You are on page 1of 5

Творби на кожата ( потни жлезди, лојни жлезди, влакна, нокти)

Во производи (творби) на кожата се вбројуваат:


• Потни и лојни жлезди
• Влакна
• Нокти
Потни жлезди се клопчести цевчести структури сместени во дермисот и поткожно ткиво.
Потните жлезди се цевчести жлезди кои се составени од
o Секреторен дел кој е свиткан како клопче
o Изводен канал
o Потна пора која се наоѓа на површината на кожата
Постојат два типа на потни жлезди:

 Екрини
 Апокрини
Екрините жлезди учествуваат во терморегулација на телото, односно при покачување на
температурата на кожата почнуваат да лачат зголемена количина на пот. На кожата има околу
пет милиони екрини жлезди. Овие жлезди ги има по целоти тело, а најмногу потни екрини жлезди
има на кожата на лицето, дланките и табаните.
Апокрините жлезди се наоѓаат под пазувите и се активираат за време на пубертетот.
Овие жлезди не учевствуваат во прицесот на терморегулација.
Потни жлезди–продуцираат пот, безбојна течност со кисело-солен вкус која се исфрла
низ порите од површината на кожата како капки. Во однос на хемискиот состав потта се состои
од 99% вода а остатокот се солите и другите материи кои се штетни за човечкиот организам.

Лојни жлезди - Лојни жлезди изгледаат како кесичка. Лојните жлезди продуцираат т.е.
излачуваат лој (sebum), кој ги подмачкува кожата и влакната и ги штити од сушење. Каналите на
лојните жлезди се отвораат во фоликулите на влакната.. Ги има насекаде по кожатa, а најмногу
на лицето, грбот. Лојните жлезди се основа за развој на акни Лојот што го создаваат лојните
жлезди на кожата е составен од вода, масни материи, холестерол, малку соли и белковини. Лојот
со помош на потта се распоредува по површината на кожата и се создава заштитен слој на
кожата. Овој заштитен слој се наоѓа на површината на целата кожа и се состои од лој, пот и
липиди кои потекнуваат од епидермисот. Лојот ја подмачкува површината на кожата и влакната
и ја потпомогнува еластичноста на кожата.

Градба на влакно
Влакна – тоа се творби на кожата кои го покриваат речиси целото тело освен дланките
и табаните. Влакната се состојат од видлив дел стебло влакното и од поткожен дел корен окoлу
кој се наоѓаат лојните жлездdi.
ГРАДБА НА ВЛАКНОТО
Влакното претставува творба на кожата.
Видливиот дел на влакното се нарекува стебло или прат на влакното. Тоа е изградено
од мртви клетки.
Делот од влакното кој се наоѓа под површината на кожата е единствениот жив дел и
претставува корен на влакното со помош на кој влакното се храни.
Самиот корен е сместен во своето лежиште кое се нарекува фоликул на влакното. Секое
влакно и фоликул има и мускул кој го држи влакното исправено.
Околу коренот на влакното распоредени се и лојни жлезди кои лачат масна материја во
фоликулот на влакното т.е. вршатподмачкување на влакното.

Анатомска градба на влакното

Ако влакното се пресечи попречно. На микроскоп се гледа дека има три слоеви:

Надворешниот слој го штити влакното од надворешно штетното влијание.


Многу често под дејство на некои хемиски средства или механички со тапирање,
надврешниот дел може да се оштети косата е сува и без сјај.

Внатрешниот слој на влакното Во внатрешниот дел авлакнито се наоѓаат клетки со


меланин. Меланинот е пигмент кој ја определува бојата на косата. Колку е поголема
количината на пигмент во косата, толку е потемна косата.

Центарот на влакното е изграден од од клетки кои се неправилно распоредени, а


учествуваат во пренесувањето на хранливите до другите слоеви.
Особини на влакното

Влакното поседува одредени особини кои се важни при изведувањето на козметичките


третмани.
 Влакното има способност да прима вода.
 Друга особина е еластичноста и цврстината што оневозможува лесно кинење на
влакното.
 Статичката наелектризираност претставува особина која најдобро сезабележува
при чешлање на сува и чиста коса.

Видови на влакна
 Според местото каде што се наоѓаат влакната можат да бидат:
Меки влакненца, кои го покриваат целото тело,

 влакна на веѓите и клепките,


 влакна под пазувите
 влакна во носот и ушите,
 влакна на брадата и косата.
 Според должината и дебелината влакната можат да бидат:

 кратки и тенки (поцелото тело)


 кратки и подебели (пр. веѓите)
 долги и дебели (косата, брадата )
Растење на влакното

Растењето и опаѓањето на влакната претставува нормален процес кој се одвива во следниве


три фази:
Стебло
на  Аногена фаза која трае
влакно
то неколку години и месечно
Лојна
влакното расте приближно 1cm.
жлезда
Кај жените косата расте побргу
Корен на отколку кај мажите, а и во лето
влакно расте побрзо отколку во зима.
 Катогена фаза е период
кога растењето е во мирување т.е
Мускул на фоликулот на влакното ќе
влакно престане да функционира и
влакното не расте. Оваа фаза
трае неколку месеца.
Фоликул
 Телогена фаза период на
на опаѓање на влакното. Уште во
влакното катогената фаза почнува да се
развива нов фоликул, тогаш
почнува да расте ново влакно за сметка на старото кое одумира.

 Од хемиски аспект влакното е изградено од протеинска материја наречена кератин.


Содржи и некератински компоненти како вода, масни материи и метали кои ги има и во
останатите делови на телото пр.цинк, бакар и олово.
Градба на нокт

Ноктите претставуваат творби на


кожата. Ноктот се наоѓа на завршниот
дел на прстите.
Во однос на хемискиот состав содржи
мртви клетки , вода и масни материи.
 Единствениот жив дел од ноктот е
коренот на ноктот и тој е одговорен
за растот на ноктот. Коренот е добро
прицврстен за околното ткиво и е добро
снабден со крвни садови.
 Видливиот дел од ноктот се
нарекува ноктна плочка или тело на
ноктот која е изградена од мртви
клетки.
 Плочата на ноктот завршува со
слободна ивица која ја сечиме при
пдржување на хигиена.
Лунулата, тоа е белатa месечинка позади која се наоѓа коренот на ноктот.
Кожичката околу ноктната плоча се нарекува кутикула или заноктица и таа го
спречуванавлегувањето на бактериите под ноктот.
Бојата на ноктот е бледо розеникава со специфичен сјај.
Растењето на ноктот е различно во различни периодиод животот како и во
различни периоди од годината.
Летно време ноктот расте побрзо отколку во зима. Ноктите на нозете растат
поспоро.
Функцијата на ноктите е да ги штитат прстите т.е. сетилото за допир од несакани
повреди. Освен заштитна функција, ноктите имаат и естетска функција посебно ноктите
на рацете.

You might also like