You are on page 1of 15

Претприемачки процес

Претприемачки часовник
00:00 Претприемач
Претприемачот е секогаш почетокот на
претприемачкиот процес.
Без него нема бизнис, нема претприемаштво.
Тој има сопствени идеи и карактеристики како знаење,
искуство, погледи кон светот, способности,
креативност…
Тие карактеристики ги користи за претворање на својата
идеја во бизнис.
01:00 Бизнис идеи
Карактеристиките на претприемачот се трансформираат
во една или повеќе бизнис идеи.

Но, сопствените карактеристики и имањето на една или


повеќе бизнис идеи не значат дека ќе постои бизнис.

Бизнисот постои само тогаш кога веќе има купувачи за


неговите производи или услуги.
02:00 Барање
Кога веќе со сигурност ќе се знае дека на пазарот
постојат потенцијални купувачи кои имаат потреба од
таков производ или услуга и се спремни да платат
онолку колку што претприемачот сака да наплаќа за нив.
пр. бизнис идејата може да му биде изработка на веб- страници,
започнување на бизнис може да биде отворање на пицерија и др.
03:00 Бизнис модел
Бизнис-моделот опишува како една организација креира, испорачува и стекнува
вредност.
04:00 Започнување на бизнисот
Значи дека бизнисот ќе се легализира (ќе влезе во
правниот систем на државата) и ќе започне со
официјалната работа.
05:00 Финансии
Претприемачот се обидува да дојде до финансии кои ќе
му овозможат непречено функционирање на бизнисот.

Секој месец треба да се обезбедат пари за плати,


плаќање на придонеси, наемнина за канцеларии,
наемнина за продажни простории, за
репроматеријал, за опрема за производство и за се
што е потребно за непречено одвивање на процесот
на работа
06:00 Производ/услуга

 Каква е потребата од нашите производи и/или


услуги?
 Колку време ќе трае таа потреба?
 Каква е и каква би била побарувачката на таквите
производи и/или услуги?
 Каква технологија во моментов е расположива?
07:00 Купувачи

 Секој бизнис, без разлика на кој пазар настапува, во


која индустрија се наоѓа, во кој вид на бизнис
припаѓа имал, има и ќе има потреба од купувачи.

 Бизнисот зависи од купувачите и успехот ќе се базира


на способноста на претприемачите во бизнисите да
привлечат колку што може повеќе купувачи за тие
бизниси.
08:00 Човечки ресурси
• Претприемачот не може сам, мора да започне со
ширење на бизнисот преку зголемување на бројот на
вработени.
• Колку луѓе и со какви способности ќе и требаат на
компанијата, за таа да биде способна да држи чекор
со времето?
• Потребна е организациската шема за секое работно
место да биде определено и опишано.
09:00 Материјални ресурси

• Материјални ресурси како репроматеријал


потребен за одржување на нивото на
производството,
• Информациски ресурси во вид на информации кои
се потребни,
• Финансиски ресурси кои секогаш ќе бидат потребни
10:00 Менаџмент

• Менаџментот опфаќа планирање, организирање,


раководење, екипирање, мотивирање и
контролирање.
• Менаџментот е остварување на нешто што се сака
да се направи преку луѓето.
11:00 Маркетинг
• Постојана анализа на пазарот, привлекување нови
купувачи, развој на нови производи, контакти со
купувачи, одржување на дефинираните односи со
тие купувачи, слушање на купувачите, итн.,
• Се само дел од активностите кои ќе се спроведуваат
во еден бизнис и ќе бидат одговорност на
маркетингот.
Претприемачки часовник - друг модел

00:00 Бизнис идеја


01:00 Основачки дилеми
02:00 Генерирање на бизнис
модели 03:00 Тестирање на
хипотези
04:00 Започнување на бизнис
05:00 Финансирање
06:00 Производство/оператива
07:00 Маркетинг
08:00 Продажба
09:00 Екипирање и градење на тим
10:00 Менаџмент
11:00 Лидерство

You might also like