You are on page 1of 2

МЛЕКО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

Млекото го користи човекот во


својата исхрана. Тоа содржи :масти,
протеини, витамини и минерални
материи и затоа е многу важно и
корисно во нашата исхрана. Млекото
се добива од животните кои ги
одгледува човекот, тоа се крави, кози
и овци. Со молзење на овие животни
ние го добиваме млекото кое можи да
се пие свежо варено или обработено.
Обработеното млеко го има како
трајно млеко кое се добива со
загревање на млекото на висока
температура и така останува
стерилизирано и трае подолго време.
Другиот вид на обработено млеко е
пастеризирано, тоа мора да се вари
пред да се користи и брзо се расипува.
Млекото освен за пиење се користи и
за правење на многу млечни
производи. Тоа се: разни видови
путер, јогурт, кисело млеко,
кајмак,павлака,урда, бело сирење,
биено, топено сирење, кашкавал и
разни други млечни намази .
Има и други видови на млеко како
што се : млеко од соја , ориз и бадем.
Но овие млека не се од животинско
потекло и тие се само замена за
млекото од животинско потекло.
Млекото и млечните производи се
многу корисни за здравјето на
човекот, млечната маст дури ја
разубавува и ја зацврстува и косата.

You might also like