You are on page 1of 2

Демографски карактеристики

Бројно движење на населението


Првите податоци за вкупниот број на живетли во Македонија датираат од 1900 и 1913
година. Меѓутоа, овие податоци не се базираат на службен попис на населението.
Првите официјални податоци за бројот на жителите во македонија датира од
службениот попис спроведен во 1921 година. Оттогаш наваму спроведени се десет
пописи.

Намалувањето на бројот на жителите во периодот од 1900 до 1921 година, пред сè е


резултат на Илинденското востание и на емигрирањето на македонското население во
странство, Балканските војни, поделбата на Македонија, масовното иселување на
Турците и Првата светска војна.

Почнувајќи од 1921 година сè до денес, бројот на жителите во Македонија постојано се


зголемува. Во периодот од 1921 до 1931 година овој пораст е резултат на високиот
природен прираст на населението и доселувањето на колонистите од Србија, Црна
Гора и Далмација, како и враќањето на дел од порано емигрираното македонско
население.

Во периодот од 1931 до 1948 година, и покрај зголемувањето на населението за


215.000 жители, сепак годишниот прираст на населението е понизок од природниот
прираст. Тоа е последица од жртвите во текот на Втората светска војна, на
емигрирањето на поголем број од доселениците Срби, на иселувањето на дел од
Власите во Романија и определен број Македонци во Војводина, како и на присилното
ислување на Евреите и нивно ликвидирање од страна на Германците.

Во периодот од 1948 до 1953 година бројот на македонското население се зголемувал


со најбрзо темпо, а тоа се должи не само на зголемениот природен прираст, туку и на
доселувањето на голем број Македонци од Егејски дел на Македонија. Слениод
период, од 1953 до 1961 година, се карактеризира со низок годишен прираст.
Основната причина за ваквиот мал прираст е масовното иселување на Турците и на
другото муслиманско население од Македонија во Турција.

Во следните периоди, од 1961 до 1971 и од 1971 до 1981 година, и покрај тоа што во
нив е регистрирано зголемување на бројот на населението, сепак се и периоди на
масовно економско иселување на Македонците и другото население кое прво заминале
на привремено вработување во странство, за подоцна та да премине и во трајно
иселување. Слични состојби на ермигрирање, првенствено на Македонци, е
регистрирано и во пописните интервали од 1981 до 1991 година и од 1991 до 1994
година. Во тој период се забележува и зголемено доселување, пред се, на Албанци од
Косово, Албанија и Јужна Србија, како и на определен број Бошњаци од Босна и
Херцеговина.

Во целост, бројот на населението во 2002 година (2.022,547 жители) во Република


Македонија
Природен прираст
Во 2002 година, тој изнесува околу 4,8 промили

Природниот прираст не е еднаков во сите делови на Македонија. Разлики постојат не


само меѓу одделни општини, туку и помеѓу одделни делови и населби во иста
општина. Во тоа значајна улога имаат етничкиот состав и верската припадност на
населението. Така, општини со висок природен прираст со повеќе од 5 промили се они
во кои живеат македонски Албанци и кои имаат исламска вероисповед. Во оваа група
предводат општините Дебар, Гостивар, Тетово, Струга, а посред новата
административно-територијална поделба на Република Македонија од 2004 година по
нив следат општините: Арачиново, Боговиње, Желино, Зајас итн.. Наспроти ова во
некои региони во Македонија, демографската карта е дијаметрално поинаква. Имено,
само за илустрација во 2004 година до вкупно 84 општини, дури кај 32 општини се
јавува депопулација, односно негативен природен прираст. Описно кажано, во овие
општини има повеќе погреби, отколку крштевки. Тука спаѓаат општините: Битола,
Берово, Демир Капија, Демир Хисар, Другово, Кратово, Кривогаштани, Новаци,
Дебрца, Пехчево, Ресен, Росоман, Могила, Сопотница, Македонски Брод итн.

Градско и селско население


градското население 58,1% во 2002 година

селското население 41,9 % во 2002 година

Густина на населеност
Во 1948 година густината на населеност изнесуваше 44,8 жители на 1кm2, а денес таа
просечно се движи околу 82 жители н 1кm2.

Меѓутоа, густината на населеност не е рамномерна во сите делови од Република


Македонија. Најугсто населени области се плодните котлини, во кои се најповолни
условите за живот на луѓето и за развој на стопанството. Меѓу нив особено се
истакнуваат: Скопска Котлина(со 320 жители на 1кm2), Полог (200 жит/км2),
Охридско-струшка Котлина(со 115 жит/км2), Кумановска Котлина(со 113
жит/км2), Струмичко-радовишка Котлина(околу 100 жит/км2) итн.

Најмала густин на населеност во Македонија има Мариовската област (1,2 жит/км2),


Поречката област(10 жит/км2), Малешевија(22 жит/км2), Демирхисарската област
(20 жит/км2), Кратовска област (27 жит/км2), Преспа (20 жит/км2), Овче Поле (32
жит/км2) и други.

You might also like