You are on page 1of 12

Земјоделство

Земјишен фонд во Македонија

Од вкупната територија на Република Македонија, земјоделските површини во 2004


година зафаќаат 1,265.000 хектари или 4,9%. Обработливите површини зафаќаат
560.000 хектари или само 2,2% од вкупната територија на Македонија. Од аспект на
организацијата на земјоделското производство, во Македонија традиционално се
користат ораниците, бавчите, овоштарниците, ливадите, пасиштата, рибниците и
трскарниците. Кај градинарството се јавува систем на покриено оранжерство и
пластично градинарство за раноградинарското производство и систем на отворено поле
за доцноградинарско производство. Во лозарството се јавува систем на колци, низок и
висок шпалир и систем на одрина. Кај овоштарстовото се јавува систем на
високостеблесто, средностеблесто и нискостеблесто овоштарство.

Систем за наводнување

Комбајн

Во однос на реонизацијата, во Република Македонија се издвоени шест


земјоделски реони:

1. средоземен реон (Гевгелија, Валандово, Струмица, Радовиш, Неготино,


Кавадарци, Штип, Кочани, Виница, Свети Николе и Велес);

2. Пелагониски реон (Битола, Прилеп, Демир Хисар и Крушево);

3. Скопско-кумановски реон (Скопје и Куманово)


4. Западен реон (Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Македонски Брод);

5. Источен реон (Берово, Делчево, Крива Паланка, Кратово и Пробиштип)

6. Големоезерски реон (Струга, Охрид и Ресен)

Полјоделство

Полјоделството е важна земјоделска гранка, која опфаќа производство на житни


култури, градинарски култури и фуражни култури. Полјоделството зафаќа површина
од 461.000 хектари или 82,3% од вкупните обработливи површини, а 36,4% од
вкупните земјоделски површини во Република Македонија.

Житни култури

Поволните климатски услови овозможуваат на територијата на Македонија да се


одгледуваат сите видови житни култури, особено пченица, пченка, јачмен и ориз, а во
помала мера ’ржта и овесот. Во 2004 година била засеана вкупна површина од 191.000
хектари или 41,4% од вкупно посеаните површини во земјоделството.

Пченица

Пченица

Во Македонија, пченицата е најважно лебно жито, а тоа го покажува неговагта


застапеност. Според големината на засеаните површини, пченицата е на прво место
меѓу житните култури.. Пченицата се одгледува поради зрното и сламата. Пченичното
зрно претставува важна суровина во исхраната на човекот, особено во индсутријата за
тестенини: фиде, макарони, шпагети, бисквити, грисини, гриз и др. Сламата се
употребува во сточарството, за добивање на шталско ѓубре и во индустријата за
хартија и целулоза.

Најдобри почвени услови за одгледување на пченица имаат почвите богати со


хранливи материи, какви што се: црнозем, алувијални почви, смолници и делувијални
почви. Пченицата се одгледува речиси во сите котлини во Македонија, меѓутоа
најраспространета е во Пелагонија (на повеќе од 30% од површините), Овче Поле,
Тиквеш, Кумановска Котлина, Скопска Котлина, Полог итн.. Вегетацискиот преиод е
многу долг и трае околу 270 дена, се сее во периодот октомври-ноември, а се жнее во
јули-август. Денес, во светот постојат повеќе од 20 видови пченица со повеќе сорти.
Според времето на сеење пченицата се дели на есенска и пролетна, според зрното на
мека и тврда, потоа на дива, култивирана и сл.

Ниви со пченка

Пченка

Пченкарно зрно

Според значењето, пченката е втора житна култура по значење која се одгледува на


територијата на Република Македонија. Пред се, се одгледува за исхрана на добитокот,
како добиточна храна и за исхрана на населението. Пченката е првокласна индустриска
суровина, а во комбинација со други производи, од неа се добиваат повеќе од 800
индустриски производи во прехранбената, фармцевстската, козметичката, хемиската и
другите индустриски гранки. Така, од зрното на ппченката може да се добијат скроб,
масло, шеќер, алкохол, оцетна киселина, цитронска киселина и други производи.
Вегетацискиот период трае околу пет месеци.

Во светот постои само еден вид пченка со повеќе подвидови. Најпознати подвидови
пченка се: забовидна, тврда, мека, пуклива, шеќерна и шеќерно скробна. . Пченката
најмногу се одгледува во котлините: Полог, Струмичка Котлина, Кумановска Котлина,
Кочанска Котлина, Пелагонија и др.
Јачмен

Јачмен

Јачменот, исто така, претставува значајна житна култура во државата. Се одгледува


заради зрното и сламата. Тој се користи за исхрана на човекот и на добитокот, но и за
индустриски цели (за добивање гриз, шпиритус, пиво и др Најголеми реони на
одгледување се: Пелагонија, Кумановска Котлина, Овче Поле, но го има и во некои
други котлини.

