You are on page 1of 74

Коски на долен екстремитет

(ossa membri inferioris)


КОСКИ НА ДОЛНИОТ ЕКСТРЕМИТЕТ (OSSA MEMBRI INFERIORIS)
Коските на долниот екстремитет градат два дела:

 неподвижен дел или појас на долниот екстремитет


(cingulum membri inferioris)
 подвижен дел или скелет (slkeleton membri inferioris
liberi

Појасoт на долниот екстремитет (cingulum membri


inferioris) претставува неподвижен дел од долниот
екстремитет и е составен од лева и десна карлична
коска (os coxae).
Двете карлични коски се зглобени назад со os sacrum и
го поврзуваат карличниот појас со `рбетниот столб
columna veretebralis.
1.os sacrum
2. os coxae
3. femur
4. patella
5. fibula
6. tibia
7. ossa pedis
Карлична коска (os coxae)

Os ilii

sacrum

Os pubis

Os ischii

парна коска составена од: 1) бедрена коска (os ilium), 2) препонска


коска (os pubis), 3) седална коска (os ischii). Трите коски се одделени
со помош на рскавица. Околу 16 година таа осифицира и трите
коски се спојуваат во пределот на зглобната чашка (acetabulum).
Под ацетабулумот се наоѓа голем запречен отвор (foramen
obturatorium)
На карличната коска се
опишуваат 2 страни и 4 раба
Надворешната страна покажува
среден дел, јама –
acetabulum.
Над ацетабулумот се наоѓа alla
ossis ilii (крилото на седалната
коска), a под него foramen
obturatorium
Crista illiaca
• На внатрешната
страна напред се
наоѓа fossa illiaca,
назад facies Fossa illiaca
auricularis, за
спојување со
крстната коска

Preden rab
• На задниот раб има 2 засека
• Incisura ischiadica major et minor

Incisura
ischiadica
major
Внатрешна страна

Внатрешната страна на карличната коска (os coxae) е


поделена со помош на лаковидна линија (linea arcuata) на
горен и долен дел.
Горниот дел на внатрешната страна е означен како
абдоминален дел, а припаѓа на pelvis major. Долниот дел
на внатрешната страна припаѓа на малата карлица pelvis
minor.
 Прашања:
1. Од кои коски е составена os coxae
2. Опишија надворешната страна и
внатрешната страна на карличната коска
3. Опиши ги рабовите (горен, преден, заден
4. Како е поделена карлицата)
ПОДВИЖЕН ДЕЛ НА СКЕЛЕТОТ ОД ДОЛНИОТ ЕКСТРЕМИТЕТ
(SKELETON MEMBRI INFERIORIS LIBERI)

Подвижниот дел на скелетот на долниот


екстремитет се дели на три дела:
1) скелет на бутот,
2) скелет на потколеното,
3) скелет на стапалото
Скелетот на бутот е претставен аналогно
на надлактот, со една долга коска
наречена бутна коска (femur).
Бутна коска – femur
парна долга коска, која
со горниот крај се
зглобува со карличната
коска (os coxae), а долу
со тибијата од
подколеницата.

На фемурот се
опишуваат три дела:
1)тело
(corpus femoris)
2горен крај
extremitas proximalis)
3)долен крај
(extremitas distalis).
Tелотo(corpus
femoris) e
тространопризматично.
По неговата должина
се припојуваат главите
на m.quadriceps
femoris.
На телото на бутната
коска се разликуваат
три раба.

Задниот раб е јасно


обележан испакнат
коскен гребен означен
како linea aspera, која
служи за припој на
мускули на бутот.
1. - fovea capitis ossis femoris
2 - caput femoris;
3 - trochanter major;
4 - collum femoris;
5 - linea intertrochanterica;
6 - trochanter minor;
7 - corpus ossis femoris;
8- condylus lateralis;
9- condylus medialis

Горниот крај (extremitas proximalis) е составен од:


глава на бутната коска (caput femoris), врат (collum
femoris), голем трохантер (trochanter major) и мал
трохантер (trochanter minor).
Главата на фемурот (caput femoris), заедно со facies
lunata од ацетабулумот на карличната коска го гради
зглобот на колкот (art. coxae).

