You are on page 1of 62

Ана Матовска-Смилевска

БУКВАР
боенка

1
Автор
Ана Матовска-Смилевска
Проф. по предучилишна и одделенска настава

Соработник
Одделенски наставник: Мирјана Матовска

Издавач
Агенција за иселеништво на Република Северна
Македонија

За издавачот
Агенцијата за иселеништво на Република Северна
Македонија ги врши работите и задачите кои се
однесуваат на положбата и правата на иселениците од
Република Северна Македонија,помагањето на нивниот
културен развој и унапредувањето на врските со нив и
нивните организации.

Техничка обработка
Ад Велју ДООЕЛ Скопје

Печати
-
Тираж
-

Скопје, 2019
Драги ученици,

Оваа книга Буквар боенка ви ја посветувам вам, на децата


од предучилишна и раната училишна возраст, кои живеете и
се образувате далеку од татковинскиот преграт.
Со оваа книга преку игра, цртање, боење и разни
други интересни активности ќе можете да ги стекнете
елементарните предзнаења и ќе се запознаете со
волшебството наречено АЗБУКА. Исто така ќе умеете
да ги препознавате и именувате гласовите и буквите од
кириличното писмо, а сето тоа ќе ви биде од голема полза
во понатамошното следење на дополнителната настава
на мајчин македонски јазик, воедно полесно ќе ја усвоите
кирилицата, нејзиното читање и пишување.

Ви посакувам успешна и забавна работа!

Од авторот
Јас сум Ема и живеам
во Берлин. Моите родители
потекнуваат од Скопје. Здраво Ема. Јас сум Филип.
Знам малку да зборувам на Моите родители потекнуваат
македонски јазик, од Охрид. И јас ја имам истата
но имам голема желба да желба и знам што треба да
научам да читам и пишувам на направиме. Во нашиот град има
кирилица. наставничка која ги учи децата
Но,како? да зборуваат, читаат и пишуваат
на македонски јазик. Сакаш да
одиме заедно? Ајде, многу ќе ни
биде убаво.

6
Среќно, среќно

Запрете, автомобили!
Чичковци, рацете горе!
Речете: „Почеток среќен
за Маре, Ване и Зоре!“

Запрете, чичковци наши!


Поздрав на лево и десно!
Речете ни: „Дечиња,
учењето да ви е лесно!“

Обој ја илустрацијата!

7
Обој го македонското знаме

МОЈАТА ТАТКОВИНА

Јас сум цвеќе нежно, ти си мое поле,


ти си моја љубов, јас сум твоја пролет.
Јас сум кајче златно,ти си моја река,
насмев топол и нежен, моја лука мека.

Ти си небо сино, сонце што го краси,


јас сум песна милна, утро што се гласи.
Татковино, птица в сонце летната,
татковино, љубов силна светната.

8
СЛОВЕНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ

Се родиле браќа
двајца просветители,
Кирил и Методиј
нашите учители.

Азбука ни создале,
писменост ни дариле,
нивното дело
вечно ќе го славиме.

9
ВЕСЕЛА
АЗБУКА
A е авион високо што лета
Б е бубамара од цвет на цвет што шета
В е воз врз шините што спие
Г е галеб зад облак што спие
Д е дрво птиците што ги брои
Ѓ е ѓердан на мама убаво што ѝ стои
Е е елка со листе што боцка
Ж е желка во куќичка што клоца
З е зајче солзи што рони
Ѕ е ѕвонче што постојано ѕвони
И е име што секој го има
Ј е јагода цело лето што ја има
К е книга што ја читаме ние
Л е лице што треба да се мие
Љ е љубов нежна како цвет
М е мајка најубава во цел свет

10
Н е за бројот нула,така рече тато
Њ е Њоњо, името на моето мече
О е облак низ кого светкаат веди
П е патче во ред што се реди
Р е рака поздрав што ни праќа
С е сонце што се крие и што се враќа
Т е торта за роденденот твој
Ќ е ќебапче во стомакот мој
У е уста што сè сака да проба
Ф е фабрика за конфекција по мода
Х е хартија за пишување сешто
Ц е цвет што се одгледува вешто
Ч е чекан за поправка на секоја врата
Џ е џемпер што го плете баба Ната
Ш е шкртка што лесно се пишува
и со ова азбуката завршува.

11
ГОЛЕМИ КИРИЛИЧНИ БУКВИ

12
МАЛИ КИРИЛИЧНИ БУКВИ

13
АВИОН

Подвлечи ја буквата A a.
Ана наутро станува рано. Мие
лице, заби и појадува. Потоа
оди на училиште.

