You are on page 1of 2

Житни култури

Поволните климатски услови овозможуваат на територијата на Македонија да се одгледуваат сите видови житни
култури, особено пченица, пченка, јачмен и ориз, а во помала мера ’ржта и овесот. Во 2004 година била засеана
вкупна површина од 191.000 хектари или 41,4% од вкупно посеаните површини во земјоделството.

Пченица
Во Македонија, пченицата е најважно лебно жито, а тоа го покажува неговагта застапеност. Според големината
на засеаните површини, пченицата е на прво место меѓу житните култури.. Пченицата се одгледува поради
зрното и сламата. Пченичното зрно претставува важна суровина во исхраната на човекот, особено во
индсутријата за тестенини: фиде, макарони, шпагети, бисквити, грисини, гриз и др. Сламата се употребува во
сточарството, за добивање на шталско ѓубре и во индустријата за хартија и целулоза.

Најдобри почвени услови за одгледување на пченица имаат почвите богати со хранливи материи, какви што се:
црнозем, алувијални почви, смолници и делувијални почви. Пченицата се одгледува речиси во сите котлини во
Македонија, меѓутоа најраспространета е во Пелагонија (на повеќе од 30% од површините), Овче Поле, Тиквеш,
Кумановска Котлина, Скопска Котлина, Полог итн.. Вегетацискиот преиод е многу долг и трае околу 270 дена, се
сее во периодот октомври-ноември, а се жнее во јули-август. Денес, во светот постојат повеќе од 20 видови
пченица со повеќе сорти. Според времето на сеење пченицата се дели на есенска и пролетна, според зрното на
мека и тврда, потоа на дива, култивирана и сл.

Пченка
Според значењето, пченката е втора житна култура по значење која се одгледува на територијата на Република
Македонија. Пред се, се одгледува за исхрана на добитокот, како добиточна храна и за исхрана на населението.
Пченката е првокласна индустриска суровина, а во комбинација со други производи, од неа се добиваат повеќе
од 800 индустриски производи во прехранбената, фармцевстската, козметичката, хемиската и другите
индустриски гранки. Така, од зрното на ппченката може да се добијат скроб, масло, шеќер, алкохол, оцетна
киселина, цитронска киселина и други производи. Вегетацискиот период трае околу пет месеци.

Во светот постои само еден вид пченка со повеќе подвидови. Најпознати подвидови пченка се: забовидна, тврда,
мека, пуклива, шеќерна и шеќерно скробна. . Пченката најмногу се одгледува во котлините: Полог, Струмичка
Котлина, Кумановска Котлина, Кочанска Котлина, Пелагонија и др.

Јачмен
Јачменот, исто така, претставува значајна житна култура во државата. Се одгледува заради зрното и сламата. Тој
се користи за исхрана на човекот и на добитокот, но и за индустриски цели (за добивање гриз, шпиритус, пиво и
др Најголеми реони на одгледување се: Пелагонија, Кумановска Котлина, Овче Поле, но го има и во некои други
котлини.

’Рж
Во Македонија, застапеноста на ’ржта е многу мала и е во постојано опаѓање. Зрното на ’ржта се користи во
прехранбената индустрија за производство на леб, за исхрана на дијабетичарите, потоа за добивање шпиритус и
др. Исто така, во ридско-планинските предели населението ја користи сламата од ’ржта за изработка на рогозини,
јажиња, за огрев и сл. ’Рж може да се одгледува и на надморска височина од над 2000 метри, односно поднесува
многу ниски температури и мразеви, а може да се одгледува на песокливи и суви почви. ’Ржта е
најраспространета во Малешевијата и Славиште, а го има и во другите котлини.
Ориз
Поради специфичните услови кои се потребни за негово одгледување, производството на ориз има многу
сложена технологија. Така, во споредба со другите жита оризот има специфични барања, особено во однос на
обработката на земјата, за потреба од големо количество вода и топлина во текот на вегетацискиот период кој
трае од 4 до 5 месеци, приспособувањето на оризовите парцели за да се исполнат со вода во височина од 10 до
15 сантиметри, изградба на мрежа за наводнување и слично. Зрното на оризот е богато со хранливи материи
поради што е погодно за исхрана на луѓето. Сламата се употребува во сточарството, за исхрана и за простирка, а
во ндустријата од неа се произведува хартија.

Има повеќе видови ориз, од кои само еден е култивиран. Тој се дели на две групи: индиска и кинеско-јапонска,
со повеќе сорти, како што се: маратели, монтичели, сандоменико итн. Во Република Македонија производството
на ориз е концентрирано во четири подрачја: Кочанска Котлина, Струмичко-радовишка Котлина, Велешка
Котлина и Неготино.

You might also like