Вратот на фемурот (collum femoris), се протега од


главата косо надолу и латерално. Долг е 3,5-5 cm.и со
телото формира тап агол од 130º. Вратот служи за
припој на лигаменти и capsula articularis.

Големиот трохантер (trochanter major) претставува


четвртесто испакнување локализирано латерално од
вратот и служи за припој на мускулите од седалната
регија.

Малиот трохантер (trochanter minor) е помало


испакнување, локализирано на задно-долниот дел од
вратот, кој служи за припој на m.iliopsoas и
лигаменти.
Долниот крај
(extremitas distalis) е
помасивен од горниот.
На него се
разликуваат две
големи испакнувања
или кондили и тоа:
латерален кондил
(conndylus lateralis)
и медијален кондил
(condylus medialis).
• Напред двата кондила
се споени со зглобна
површина за пателата
(facies patellaris), а
одзади се разделени со
длабока јама fossa
intercondylaris.
• На латералниот кондил
се наоѓа испакнување
epicondylus lateralis, за
припој на lig. collaterale
fibulare, а на
медијалниот кондил
испакнување
epicondylus medialis, за
припој на lig. collaterale
tibiale.
 Прашања:
1. Со кои коски се глобува фемур и опис на
телото
2. Наброј ги деловите на горен крај на фемур
3. Опиши го долниот крај на фемур
4. Какви делопви се епикондилите и што се
припојува
Скелет на потколеното е
претставен со две долги
коски (ossa cruris) и тоа:
• голеница (tibia)
локализирана медијално и
•латерлално лисница (fibula).

Двете коски ограничуваат


меѓукоскен простор, кој е
затворен со меѓукоскена
мембрана на потколеното
(membrane inter ossea cruris).

Непосредно над тибијата и


фибулата, а пред долниот
крај од фемурот се наоѓа
мала коска наречена patella.
Patellata претставува најголема сезамска коска,
а се наоѓа во завршната тетива на m.quadriceps
femoris. Таа се палпира лесно под кожата на
предната страна од коленовиот зглоб, во чиј
состав и влегува
Голеница (tibia) e парна долга коска,
локализирана медијално во потколеното. Горе се
зглобува со фемурот, а долу со талусот од скелетот
на стапалото.
Се опишуват три дела: тело (corpus tibiae) и два
краја, горен (extremitas proximalis) и долен
(extremitas distalis).
Tелотo (corpus tibiae) има форма на тространа
призма. Долниот дел од медијалната страна
единствено е поткожен и прекриен со фасцијата на
потколеното (fascia cruris).
Предниот раб (margo anterior) e остар и изразен.
• Горниот крај (extremitas proximalis) е масивен составен од два
кондила- condylus lateralis et condylus medialis. Наликува на
пресечена четиристрана пирамида со врвот надолу, а базата
свртена према горе. Базата ја носи горната зглобна површина
facies articularis superior за зглобување со кондилите од
фемурот.. Оваа зглобна
површина е плитка и
не одговара на
Eminentia intercondilaris Predno interkondilarno испкнатите кондили
pole
на фемурот, па меѓу
нив се вметнати
(meniscus lateralis et
medialis).
Средниот рапав дел
од базата е составен
од eminentia
intercondylaris и
Zadno предно и задно
interkondilar
no pole
интеркондиларно
поле за припојување
на lig. crutiatum
anterior et posterior
•Долниот крај (extremitas
distalis) e помал во
споредба со горниот.
Латералната страна
претставува длабока
бразда (incisura fibularis),
кој се зглобува со долниот
крај на фибулата.
•Медијалната страна
продолжува со коскен
израсток- глужд (maleolus
medialis).
•Базата поседува долна
зглобна површина (facies
articularis inferior) за
зглобување со талусот.
Лисница (fibula)

претставува долга, парна, тенка


коска сместена латерално од
тибијата во скелетот на
потколеницата.

