контракција на мускулно еластичните прегради од
кавернозните и спонгиозното тело.
3. МАШКА МОЧНА ЦЕВКА (URETHRA MASCULINA)
Машката уретра претставува одводен мочен канал и одводен семен канал (види мочоводни-уринарни
патишта).
В. ЗАВРШЕН ДЕЛ НА ОРГАНИТЕ ЗА ВАРЕЊЕ
Завршен дел на органите за варење (canalis alimentarius) е чмарното или правото црево (rectum).
ЧМАРНО ИЛИ ПРАВО ЦРЕВО (РЕКТУМ) (RECTUM)
- Чмарното или правото црево претставува дел на дебелото црево (intestinum crassum). Ректумот се
протега меѓу colon sigmoideum и чмарниот (аналниот) отвор.
ПОЛОЖБА
Ректумот е сместен во задниот дел од потперитонеалниот кат на карличната празнина, освен предно-
бочната страна од горниот ампуларно проширен дел (ampullira recti), која до висина на Douglas-овиот
џеб (excavatio rectovesicalis кај маж, a excavatio rectouterina кај жена) е обложена со перитонеум и лежи
во перитонеалниот кат на карличната празнина. Субперитонеалниот дел од ректумот опкружен е со
сврзно ткиво кое ја гради фасцијалната ложа на ректумот (,,рагaproctium").
Paraproctiumot ( фацијална ложа на ректум) е ограничен: бочно со внатрешните страни од левата и
десната висцерална фасција (fascia pelvis visceralis), одзади; со сврзното ткиво што ја одделува предната
страна на крсната и тртничната коска од задната страна на ректумот, долу со fascia diaphragmatis pelvis
superior, а однапред со septum rectovesicale кај маж, односно septum rectovaginale кај жена.
ФОРМА И ДИМЕНЗИИ
Ректумот претставува мускулно-лигавичен канал кој наликува на издолжена латинска буква „S“.
Просечна должина на ректумот изнесува 14-18 см, со пречник кој варира од 4 cm во почетниот дел (над
ампуларниот), 7,5 см во ампуларно-проширениот дел (ampulla recti) и 3 см во завршниот дел (canalis
analis recti).
ПАТ И КРИВИНИ
Ректумот започнува во висината на предната страна на 3-от сакрален прешлен продолжувајќи го
сигмоидниот колон. Се протега косо одгоре и напред кон долу и назад, минува низ меѓичката и
завршува во нејзиниот заден дел со чмарниот (аналниот) отвор (anus). Ректумот иако е наречен право
црево, не се протега право туку гради кривини во сагитална и фронтална рамнина. Почетниот
ампуларно проширен дел (ampulla recti) го следи конкавитетот на предната страна од крсната и
тртничната коска и ја гради првата сагитална или крсна кривина (flexura sacralis). Дисталниот стеснет
дел од ректумот се протега однапред кон назад и долу. Во висина на врвот на простатата (ареx
prostatae) кај мажите, односно задната третина од задниот ѕид на вагината (paries posterior vaginae) кај
жените, кога минува низ дијафрагма пелвис, ректумот свива речиси под прав агол и ја гради втората
сагитална кривина, перинеалната кривина (flexura perinealis). Конкавитетот на кривината е свртен
наназад и со неа го опфаќа врвот на тртничната коска. Темето на кривината се наоѓа 3 см пред врвот на
тртничната коска. Ректумот гради непостојни и послабо изразени кривини и во фронтална рамнина.
Почетниот дел на ректумот е закривен налево и нанапред, а се протега кон десно и надолу. Дисталниот
дел од ректумот има спротивна насока.
ТОПОГРАФСКИ ДЕЛОВИ
На ректумот се опишуваат два топографски дела: 1. горен или карличен дел и 2. долен или перинеален
дел. Карличната дијафрагма (diaphragma pelvis) и врвот од тртничната коска ја чинат границата меѓу
топографските делови.
1.Горен или карличен дел на ректумот
Овој дел се протега од предната страна на II-от сакрален прешлен косо надолу и нанапред до
перинеалната Флексура (flexura perinealis). Неговата должина изнесува 10-14 см. На карличниот дел
разликуваме: почетен кус и стеснет дел или надампуларен и многу подолг и ампуларно проширен дел
(ampulla recti). Карличниот дел од ректумот ја гради сакралната кривина (flexura sacralis). Ампуларниот
дел од ректумот претставува резервоар на фекална маса со капацитет од околу половина литар.
2. Долниот или перинеалниот дел на ректумот се протега од карличната дијафрагма и flexura perinealis
косо надолу и наназад до аналниот отвор. Тој е долг 3 до 4 см. Делот што се наоѓа дистално од
аналните столбови (colume anales recti) од перинеалниот дел на ректумот е стеснет и го гради аналниот
канал (canalis analis recti). Canalis analis recti претставува канал за евакуација на фекалната маса.
Аналниот канал звршува на кожата на задниот дел од перинеумот со анален отвор (anus). Аналниот
отвор (anus) се наоѓа во браздата меѓу седалните брегови, на средина меѓу трничната коска и коренот
на пенисот (radix penis) kaj мажите, односно задната спојка на големите усни од срамницата (comissura
labiorum posterior). Аналниот отвор кај мажите има форма на сагитална пукнатина, додека кај жените е
sвездолик.
СООДНОСИ НА РЕКТУМОТ
Карличниот и периксалнит дел од ректумот имаат различни соодноси:
1. Соодноси на карличниот дел од ректумом
Карличниот дел од ректумот од напред и бочно до висината на excavatio rectovesicalis кај мажите,
односно excavatio rectouterina кај жените, доаѓаат во сооднос со витките и тенките црева и сигмоидниот
колон кои навлегло во Douglas. овиот џеб. Предната страна од ректумот под Douglas-овиот џеб е во
сооднос со задната страна на вагината од која е одделен со septum rectovaginale кај жените, а кај
мажите со задната страна на простатата, семените кесички и ампуларно проширениот дел од
семеводот.
(Блискиот сооднос на предната страна од ректумот со горе наведените орган овозможува кај мажот
лекарски палпаторен преглед преку ректумот на дното на мочниот меур, простатата vesiculae seminales,
ampula ductus deferentis, а кај жените на вагината, утерусот и adnexa uteri, како и на содржината на
Douglas-овиот џеб.)
Задната страна на карличниот дел од ректумот во сооднос е со предната страна од сакралната и
треничната коска, меѓу кои се наоѓа сврзно ткиво низ кое минуваат: a. sacralis mediana, aa. sacrales
laterales, plexus venosus sacralis, pars pelvina systematis autonomnici, ganglion impar, plexus sacralis et
coccygeus, n. pudendus, a et v. rectalis superior, како и припоите на m. piriformis.
Бочните страни од горните две третини на карличниот дел од ректумот обложени се со перитонеум и
градат параректални перитонеална дипли, кои се во сооднос со витките од тенките црева. Долната
третина од бочните страни на ampulla recti во сооднос е со: fascia pelvis visceralis, plexus hypogastricus
inferior, a. rectalis mеdiа и внатрешните рабови од mm. levatores ani.
2. Соодноси на перинеалниот дел од ректумот
Предната страна од перинеалниот дел на ректумот кај мажите доаѓа во сооднос со врвот на простатата
(apex prostatae) со мембранозниот дел од машката уретра (pars membranacea urethrae masculinae) и
задниот крај од булбусот на пенисот (bulbus penis). Meѓу задната страна од уретрата која се протега
нанапред и предната страна на ректумот кој се протега наназад се ограничува ректоуретрален простор
(trigonum rectourethrale). Просторот е исполнет со сврзно ткиво и m.sphincter ani externus, m. transversus
perinei superficialis, m. bulbospongiosus x centrum tendineum perinei. Кај жените предната страна од
перинеалниот дел на ректумот во сооднос е со задната страна на вагината. Органите одделени се меѓу
себе со septum rectovaginale и со ректовагиналниот триаголник кој е аналоген на ректоуретрал ниот
триаголник кај маж.
