You are on page 1of 5

ОБЛИЦИ НА ЛИЦЕТО – КОРЕКЦИЈА СО ШМИНКА

Облици на лице – корекција со шминка според обликот

Тркалестото лице има карактеристична изразена форма, во должина е кусо и скоро е еднаква со ширината
на лицето. Тоа е најшироко во пределот на јаболчниците кои се најизразени и ликот го прават помасивен
и погруб. Ова лице обично го следи кус и дебел врат. Но, со правилно обликување на шминка и фризура
може да го приближиме кон идеалниот лик.

Шминка на тркалезно лице

Цел на корективното шминкање е да се издолжи лицето и да се намали волуменот на образите. Шминката


на образите треба да биде на средина на образите, насочена косо нагоре Треба да се засенчат бочните
ивици со малку потемна нијанса од природниот тен.

Веѓите, очите и образите не треба да бидат хоризонтално нашминкани. Веѓите треба да бидат коси, со што
ќе го издолжат ликот и ќе го направат поведар. Се препорачува очите да се нацртаат со туш или молив за
очи, а линијата пред крајот на надворешните агли на окото да се закоси и издолжи кон слепоочниците.

Линијата на усните треба да се насочи во ширина и со молив за усни да се нагласи обликот на усните.
Горната усна треба да се нашминка пошироко отколку долната. Долната усна треба да е заоблена и мала.

Четвртесто лице (четириаголно)


Овој лик има правоаголна форма. Главен проблем кај овој лик се аглите на изразито широко чело и
широката вилична коска. Тоа дава впечаток на груб, строг и постар лик. Слепоочниците со образите се под
една права линија. Лицето кај овој лик се коригира со шминка. Тоа ќе ги ублажи аглите и ќе го направи
лицето понежно и поубаво. Со помош на шминка треба да се затемнат страничните агли на горниот и
долниот дел од лицето. Засиленото сенчење помага во намалувањето на острите линии на четириаголното
лице. За да дојде до израз средишниот дел се нанесува коректор на средината на челото, брадата, но и
под очите . За визуелно да се креира кружен облик, со бронзена камена пудра или руменило се
потемнуваат краевите на лицето – левиот и десниот агол на челото, како и левиот и десниот дел на
образите.

Четвртесто лице- корекција со шминка

Веѓите треба да бидат со благо заоблен висок лак, кој


дефинитивно ќе ги намали геометриските контури Брадата
треба да се осветли, а виличната коска да се затемни.

Долгнавесто лице

На овој лик највпечатливи се брадата и челото и изразени коски на јаболчниците. Најмногу е издолжен во
пределот на образите. Поседува природна елеганција заради издолженоста. Долгнавестото лице може да
биде правоаголно или заоблено долгнавесто.

Кај правоаголно издолженото лице брадата има поизразени вилични коски и малку е издолжена, додека
челото има поостри ивици. Јаболчниците се понеизразени и помалку се впечатливи. Со корективно
шминкање издолженото лице треба визуелно да се скрати, а истовремено и да се прошири.

Со камена пудра се затемнуваат оние делови кои се надвор од замислената овална линија, т.е. челото и
врвот на брадата, со што лицето визуелно се скратува

Руменилото се нанесува на јаболчниците од линијата на косата до носот и на тој начин лицето визуелно
се проширува.
На очите се нанесуваат светли сенки на
надворешните агли, а во линија паралелна на
трепките се нанесуваат темни сенки.

Веѓите треба да се полукружни или


хоризонтални.

Усните благо заокружени, помагаат во


креирањето на мек изглед.

Долгнавесто лице скратено со шминка

За разлика од правоаголното долгнавесто лице, кај заобленото долгнавесто лице виличните коски и
ивиците на челото не се толку остри. Другите карактеристики се исти, па исто е и корективното шминкање

Триаголно лице ‒ има два вида и тоа:

1. лик со широко чело и тесна брада, почесто застапени

2. лик со тесно чело и тесни јаболчници и широка брада

Триаголен облик на лице

Кога имаме лик со широко чело и тесна брада, со корективна шминка се затемнува бочната страна на
јаболчниците, а со светла се истакнуваат бочните површини на долната вилица. Руменилото се нанесува
на предната страна на образите.

Вториот тип лице има тесно чело и широка вилична


коска и е проблематично лице за коригирање. Со
шминка треба да се осветли челото, а да се затемни
брадата. Очите и веѓите кај овој лик се мали и затоа
треба да се издолжат со помош на шминка.
Нагласените широки агли се шминкаат со потемна
пудра.

Триаголно лице коригирано со шминка


Ромбоидно лице ‒ ова лице има форма на ромб. Има стеснување на ликот во пределот на челото и
брадата, а проширување во пределот на очите, јаболчниците и слепоочниците (сл.149). Како недостаток е
малото чело и проширувањето на средината на ликот.

Ромбоидно лице

Корекции на ромбоидно лице се можни со правилна шминка. Левата и десната страна

на челото треба да се шминкаат со светла шминка, а со тоа привидно ќе се прошири овој дел

од ликот. Надворешната линија на веѓите се проширува во правец нагоре. Очите не треба да

се прошируваат, а на образите не треба да се нанесува руменило. Брадата треба да се

нашминка со светла шминка.


Срцевидно лице

Овој лик има широко и големо чело. Долниот дел на лицето е стеснет и завршува со шпицеста брада.
Постои несразмерност меѓу горниот и долниот дел од лицето. Целта на шминкањето е да се намали
разликата помеѓу широкото чело и тесната брада. Се затемнуваат страничните делови на челото и на
образите во линија на косата, а се осветлува брадата. Треба да се избегнува какво било осветлување на
јаболчниците. Црниот туш и сенките се нанесуваат во линија на трепките. Руменило се нанесува на
јаболчниците со кружни движења.

Срцевидно лице ‒ пред и после шминкање

You might also like