Горниот крај се зглобува со


тибијата, а долниот крај со
тибијата и талусот.
На фибулата се опишуваат три
дела: тело (corpus fibulae),
горен и долен крај.
Горниот крај на фибулата е
претставен со глава caput fibulae,
која поседува зглобна површина за
зглобување со тибијата.

Долниот крај на фибулата е


претставен со масивно триаглесто
испакнување, со врв насочен
надолу, а означено као
надворешен глужд (malleolus
lateralis).

Неговата медијална страна има


зглобна површина за
зглобување со талусот. На
неговите рабови се припојуваат
лигаменти на скочниот зглоб.
1. – tuber calcanei
2. - calcaneus;
3. - talus
4.- trochlea
5.- caput tali;
6 - os cuboideum;
7 - os naviculare;
8 - os cuneiforme;
9 - ossa metatarsi;
10. - phalanx

е составен од 26 коски на стапалото (ossa pedis) и претставува


дистален дел кој ја носи целата тежина на телото. На стапалото
се опишуваат две страни: горна или дорзална (dorsum pedis) и
долна или табан (planta pedis). Коските на стапалото се делат се
делат во три групи и тоа одејќи од петата кон прстите:
1) Коски на ножјето (ossa
tarsi)
2) Коски на доножјето
(ossa metatarsi)
3) Коски на прстите од
стапалото (ossa digitorum
pedis)
Oсвен нив се среќаваати
сезамски коски (ossa
sesamoidea)
Oд топографска гледна
точка на стапалото (pes)
одејќи одназад нанапред, се
разликуваат три дела:
tarsus, metatarsus, digiti
pedis.
Kоски на ножјето – ossa
tarsi го градат задниот дел на
скелетот, означен како ножје
tarsus. Тие се 7 коски ,
распоредени во два реда:а)
заден, б)преден.
А) задниот ред е составен од
две коски: скочна (talus) и
петична (calcaneus), кои се
најголеми коски во скелетот на
стапалото.

Б)
Преку талусот тарзалните
коски се зглобуваат со долните
краеви на коските од
потколеното.
Коски на доножјето или
метатарзални коски (ossa
metatarsalia)
Коските на доножјето се 5 долги
коски, означени со реден број,
тргнувајќи од палецот кон
малиот прст (I, II, III, IV, V).
Метатарзалните коски спаѓаат
во групата на долги коски и на
нив се опишуваат по 3 дела:
тело (corpus), база (basis),
глава (caput).
. Базата со задната површина се
зглобува со тарзалните коски, а
бочните површини служат за
зглобување со соседната
метатарзална коска.
Коски на прстите од стапалото
(ossa digitorum pedis)