На задната страна од перинеалниот тек на ректумот во средишна линија од врвот на тртничната
коска до задниот ѕид на ректумот се протега ligamentum anococcygeum кој ги одделува левата од
десната седално-ректална јама (fossa ischiorectalis). Hа врската се припојуваат m. iliococcygeus, m.
pubococcygeus и m. sphincter ani externus.
Бочните страни од перинеалниот дел на ректумот во сооднос се со масното ткиво од седално-
ректалната јама (corpus adiposum fossae ischiorectalis) и крвните садови и нерви што минуваат низ него.
ВНАТРЕШЕН ИЗГЛЕД НА РЕКТУМОТ
Во шуплината на карличниот дел од ректумот кога тој е празен, лигавицата гради повеќе надолжни или
мрежести лигавични дипли кои настануваат кога ректумот се исполнува со фекалии. Лигавицата гради и
напречни лигавични дипли (plicae transversales) чиј број е варијабилен, но три се постојни. Највисоко
поставената напречна дипла е оддалечена 10 см од аналниот отвор. Постојана и јасно изразена
лигавична дипла е plica transversalis-Kohlarauschi која се наоѓа на десната страна од ректумот на
оддалеченост 6-8 см од аналниот отвор, а опфаќа половина од луменот на ректумот. Диплата
претставува инвагинација на лигавицата, подлигавичност и циркуларниот мускулен слој од ректумот. На
левата страна од ректумот се наоѓаат две послабо изразени напречни лигавични дипли од кој едната е
2 см над, а другата 2 см под Kohlarausch-овата дипла. На напречните лигавични дипли се разликуваат
две страни и два раба. Горната страна од диплата е конкава, а долната конвексна. Надворешниот раб е
припоен за ѕидот на ректумот и на надворешната страна од ректумот предизвикува напречна бразда.
Внатрешниот раб е слободен и конкавен.
Во шуплината перинеалниот дел од ректумот, 3-4 см над аналниот отвор (anus) се наоѓаат 8-10
надолжни лигавични дипли, високи околу 1 cm наречени анални столбови (columnae anales-Morgagni).
Ширината на столбовите дистално се зголемува. Columnae anales одделени се меѓу себе со бразди.
Аналните столбови предизвикани се од сноповите на надолжниот мускулен слој (stratum longitudinale)
кој се пробива меѓу кружниот мускулен слој и се поставуваат пред него, како и од богато развиениот
подлигавичен венски сплет (plexus venosus rectalis). Аналните столбови служат како еластични
перничиња и помагаат во потполното затворење на аналниот канал (canalis analis recti). Горните краеви
од аналните столбови (columnae anales) ја градат аноректалната линија (linea anorectalis).
Аноректалната линија се наоѓа на преминот на карличниот во перинеалниот дел од ректумот, а лежи во
висина на припојот од m. puborectalis, нешто под врвот од оs сосcygis.
Дисталните краеви од лигавицата на аналните столбови се прошируваат во вид на мазни, провидни
лигавични дипли или залистоци (valvulae anales) чиј конкавитет е свртен нагоре. Аналните залистоци,
широки се 8-10 mm, а високи 2-3 mm. Тие ги премостуваат долните краеви од браздите меѓу аналните
столбови.
Ha valvilae anales се опишуваат две страни и два раба. Внатрешната страна од залистокот е конвексна и
ориентирана кон луменот од ректумот. Надворешната страна е конкавна и свртена кон ѕидот на
ректумот и со браздите што се наоѓаат на долните делови меѓу аналните столбови ограничуваат анални
џебови (sinus anales). Во дното од џебовите (sinus anales) се наоѓаат аналните жлезди. Долниот -раб е
припоен, а горниот е слободен и конкавен. Аналните залистоци (valvulae anales) градат прстеновиден
посветол лигавичен гребен (pecten analis). Делот од аналниот канал (canalis analis) што се наоѓа под
аналниот гребен (pecten analis), висок околу 1,5-2 cm, е мазен и лесно испапчен, а наречен е
хемороидална зона (zona haemorrhoidalis). Оваа зона е изградена од сврзно ткиво во кое се наоѓа
богато развиен венски сплет (plexus venosus rectalis). Проширувањата на вените од ректалниот сплет
предизвикуваат hemoroidi (noduli haemorrhoidales). Од надвор хемороидалната зона е опкружена со
внатрешниот сфинктер на анусот (m. sphincter ani internus). Под хемороидалната зона, 8 mm над
аналниот отвор, на местото каде настанува премин на лигавицата, во кожата од аналниот канал
настанува кожно-анална линија (linea anocutanea).
ГРАДБА
Одејќи однадвор кон внатре ректумот е изграден од: 1. серозна обвивка (tunica serosa), 2. мускулна
обвивка (tunica muscularis), 3. подлигавична обвивка (tela submucosa) и 4. лигавична обвивка (tunica
mucosa).
1.Серозна обвивка (tunica serosa)
Почетниот надампуларен дел од ректумот, според некои автори е интраперитонеален орган и поседува
куса перитонеална дупликатура (,,mesorectum"). Дел од ректумот, предната и бочната страна од
карличниот дел (ampulla recti) до висината на excavatio rectovesicalis kaj маж, односно еxcavatio
rectouterina кај жена, е обложен со перитонеум. Линијата по должината на која ректумот е обложен со
перитонеум се протега косо одгоре и назад кон долу и напред. Перитонеумот од предната страна на
ректумот напред минува кај маж на горната страна од мочниот меур формирајќи го excavatio
rectovesicalis, а кај жена минува на горниот свод од вагината градејќи го excavatio rectouterina. Под овој
дел кој е обложен со перитонеум, ректумот е опкружен со сврзно ткиво, кое збиено во фасцијални
листови ја гради ложата на ректумот (paraproctium), а содржи масно ткиво, крвни садови, нерви и
лимфни јазли. и
2. Мускулна обвивка (tunica muscularis)
Мускулната обвивка на ректумот е изграден од два слоја мазни мускулни влакна: а) надворешен
надолжен мускулен слој (stratum longitudinale) и б) внатрешен кружен слој (stratum circulare).
а) Надворешниот надложен мускулен слој (stratum longitudinale) претставува продолжеток на
надолжниот мускулен слој од colon sigmoideum кој кај ректумот е рамномерно распределен по целиот
обем. На предната и задната страна овој слој е поразвиен. Во долниот дел од ректумот и во пределот
на canalis analis тој е изменет и неговите мускулни влакна се групирани во три слоја: површински,
средишен и внатрешен. Површинскиот слој доаѓа до фасцијалната од карличната дијафрагма. Тој
недостасува во дисталниот дел од ректумот, односно во пределот на аналниот канал. Средишниот слој
се меша со мускулните влакна од m. levator ani и заедно со него лепезесто се проширува и завршува
околу кожата на аналниот отвор (anus). Внатрешниот слој се протега до аналниот отвор, го пробива
внатрешниот сфинктер на анусот (m. sphincter ani internus) и кружниот мускулев слој на ректумот
(stratum circulare) се поставува под лигавицата во висината на аналните столбови кои и ги
предизвикува. Од надворешниот надолжен мускулен слој (stratum longitudinale) се одделуваат
мускулни снопови кои се мешаат со мускулните снопови од околните органи и градат повеќе мали
мускули. Од задната страна на ректумот до вториот или третиот тртничен прешлен се протега
m.rectococcygeus. Од предната страна на ректумот од мускулниот слој се одделуваат мускулни влакна
кои доаѓаат до мембранозниот дел на уретрата (pars membranacea urethrae masculinae) и го градат
m.rectourethralis, делот што продолжува до вратот на мочниот меур (cervix vesicae) го гради m.
rectovesicalis. Кај жените овој сноп доаѓа до теснецот од утерусот (isthmus uteri) и го гради м.
rectouterinus.
