You are on page 1of 1

ПРОИЗВОДСТВО НА ЛЕБ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

1. Подготовка:
За овој експеримент беа потребни:

 100 грама брашно,


 малку квасец,
 шеќер,
 топла вода,
 мензура и
 сад за месење тесто
2. АКТИВНОСТ:

Во два различни сада за месење тесто, се стави по 50 грама брашно, од кои во


едниот се стави шеќер,вода и квасец, а во другиот само вода. Двете смеси прво се
мешаа со лажица дури тестото не се соедини доволно добро (да не се лепи) за да
може да се меси со рака. После подолг период на месење, двете теста беа ставени
во калапи со мрсна хартија за печење за да не се залепи и се ставија во рерна на 50
степени за да нараснат (окулу 10 тина минути).

Потоа температурата на рерната се качи на 170 степени за да се испечат двете


теста.

3. РЕЗУЛТАТ:
По печењето резултатот беше повеќе од видлив. Тестото со квасец беше поголемо,
помеко и понараснато од другото во кое не се стави квасец.
4. ЗАКЛУЧОК:
Квасецот доаѓа во допир со брашното и бидејќи се храни, при тој процес испушта
јаглероден диоксид кој во форма на гас создава меурчиња кои го подигнуваат
тестото, така што изгледа дека тестото расте. Значи квасецот е жива материја која
живее и расте кога има соодветни услови за тоа.

You might also like