You are on page 1of 1

Милош Јакимовски 3-1 Вежба 1: претприемништво и претприемач

Претприемништвото и претприемач
Претприемништвото претставува иновирање, финансирање и реализирање на бизнис
идеи, со цел поекономично произведување економски добра. Зборот претприемништво има
многу значења. Претприемништво е деловна активност насочена кон создавање нова вредност
преку создавање нови производи или услуги на пазарот. Секоја претприемничка приказна
започнува со идеја, желба, мотив и потреба за капитал… Еден или повеќе претприемачи може да
ги здружат своите сили, искуство, знаење и капитал за да остварат одредена заедничка цел што ќе
им носи профит на долг рок. Претприемништвото претставува процес преку којшто се создава
нешто ново и корисно, за коешто е неопходно вложување многу време, напор и финансии.

Претприемач е личност која почнува нови работи и поседува исклучителни карактеристики


што ретко кој друг ги има. Од друга страна, секој што сака да работи сам може да се именува како
претприемач. Зборот претприемач доаѓа од францускиот збор entreprendre – „презема“. Во
бизнис контекст, ова значи да почнеш бизнис.

You might also like