Коските на прстите од стапалото, или


фалангите се мали коски. Скелетот на
прстите е составен од по три коски, со
исклучок на палецот (halux) кој има две, па
нивниот број како и на шакатa е 14.
Распределбата на фалангите е идентична
како кај шаката и тоа:
а) проксимална фаланга (phalanx
proximalis)
б) средна фаланга (phalanx media)
в) дистална фаланга (phalanx distalis).
На секоја фаланга се разликува тело,
заден крај или база и преден крај или
глава.
На фалангите се припојуваат мускули
флексори и екстензори на прстите
 Прашања
1) Каде е локализирана тибијата и со кои коски
се зглобува
2) Опис на горен крај (кои се зглобни делови)
3) Опис на базата на горниот крај на тибија
4) Опис на долен крај на тибија и со кои коски
се зглобува
5) Делови на фибула
6) Како се вика латералниот продолжеток
7) Коски на стапало (поделба)
ЗГЛОБОВИ НА ДОЛНИОТ ЕКСТРЕМИТЕТ
Зглобовите на долниот екстремитет се делат на: 1) зглобови на
карличниот појас и 2) зглобови на ногата. Во зглобови на ногата
спаѓаат: зглоб на колкот (art.coxae), зглоб на коленото (art.genus),
зглобови на коските на потколеницата и зглобови на стапалото
(art.pedis).
1)Зглобови на карлицата. Во зглобовите на карличниот
појас спаѓаат: слабинско-крсниот зглоб и крсно-
тртичниот зглоб
Слабинско крсен-зглоб (art. lumbosacralis) e аналоген на
зглобовите на рбетниот столб. На местото на
зглобувањето поради косината на базата на крсната
коска, клиновидната форма на 5-тиот слабински
прешлен и интервертебралниоит диск, настанува тап
агол наречен карличен рт или промонториум.
Крсно-тртичен зглоб (art. sacrococcygea) ги поврзува
крсната и тртичната коска. Зглобот е слабо подвижен, а
движењата се поизразени кај жените за време на
породувањето, затоа што олабавуваат лигаментите на
зглобот.
СПОЕВИ НА КОСКИТЕ НА КАРЛИЧНИОТ ПОЈАС (articulationes
cinguli membri inferioris) Во овие споеви спаѓаат: 1)препонската
симфиза (symphysis pubica), 2)крсно-бедрениот зглоб (articulation
sacro-iliaca) и 3)влакнестите споеви.
1.Препонска симфиза (symphysis pubica)
Соsymphysis pubica се
поврзуваат меѓу себе
двете карлични коски
(os coxae) во
средишната линија.
Таа спаѓа во групата
неподвижни спеви,
каде коските се
поврзуваат меѓу себе
со фиброзна рскавица.
Зглобни површини се:
facies symphysialis од
левата и десната
карлична коска.
Помеѓу нив е вметнат
фиброрскавичен диск
(discus interpubicus).
За време на бременост
дискот набабрува, а
симфизата се претвора
во полуподвижен
зглоб.. Симфизата има
статичка улога и го
спречува
оддалечувањето на
карличните коски една
од друга под дејство
на тежината на телото.
2.Крсно-бедрен зглоб
(art.sacroiliaca) е парен
зглоб кој ги поврзува
карличните коски со крсната
коска (os sacrum).
Во него се вршат
ограничени движења.
Зглобни површини се facies
auricularis од бочната страна
на os sacrum и од задниот
дел на внтрешната страна на
os ilium..
Соодноси- Пред
сакроилијачниот зглоб
минуваат големите крвни
садови vasa iliaca interna et
externa и сакралниот
нервен сплет plexus sacralis.
Зглобот е слабо подвижен и
преку него рамномерно се
пренесува тежината на
трупот кон карличната и
сакралната коска.
3. Влакнести споеви
Lig. iliolumbale на карличниот појас
се:
•Голема крсно-
седална врска (lig.
sacrotuberale)
•Мала крсно-
седална врска
(lig.sacrospinale)
•Слабинско-
бедрена врска
Lig. sacrospinale
(lig.iliolumbale)
Lig •Запречна
sacrotuberale
мембрана
(membrane
obturatoria)
ЗГЛОБОВИ НА СЛОБОДНИОТ ДЕЛ ОД ДОЛНИОТ ЕКСТРЕМИТЕТ (juncturae membri
inferioris liberi)
Зглоб на колкот –
art.coxae го поврзува
долниот екстремитет со
карлицата.
Тој е опкружен со јака
мускулатура, а преку
мускулите што ја
покриваат предната
страна на зглобот
поминуваат големите
бутни крвни садови (a.et
v.femoralis) и бутниот
нерв (n.femoralis).

Зглобни површини се:


