You are on page 1of 3

Планини во Македонија

Територијата на Македонија се одликува со планински релјеф 12255км/2,ридски


7599км/2 и рамничарски 5065км/2,а многу мал дел е езерска површина.
Највисока точка е врвот Кораб (2764мнв) на истоимената планина,а најниска е кај
Гевгелија (реката Вардар) 48мнв.
Формирањето на релјефот се врши под дејство на надворешни и внатрешни сили.
Внатрешни сили се вулкани и земјотреси кои предизвикуваат тектонски движења и
се врши хоризонтални и вертикални движења на земјината кора и од нив
настануваат планини и котлини.
Надворешни сили се сонце,вода, ветер,мраз и.т.н, тие предизвикуваат распаѓање
на карпите и формирање на различни ерозивни и акумулативни облици.
Планините во Македонија се делат на високи,средни и ниски.
Високи планини се над 2000м.н.в.,а такви се- Беласица,Бистра,Галичица,
Јабланица,Мокра пл.(Даутица,Голешница,Караџица,Јакупица)Корапски
масив(Кораб,Дешат и Крчин)Кожуф ,Ниџе,Осоговски пл.,Баба,Стогово,Шар
Планина.
Средни планини се над 1000м.н.в а такви се-Бабуна,Бушева,Влаина,Конечка,
Градешка,Герман,Малешевски пл.,Огражден,Скопска Црна Гора,Плачковица.
Ниски планини се под 1000м.н.в-Голак и Жеден.

Врв Кораб-2763м.н.в.
Шар Планина

Осоговски Планини
Речник на поими
Релјефна структура претставува систем од различни релјефни облици на одреден
географски простор.
Верига претставува систем од планини што се надоврзуваат една до друга.пример
Шар Планина ,Бистра ,Стогово.

You might also like