You are on page 1of 2

Хемиски состав на кожата

Кожата е богата со различни органски и неоргански соединенија.

Содржи електролити и тоа најмногу содржи натриум и калиум (екстрацелуларно) и калиум и


магнезиум интрацелуларно.

Хлорот во кожата го има во најголем процент и тпоа 50% од целокупното количество во целиот
организам. Освен тоа во кожата уште се наоѓаат и јод, бром, бакар, цинк, манган, кобалт, никел , железо
и други.

Ќе наведиме неколку примери зошто се важни овие неоргански соединенија:

 Калциумот е значаен за пропустливоста на капиларите


 Бакарот влијае врз подобрување на синтезата на меланинот и делува врз процесот на
кератинизација.

Од органските соединенија во кожата се наоѓаат јагленохидрати, и тие се одновен енергетски извор.


Најмногу има гликоза.

Липидите во кожата се многу активни супстанции. Липидите се многу важни бидејќи учествуваат во
процесите кои ја регулираат количината на вода во самите клетки на кожата. Исто така ја регулираат и
водата во просторот меѓу клетките.

Во процесот на метаболички процеси на кожата голема улога имаат и витамините, ензимите и хормоните,

Оваа енергија обезбедува

 горивен материјал за анаболизмот,


 го загрева телото и
 им дозволува на мускулите да се контрахираат, со што телото се движи.

Како што сложените хемиски единици се разградуваат во попрости супстанци, отпадните продукти кои
притоа се добиваат се отстрануваат од телото преку кожата, бубрезите, белите дробови и цревата.

За да може метаболизмот да се одвива непречено потребно е да има и катализатор.

Што се катализатори?

Катализатор е секоја супстанција во хемијата која ги забрзува хемиските реакции, без притоа нејзиното
количество при реакцијата да се измени.

Такви катализатори во човековото тело се

1. витамините,
2. ензимите
3. хормоните

Најважни меѓу витамините кои учевствуваат во метаболните процеси на кожата се:

 Витамин Ц – Овој витамин е достоен за медал, многу значаен борец против замор и стрес,
витаминот Ц исто така ја збогатува кожата со колаген и е добар третман за проблемот со
неизедначен тен. Витаминот Ц, покрај со исхрана, може да го внесете со посебни третмани
за кожаВитамините од B – групата
 Витаминот H (биотин)
 Витамин F ( тој претставува збир на неколку есенцијални масни киселини) и поволно
делува на крвните садови, ја поттикнува епителизација односно на заздравување на
раните на кожата, и ја зголемува заштитната улога на кожата)
 Пантотенска коселина ( Витамин B5) заедно со бакарот го поттикнува никнењето и растот
на косата.

Хормоните значајно влијаат врз биохемиските процеси на кожата. Има 3 хормонални возрасти на кожата
и тоа:

 Пубертет
 Бременост
 Менопауза

Првата голема хормонална промена се случува кога жената е во пубертет. Тогаш телото започнува да
произведува естрогени и андрогени, како што е на пример тестостеронот, во количества поголеми од
претходно. Секако, ова влијае врз телото и кожата на драстичен начин.

Естрогенот дејствува прекрасно на кожата, бидејќи ја прави мазна. Ги гради колагенот и еластинот,
односно протеините што ја прават кожата отпорна и еластична. Исто така и ја навлажнува кожата. Можеби
ќе се прашате зошто тинејџерите имаат акни ако нивото на естроген е навистина толку добро за кожата.
За жал, естрогенот не е единствениот хормон што се лачи во големи количества.

Тука е и тестостеронот, што има спротивни ефекти од естрогенот. Зголеменото ниво на тестостерон не
само што ги зголемува порите туку и ја прави кожата помрсна поради зголеменото лачење себум. Ова
значи дека телото некои денови има големо ниво естроген, а некои денови е доминантно нивото на
тестостерон . Како резултат на оваа промена, ѕидовите на фоликулите се зголемуваат и го „заробуваат“
вишокот себум. Поради тоа, неминовно е појавување на акни.

Што треба да сторат тинејџерите за да ги надминат предизвиците на кожата во пубертетот? Постојат три
главни работи што треба да се преземат за да се спречи појавата на акни:

1. чистење и ослободување од вишокот мрснотии и нечистотии,


2. ексфолирање за отстранување на затнатите пори и
3. користење лесен гел за навлажнување за да се одбегне влошување на проблемот.

You might also like