You are on page 1of 12

1

Вовед
поледелство
Поледелството е една од основните
гранки на земјоделството, која се
занимава со одгледување на
поледелски култури за добивање
на одредена количина растително
производство.Поледелството е
тесно поврзано со другите
прехрамбени гранки гранки,
посебно со индустријата за бели
пецива и леб.Во светот постојат
голем број на класификации на
поледелските култури.Нивната
класификација е извршена врз
основа на употребната вредност во
животот на човекот.Според тоа
поледелските култури се поделени
во следните групи:

1. Житни култури
2. Зрнести легуминозни култури
3. Кртолести култури
4. Маслодајни култури
5. Индустриски култури
6. Фуражни култури
7. Ароматични ,зачински и
лековити култури

Житни култури
NOVEMBER 15 Житните култури ја сочинуваат
најголемата група на поледелски
култури.Во неа спаѓаат:
Фитомедицина II4
Глигор Бојков

пченицата,јачменот,ржта,овесот,пченката,просото и оризот.Овие култури припаѓааат на


фамилијата Poaceae .Житата можеме да ги поделиме во две подгрупи:

2
1. Вистински жита
2. Просолики жита

Во подгрупата вистински жита спаѓаат: пченицата ,јачменот,ржта,овесот .Додека во групата


на просолики жита спаѓаат:пченката,просото и оризот.Вистинските жита поднесуваат
умерена клима,просоликите жита бараат повисока температура во текот на вегетацијата.

Морфолошки карактеристики на житните култури


1.Корен

Коренот кај житните култури е жиличест,составен е од голем број на жили кои се


преплетуваат меѓусебно во почвата.Главната коренова маса се развива на длабочина од 25
до 35 см.Пооделни корени можат да се забележат и на 2м длабочина во почвата.Кај пченката
се развиваат воздушни корени (панџи) кои имаат механичка улога со која го стабилизираат
растението

Слика бр.1 воздушни корени кај пченката (панџи)

Кореновата маса во текот на вегетацијата се наголемува се до фазата на млечна зрелост.Врз


развојот на коренот влијание има температурата,влажноста и минералната исхрана.Најдобра
температура за развој на коренот е помеѓу 20-22 С.Оптималната влажност се движи помеѓу
60-70% од полскиот воден капацитет(ПВК) на почвата.Ова значи дека 60 до 70% од
микрокапиларите во почвата се исполнети со вода.(постојат и макрокапилари во почвата кои
се исполени со воздух)

2.Стебло

Житните култури имаат способност да формираат примарни и секундарни


стебла.Примарните стебла се формираат од ркулецот при никнувањето на растенијата,
подоцна од првиот нодус под почвата се формираат секундарните стебла .Овие секундарни

3
стебла се формираат во фазата на братење.Стеблото кај житата е со цилиндрична форма
составено од повеќе членчиња или коленца (нодии) и меѓучленчиња (интернодии).Стеблото
може да биде: шупликаво, исполнето со паренхимско ткиво или делумно исполнето со
паренхимски ткиво.Нодиите му даваат цврстина на стеблото и во него е сместено
меристемското ткиво.Интернодиите се различни по дебелина и должина.Најкратки и
најдебели се долните интернодии, додека горните интернодии се подолги , но потенки.

Слика бр.2 Приказ на стебло со нодии и интернодии

3.Лист

4
Стеблото кај житата е обраснато со лисја по целата своја должина.Тие се спирално
распоредени по должина на стеблото за да можат да зафаќаат поголема сончева
светлина.Најважна фотосинтетска функција имаат последните два листа од кои зависи и
акумулацијата на хранливи материи во зрното.од овие причини доколку се оштетени
последните два листа приносот во класот опаѓа.Лисјата се формираат од нодиите.Обично
колку растението има нодии толку формира и лисја.Листот кај житните култури е составен од
два дела: лисен ракавец и лиска.Лисниот ракавец се формира во вид на трубичка која ја
обвиткува интернодијата и има улога да го штити стеблото.Лиската е тесна и долга со
заострен врв и има улога да врши фотосинтеза.