б) Кружниот мускулен слој (stratum circulare) претставува продолжеток од истоимениот мускулен слој
на сolon sigmoideum. Овој слој е нешто позадебелен во пределот на plicae transversales, а особено над
аналниот отвор каде гради добро развиен мускулен прстен висок 1,5-2 cm, дебел 5-8 mm, така наречен
внатрешен сфинктерен на анусот (m. sphincter ani internus). Меѓу влакната од m. sphincter ani internus
минуваат влакната од внатрешниот слој на stratum longitudinale cè до под лигавицата на columnae
anales recti. Однадвор m. sphincter ani internus, освен неговиот долен раб, е опкружен со
напречнонабраздениот сфинктер на анусот (m. sphincter ani externus). M. sphincter ani internus го
затвора аналниот отвор без наша волја, а инервиран е од симпатички нервни влакна на карличниот
вегетативен нервен сплет. M. sphincter ani externus rо затвора аналниот отвор под дејство на нашата
волја и е инервиран од пn. rectales inferiores гранка на n.pudendus. Ректумот е стеснет во висина на
flexura perinealis кога тој минува меѓу mm. levatores ani, како и од т. pubococcygeus кој со својата петелка
го опфаќа одзади. Дел од мускулните снопови на mm. levatores ani кои се мешаат со влакната од m.
sphincter ani externus et internus и завршуваат во пределот на аналниот отвор може донекаде да ги
заменат повредените сфинктери (делуваат како трет сфинктер на анусот).
3. Подлигавичната обвивка (tela submucosa) изградена е од сврзно ткиво во кое се сместени венски
сплетови (plexus venosus rectalis) и лимфни јазолчиња. Подлигавичниот слој поцврсто е поврзан за
мускулниот слој отколку за лигавицата, поради што лигавицата (tunica mucosa) лесно се одделува од
подлигавичниот слој и може да спадне низ аналниот отвор (prolapsus mucosae ani).
4. Лигавична обвивка (tunica mucosa)
Лигавицата на ректумот изградена е од епител, сврзно ткиво (lamina propria) и lamina muscularis
mucosae. До пределот на аналниот гребен (pecten analis) лигавицата е обложена со еднослоен
цилиндричен епител. Меѓу аналниот гребен и анокутаната линија (linea anocutanea), која се наоѓа 8 mm
над аналниот отвор, се наоѓа преминот на цилиндричниот во плочест неорожнет епител, под linea
anocutanea се наоѓа многуслоен плочест епител (cutis). Кожата на завршниот дел од аналниот канал е
појако пигментирана, има влакненца, лојни и големи потни жлезди (glandulae circumanales). Bо
лигавицата на ректумот се наоѓаат цревни крипти и жлезди (glandulae intestinales). Жлездите лачат
лигавичен секрет (слуз), особено кај некои оболувања на ректумот. Во lamina propria се сместени
лимфни јазолчиња (lymphonodi solitarii) кои ја пробиваат lamina mucsularis mucosae и лежат во
подлигавичната обвивка. Лигавицата на ректумот гради повеќе веќе опишани лигавични дипли
(надолжни и напречни) во ампуларно проширениот дел од ректумот, а анални столбови (columnae
anales), лигавични залистоци (valvulae anales) и нивните џебови (sinus anales) во перинеалниот дел од
ректумот. Лигавицата на ректумот има голема апсорбциона моќ. Затоа преку неа може да се врши
вештачка исхрана на болните, внасување на лекови и течности.
САДОВИ, ЛИМФАТИЦИ И НЕРВИ
Артерии. Ректумот е васкуларизиран од: 1. a. rectalis superior, 2. a. Rectalis media и 3. a. rectalis inferior.
1. Горната ректална артерија (а. rectalis superior) е, главна, артерија која го храни најголемиот дел од
ampulla recti. Таа претставува, непарна завршна гранка на a.mesenterica inferior, а се протега по
должината на задниот ѕид на ректумот до третиот или четвртиот сакрален прешлен каде завршува
делејќи се на лева и десна гранка. Гранките се протегаат по задно-бочните делови од горниот дел на
ampulla recti. Десната гранка е нешто подорзално поставена во споредба со левата. Во висината од
карличната дијафрагма тие анастомозираат со гранките од останатите ректални артерии.
2. Средна ректална артерија (a. rectalis media) Оваа артерија претставува парна весцерална гранка на а.
iliaca interna. Taа пристапува до бочните страни од ampulla recti минувајќи меѓу работ на соодветниот m.
levator ani и бочната страна од ампулата. A. rectalis media завршува поделена на 3-5 гранки кои се
гранат по предната, бочната и задната страна од дисталниот дел на ампулата и аналниот канал.
Гранките анастомозираат со останатите ректални артерии.
3. Долна ректална артерија (а. rectalis inferior) Оваа ректална артерија претставува најмала ректална
артерија. Таа претставува парна гранка на a. pudenda interna. Се раѓа во висина на следната џумка,
минува напречно низ масното ткиво на седално-ректалната јама и доаѓа до m. sphincter ani externus.
Taa го васкуларизира m.sphincter ani externus, m. levator ani и пределот околу аналниот отвор.
Завршните гранки на долната седална артерија анастомозираат со гранките од останатите ректални
артерии.
(Текот на долната ректална артерија има практично значење при хируршки зафати во пределот на
аналниот отвор и аналниот сфинктер). Во васкуларизацијата на задната страна од ректумот учествуваат
и гранчиња од a. sacralis mediana.
Вени. Вените на ректумот градат богато развиени венски сплетови (plexus venosus rectales), особено
развиени во дисталниот дел на ректумот. Венските сплетови се сместени во подлигавичниот и надвор
од мускулниот слој на ректумот, а меѓу себе поврзани се со трансмускуларни анастомози. Од plexus
venosus rectalis се одделуваат ректалните вени кои ги придржуваат истоимените артерии. Горната
ректална вена (v. rectalis superior) ја собира венската крв од најголем дел на ampulla recti. Таа ја
придржува истоимената артерија и ја одведува венската крв во долната мезентерична вена (v.
mesenterica inferior) чиј почеток го гради. Средната и долната ректална вена (v. rectalis media et inferior)
ја собираат венската крв од долниот дел на ampulla recti и од аналниот канал. Тие се влеваат во v. iliaca
interna. Во ѕидот на ректумот настануваат анастомози меѓу системот на v. portae и системот на v. cava
inferior. Нарушувањето во крвотокот во системот на v. portaе предизвикува проширување на венските
сплетови, сместени во подлигавичниот слој од ректумот во пределот на аналниот канал, познато како
хемороиди (noduli haemorrhoidales).
Лимфатици. Лимфните садови на ректумот тргнуваат од богато развиената подлигавична лимфна
мрежа. Од ректумот лимфата се доведува во параректалните лимфни јазли (nodi lymphatici pararectales
s. anorectales) лоцирани во сврзното ткиво што го опкружува ректумот. Од горните делови на ректумот
(ampulla recti) лимфата се одведува во nodi lymphatici rectales superiores, а од нив во nodi lymphatici
mesenterici inferiores и во nodi lymphatici sacrales. Од долниот дел на ампула ректи и горните делови на
аналниот канал, лимфата се доведува прво до параректалните лимфни јазли, а потоа се одведува во
nodi lymphatici iliaci interni. Од долниот дел на аналниот канал (кожната зона) и од аналниот отвор,
лимфата се одведува во површинските ингвинални јазли (nodi lymphatici inguinales superficiales).