главата на бутната коска
(caput femoris) и
чашката (acetabulum).
Зглобната капсла (capsula
articularis) е составена
од фиброзна мембрана
и синовијална
мембрана.
Околу зглобот на колкот се
наоѓаат неколку
шупливи кесички, кои го
ублажуваат триењето
при движењето во
зглобот.
Art.coxae припаѓа на групата
топчести зглобови и е
многу подвижен во сите
правци.
 Физиологија на
зглобот: Во
зглобот се вршат
сите движења на
бутот:
 флексија и
екстензија
абдукција и
аддукција
надворешна и
Capsila внатрешна
articularis ротација,
циркумдуција
• Прашања:
1. Кои зглобови спаѓаат во зглобови на карличен
појас
2. Кои се споеви на коските на карличниот појас и
што поврзуваат
3. Кои крвни и нервни садови минуваат пред
сакроилијачниот зглоб
4. Наброј ги влакнестите споеви на карличниот појас
5. Art. Coxae, што поврзува, зглобни површини и
физиологија на зглобот
Зглоб на
коленото –
art.genus
го соединува
бутот со
потколеницат
а,ги спојува
кондилите на
бутната коска
со кондилите
на тибијата.
Зглобни површини:
Од страна на фемурот се:
condylus lateralis et
medialis, напред споени со
facies patellaris, а од назад
одвоени со fossa
intercondylaris.
Од страна на тибијата е
facies articularis superior.
Оваа површина е многу
плитка и не се совпаѓа со
силно испакнатите
кондили на фемурот,
поради што совпаѓањето се
остварува со помош на две
фиброрскавични творби,
наречени летерален и
медилален менискус
(meniscus lateralis et
medialis).
Зглобни врски:
се делат на
предни, бочни и
задни.
•Во предни
врски спаѓаат:
1.lig patellae;
2. retinaculum
patellae laterale 3.
et mediale.
• Бочни врски се:
lig.collaterale
fibulare et tibiale
кои ги
соединуваат
феморалните
епикондили со
фибулата и
тибијата
• .
• . Задните врски се
група на лигаменти
кои ја исполнуваат
интеркондиларната
јама од бутната
коска.
• Тоа се: lig.crutiatum
anterius и lig.
crutiatum posterius.
• Се припојуваат на
средишниот
незглобен дел од
тибијата.
Физиологија на
зглобот:
Во зглобот се вршата сл.
движења: (флексија и
екстензија (надворешна и
внатрешна ротација на
потколеницата).
Ротацијата е можна само
кога зглобот е флектиран и
колатералните врски се
олабавени.
Менискусите се подвижни
и при флексија се
придвижуваат кон назад, а
при екстензија кон напред.
Поради постојаното
движење меѓу цврсти
зглобни површини, тие се
изложени на повреди,
особено при нагли
свртувања.
Зглобови на коските од
потколеницата
Коските на потколеницата (tibia
et fibula) се споени со
помош на art. tibiofibularis,
syndesmosis tibiofibularis и
membrana interossea
cruris.

art. tibiofibularis ги соединува


горните краеви на
тибијата и фибулата. Во
овој зглоб се вршат
незначителни движења на
лизгање.

syndesmosis tibiofibularis ги
поврзува долните краишта
на тибијата и фибулата.
Зглобови на стапалото (articulations pedis)- Во оваа група на зглобови
спаѓаат: 1) скочниот зглоб (art.talocruralis), 2)зглобови на коренот
на стапалото или тарзус, зглобови на метатарзусот и
интерфалангеални зглобови на прстите на ногата.
Скочен зглоб – articulatio
talocruralis e означен како
горен скочен зглоб кој ја
соединува потколеницата со
стапалото. Зглобни
површини се долната зглобна
површина од долниот крај на
тибијата, зглобната површина
на медијалниот глужд од
тибијата, зглобнта површина
од латералниот глужд од
фибулата и горната и бочните
зглобни површини од
талусот.

Физиологија на зглобот- Во
скочниот зглоб се вршат
движења на дорзална
флексија и плантарна
екстензија на стапалото. Кај
дорзалната флексија, горната
страна на стапалото се
приближува кон предната
страна на потколеницата, а
при плантарна екстензија
настапува спротивното.
Зглобови на тарзусот- Во зглобови на тарзусот спаѓаат:
5.
Субталарниот зглоб (art. subtalaris) го соединуна задниот дел на
талусот со задниот дел на калканеусот.
Талокалканеонавикуларен зглоб (art.talocalcaneonavicularis) го
зглобува талусот, калканеусот и навикуларната коска.
Art. subtalaris et art. talocalcaneonavicularis заедно формираат
функционална целина, која се нарекува долен скочен зглоб.
Овој зглоб функционално е поврзан и со горниот скочен зглоб и во
него се вршат многу сложени движења. Дорзалната флексија и
плантарната екстензија се вршат во горниот скочен зглоб, додека во
долниот се вршат абдукција и аддукција, како и надворешна и
внатрешна ротација на стапалото.