Слика бр.3 Лисен ракавец и лиска кај житните култури

4.Соцветие

Цутовите кај житните култури се собрани во соцветија,клас или метлица.Соцветијата по


правило претставуваат продолжение на последната интернодија на која врвниот дел е силно

5
модифициран.Исклучок прави само пченката кај која на врвот од растението се наоѓа
метлица во која е сместен поленовиот прав или машките гамети.Класот се состои од класно
вретено клавче,плевици.Класното вретено содржи повеќе коленца (вдлабнатини) во кои се
сместени клавчињата.Во клавчињата се формираат зрната.Клавчињата се обвиткани со две
плевици кои имаат улога да го штитат цветот од надворешни влијаниа.Од плевиците може
да се формираат осилки кои претставуваат израстоци кои го штитат класот.Цутовите најчесто
имаат 3 прашника и еден толчник

Слика бр.4 основни елементи на класот

5.Плод

Плодот кај житата е зрно со различна форма: тркалеста,елиптична, издолжена.На попречен


пресек кај зрното разликуваме :обвивка или перикарп,ендосперм и ркулец.Обвивката го
штити семето од надворешни влијаниа.Ендоспермот претставува хранлив дел од зрното
бидејќи содржи резервни материи.Тој се состои од надворешен дел кој уште се вика
алеуронски дел и внатрешен или брашнест дел.Брашнестиот дел го исполнува зрното и
содржи:скроб во најголем процент, минерални материи и белковински материи.Ркулецот се
наоѓа на долниот дел од зрното исе состои од:стебленце, корен и штитник.

6
Слика бр.5 Морфолошка структура на клавче

7
Биолошки карактеристики на житото

Сите житни култури се едногодишни растенија кои генеративно се размножуваат.Една група


на житни култури се засејуваат од есен и носат име есенски култури,други се засејуваат на
пролет и се викаат пролетни култури.развојот на житата минува низ следните развојни фази:
1. Стадиум на јаровизација
2. Фаза на ртење
3. Фаза на поникнување
4. Фаза на три листа
5. Братимење
6. Вретенење
7. Класење и цутење
8. Созревање на житата

1. Стадиум на јаровизација

Под стадиум на јаровизација се подразбира изложување на семенскиот материјал


(семето на житните култури) одреден период на ниски температури.Потребата на
семенскиот материјал од ниски температури е физиолошки условена и зададена,
бидејќи доколку се прескокне оваа фаза житата нема да можат да формираат клас и
зрна, односно нема да дадат принос. Есенските жита имаат потреба од ниски
температури кои треба да се движат од 0 до 5 С во период од 20 до 40 дена.

2. Фаза на ртење

Оваа фаза започнува откако зрното ќе се најде во поволни почвени услови како што се
вода ,топлина и кислород.Под дејство на водата семето набабрува и во ендоспермот и
ркулецот се одвиваат важни биохемиски промени при што органските материи се
разлагаат на попрости и со нив започнува да се исхранува ркулецот.На ваков начин
ркулецот се буди од латентната состојба и започнува да се развива.Ртењето најмногу
зависи од температурата која може да се види во табела бр.1 .

8
култура Минимална темп. Оптимална темп. Максимална темп.

Пченица 3-4 25 30-32

Рж 1-2 25 30

Јачмен 3-4 20 28-30

Пченка 8-10 32-35 40

Овес 4-5 25 30

Табела бр.1

1
Житата при ртењето најпрво ги формираат коренчињата а потоа примарното стебленце,
исклучок прави оризот кој прво го формира примарното стебло а потоа коренчињата

3.Фаза на поникнување

Веднаш по појавувањето на примарните коренчиња се формира колеоптилата (колеоптилата


е всушност котиледон), а покасно и првиот лист.Поникнувањето зависи од повеќе фактори и
може да трае од 5 до 35 дена.Поникнувањето се смета дека завршило кога првите листови ќе
се појават на површината на почвата.

4.Фаза на три листа

Набрзо по формирањето на првиот лист од неговиот ракавец избива втор, а потоа и трет
лист.По формирањето на третиот лист растенијата извесно време го инхибираат (го запираат)
надземниот развој.Додека се во мирување надземните органи пред се листовите, во исто
време интензивно се формира подземната коренова маса.Исто така во подземниот дел од
стеблото се формираат коленца, од кои што во фазата братење ќе се формираат
секундарните стебла.