Нерви. Горниот дел од ректумот (ampulla recti) инервирана е од абдоминалниот вегетативен нервен
сплет (plexus coeliacus), преку горниот мезентеричен сплет (plexus mesentericus superior) од кој се
одделува горниот ректален сплет (plexus rectalis superior). Сплетот ја придржува истоимената ректална
артерија. Средниот и долниот дел на ректумот инервирани се од карличниот вегетативен нервен
систем (plexus hypogastricus inferior). Од него се одделува средниот и долниот ректален сплет (plexus
rectalis medius et inferior) кои ги придржуваат инстоимените артерии. Парасимпатичките гранки ја
инервираат сета мускулатура на ректумот, освен внатрешниот сфинктер на анусот (m. sphincter ani
internus) кој е инервиран од симпатички гранки на долниот хипогастричен сплет (plexus hypogastricus
inferior). Актот на празнење на ректумот (defecatio) настанува под дејство на парасимпатичкиот нервен
систем. Тој предизвикува контракција на сета мазна мускулатура на ректумот, а опуштање на
внатрешниот сфинктер на анусот (m. sphincter ani internus). Внатрешниот сфинктер од анусот спротивно
е инервиран од симпатичкиот нервен систем кој надвор од актот на дефекација го затвора аналниот
отвор без наша волја, а предизвикува опуштање на останатиот ѕид на ректумот.
VIII. ТОПОГРАФСКА АНАТОМИЈА НА КАРЛИЧНАТА ПРАЗНИНА (CAVUM PELVIS)
CAVUM PELVIS
Карличната празнина (cavum pelvis) претставува долен продолжеток на абдоминалната празнина
(cavum abdominis). Нејзината надворешна површина и тоа долниот дел претставува регија на меѓичката
(reg. perinealis s. perinei), поделена на два помали предели: преден или урогенитален (reg. urogenitalis)
и заден или анален (reg. analis).
- Cavum pelvis содржи дел од уринарните органи (organa uropoetica), половите органи (organa genitalia)
и завршниот дел од каналот за варење (canalis alimentarius). Во предниот дел од карличната празнина
лежат уринарните органи, во средниот половите органи, а во задниот дел, каналот за варење.
ГРАНИЦИ НА CAVUM PELVIS
Карличната празнина (cavum pelvis) е ограничена напред, бочно и назад со внатрешните страни од
костурот на малата карлица (pelvis minor), горе се протега до горниот карличен отвор (apertura pelvis
superior) којшто претставува широка комуникација со cavum abdominis, а долу се спушта до долниот
карличен отвор (apertura pelvis inferior).
Долниот карличен отвор е затворен со меки мускулно-фасцијални делови кои формираат меѓичка или
перинеум (perineum).
При исправен став на телото горниот отвор на карлицата е поставен во силно закосена рамнина речиси
паралелна со предниот абдоминален вид. Поради косата положба на apertura pelvis superior, обете
предни горни илијачни боцки (spinae iliacae anteriores superiores) доаѓаат во иста фронтална рамнина со
горниот раб на симфизата.
При исправен став на телото кај жената рамнината на горниот отвор од карлицата со хоризонталната
рамнина формира агол од 55°-60°, додека кај машкиот пол тој е помал и се движи од 50-55.
Од топографска гледна точка на малата карлица се разликуваат: 1) sидови и 2) карлична празнина.
1. ЅИДОВИ НА КАРЛИЦАТА
Ѕидовите што ја ограничуваат карличната празнина се: а) периферен и б) долен ѕид.
А. ПЕРИФЕРЕН ЅИД НА КАРЛИЧНАТА ПРАЗНИНА
Периферниот ѕид од карличната празнина (cavum pelvis) претставува висок, цврст и нерастеглив
коскено-фиброзен прстен, обложен латерално и дорзално со тенок мускулен слој.
Според тоа периферниот ѕид е составен од: 1) коскено-фиброзен слој, 2) зглобови на карлицата и 3)
мускулно-фасцијален слој.
1) КОСКЕНО-ФИБРОЗЕН СЛОЈ
a) Коскениот слој на периферниот карличен вид го гради внатрешната страна на костурот на малата
карлица (pelvis minor) и тоа горе од висина на linea terminalis или apertura pelvis superior, а долу од
apertura pelvis inferior.
На коскениот слој се наоѓаат два парни отвора: преден-запречен и заден зјај меѓу седалната и крсната
коска.
б) фиброзниот слој е претставен со творби од сврзно ткиво што учествуваат во непотполното затворање
на горе споменатите отвори.
Запречниот отвор (foramen obturatum) е затворен со помош на истоимена фиброзна (membrana
obturatoria), но таа под неговиот горен раб остава слободен влезен отвор кој води во запречен канал
(canalis obturatorius). Низ каналот преминуваат истоимените крвни садови и нерв (a. et v. obturatoria et
n. obturatorius), а воспоставува комуникација меѓу карличната празнина и запречниот предел.
Големиот коскен зјај ограничен со седалната и крсната коска со помош на две крсно-седални врски
растегнати меѓу неговиот преден и заден раб е поделен на два отвора. Врските, големиот
сакротуберален лигамент (lig. sacrotuberale) и малиот сакроспинален лигамен (lig. sacrospinale) ги
ограничуваат горниот голем седален отвор (foramen ischiadicum majus) и долниот мал седален отвор
(foramen ischiadicum minus).
Обата седални отвора овозможуваат комуникација на карличната празнина со седалната регија (regio
glutea) од долниот екстремитет. Низ отворите поминуваат крвни садови и нерви наменети за долниот
екстремитет и перинеумот, како и два мускула (m. piriformis и m. obturator internus) кои ја напуштаат
карличната празнина.
2) ЗГЛОБОВИ НА КАРЛИЦАТА
Зглобовите на карлицата коишто учествуваат во градбата на периферниот ѕид од cavum pelvis се делат
на две групи: а) споеви меѓу одделните коски на коските на карличниот појас и б) споеви на карличниот
дел од 'рбетниот столб.
а) Споеви на карличниот појаc (juncturae cinguli membri inferioris)
Во споевите на коските од карличниот појас (juncturae cinguli membri inferioris) влегуваат: 1) препонска
симфиза (symphysis pubica), 2) крсно-бедрениот зглоб (art. sacroiliaca) и 3) влакнестиот спој меѓу крсната
и седалната коска во чиј состав влегуваат lig. sacrotuberale и lig. sacrospinale.
б) Споеви на карличниот дел од 'рбетниот столб
Во споевите на карличниот дел од 'рбетниот столб спаѓаат: 1) аглестиот слабинско-крсен спој junctura
lumbosacralis) чие теме го гради промонториумот (promontorium) и 2) крсно-тртничниот спој (junctura
sacrococcygea).
3) МУСКУЛНО-ФАСЦИЈАЛЕН СЛОЈ
Мускулно-фасцијалниот слој е дебел 1,5 до 2 см, ги обложува задниот и бочните коскено-фиброзни
ѕидови од сavum pelvis, а исклучок претставува предниот ѕид, односно задната страна на препонските
коски во пределот на symphysis pubica.
(Фрактурите на препонските коски редовно се придружни со повреди на мочниот меур (vesica urinaria)
чија предна страна доаѓа до директен сооднос со предниот необложен зид на cavum pelvis).
а) Мускулен слој
Мускулниот слој што ги покрива коскените ѕидови на карлицата е претставен со два
пелвитрохантерични мускули кои со своите почетни припои припаѓаат на бочната мускулна група од
cavum pelvis, а тоа се: 1) внатрешниот запречен мускул (m. obturatorius internus) чии почетни припои ја
покриваат коскената чашка на foramen obturatum, длабоката страна на membrana obturatoria, a ја
напушта карличната празнина низ foramen ischiadicum minus и 2) крушовидниот мускул (m. piriformis)
чии почетни припои ја обложуваат предната страна од крсната коска, а ја напушта карлицата низ
foramen ischiadicum majus. Тој го дели отворот на два помали отвора и тоа: надпириформен отвор
(foramen suprapiriforme) и подпириформен (foramen infrapiriforme). Низ обата отвора поминуваат
крвни садови и нерви (детално опишани во поглавјето зглобови).
б) Фасцијален слој
Фасцијалниот слој е претставен со запречната мембрана (fascia obturatoria). По должината на нејзиниот
среден дел се протега напречно линиско задебелување означено како тетивен лак на m. levator ani
(arcus tendineus m. levatoris ani), а служи за припој на латералниот или горниот раб од m. levator. По
должината на долниот раб од fascia obturatoria се протега фиброзна дупликатура наречена Alcock-ов
пудендален канал (canalis pudendalis), низ кој поминува идејќи одгоре надолу а. et v. pudenda interna u
n. pudends.