’Рж

’Рж

Во Македонија, застапеноста на ’ржта е многу мала и е во постојано опаѓање. Зрното


на ’ржта се користи во прехранбената индустрија за производство на леб, за исхрана на
дијабетичарите, потоа за добивање шпиритус и др. Исто така, во ридско-планинските
предели населението ја користи сламата од ’ржта за изработка на рогозини, јажиња, за
огрев и сл. ’Рж може да се одгледува и на надморска височина од над 2000 метри,
односно поднесува многу ниски температури и мразеви, а може да се одгледува на
песокливи и суви почви. ’Ржта е најраспространета во Малешевијата и Славиште, а го
има и во другите котлини.
Ориз

Ориз од сортата Андреа

Поради специфичните услови кои се потребни за негово одгледување, производството


на ориз има многу сложена технологија. Така, во споредба со другите жита оризот има
специфични барања, особено во однос на обработката на земјата, за потреба од големо
количество вода и топлина во текот на вегетацискиот период кој трае од 4 до 5 месеци,
приспособувањето на оризовите парцели за да се исполнат со вода во височина од 10
до 15 сантиметри, изградба на мрежа за наводнување и слично. Зрното на оризот е
богато со хранливи материи поради што е погодно за исхрана на луѓето. Сламата се
употребува во сточарството, за исхрана и за простирка, а во ндустријата од неа се
произведува хартија.

Има повеќе видови ориз, од кои само еден е култивиран. Тој се дели на две групи:
индиска и кинеско-јапонска, со повеќе сорти, како што се: маратели, монтичели,
сандоменико итн. Во Република Македонија производството на ориз е концентрирано
во четири подрачја: Кочанска Котлина, Струмичко-радовишка Котлина, Велешка
Котлина и Неготино.

Поле со памук

Индустриски култури

Од големиот број индустриски растенија во Република Македонија се


одгледуваат околу 15. Тоа се: тутун, сончоглед, шеќерна репка, индустриска
пиперка, афион, памук, соја, сусам, кикиритки, маслодајна репка, коноп,
рицинус, анасон, хмељ и индустриски домат. Меѓу нив, позастапени и со
поголемо стопанско значење се: тутун, сончоглед и шеќерна репка. Според
намената и застапеноста на индустриските растенија тие се делат на:
Маслодајни (сончоглед, афион, тутун, сусам, соја, маслодајна репка, кикиритки,
рицинус и анасон), текстилни(памук и коноп), и други растенија(тутун, шеќерна
репка, индустриска пиперка, индустриски домат и хмељ).
Сушење тутун во Прилеп

Светлолисен тутун спремен за жнеење

Тутун

Тутунот е една од најважните и економски најжаните култури во Република


Македонија, која е главен носител на извозот на земјата. За Република Македонија,
тутунот има национално обележје, а се смета и како национална култура.

Во светот псотојат повеќе од 70 видови тутун. Во Македонија се одгледуваат следните


типови тутун, со нивните сорти: ориенталски тутун(со сортите: прилепски тутун, јака и
џебел), полуориенталски тутун(со сортите отља и маја) и вирџиниски тутун(со сортите:
вирџинија бројт и вирџинија клејтон). Ориенталските и полуориенталските се
ситнолисни, додека сортите вирџинија се широколисни и високи сорти на тутун, со
височина на стракот од 2 метра со големи листови.

Најголем дел од производството на тутун се остварува во Пелагонија (со речиси 50%


од производството), во Струмичко-радовишка Котлина (близу 25% од производството),
а потоа следуваат Дебарска Котлина, Кратово, Куманово, Полог, Охрид и други
котлини.
Сончогледов цвет

Сончоглед

Сончогледот е најраширено и најважно маслодајно растение во Македонија. Од зрното


на сончогледот се добиваат масло за јадење, потоа т.н. ќуспе кое се користи како храна
за добиток, стеблото кое се користи за ѓубрење, цветовите се богати со нектар и
претставуваат одлична паша за пчелите итн. Има три сорти сончоглед: јадросемена,
ситносемена и преодна група. Производтството на сончоглед, главно, е концентрирано
во четири производни подрачја: Пелагонија, Куманово, Скопје и Овче Поле.

Шеќерна репка

Во Република Македонија шеќерната репка се појавила во 1950 година. Речиси целото


производство се одвива во Пелагонија (околу 90%).