АВТОБУС
Напиши ја големата и малата буква: A a

Нацртај нешто што започнува на буквата А

14
БАНАНА

Подвлечи ја буквата Б б.
Баба Блага прави баница. Дедо
Борис носи дрва, а потоа ќе ја
запали печката. Баницата се
пече, а баба Блага и дедо Борис
пијат студена вода.
БАЛОНИ

Напиши ја големата и малата буква: Б б

Нацртај нешто што започнува на буквата Б

15
ВОЛК

Подвлечи ја буквата В в.
Вики со вујна ѝ Јованка
отидоа на Водно. Таму видоа
многу убава природа и дишеа
чист воздух.
ВОЗ

Напиши ја големата и малата буква: В в

Нацртај нешто што започнува на буквата В

16
ГРОЗЈЕ

Подвлечи ја буквата Г г.
Горан и Гордана се брат и сестра.
Тие живеат во градот Гевгелија.
Горан сака да свири на гитара,
а, пак, Гордана сака да ги негува
цвеќињата во градината.
ГИТАРА

Напиши ја големата и малата буква: Г г

Нацртај нешто што започнува на буквата Г

17
ДРВО

Подвлечи ја буквата Д д.
Дејан и неговиот дедо отидоа
во гората по дрва. Секој од
нив собра толку многу, што
кога се вратија дома изградија
дрвена колиба.
ДЕТЕ

Напиши ја големата и малата буква: Д д

Нацртај нешто што започнува на буквата Д

18
ЃЕЗВЕ

Подвлечи ја буквата Ѓ ѓ.
Ѓорѓи беше во чаршија. Доаѓа
дома со нов ѓум и ѓезве. Ѓурѓа
прави ѓомлезе. Ѓорѓи јаде
ѓеврек.
ЃЕВРЕК

Напиши ја големата и малата буква: Ѓ ѓ

Нацртај нешто што започнува на буквата Ѓ

19
ЕЛКА

Подвлечи ја буквата Е е.
Ева и Емилија се сестри. Ева ѝ
помага на мама во кујната, а
Емилија пазарува за дома.

ЕЖ

Напиши ја големата и малата буква: Е е

Нацртај нешто што започнува на буквата Е

20
ЖАБА

Подвлечи ја буквата Ж ж.
Во шумата верверичката
собира желади. Жабата е
во барата, а ежот се крие во
сувите лисја.
ЖИРАФА

Напиши ја големата и малата буква: Ж ж

Нацртај нешто што започнува на буквата Ж

21
ЗАЈАК

Подвлечи ја буквата З з.
Зајакот јаде тазе зелка. Зоран
јаде пита со праз. А, пак,
Матеа изеде цела чинија гриз.

ЗЕБРА

Напиши ја големата и малата буква: З з

Нацртај нешто што започнува на буквата З

22
ЅВЕЗДА

Подвлечи ја буквата Ѕ ѕ.
Часовникот заѕвони, Ѕвездана
ги отвори очите и погледна низ
прозорецот. Надвор немаше
ѕвезди, туку огреало сонце, а
тато веќе го ѕидаше ѕидот на
ЅВОНО
гаражата.

Напиши ја големата и малата буква: Ѕ ѕ

Нацртај нешто што започнува на буквата Ѕ

23
Грдото пајче
Усно раскажи ja приказната според дадените серија на слики, а потоа обој.

24
Пепелашка
Усно раскажи ja приказната според дадените серија на слики, а потоа обој.

25
ИРВАС

Подвлечи ја буквата И и.
Илија е мајстор.Има големи
игли. Тој знае да шие на
машина и на Ива ѝ соши
многу убав фустан, а пак Нена
не знае да шие на машина.
ИГЛА

Напиши ја големата и малата буква: И и

Нацртај нешто што започнува на буквата И

26
JАБОЛКО

Подвлечи ја буквата J j.
Јана ја облече јакната, го јавна
коњот и отиде во шумата.
Таму набра јагоди за своето
болно другарче.
JАГОДА

Напиши ја големата и малата буква: J j

Нацртај нешто што започнува на буквата J

27
КУЧЕ

Подвлечи ја буквата К к.
Другарите Коки и Круме
отидоа во Скопје да гледаат
ракомет каде игра нивниот
омилен клуб Кометал.
КРУША

Напиши ја големата и малата буква: К к

Нацртај нешто што започнува на буквата К

28
ЛУБЕНИЦА

Подвлечи ја буквата Л л.
Лидија и Милан добија
задолжение од родителите да
купат здрава храна. Тие купија:
лимон, портокал, брокула и
леблебија.
ЛИСТ