5.Братимење

Братимењето е фазата во која се формираат секундарните стебленца, тие се формираат од


првиот нодус под почвата.Растението во оваа фаза навлегува по формирањето на четвртиот
лист.Кај есенските жита оваа фаза е најдолга која започнува од еесен и трае до крај на
февруари и почетокот на март.Секундарните стебла се формираат на тој начин што на
подземното коленце се појавуваат пупки од кои подоцна се формираат стебленцата.За време
на братимењето се зачнуваат сите органи на растението и тоа:
коленца,интернодии,лисја,ракавци и соцветие (клас).

6.Вретенење

Во фазата на вретенење сите органи зачнати во фазата на братимење се


зголемуваат.Нараснувањето запшочнува со издолжување на интернодиите.Пред да го
заврши издолжувањето првата интернодија, започнува да се издолжува втората
интернодија итн.Ова укажува дека растението не расте од едно место туку од повеќе места и
таквиот раст се вика интеркаларен раст.Во оваа фаза се формираат и репродуктивните органи
(класно вретено,класови ,цутови) од кои зависи приносот.Фазата на вретенење се одвива во
пролетниот дел од годината.

7.Класење и цутење
1
Пред крајот на вретенењето започнуваат да се појавуваат класовите.Класењето започнува 40
до 50 дена од почетокот вретенењето.Во периодот на пред класењето растенијата се наоѓаат
во најинтензивен пораст.Класењето завршува за краток временски период.Во овој период
житото има потреба од најголема количина на вода.По искласувањето започнува цутењето и
оплодувањето.Оплодувањето на житата е автогамно и тоа се извршува со ветер.Веднаш по
оплодувањето настанува оформување и налевање на зрното кога е потребна голема
количина на вода и храна.

8.Созревање на житата

Откако ќе заврши налевањето на зрната започнува последната фаза од развојот на житата-


зрелоста.За време на оваа фаза се случуваат најголеми промени во зрното.Зрелоста на
житата ја делиме на :млечна зрелост,восочна зрелост и полна зрелост.

Млечната зрелост настанува по 15-20 дена од оплодувањето.Во оваа фаза зрното сеуште
прима хранливи материи од растението.Зрното во себе содржи околу 50% вода и при лесен
стисок со прстите испушта млечен сок.

Восочната зрелост настанува 10-13 дена по млечната зрелост .Зрното во оваа фаза е сеуште
меко во себе содрѓи 20-25% вода и целото растение е со жолта боја што укажува на
систематско дехидрирање и губење на воадата, лисјата се целосно суви, додека стеблото е
сеуште зелено.

Полната зрелост настапува по 3-4 дена по восочната зрелост.растението е наполно суво и


зрното содржи од 12 до 15 % вода .Во оваа фаза житата се жнеат.

Прашања

1. Врз основа на кој критериум е извршена поделбата на поледелските култури?


2. Во која ботаничка фамилија припаѓаат житните култури?
2
3. Во кои подгрупи се поделени житата?
4. На која длабочина во почвата се развива главната коренова маса?
5. До која фаза од развојот на житото се развива коренот?
6. Кај која житна култура се развиваат воздушни корени (панџи)?
7. Каков тип на стебла формираат житните култури?
8. Од кои делови е изградено стеблото кај житните култури?
9. Како се распоредени листовите по должината на стеболото?
10. Опиши го листот кај житните култури?
11. Од кои составни делови се состои класот?
12. Што е алеуронски дел?
13. Што е важно за стадиумот на јаровизација?
14. Кај кои житни култури оптималната температура за ртење изнесува 25 С ?
15. Кој вегетативен орган најпрво го формираат житните култури во фазата на ртење?
16. Колку дена може да трае поникнувањето кај житните култури?
17. Што е карактеристично за фазата три листа кај житните култури?
18. По кој што се познава дека растението навлегло во фазата на братимење?
19. Во која фаза од развојот имаме најинтензивен раст и развој на житните култури?
20. Како ја делиме зрелоста кај житата?
21. Што е карактеристично за сите фази на зрелоста на житото?

You might also like