You are on page 1of 4

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА ЗА НАСТАВЕН ЧАС ПО

МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ

Студент: Ивана Димчевска 11533

Професор: проф. д-р. Владимир Талевски

Одделение: I – прво одделение

Наставна тема: Пеење

Наставна содржина: ,, САПУНЧЕ” – обработување на бројалка

Тип на часот: Усвојување на нови знаења

Наставни методи: Метод заснован на зборови (опишување, контролиран


разговор); метод работа со книга (работа со музички материјали), метод на
набљудивање (демонстрација), метод на практична работа (имитација и вежби).

Наставни форми: Фронтална, групна и индивидуална форма

Наставни средстав: Дидактички средстав и материјал (учебник по музичко


образование), визуелни наставни средстав (ПП презентација, хамер), мануелни
наставни средста (синтисајзер)

Цел на часот: развивање на чувството за: ритам, темпо, детскиот говор, јасна и
чиста дикција

Корелација со друг предмет: Македонски јазик и Природни науки

Задачи на часот: Воспитно – образовни и фукнционални: почитување на


зададените правила, доживувањето на тонските траења, способност за
издржување на интонацијата, развивање на способноста за рамномерна изведба
на ритмизираниот текст, разликување на темпото, усвојување на нови знаења од
музичката писменос, развивање на помнењето
Артикулација на часот: Емоционална подготовка – воведни активности:
пред да започнам со наставниот час на учениците им се претставувам и ја кажувам
причината за моето доаѓање кај нив и зошто баш на часот по музичко образование.
Како воведувачка активност ги запрашувам учениците како тие меѓусебно се делат
за игрите кои ги играат во групи и дали може една од песничките да ми отпеат.
Следна активност ќе м биде да им објаснам дека тие песнички кои они ги пејат во
музичкото образование се нарекуваат бројалки, служат за вежбање за развивање
на нивната интонација, развивање на помнечките активности, имаат точно
определен ритам во кој треба да се отпее бројалката.
Потоа ги запознавам и им ја прикажувам бројалката која ние заедно ќе треба
да ја изучиме, а тоа е САПУНЧЕ. Како за прв пат им го читам само литературниот
текст и бидејки се работи за прво одделение текстот, односно зборовите се
прилагодени на нивната возраст и разговараме што се работи во текстот и дали
сите го разбрале. Како следна моја задача е истата таа бројалка да и ја отпеам
точно ритмички и интонативно. Бидејки се работи за мали деца соодветната
интонација за нив ќе биде e или тонот МИ. Неколку пати ќе ја отпеам за да го
почувствуваат ритамот. И на крајот од воведниот дел како последна активност да
биде да ги распејам учениците со некоја песничка која заедно би ја одбале и би им
ја пуштила во позадина.
Главен дел од часот: Како почетна активност повторно им ја отпејувам бројалката
во точна интонација и ритмички за да ги вратам повторно на нашата главна задача
која ќе ни биде на часот и започнуваме да ја изучуваме по фрази.

Одкако ќе ја изучиме 1 фраза и учениците ќе ја отпеат сигурно, породолжуваме со


наредната фраза, односно 2. Па потоа тие две се спојуваат и се отпејуваат заедно.

Истата постапка ја повторуваме и со 3 и 4 фраза, за на крај да се спојат сите фрази


и да се одпее целата бројалка.
Завршен дел: Како последни активности на крајот од часот, може да се поделиме
во две групи и да ја пееме најименично или пак со плескање на дланките. А ако
некој ученик има желба и сам да ја одпее. И како за крај ги повторуваме кои се
важните работи кои ги постигнавме со изучување на бројалката.

You might also like