Напиши ја големата и малата буква: Л л

Нацртај нешто што започнува на буквата Л

29
ЉУБИЧИЦА

Подвлечи ја буквата Љ љ.
Љубичиците се омилените
цвеќиња на баба Љуба. Таа секој
ден со љубов ги вади. Ова лето
на гости ќе ѝ дојдат нејзините
внуци кои живеат во Љубљана.
ЉУБОВ

Напиши ја големата и малата буква: Љ љ

Нацртај нешто што започнува на буквата Љ

30
МАЧКИ

Подвлечи ја буквата М м.
Мојата мајка е најубава,
најдобра, најхрабра и
најсилна мајка. Јас мојата
мајка ја сакам најмногу на
свет.
МОРКОВ

Напиши ја големата и малата буква: М м

Нацртај нешто што започнува на буквата М

31
НОСОРОГ

Подвлечи ја буквата Н н.
Никола и Милан отидоа во
Луна парк. Таму се сретнаа со
Нина. Сите заедно се возеа на
авион, камион и тротинет.
НОЖИЦИ

Напиши ја големата и малата буква: Н н

Нацртај нешто што започнува на буквата Н

32
ЊУЈОРК

Подвлечи ја буквата Њ њ.
Ања и Вања се сестри. Ања
многу сака да јава на коњ,
а омилена храна и се њоки.
Омилената храна на Вања е
диња, а нејзиното омилено хоби
е пливање.

Напиши ја големата и малата буква: Њ њ

Нацртај нешто што започнува на буквата Њ

33
OЧИ

Подвлечи ја буквата O o.
Оле многу сака сладолед.
Затоа постојано оди во
слаткарницата и купува
сладолед од чоколадо.
ОГЛЕДАЛО

Напиши ја големата и малата буква: O o

Нацртај нешто што започнува на буквата O

34
ПИНГВИН

Подвлечи ја буквата П п.
Тетка Павлина плете чорапи
за да ѝ ги подари на нејзината
пријателка Петра за подарок.

ПАПАГАЛ

Напиши ја големата и малата буква: П п

Нацртај нешто што започнува на буквата П

35
СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА
Усно раскажи ja приказната според дадените серија на слики, а потоа обој.

36
ЦРВЕНКАПА
Усно раскажи ja приказната според дадените серија на слики, а потоа обој.

37
РИБА

Подвлечи ја буквата Р р.
Тетин Раде отиде во
рибарница да купи риба
за ручек. Тетка Ружа ја
подготвува рибата со
рузмарин и ја пече во рерна.
РЕКА

Напиши ја големата и малата буква: Р р

Нацртај нешто што започнува на буквата Р

38
СЛАДОЛЕД

Подвлечи ја буквата С с.
Славе и Тасе играа на трева.
Ги виде една оса и им рече:
Не се игра бос. Веднаш да
облечете сандали, зашто ќе ве
боцнам!
СЕМАФОР

Напиши ја големата и малата буква: С с

Нацртај нешто што започнува на буквата С

39
ТИКВА

Подвлечи ја буквата Т т.
Тетка Трпана тргна со торбата
во супермаркет. Таму ќе
пазари краставици, домати,
шпагети, тегла со слатко од
тиква.
ТИГАР

Напиши ја големата и малата буква: Т т

Нацртај нешто што започнува на буквата Т

40
ЌЕРАМИДИ

Подвлечи ја буквата Ќ ќ.
Ќосот стоеше на една гранка на
еден стар бор. Дојдоа лозарите
да го поканат на садење, а
тој им вети дека ќе дојде и ќе
помогне кога грозјето ќе стаса
за берење.

Напиши ја големата и малата буква: Ќ ќ

Нацртај нешто што започнува на буквата Ќ

41
УСТА

Подвлечи ја буквата У у.
Утро е. Убавка се разбуди, стана и
убаво се изми. Таа е умно девојче.
Знае дека хигиената е половина
здравје. Потоа отиде во шталата.
Го јавна коњот Ушко и ги затегна
УТ
уздите. Коњот летна како молња.

Напиши ја големата и малата буква: У у

Нацртај нешто што започнува на буквата У

42
ФОКА

Подвлечи ја буквата Ф ф.
Фросина ќе свири на флејта. Мама
ѝ соши нов фустан и Фросина е
среќна. Мама е горда на Фросина.
Отиде на фризер и направи
фризура. Сака да биде убава за
ФУСТАН
настапот на својата ќерка.