При абдукција, врвот на стапалото се придвижува кон надвор, а при


аддукција кон внатре, кон средишната линија на телото.
При надворешна ротација (пронација), се подига надворешниот раб
на стапалото,
При внатрешна ротација (супинација), се подига медијалниот раб
на стапалото,
Со здружување на движењата во двата зглоба се добива кружно
движење, циркумдукција.
.Зглобови на
метатарзусот. Во овие
зглобови спаѓаат:
1.Тарзометатарзални
зглобови
(artt.tarsometatarsae)
2.Интерметатарзални
зглобови (artt.
intermetatarsae)
3.Метатарзофалангеа
лни зглобови
(artt.metatarsophalang
eae
Интерфалнгеални
зглобови на
стапалото
(articulations
interphalangea pedis)
ги соединуваат кај
секој прст
проксималната
фаланга со средната
фаланга, а средната
фалнга со дисталната
фалнга.)
• Прашања:
• Што спојува зглобот на коленото и кои се зглобни
површини
• Кои се предни, задни и бочни врски на колениот
зглоб
• Физиологија на зглоб на колно
• Горен скочен зглоб, што соединува, зглобни
површини и физиологија на зглобот
• Кои зглобови го градат долен скочен зглоб и кои
движења се изведуваат
• Наброј ги зглобовите на метатарзус
МУСКУЛИ НА НОГАТА
• Мускули на колкот
• Мускулите на колкот се
• Мускулите на ногата групирани околу зглобот на
можат да се поделат на колкот и со своето дејство
четири групи: учествуваат во неговите
движења.
• 1) мулкули на колкот;
• На оваа група припаѓаат 11
• 2) мускули на мускули од кои само
надколеницата или бутот; m.iliopsoas се наоѓа на
• 3) мускули на внатрешната страна на
подколеницата; карличната коска. Сите
• 4) мускули на стапалото. останати се наоѓаат на
надворешната страна од
коската и му припаѓаат на
седалниот предел
(reg.glutea).
M.iliopsoas се протега од
се протега од бедрената
јама (fossa iliaca) од
внатрешната страна на
карличната коска и
слабинскиот предел
надолу до trohanter minor
од бутната коска.
Се спушта накај бутот низ
мускулниот отвор (lacuna
musculorum), зад
lig.inguinale. Мускулот е
инервиран од гранките на
plexus lumbalis, а по
функција е флексер на
бутот кон карлицата,
аддуктор и надворешен
ротатор на бутот.
Мускули на седалниот предел се
распоредени во три слоја,
површински, среден и длабок.
Површинскиот слој ги
содржи m.gluteus maximus,
m.tensor fasciae latae. Во
средниот слој се наоѓа
m.gluteus medius, a
длабокиот слој го сочинуваат
m.gluteus minimus,
m.рiriformis, m.obturatorius
internus, m.gemellus superior,
m.gemellus inferior,
m.obturatorius externus и
m.quadratus femoris.
Инервирани се од гранките
на plexus sacralis. По својата
функција се абдуктори и
надворешни ротатори на
бутот, а m.gluteus maximus e
главен екстензор на бутот.
Мускули на натколеницата
Овие мускули ја опкружуваат
бутната коска и се делат во
три групи: предна,
внатрешна и задна. Овие
мускули се обвиткани со
снажна фасција fascia lata
Предна група –терзискиот
мускул (m.sartorius) и
m.quadriceps femoris. Двата
мускули ги инервира
n.femoralis , кој е завршна
гранка на plexus lumbalis
Терзискиот мускул
(m.sartorius) е долг мускул,
налик на лента, кој ја
вкрстува целата предна
страна на бутот од надвор
навнатре.Терзискиот мускул
ја поставува едната нога
преку другата, по што го
добил и називот.
Четириглав мускул на
бутот (m.quadriceps
femoris) се состои од 4
глави, односно мускули:
m.rectus femoris,
m.vastus medialis,
m.vastus lateralis и
m.vastus intermedius.
Oвие 4 мускули во горниот
