You are on page 1of 36

Анатомо-хистолошки карактеристики

на пародонталните ткива

ВЕЖБА 1
ОСНОВИ НА ПАРОДОН Т ОЛ ОГ ИЈ А ТА

ВИШ Н АУ К СОР СОЊА М ИНДОВА


Што претставува пародонтот

Пародонтот се дефинира како ткивен комплекс кој има


функција да ги прицврсти забите во алвеоларните
процесуси на мандибулата и максилата. Тој е составен
од следните ткива:
 Гингива
 Пеиодонциум
 Цемент
 Алвеоларна коска
Гингива

 Гингивата е дел од оралната мастикаторна мукоза,


кој го опкружува забот во неговиот вратен дел и ја
препокрива алвеоларната коска на горната и долната
вилица.
Анатомски е поделена на
 1.маргинална гингива
 ( слободна)

 2.прикрепена гингива и

 3.интердентална гингива или папила


Маргиналната гингива
во вид на крагна (јака)
го обиколува забот, таа
не е припоена со
подлогата, мезијално и
дистално поминува во
интердентална
гингива.Во апикална
насока продолжува во
прикрепената гингива,
од која е оделена со
т.нгингивална бразада
 Интерденталната гингива или ИД папила е
сместена во ИДП, исто како и слободната гингива не
е прикрепена ниту на забот ниту за алвеоларната
коска.Кај ИДП се разликува:
 вестибуларна површина
 орална површина
 површина свртена кон мезијалната страна на
забот
 површина свртена кон дисталната површина
на забот
 Прикрепената гингива

Од вестибуларната страна претставува


продолжение на маргиналната гингива кој
завршува до мукогингивалната граница, од
каде продолжува во подвижна алвеоларна
мукоза.
 Широчината на прикрепената гингива
преставува важен клинички параметар кој е
дефиниран со растојанието меѓу;

 мугогингивалната граница и

 надворешната проекција на дното на


гингивалниот сулкус или пародонталниот џеп.
Хистиолошки карактеристики на гингивата

 Гингивата според своите хистолошките


карактеристики е изградена од

 Епител

 сврзно ткиво а помеѓу нив се наоѓа


базална мембрана
На гингивата се разликуваат три вида (типа) на
епител:

1.орален епител
2.сулкусен епител
3.припоен епител

Сите три вида на гингивален епител му припаѓаат


на повеќеслојниот полочест епител, но секој
од нив имаа различни карактеристики и
специфичности.
1.Орален епител

1.Оралниот епител на гингивата е повеќеслоен


плочест епител кој кератинизира. Овој епител е
значително подебел( има повеќе слоеви) од
сулкусниот епител.Овој епител изграден е од 4
слоеви
 Stratum basale, germinativum
 Stratum spinosum
 Stratum granulosum
 Stratum corneum
Каде се наоѓа овој епител?

Тоа се делови на гингивата кои во текот на


мастикацијата се изложени на притисок а тоа се
 работ на гингивата
 вестибуларната и оралната површина на
слободната гингива
 вестибуларната и оралната површина на
интерденталната гингива и припојната гингива.
Сулкусен епител

Според своите карактеристики сулкусниот епител е


повеќе слоен плочест епител кој не
кератинизира.
Овој епител е присутен на:
 внатрешната страна на слободната
гингива

 на бочните (апроксималните) површини


на интерденталната гингива и на седлото
на интерденталната гингива.
 Сулкусниот епител се протега од работ на гингивата,
долж внатрешната страна на слободната гингива, па
се до контактот со припојниот епител.Овој епител е
значајно потанок од оралниот епител и го сочинуваат
три слоја
 Stratum basale, germinativum
 Stratum spinosum
 Srtatum superficiale
Границата помеѓу овој епител и крзното е значително
помалку брановидна во споредба со истата кај
оралниот епител.
Припоен епител

 Сулкусниот епител во предел на емајлово-


цементна грница продолжува во припоен епител.

Припојниот епител е повеќеслоен плочест


епител кој не кератинизира. Иако според
хистолошките карактеристики припојниот
епител е соодветен на сулкусниот епител, сепак
значително се разликува од него.
 Припојниот епител во вид на прстен го опфаќа
забот во предел на Е-Ц граница.
Се разликува:
 коронарен и
 апикален крај (дел) на припојниот епител.
Коронарниот дел на припојниот епител го
создава дното на гингивалниот сулкус, а
апикалниот дел на припојниот епител се протрга
до најкоронарните снопови на колагени
влакна во крзното на гингивата.
Што претставува епителен припој
(атачмент)

 Епителниот припој(инсерција) е биолошки


механизам на поврзување на припојниот епител и
забот.Оваа врска се остварува со хемидезмозоми (на
базалниот слој на припојниот епител) и мембрана на
епителниот припој.Мембраната на епителниот
припој која се наоѓа помеѓу хемидезмозомите и забот
се состои од две ламини
 lamina densa i
 lamina lucida
 lamina densa налегнува на директно на емајлот на
забот. За lamina lucida се припојуваат клетките на
припојниот епител со помош на хемидезмозомите.
Што преставува гингивалниот сулкус

Гингивалниот сулкус
претставува плиток
капиларен простор кој
го опкрушува вратот
на забот. Тоа е
физиолошка творба
на која разликуваме:
Отвор

Тврд зид-емајлот на
забот
Мек зид – 1.Гингивален сулкус
внатрешната страна 2.Сулкусен епител
3.Припоен епител
на слободната гингива 4.Орален епител
Дно-коронарниот
крај на припојниот
епител
Периодонциум

 Е сврзно ткивна структура која го опкружува


коренот на забот и го поврзува со коската.
Просторот во кој е сместен периодонциумот се
нарекува периодонтален простор (spacium
periodontale).
 Од едната страна овој простор е ограничен со:
правата алвеоларна коска аод другата страна
 со цементот на коренот на забот.

