You are on page 1of 1

ГЕОГРАФСКА ШИРОЧИНА

КАРТОГРАФСКА МРЕЖА
Од сите напоредници и меридијани се добива мрежа која ни служи за
определување на географската местоположба на сите точки на земјата.
Определувањето на географската местоположба на некое место се врши на тој
начин што:Прво се мери неговата оддалеченост од екваторот на север или југ и
тоа е географска ширина .
Оддалеченоста на некое место на север или југ од екваторот е географска
ширина.
Ако е на север имаме северна геограФска ширина и таа се бележи со СГШ, ако е
на југ имаме јужна географска ширина и се бележи со ЈГШ.
Растојанието од екваторот до половите се мери со меридијански степени од
0степени на екваторот до 90 степени на половите.
ЕДЕН МЕРИДИЈАНСКИ СТЕПЕН Е РАСТОЈАНИЕ МЕЃУ ДВА СОСЕДНИ
НАПОРЕДНИЦИ.
Потоа се мери оддалеченоста на местото од Гриничкиот меридијан на исток или
запад и тоа е географска должина .
Оддалеченоста на некое место на запад или исток од главниот меридијан
Гринич се вика ГЕОГРАВСКА ДОЛЖИНА
Ако е на запад тоа е западна географска должина се бележи со ЗГД, а ако е на
исток тоа е источна географска должина и таа се бележи ИГД.
Растојанието од Гриничкиот меридијан до спротивниот 180 меридијан на исток и
запад прави меридијански круг.
Географската должина се мери со напореднички степени од 0 степени кај Гринич
до 180 степени кај неговиот спротивен меридијан .
ЕДЕН НАПОРЕДНИЧКИ СТЕПЕН Е РАСТОЈАНИЕ МЕЃУ ДВА СОСЕДНИ
МЕРИДИЈАНИ.

You might also like