дел на бутот се одвоени,
слегуваат према пателата,
каде се соединуваат во една
заедничка тетива на базта на
пателата.
М.quadriceps femoris е
најсилен екстензор на
потколеницата кон
бутот.
Внатрешна група – на
оваа група припаѓаат 5
мускули: m.pectineus,
m.adductor longus, m.
adductor brevis,
m.adductor magnus и
m.gracilis.
Посматрани вo целина
овие мускули се во облик
на триаглеста плоча, чиј
врв се припојува на
препонската и седалната
коска, а базата по
должина на фемурот,
освен m.gracilis кој се
припојува на горниот дел
на тибијата.
Сите мускули се
инервирани од
n.obturatorius, гранка на
plexus lumbalis.
По своето дејство се
аддуктори на бутот.
Задна група – во задната
група се наоѓаат 3
мускули: m.biceps
femoris,
m.semitendineus,
m.semimembranoseus.
Овие мускули поаѓаат од
седалното испапчување
(tuber ischiadicum) на
карличната коска, а долу
завршуваат на горните
краеви на коските на
потколеницата.
Инервацијата доаѓа од
гранките на n.ischiadicus.
По своето дејство се
флексори на
потколеницата во
зглобот на коленото и
екстензори на бутот во
зглобот на колкот.
Мускули на потколеницата
групирани се во три групи: предна, надворешна и задна.
Предна група – во предната група на мускули на потколеницата спаѓаат, идејќи од
внатре према надвор сл.мускули: m.tibialis anterior,
m.extensor hallucis longus, m.extensor digitorum longus и m.peroneus tertius.
Мускулите од предната страна се припојуваат горе на коските на потколеницата, а долните
делови со јаки тетиви на коските под стапалото. Инервацијата на сите 4 мускули потекнува
од гранките на n.peroneus profundus.
Надворешна група –
во надворешната
група на
потколеницата се
наоѓаат два мускули:
• m.peroneus longus и
m.peroneus brevis.
Двата мускули се
инервирани од
n.peroneus
superficialis.
Горе се припојуваат
на надворешната
страна на фибулата, а
долу на коските од
стапалото.
Делуваат како
плантарни флексори и
пронатори на
стапалото.
Задна група –ја сочинуваат 6
мускули, од кои 2 во
површинскиот слој, а 4 во
длабокиот слој.
Сите се инервирани од n.
tibialis.
Површинскиот слој го
чинат: троглавиот мускул
(m.triceps surae) и m.plantaris.
Tроглавиот мускул
(m.triceps surae) e најснажен
мускул од задната група и го
гради релјефот на задната
страна на потколеницата. Во
горниот дел составен е од три
глави, кои околу средината на
задната страна на
потколеницата се
соединуваат и продолжуваат
со заедничка завршна тетива
– Ахилова петна тетива (tendo
calcaneus Achilis).
Делува како снажен
плантарен екстензор на
стапалото.
Длабокиот слој го
чинат:
m.popliteus,
m.flexor hallucis
longus, m.tibialis
posterior и m.flexor
digitorum longus.
Имаат различно
дејство (флексија
на потколеницата
спрема бутот,
плантарна
флексија на
стапалото).
Мускули на стапалото
Мускулите на стапалото се делат
на две групи: дорзална и
плантарна.
Дорзалната група на мускули
е претставена (m.extensor
digitorum brevis).
Плантарната група е составена од
18 мускули, кои се покриени со
јака фасција, плантарна
апонеуроза (aponeurosis
plantaris).
Овие мускули со помош на две
сагитални меѓумускулни
прегради поделени се во средна,
надворешна и внатершна ложа.
Средната ложа го исполнува
средниот дел на табанот.
Внатрешната ложа содржи мали
и кратки мускули на палецот на
ногата, а надворешната ложа на
плантарната група на стапалото
се состои од два слабо развиени
мускули на малиот прст.

You might also like