You are on page 1of 1

Линименти

Линиментите се стари галенски препарати коишто и денес наоѓаат примена.


Името им потекнува од латинскиот збор “ linire”, што значи втривање.
Линиментите се течни, а поретко полутврди галенски препарати кои содржат
лековити супстанции. Лековитите супстанци можат да бидат емулгирани ,
суспензирани или пак растворени во одреден вехикулум односно растворуввач.
Линиментите се применуваат за втривање на здрава кожа, тука исклучок прави
Linimentum Calcis кој се става на изгореници. Дејството на линиментите
потекнува од нивните основни состојки кои манифестираат одредени реакции,
како на пример амонијакот ја дразни кожата,додека сапуните ја олеснувваат
ресорпцијата на лековитите материи и предизвикуваат црвенило на кожата со
што се зголемува и протокот на крв.
Линиментите немаат општа изработка туку секој линимент се подготвува на
посебен начин. Изработката може да биде на ладно или со благо загревање.
За да се изработи еден линимент потребно е лековита супстанца,
растворувач, амонијак и сл. Ако се користи и некое масло треба да се одбере
масло со повеќе слободни масни киселини бидејќи настанатиот сапун ке
дејствува како емулгатор.

Ph Jug. II го препишува само Benzylis benzoatis linimentum, кој спаѓа во емулзии


и е составен од
Benzylis benzoas 25.0gr
Cera emulsificians 20.0gr
Aqua purificata ad 100.0gr
Емулгираниот восок со благо загревање (60°С) се растопува и му се додава
Benzyl benzoate со мешање.Уште топла смесата се сипува во потребната
количина топла вода и со мешање се добива линимент кој се употребува како
антискабиосум.

Linimentum Calcis се изработува на ладно и (претставува емулзија вода/масло)


се користи против изгореници. Opodeldoch се изработува со загревње ,на
топло, и претставува сапунски раствор со антиревматично дејство.
Посебен вид на лименти се вазолиментите.

You might also like