Б. ДОЛЕН ЅИД НА КАРЛИЧНАТА ПРАЗНИНА
Долниот ѕид или подот на карличната празнина е претставен исклучиво од меки делови и тоа: кожа,
фасции и мускули. Тие елементи заедно формираат меѓичка (perineum) која го затвора долниот
карличен отвор (apertura pelvis inferior).
Долниот карличен отвор (apertura pelvis inferior) идејќи однапред наназад е ограничен со следниве
коскено-фиброзни елементи: 1) долниот раб на препонската симфиза (symphisis pubica), 2) долната
гранка на препонската коска (ramus inferior ossis pubis), 3) гранката на седалната коска (ramus ossis
ischii), 4) долниот раб на крсно-седалната врска (lig. sacrotuberale) и 5) врвот од тртничната коска (os
coccygis).
TRIGONUM UROGENITALE, TRIGONUM ANALE
- Долниот карличен отвор (apertura pelvis inferior) има ромбоидна форма чиишто бочни агли
одговараат на левата и десната седална џумка (tuber ischiadicum), додека предниот агол е претставен
со долниот раб од symphysis pubica, а задниот со врвот од os coccygis.
- Со помош на напречната дијагонала што ги спојува десниот и левиот tuber ischiadicum, долниот
карличен отвор е поделен на два триаголника - преден и заден.
- Предниот е означен како мочополов триаголник (trigonum urogenitale), a задниот анален триаголник
(trigonum anale).
- Меките делови на перинеумот што го затвораат предниот урогенитален триаголник на површината ја
претставуваат урогениталната регија (regio urogenitalis), додека меките делови што го затвораат
задниот анален триаголник на површината ја претставуваат аналната регија (regio analis).
Меѓичката (perineum) е составена од следниве меки делови: 1) мускулно фасцијален слој и 2) кожа.
1.МУСКУЛНО-ФАСЦИЈАЛЕН СЛОЈ НА ПЕРИНЕУМОТ
Мускулно-фасцијалниот слој на долниот ѕид на карличната празнина или меѓичката (perineum) е
претставен со мускулите на меѓичката (mm. perinei) и нивните фасции. Тие даваат отпорност и цврстина
на меѓичката, а со својот тонус ги држат карличните органи in situ.
Кај инсуфициенција на mm. perinei ce појавува спуштање (descensus) и излегување (prolapsus) на
карличните органи низ природните отвори на меѓичката.
Мускулите на перинеумот (mm. perinei) со своите фасции се групираат во две дијафрагми: а) горна или
карлична (diaphragma pelvis) и б) долна или урогенитална (diaphragma urogenitale), чиј површен слој ја
гради пудендалната дијафрагма (diaphragma pudendale).
Освен мускулно-фасцијалните дијафрагми во меѓичката се наоѓа и надворешниот сфинктер на анусот
(m. sphincter ani externus) и една просторна ишиоректална јама (fossa ischiorectalis) исполнета со масно
ткиво.
а) Карлична дијафрагма (diaphragma pelvis)
Карличната дијафрагма (diaphragma pelvis) претставува горна мускулно фасцијална преграда која го
затвора целосно долниот карличен отвор, со исклучок на еден тесен зјај по должината на медијалната
линија, кој ги пропушта аналниот канал и мочополовите органи.
Карличната дијафрагма е составена од два парни мускули: 1) мускулот подигнувач на анусот (m. levator
ani) и 2) тртничниот мускул (m. coccygeus), покриени од горната страна со горната фасција на
карличната дијафрагма (fascia diaphragmatis pelvis superior), а оддолу со долната фасција на карличната
дијафрагма (fascia diaphragmatis pelvis inferior).
Карличната дијафрагма како што е веќе напоменато ги затвора обата триаголника, урогениталниот и
аналниот од долниот карличен отвор (apertura pelvis inferior). Тесната пукнатина што останува во
медијалната линија претставува урогенитален зјај (hiatus urogenitalis").
6) Урогенитална дијафрагма (diaphragma urogenitale)
Урогениталната дијафрагма (diaphragma urogenitale) е долна триаглеста мускулно-фасцијална плоча сo
дeбeлинa околу 1 см. Таа е растегната напречно меѓу долните рабови од карличните коски и го затвора
само предниот урогенитален триаголник. Инаку содржи богато сврзно ткиво коешто на нејзината горна
и долна страна формира по една фасција, а тоа се: горната и долната фасција на урогениталната
дијафрагма (fascia diaphragmatis urogenitalis superior et inferior). Обете фасции ограничуваат меѓу себе
длабок простор на меѓичката (spatium perinei profundum) кои ги содржи длабокиот напречен
перинеален мускул (m. transversus perinei profundus) свинктерот на уретрата (m. sphincter urethrae),
како и булбоуретралните жлезди кај мажите.
Меѓу фасцијата на долната урогенитална дијафрагма (fascia diaphragmatis urogenitalis inferior) и
површинската перинеална фасција (fascia perinei superficialis) се наоѓа површински перинеален простор
(spatium perinei superficiale).
Bo spatium perinei superficiale ce содржани еректилните тела на надворешните полови органи и три
парни мускули и тоа: 1) булбоспонгиозниот или Булбокавернозниот мускул (m. bulbospongiosus s. m.
bulbocavernosus), 2)ишиокавернозниот мускул (m. ischiocavernosus) и 3) површинскиот напречен
перинеален мускул (m. transversus perinei sperficialis). Сите три наброени мускули држани во spatium
perinei superficiale се вбројуваат во одделна пудендална дијафрагма („diaphragma pudendale").
Кај жените во површинскиот перинеален простор покрај мускулите и еректилните тела се локализирани
и големите тремни жлезди (gll. vestibulares) на (Bartholini).
Fascia perinei superficialis jа одделува долната страна од горе наброените мускули од поткожниот масен
слој (panniculus adiposus) на кожата на перинеумот и половите органи.
Пудендалната дијафрагма е прилепена за долната страна на урогениталната дијафрагма и се протега во
предниот урогенитален триаголник од apertura pelvis inferior. Во истиот слој со трите мускули од
пудендалната дијафрагма се наоѓа и надворешниот сфинктер на анусот (m. sphincter ani externus),
поставен над нив во пределот на задниот анален триаголник од долниот карличен отвор.
2) КОЖА НА ПЕРИНЕУМОТ
Кожата на перинеумот е тенка, еластична и растеглива. Таа е пигментирана и покриена со ретки и долги
влакна, а содржи бројни потни и лојни жлезди.
Кај жената кожата на перинеумот продолжува нанапред во кожата на срамницата (pudendum
femininum), а кај мажите во скротумот (scrotum). По должината на медијалната линија се протега кожен
шев на меѓичката (raphe perinei).
АКУШЕРСКА МЕЃИЧКА ИЛИ АКУШЕРСКИ ПЕРИНЕУМ
- Кај жените кус мост од кожа и поткожно ткиво долг 2,5 до 3 см, кој го дели анусот од задниот крај на
pudendum femininum, тоа е таканаречена, акушерска меѓичка или акушерски перинеум.
- Тој дел е значаен од хируршка гледна точка бидејќи го гради дното или базата на триаглестиот
простор меѓу предниот ѕид на ректумот и задниот ѕид на вагината означен како ректовагинален
триаголник.
- Низ него се пристапува на карличните органи.
- За време на породувањето, акушерскиот перинеум е изложен на силно истегање и може да се
расцепи (ruptura perinei).
2) ТОПОГРАФИЈА НА КАРЛИЧНАТА ПРАЗНИНА (CAVUM PELVIS)
Карличната празнина (cavum pelvis) е ограничена напред и бочно со левата и десната карлична коска
(од сохае), одзади со крсната коска (os sacrum) и тртничната коска (os coccygis). Haгope cavum pelvis се
протега до apertura pelvis superior, а долу до apertura pelvis inferior.
