You are on page 1of 2

Професионалниот лик на техничарот за козметичка нега и убавина и кодекс на

однесување

Како траба да изгледа козметичарот?

Козметичарот секогаш треба да изгледа убаво и уредно. Треба да има добро негувани раце
и нокти, минимален накит, коса која не е нападна. Убаво негувана кожа на лице и дискретна
шминка. Убаво собрана, или завиткана во марама, капа или турбан.Мора да носи работна
униформа, маска и ракавици за една употреба.. Мора да има добра и културна комуникација и
разбирање и со останатите вработени во салонот како и со претпоставените

Салонот треба да е уреден, чист, дезинфициран,


затоа што хигиената на просторот е многу важна,
не само зради превенција од ширење на зараза
туку и заради стекнување на добро мислење кај
клиентот. Препаратите, алатите да се убаво
уредени, да има брошури и визит карти на видно
место.

Приемот на странката е многу важен дел во односот на стручното лице. При влегување во
салонот странката треба гласно да се поздрави, а ако е позната да се поздрави по име. Странката
треба љубезно да се праша каква услуга сака. Кога ќе праша колку време треба да чека, треба точно
да се извести за времето на чекање. Љубезноста на стручното лице се поткрепува со некои ситници
кои ги прави, како придржување на палтото, додавање на стол и др. Странката во салонот треба да
почувствува пријатна и пријателска атмосфера, а за тоа може да придонесе една љубезна,
ненаметлива насмевка.

Странката е онаа што треба да ги искаже своите желби и потреби, а стручното лице или
тимот треба да пронајде начин да ги задоволи. Треба голема вештина и способност да се проценат
странките, за да може правилно да се постапи со нив.

Постојат различни типови на странки кои треба да се проценат од страна на стручното лице.
Најмногу може да се оцени дали странката е нервозна или смирена по начинот на одење, по
говорот се познава степенот на образование, по рацете се познава со каква работа се занимава,
облеката го покажува вкусот итн.
Треба да користи на соодветен, професионален јазик во секое време. За еден козметичар
да биде успешен во својата професија не е доволно само да е добар во изведувањето на различни
видови третмани за нега на кожата, туку треба и добро да се однесува со клиентите

Салонот или спа центарот е место каде сестреќаваат повеќе луѓе, па понекогаш и
озборувања при што козметичарот не смее во никој случај да учествува во истите, туку напротив
треба да постсви граница и воопшто да не учествува во истите.

Никогаш не смее да се разговара за чувствителни теми поврзани со на пример политика,


бидејќи тие разговори можат да бидат многу чувствителни. Некогаш и кога се зборува за некоја
забавна тема и тогаш треба гласот да биде тивок бидејќи во салонот или во спа центарот има и
други луѓе кои не сакаат да бидат вознемирени. Многу е важно козметичарот да биде искрен со
својот клиент. Кога клиентите ќе почувствуваат искреност секогаш ќе се враќаат во салонот. И покрај
тоа што бизнис интересот е да се зработи повеќе, треба козметичарот да се обиде да најде
најповолна услуга и препарати за за својот клиент. Тој тоа сигурно ќе го цени

Испраќањето на странката ќе го надополни впечатокот кој таа го добила во текот на


третманот во салонот. Приемот, однесувањето на стручното лице, квалитетот во работата,
формираат комплетна слика кај странката за салонот и како таква ја изнесува од таму. По
завршување на услугата треба да се отстранат евентуалните нечистотии од облеката на странката.
Пожелно е да се помогне во облекувањето на странката, нејзино испраќање од салонот и
заблагодарување за посетата. Со тоа се потврдува љубезноста и пристојното однесување, кое треба
да го поседува секое стручно лице. Странката кога го напушта салонот треба да има чувство дека
повторно ќе биде добро примена и квалитетно услужена во тој салон.

Запомни

 Успехот во работата на стручното лице зависи од начинот на неговото однесување.


 Односот меѓу соработниците и со странката мора да биде пријатен, искрен пријателски.
 Најдобро е во салоните да се разговара за општи теми, работникот да не се однесува
надмено, наметливо, дрско и непристојно.
 Странката е онаа што треба да ги искаже своите желби и потреби.
 Странката треба да се процени и внимателно да се однесува кон различните типови на
странки.
 Освен квалитетна услуга, странката ќе ја направи задоволна: пријатниот прием,
соодветниот разговор и испраќањето од салонот

You might also like