Маслодајна репка

Маслодајанта репкка се користи за исхраната на луѓето и добитокот, а и за технички


цели. Варирањето е последица од чувствителноста на маслодајната репка на мраз и од
тоа што страда од голем број штетници. Таа е распространето во Пелагонија.

Индустриска пиперка

Најголеми површини засадени со индустриска пиперка се јавуваат во Струмичко-


радовишка Котлина, Демиркаписка Котлина, Теквешка Котлина, Пелагонија.

Кикиритки

Најмногу кикиритки ги има во Гевгелиско-валандовска Котлина и Стурмичко-


радовишка Котлина.

Градинарски култури

Република Македонија има речиси идеални природни услови за одгледување на голем


број градинарски култури. Во 2004 година градинарските култури се одгледувале на
52.000 хектари или тие учествувале со 11,3% во вкупното полјоделство. Во светот се
познати околу 140 градинарски култури од кои во македонија се одгледуваат околу 50
видови. Според тоа, Македонија спаѓа во групата на т.н. градинарски земји, кои не
произведуваат храна само за себе туку и за извоз во другите земји.

Во зависност од тоа кој дел од градинарската култура се користи, тие се делат на:
плодови зеленчукови култури(домати, пиперки, краставици, лубеници, дињи, тикви,
грав, боранија, грашок, бамја, леќа, црн патлиџан, тиквици...); лукови зеленчукови
култури (кромид, праз, лук); репкасти зеленчукови култури (компир, морков, алабаш,
пашханат, рен, роквици, крушка или земјено јаболко); коренови зелечукови култури
(зелка, кељ, карфиол, спанаќ, нане, салата, цвекло, кервис, магдонос, марулка...) и
печурки (шампињони, лисичарки, вргањ, смрчак...)

Домат од сортата „рајско јаболко“

Домати

Во Република Македонија доматите се користат од XIX век. Во државата тие се


познати и под други имиња, и како патлиџани и како френки („френки“ - бидејќи во
текот на првата светска војна француските војници го научиле населението во
Гевгелиско-валандовската Котлина и во Струмичко-радовишката Котлина, да ги
користат зрелите домати во исхраната. Претходно домашните жители, долго време ги
користеле само зелените плодови, а зрелите домати ги сметале за отровни и ги фрлале).
Во светот има повеќе од 700 сорти, а тие се поделени во две групи: високи и ниски
сорти. Кај нас од високите сорти познати се јуџере и јаболчар, а од ниските сорти
камбел. Најголемо производство се остварува во Струмичката Котлина, потоа во
Гевгелиско-валандовската, Скопската, Пелагониската итн.

Пиперка

Во Република Македонија пиперките се одгледуваат од XVI век. Тие се особено богати


со витамин Ц и можат да се консумираат свежи, подготвени, конзервирани или
преработени. Исто така, пиперките во вид мелен пипер како зачин се користат во
многу јадења и во кулинарската индустрија. Во Македонија има идеални услови за
одгледување на оваа градинарска култура. Сортите на пиперки во Македонија се
поделени на две групи: јадроплодни долги, јадроплодни широки и ситноплодни
пиперки. Карактеристично е тоа што во Република Македонија се одгледуваат и повеќе
локални сорти на пиперки: стајковска, романка, тетовска, струмичка, гамби,
феферонки и слично. Најголемо производство на пиперки има во Струмичко-
радовишката Котлина, потоа следат Гевгелиската Котлина, Пелагонија, Скопска
Котлина итн.
Лубеница

Бостан

Поимот бостан го опфаќа одгледувањето на лубеници и дињи, а во некои краеви од


Република Македонија тука спаѓаат и тиквите. Лубениците и дињите се одгледуваат од
најстари времиња, а тиквите од 19 век. Тие се одгледуваат поради сочните и крупните
плодови. Лубениците и дињите се конзумираат само во свежа состојба. од нивниот сок
се прават сирупи, а од кората, слатко, џем и друго. Во исхраната на луѓето, тиквата се
консумира варена или печена, а пред сè се користи како храна за добиток. Најголемо
производство на бостан се остварува во Струмичката Котлина, потоа во Тиквеш,
Гевгелиската, Скопската, Кумановската Котлина итн.