Коскените ѕидови на карличната празнина од внатрешната страна се обложени со мускулен слој чија
дебелина изнесува 1,5-2 см. Задно-бочниот ѕид го покрива m. piriformis, а предно-бочниот m.
obturatorius internus. Долниот карличен отвор е затворен со мускулите што го градат перинеумот (m.
perinei).
Карличната празнина (cavum pelvis) со помош на париеталниот перитонеум (peritoneum parietale) и
пелвичната дијафрагма (diaphragma pelvis) е поделена на три ката: 1) горен или перитонеален, 2)
среден или потперитонеален и 3) долен или поткожен кат.
1) ГОРЕН ИЛИ ПЕРИТОНЕАЛЕН КАТ
Горниот или перитонеалниот кат (,,cavum pelvis peritoneale") го зазема најголемиот дел од карличната
празнина чиишто ѕидови и дно се обложени со париетален перитонеум. Тој кат претставува слепо
затворено дно на општата перитонеална празнина (cavum peritonei).
Горната граница на перитонеалниот кат одговара на рамнината од горниот карличен отвор (apertura
pelvis superior), кој овозможува широка комуникација на карличната празнина и левиот мезентерично-
количен простор од абдоминал ната празнина.
СОДРЖИНА И ПОДЕЛБА
Во перитонеалниот кат од cavum pelvis се сместени делови од абдоминалните интраперитонеални
органи и повеќето карлични органи.
Од абдоминалните органи тоа се витките на тенкото црево и сигмоидниот колон, додека повеќето од
карличните органи содржани во средниот кат продираат во перитонеалниот кат издигајќи го
перитонеумот. Тоа се следните првобитно ретроперитонеални органи: мочниот меур и ректумот, а кај
жените уште и утерусот, утерусната туба и овариумот.
Наброените карлични органи што ги издигаат перитонеумот од карличното дно меѓу себе формираат на
дното од перитонеалниот кат неколку перитонеални ниши или џебови.
Кај мажите, меѓу задната страна од vascia urinaria и предната страна од rectum се наоѓа
ректовезикалниот џеб (excavatio rectovesicalis), а кај жените се опишуваат две екскавации. Меѓу задната
страна од vesica urinaria и предната страна од uterus се навикната екскавација (excavatio vesicouterina), а
меѓу задната страна од uterus и предната страна од rectum се наоѓа најдлабокиот перитонеален џеб,
тоа е ректоутерината екскавација на Douglas (excavatio rectouterina). Дното на Douglas-овата екскавација
кај жените претставува најниска точка од перитонеалниот кат на cavum pelvis, додека кај мажите тоа е
дното од excavatio rectovesicalis. Во тие длабоки перитонеални простори се собираат крв, гној или
серозна течност при воспаленија, на карличните органи или изливи во перитонеалната празнина.
Дното на Douglas-овата екскавација се наоѓа на 3 см, над аналниот отвор и налегнува на задниот свод
од вагината (fornix vaginae - pars posterior). Низ задниот свод од вагината по хируршки пат се дренираат
гнојните колекции собрани во екскавацијата.
Кај женската карлица перитонеалниот кат на cavum pelvis со помош на фронтална преграда што ја гради
утерусот со својата лева и десна широка врска (lig. latum uteri), е поделен на два дела, заден кој го
содржи ректумот и преден кој го содржи уринарниот меур.
2) СРЕДЕН ИЛИ ПОТПЕРИТОНЕАЛЕН КАТ
Средниот или потперитонеалниот кат (,,cavum pelvis subperitoneale") на самим pelvis претставува низок
простор кој се протега меѓу долната страна од париеталниот перитонеум и горната страна од
карличната дијафрагма (diaphragma pelvis).
Средниот кат нагоре над сакралниот дел од граничната линија, односно под перитонеумот комуницира
со ретроперитонеалниот простор (spatium retroperitoneale) од абдоминалната празнина. Над
бедрениот дел од linea terminalis, сврзното ткиво на потперитонеалниот кат продолжува во тенкиот
потперитонеален фиброзен слој од fossa iliaca.
СОДРЖИНА
Средниот или потперитонеалниот кат на cavum pelvis ги содржи во својот среден органски дел речиси
сите карлични органи, а во неговите бочни париетални делови се наоѓаат карличните садови, лимфни
јазли, нерви, како и карличниот дел од уретерот.
Карличните органи содржани во средниот органски или висцерален дел на cavum pelvis подигајќи го
париеталниот перитонеум нагоре или пред себе проминираат во перитонеалниот кат (vesica urinaria,
uterus et rectum), а надолу поминувајќи низ целата дебелина на поткожниот кат органите се отвораат со
свои отвори на површината од перинеумот.
СВРЗНО ТКИВО
Потперитонеалниот кат содржи и фиброзно ткиво повеќе или помалку збиено, а ги исполнува
просторите меѓу карличните органи, крвните садови и нервите.
1) Во средниот или висцералниот дел на потперитонеалниот кат, фиброзното ткиво збиено околу
карличните органи формира фасцијални листови кои ги спроведуваат крвните садови и нерви до
соодветните органи. Фиброзните или фасцијалните листови го делат висцералниот дел на неколку
фасцијални ложи за карличните органи.
2) Во бочните или париеталните делови од потперитонеалниот кат, фиброзното ткиво, што ги
опкружува големите крвни садови и нерви на карлицата, формира густа збиена фиброзна садовно-
нервна плоча.
ПОДЕЛБА
Потперитонеалниот кат со помош на фиброзните или фасцијалните творби е поделен прво на среден
или висцерален дел кој од своја страна се дели на фиброзни ложи кои ги содржат карличните органи.
Во сагиталната рамнина збиеното фиброзно ткиво ја формира fascia pelvis visceralis s. fascia endopelvina,
којашто претставува парен фасцијален лист, а се протега по должината на бочните страни од
карличните органи. Напред фасцијата започнува од задната страна на symphysis pubica, потоа се
протега сагитално наназад до предната страна од крсната коска, завршувајќи медијално од предните
сакрални отвори.
Fascia pelvis visceralis горе доаѓа до висината на париеталниот перитонеум на карличното дно, а долу до
arcus tendineus fasciae pelvis, продолжувајќи по неговата должина со fascia diaphragmatis pelvis superior.
Обете висцерални пелвични фасции, поставени во сагитална рамнина бочно од карличните органи, го
делат потперитонеалниот кат на cavum pelvis на три дела: а) среден или висцерален дел, б) два бочни
или париетални простори.
а) Висцерален дел од потперитонеалниот кат
Внатрешните страни од обете висцерални пелвични фасции го ограничуваат меѓу себе средниот или
висцералниот дел на потперитонеалниот кат. Со помош на непарни фронтални фасцијални прегради,
висцералниот дел е поделен на неколку фасцијални ложи. Непарните прегради се: fascia
vesicoumbilicalis, septum rectovesicale и septum rectovaginale
Кај мажите висцералниот дел на субперитонеалниот кат со помош на fascia vesicoumbilicalis и septum
rectovesicale е поделен на две фиброзни или фасцијални ложи: а) предна или парцистична ложа
(paracystium) и б) задна или ректална ложа (paraproctium). Во парацистиумот лежи vesica urinaria,
prostata, vesiculae seminales и ampulla ductus deferentis, додека во парапрокциумот е сместен ректумот.
Кај жените меѓу paracystium и paraproctium се наоѓа уште една ложа, (paracolpium). Таа ги содржи
горниот дел од вагината и предната субперитонеална страна од вратот на утерусот. Сврзното ткиво на
горниот дел од параколпиумот e parametrium и ја опкружува во тенок слој матката и задната страна од
нејзиниот врат, продолжувајќи бочно со фиброзната плоча lig. cardinale uteri coдржана меѓу обата листа
на lig. latum uteri. Низ фиброзното ткиво од lig. latum uteri пристапуваат кон утерусот неговите крвни
садови и нерви, а поминува и уретерот.