Овој простор има облик на песочен


часовник.
Периодонциумот е изграден од:

 голем број на влакна

 различни клетки

 крвни и лимфни садови

 нерви и нервни
завпшетоци и

 основна екстрацелуларна
супстанца
Шематски приказ на
периодонталните влакна
 Периодонталните влакна се групирани во
снопови и се разликуваат пет групи на влакна:
1.Влакна на алвеоларниот гребен
2.Хоризонтални влакна
3.Коси влакна
4.Апикални влакна
5.Интеррадикуларни влакна
Од сите влакна најбројни се косите периодонтални
влакна.Тие се протегаат околу забот и
орјентирани се во апикална насока.
 Основните колагени влакна не се еластични, тие
се брановидни и се протегаат од коренот до
коската каде завршуваат како Sharpey-ови
влакна.

Во текот на џвакањето зарди притисокот на забот се


втиснува во алвеолата, а брановидно поставените
влакна се исправаат, но не се истегнуваат (бидејќи
се изградени од колаген )
КЛЕТКИ НА ПЕРИОДОНЦИУМОТ
 Во периодонциумот се присутни бројни клетки и
улогата на овие клетки е
 заштитна
 формативна
Станува збор за бројни клетки кои учествуваат во
создавањето и ремоделирањето на мбе
 фибробласти
 остеобласти
 остеокласти
 цементобласти
 мастоцити
 одбрамбени клетки(белата лоза)
Функции на периодонциумот

1.Потпорна функција

2.Сензорна функација

3.Нутритивна функција

4.Формативна функција
Цемент

 Претставуванспецифично минерализирано
ткиво кое ја покрива површината на
коренот на забот, а понекогаш и делови од
коронката на забот.

Цементот се протега од емајлот па се до


врвот на коренот на забот.
Цементот најмногу го има во:
 предел на врвот на коренот на забот
 фуркаците кај повеќе коренските заби

Најмала дебелина на цементот се регистрира во


предел на Е-Ц граница. Дебелинатана цементот се
зголемува со напредување на возраста и условена е
со исталожувањето на новосоздадените слоеви на
цемент во текот на животот.
 Дебелината на цементот на коренот на забот во
текот на животот кај на една индивидуа, може да
се зголеми дури три пати. На овој начин се
компензира загубата на забна супстанца која
настанува поради атриција или абразија на забот.

 На тој начин се чува физиолошката


висина на оклузалната рамнина.
Хистологија на цементот

 Според хистолошките карактеристики се


разликуваат два вида на цемент:
 примарен (ацелуларен)
 секундарен (целуларен)
Функцијата на двата видови на цементи е
идентична.
ацеа
аааа
ааа
 Ацелуларниот цемент не содржи клетки
(цементоцити), и присутен во цервикалната
третина од коренот и голем број на снопови на
Sharpey-ови влакна.
 Средната и апикалната третина на коренот е
целосно прекриена со целуларен цемент.
На коренот на забот во почетокот се создава
примарниот цемент(се додека забот на ја достигне
оклузалната рамнина).Понатаму во текот на целиот
живот доаѓа до исталожување на нови слоеви на
секундатен цемент.
Во зависност од тоа дали содржи или не содржи
колагени влакна цементот може да бид
 афибриларен
 фибриларен
Кај фибриларниот цемен разликуваме два вида
колагени влакна
 Надворешни (Sharpey-ови влакна)колагени
влакна, кои се продолжение на периодонталните
влакна и потекнуваат од фибробластите и
 Внатрешни колагени влакна, кои потекнуваат од
цементобластите.
 Цементоцитите се основни клетки на
цементот и присутни се во малечки
шуплини, лакуни(цементопласти)
Улога на цементот
Алвеоларна коска

 Алвеоларната коска е дел од долната и од


горната вилица во кои се сместени
корените на забите. Оваа коска во горнат
вилица се нарекува processus alveolaris
mahillae,додека во долната вилица
алвеоларната коска е наречена pars
alveolaris mandibulae.
Алвеоларната коска е изградена од

 Потпорна алвеоларна коска


 Вистинска алвеоларна коска
Потпорната алеоларна коска ја сочинуваат двете
надворешни компактни плочи (една од
вестибуларната страна и другата од оралната
страна) и спонгиоза која се наоѓа помеѓу овие две
компактни.
 Спонгиозата (сунѓереста коска)е присутна во
интерденталните и интеррадикуларните
септуми на повеќекоренските заби, а
сместена е и меѓи двете компактни плочи.

Во спонгиозата се наоѓаат алвеоларнните


чашки (alveolae dentis)
 Sидот на алвеоларните чашки е изграден од
тенок слој на компактна коска и овој дел се
нарекува ,,вистинска алвеоларна коска,, или
внатрешна компакта.

На ренгенографија овој дел на алвеоларната коска


се нарекува lamina dura.Внатрешната компакта
е перфорирана со бројни каналчиња т.н
Volkmann-ови каналчиња, па затоа уште се
вика lamina cribriformis.
Аномали на алвеоларната коска:

 дехисценција фенестрација

You might also like