Компир

Компир

Во Република Македонија компирот се одгледува од почетокот на XIX век. Кај нас


компирот е познат и под имињата: патата, картофа и кртол. Компирот е мошне хранлив
и содржи скроб, многу протеини, минерални соли, витамини и др. Тој се користи во
исхраната на човекот, но претставува и важна индустриска суровина за добивње скроб,
алкохол и низа други производи. Во Македонија компирот успева во рамничарските
предели, како раноградинарска култура, а и на планинските и повлажните предели со
надморска височина од 800 до 1,500 метри. Како ран компир се одгледува во
рамничарските предели во Гевгелиската, Струмичката и Скопската Котлина, а на
повисоките терени во Полог, Беровско, кривопаланечко, Битолско итн.

Различни сорти на грав

Грав

Во Република Македонија гравот се одгледува повеќе од 3 века, односно од крајот на


XVIII век. Во светот има околу 300 различни сорти грав, кои врз основа на обликот на
стеблото се поделени во две групи: висок и низок грав. Во Македонија се застапени и
високите и ниските сорти грав. Од локалните сорти најпознати се: тетовски, жвански-
демирхисарски, долгач, кумановски, цапарски итн. Поглавни региони за производство
на грав како чиста култура се: Кумановско, Скопско, Струмичко, Кочанско,
Овчеполско и Прилепско, а како меѓукултура се: Полог, Охридско, Струмичко,
Кичевско, Демирхисарско, Битолско и други реони. Освен грав во Македонија се
одгледуваат и: леќа, грашок, боранија, бамја, баклата и др.

Кромид

Кромид, лук и праз

Кромидот, лукот и празот се двегодишни растенија и во Република Македонија се


присутни од најстарите времиња. Се консумираат во пресна, приготвена,, сушена,
конзервирана и преработена состојба. Има две големи групи кромид, и тоа се лут и
сладок кромид. Во Република Македонија се одгледуваат двата вида кромид, и тоа во
сите нејзини делови. Лукот се користи и во фармацевската индустрија за лекови, а и во
народната медицина за лекување на крвен притисок, стомачни, срцеви и други видови
заболувања.Најголеми производни подрачја на кромид, лук и праз се Скопското,
Кумановското, полошкото, Струмичкото, Битолско-демирхисарското (познато е селото
Бучин и „бучински кромид“) и Охридско-стршчкото поле.
Зелка

Исто така, и зелката е двегодишно градинарско растение и во Република Македонија се


користи од најстарите времиња. Во исхраната народот ја употребува зелката преку
целата година и тоа како свежа, приготвена, конзервирана, кисела, преработена и
сушена. Зелката се одгледува во сите реони во Република Македонија. Има многу
сорти, но кај нас, главно се одлгедуваат домашни сорти зелка, кои спаѓаат во групата
ориенталски со јадри бели и црвеникави главици.. Главни производствени подрачја на
рана зелка во Македонија се: Гевгелиско-валандовската и Струмичко-радовишката
Котлина, а на доцна зелка се полог, Скопската и пелагониската Котлина.

Печурки

Печурките се богати со хранливи материи, особено со белковини и според хранливата


вредност се споредуваат со месото. Во исхраната можат да се консумираат во разни
форми: печени, приготвени, маринитани, сушени и конзервирани. Во Република
Македонија се широко распространети во рамничарските и во планинските предели.
Денес печурките, особено шампињоните, се одгледуваат во специјални темни
простории наречени габарници, во кои температурата и влажноста на воздухот се
стабилни. Производството на печурки е наменето за домашниот и странскиот пазар.

Ливади и пасишта

Од ливадите пред сè се добива сено и свежа трева. Во 2000 година ливадите зафаќале
површина од 58.003 хектари или 10,3% од вкупните обработливи површини и 4,6% од
вкупните земјоделски површини. Според географската разместеност ливадите се делат
на низински и планински. Низинските ливади се најраспространети во Пелагонија и во
Полог. Планинските ливади се широко распространети во планинските предели, покрај
коритата на реките и во влажните падини свртени кон север.

Според застапеноста на тревната растителност, Пасиштата се делат на обични,


степски-полустепски и мочурливи. Според времето на користење на зимски и летни
пасишта, а според местото каде што се наоѓаат се делат на: високопланински,
планински, припланински, ридски и низински пасишта.

Пасиште

Низинските пасишта се сместени на најниските делови на котлините и ридестите


предели во Средно Повардарие. Шумските пасишта се застапени на стрмните падини
на планинските и ридските терени, а особено многу се раширени во појасот на
дабовата шума. Високопланинските пасишта се разместени во подрачјата кои се
наоѓаат над горната граница на шумите. Тие заземаат површина од околу 150.000
хектари, а најголем дел од нив се наоѓаат на планинските масиви на Шар Планина,
Бистра, Стогово, Караорман, Кораб, Галичица, Пелистер, Јакупица, Осогово и др

You might also like