Напиши ја големата и малата буква: Ф ф

Нацртај нешто што започнува на буквата Ф

43
ХАРФА

Подвлечи ја буквата Х х.
Христијан е хигиеничар во
одделението. Тој се грижи сите
ученици во одделението, хартиите
да ги фрлат во корпа за отпад.
Христијан прекрасно свири на
ХЕЛИКОПТЕР
xармоника. Неговиот татко е пилот
и вози хеликоптер.
Напиши ја големата и малата буква: Х х

Нацртај нешто што започнува на буквата Х

44
ЦРЕШИ

Подвлечи ја буквата Ц ц.
Црешата беше толку многу во
цут, што Цвете не можеше да
дочека да пораснат црвените
цреши. Мајка му на Цвете
направи сок од црвените цреши.
ЦВЕЌЕ

Напиши ја големата и малата буква: Ц ц

Нацртај нешто што започнува на буквата Ц

45
ЧАШКА

Подвлечи ја буквата Ч ч.
Чеде и неговиот чичко отидоа во
чаршија да купат: чешел, чорапи
и чевли. Тие му беа потребни
на Чеде за да се подготви за
патувањето кај чичко му Кочо кој
ЧЕТКА
живее во Чешка.

Напиши ја големата и малата буква: Ч ч

Нацртај нешто што започнува на буквата Ч

46
ЏУЏЕ

Подвлечи ја буквата Џ џ.
Оџачарот Џемаил има нов џемпер.
На џемперот има џебови. Во
џебовите чува џамлии за неговиот
син.
ЏЕМПЕР

Напиши ја големата и малата буква: Џ џ

Нацртај нешто што започнува на буквата Џ

47
ШИШЕ

Подвлечи ја буквата Ш ш.
Шабан е шивач. Тој шие на
машина, сега шие кошула за Тоше
и шарени панталони за Маша.

ШТРК

Напиши ја големата и малата буква: Ш ш

Нацртај нешто што започнува на буквата Ш

48
артикулација на гласот С

Именувај ги сликите, откриј каде се слуша гласот С и обој го квадратчето со црвена боја!

Каде го слушаш гласот С: на почетокот, на средината или на крајот на зборот.


Обој го квадратчето со црвена боја според дадениот пример.

49
артикулација на гласот Ц

Именувај ги сликите, откриј каде се слуша гласот Ц и обој го квадратчето со сина боја!

Каде го слушаш гласот Ц: на почетокот, на средината или на крајот на зборот.


Обој го квадратчето со сина боја според дадениот пример.

50
артикулација на гласот З

Именувај ги сликите, откриј каде се слуша гласот З и обој го квадратчето со црвена боја!

Каде го слушаш гласот З: на почетокот, на средината или на крајот на зборот.


Обој го квадратчето со црвена боја според дадениот пример.

51
артикулација на гласот Р

Именувај ги сликите, откриј каде се слуша гласот Р и обој го квадратчето со црвена боја!

Каде го слушаш гласот Р: на почетокот, на средината или на крајот на зборот.


Обој го квадратчето со црвена боја според дадениот пример.

52
артикулација на гласот Ш

Именувај ги сликите, откриј каде се слуша гласот Ш и обој го квадратчето со црвена боја!

Каде го слушаш гласот Ш: на почетокот, на средината или на крајот на зборот.


Обој го квадратчето со црвена боја според дадениот пример.

53
артикулација на гласот Ќ

Именувај ги сликите, откриј каде се слуша гласот Ќ и обој го квадратчето со црвена боја!

Каде го слушаш гласот Ќ: на почетокот, на средината или на крајот на зборот.


Обој го квадратчето со црвена боја според дадениот пример.

54
артикулација на гласот Ч

Именувај ги сликите, откриј каде се слуша гласот Ч и обој го квадратчето со црвена боја!

Каде го слушаш гласот Ч: на почетокот, на средината или на крајот на зборот.


Обој го квадратчето со црвена боја според дадениот пример.

55
артикулација на гласот Ж

Именувај ги сликите, откриј каде се слуша гласот Ж и обој го квадратчето со црвена боја!

Каде го слушаш гласот Ж: на почетокот, на средината или на крајот на зборот.


Обој го квадратчето со црвена боја според дадениот пример.

56
Во празните полиња напиши го бројот на гласови (букви) во дадениот
збор:

Книга Камион Продавница

Велосипед Глава Планина

Нос Дрво Молив

Тетратка Вазна Топка

Обој онолку полиња колку што има зборови во реченицата.

- Влатко на носот има слатко.

- Имаш полна торба со златници.

- Бабо, кој е најбогат на светот?

- Маја доби интересен роденденски подарок.

- А, можам ли и јас да бидам богат?

57
Да им помогнеме на Ема и Филип да ги
поврзат буквите со соодветните предмети.

58
М

Ѓ
А
Ж
M
Л

C C

Б
T

T
C
М

А Л Б
С Ѓ Т
М Ж Ц
59
Обој ги маскотите Ристина и Шарко!
62

You might also like