Paracystium e одделен напред со помош на fascia vesicoumbilicalis од предвезикалниот или
ретролубичниот простор (spatium retropubicum s. spatium praevesicale") на Retzius.
КОМУНИКАЦИИ
На предниот ѕид од потперитонеалниот кат на cavum pelvis се наоѓа влезниот отвор на запречниот
канал (canalis obturatorius) овозможува комуникација со запречниот дел од предната регија на бутот.
Canalis obturiatorius претставува канал долг 2-3 см, а насочен косо надолу и медијално кон предната
ложа од бутот. Тој е ограничен одгоре со истоимената - коскена бразда (sulcus obturatorius)
локализирана на долната страна од горната гранка на пубичната коска (ramus superior ossis pubis), а
долу со припоите од membrana obturatoria и обата запречни мускули (m. obturatorius ext. et int.) кои се
припојуваат на соодветните усни од коскената бразда.
Низ canalis obturatorius, ја напуштаат карличната празнина а. obturatoria и n. obturatorius, а во неа
влегува истоимената вена. Во ретки случаи низ каналот можат да излегуваат и запречни хернии (hernia
obturatoria) доаѓајќи во запречниот дел од предната страна на бутот.
На задниот дел од бочниот карличен ѕид над и под m. piriformis се наоѓаат foramen suprapiriforme и
foramen infrapiriforme кои овозможуваат комуникација на потперитонеалниот кат со седалниот предел
(regio glutea). Низ отворите поминуваат крвни садови и нерви наменети за васкуларизација и
инервација на перинеумот и долниот екстремитет.
Во ретки случаи и задните отвори можат да претставуваат слаби точки за настанување на седални
хернии (hernia ischiadica).
3) ДОЛЕН ИЛИ ПОТКОЖЕН КАТ
Долниот или поткожниот кат (cavum pelvis subcutaneum") од cavum pelvis одговара како со своите
површински, така и со длабоките граници на перинеалната регија (regio perinealis), составена од regio
analis и regio urogenitalis.
Долниот или поткожниот кат од cavum pelvis се протега горе од долната страна на diaphragma pelvis, а
долу до кожата на перинеумот.
СОДРЖИНА
Во поткожниот кат покрај мускулите на перинеумот се содржани и перинеалните делови на карличните
органи и тоа: уретрата, аналниот дел од ректумот и кај жените вагината.
ПОДЕЛБА
Поткожниот кат според региите што ги опфаќа се дели на: а) преден и б) заден перинеум.
а) Преден перинеум
Предниот перинеум одговара на урогениталниот триаголник или геgiо urogenitalis, а составен е од три
слоја: 1) горен, 2) среден и 3) долен слој.
1) Горниот слој на предниот перинеум го гради diaphragma pelvis. Toj ce протега од горната до долната
фасција на пелвичната дијафрагма (fascia diaphragmatis pelvis superior et inferior). Meíy обата фасцијални
листа се наоѓаат m. levator ani u m. coccygeus.
2) Средниот слој на предниот перинеум е претставен со diaphragma urogenitale ограничена одгоре и
оддолу со нејзините фасции (fascia diaphragmatis urogenitalis superior et inferior). Mеѓу обете фасции се
наоѓаат: m. sphincter urethrae и m. transversus perinei profundus. Од карличните органи во средниот слој
кај мажите се наоѓа уретрата со својот мембранозен дел, две Cowper-ови жлезди (glandulae
bulbourethrales), а кај жените вагината.
3) Долниот слој на предниот перинеум е претставен со „diaphragma pudendale" и spatium perinei
superficiale. Тој се протега горе од fascia diaphragmatis urogenitalis inferior, долу од fascia superficialis
perinei, кожата на перинеумот и надворешните генитални органи.
Долниот слој ги содржи покрај мускулните придодадени на еректилните кавернозни тела на половите
органи (m. ishiocavernosus, m. bulbospongiosus, m. transversus perinei superficialis), како и m. sphincter ani
externus кој лежи во задниот перинеум.
Од органите во долниот слој се наоѓа само завршниот дел од урогениталниот канал (urethra кај мажите,
а vagina кај жените).
б) Заден перинеум
Задниот перинеум одговара на аналниот триаголник или regio analis кој содржи само една дијафрагма и
тоа diaphragma pelvis. Целиот простор меѓу дијафрагмата и кожата на перинеумот го зазема една
просторна седално ректална јама (fossa ischiorectalis). Таа парна јама се протега од обете страни на
ректумот и тоа canalis analis recti, а со својот преден крај продолжува во предниот перинеум и тоа меѓу
diaphragma pelvis и diaphragma urogenitale.
СЕДАЛНО-РЕКТАЛНА ЈАМА (FOSSA ISCHIORECTALIS)
- Седално-ректалната јама (fossa ischiorectalis) е содржана во дебелината на перинеумот и тоа под
diaphragma pelvis во задниот анален триаголник (trigonum anale). Таа претставува тристрано
призматичен простор, стеснет на своите два краја, а исполнет со масно ткиво.
- Fossa ischiorectalis се протега бочно од аналниот канал на ректумот и нанапред близу до препонската
симфиза, а одзади достига до сакро-тубералната врска (lig. sacrotuberale) и долниот раб од m. gluteus
maximus. Седално-ректалната јама е долга околу 8-10 cm а нејзината најголема висина изнесува 5-7 см
а најголема ширина 2,5 cm.
ОПИС И ОГРАНИЧУВАЊА
- Според формата на fossa ischiorectalis се разликуваат три ѕида (латерален, медијален и долен ѕид, врв
и база).

1. ЛАТЕРАЛЕН ЅИД НА FOSSA ISCHIORECTALIS


1. ЛАТЕРАЛНИОТ SИД на fossa ischiorectalis го гради m. obturatorius internus, односно fascia obturatoria
што ја покрива внатрешната страна од мускулот.
Горниот раб на латералниот ѕид е означен со задебелување на fascia obturatoria означено како
arcus tendineus m. levatoris ani. Toа претставува линиско задебелување насочено низ средината на
запречната фасција, а по неговата должина се припојува со својот латерален раб m. levator ani.
Долниот раб на латералниот ѕид по целата должина во својата дупликатура го содржи така
наречениот Alcock-ов пудендален канал (canalis pudendalis).
- Bo каналот одејќи одгоре надолу врват а. et v. pudenda interna и pudendus.
2) МЕДИЈАЛНИОТ SИД ИЛИ ГОРНОМЕДИЈАЛНИОТ ЅИД на јамата е поставен косо надолу и медијално.
Тој е претставен со долната страна од m. levator ani, покриена co fascia diaphragmatis pelvis inferior.
3) ДОЛНИОТ ЅИД на седално-ректалната јама е претставен со кожата на перинеумот.
4) ВРВОТ НА ЈАМАТА продолжува напред во предниот или урогенитален перинеум завршувајќи зад
препонската коска и тоа на спојот на горната страна од урогениталната дијафрагма со предниот крај на
пелвичната дијафрагма.
5) БАЗАТА НА ЈАМАТА е свртена наназад, а одговара на длабоката страна од долниот раб од m. gluteus
maximus и lig. sacrotuberale.
- Зад аналниот канал (canalis analis) задните краеви од десната и левата fossa ischiorectalis мeѓусебно се
одделни само со помош на тенката ректално-тртнична врска (lig. Аnососcygeum).
СОДРЖИНА НА ЈАМАТА
- Fossa ischiorectalis целосно е исполнета со масно ткиво (corpus adiposum fossae ischiorectalis).
- Во пределот на долниот ѕид од јамата масното ткиво продолжува непосредно со поткожното масно
ткиво на перинеумот (panniculus adiposus), бидејќи во задниот или аналниот перинеум недостасува
fascia perinei superficialis.
- Низ масното ткиво од седално-ректалната јама кон аналниот дел од ректумот, и тоа напречно
ориентирани во сооднос со нејзиниот латерален ѕид врват:
 А. RECTALIS INFERIOR, се издвојуваат од a. pudenda interna.
