You are on page 1of 3

Коски на череп

 Челна коска (os frontale) Челната коска


учествува во градбата на предниот дел
на черепот, со помош на шевови suturae
таа се зглобува со обете темени коски,
ситестата коска и клинестата коска,
како и со оделните коски на лицeто
( горните вилици, јаболковите коски и
носните коски). На челната коска се
разликува вертикален дел или лушпа
(squama) и водорамен дел.

 Водорамниот дел учествува во


ограничување на предната черепна јамa.
На него се опишуваат еден среден дел и
два бочни орбитални делови. Средниот
дел влегува во состав на покривот од
носната празнинa, а бочните го градат
горниот sид од орбитата. Во
внатрешноста на челната коска во
пределот на надвеѓните лаци се наоѓа
шуплина поделена на два дела – тоа е
челен синус (sinus frontalis).

 Ситестата коска наликува на терезија и ја


ограничува предната черепна јама.
 На неа се разликуваат:
 Вертикален лист
 Водорамен дел
 Бочни маси (лабиринти)

 Вертикален лист
 Со помош на хоризонталниот е поделен на
два дела:горниот,покус дел наликува на
кикиришка од петел (crista galli) и долен
дел кој влегува во состав на носната
преграда.
 Водорамен дел
 Наликува на ситеста плочка (lamina
cribrosa) во која има бројни отвори за
прием на влакната од мирисниот нерв.
Ситестата плочка учествува во градбата на
покривот од носната празнина.
 Бочни маси (лабиринти)
 Се наоѓаат меѓу орбитата и носната
празнина бочно од водорамниот лист.
Внатрешноста на лабринтите е поделена на
бројни шуплини означени како етмоидални
синуси (sinus ethmoidalis).

You might also like