You are on page 1of 3

Макроскопски изглед на кожата

Деталното познавање на градбата на нормалната кожа е важно. Познавањето на градбата на кожата


овозможува полесно да се разберат

 промените кои настануваат на кожата


 болестите на кожата
 да се разбере како лековите и козметичките производи продираатт во кожата
 како лековите и козметичките производи делуваат врз кожата

Кожата е површински дел од организмот го штити организмот од штетните влијанија на надворешната


средина. Кожата е најголем човечки орган кој претставува 6-8% од целокупната тежина на човечкиот
организам. Кај човек со тежина од 60kg, kожата покрива површина од 1,5m2 и тежи од 3-4kg. Најтенка е во
областа на очните капаци а најдебела на стапалата.

Макроскопските карактеристики на кожата се:

 бојата,
 дебелината
 површината на кожата

Тие можат многу лесно можат да се воочат.

1. Боја на кожата
Бојата на кожата зависи од

 Количината на пигмрнтот меланин


 Генетските фактори
 Расната припадност
 Возраста
 Пределот на кожата која ја покрива

Постојат три основни типови на раси:

 Бела
 Жолта
 Црна
Во рамките на овие раси направени се таблици со нијанси на бои на кожа и овие таблици се викаат
хроматични таблици. Според нив, постојат вкупно 36 нијанси на боја на кожа.

Бојата на кожата кај малите деца е розеникава, а кај постарите лица бојата на кожата станува потемна, па дури
и сива. Бојата нa одредени делови на телото зависи и од изложеноста на кожата на сонце.

Во козметиката бојата е битна при примена на декоративна козметика.

2. Дебелина на кожа

Дебелината на кожата варира зависно од пределот на телото што го покрива. Најтенка е кожата на очните
капаци (околу 0,5 мм) а најдебела на дланките и табаните (околу 4мм).
3. Површина на кожа

Површината на кожата не е мазна и континуирана. На нејзината површина се забележуваат

 гребени, Сите овие го сочинуваат рејлефот на кожата


 бразди
 отвори на потните жлезди (пори
на жлездите)
 влакна.

Карактеристиките на рејлефот на кожата зависат од возраста, од надворе шната изложеност на кожата( сонце,
ветер, студ) и од индивидуалните карактеристики на самата личност.
Кожниот цртеж на јагодиците на прстите и внатрешната страна на дланките е индивидуален за секоја личност
и тие се користат во судската медицина за идентификација а исто така и во криминалистичката пракса.

Еден од главните козметолошки проблеми секако е појавата на брчките кои се појавуваат после 25 година од
животот. Брчките се појавуваат околу очите, на челото на лицето, меѓу веѓите, ноколу усните и на вратот.

Причини поради кои се јавуваат брчки на кожата:

 Губење на водата во ткивата


 Слабеење на напнатоста на кожата (тургор)
 Смалување на масното поткожно ткиво
 Изложеност на кожата на надворежни фактори
Одреден хигиенско-диетески режим и нега на кожата може да го спречат прераното стареење на кожата и
појавата на брчки.

Прашања:

1. Колкава е површината на кожниот покривач(на кожата)?


2. Кои се главните макроскопски карактеристики на кожата?
3. Од што зависи бојата на кожата?
4. Кои фактори влијаат врз бојата на кожата?
5. Каква е бојата на кожата кај малите деца?
6. Колкава е дебелината на кожата?
7. Што го сочинува кожниот рејлеф?
8. Каде на лицето се јавиваат брчките?
9. Кои се причините поради кои се јавуваат брчките?

You might also like