 VV. RECTALES INFERIORES
 NN. RECTALES INFERIORES, се издвојуваат од n. pudendus internus.
- Артериите се издвојуваат од а. pudenda interna, a нервите од n. pudendus internus, додека вените се
притоки на v. pudenda interna.
- Внатрешните пудендални крвни садови и нерв се содржани во Alcock-овиот пудендален канал
(canalis pudendalis).
- Масното ткиво (corpus adiposum fossae ischiorectalis) што ја исполнува јамата е изложено на гнојни
воспаленија при заболување на соседните органи (ректумот и урогениталните органи).
(Воспаленијата кои пробиваат било во аналниот канал, било надвор од m. sphincter ani externus кон
кожата на перинеумот, предизвикуваат долготрајни гнојни фистули. Гноењата од едната fossa
ischiorectalis зад аналниот дел од ректумот се пренесуваат на другата јама низ тенката веќе спомената
анококцигеална преграда, која ги одделува задните краишта од обете јами. Во одделни случи гнојот од
fossa ischiorectalis може нагоре преку m. levator ani да продре до потперитонеалниот кат на cavum
pelvis, предизвикувајќи опасно воспаление на неговото фиброзно ткиво).
ВАСКУЛАРИЗАЦИЈА НА КАРЛИЦА
- Артериските крвни садови за васкуларизација на ѕидовите и органите во карлицата потекнуваат од:
 a.sacrlis mediana и
 a.iliaca interna.
1. A.SACRALIS MEDIANA претставува тенка завршна гранка на aorta abdominalis.
Бочни гранки: Од стеблото на a.sacralis mediana, поголема бочна гранка е a. lumbalis ima. Таа се
одделува во височина н петиот слабински прешлен, како парно артериско гранче. Се протега латерално
од m.psoas кого го васкуларизира.
2. A. ILIACA INTERNA е главно артериско стебло на карлицата. Нејзините гранки ги васкуларизираат
органите и ѕидовите на карлицата. Претставува парна внатрешна завршна гранка на a.iliaca communis.
Започнува во висината на сакроилијачниот зглоб од каде се насочува лачно надолу и наназад спрема
горниот раб од incisura ischiadica major, каде артеријата најчесто завршува поделена на две завршни
стебла: предно и задно.
ВЕНИ НА КАРЛИЦАТА: Венската дренажа ја добива од v. iliaca interna како и венските сплетови
 Венски сплетови на женската карлица (plexus venosus vesicalis, plexus venosus uterovaginalis,
plexus venosus rectalis)
 Венски сплетови на машката карлица (plexus venosus vesicalis и plexus venosus prostaticus)
LINEA TERMINALIS
- Linea terminalis има големо значење во акушерството, бидејќи го претставува горниот отвор на
карлицата aperture pelvis superior. Linea terminalis ја сочинуваат одејќи однапред наназад:
 symphysis pubica
 pecten ossis pubis
 linea arcuate
 basis ossis sacri
 promontorium
- Формата на linea terminalis кај жените е со бубрежна форма, а кај мажите срце од карти за играње.
- Претставува карличен раб, односно раб на карличниот влез.
- Карличниот влез обично се користи за поделба на абдоминално-карличната празнина.
- Понекогаш се смета дека карличната празнина се протега над карличниот влез и во овој случај
карличниот влез се користи за да се подели карличната празнина на лажна (над влезот) и вистинска
карлица (под влезот).
ЕПИЗИОТОМИЈА
- Епизиотомијата, позната и како перинеотомија, е хируршки засек на перинеумот и задниот
вагинален ѕид. Обично се изведува за време на втората фаза од породувањето со цел да се зголеми
отворот низ кој излегува бебето.
APERTURA PELVIS SUPERIOR
- Apertura pelvis superior е горниот отвор на карлицата и е означен со linea terminalis. На горниот отвор
се опишуваат три вида на пречници: сагитални, коси и трансверзални.
А) САГИТАЛНИ ИЛИ ПРЕДНОЗАДНИ ПРЕЧНИЦИ се три конјугати кои ја мерат оддалеченоста на
симфизата од промонториумот а тоа се:
1) Анатомски сагитален пречник (conjugate anatomica) којшто претставува оддалеченост меѓу
промонториумот и горниот раб на симфизата, а изнесува 11-11,5цм.
2) Прав сагитален или породилен пречник (conjugate vera s.obstetricia) кој претставува
оддалеченост меѓу промонториумот и најиспакнатиот дел од задната страна на симфизата, а
изнесува 10,5-11цм.
3) Дијагонален сагитален пречник (conjugate diagonalis) кој претставува оддалеченост од
промонториумот и долниот раб на симфизата, а изнесува 12цм.
Б) КОС ПРЕЧНИК (DIAMETER OBLIQUA)- лев и десен, ја спојува зглобната линија на art.sacroiliaca со
eminentia iliopubica од спротивната страна. Должината на обата пречника изнесува 12-12,5цм.
В) ТРАНСВЕРЗАЛЕН ПРЕЧНИК (DIAMETER TRANSVERSA) ги спојува двете најоддалечени симетрични
точки од обете лаковидни линии (linea arcuate). Тој претставува најголем пречник на карличниот отвор
и изнесува 13,5цм.
ПЕРИНЕУМ
- Перинеумот е мускулно-фасцијален простор, сместен во рамките на apertura pelvis inferior.
- Се наоѓа под карличната дијафрагма и го затвора долниот отвор, а од доле е покриен со кожа.
- Перинеумот содржи кожа, поткожно ткиво, надворешни полови органи, завршни делови од
урогениталниот и дигестивниот систем како и мускулно-фасцијални елементи.
- Како термин перинеумот во буквален превод значи простор помеѓу анусот и скротумот.
- Може да биде место за многу инфекции. Помага во нормалното празнење на цревата и уринирање.
- Во анатомска положба перинеумот претставува тесна површина меѓу горните внатрешни делови на
бутот.
- При обострана абдукција на бутот добива форма на дијамант кој се протега од symphisis pubica
напред, os coccygis назад и бочно ограничен со tuber ischiadicum.
- Длабоките граници одговараат на границите на apertura pelvis inferior.
- Со замислена трансверзална линија помеѓу двата tuber ischiadicum се дели на 2 триаголни дела:
 предниот дел на перинеумот го затвора trigonum urogenitale и е означен како regio urogenitalis
(ги содржи завршните делови на урогениталниот тракт и гениталните органи),
 задниот дел на перинеумот го затвора trigonum anale од apertura pelvis inferior и е означен како
regio analis (ги содржи canalis analis и fossa ischioanalis од двете страни).
КАДЕ СЕ НАОЃА ALCOCK-ОВИОТ КАНАЛ
Внатрешните пудендални крвни садови и нерв се содржани во Alcock-овиот пудендален канал (canalis
pudendalis).,кој се наоѓа во седално-ректалната јама (fossa ishirectalis.).
A. ET V. MESENTERICA INFERIOR
Долната мезентерична вена е големо венско стебло сместено во абдоменот. Тоа е продолжение на
v.rectalis superior.
- Долната мезентерична вена се наоѓа во ретроперитонеумот, тече супериорно и кон левата страна,
додека е придружена од долната мезентерична артерија.
- Главната функција на долната мезентерична вена е да ја исцеди крвтаа од задното црево, дел од
гастроинтестиналниот тракт кој ги вклучва структурите од дисталниот попречен колон до ректумот.
- Долната мезентерична артерија поризлегува од абдоминалната аорта на ниво на третиот лумбален
прешлен.
- Го снабдува задното црево и има главни гранки (a.colica sinistra, сигмоидна артерија, a.rectalis
superior). Придонесува и за формирање на маргиналната артерија на Драмонд.
- Различните делови на артеријата се специјализирани да апсорбираат одредени хранливи материи и
витамини, на пр есенцијални микронутриенти како витаминот Б12.

You might also like